автокоманда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtokomanda/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 19:40:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автокоманда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtokomanda/ 32 32 Тројца повредени во тешката сообраќајка во Автокоманда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-povredeni-vo-teshkata-soobrakajka-vo-avtokomanda/ Thu, 01 Aug 2024 20:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=802499

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Скопската населба Автокоманда во која учествувале три патнички возила.

-На бул Александар Македонски во Скопје случена е сообраќајна незгода во која учествувале три возила од која незгода има три повредени лица. Дел од повредените се префрлени во болница, информираат од МВР.

Во моментот во тек е увид.

Сообраќајот на крстосницата се одвива со застој.

The post Тројца повредени во тешката сообраќајка во Автокоманда appeared first on Република.

]]>

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во Скопската населба Автокоманда во која учествувале три патнички возила. -На бул Александар Македонски во Скопје случена е сообраќајна незгода во која учествувале три возила од која незгода има три повредени лица. Дел од повредените се префрлени во болница, информираат од МВР. Во моментот во тек е увид. Сообраќајот на крстосницата се одвива со застој.

The post Тројца повредени во тешката сообраќајка во Автокоманда appeared first on Република.

]]>
Златно „дете“: Елмас преку лето помага во слаткарницата на неговите родители во Автокоманда https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zlatno-dete-elmas-preku-leto-pomaga-vo-slatkarnitsata-na-negovite-roditeli-vo-avtokomanda/ Sun, 07 Jul 2024 13:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=794264

Елитниот германски медиум „Билд“ направи репортажа во која Елмас открива како го поминува времето кога е без клупски обврски. Семејството на Елмас во Скопје е познато и по слаткарницата „Мандарин“ која ја поседуваат во населбата Автокоманда.

Во летниот период токму Елиф е еден од помошниците во објектот.

Златно дете

The post Златно „дете“: Елмас преку лето помага во слаткарницата на неговите родители во Автокоманда appeared first on Република.

]]>

Елитниот германски медиум „Билд“ направи репортажа во која Елмас открива како го поминува времето кога е без клупски обврски. Семејството на Елмас во Скопје е познато и по слаткарницата „Мандарин“ која ја поседуваат во населбата Автокоманда. Во летниот период токму Елиф е еден од помошниците во објектот. Златно дете

The post Златно „дете“: Елмас преку лето помага во слаткарницата на неговите родители во Автокоманда appeared first on Република.

]]>
Без вода корисниците на висока зона во Автокоманда https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bez-voda-korisnitsite-na-visoka-zona-vo-avtokomanda/ Tue, 18 Jun 2024 11:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=788742

Корисниците од населба Автокоманда (висока зона), се без вода од 12:40 часот поради уличен дефект во Парк шума Гази Баба, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.

The post Без вода корисниците на висока зона во Автокоманда appeared first on Република.

]]>

Корисниците од населба Автокоманда (висока зона), се без вода од 12:40 часот поради уличен дефект во Парк шума Гази Баба, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.  

The post Без вода корисниците на висока зона во Автокоманда appeared first on Република.

]]>
Дел од Автокоманда без вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/del-od-avtokomanda-bez-voda/ Thu, 04 Jan 2024 11:08:09 +0000 https://republika.mk/?p=729556

Без вода денеска од 11:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Александар Македонски“ и улица „Интернационални бригади“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Интернационални бригади“.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

The post Дел од Автокоманда без вода appeared first on Република.

]]>

Без вода денеска од 11:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Александар Македонски“ и улица „Интернационални бригади“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Интернационални бригади“. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.  

The post Дел од Автокоманда без вода appeared first on Република.

]]>
Времен сообраќаен режим во скопска Автокоманда https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vremen-rezhim-na-soobrakaj-na-ulitsa-vo-skopska-avtokomanda/ Tue, 22 Aug 2023 04:48:05 +0000 https://republika.mk/?p=674375

Поради изведба на градежни активности за реконструкција на коловозот во насока на движење од улица „16-та Македонска бригада“ до булеварот „Киро Глигоров“ денеска во периодот од 7:00 до 15:00 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улицата „808“ во населбата Автокоманда, информираат од ЈП „Улици и патишта“ - Скопје.

