автомобилизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtomobilizam/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 18:43:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автомобилизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtomobilizam/ 32 32 Иџе освои второ место: „Ја сакам оваа игра“! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idhe-osvoi-vtoro-mesto-ja-sakam-ovaa-igra/ Sun, 02 Jun 2024 18:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=784220

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе денеска финишираше на второто место на трката во Чешка во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Иџе со своето Ферари денеска беше втор зад победникот Лиридон Календри од Косово, кој имаше предност од 17,7 секунди.

Трет заврши Никола Вервер од Франција.

Се пофали на својот Фејсбук профил и напиша: „Ја сакам оваа игра“.

The post Иџе освои второ место: „Ја сакам оваа игра“! appeared first on Република.

]]>

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе денеска финишираше на второто место на трката во Чешка во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки. Иџе со своето Ферари денеска беше втор зад победникот Лиридон Календри од Косово, кој имаше предност од 17,7 секунди. Трет заврши Никола Вервер од Франција. Се пофали на својот Фејсбук профил и напиша: „Ја сакам оваа игра“.

The post Иџе освои второ место: „Ја сакам оваа игра“! appeared first on Република.

]]>
Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/noviot-avtomobil-na-idhe-pristigna-vo-skopje/ Sat, 02 Dec 2023 19:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=718774

Веднаш по освојување на титулата во европското првенство на ридски патеки, Игор Стефановски се раздели од победничкото Хјундаи со кое настапуваше минативе години, а тоа беше јасен предуслов дека ќе вози нов „ѕвер“ во сезоната која претстои.

Хјундаито беше негов адут за кружните трки бидејќи беше возен најпрво во ТЦР Европа, во 2018 година, а откако по трет пат стана шампион на ридските патеки, автомобилот замина во рацете на Василије Јакшиќ кој во 2022 година го освои шампионскиот трофеј во истиот шампионат.

Претходно, македонскиот автомобилист се раздели и од возилото Сеон Леон со кое настапуваше во ЕТСС во 2017 година, а потоа и во ТЦР Италија. Сето ова укажуваше дека наскоро ќе мора да биде донесена одлука за иднината и за набавка на возило за новата сезона.

Товарното возило кое го врши превозот за Стефановски денеска се врати во Скопје, а „Дерби“ дознава дека со него е довезено и новото возило кое тимот не сака јавно да го открие, односно планира јавна промоција кон средина на месецот.

The post Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>

Веднаш по освојување на титулата во европското првенство на ридски патеки, Игор Стефановски се раздели од победничкото Хјундаи со кое настапуваше минативе години, а тоа беше јасен предуслов дека ќе вози нов „ѕвер“ во сезоната која претстои. Хјундаито беше негов адут за кружните трки бидејќи беше возен најпрво во ТЦР Европа, во 2018 година, а откако по трет пат стана шампион на ридските патеки, автомобилот замина во рацете на Василије Јакшиќ кој во 2022 година го освои шампионскиот трофеј во истиот шампионат. Претходно, македонскиот автомобилист се раздели и од возилото Сеон Леон со кое настапуваше во ЕТСС во 2017 година, а потоа и во ТЦР Италија. Сето ова укажуваше дека наскоро ќе мора да биде донесена одлука за иднината и за набавка на возило за новата сезона. Товарното возило кое го врши превозот за Стефановски денеска се врати во Скопје, а „Дерби“ дознава дека со него е довезено и новото возило кое тимот не сака јавно да го открие, односно планира јавна промоција кон средина на месецот.

The post Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>
Иџе со нов пехар – за европската шампионска титула! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idhe-so-nov-pehar-za-evropskata-shampionska-titula/ Sat, 04 Nov 2023 21:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=698283

Игор Стефановски – Иџе доби ново признание вечерва во Брага, Португалија. Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) вечерва ја одржа церемонијата на врачување на пехарите за најуспешните автомобилисти за изминатата сезона – 2023, каде Иџе, го доби пехарот за шампионската титула во европскиот шампионат на ридско-брзински натпревари.

The post Иџе со нов пехар – за европската шампионска титула! appeared first on Република.

Со 24 трки во Европа Христо Ковачи забележа големи успеси https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/so-24-trki-vo-evropa-hristo-kovachi-zabeleza-golemi-uspesi/ Sat, 05 Nov 2022 11:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=569950

Со извозени 24 трки по тркачките патеки низ Австрија, Италија, Словенија и Србија, Христо Ковачи како најмлад Македонец, оваа година зеде учество во ЦЕЗ (Централна Европа Шампионатот), АМФ (Австрискиот Шампионат) и ССЦ (Спорт Стил Шампионат).

Во Централната европска зона од вкупно 24 натпреварувачи Ковачи е 9-ти, но поради поклопување на датуми, тој учествуваше на шест трки помалку од останатите. Во Австрискиот шампионат се пласираше 6-ти, а освен успехот во Австрија, на Спорт Стил Купот го освои 3-тото место во генерален пласман.

