автобус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtobus/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 19:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автобус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtobus/ 32 32 ЈСП: Платите не доцнат, туку се на одобрување https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jsp-platite-ne-dotsnat-tuku-se-na-odobruvane/ Thu, 15 Feb 2024 19:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=744556

По најавениот прекин на јавниот градски превоз во главниот град за утре, 16 февруари, поради неисплатени плати, од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, излегоа со тврдења дека „платите на вработените не доцнат“.

Оттаму тврдат дека „платите се исплаќаат редовно во тековниот месец“ правејќи споредба со други институции каде се доцни.

„Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа. Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои“, се наведува во соопштението од ЈСП кое го пренесува државната агенција МИА.

Синдикатот на ЈСП, пак, на прес-конференција денеска попладне најави дека од утре (16 февруари) од 4:30 ќе нема градски превоз во Скопје.

The post ЈСП: Платите не доцнат, туку се на одобрување appeared first on Република.

]]>

По најавениот прекин на јавниот градски превоз во главниот град за утре, 16 февруари, поради неисплатени плати, од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, излегоа со тврдења дека „платите на вработените не доцнат“. Оттаму тврдат дека „платите се исплаќаат редовно во тековниот месец“ правејќи споредба со други институции каде се доцни.
„Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа. Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои“, се наведува во соопштението од ЈСП кое го пренесува државната агенција МИА.
Синдикатот на ЈСП, пак, на прес-конференција денеска попладне најави дека од утре (16 февруари) од 4:30 ќе нема градски превоз во Скопје.

The post ЈСП: Платите не доцнат, туку се на одобрување appeared first on Република.

]]>
Се преврте автобус во Турција, девет лица загинаа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-prevrte-avtobus-vo-turtsija-devet-litsa-zaginaa/ Tue, 16 Jan 2024 09:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=733523

Девет лица загинаа, а 30 се повредени, од кои 13 потешко, кога автобус се преврте во вторникот во областа Ајдинџик во јужната турска провинција Мерсин.

Меѓуградскиот патнички автобус, кој се движел кон југоисточната провинција Мардин од областа Мармарис во западна Мугла, при вртење удрил во бариера на излезот од тунелот Саријар во областа Јеникас и се превртел.

По несреќата, на местото на настанот веднаш биле испратени екипи на итната помош, како и екипи за пребарување и спасување и противпожарната бригада.

Повредените со возило на Брза помош се пренесени во болниците.

Гувернерот на Мерсин, Али Хамза Пехливан подоцна изјавил дека несреќата се случила околу 1:15 часот по локално време, на релација Мерсин-Анталија.

„Посакувам Божја милост за нашите загинати граѓани и сочувство до нивните семејства. Посакувам брзо закрепнување на нашите повредени граѓани“, рече гувернерот.

Пехливан рече и дека 13 повредени се во тешка состојба.

Наведувајќи дека истрагата за несреќата продолжува, гувернерот додаде дека возачот „изгубил контрола на излезот од тунелот поради дождот и влажниот коловоз“, додавајќи дека јавен обвинител ја истражува несреќата.

Тој додаде дека сообраќајот меѓу Анталија и Мерсин е отворен во двата правци.

Несреќата ја снимиле камерите на автопатот. На видеото се гледа како автобусот со голема брзина влегува во кривина, удира во бариера и паѓа во канал.

 

The post Се преврте автобус во Турција, девет лица загинаа appeared first on Република.

]]>

Девет лица загинаа, а 30 се повредени, од кои 13 потешко, кога автобус се преврте во вторникот во областа Ајдинџик во јужната турска провинција Мерсин. Меѓуградскиот патнички автобус, кој се движел кон југоисточната провинција Мардин од областа Мармарис во западна Мугла, при вртење удрил во бариера на излезот од тунелот Саријар во областа Јеникас и се превртел. По несреќата, на местото на настанот веднаш биле испратени екипи на итната помош, како и екипи за пребарување и спасување и противпожарната бригада. Повредените со возило на Брза помош се пренесени во болниците. Гувернерот на Мерсин, Али Хамза Пехливан подоцна изјавил дека несреќата се случила околу 1:15 часот по локално време, на релација Мерсин-Анталија. „Посакувам Божја милост за нашите загинати граѓани и сочувство до нивните семејства. Посакувам брзо закрепнување на нашите повредени граѓани“, рече гувернерот. Пехливан рече и дека 13 повредени се во тешка состојба. Наведувајќи дека истрагата за несреќата продолжува, гувернерот додаде дека возачот „изгубил контрола на излезот од тунелот поради дождот и влажниот коловоз“, додавајќи дека јавен обвинител ја истражува несреќата. Тој додаде дека сообраќајот меѓу Анталија и Мерсин е отворен во двата правци. Несреќата ја снимиле камерите на автопатот. На видеото се гледа како автобусот со голема брзина влегува во кривина, удира во бариера и паѓа во канал.  

