автомибили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtomibili/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Aug 2022 18:11:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автомибили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtomibili/ 32 32 Државни институции купиле 150 луксузни коли за време на пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavni-institucii-kupile-150-luksuzni-koli-za-vreme-na-pandemijata/ Thu, 18 Aug 2022 18:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=541787

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции. До ДКСК пристигнале информации и за низа други злоупотреби со набавки во институциите.

Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, вели дека не биле само двата автомобила за кои пишуваа медиумите, туку дека институциите вкупно купиле 150 нови автомобили во времето на пандемијата. Ивановска овие информации ги нарече „загрижувачки“.

Сепак, Ивановска соопшти дека Антикорупциската комисија, која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска одлучила да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат „пред сѐ на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет“.

Таа соопшти дека институциите во земјава набавиле 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија.

Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила - рече Ивановска.

Исто така, според претседателката на ДКСК, загрижувачки е и фактот што државните институции за време на пандемијата и економска криза, продолжуваат да ангажираат надворешни фирми за извршување на работи што треба да ги извршуваат административците кои веќе работат во овие институции. Од Антикорупциска велат дека купувањето службени автомобили и ангажирањето надворешни соработници во државни институции се индиции за корупција.

Оттаму велат дека за секоја ситуација во земјава во која се случуваат злоупотреби, особено во време на криза, надлежните треба да се преземат итни мерки и да ги санкционираат раководителите-прекршители.

The post Државни институции купиле 150 луксузни коли за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции. До ДКСК пристигнале информации и за низа други злоупотреби со набавки во институциите. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, вели дека не биле само двата автомобила за кои пишуваа медиумите, туку дека институциите вкупно купиле 150 нови автомобили во времето на пандемијата. Ивановска овие информации ги нарече „загрижувачки“. Сепак, Ивановска соопшти дека Антикорупциската комисија, која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска одлучила да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат „пред сѐ на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет“. Таа соопшти дека институциите во земјава набавиле 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија.
Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила - рече Ивановска.
Исто така, според претседателката на ДКСК, загрижувачки е и фактот што државните институции за време на пандемијата и економска криза, продолжуваат да ангажираат надворешни фирми за извршување на работи што треба да ги извршуваат административците кои веќе работат во овие институции. Од Антикорупциска велат дека купувањето службени автомобили и ангажирањето надворешни соработници во државни институции се индиции за корупција. Оттаму велат дека за секоја ситуација во земјава во која се случуваат злоупотреби, особено во време на криза, надлежните треба да се преземат итни мерки и да ги санкционираат раководителите-прекршители.

The post Државни институции купиле 150 луксузни коли за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>
Во Грција крадат возила со српски таблички за шверц на мигранти, македонските автомобили засега не ги чепкаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grcija-kradat-vozila-so-srpski-tablichki-za-shverc-na-migranti-makedonskite-avtomobili-zasega-ne-gi-chepkaat/ Wed, 27 Jul 2022 10:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=533741

Грчката полиција ги предупреди српските туристи да бидат внимателни со возилата бидејќи криминални банди крадат автомобили што се користат за криумчарење мигранти.

Последниот случај е на едно семејство од Врање, чиј автомобил беше украден пред два дена во Неа Плагија, недалеку од Халкидики. Четиричлено семејство требало да си оди дома од одмор, но на денот на враќањето утрото забележале дека им е украден автомобилот „опел зафира“.

Возилата исчезнуваат преку ноќ, на паркинзите во трговските центри, додека туристите се на плажите или пред самите станови!

Криминалците користат специјални уреди за да го попречат заклучувањето и во тој случај не го кршат автомобилот, туку само го отвораат автомобилот. Најмногу кражби на автомобили се случуваат на најпопуларните плажи во близина на Солун и Халкидики, каде што престојуваат повеќето српски туристи.

Каде што најчесто „оперираат“ крадците

• на паркинзите на големите супермаркети и трговски центри („Ikea“, „Liddle“, „Jumbo“, „One Salonica“...)


• на отворени паркинзи во Солун, во близина на Белата кула, во близина на плоштадот Аристотелис

• на паркингот на воден парк „Вотерленд“ во Солун
• на паркинзи на некои плажи на Халкидики (Оранж, Тиганија, Златна плажа Палиури, Арка плажа Сарти)

The post Во Грција крадат возила со српски таблички за шверц на мигранти, македонските автомобили засега не ги чепкаат appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција ги предупреди српските туристи да бидат внимателни со возилата бидејќи криминални банди крадат автомобили што се користат за криумчарење мигранти. Последниот случај е на едно семејство од Врање, чиј автомобил беше украден пред два дена во Неа Плагија, недалеку од Халкидики. Четиричлено семејство требало да си оди дома од одмор, но на денот на враќањето утрото забележале дека им е украден автомобилот „опел зафира“. Возилата исчезнуваат преку ноќ, на паркинзите во трговските центри, додека туристите се на плажите или пред самите станови! Криминалците користат специјални уреди за да го попречат заклучувањето и во тој случај не го кршат автомобилот, туку само го отвораат автомобилот. Најмногу кражби на автомобили се случуваат на најпопуларните плажи во близина на Солун и Халкидики, каде што престојуваат повеќето српски туристи. Каде што најчесто „оперираат“ крадците • на паркинзите на големите супермаркети и трговски центри („Ikea“, „Liddle“, „Jumbo“, „One Salonica“...) • на отворени паркинзи во Солун, во близина на Белата кула, во близина на плоштадот Аристотелис • на паркингот на воден парк „Вотерленд“ во Солун • на паркинзи на некои плажи на Халкидики (Оранж, Тиганија, Златна плажа Палиури, Арка плажа Сарти)

The post Во Грција крадат возила со српски таблички за шверц на мигранти, македонските автомобили засега не ги чепкаат appeared first on Република.

]]>