автобуска несреќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtobuska-nesrekja/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 08:19:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автобуска несреќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtobuska-nesrekja/ 32 32 Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-11-zaginati-vo-teshka-avtobuska-nesreka-vo-turtsija/ Fri, 09 Aug 2024 06:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=804786

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени кога патнички автобус удрил во мост во областа Полатли, округот на Анкара, јавија турските медиуми.

Автобусот удрил во колона под мостот околу 5:00 часот по локално време, во правец кон Ескишехир.

На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, медицински и спасувачки екипи.

Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, рече дека првичните информации укажуваат дека возачот заспал бидејќи нема индикации дека се обидел да закочи.

The post Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа во Турција appeared first on Република.

]]>

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени кога патнички автобус удрил во мост во областа Полатли, округот на Анкара, јавија турските медиуми. Автобусот удрил во колона под мостот околу 5:00 часот по локално време, во правец кон Ескишехир. На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, медицински и спасувачки екипи. Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, рече дека првичните информации укажуваат дека возачот заспал бидејќи нема индикации дека се обидел да закочи.

The post Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа во Турција appeared first on Република.

]]>
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avtobus-padna-vo-dlaboka-provalija-vo-pakistan-najmalku-20-zaginati-i-21-povreden/ Fri, 03 May 2024 10:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=773737

Најмалку 20 лица загинаа денеска, а 21 е повредено кога автобусот во кој се наоѓале падна во длабока провалија на крајниот север на Пакистан, изјави портпаролот на локалната влада, Фајзулах Фирак.

Несреќата се случила на автономната територија Гилгит-Балтистан. Фирак рече дека повредените се пренесени во болници.

The post Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден appeared first on Република.

]]>

Најмалку 20 лица загинаа денеска, а 21 е повредено кога автобусот во кој се наоѓале падна во длабока провалија на крајниот север на Пакистан, изјави портпаролот на локалната влада, Фајзулах Фирак. Несреќата се случила на автономната територија Гилгит-Балтистан. Фирак рече дека повредените се пренесени во болници.

The post Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден appeared first on Република.

]]>
Се преврте бугарски автобус во Турција, 11 лица се повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-prevrte-bugarski-avtobus-vo-turtsija-11-litsa-se-povredeni/ Sat, 20 Apr 2024 06:35:24 +0000 https://republika.mk/?p=768289

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенцијата Анадолија. Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица. Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.

The post Се преврте бугарски автобус во Турција, 11 лица се повредени appeared first on Република.

]]>

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенцијата Анадолија. Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“. На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица. Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.

The post Се преврте бугарски автобус во Турција, 11 лица се повредени appeared first on Република.

]]>
Три лица под истрага за страшната автобуска несреќа кај Венеција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tri-litsa-pod-istraga-za-strashnata-avtobuska-nesreka-kaj-venetsija/ Thu, 12 Oct 2023 10:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=690471

Венецијанското обвинителство стави три лица под истрага за минатонеделната автобуска несреќа во градската област Местре, во која загинаа 21 лице, меѓу кои и еден хрватски државјанин, објави во четвртокот локалниот весник „Ил Газетино“.

Станува збор за извршниот директор на автобуската компанија „Ла Лине“ и двајца функционери на градот Венеција – управител на секторот за транспорт и мобилност за внатрешното подрачје на градот и раководител на одделението за одржување на патиштата.

Тие наводно ќе одговараат за убиство со возило, повеќекратно убиство, нанесување тешки или многу тешки повреди на пат и телесни повреди.

Дваесет и едно лице загина, а околу дваесет се повредени откако автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запалил. Во несреќата загинаа еден Хрват, девет Украинци, четворица Романци, тројца Германци, двајца Португалци и еден италијански возач на автобус. Меѓу повредените е и еден Хрват.

Причините за несреќата не се јасни. Една хипотеза е дека возачот погрешил, но имало и сомнежи за состојбата на надвозникот, особено заштитните шини, наведува Анса.

The post Три лица под истрага за страшната автобуска несреќа кај Венеција appeared first on Република.