The post Се преврте автобус во Турција, девет лица загинаа appeared first on Република.

]]>
Возачот изгубил контрола: Автобус влета во двор на семејна куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vozachot-izgubil-kontrola-avtobus-vleta-vo-dvor-na-semejna-kuka/ Wed, 10 Jan 2024 12:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=731562

Автобусот во Србија излегол од патот и влетал во дворот на семејна куќа во Заклопача. Несреќата се случила нешто пред седум часот, а според неофицијални информации, возачот во еден момент изгубил контрола над возилото.

Автобусот ја уништил оградата и завршил веднаш до објектот.

Во несреќата е уништен предниот дел од возилото.

Во моментот на несреќата во автобусот немало патници, само возачот, кој бил пренесен во болница. Сè уште не се знае степенот на неговите повреди.

The post Возачот изгубил контрола: Автобус влета во двор на семејна куќа appeared first on Република.

]]>

Автобусот во Србија излегол од патот и влетал во дворот на семејна куќа во Заклопача. Несреќата се случила нешто пред седум часот, а според неофицијални информации, возачот во еден момент изгубил контрола над возилото. Автобусот ја уништил оградата и завршил веднаш до објектот. Во несреќата е уништен предниот дел од возилото. Во моментот на несреќата во автобусот немало патници, само возачот, кој бил пренесен во болница. Сè уште не се знае степенот на неговите повреди.

The post Возачот изгубил контрола: Автобус влета во двор на семејна куќа appeared first on Република.

]]>
Кршеле стакла на автобусот за да излезат: Грчки туристи од дочек на Нова година во Букурешт доживеале сообраќајка во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/krshele-stakla-na-avtobusot-za-da-izlezat-grchki-turisti-od-dochek-na-nova-godina-vo-bukuresht-dozhiveale-soobrakajka-vo-bugarija/ Tue, 02 Jan 2024 19:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=729099

Десетина грчки туристи се повредени денеска во тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион на патот Русе-Бјала. Патниците ги скршиле стаклата на автобусот.

Никој не е сериозно повреден, пренесуваат бугарските медиуми.

Во автобусот патувале 50 туристи од Грција кои ја дочекале Новата година во Букурешт. На кривина меѓу Волово и Борово, 36-годишниот романски возач удрил во страна на камион со турска регистрација што се движел во спротивна насока. Тој изгубил контрола и автобусот излетал од патот. Меѓу повредените е и возачот. Се се случило за неколку секунди, а првата реакција на патниците била да ги скршат стаклата за да излезат од автобусот.

„Имаше полесни повредени. Навистина имаме среќа што сме живи. Сега чекаме да дознаеме што ќе се случи со нас. Навистина не знаеме која е причината и кој е виновен за несреќата. Не сакаме да шпекулираме“, изјавил за бугарски „БНТ“ Панас Панајотис.

Повеќето патници биле прегледани на местото на настанот. 10 лица се пренесени во универзитетската болница со расекотини. Една од повредените жени била примена на неврохирургија со мозочна траума, според написите, нема опасност по нејзиниот живот.

Беше лизгаво и влажно, инаку колегата возеше со вообичаеното темпо и го почитуваше ограничувањето. Автобусот се движеше кон нас со голема брзина. Пред мене имаше две-три возила инаку автобусот ќе ме повлечеше и мене, изјави очевидец.

Како што пренесува медиумот, двајцата возачи биле негативни на алкотестот а туристите на блиската бензинска пумпа чекале друг автобус од Софија за да го продолжат патувањето кон Грција.

