автобус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtobus/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 11:19:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автобус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtobus/ 32 32 Македонски автобус се излизга на автопатот Ниш-Белград кај Појате, нема повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonski-avtobus-se-izlizga-na-avtopatot-nish-belgrad-kaj-pojate-nema-povredeni/ Sat, 23 Nov 2024 11:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=841063

Поради невремето што ја зафати Србија се случија повеќе сообраќајни несреќи. Меѓу нив и македонски автобус се излизга и удри во банкина на автопатот кај Појате, јави дописникот на МИА од Белград.

Состојбата на патниците не е позната, а причинета е поголема материјална штета, пишува порталот Телеграф, а Инстаграм страницата 192 рс. објави фотографија од несреќата со изјави од патниците дека на тој дел од автопатот Ниш-Белград, кај Појате се возело со 30 км на час.

Српското МВР не соопштува ништо за оваа сообраќајна несреќа.

Вчера се случи сообраќајна несреќа и на автопатот Ниш-Пирот кај тунелот Банчарево. Во судирот учествуваа камион и автомобил. Обилните врнежи од снег предизвикаа колапс и на автопатот Милош Велики. Состојбата на патиштата беше критична низ Србија поради снегот којшто не престануваше да врне.

The post Македонски автобус се излизга на автопатот Ниш-Белград кај Појате, нема повредени appeared first on Република.

]]>

Поради невремето што ја зафати Србија се случија повеќе сообраќајни несреќи. Меѓу нив и македонски автобус се излизга и удри во банкина на автопатот кај Појате, јави дописникот на МИА од Белград. Состојбата на патниците не е позната, а причинета е поголема материјална штета, пишува порталот Телеграф, а Инстаграм страницата 192 рс. објави фотографија од несреќата со изјави од патниците дека на тој дел од автопатот Ниш-Белград, кај Појате се возело со 30 км на час. Српското МВР не соопштува ништо за оваа сообраќајна несреќа. Вчера се случи сообраќајна несреќа и на автопатот Ниш-Пирот кај тунелот Банчарево. Во судирот учествуваа камион и автомобил. Обилните врнежи од снег предизвикаа колапс и на автопатот Милош Велики. Состојбата на патиштата беше критична низ Србија поради снегот којшто не престануваше да врне.

The post Македонски автобус се излизга на автопатот Ниш-Белград кај Појате, нема повредени appeared first on Република.

]]>
Автобус на ЈСП излета од патот Раштак – Булачани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/avtobus-na-jsp-izleta-od-patot-rashtak-bulachani/ Sat, 16 Nov 2024 17:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=838619

Автобус на ЈСП Скопје утрово излетал од патот Раштак – Булачани, но за среќа, нема повредени, бидејќи возилото било празно, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот профил на Фејсбук.

„Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје, истакнува Стефковски, барајќи целосна истрага за инцидентот и утврдување на причините за несреќата.

Градоначалникот упати апел до менаџментот на ЈСП и градоначалничката на Град Скопје во заминување, Данела Арсовска, да преземат итни мерки за подобрување на безбедноста во јавниот превоз. „Не сакам ниту да помислам што можеше да се случи доколку автобусот беше полн со патници!“ изрази загриженост Стефковски.

Тој исто така побара јавно да се објават причините за овој немил настан, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.

 

The post Автобус на ЈСП излета од патот Раштак – Булачани appeared first on Република.

]]>

Автобус на ЈСП Скопје утрово излетал од патот Раштак – Булачани, но за среќа, нема повредени, бидејќи возилото било празно, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот профил на Фејсбук.
„Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје, истакнува Стефковски, барајќи целосна истрага за инцидентот и утврдување на причините за несреќата.
Градоначалникот упати апел до менаџментот на ЈСП и градоначалничката на Град Скопје во заминување, Данела Арсовска, да преземат итни мерки за подобрување на безбедноста во јавниот превоз. „Не сакам ниту да помислам што можеше да се случи доколку автобусот беше полн со патници!“ изрази загриженост Стефковски. Тој исто така побара јавно да се објават причините за овој немил настан, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.  

The post Автобус на ЈСП излета од патот Раштак – Булачани appeared first on Република.