]]>

Венецијанското обвинителство стави три лица под истрага за минатонеделната автобуска несреќа во градската област Местре, во која загинаа 21 лице, меѓу кои и еден хрватски државјанин, објави во четвртокот локалниот весник „Ил Газетино“. Станува збор за извршниот директор на автобуската компанија „Ла Лине“ и двајца функционери на градот Венеција – управител на секторот за транспорт и мобилност за внатрешното подрачје на градот и раководител на одделението за одржување на патиштата. Тие наводно ќе одговараат за убиство со возило, повеќекратно убиство, нанесување тешки или многу тешки повреди на пат и телесни повреди. Дваесет и едно лице загина, а околу дваесет се повредени откако автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запалил. Во несреќата загинаа еден Хрват, девет Украинци, четворица Романци, тројца Германци, двајца Португалци и еден италијански возач на автобус. Меѓу повредените е и еден Хрват. Причините за несреќата не се јасни. Една хипотеза е дека возачот погрешил, но имало и сомнежи за состојбата на надвозникот, особено заштитните шини, наведува Анса.

The post Три лица под истрага за страшната автобуска несреќа кај Венеција appeared first on Република.

]]>
Најмалку 21 загинат откако автобус излета од надвозник кај Венеција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-21-zaginat-otkako-avtobus-izleta-od-nadvoznik-kaj-venetsija/ Wed, 04 Oct 2023 06:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=687658

Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти.

Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобусот, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција.

Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре - Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват.

Идентификацијата на загинатите се уште е во тек.

„Ние сме во контакт со италијанските власти за да ги идентификуваме можните француски државјани меѓу жртвите“, рече француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона.

The post Најмалку 21 загинат откако автобус излета од надвозник кај Венеција appeared first on Република.

]]>

Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти. Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобусот, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција. Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре - Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват. Идентификацијата на загинатите се уште е во тек. „Ние сме во контакт со италијанските власти за да ги идентификуваме можните француски државјани меѓу жртвите“, рече француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона.

The post Најмалку 21 загинат откако автобус излета од надвозник кај Венеција appeared first on Република.

]]>
Автобус паднал од надвозник на железничка пруга: Најмалку 15 загинати во несреќа во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avtobus-padnal-od-nadvoznik-na-zheleznichka-pruga-najmalku-15-zaginati-vo-nesreka-vo-italija/ Tue, 03 Oct 2023 20:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=687646

Најмалку 15 лица загинале, а десетици се повредени во автобуска несреќа во Италија.

Несреќата се случила кога автобус со многу луѓе излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил.

Според првите информации, загинале најмалку 15 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени.

The post Автобус паднал од надвозник на железничка пруга: Најмалку 15 загинати во несреќа во Италија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 15 лица загинале, а десетици се повредени во автобуска несреќа во Италија. Несреќата се случила кога автобус со многу луѓе излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил. Според првите информации, загинале најмалку 15 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени.

The post Автобус паднал од надвозник на железничка пруга: Најмалку 15 загинати во несреќа во Италија appeared first on Република.

]]>
Најмалку 27 патници загинаа откако автобус излета во провалија во Мексико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-27-patnitsi-zaginaa-otkako-avtobus-izleta-vo-provalija-vo-meksiko/ Thu, 06 Jul 2023 07:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=658542

Најмалку 27 патници загинаа денеска во Мексико, кога патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, соопштија властите.

Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака.

Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро изјави дека во несреќата загинале 27 лица, меѓу кои и едноиполгодишно дете.

Тој рече и дека околу 20 лица се повредени, од кои некои се во многу тешка состојба.

Според соопштението, возачот на автобусот очигледно изгубил контрола над возилото и паднал во провалија.

„Се чини дека недостигот на вештина и замор ја предизвикаа несреќата“, рече Ромеро во изјава за локална телевизија.

Автобусот тргнал од Мексико Сити за да превезе патници во голем број мали, оддалечени планински села во сиромашниот регион Миктека.

The post Најмалку 27 патници загинаа откако автобус излета во провалија во Мексико appeared first on Република.

]]>

Најмалку 27 патници загинаа денеска во Мексико, кога патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, соопштија властите. Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака. Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро изјави дека во несреќата загинале 27 лица, меѓу кои и едноиполгодишно дете. Тој рече и дека околу 20 лица се повредени, од кои некои се во многу тешка состојба. Според соопштението, возачот на автобусот очигледно изгубил контрола над возилото и паднал во провалија. „Се чини дека недостигот на вештина и замор ја предизвикаа несреќата“, рече Ромеро во изјава за локална телевизија. Автобусот тргнал од Мексико Сити за да превезе патници во голем број мали, оддалечени планински села во сиромашниот регион Миктека.