The post Кршеле стакла на автобусот за да излезат: Грчки туристи од дочек на Нова година во Букурешт доживеале сообраќајка во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Десетина грчки туристи се повредени денеска во тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион на патот Русе-Бјала. Патниците ги скршиле стаклата на автобусот. Никој не е сериозно повреден, пренесуваат бугарските медиуми. Во автобусот патувале 50 туристи од Грција кои ја дочекале Новата година во Букурешт. На кривина меѓу Волово и Борово, 36-годишниот романски возач удрил во страна на камион со турска регистрација што се движел во спротивна насока. Тој изгубил контрола и автобусот излетал од патот. Меѓу повредените е и возачот. Се се случило за неколку секунди, а првата реакција на патниците била да ги скршат стаклата за да излезат од автобусот. „Имаше полесни повредени. Навистина имаме среќа што сме живи. Сега чекаме да дознаеме што ќе се случи со нас. Навистина не знаеме која е причината и кој е виновен за несреќата. Не сакаме да шпекулираме“, изјавил за бугарски „БНТ“ Панас Панајотис. Повеќето патници биле прегледани на местото на настанот. 10 лица се пренесени во универзитетската болница со расекотини. Една од повредените жени била примена на неврохирургија со мозочна траума, според написите, нема опасност по нејзиниот живот. Беше лизгаво и влажно, инаку колегата возеше со вообичаеното темпо и го почитуваше ограничувањето. Автобусот се движеше кон нас со голема брзина. Пред мене имаше две-три возила инаку автобусот ќе ме повлечеше и мене, изјави очевидец. Како што пренесува медиумот, двајцата возачи биле негативни на алкотестот а туристите на блиската бензинска пумпа чекале друг автобус од Софија за да го продолжат патувањето кон Грција.

The post Кршеле стакла на автобусот за да излезат: Грчки туристи од дочек на Нова година во Букурешт доживеале сообраќајка во Бугарија appeared first on Република.

]]>
27 лица, меѓу кои и деца, повредени при превртување на автобус во Словачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/27-litsa-megu-koi-i-detsa-povredeni-pri-prevrtuvane-na-avtobus-vo-slovachka/ Sun, 17 Dec 2023 19:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=724054

Автобус полн со патници денеска доживеа несреќа во околината на словачкиот град Кошице, Словачка, во која тешко се повредени 10 лица, но нема извештаи за загинати, дознава ТАСР од портпаролот на Оперативниот центар за итна медицинска помош, Петра Климесова.

- Во автобусот имало 54 патници. Десет пациенти добија прва помош и итно беа пренесени во болниците во Кошице и Требишов. Меѓу нив имало и три деца на возраст од 1 до 15 години - рече Климесова.

Таа додаде дека медицинскиот персонал главно лекувал повреди на главата, стомакот и екстремитетите.

Дополнителни 28 пациенти се пренесени во болниците со автобус за евакуација на противпожарната бригада, додека останатите 16 патници одбиле медицинска помош.

The post 27 лица, меѓу кои и деца, повредени при превртување на автобус во Словачка appeared first on Република.

]]>

Автобус полн со патници денеска доживеа несреќа во околината на словачкиот град Кошице, Словачка, во која тешко се повредени 10 лица, но нема извештаи за загинати, дознава ТАСР од портпаролот на Оперативниот центар за итна медицинска помош, Петра Климесова.
- Во автобусот имало 54 патници. Десет пациенти добија прва помош и итно беа пренесени во болниците во Кошице и Требишов. Меѓу нив имало и три деца на возраст од 1 до 15 години - рече Климесова.
Таа додаде дека медицинскиот персонал главно лекувал повреди на главата, стомакот и екстремитетите. Дополнителни 28 пациенти се пренесени во болниците со автобус за евакуација на противпожарната бригада, додека останатите 16 патници одбиле медицинска помош.

The post 27 лица, меѓу кои и деца, повредени при превртување на автобус во Словачка appeared first on Република.