]]>
Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtobus-na-jsp-udril-vo-55-godishna-zhena-so-teshki-povredi-prenesena-vo-bolnitsa/ Tue, 22 Oct 2024 10:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=829717

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница appeared first on Република.

]]>

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница appeared first on Република.

]]>
Се појавил чад во автобус кој се враќал од Грција, патниците ги скршиле прозорците за да избегаат (ФОТО/ВИДЕО) https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-pojavil-chad-vo-avtobus-koj-se-vrakal-od-grtsija-patnitsite-gi-skrshile-prozortsite-za-da-izbegaat-foto-video/ Sat, 28 Sep 2024 20:14:52 +0000 https://republika.mk/?p=820640

Се појавил чад во автобус на компанијата Ројал травел, кој се враќал од Грција, објави ТВ21.

Настанот се случил во Велес, а несреќните патници ги скршиле прозорците за да излезат.

Како што дознава ТВ21, персоналот на автобусот повикал тие да излезат од автобусот, но во тој момент вратите не биле отворени, па патниците ги скршиле стаклата за да избегаат.

The post Се појавил чад во автобус кој се враќал од Грција, патниците ги скршиле прозорците за да избегаат (ФОТО/ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>

Се појавил чад во автобус на компанијата Ројал травел, кој се враќал од Грција, објави ТВ21. Настанот се случил во Велес, а несреќните патници ги скршиле прозорците за да излезат. Како што дознава ТВ21, персоналот на автобусот повикал тие да излезат од автобусот, но во тој момент вратите не биле отворени, па патниците ги скршиле стаклата за да избегаат.

The post Се појавил чад во автобус кој се враќал од Грција, патниците ги скршиле прозорците за да избегаат (ФОТО/ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>
Автобус на ЈСП не може да тргне, патниците нагрнаа на возачот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/avtobus-na-jsp-ne-mozhe-da-trgne-patnitsite-nagrnaa-na-vozachot/ Tue, 24 Sep 2024 10:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=819265

Продолжува сага со градскиот превоз во Скопје и состојбата на оние малку автобуси од ЈСП кои возат низ градот.

Во ново видео на социјалните мрежи, лути патници се расправаат со возач, кој им објаснува дека автобусот не е во ред и не може да го вози.

Во коментари корисниците на лутите патници им предлагаат оваа лутина да ја насочат каде што треба - пред канцеларијата на Данела Арсовска:

The post Автобус на ЈСП не може да тргне, патниците нагрнаа на возачот appeared first on Република.

]]>

Продолжува сага со градскиот превоз во Скопје и состојбата на оние малку автобуси од ЈСП кои возат низ градот. Во ново видео на социјалните мрежи, лути патници се расправаат со возач, кој им објаснува дека автобусот не е во ред и не може да го вози. Во коментари корисниците на лутите патници им предлагаат оваа лутина да ја насочат каде што треба - пред канцеларијата на Данела Арсовска:

The post Автобус на ЈСП не може да тргне, патниците нагрнаа на возачот appeared first on Република.

]]>
Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Турција, патниците во страв скокале низ прозорецот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/avtobus-so-srpski-turisti-dozhivea-nesreka-vo-turtsija-patnitsite-vo-strav-skokale-niz-prozoretsot/ Mon, 02 Sep 2024 13:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=812323

Најмалку едно лице е повредено во Турција кога автобус со српски туристи доживеа несреќа на автопат, објави српски „Телеграф“.

Како што изјавиле патниците што биле во возилото, несреќата се случила на пат од Аланија, каде што престојувале туристите, кон Анталија, од каде што летале за Србија.

Како што објавија српските медиуми, во несреќата е оштетена десната страна на автобусот и испукано е стаклото на возилото.

Информацијата за несреќата е потврдена и од туристичката агенција што го организирала летувањето во Турција.

Според медиумите, повредено е едно лице. На патничката ѝ била укажана лекарска помош на самото место.

Агенцијата не соопшти повеќе за идентитетот на повредениот патник.

Туристите наводно скокнале од автобусот низ прозорецот. Објаснуваат дека настанала паника и дека излегле од возилото во страв да не се запали.

Велат дека автобусот прво удрил во столбот, па во банкината.

„Не верувам дека беше пијан возачот, беше пет часот наутро“, вели патник, објави српски Телеграф.

Од агенцијата која го организирала патувањето истакнуваат дека сите патници биле вратени во Србија.