Реконструкцијата ќе се одвива фазно, односно при изведбата на градежните активности ќе биде затворена едната, а потоа и другата коловозна лента од улицата „808“ и работите ќе се одвиваат со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, велат од ЈП „Улици и патишта“.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

The post Времен сообраќаен режим во скопска Автокоманда appeared first on Република.

Важно за сопствениците на возилата: Расчистена тешката кражба на паркингот во Автокоманда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vazhno-za-sopstvenitsite-na-vozilata-raschistena-teshkata-krazhba-na-parkingot-vo-avtokomanda/ Sun, 23 Jul 2023 13:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=664448

Единицата за интервентна полиција вчера лишила од слобода малолетник осомничен за „тешка кражба“ во мај годинава на паркинг во населбата Автокоманда.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот е осомничен дека кривичното дело го извршил заедно со други пет малолетници од Шуто Оризари и Топанско Поле на 8 мај 2023 на паркинг во Автокоманда, при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети.

-Тој е приведен во Полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело, наведува МВР.

Во изминатиот период службени разговори биле извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок

The post Важно за сопствениците на возилата: Расчистена тешката кражба на паркингот во Автокоманда appeared first on Република.

]]>

Единицата за интервентна полиција вчера лишила од слобода малолетник осомничен за „тешка кражба“ во мај годинава на паркинг во населбата Автокоманда. Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот е осомничен дека кривичното дело го извршил заедно со други пет малолетници од Шуто Оризари и Топанско Поле на 8 мај 2023 на паркинг во Автокоманда, при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети.
-Тој е приведен во Полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело, наведува МВР.
Во изминатиот период службени разговори биле извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок

The post Важно за сопствениците на возилата: Расчистена тешката кражба на паркингот во Автокоманда appeared first on Република.

]]>
Жителите на Автокоманда денеска ќе го блокираат булеварот „Александар Македонски“ поради тајното префрлување на населбата на Топлана Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zhitelite-na-avtokomanda-deneska-ke-go-blokiraat-bulevarot-aleksandar-makedonski-poradi-tajnoto-prefrluvane-na-naselbata-na-toplana-istok/ Tue, 07 Feb 2023 13:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=606032

Жителите од скопска Автокоманда, денеска во 18 часот ќе го блокираат булеварот Александар Македонски во знак на протест против тајното префрлување на населбата од таканареченото „железарско парно“ на топловодната мрежа која се снабдува од Топланата Исток со која стопанисува државната компанија ЕСМ.

Деноноќното парно кое граѓаните од овој дел на градот го плаќаа 37 отсто поскапо од останатите корисници, од 1 февруари е заменето со млаки радијатори, температура во становите далеку под 20 степени, безброј реакции, објави и коментари на социјалните мрежи, залудни поплаки до надлежните и игнорирање на нивните апели.

Своето присутво на денешниот протест го потврдија пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателката на Советот на Оштина Гази Баба, Дијана Илиевска, советниците во општинскиот совет, Александар Каровски и Филип Атанасов, а се очекува на блокадата да дојде и градоначалникот Бобан Стефковски кој го поддржа и првиот собир на граѓаните.

Иако покана е упатена и до претседателот Стево Пендаровски како жител на Автокоманда до неговиот избор во 2019 година, засега нема најава дали ќе излезе на барикадите заеедно со своите поранешни соседи.

The post Жителите на Автокоманда денеска ќе го блокираат булеварот „Александар Македонски“ поради тајното префрлување на населбата на Топлана Исток appeared first on Република.