]]>
Автобус од Скопје за Кочани остана без две гуми – патниците среде автопат чекаат нов превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtobus-od-skopje-za-kochani-ostana-bez-dve-gumi-patnitsite-srede-avtopat-chekaat-nov-prevoz/ Thu, 30 Nov 2023 20:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=718145

Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација Скопје – Велес – Кочани останал без двете гуми веднаш после патарината кај Велес, па сега десетината патници останале среде автопат за да чекаат нов превоз и со него да стасаат до Кочани.

Двете гуми на автобусот на компанијата „Авто Атом“ се дупнале некаде по патарината кај Велес, и гумите се на автопатската делница пред тунелот. За среќа во инцидентот нема повредени патници.

Возачот кога забележал дека се дупнале две гуми запрел и го паркирал автобусот. Во возилото две патнички оделе за Велес, а останатите за Кочани. Двете патнички со приватен превоз се упатиле кон Велес, а останатите чекаат да бидат префрлени и да надлежните да реагираат.

 

The post Автобус од Скопје за Кочани остана без две гуми – патниците среде автопат чекаат нов превоз appeared first on Република.

]]>

Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација Скопје – Велес – Кочани останал без двете гуми веднаш после патарината кај Велес, па сега десетината патници останале среде автопат за да чекаат нов превоз и со него да стасаат до Кочани. Двете гуми на автобусот на компанијата „Авто Атом“ се дупнале некаде по патарината кај Велес, и гумите се на автопатската делница пред тунелот. За среќа во инцидентот нема повредени патници. Возачот кога забележал дека се дупнале две гуми запрел и го паркирал автобусот. Во возилото две патнички оделе за Велес, а останатите за Кочани. Двете патнички со приватен превоз се упатиле кон Велес, а останатите чекаат да бидат префрлени и да надлежните да реагираат.  

The post Автобус од Скопје за Кочани остана без две гуми – патниците среде автопат чекаат нов превоз appeared first on Република.

]]>
Возач на автобус нападнал патник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozach-na-avtobus-napadnal-patnik/ Sat, 28 Oct 2023 15:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=695833

На 27.10.2023 во 22.45 часот во Полициско одделение Сарај Р.Б.(22) од с. Кобаница, скопско пријавил дека околу 22.00 часот на подрачје на Центар во автобус кој се движел од Транспортен центар кон с. Бојане, скопско, бил физички нападнат од возачот Џ.Х.(31), информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Возач на автобус нападнал патник appeared first on Република.

]]>

На 27.10.2023 во 22.45 часот во Полициско одделение Сарај Р.Б.(22) од с. Кобаница, скопско пријавил дека околу 22.00 часот на подрачје на Центар во автобус кој се движел од Транспортен центар кон с. Бојане, скопско, бил физички нападнат од возачот Џ.Х.(31), информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Возач на автобус нападнал патник appeared first on Република.

]]>
Скопјанец физички нападнат од возач на приватен автобус https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-fizichki-napadnat-od-vozach-na-privaten-avtobus/ Mon, 23 Oct 2023 14:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=694230

Скопјанецот Д.Ј. (26) вчера на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице, возач на приватен автобус.

Како што соопшти МВР, Д.Ј. вчера попладне, во 17.30 часот, го пријавил случајот во СВР Скопје.

Според пријавата, нападот се случил околу 13.30 часот по претходно недоразбирање.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

The post Скопјанец физички нападнат од возач на приватен автобус appeared first on Република.

]]>

Скопјанецот Д.Ј. (26) вчера на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице, возач на приватен автобус. Како што соопшти МВР, Д.Ј. вчера попладне, во 17.30 часот, го пријавил случајот во СВР Скопје. Според пријавата, нападот се случил околу 13.30 часот по претходно недоразбирање. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

The post Скопјанец физички нападнат од возач на приватен автобус appeared first on Република.

]]>
Скопјанка нападната во автобус https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-napadnata-vo-avtobus/ Sat, 21 Oct 2023 16:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=693674

Скопјанката М.П. (47) вчера околу 16 часот била физички нападната од едно лице во автобус на ЈСП „Скопје“, на територија на општина Карпош.

Како што се наведува во МВР-билтенот, жената го пријавила случајот во 16:30 часот во СВР Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанка нападната во автобус appeared first on Република.