The post Најмалку 27 патници загинаа откако автобус излета во провалија во Мексико appeared first on Република.

]]>
На автопатот Белград – Ниш: На возачот на Фудекс му се слошило, автобус со ученици излетал од патот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-avtopatot-belgrad-nish-na-vozachot-na-fudeks-mu-se-sloshilo-avtobus-so-uchenitsi-izletal-od-patot/ Sun, 16 Apr 2023 18:04:04 +0000 https://republika.mk/?p=631329

Сообраќајната несреќа се случила околу 15 часот, на автопатот кај Баточина, во правец од Белград кон Ниш.

Автобусот кој превезувал ученици од гимназијата во Ниш, ја пробил заштитната ограда и застанал.

Според неофицијални информации, на возачот на автобусот му се слошило.

Тој се здобил со повреди, додека според првите неофицијални информации ниту еден од учениците не побарал лекарска помош.

Станува збор за учениците од неколку училишта во Ниш, кои како најдобри ученици биле на патување во Шпанија.

The post На автопатот Белград – Ниш: На возачот на Фудекс му се слошило, автобус со ученици излетал од патот appeared first on Република.

]]>

Сообраќајната несреќа се случила околу 15 часот, на автопатот кај Баточина, во правец од Белград кон Ниш. Автобусот кој превезувал ученици од гимназијата во Ниш, ја пробил заштитната ограда и застанал. Според неофицијални информации, на возачот на автобусот му се слошило. Тој се здобил со повреди, додека според првите неофицијални информации ниту еден од учениците не побарал лекарска помош. Станува збор за учениците од неколку училишта во Ниш, кои како најдобри ученици биле на патување во Шпанија.

The post На автопатот Белград – Ниш: На возачот на Фудекс му се слошило, автобус со ученици излетал од патот appeared first on Република.

]]>
Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Саудиска Арабија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-20-zaginati-vo-avtobuska-nesreka-vo-saudiska-arabija/ Tue, 28 Mar 2023 06:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=624455

Најмалку 20 лица загинаа кога преполн автобус удрил во мост, се превртел и запалил во југозападниот дел на Саудиска Арабија, јавија саудиските државни медиуми.

Телевизијата Ал-Ехбарија објави дека во несреќата со автобусот се повредени уште 29 лица и притоа објави снимка на која се гледаат јагленосаните остатоци од автобусот.

Несреќата се случила во југозападната провинција Асир, што  се граничи со Јемен, а причина била откажување на сопирачките на возилото.

Несреќата се случила во првата недела од Рамазан, кога верниците постат од утро до мрак.

The post Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Саудиска Арабија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 20 лица загинаа кога преполн автобус удрил во мост, се превртел и запалил во југозападниот дел на Саудиска Арабија, јавија саудиските државни медиуми.

Телевизијата Ал-Ехбарија објави дека во несреќата со автобусот се повредени уште 29 лица и притоа објави снимка на која се гледаат јагленосаните остатоци од автобусот.

Несреќата се случила во југозападната провинција Асир, што  се граничи со Јемен, а причина била откажување на сопирачките на возилото.

Несреќата се случила во првата недела од Рамазан, кога верниците постат од утро до мрак.

The post Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Саудиска Арабија appeared first on Република.

]]>
Автобус со 40 деца на Алпите се преврте, повредени 21 лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avtobus-so-40-detsa-na-alpite-se-prevrte-povredeni-21-litse/ Sat, 04 Mar 2023 17:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=615887

Автобус со деца се преврте на француските Алпи, при што се повредени најмалку 21 лице. Според информациите возилото превртело по падина и завршило во поток. Во автобусот се превезувале 40 ученици од основно образование.

Најтешко повредени се возачот и сопатникот, а 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјавил Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.

Регионалниот обвинител започнал истрага, а градоначалникот изјавил дека голема е веројатноста возачот да имал некаков медицински проблем додека бил зад воланот.

Локалните власти за француските медиуми изјавиле дека при падот на автобусот временските услови биле добри, а на местото на несреќата немало снег или мраз.

The post Автобус со 40 деца на Алпите се преврте, повредени 21 лице appeared first on Република.