 

The post Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Турција, патниците во страв скокале низ прозорецот appeared first on Република.

]]>

Најмалку едно лице е повредено во Турција кога автобус со српски туристи доживеа несреќа на автопат, објави српски „Телеграф“. Како што изјавиле патниците што биле во возилото, несреќата се случила на пат од Аланија, каде што престојувале туристите, кон Анталија, од каде што летале за Србија. Како што објавија српските медиуми, во несреќата е оштетена десната страна на автобусот и испукано е стаклото на возилото. Информацијата за несреќата е потврдена и од туристичката агенција што го организирала летувањето во Турција. Според медиумите, повредено е едно лице. На патничката ѝ била укажана лекарска помош на самото место. Агенцијата не соопшти повеќе за идентитетот на повредениот патник. Туристите наводно скокнале од автобусот низ прозорецот. Објаснуваат дека настанала паника и дека излегле од возилото во страв да не се запали. Велат дека автобусот прво удрил во столбот, па во банкината. „Не верувам дека беше пијан возачот, беше пет часот наутро“, вели патник, објави српски Телеграф. Од агенцијата која го организирала патувањето истакнуваат дека сите патници биле вратени во Србија.  

The post Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Турција, патниците во страв скокале низ прозорецот appeared first on Република.

]]>
Автобус на ЈСП полн со патници остана без гума, едната пукнала, другата се тркалала по Партизанска https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/avtobus-na-jsp-poln-so-patnitsi-ostana-bez-guma-ednata-puknala-drugata-se-trkalala-po-partizanska/ Tue, 06 Aug 2024 16:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=803980

Една гума пукнала, другата од притисокот излетала на булеварот „Партизански одреди“, посочува директорот на ЈСП, Драги Кушовски за „Скопје1“.

Според директорот, кога возачот увидел што се случило, одма го запрел автобусот.

Директорот посочува дека во автобусот имало неколку патници, но не и повредени. Во МВР до пладнево, инцидентот не бил пријавен.

Од снимката се гледа како гумата стотина метри се движи долж булеварот, па завршува на тротоар.

The post Автобус на ЈСП полн со патници остана без гума, едната пукнала, другата се тркалала по Партизанска appeared first on Република.

]]>

Една гума пукнала, другата од притисокот излетала на булеварот „Партизански одреди“, посочува директорот на ЈСП, Драги Кушовски за „Скопје1“. Според директорот, кога возачот увидел што се случило, одма го запрел автобусот. Директорот посочува дека во автобусот имало неколку патници, но не и повредени. Во МВР до пладнево, инцидентот не бил пријавен. Од снимката се гледа како гумата стотина метри се движи долж булеварот, па завршува на тротоар.

The post Автобус на ЈСП полн со патници остана без гума, едната пукнала, другата се тркалала по Партизанска appeared first on Република.

]]>
Возачот на запалениот автобус заврши на Токсикологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-na-zapaleniot-avtobus-zavrshi-na-toksikologija/ Sun, 21 Jul 2024 15:02:47 +0000 https://republika.mk/?p=798947

Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Транспортен центар - Скопје настанал пожар во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП Скопје, соопшти МВР.

Во пожарот возачот А.С.(58) од Скопје вдишал чад, по што бил пренесен на Клиниката за токсикологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-pozharot-popladnevo-se-rasipa-ushte-eden-avtobus-na-jsp/

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

The post Возачот на запалениот автобус заврши на Токсикологија appeared first on Република.

]]>

Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Транспортен центар - Скопје настанал пожар во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП Скопје, соопшти МВР. Во пожарот возачот А.С.(58) од Скопје вдишал чад, по што бил пренесен на Клиниката за токсикологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-pozharot-popladnevo-se-rasipa-ushte-eden-avtobus-na-jsp/ Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

The post Возачот на запалениот автобус заврши на Токсикологија appeared first on Република.

]]>
По пожарот, попладнево се расипа уште еден автобус на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-pozharot-popladnevo-se-rasipa-ushte-eden-avtobus-na-jsp/ Sat, 20 Jul 2024 17:26:55 +0000 https://republika.mk/?p=798791

Откако денеска двокатен автобус се запали кај Транспортниот центар во Скопје, попладнево се сервисираше уште едно возило кое се расипа на сред пат. Станува збор за автобус од линијата 5, кој „испушти душа“ во Влае.

