автоматска пушка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtomatska-pushka/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 06:52:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автоматска пушка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtomatska-pushka/ 32 32 Скопјанец ќе се гони за обид за убиство, од автоматска пушка испукал 11 куршуми кон „бмв“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-ke-se-goni-za-obid-za-ubistvo-od-avtomatska-pushka-ispukal-11-kurshumi-kon-bmv/ Thu, 08 Aug 2024 06:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=804406

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 03.07.2023 на подрачјето на Гази Баба, пријавениот од автоматска пушка испукал 11 куршуми кон возило „бмв“ во кое бил Б.И. со неговата сопруга, при што го оштетил возилото, сооптшија од МВР.

The post Скопјанец ќе се гони за обид за убиство, од автоматска пушка испукал 11 куршуми кон „бмв“ appeared first on Република.

]]>

Тројца полицајци пукале со автоматски пушки од мерак, поднесени им се кривични пријави https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-politsajtsi-pukale-so-avtomatski-pushki-od-merak-podneseni-im-se-krivichni-prijavi/ Thu, 25 Jul 2024 09:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=800123

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Имено, првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани. Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Тројца полицајци пукале со автоматски пушки од мерак, поднесени им се кривични пријави appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Имено, првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани. Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Тројца полицајци пукале со автоматски пушки од мерак, поднесени им се кривични пријави appeared first on Република.

]]>
Со автоматска пушка ги натерал сите да легнат долу – детали за грабежот во казиното во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-avtomatska-pushka-gi-nateral-site-da-legnat-dolu-detali-za-grabezhot-vo-kazinoto-vo-tetovo/ Fri, 26 Apr 2024 11:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=771361

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vooruzhen-grabezh-vo-kazino/

Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела  „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

The post Со автоматска пушка ги натерал сите да легнат долу – детали за грабежот во казиното во Тетово appeared first on Република.

]]>

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vooruzhen-grabezh-vo-kazino/ Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари. На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела  „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

The post Со автоматска пушка ги натерал сите да легнат долу – детали за грабежот во казиното во Тетово appeared first on Република.

]]>
Додека ја чистел старата куќа на татко му, тетовец пронашол автоматска пушка и рамки муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dodeka-ja-chistel-starata-kuka-na-tatko-mu-tetovets-pronashol-avtomatska-pushka-i-ramki-munitsija/ Mon, 07 Aug 2023 17:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=669724

На 06.08.2023 во 18.15 часот во Полициското одделение Јегуновце, З.А. (41) од тетовско Подбреѓе пријавил дека при чистење на стара куќа, сопственост на неговиот покоен татко С.А. во село Подбреѓе, пронашол една автоматска пушка.

По овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и било констатирано дека станува збор за автоматска пушка калибар 7,62, четири рамки и 197 куршуми од ист калибар.

Пронајденото било подигнато за понатамошна постапка.

The post Додека ја чистел старата куќа на татко му, тетовец пронашол автоматска пушка и рамки муниција appeared first on Република.

]]>

На 06.08.2023 во 18.15 часот во Полициското одделение Јегуновце, З.А. (41) од тетовско Подбреѓе пријавил дека при чистење на стара куќа, сопственост на неговиот покоен татко С.А. во село Подбреѓе, пронашол една автоматска пушка. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и било констатирано дека станува збор за автоматска пушка калибар 7,62, четири рамки и 197 куршуми од ист калибар. Пронајденото било подигнато за понатамошна постапка.

The post Додека ја чистел старата куќа на татко му, тетовец пронашол автоматска пушка и рамки муниција appeared first on Република.

]]>
Сопругата решила да се разведе, тој со пиштол и автоматска пушка решил да ја врати дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/soprugata-reshila-da-se-razvede-toj-so-pishtol-i-avtomatska-pushka-reshil-da-ja-vrati-doma/ Fri, 30 Dec 2022 14:05:21 +0000 https://republika.mk/?p=591913

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на селото Орланци, општина Арачиново, за кого постои основано сомнение дека, во соизвршителство со друго за сега непознато лице, сторил кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„На 7 декември, од семејна куќа во селото Отља, општина Липково тие насилно ја грабнале оштетената сопруга на осомничениот со кој бил во бракоразводна постапка. На присутните домашни им се заканиле со пиштол и автоматска пушка со намера да ја присилат оштетената да остане во брачна заедница со осомничениот. На главата ѝ ставиле навлака за перница, па така ја влечеле кон задниот излез од дворот на куќата“, соопшти Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

The post Сопругата решила да се разведе, тој со пиштол и автоматска пушка решил да ја врати дома appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на селото Орланци, општина Арачиново, за кого постои основано сомнение дека, во соизвршителство со друго за сега непознато лице, сторил кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. „На 7 декември, од семејна куќа во селото Отља, општина Липково тие насилно ја грабнале оштетената сопруга на осомничениот со кој бил во бракоразводна постапка. На присутните домашни им се заканиле со пиштол и автоматска пушка со намера да ја присилат оштетената да остане во брачна заедница со осомничениот. На главата ѝ ставиле навлака за перница, па така ја влечеле кон задниот излез од дворот на куќата“, соопшти Обвинителството. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​  

The post Сопругата решила да се разведе, тој со пиштол и автоматска пушка решил да ја врати дома appeared first on Република.

]]>