]]>

Автобус со деца се преврте на француските Алпи, при што се повредени најмалку 21 лице. Според информациите возилото превртело по падина и завршило во поток. Во автобусот се превезувале 40 ученици од основно образование.
Најтешко повредени се возачот и сопатникот, а 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјавил Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.
Регионалниот обвинител започнал истрага, а градоначалникот изјавил дека голема е веројатноста возачот да имал некаков медицински проблем додека бил зад воланот. Локалните власти за француските медиуми изјавиле дека при падот на автобусот временските услови биле добри, а на местото на несреќата немало снег или мраз.

The post Автобус со 40 деца на Алпите се преврте, повредени 21 лице appeared first on Република.

]]>
Се преврте автобус во Хрватска, има и жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-prevrte-avtobus-vo-hrvatska-ima-i-zhrtvi/ Sun, 26 Feb 2023 07:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=613240

Едно лице го загина, а седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа, петнаесетина минути пред полноќ се случила на автопат во Хрватска во правец од Сплит кон Загреб.

Според информациите од полицијата несреќата се случила кога 58-годишен албански државјанин кој управувал автобус со албански национални ознаки и од засега непозната причина свртел десно, удрил во ограда и се превртел на левата страна.

– Во автобусот во моментот на несреќата имало девет патници и возачот. Едно лице загина, а неколку лица се повредени и се сместени во општите болници во Карловац и Огулин. Увидот е во тек информира полицијата.

The post Се преврте автобус во Хрватска, има и жртви appeared first on Република.

]]>

Едно лице го загина, а седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа, петнаесетина минути пред полноќ се случила на автопат во Хрватска во правец од Сплит кон Загреб. Според информациите од полицијата несреќата се случила кога 58-годишен албански државјанин кој управувал автобус со албански национални ознаки и од засега непозната причина свртел десно, удрил во ограда и се превртел на левата страна.
– Во автобусот во моментот на несреќата имало девет патници и возачот. Едно лице загина, а неколку лица се повредени и се сместени во општите болници во Карловац и Огулин. Увидот е во тек информира полицијата.

The post Се преврте автобус во Хрватска, има и жртви appeared first on Република.

]]>
Се судрија автобус и „голф“ кај Кичево, повредени само возачите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-sudrija-avtobus-i-golf-kaj-kichevo-povredeni-samo-vozachite/ Tue, 14 Feb 2023 12:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=608868

Вчера во 12.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.О.(21) од с.Долно Строгомиште, кичевско и автобус „ивеко“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(56) од с.Грешница, кичевско.

Во несреќата, возачот од возилото се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на автобусот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

The post Се судрија автобус и „голф“ кај Кичево, повредени само возачите appeared first on Република.

]]>

Вчера во 12.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.О.(21) од с.Долно Строгомиште, кичевско и автобус „ивеко“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(56) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата, возачот од возилото се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на автобусот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

The post Се судрија автобус и „голф“ кај Кичево, повредени само возачите appeared first on Република.

]]>
Најмалку тројца загинати во автобуска несреќа кај Марибор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/najmalku-trojtsa-zaginati-vo-avtobuska-nesreka-kaj-maribor/ Fri, 03 Feb 2023 09:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=604196

Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во тешката автобуска несреќа што се случила утрово неколку минути по 5 часот на помурската магистрала кај клучката Липовци кон Марибор во Словенија, јавува „24ур“.

Како што соопшти полициската управа од Мурска Собота, во несреќата учествувал автобус со романски регистарски таблички.

Увидот на местото на несреќата е во тек, а повеќе информации ќе има по завршувањето. Се уште не е позната причината за несреќата.

 

The post Најмалку тројца загинати во автобуска несреќа кај Марибор appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во тешката автобуска несреќа што се случила утрово неколку минути по 5 часот на помурската магистрала кај клучката Липовци кон Марибор во Словенија, јавува „24ур“. Како што соопшти полициската управа од Мурска Собота, во несреќата учествувал автобус со романски регистарски таблички. Увидот на местото на несреќата е во тек, а повеќе информации ќе има по завршувањето. Се уште не е позната причината за несреќата.  

The post Најмалку тројца загинати во автобуска несреќа кај Марибор appeared first on Република.

]]>
32 лица се повредени а три лица загинаа во автобуска несреќа во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/32-lica-se-povredeni-a-tri-lica-zaginaa-vo-avtobuska-nesrekja-vo-turcija/ Sun, 06 Nov 2022 20:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=570512

Најмалку три лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што се случи денеска на северот на Турција.