]]>

Скопјанката М.П. (47) вчера околу 16 часот била физички нападната од едно лице во автобус на ЈСП „Скопје“, на територија на општина Карпош. Како што се наведува во МВР-билтенот, жената го пријавила случајот во 16:30 часот во СВР Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанка нападната во автобус appeared first on Република.

]]>
Автобус паднал од надвозник на железничка пруга: Најмалку 15 загинати во несреќа во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avtobus-padnal-od-nadvoznik-na-zheleznichka-pruga-najmalku-15-zaginati-vo-nesreka-vo-italija/ Tue, 03 Oct 2023 20:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=687646

Најмалку 15 лица загинале, а десетици се повредени во автобуска несреќа во Италија.

Несреќата се случила кога автобус со многу луѓе излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил.

Според првите информации, загинале најмалку 15 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени.

The post Автобус паднал од надвозник на железничка пруга: Најмалку 15 загинати во несреќа во Италија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 15 лица загинале, а десетици се повредени во автобуска несреќа во Италија. Несреќата се случила кога автобус со многу луѓе излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил. Според првите информации, загинале најмалку 15 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени.

The post Автобус паднал од надвозник на железничка пруга: Најмалку 15 загинати во несреќа во Италија appeared first on Република.

]]>
Иницијативата за сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз пред Уставен суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/initsijativata-za-site-srednoshkoltsi-da-imaat-besplaten-javen-prevoz-pred-ustaven-sud/ Tue, 03 Oct 2023 08:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=687333

Иницијативата за оценување на уставноста на сегашните одредби во Законот за средното образование, поточно член 41-а е на дневен ред на денешната 35. седница на Уставниот суд.

Подносителот на иницијативата Лука Павиќевиќ наведува дека со оспорениот член од Законот за средното образование се дискриминирани учениците во приватните средни училишта во поглед на правото на користење на јавниот превоз, иако според Уставот образованието е достапно на секого под еднакви услови.

Дополнително оспорен е и членот со кој се овозможува бесплатен јавен превоз само на учениците чиешто живеалиште е оддалечено од училиштето над 2,5 километри.

Уставните судии на денешната седница ќе дискутираат по иницијативите со кои се оспорени член 24 став 1 од Законот за измена и дополнување на Законот за здолжително капитално финансирано пензиско осигурување во делот „или во текот на осигурувањето имале стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење”, член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, Одлуката со која се утврдува нивото на гравитирање на јавните паркиралишта, катни гаражи и јавни површини наменети за паркирање на привилигирани категории корисници, јуни 2022 година од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг-Скопје, Одлуката за дополнување на одлуката со архивски број 02/134/6 од 28 февруари 2020 година донесена од Управниот одбор на 2 јуни 2022 година, Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012г. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016, како и Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика.

The post Иницијативата за сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Иницијативата за оценување на уставноста на сегашните одредби во Законот за средното образование, поточно член 41-а е на дневен ред на денешната 35. седница на Уставниот суд. Подносителот на иницијативата Лука Павиќевиќ наведува дека со оспорениот член од Законот за средното образование се дискриминирани учениците во приватните средни училишта во поглед на правото на користење на јавниот превоз, иако според Уставот образованието е достапно на секого под еднакви услови. Дополнително оспорен е и членот со кој се овозможува бесплатен јавен превоз само на учениците чиешто живеалиште е оддалечено од училиштето над 2,5 километри. Уставните судии на денешната седница ќе дискутираат по иницијативите со кои се оспорени член 24 став 1 од Законот за измена и дополнување на Законот за здолжително капитално финансирано пензиско осигурување во делот „или во текот на осигурувањето имале стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење”, член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, Одлуката со која се утврдува нивото на гравитирање на јавните паркиралишта, катни гаражи и јавни површини наменети за паркирање на привилигирани категории корисници, јуни 2022 година од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг-Скопје, Одлуката за дополнување на одлуката со архивски број 02/134/6 од 28 февруари 2020 година донесена од Управниот одбор на 2 јуни 2022 година, Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012г. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016, како и Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика.