Претходно денеска директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски за МИА потврди дека автобус на ова јавно сообраќајно претпријатие се запалил под Железничката станица и појасни дека е направен увид, но се уште нема официјални податоци за причините. Тој рече дека биле на местото на настанот при што е констатирано дека автобусот бил паркиран и во него немало патници. Според него, најверојатно се работи за запалена инсталација.

Пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана противпожарна бригада, која спречила проширување на пожарот.

Инцидентите следат по излетувањето на автобус кај ТЦ „Мавровка“, до кое најверојатно дојде поради неиспавен волан.

https://republika.mk/vesti/skopje/solzite-na-vozachot-ja-otvorija-pandorinata-kutija-kolku-e-bezbeden-javniot-prevoz-vo-skopje/

 

The post По пожарот, попладнево се расипа уште еден автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Откако денеска двокатен автобус се запали кај Транспортниот центар во Скопје, попладнево се сервисираше уште едно возило кое се расипа на сред пат. Станува збор за автобус од линијата 5, кој „испушти душа“ во Влае. Претходно денеска директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски за МИА потврди дека автобус на ова јавно сообраќајно претпријатие се запалил под Железничката станица и појасни дека е направен увид, но се уште нема официјални податоци за причините. Тој рече дека биле на местото на настанот при што е констатирано дека автобусот бил паркиран и во него немало патници. Според него, најверојатно се работи за запалена инсталација. Пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана противпожарна бригада, која спречила проширување на пожарот. Инцидентите следат по излетувањето на автобус кај ТЦ „Мавровка“, до кое најверојатно дојде поради неиспавен волан. https://republika.mk/vesti/skopje/solzite-na-vozachot-ja-otvorija-pandorinata-kutija-kolku-e-bezbeden-javniot-prevoz-vo-skopje/  

The post По пожарот, попладнево се расипа уште еден автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Истиот автобус возеше за Водно, замислете таму да закочеше воланот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/istiot-avtobus-vozeshe-za-vodno-zamislete-tamu-da-zakocheshe-volanot/ Tue, 09 Jul 2024 11:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=794937

Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) денеска на прес-конференција пред Управната зграда на ЈСП, обвини дека автобусот кој вчера удри во жардињера во близина на ТЦ Мавровка бил технички неисправен. Возачот на автобусот исто така рече дека забележал оти автобусот не е исправен. За новиот директор на ЈСП Драги Кушовски, овие изјави се „паушални“ и смета дека треба да се почека официјалниот извештај на МВР.


Според тврдењата на претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, Синдикатот имал сознанија добиени од страна на вработени кои го управувале автобусот, дека во неколку наврати било алармирано дека автобусот е технички неисправен, но сепак, со потпис и печат бил пуштан да сообраќа како технички исправен. Ристески рече дека истиот автобус изминатиот период сообраќал на линија до Водно.

Мораме јавно да проговориме за она што се случи вчера, бидејќи е загрозена безбедноста на граѓаните кои го користат превозот на Јавното сообраќајно претпријатие. Имаме сознанија дека истиот овој автобус којшто вчера удри во жардињера на булеварот во близина на Мавровка, пред извесен период го користеле на линија до Водно. Замислете доколку такво нешто се случело тогаш, затоа што се работи за технички проблем на автобусот, додека шоферот максимално направил што можел, рече Ристески.

Според Ристески, виновник за вчерашната несреќа е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

 

Директен виновник е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Не може со нејзиното однесување и ароганција према вработените и синдикатите, не може постојано да се менуваат директори на Јавните претпријатија и само таа да е исправна, рече претседателот на Синдикатот.

На прес-конференцијата упадна новиот директор на ЈСП Драги Кушовски, кој тврдеше дека информациите изнесени од страна на КСОМ се „паушални и треба да се почека официјалниот извештај на МВР“.

Вие немате официјален извештај од МВР кои се причините за сообраќајката, дека воланот откажал. Да оставиме на службите да утврдат зошто е настаната ситуацијата. Возилото има технички преглед и е редовно сервисирано, рече Кушовски.

Ситуацијата ескалираше по упадот на Кушовски, по што изјава даде и возачот на автобусот кој кажа дека забележал дека автобусот не е исправен.