Оваа информација ја потврди министерот за здравство Фахретин Коча, пренесе Анадолија. Тој изјави дека две повредени лица се во тешка состојба.

Патнички автобус на приватна автобуска компанија се превртел на главниот автопат кај Болу.

На терен се голем број медицински, противпожарни, полициски и жандармерски екипи.

Гувернерот на Болу, Еркан Килик изјави дека истрагата за несреќата е во тек.

Автобусот се движел од Кајсери кон Истанбул.

The post 32 лица се повредени а три лица загинаа во автобуска несреќа во Турција appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што се случи денеска на северот на Турција. Оваа информација ја потврди министерот за здравство Фахретин Коча, пренесе Анадолија. Тој изјави дека две повредени лица се во тешка состојба. Патнички автобус на приватна автобуска компанија се превртел на главниот автопат кај Болу. На терен се голем број медицински, противпожарни, полициски и жандармерски екипи. Гувернерот на Болу, Еркан Килик изјави дека истрагата за несреќата е во тек. Автобусот се движел од Кајсери кон Истанбул.

The post 32 лица се повредени а три лица загинаа во автобуска несреќа во Турција appeared first on Република.

]]>
Седумнаесет членови на исто семејство загинаа во опожарен автобус во Пакистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sedumnaeset-chlenovi-na-isto-semejstvo-zaginaa-vo-opozaren-avtobus-vo-pakistan/ Thu, 13 Oct 2022 07:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=560397

Пожар избувна во автобус во Пакистан предизвикан од дефект на електричната инсталација во клима-уредот на возилото, при што загинаа 17 лица, од кои десетина деца.

Со автобусот патувале членови на пошироко семејство од Карачи до нивниот град Хаипур Натан Шаџ во провинцијата Синд, изјави провинцискиот министер за информации Шарџил Мемон.

Станува збор за семејство што во август се преселило во Карачи, по поплавите што го зафатија нивниот град и повеќе области на Пакистан во кои загинаа повеќе од две илјади лица.

Во пожарот целосно изгоре возилото, а некои од телата се јагленисани до непрепознатливост, изјави претставник на локалната полиција Џавед Балоч.

Лошите патишта, слабо одржуваните возила и супстандардниот безбедносен режим предизвикуваат бројни несреќи во Пакистан секоја година, што резултира со илјадници смртни случаи, покажуваат владините статистики.

The post Седумнаесет членови на исто семејство загинаа во опожарен автобус во Пакистан appeared first on Република.

]]>

Пожар избувна во автобус во Пакистан предизвикан од дефект на електричната инсталација во клима-уредот на возилото, при што загинаа 17 лица, од кои десетина деца.
Со автобусот патувале членови на пошироко семејство од Карачи до нивниот град Хаипур Натан Шаџ во провинцијата Синд, изјави провинцискиот министер за информации Шарџил Мемон.
Станува збор за семејство што во август се преселило во Карачи, по поплавите што го зафатија нивниот град и повеќе области на Пакистан во кои загинаа повеќе од две илјади лица.
Во пожарот целосно изгоре возилото, а некои од телата се јагленисани до непрепознатливост, изјави претставник на локалната полиција Џавед Балоч.
Лошите патишта, слабо одржуваните возила и супстандардниот безбедносен режим предизвикуваат бројни несреќи во Пакистан секоја година, што резултира со илјадници смртни случаи, покажуваат владините статистики.

The post Седумнаесет членови на исто семејство загинаа во опожарен автобус во Пакистан appeared first on Република.

]]>
Автобус со туристи падна од карпа, најмалку 5 загинати и 38 повредени кај Бурса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avtobus-so-turisti-padna-od-karpa-najmalku-5-zaginati-i-38-povredeni-kaj-bursa/ Mon, 29 Aug 2022 07:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=545108

Најмалку пет луѓе загинаа, а 38 се повредени откако автобус паднал од карпа во Бурса на северозападот од Турција.

Како што пишуваат тамошните медиуми, автобусот патувал од Кутахја до областа Мудања во Бурса, превезувајќи група туристи до крајбрежниот град.

