автомобил во река Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtomobil-vo-reka/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Sep 2022 12:54:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автомобил во река Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtomobil-vo-reka/ 32 32 Видео од потрагата по момчето кое со автомобил излета во Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/video-od-potragata-po-momcheto-koe-so-avtomobil-izleta-vo-vardar/ Thu, 29 Sep 2022 12:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=555669

Продолжува потрагата по возачот на автомобилот кој пред три дена со автомобилот излета во реката Вардар.

Во потрагата се вклучени и кучиња трагачи, но засега 22-годишното момче не е пронајдено.

Момчето од Куманово со возилото излета од патот Тетово-Скопје и падна во Вардар. Автомобилот веднаш по несреќата бил изваден од реката, а по младото момче уште се трага.

The post Видео од потрагата по момчето кое со автомобил излета во Вардар appeared first on Република.

]]>

Продолжува потрагата по возачот на автомобилот кој пред три дена со автомобилот излета во реката Вардар. Во потрагата се вклучени и кучиња трагачи, но засега 22-годишното момче не е пронајдено. Момчето од Куманово со возилото излета од патот Тетово-Скопје и падна во Вардар. Автомобилот веднаш по несреќата бил изваден од реката, а по младото момче уште се трага.

The post Видео од потрагата по момчето кое со автомобил излета во Вардар appeared first on Република.

]]>
И денеска се трага по возачот на Голфот, вклучени „Тигрите“, ќе се пребарува и малото езеро во Зелениково https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/i-deneska-se-traga-po-vozachot-na-golfot-vklucheni-tigrite-kje-se-prebaruva-i-maloto-ezero-vo-zelenikovo/ Thu, 29 Sep 2022 10:59:19 +0000 https://republika.mk/?p=555553

Центарот за управување со кризи информира дека и денеска продолжува потрагата по возачот на возилото кое пред два дена излета во реката Вардар.

-Во моментов на терен се раководителот и вработените во РЦУК Тетово кои од лице место информираат дека во 09 часот пристигнале на терен едно специјализирано лице од МВР, 6 лица од специјалната антитерористичка единица „Тигри“, екипа од ДЗС 8 лица, 4 нуркачи од Тетово, 4 нуркачи од Кочани, 6 пожарникари и 10 луѓе од ЕЛС Желино, информира ЦУК.

Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес и да се изврши пребарување во малото езеро во Зелениково.

The post И денеска се трага по возачот на Голфот, вклучени „Тигрите“, ќе се пребарува и малото езеро во Зелениково appeared first on Република.

По излетување на возило во реката Вардар се трага по луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-izletuvanje-na-vozilo-vo-rekata-vardar-se-traga-po-lugje/ Tue, 27 Sep 2022 13:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=554834

Тетовската полиција информира дека по излетување на возило во реката Вардар кај Желино почната е потрага по луѓе во водотекот. Околу 11 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека патничко возило излетало од коловозот на мостот во тетовско Желино и паднало во водите на реката Вардар.

-Констатирано е дека во реката Вардар е паднато возило „фолксваген голф 4“, со кумановски регистарски ознаки. Во возилото кое е пронајдено и ќе се извлекува од реката, засега не се пронајдени лица. На самото место се јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и други полициски службеници, кои ги пребаруваат водите на реката, а повикани ќе бидат и нуркачки екипи од МВР со цел да се пронајде возачот на возилото и евентуално други сопатници. Се расчистува и документира случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Центарот за управување со кризи за истиот случај информираше дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито.

-Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време пропаднало во природен јаз и визуелно не се гледало. Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со нив. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес, велат од ЦУК.

The post По излетување на возило во реката Вардар се трага по луѓе appeared first on Република.

„Голф“ падна од мост на реката Вардар- во возилото најверојатно имало патници, ангажирани се нуркачки екипи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golf-padna-od-most-na-rekata-vardar-vo-voziloto-najverojatno-imalo-patnici-angazirani-se-nurkachki-ekipi/ Tue, 27 Sep 2022 12:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=554798

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека кола Голф 4 со Кумановски регистерски таблици двиќејки се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднала од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар.

Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало.

Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС.

МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес.

Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага, информираат од Центарот за управување со кризи.

The post „Голф“ падна од мост на реката Вардар- во возилото најверојатно имало патници, ангажирани се нуркачки екипи appeared first on Република.

]]>

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека кола Голф 4 со Кумановски регистерски таблици двиќејки се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднала од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар. Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало. Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес. Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага, информираат од Центарот за управување со кризи.

The post „Голф“ падна од мост на реката Вардар- во возилото најверојатно имало патници, ангажирани се нуркачки екипи appeared first on Република.

]]>