Јас го приметив автобусот дека не е исправен. Јас ќе пријавам дефект и утредента истиот автобус го земаме со потпис и печат дека е сервисирано и исправно е за линија. Со години сообраќам на линијата 2-ка, од Сарај до Автокоманда и обратно, ги знам најситните дупки. Таа линија ја возам и мене не може онакво нешто да ми се случи. Мене ми побеле коса од волан и сега јас целиот се ежам додека зборувам. Жал ми е за патниците, пред се, кои добија стрес и за мене исто така, рече возачот.

Во вчерашната сообраќајна несреќа беа повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош беа пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.

The post Истиот автобус возеше за Водно, замислете таму да закочеше воланот appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) денеска на прес-конференција пред Управната зграда на ЈСП, обвини дека автобусот кој вчера удри во жардињера во близина на ТЦ Мавровка бил технички неисправен. Возачот на автобусот исто така рече дека забележал оти автобусот не е исправен. За новиот директор на ЈСП Драги Кушовски, овие изјави се „паушални“ и смета дека треба да се почека официјалниот извештај на МВР. Според тврдењата на претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, Синдикатот имал сознанија добиени од страна на вработени кои го управувале автобусот, дека во неколку наврати било алармирано дека автобусот е технички неисправен, но сепак, со потпис и печат бил пуштан да сообраќа како технички исправен. Ристески рече дека истиот автобус изминатиот период сообраќал на линија до Водно.
Мораме јавно да проговориме за она што се случи вчера, бидејќи е загрозена безбедноста на граѓаните кои го користат превозот на Јавното сообраќајно претпријатие. Имаме сознанија дека истиот овој автобус којшто вчера удри во жардињера на булеварот во близина на Мавровка, пред извесен период го користеле на линија до Водно. Замислете доколку такво нешто се случело тогаш, затоа што се работи за технички проблем на автобусот, додека шоферот максимално направил што можел, рече Ристески.
Според Ристески, виновник за вчерашната несреќа е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.  
Директен виновник е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Не може со нејзиното однесување и ароганција према вработените и синдикатите, не може постојано да се менуваат директори на Јавните претпријатија и само таа да е исправна, рече претседателот на Синдикатот.
На прес-конференцијата упадна новиот директор на ЈСП Драги Кушовски, кој тврдеше дека информациите изнесени од страна на КСОМ се „паушални и треба да се почека официјалниот извештај на МВР“.
Вие немате официјален извештај од МВР кои се причините за сообраќајката, дека воланот откажал. Да оставиме на службите да утврдат зошто е настаната ситуацијата. Возилото има технички преглед и е редовно сервисирано, рече Кушовски.
Ситуацијата ескалираше по упадот на Кушовски, по што изјава даде и возачот на автобусот кој кажа дека забележал дека автобусот не е исправен.
Јас го приметив автобусот дека не е исправен. Јас ќе пријавам дефект и утредента истиот автобус го земаме со потпис и печат дека е сервисирано и исправно е за линија. Со години сообраќам на линијата 2-ка, од Сарај до Автокоманда и обратно, ги знам најситните дупки. Таа линија ја возам и мене не може онакво нешто да ми се случи. Мене ми побеле коса од волан и сега јас целиот се ежам додека зборувам. Жал ми е за патниците, пред се, кои добија стрес и за мене исто така, рече возачот.
Во вчерашната сообраќајна несреќа беа повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош беа пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.

The post Истиот автобус возеше за Водно, замислете таму да закочеше воланот appeared first on Република.

]]>
МВР со детали за автобусот на ЈСП кој излета од булеварот и се качи на жардиниера кај „Мавровка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-detali-za-avtobusot-na-jsp-koj-izleta-od-bulevarot-i-se-kachi-na-zhardiniera-kaj-mavrovka/ Mon, 08 Jul 2024 16:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=794670

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ излетал од патот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, повредени се патник и возачот.

Автобус на ЈСП, движејќи се по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, излетал од коловозот во близина на клучката со улицата „Филип Втори Македонски“.

Инцидентот се случил во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Според информациите, еден патник и возачот, кој управувал со двокатниот автобус на ЈСП, се пренесени во болница за укажување на помош.

Полициски службеници на СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот.