Меѓу загинатите се возачот и четворица патници. Истражните органи покренаа истрага за причините за несреќата.

https://youtu.be/Py8r2rcwoK0

Ова е втора поголема несреќа на патиштата во Турција откако минатата недела 34 луѓе загинаа во две последователни несреќи во провинцијата Газиантеп. Тогаш камион и автобус се судрија во возила кои претходно учествувале во помали несреќи.

Локалните медиуми пишуваат дека во Турција секоја година во сообраќајни нсреќи гинат стотици луѓе. Податоците на Одделот за сообраќај на турската полиција покажуваат дека лани загинале 920 луѓе, а повредени биле близу 130.000.

 

The post Автобус со туристи падна од карпа, најмалку 5 загинати и 38 повредени кај Бурса appeared first on Република.

]]>

Најмалку пет луѓе загинаа, а 38 се повредени откако автобус паднал од карпа во Бурса на северозападот од Турција. Како што пишуваат тамошните медиуми, автобусот патувал од Кутахја до областа Мудања во Бурса, превезувајќи група туристи до крајбрежниот град. Меѓу загинатите се возачот и четворица патници. Истражните органи покренаа истрага за причините за несреќата. https://youtu.be/Py8r2rcwoK0 Ова е втора поголема несреќа на патиштата во Турција откако минатата недела 34 луѓе загинаа во две последователни несреќи во провинцијата Газиантеп. Тогаш камион и автобус се судрија во возила кои претходно учествувале во помали несреќи. Локалните медиуми пишуваат дека во Турција секоја година во сообраќајни нсреќи гинат стотици луѓе. Податоците на Одделот за сообраќај на турската полиција покажуваат дека лани загинале 920 луѓе, а повредени биле близу 130.000.  

The post Автобус со туристи падна од карпа, најмалку 5 загинати и 38 повредени кај Бурса appeared first on Република.

]]>
Димитров: Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/dimitrov-baranjata-za-otshteta-vo-avtobuskata-nesrekja-na-besa-trans-se-nad-750-000-evra/ Thu, 25 Aug 2022 16:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=544094

Николај Димитров, адвокат на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс“ на автопатот Струма во Бугарија во ноември минатата година, изјави за МИА дека барањата за отштета на неговите клиенти е над 750.000 евра.

Тој рече дека тоа е во согласност со лимитот на осигурителна одговорност и судската практика во Бугарија, додавајќи дека целата процедура е во многу напредна фаза.

Според него, тужбите ќе бидат поднесени во рок од неколку дена и ќе се бара заедничко разгледување на бугарската Агенција за патна инфраструктура и на претставникот на македонска осигурителна компанија „Граве“, кои во Бугарија се претставени од Националното биро на бугарските осигурителни компании за автомобили.

Вештото лице на увидот на местото на несреќата ја оценуваше состојбата на патната инфраструктура, површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата.

Адвокатот за МИА прогнозира дека експертизата ќе биде готова за неколку месеци.

Поради фактот дека несреќата се случила на територија на членка на ЕУ, законски наследници на загинатите македонски граѓани можат да ги искористат лимитите за осигурување во земји-членки на ЕУ, каде тие се до 12 пати поголеми.

Лимитот за цивилна одговорност во Македонија достигнува до 600.000 евра, а во Бугарија како членка на ЕУ достигнува и до 5,2 милиони евра и затоа според адвокатот кога се поднесуваат барањата ќе биде направено,да се искористат бугарските услови, кои се дел од европските и да бидат обештетени сите настрадани.

Ако се докаже вината на Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија, таму нема лимит на одговорност.

Димитров исто така рече дека багажот на загинатите македонски граѓани за време на катастрофата е веќе вратен, но се утврдени некои предмети што недостигаат кај еден од неговите клиенти. Тој кажал дека жена му која загинала заедно со нивното дете за време на несреќата имала накит, кој потоа недостигал.

 

The post Димитров: Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра appeared first on Република.