]]>

Жителите од скопска Автокоманда, денеска во 18 часот ќе го блокираат булеварот Александар Македонски во знак на протест против тајното префрлување на населбата од таканареченото „железарско парно“ на топловодната мрежа која се снабдува од Топланата Исток со која стопанисува државната компанија ЕСМ. Деноноќното парно кое граѓаните од овој дел на градот го плаќаа 37 отсто поскапо од останатите корисници, од 1 февруари е заменето со млаки радијатори, температура во становите далеку под 20 степени, безброј реакции, објави и коментари на социјалните мрежи, залудни поплаки до надлежните и игнорирање на нивните апели. Своето присутво на денешниот протест го потврдија пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателката на Советот на Оштина Гази Баба, Дијана Илиевска, советниците во општинскиот совет, Александар Каровски и Филип Атанасов, а се очекува на блокадата да дојде и градоначалникот Бобан Стефковски кој го поддржа и првиот собир на граѓаните. Иако покана е упатена и до претседателот Стево Пендаровски како жител на Автокоманда до неговиот избор во 2019 година, засега нема најава дали ќе излезе на барикадите заеедно со своите поранешни соседи.

The post Жителите на Автокоманда денеска ќе го блокираат булеварот „Александар Македонски“ поради тајното префрлување на населбата на Топлана Исток appeared first on Република.

]]>
Граѓани протестираа кај Автокоманда против новите услови во системот на греење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gragani-protestiraa-kaj-avtokomanda-protiv-novite-uslovi-vo-sistemot-na-greene/ Thu, 02 Feb 2023 17:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=604018

Граѓани попладнево протестираа кај кружниот тек од Автокоманда поради тоа што според новите промени во системот на греење ќе имаат парно греење од 6 до 22 часот, а не како досега 24 часа.

Протестот траеше од 16 до 18 часот, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека протестот бил најавен и дека во овој временски период е спроведен изменет сообраќаен режим.

АД ЕСМ денеска соопшти дека спроведува промени во системот на греење со цел стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите 62.000 потрошувачи.

-Промените, нагласуваат од АД ЕСМ, значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа. Од 1 февруари, 2.000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4.000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2.000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење, како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45 проценти, информираа од АД ЕСМ.

Причината за воведените промени, велат од компанијата, е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето било испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас.

Извор: МИА

The post Граѓани протестираа кај Автокоманда против новите услови во системот на греење appeared first on Република.

]]>

Граѓани попладнево протестираа кај кружниот тек од Автокоманда поради тоа што според новите промени во системот на греење ќе имаат парно греење од 6 до 22 часот, а не како досега 24 часа. Протестот траеше од 16 до 18 часот, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека протестот бил најавен и дека во овој временски период е спроведен изменет сообраќаен режим. АД ЕСМ денеска соопшти дека спроведува промени во системот на греење со цел стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите 62.000 потрошувачи. -Промените, нагласуваат од АД ЕСМ, значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа. Од 1 февруари, 2.000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4.000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2.000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење, како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45 проценти, информираа од АД ЕСМ. Причината за воведените промени, велат од компанијата, е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето било испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас.
Извор: МИА

The post Граѓани протестираа кај Автокоманда против новите услови во системот на греење appeared first on Република.

]]>
И градоначалникот на протест во Автокоманда: Не може владата да менува без да ги праша жителите! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/i-gradonachalnikot-na-protest-vo-avtokomanda-ne-mozhe-vladata-da-menuva-bez-da-gi-prasha-zhitelite/ Wed, 01 Feb 2023 18:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=603527

Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања, потенцираше градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој на повик на граѓаните се приклучи на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда, кои бараат да се вратат на старото греење откако без да бидат прашани беа приклучени на друга опција.

Не може Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците‼️
Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда‼️, порача тој.

The post И градоначалникот на протест во Автокоманда: Не може владата да менува без да ги праша жителите! appeared first on Република.

]]>

Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања, потенцираше градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој на повик на граѓаните се приклучи на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда, кои бараат да се вратат на старото греење откако без да бидат прашани беа приклучени на друга опција.
Не може Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците‼️ Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда‼️, порача тој.

The post И градоначалникот на протест во Автокоманда: Не може владата да менува без да ги праша жителите! appeared first on Република.