Оваа тркачка сезона ми беше огромен предизвик како дебитант. Во новата класа на „Мини Макс" бев најмал но направив одлични резултати и успеав да земам неколку подиуми. Особено сум горд на освоеното прво место во Рехнитц, Австрија. Не можам да го опишам чувството кога јас од Македонија со само неколку дена тренинг ќе успеам да ги победам своите конкуренти во нивната матична држава и на стаза која ја тренираат секој викенд, вели Ковачи.

Следната година Христо очекува дека ќе помине уште поуспешна сезона и се надева дека ќе биде повеќе време на тренинзи на патеките кои ќе ги вози.

Сакам да се заблагодарам на моите родители кои секогаш во се што правам се со мене, целата јавност и сите мои следачи и поддржувачи, медиумите, моите другари, Автомобилистичката Федерација и секако Мамас и Агенцијата за Млади и Спорт кој дадоа финансиска поддршка, додаде тој по завршувањето на успешната сезона.

The post Со 24 трки во Европа Христо Ковачи забележа големи успеси appeared first on Република.

Mалерите го спречија Ристо Вуков да ги израдува навивачите со висок пласман https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/malerite-go-sprechija-risto-vukov-da-gi-izraduva-navivachite-so-visok-plasman/ Mon, 24 Oct 2022 20:25:38 +0000 https://republika.mk/?p=565114

Ристо Вуков го имаше последниот гран при викенд во Порше Карера Куп Италија за оваа година, а високите очекувања кои ги имаше пред трката ги оправда со освојување на најдобрата стартна позиција за ова сезона, пласман на 9 место со шест десетинки задоцнување од пол позицијата.

За жал, малерите и овој пат го спречија да ги израдува навивачите со висок пласман, при што во двете трки беше видно хендикепиран.

- Во првата трка автомобилот уште на стартот остана без серво и бев секунда до две побавен од ривалите. Жал ми е што не успеав да ја конвертирам деветтата стартна позиција во висок пласман, бидејќи сметав дека можам да дојдам до првата шесторка и да добијам шанса во ротацијата за втората трка. Наместо тоа се измачив да не изгубам премногу позиции, па финиширав на 13. место, а согласно правилата – од истото место појдов во втората трка. Избегнав огромен судир на самиот старт, по кој што Алберто Черки заврши со комплетно уништено возило, Кога се искачив на 8. место повторно налетав на судир на двајца возачи пред мене (кој што се гледа на самата слика). Лоренцо се изврте пред мене и успеав да го избегнам, но загубив дури 6 позиции. На крајот се пласирав на единаесетта позиција во трката, што ми донесе нови поени, но не можам да бидам задоволен бидејќи не го искористив целиот потенцијал што го имав на располагање. Бев сигурен дека ќе се пласирам во „топ 5“, имав одлично подготвено возило и нов сет на пневматици, но среќата повторно не беше на моја страна.

Вуков е задоволен од аспект на личното подобрување и унапредување како возач, но сепак верува дека кариерата ќе ја продолжи во друга серија со ГТ автомобили, иако за тоа допрва треба да преговара со други тимови.

- Првите анализи се дека гледано низ призмата на бодовите освоив помалку поени од што се надевав, но имајќи предвид дека два пати бев удрен, а две трки не возев поради оштетено возило, тоа е реалноста. На почетокот од сезоната добив совет од тимскиот шеф, Џанлука дe Лоренци дека најмногу морам да се подобрам во квалификациите, и тоа го направив, па тоа се почувствува во борбата за високи позиции. Сѐ на сѐ, и оваа трка беше во духот на целата сезона во која неколку пати доаѓав во позиција да се борам за високи пласмани, но бев спречен од инциденти пред мене или инциденти во кои јас бев (на два пати) удрен од ривалите. Сакав да се простам од овој турбулентен шампионат на подобар начин, бидејќи тука научив повеќе од што очекував, и за техниката, и за начинот на кој се вози едно вакво супер спортско возило, а дополнително стекнав и пријатели кои ми значат многу. Очекувам ова огромно искуство дека ќе ми користи многу за во иднина. Следните планови ќе бидат наскоро објавени!

The post Mалерите го спречија Ристо Вуков да ги израдува навивачите со висок пласман appeared first on Република.

Вуков ќе ја затвори сезоната во Карера Куп на омилената патека Муџело https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-kje-ja-zatvori-sezonata-vo-karera-kup-na-omilenata-pateka-mudzelo/ Sat, 22 Oct 2022 17:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=564393

Ристо Вуков ја вози третата сезона од Порше Карера Куп Италија, тркачката серија со ГТ автомобилите кои се икона на авто трките, која што завршува со шестиот гран при викенд за 2022 година на патеката Муџело.