The post Иницијативата за сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>
Автобус тргнал од Барселона кон БиХ, патниците почнале да се онесвестуваат – никој не знае зошто https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avtobus-trgnal-od-barselona-kon-bih-patnitsite-pochnale-da-se-onesvestuvaat-nikoj-ne-znae-zoshto/ Sun, 24 Sep 2023 16:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=684768

Туристички автобус кој сообраќал од Барселона во Шпанија за Босна и Херцеговина синоќа околу 20 часот итно сопрел на автопатот во Франција, во близина на Кан и Ница, бидејќи неколку патници се онесвестиле.

Возачот го паркирал автобусот на постојката за одмор Видаубан Суд, пишува Ница Матин, бидејќи седум патници паднале во бессознание, пишува Дневник.хр.

Во автобусот имало 62 патници, а возачот повикал помош.

Француските власти испратија спасувачки екипи на местото на настанот, меѓу кои седум возила на брза помош и пожарникари.

Засега нема информации зошто туристите се онесвестиле.

The post Автобус тргнал од Барселона кон БиХ, патниците почнале да се онесвестуваат – никој не знае зошто appeared first on Република.

]]>

Туристички автобус кој сообраќал од Барселона во Шпанија за Босна и Херцеговина синоќа околу 20 часот итно сопрел на автопатот во Франција, во близина на Кан и Ница, бидејќи неколку патници се онесвестиле. Возачот го паркирал автобусот на постојката за одмор Видаубан Суд, пишува Ница Матин, бидејќи седум патници паднале во бессознание, пишува Дневник.хр. Во автобусот имало 62 патници, а возачот повикал помош. Француските власти испратија спасувачки екипи на местото на настанот, меѓу кои седум возила на брза помош и пожарникари. Засега нема информации зошто туристите се онесвестиле.

The post Автобус тргнал од Барселона кон БиХ, патниците почнале да се онесвестуваат – никој не знае зошто appeared first on Република.

]]>
Жена тешко повредена при симнување од автобус https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-teshko-povredena-pri-simnuvane-od-avtobus/ Wed, 13 Sep 2023 14:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=681649

Шеесет и петгодишна жена тешко се повредила при симнување од автобус на постојка на улица „Втора Македонска Бригада.

„На 12.09.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“, при симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “,информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Жена тешко повредена при симнување од автобус appeared first on Република.

]]>

Шеесет и петгодишна жена тешко се повредила при симнување од автобус на постојка на улица „Втора Македонска Бригада. „На 12.09.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“, при симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “,информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Жена тешко повредена при симнување од автобус appeared first on Република.

]]>
Жена тешко се повредила додека се симнувала од автобус https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-teshko-se-povredila-dodeka-se-simnuvala-od-avtobus/ Wed, 13 Sep 2023 10:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=681532

На 12.09.2023 во 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“, при симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Жена тешко се повредила додека се симнувала од автобус appeared first on Република.

]]>

На 12.09.2023 во 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“, при симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Жена тешко се повредила додека се симнувала од автобус appeared first on Република.

]]>
Запленет автобус со специјално контруиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zaplenet-avtobus-so-spetsijalno-kontruiran-adaptiran-i-izmenet-prostor-so-tsel-kriene-na-stoka/ Sun, 10 Sep 2023 17:42:46 +0000 https://republika.mk/?p=680660

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги, на граничниот премин Табановце при извршена контрола открија автобус со специјално контруиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока.

Имено, на ден 08.09.2023, за излез од државата на граничниот премин Табановце се пријавил автобус од српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје – Белград.

Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што се откриени прегради во делот на креветот за возачи, каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови во задниот дел од автобусот. Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена тапацирана плоча, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел криумчарење на стока.

Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот- предмет на прекршок е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.

 

The post Запленет автобус со специјално контруиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока appeared first on Република.

]]>

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги, на граничниот премин Табановце при извршена контрола открија автобус со специјално контруиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока. Имено, на ден 08.09.2023, за излез од државата на граничниот премин Табановце се пријавил автобус од српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје – Белград. Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што се откриени прегради во делот на креветот за возачи, каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови во задниот дел од автобусот. Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена тапацирана плоча, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел криумчарење на стока.

Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот- предмет на прекршок е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.

 

The post Запленет автобус со специјално контруиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока appeared first on Република.