]]>
Без вода дел од корисниците во Автокоманда и Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bez-voda-del-od-korisnicite-vo-avtokomanda-i-kisela-voda/ Wed, 13 Apr 2022 08:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=487734

Од „Водовод и канализација“ информираат дека поради промена на дел од водоводна цевка на булеварот „Александар Македонски“ раскрсница со „16-та Македонска Бригада“ во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе има новата зграда во близина на семафорите. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до санирање на дефектот.

The post Без вода дел од корисниците во Автокоманда и Кисела Вода appeared first on Република.

Oбновен паркот „Скулптура“ во Автокоманда https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/obnoven-parkot-skulptura-vo-avtokomanda/ Mon, 11 Apr 2022 14:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=486878

Градоначалничката  на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, денеска го пуштија во употреба целосно обновениот парк „Скулптура“ на  улицата 16-та Македонска бригада во населбата Автокоманда.

Граѓаните на Автокоманда добија обновен парк “Склуптура“ во населбата Автокоманда во вкупна површина од 4. 200 квадратни метри, со нови тревници, урбана опрема и ново осветлување, место каде ќе можат да го минуваат слободното време и да се рекреираат, истакна градоначалничката Арсовска.

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски ѝ се заблагодари на градоначалничката Арсовска, за брзото обновување на паркот и истакна дека подигнувањето на зелените појаси и нивното обновување на територија на општината е од исклучително значење за илјадници граѓани од овој дел од општината кои сега имаат убаво среден парк.

При уредувањето на паркот се направени повеќе  интервенции на целата вегетација, нанесена е високо квалитетна почва, формиран е тревник со систем за полевање капка по капка, хидранти и  прскалки, со што ќе се овозможи континуирано одржување на зеленилото во паркот, истакна директорот на ЈП Паркови и зеленило, Сотировски.

The post Oбновен паркот „Скулптура“ во Автокоманда appeared first on Република.

Се запалила греалка во детската соба: Спасени татко и детенце во Автокоманда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-zapalila-grealka-vo-detskata-soba-spaseni-tatko-i-detence-vo-avtokomanda/ Sat, 05 Mar 2022 16:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=468234

Осумгодишно детенце и неговиот татко биле спасени утрово околу 10 часот од пожар кој избувна  во зграда на улица „Трифун Хаџиманев“ во скопска Автокоманда. 

Според првичните информации пожарот кој најверојатно е предизвикан од грејно тело настанал во детска соба, каде во моментот се наоѓало 8-годишно детенце кое било спасено од неговиот татко кој се здобил со полесни повреди.

Благодарение на брзата интервенција на пожарната која според соседите на местото на несреќата пристигната за помалку од две минути, пожарот бил изгаснат, а причинета е само материјална штета.

Семејството во моментов е згрижено кај роднини, а градоначалникот на општина Гази Баба, но и соседите на семејството најавуваат финансиска помош за санирање на штетите на станот каде избувна пожарот. 

The post Се запалила греалка во детската соба: Спасени татко и детенце во Автокоманда appeared first on Република.

]]>

Осумгодишно детенце и неговиот татко биле спасени утрово околу 10 часот од пожар кој избувна  во зграда на улица „Трифун Хаџиманев“ во скопска Автокоманда.  Според првичните информации пожарот кој најверојатно е предизвикан од грејно тело настанал во детска соба, каде во моментот се наоѓало 8-годишно детенце кое било спасено од неговиот татко кој се здобил со полесни повреди. Благодарение на брзата интервенција на пожарната која според соседите на местото на несреќата пристигната за помалку од две минути, пожарот бил изгаснат, а причинета е само материјална штета. Семејството во моментов е згрижено кај роднини, а градоначалникот на општина Гази Баба, но и соседите на семејството најавуваат финансиска помош за санирање на штетите на станот каде избувна пожарот. 

The post Се запалила греалка во детската соба: Спасени татко и детенце во Автокоманда appeared first on Република.

]]>