По три години интензивни тренинзи, патувања и трки против ривали кои имаат и повеќе ресурси и повеќе искуство, Вуков успеа да постигне ниво и со претендентите за титулата да биде на слично рамниште каде што одлучуваат делови од секундата.

- Знам колкав пат поминав и со кои предизвици се соочив. Имаше неопходна потреба да се собере искуство како би можел да дојдам во ситуација да се подобрам, така што веќе тоа не е оправдување. Можеби можам уште повеќе да го подогнам нивото на тестирање кое го имам сега, наспроти она што го имаат ривалите, бидејќи некои постојани тестираат низ Италија, други настапуваат и во Светскиот Куп, а некои во околните земји како Швајцарија, Германија или Бенелукс. Генерално, лично чувствувам дека сум многу поизграден возач по трите сезони со „GDL Racing“, бидејќи успеав да го подигнам и нивото на разбирање на автомобилите, да ја совладам комуникацијата со инженерите околу стручните теми, а секако и да увидам разни типови на возачи со кои се натпреварувам.

Муџело е патека што публиката ја познава од мотоциклистичките трки, но кога се во прашање националните првенства во Италија, таа често е домаќин на секаков вид трки, почнувајќи од Порше Карера Куп, па Формула 4, БМВ М2ЅС куп, ТЦР Италија и уште многу други. Оваа година возачите ќе возат по втор пат, бидејќи се откажа планираниот настан на патеката Франчакорта крај Бреша.

- За Муџело ме врзуваат многу убави спомени, почнувајќи од моите почетоци и првиот настап во Порше Карера Куп Италија во 2020 година, првите бодови и најдобрата стартна позиција освоена на првата трка во 2022 година. Имав увидено дека квалификациите ми станаа најголема пречка бидејќи во нив не напредував како на другите полиња, па затоа ме израдува кога во јули го освоив десеттото место на стартот. Бидејќи во трката бев удрен, втората трка ја возев стартувајќи од 36 место, а финиширав на 12 позиција. Дефинитивно, со Муџело ме врзува една поинаква „хемија“!

Првата трка во Муџело се вози в сабота, а Вуков овој пат ќе стартува од деветтата позиција. Трката ќе биде емитувана на Телевизија 24 со почеток во 18 часот и 15 минути.

The post Вуков ќе ја затвори сезоната во Карера Куп на омилената патека Муџело appeared first on Република.

Иџе со триумф во Хрватска и освоено вицешампионско место https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idze-so-triumf-vo-hrvatska-i-osvoeno-viceshampionsko-mesto/ Sun, 18 Sep 2022 19:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=552054

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе уште еднаш потврди дека е сериозен квалитет во класата каде што се натпреварува. Во Европскиот ридско планински шампионат тој сезонава и официјално го освои вицешампионското место, а истото е потврдено со денешната победа во Хрватска на патеката во Бузет.

Со вкупно време од двете трки од 5:13,189 часа, Стефановски ја остави конкуренцијата зад себе, а посебно Антонино Миљуоло кој е победник во севкупниот пласман.

Сепак, ова и е огромен успех за нашиот автомобилист, кој со 166 бода единаесет помалку од Миљуоло го завршува актуелниот шампионат.

The post Иџе со триумф во Хрватска и освоено вицешампионско место appeared first on Република.

]]>

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе уште еднаш потврди дека е сериозен квалитет во класата каде што се натпреварува. Во Европскиот ридско планински шампионат тој сезонава и официјално го освои вицешампионското место, а истото е потврдено со денешната победа во Хрватска на патеката во Бузет. Со вкупно време од двете трки од 5:13,189 часа, Стефановски ја остави конкуренцијата зад себе, а посебно Антонино Миљуоло кој е победник во севкупниот пласман. Сепак, ова и е огромен успех за нашиот автомобилист, кој со 166 бода единаесет помалку од Миљуоло го завршува актуелниот шампионат.

The post Иџе со триумф во Хрватска и освоено вицешампионско место appeared first on Република.

]]>
„Летечкиот Македонец“ прво место во Португалија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/letechkiot-makedonec-prvo-mesto-vo-portugalija/ Sun, 08 May 2022 18:28:41 +0000 https://republika.mk/?p=499617

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе победи на првата трка во Португалија, на патеката “Рампа дал Фапера“ во Брага. Иџе со својот „Хјундаи И30 ТЦР“ беше првопласиран (1 категорија) со време 2:16.121. Трката е во рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Ова е втора трка сезонава, а потсетување дека на стартот во Франција во април Стефановски беше второпласиран во Сен Жан ди Гар.

The post „Летечкиот Македонец“ прво место во Португалија appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе победи на првата трка во Португалија, на патеката “Рампа дал Фапера“ во Брага. Иџе со својот „Хјундаи И30 ТЦР“ беше првопласиран (1 категорија) со време 2:16.121. Трката е во рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки. Ова е втора трка сезонава, а потсетување дека на стартот во Франција во април Стефановски беше второпласиран во Сен Жан ди Гар.