]]>
Царината запленила автобус со специјално контруиран простор за криење на стока https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarinata-zaplenila-avtobus-so-spetsijalno-kontruiran-prostor-za-kriene-na-stoka/ Sun, 10 Sep 2023 09:39:41 +0000 https://republika.mk/?p=680501

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги, на граничниот премин Табановце при извршена контрола открија автобус со специјално контруиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока.

На осми септември, за излез од државата на граничниот премин Табановце се пријавил автобус од српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје – Белград.

Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што се откриени прегради во делот на креветот за возачи, каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови во задниот дел од автобусот. Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена тапацирана плоча, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел криумчарење на стока.

Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот- предмет на прекршок е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.

 

The post Царината запленила автобус со специјално контруиран простор за криење на стока appeared first on Република.

]]>

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги, на граничниот премин Табановце при извршена контрола открија автобус со специјално контруиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока. На осми септември, за излез од државата на граничниот премин Табановце се пријавил автобус од српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје – Белград. Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што се откриени прегради во делот на креветот за возачи, каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови во задниот дел од автобусот. Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена тапацирана плоча, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел криумчарење на стока. Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот- предмет на прекршок е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.  

The post Царината запленила автобус со специјално контруиран простор за криење на стока appeared first on Република.

]]>
Македонски автобус казнет во Хрватска – тројца возачи возеле со четири картици за да манипулираат со времето за одмор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-avtobus-kaznet-vo-hrvatska-trojtsa-vozachi-vozele-so-chetiri-kartitsi-za-da-manipuliraat-so-vremeto-za-odmor/ Sun, 03 Sep 2023 10:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=678340

Автобус кој се движел на релација Хамбург - Охрид бил запрен во Хрватска од страна на сообраќајна полиција која утврдила низа прекршоци. Според видеоприлогот на ХРТ кога полицијата влегува во автобусот, затекнува празно возило, без патници. Возачот Сулејман посочува дека е празен поради тоа што луѓето летово биле во Македонија, а сега се враќаат назад во Германија, каде работат.

Во торбицата на еден од возачите е пронајдена картица од шофер кој не е присутен во возилото.

-Три возачи, четири картици. Манипулираат со работното време. Додека возат пишуваат дека одмараат, возат на туѓа картичка, вели Маријан, полициски службеник во мобилната единица на сообраќајната полиција.

Пронајдени технички неисправности и манипулации со одморот на возачите, односно злоупотреба на работното време.

Утврдено е дека е истечен периодот на тахографскиот уред во автобусот пред месециполивина. За сите тројца возачи се утврдени манипулации со работното време, односно времето за одмор, бидејќи возачите пријавуваат кога се одмараат, а всушност во тој период не одмараат, туку се наоѓаат во автобусот - вели Ведран, полициски службеник.

Правното лице е казнето 6728 евра. Освен тоа биле одземени и исправите за поминување на границата за да се обезбеди нивно присуство во прекршочната постапка и наплатата на изречената казна.


ВИДЕО ПРИЛОГОТ ОД КОНТРОЛАТА НА АВТОБУСОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

The post Македонски автобус казнет во Хрватска – тројца возачи возеле со четири картици за да манипулираат со времето за одмор appeared first on Република.

]]>

Автобус кој се движел на релација Хамбург - Охрид бил запрен во Хрватска од страна на сообраќајна полиција која утврдила низа прекршоци. Според видеоприлогот на ХРТ кога полицијата влегува во автобусот, затекнува празно возило, без патници. Возачот Сулејман посочува дека е празен поради тоа што луѓето летово биле во Македонија, а сега се враќаат назад во Германија, каде работат. Во торбицата на еден од возачите е пронајдена картица од шофер кој не е присутен во возилото.
-Три возачи, четири картици. Манипулираат со работното време. Додека возат пишуваат дека одмараат, возат на туѓа картичка, вели Маријан, полициски службеник во мобилната единица на сообраќајната полиција.
Пронајдени технички неисправности и манипулации со одморот на возачите, односно злоупотреба на работното време.
Утврдено е дека е истечен периодот на тахографскиот уред во автобусот пред месециполивина. За сите тројца возачи се утврдени манипулации со работното време, односно времето за одмор, бидејќи возачите пријавуваат кога се одмараат, а всушност во тој период не одмараат, туку се наоѓаат во автобусот - вели Ведран, полициски службеник.
Правното лице е казнето 6728 евра. Освен тоа биле одземени и исправите за поминување на границата за да се обезбеди нивно присуство во прекршочната постапка и наплатата на изречената казна.
ВИДЕО ПРИЛОГОТ ОД КОНТРОЛАТА НА АВТОБУСОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