 

The post МВР со детали за автобусот на ЈСП кој излета од булеварот и се качи на жардиниера кај „Мавровка“ appeared first on Република.

]]>

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ излетал од патот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, повредени се патник и возачот. Автобус на ЈСП, движејќи се по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, излетал од коловозот во близина на клучката со улицата „Филип Втори Македонски“. Инцидентот се случил во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Според информациите, еден патник и возачот, кој управувал со двокатниот автобус на ЈСП, се пренесени во болница за укажување на помош. Полициски службеници на СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот.  

The post МВР со детали за автобусот на ЈСП кој излета од булеварот и се качи на жардиниера кај „Мавровка“ appeared first on Република.

]]>
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-zheni-povredeni-vo-soobrakajka-kaj-mavrovka/ Mon, 08 Jul 2024 13:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=794622

Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус излета од коловозот.

Од Итната медицинска помош за МИА потврдија дека се повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош се пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.

На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна.

The post Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка” appeared first on Република.

]]>

Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус излета од коловозот. Од Итната медицинска помош за МИА потврдија дека се повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош се пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“. На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна.

The post Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка” appeared first on Република.

]]>
Автобус на ЈСП заврши во жардиниерите кај „Мавровка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtobus-na-jsp-zavrshi-vo-zhardinierite-kaj-mavrovka/ Mon, 08 Jul 2024 12:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=794602

Автобус на ЈСП удри и се качи во средишната жардиниера на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на ТЦ „Мавровка“ во Скопје.

Засега не е познато како дошло до несреќата и дали во моментот на ударот имало патници во возилото.

Полицијата е на лице место, а се очекуваат повеќе детали по увидот.

The post Автобус на ЈСП заврши во жардиниерите кај „Мавровка“ appeared first on Република.

]]>

Автобус на ЈСП удри и се качи во средишната жардиниера на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на ТЦ „Мавровка“ во Скопје. Засега не е познато како дошло до несреќата и дали во моментот на ударот имало патници во возилото. Полицијата е на лице место, а се очекуваат повеќе детали по увидот.

The post Автобус на ЈСП заврши во жардиниерите кај „Мавровка“ appeared first on Република.

]]>
Ограбена скопјанка во автобус на подрачјето на Бит пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ograbena-skopjanka-vo-avtobus-na-podrachjeto-na-bit-pazar/ Mon, 24 Jun 2024 15:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=790383

С.З.(35) од Скопје вчера во 11:50 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 10:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, во автобус, едно лице со употреба на физичка сила и го одзело златниот синџир што го носела на себе.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

 

The post Ограбена скопјанка во автобус на подрачјето на Бит пазар appeared first on Република.

]]>

С.З.(35) од Скопје вчера во 11:50 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 10:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, во автобус, едно лице со употреба на физичка сила и го одзело златниот синџир што го носела на себе. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.  

The post Ограбена скопјанка во автобус на подрачјето на Бит пазар appeared first on Република.

]]>
Автобусот тарабата ја срамнил со земја, па завршил во канал на метар од куќа: Први снимки од несреќата во Лазаревац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avtobusot-tarabata-ja-sramnil-so-zemja-pa-zavrshil-vo-kanal-na-metar-od-kuka-prvi-snimki-od-nesrekata-vo-lazarevats/ Tue, 11 Jun 2024 08:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=786467

На територијата на општина Лазаревац, околу 6 часот и 30 минути утринава, на патот Аранѓеловац се случи сообраќајна несреќа кога автобус со кој управувал „Ласта“ излетал од патот. Во незгодата шест лица биле прегледани и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Угрентен центар.

Според информациите на Танјуг, бројот на повредени е осум, од кои шест лица се тешко повредени и пренесени во Ургентниот центар во Белград, а две лица се здобиле со полесни повреди.

На делницата каде што се случила несреќата нема застој во сообраќајот.

The post Автобусот тарабата ја срамнил со земја, па завршил во канал на метар од куќа: Први снимки од несреќата во Лазаревац appeared first on Република.

]]>

На територијата на општина Лазаревац, околу 6 часот и 30 минути утринава, на патот Аранѓеловац се случи сообраќајна несреќа кога автобус со кој управувал „Ласта“ излетал од патот. Во незгодата шест лица биле прегледани и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Угрентен центар. Според информациите на Танјуг, бројот на повредени е осум, од кои шест лица се тешко повредени и пренесени во Ургентниот центар во Белград, а две лица се здобиле со полесни повреди. На делницата каде што се случила несреќата нема застој во сообраќајот.