]]>

Николај Димитров, адвокат на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс“ на автопатот Струма во Бугарија во ноември минатата година, изјави за МИА дека барањата за отштета на неговите клиенти е над 750.000 евра. Тој рече дека тоа е во согласност со лимитот на осигурителна одговорност и судската практика во Бугарија, додавајќи дека целата процедура е во многу напредна фаза. Според него, тужбите ќе бидат поднесени во рок од неколку дена и ќе се бара заедничко разгледување на бугарската Агенција за патна инфраструктура и на претставникот на македонска осигурителна компанија „Граве“, кои во Бугарија се претставени од Националното биро на бугарските осигурителни компании за автомобили. Вештото лице на увидот на местото на несреќата ја оценуваше состојбата на патната инфраструктура, површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата. Адвокатот за МИА прогнозира дека експертизата ќе биде готова за неколку месеци. Поради фактот дека несреќата се случила на територија на членка на ЕУ, законски наследници на загинатите македонски граѓани можат да ги искористат лимитите за осигурување во земји-членки на ЕУ, каде тие се до 12 пати поголеми. Лимитот за цивилна одговорност во Македонија достигнува до 600.000 евра, а во Бугарија како членка на ЕУ достигнува и до 5,2 милиони евра и затоа според адвокатот кога се поднесуваат барањата ќе биде направено,да се искористат бугарските услови, кои се дел од европските и да бидат обештетени сите настрадани. Ако се докаже вината на Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија, таму нема лимит на одговорност. Димитров исто така рече дека багажот на загинатите македонски граѓани за време на катастрофата е веќе вратен, но се утврдени некои предмети што недостигаат кај еден од неговите клиенти. Тој кажал дека жена му која загинала заедно со нивното дете за време на несреќата имала накит, кој потоа недостигал.  

The post Димитров: Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра appeared first on Република.

]]>
Уапсен возачот на автобусот од несреќата кај Лесковац, во која загина 34-годишната водачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsen-vozachot-na-avtobusot-od-nesrekjata-kaj-leskovac-vo-koja-zagina-34-godishnata-vodachka/ Mon, 22 Aug 2022 08:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=542765

Уапсен е возачот на автобусот кој вчера рано утрината се преврте на автопатот Ниш – Лесковац, при што една жена го загуби животот, а 33 патници беа повредени.

https://republika.mk/vesti/balkan/imashe-34-godini-nina-zagina-vo-avtobusot-kaj-leskovac/

Како што потврдија од Полициското одделение Лесковац, по наредба на Основното јавно обвинителство во овој град му е одредена мерка притвор до 48 часа за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред обвинител.

До несреќата дошло кога автобусот со сомборски регистерски таблички, кој превезувал патници од летување во Грција, од засега непознати причини излегол од коловозот, неколку стотини метри се движел по тревната површина, а потоа се превртел на страна.

Водач на патот, туристички водич Н.Н. починала на лице место, а повредените патници во зависност од тежината на повредите се пренесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш и Општата болница во Лесковац.

Меѓу патниците имало и деца, но никој од нив не е тешко повреден.

The post Уапсен возачот на автобусот од несреќата кај Лесковац, во која загина 34-годишната водачка appeared first on Република.

]]>

Уапсен е возачот на автобусот кој вчера рано утрината се преврте на автопатот Ниш – Лесковац, при што една жена го загуби животот, а 33 патници беа повредени. https://republika.mk/vesti/balkan/imashe-34-godini-nina-zagina-vo-avtobusot-kaj-leskovac/ Како што потврдија од Полициското одделение Лесковац, по наредба на Основното јавно обвинителство во овој град му е одредена мерка притвор до 48 часа за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред обвинител. До несреќата дошло кога автобусот со сомборски регистерски таблички, кој превезувал патници од летување во Грција, од засега непознати причини излегол од коловозот, неколку стотини метри се движел по тревната површина, а потоа се превртел на страна. Водач на патот, туристички водич Н.Н. починала на лице место, а повредените патници во зависност од тежината на повредите се пренесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш и Општата болница во Лесковац. Меѓу патниците имало и деца, но никој од нив не е тешко повреден.

The post Уапсен возачот на автобусот од несреќата кај Лесковац, во која загина 34-годишната водачка appeared first on Република.

]]>
Тешка несреќа во Турција: Најмалку 16 загинати откако автобус удри во екипи кои интервенирале на друга сообраќајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teshka-nesrekja-vo-turcija-najmalku-16-zaginati-otkako-avtobus-udri-vo-ekipi-koi-intervenirale-na-druga-soobrakjajka/ Sat, 20 Aug 2022 12:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=542312

Најмалку 16 луѓе загинаа, а 22 се повредени во двојниот судар во близина на градот Газиантеп, објавија турските власти.