The post Македонски автобус казнет во Хрватска – тројца возачи возеле со четири картици за да манипулираат со времето за одмор appeared first on Република.

]]>
Се запали автобус на Стража, нема повредени патници, сообраќал на релација Скопје – Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-zapali-avtobus-na-strazha-nema-povredeni-patnitsi-soobrakal-na-relatsija-skopje-ohrid/ Fri, 01 Sep 2023 10:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=677872

Автобусот, којшто се запали утрово кај Стража, се движел на редовна линија Скопје - Охрид. Нема повредени патници, а во гаснењето интервенирале гостиварските пожарникари. Сообраќајот се одвива нормално.

-Денеска, во 11:25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје - Охрид. Операторот од 112 веднаш ги известил МВР - СВР Тетово и ТППЕ Гостивар. Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус. Нема ниту еден повреден патник, информираат од ЦУК.

Во тек е увид од екипа на МВР.

Претходно, од Мнистерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, се запалил автобус кој се движел кон Кичево, а случајот бил пријавен во 11:20 часот во СВР Тетово.

На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица. Нема повредени лица, наведоа од МВР. 

 

The post Се запали автобус на Стража, нема повредени патници, сообраќал на релација Скопје – Охрид appeared first on Република.

]]>

Автобусот, којшто се запали утрово кај Стража, се движел на редовна линија Скопје - Охрид. Нема повредени патници, а во гаснењето интервенирале гостиварските пожарникари. Сообраќајот се одвива нормално. -Денеска, во 11:25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје - Охрид. Операторот од 112 веднаш ги известил МВР - СВР Тетово и ТППЕ Гостивар. Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус. Нема ниту еден повреден патник, информираат од ЦУК. Во тек е увид од екипа на МВР. Претходно, од Мнистерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, се запалил автобус кој се движел кон Кичево, а случајот бил пријавен во 11:20 часот во СВР Тетово.
На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица. Нема повредени лица, наведоа од МВР. 
 

The post Се запали автобус на Стража, нема повредени патници, сообраќал на релација Скопје – Охрид appeared first on Република.

]]>
Во сообраќајна несреќа во Турција загинаа 12 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-soobrakajna-nesreka-vo-turtsija-zaginaa-12-luge/ Mon, 21 Aug 2023 10:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=674166

Најмалку 12 патници загинаа, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа во Турција откако автобусот падна во провалија.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа кога автобусот на пат од Сивас кон Истанбул од засега непознати причини преминал на спротивната лента и излетал од патот.

The post Во сообраќајна несреќа во Турција загинаа 12 луѓе appeared first on Република.

]]>

Најмалку 12 патници загинаа, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа во Турција откако автобусот падна во провалија. Сообраќајната несреќа се случила синоќа кога автобусот на пат од Сивас кон Истанбул од засега непознати причини преминал на спротивната лента и излетал од патот.

The post Во сообраќајна несреќа во Турција загинаа 12 луѓе appeared first on Република.

]]>
20 склека за бесплатно возење во автобус https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/20-skleka-za-besplatno-vozene-vo-avtobus/ Mon, 14 Aug 2023 08:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=671873

Во вториот најголем град во Романија, беше поставена првата паметна автобуска станица која нуди бесплатни билети. Единствениот услов е да направите 20 склекови.

извор Телевизија Стар

The post 20 склека за бесплатно возење во автобус appeared first on Република.

]]>

Во вториот најголем град во Романија, беше поставена првата паметна автобуска станица која нуди бесплатни билети. Единствениот услов е да направите 20 склекови. извор Телевизија Стар

The post 20 склека за бесплатно возење во автобус appeared first on Република.

]]>