The post Автобусот тарабата ја срамнил со земја, па завршил во канал на метар од куќа: Први снимки од несреќата во Лазаревац appeared first on Република.

]]>
Изгаснат пожарот во автобусот кој носеше деца на екскурзија кај Врњачка Бања https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izgasnat-pozharot-vo-avtobusot-koj-noseshe-detsa-na-ekskurzija-kaj-vrnachka-bana/ Wed, 05 Jun 2024 15:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=785043

Изгаснат е пожарот што зафати автобус што превезувал деца на екскурзија и што се запали на 12 километри од Врњачка Бања. Во инцидентот нема повредени, јавија српските медиуми. Во автобусот имало вкупно 76 патници.

Станува збор за деца од ОУ „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац.

Пожарот избувнал во моторниот простор на автобусот.

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека е изгаснат пожарот во автобусот кај Врњачка Бања, кој превезувал ученици од Младеновац на екскурзија.

-Изгаснат пожарот на двокатен автобус, сопственост на фирмата „Лека превоз“ од Звечка кај Обреновац, што се случи во местото Станишиќи, кај Врњачка Бања. Автобусот превезувал ученици од шесто одделение на основното училиште „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац, кој вчера отишол на дводневна екскурзија.

Во моментот на пожарот во автобусот имало 76 патници и сите безбедно го напуштиле автобусот. Истрагата е во тек по наредба на обвинител.

The post Изгаснат пожарот во автобусот кој носеше деца на екскурзија кај Врњачка Бања appeared first on Република.

]]>

Изгаснат е пожарот што зафати автобус што превезувал деца на екскурзија и што се запали на 12 километри од Врњачка Бања. Во инцидентот нема повредени, јавија српските медиуми. Во автобусот имало вкупно 76 патници. Станува збор за деца од ОУ „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац. Пожарот избувнал во моторниот простор на автобусот. Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека е изгаснат пожарот во автобусот кај Врњачка Бања, кој превезувал ученици од Младеновац на екскурзија.
-Изгаснат пожарот на двокатен автобус, сопственост на фирмата „Лека превоз“ од Звечка кај Обреновац, што се случи во местото Станишиќи, кај Врњачка Бања. Автобусот превезувал ученици од шесто одделение на основното училиште „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац, кој вчера отишол на дводневна екскурзија.
Во моментот на пожарот во автобусот имало 76 патници и сите безбедно го напуштиле автобусот. Истрагата е во тек по наредба на обвинител.

The post Изгаснат пожарот во автобусот кој носеше деца на екскурзија кај Врњачка Бања appeared first on Република.

]]>
Во Србија се запали автобус со деца на екскурзија, нема повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-se-zapali-avtobus-so-detsa-na-ekskurzija-nema-povredeni/ Wed, 05 Jun 2024 14:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=785028

Во градот Станишинци, на 12 километри пред Врњачка Бања, се запалил автобус кој превезувал деца на екскурзија, јави порталот Н1.

Во автобусот имало 76 ученици и нема повредени.

Пожарот избувнал во моторниот простор на автобусот. Инцидентот бил пријавен околу 14 часот и 10 минути, на местото на настанот пристигнала полиција и пожарникари.

Станува збор за деца од ОУ „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац.

The post Во Србија се запали автобус со деца на екскурзија, нема повредени appeared first on Република.

]]>

Во градот Станишинци, на 12 километри пред Врњачка Бања, се запалил автобус кој превезувал деца на екскурзија, јави порталот Н1. Во автобусот имало 76 ученици и нема повредени. Пожарот избувнал во моторниот простор на автобусот. Инцидентот бил пријавен околу 14 часот и 10 минути, на местото на настанот пристигнала полиција и пожарникари. Станува збор за деца од ОУ „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац.

The post Во Србија се запали автобус со деца на екскурзија, нема повредени appeared first on Република.