Помеѓу загинатите тројца се пожарникари, четворица вработени во брза помош и двајца новинари, изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.

Спасувачките служби пристигнале на местото на несреќата во која учествувал минибус, а потоа во нив удрил патнички автобус, кој се превртел и се лизгал 200 метри при што удрил во возилото на брзата помош и медиумските екипи.

Двата новинари кои загинаа биле вработени во новинската агенција ИХА.

The post Тешка несреќа во Турција: Најмалку 16 загинати откако автобус удри во екипи кои интервенирале на друга сообраќајка appeared first on Република.

]]>

Најмалку 16 луѓе загинаа, а 22 се повредени во двојниот судар во близина на градот Газиантеп, објавија турските власти.
Помеѓу загинатите тројца се пожарникари, четворица вработени во брза помош и двајца новинари, изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.
Спасувачките служби пристигнале на местото на несреќата во која учествувал минибус, а потоа во нив удрил патнички автобус, кој се превртел и се лизгал 200 метри при што удрил во возилото на брзата помош и медиумските екипи. Двата новинари кои загинаа биле вработени во новинската агенција ИХА.

The post Тешка несреќа во Турција: Најмалку 16 загинати откако автобус удри во екипи кои интервенирале на друга сообраќајка appeared first on Република.

]]>
Лекарот што им помогнал на децата случајно поминувал по тој пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lekarot-shto-im-pomognal-na-decata-sluchajno-pominuval-po-toj-pat/ Tue, 16 Aug 2022 14:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=540990

Лекарот д-р Антон Елкин, васкуларен хирург, кој случајно се нашол на местото на несреќата кога српски автобус се преврте на автопатот Тракија во Бугарија за „Здраво Бугарија“ вели дека била непријатна глетката на крв од повредените деца, кои инаку биле играорци од фолклорниот ансамбл Ју-Лира од Батајница, пренесува српска „Нова“.

Потресна е глетката на деца облеани во крв од глава до пети. Некои од нив имаа само рани на главата, па пак имаше многу крв. Апсолутно случајно се најдов таму. Веднаш застанав и се приклучив да помогнам. Додека се движевме по автопатот, два конвои одеднаш забавија. Потоа видовме превртен автобус. Прво требаше да процениме кој од повредените беше релативно стабилен, кому му беше потребна помош, раскажува тој.

Од повредените десет деца, две уште се во тешка состојба. Главниот лекар од болницата „Пирогов“, Валети Дмитров не сакаше да открие детално какви операции и колку имале децата.

Децата кои беа повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија, при превртување на автобусот, вчера пристигнаа на Универзитетската детска клиника во Тиршов каде ќе продолжи нивното лекување.

На Детската клиника вчера околу 19:45 часот пристигнале шест амбулантни возила и едно возило на Брза помош, придружувани од четири полициски возила на ротација.

The post Лекарот што им помогнал на децата случајно поминувал по тој пат appeared first on Република.

]]>

Лекарот д-р Антон Елкин, васкуларен хирург, кој случајно се нашол на местото на несреќата кога српски автобус се преврте на автопатот Тракија во Бугарија за „Здраво Бугарија“ вели дека била непријатна глетката на крв од повредените деца, кои инаку биле играорци од фолклорниот ансамбл Ју-Лира од Батајница, пренесува српска „Нова“.
Потресна е глетката на деца облеани во крв од глава до пети. Некои од нив имаа само рани на главата, па пак имаше многу крв. Апсолутно случајно се најдов таму. Веднаш застанав и се приклучив да помогнам. Додека се движевме по автопатот, два конвои одеднаш забавија. Потоа видовме превртен автобус. Прво требаше да процениме кој од повредените беше релативно стабилен, кому му беше потребна помош, раскажува тој.
Од повредените десет деца, две уште се во тешка состојба. Главниот лекар од болницата „Пирогов“, Валети Дмитров не сакаше да открие детално какви операции и колку имале децата. Децата кои беа повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија, при превртување на автобусот, вчера пристигнаа на Универзитетската детска клиника во Тиршов каде ќе продолжи нивното лекување. На Детската клиника вчера околу 19:45 часот пристигнале шест амбулантни возила и едно возило на Брза помош, придружувани од четири полициски возила на ротација.

The post Лекарот што им помогнал на децата случајно поминувал по тој пат appeared first on Република.

]]>