]]>
Лошо време за патлиџан туристите: На летување со автобус смее само еден куфер, другиот ќе се плаќа 30 евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/losho-vreme-za-patlidhan-turisti-na-letuvane-so-avtobus-smee-samo-eden-kufer-drugiot-ke-se-plaka-30-evra/ Thu, 30 May 2024 23:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=783380

Патниците од Србија кои планираат одмор со автобус повеќе нема да можат да носат неколку куфери и торби. Според новите правила, тие се ограничени на еден куфер до 23 килограми и еден рачен багаж. Многу Срби се навикнати да носат храна во еден куфер, гардероба во друг и дополнителен замрзнувач, столчиња за плажа, чадори...

Доколку превозникот може да смести дополнителен багаж, патникот ќе треба да плати 30 евра по куфер.

Туристичките агенции велат дека ова се прави поради безбедноста на туристите и прекумерната тежина во автобусите.

 

The post Лошо време за патлиџан туристите: На летување со автобус смее само еден куфер, другиот ќе се плаќа 30 евра appeared first on Република.

]]>

Патниците од Србија кои планираат одмор со автобус повеќе нема да можат да носат неколку куфери и торби. Според новите правила, тие се ограничени на еден куфер до 23 килограми и еден рачен багаж. Многу Срби се навикнати да носат храна во еден куфер, гардероба во друг и дополнителен замрзнувач, столчиња за плажа, чадори... Доколку превозникот може да смести дополнителен багаж, патникот ќе треба да плати 30 евра по куфер. Туристичките агенции велат дека ова се прави поради безбедноста на туристите и прекумерната тежина во автобусите.  

The post Лошо време за патлиџан туристите: На летување со автобус смее само еден куфер, другиот ќе се плаќа 30 евра appeared first on Република.

]]>
МВР: Приведени се лицата кои го нападнаа автобусот на Чкембари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-privedeni-se-litsata-koi-go-napadnaa-avtobusot-na-chkembari/ Sun, 19 May 2024 16:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=779881

По вчерашниот меч меѓу МЗТ Скопје и Пелистер, навивачите на гостите при напуштање на градот имаа непријатен настан, нивниот автобус беше каменуван. Од Пелистер го пријавија инцидентот во полиција, а од таму сега има известување дека четворица напаѓачи се приведени.

„На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.

 

The post МВР: Приведени се лицата кои го нападнаа автобусот на Чкембари appeared first on Република.

]]>

По вчерашниот меч меѓу МЗТ Скопје и Пелистер, навивачите на гостите при напуштање на градот имаа непријатен настан, нивниот автобус беше каменуван. Од Пелистер го пријавија инцидентот во полиција, а од таму сега има известување дека четворица напаѓачи се приведени. „На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.  

The post МВР: Приведени се лицата кои го нападнаа автобусот на Чкембари appeared first on Република.

]]>
Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петерсбург, најмалку 7 мртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avtobus-poln-so-luge-padna-vo-reka-vo-sankt-petersburg-najmalku-7-mrtvi/ Fri, 10 May 2024 13:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=776834

Автобус со 20 патници падна во река во Санкт Петербург, при што загинаа најмалку седум лица, јавуваат руските медиуми.

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува автобус како се движи надвор од контрола на патот. Лудо се движи, а потоа удира во автомобил што доаѓа од спротивен правец, пред да ја сруши оградата и да падне во реката Моика.

Шест лица наводно се хоспитализирани, а бројот на загинати во моментов изнесува седум, иако не сите руски медиуми ги објавија истите податоци.

Возачот наводно бил уапсен и одведен во полиција на сослушување, а властите велат дека сѐ уште се обидуваат да утврдат што се случило.

 

The post Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петерсбург, најмалку 7 мртви appeared first on Република.

]]>

Автобус со 20 патници падна во река во Санкт Петербург, при што загинаа најмалку седум лица, јавуваат руските медиуми. Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува автобус како се движи надвор од контрола на патот. Лудо се движи, а потоа удира во автомобил што доаѓа од спротивен правец, пред да ја сруши оградата и да падне во реката Моика. Шест лица наводно се хоспитализирани, а бројот на загинати во моментов изнесува седум, иако не сите руски медиуми ги објавија истите податоци. Возачот наводно бил уапсен и одведен во полиција на сослушување, а властите велат дека сѐ уште се обидуваат да утврдат што се случило.  

The post Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петерсбург, најмалку 7 мртви appeared first on Република.

]]>