австриска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avstriska-vecher/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 10:09:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png австриска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avstriska-vecher/ 32 32 Австриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт што долго ќе се памети https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/avstriskata-vecher-na-ohridsko-leto-donese-kontsert-shto-dolgo-ke-se-pameti/ Fri, 19 Jul 2024 10:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=798383

На програмата на „Охридско лето “ во рамките на австриската вечер вчеравечер се одржа концерт на виенскиот квартет „Арпеџо“ а беше отворена и изложбата под наслов „Калиопе- Жените во општеството, културата и науката“.

Во црквата „Света Софија“ љубителите на уметноста имаа прилика да уживаат во прекрасниот концерт на извонредните уметници.

Отворајќи ја вечерта, амбасадорот на Австрија во земјава, Мартин Памер, поистоветувајќи го Охрид со Салцбург рече дека е голема честа да се биде дел од еден ваков фестивал како што е „Охридско лето“.

Голема е честа да се држи говор на ваков фестивал во прекрасниов Охрид кој е како Салцбург во Австрија. Охрид е вашиот Салцбург. Ние како амбасада ретко имаме можност да се вклучиме во културните програми, но сега честа е огромна. Би сакал да им се заблагодарам на уметниците кои вечерва ќе се претстават. Сите тие се во Виена, но се интернационални уметници кои доаѓааат од различни места ширум целиот свет. Би сакал да се заблагодарам на организаторите кои најпрвин организираа изложба за жените во Австрија, после која следува овој концерт, рече амбасадорот Памер.

Според директорката на фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, вечерите коишто се одржуваат со поддршка на амбасадите во земјава ја збогатуваат програмата со врвни уметници но и даваат можност нашите извонредни уметници да настапат надвор од државата.

Соработката со амбасадите во земјава е многу важна не само за „Охридско лето“, туку и за културата воопшто бидејќи преку нив ја потврдуваме соработката со најдобрите уметници, нашите и оние што доаѓаат од надвор. Уметниците од земјите со чии амбасади имаме соработка, се претставуваат кај нас, а нашите имаат настапи во странските земји. Фестивалот „Охридско лето“ како најголема музичко-сценска манифестација во Европа и пошироко, е одлична можност за размена на уметниците и промоција на културата, рече Поповиќ.

Концертот на извонредните уметници од квартетот „Арпеџо“ кои настапија заедно со харфистката Тина Жердин го проследи и претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
Претходно во малиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше поставена изложбата под наслов „Калиопе- Жените во општеството, културата и науката“. Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг ја промовираат работата и достигнувањата на жените од Австрија на секаде во светот. Оваа изложба беше потсетник на тоа колку жените напредувале, но и истовремено претставува и осврт на она што се’ уште треба да се направи за да се обезбеди еднаквост.

 

 

The post Австриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт што долго ќе се памети appeared first on Република.

]]>

На програмата на „Охридско лето “ во рамките на австриската вечер вчеравечер се одржа концерт на виенскиот квартет „Арпеџо“ а беше отворена и изложбата под наслов „Калиопе- Жените во општеството, културата и науката“. Во црквата „Света Софија“ љубителите на уметноста имаа прилика да уживаат во прекрасниот концерт на извонредните уметници. Отворајќи ја вечерта, амбасадорот на Австрија во земјава, Мартин Памер, поистоветувајќи го Охрид со Салцбург рече дека е голема честа да се биде дел од еден ваков фестивал како што е „Охридско лето“.
Голема е честа да се држи говор на ваков фестивал во прекрасниов Охрид кој е како Салцбург во Австрија. Охрид е вашиот Салцбург. Ние како амбасада ретко имаме можност да се вклучиме во културните програми, но сега честа е огромна. Би сакал да им се заблагодарам на уметниците кои вечерва ќе се претстават. Сите тие се во Виена, но се интернационални уметници кои доаѓааат од различни места ширум целиот свет. Би сакал да се заблагодарам на организаторите кои најпрвин организираа изложба за жените во Австрија, после која следува овој концерт, рече амбасадорот Памер.
Според директорката на фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, вечерите коишто се одржуваат со поддршка на амбасадите во земјава ја збогатуваат програмата со врвни уметници но и даваат можност нашите извонредни уметници да настапат надвор од државата.
Соработката со амбасадите во земјава е многу важна не само за „Охридско лето“, туку и за културата воопшто бидејќи преку нив ја потврдуваме соработката со најдобрите уметници, нашите и оние што доаѓаат од надвор. Уметниците од земјите со чии амбасади имаме соработка, се претставуваат кај нас, а нашите имаат настапи во странските земји. Фестивалот „Охридско лето“ како најголема музичко-сценска манифестација во Европа и пошироко, е одлична можност за размена на уметниците и промоција на културата, рече Поповиќ.
Концертот на извонредните уметници од квартетот „Арпеџо“ кои настапија заедно со харфистката Тина Жердин го проследи и претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. Претходно во малиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше поставена изложбата под наслов „Калиопе- Жените во општеството, културата и науката“. Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг ја промовираат работата и достигнувањата на жените од Австрија на секаде во светот. Оваа изложба беше потсетник на тоа колку жените напредувале, но и истовремено претставува и осврт на она што се’ уште треба да се направи за да се обезбеди еднаквост.    

The post Австриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт што долго ќе се памети appeared first on Република.

]]>
Австриска вечер на „Охридско лето“: Изложба посветена на жените од Австрија и Македонија и концерт на Квартетот „Арпеџо“ од Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/avstriska-vecher-na-ohridsko-leto-izlozhba-posvetena-na-zhenite-od-avstrija-i-makedonija-i-kontsert-na-kvartetot-arpedho-od-viena/ Thu, 18 Jul 2024 07:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=797926

Австриската вечер во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ носи две содржини и тоа уметничка изложба посветена на жените од Австрија и Македонија, како и целовечерен концерт на Квартетот „Арпеџо“ од Виена.

Квартетот „Арпеџо“ го сочинуваат Леонард Фурда и Јохана Лакроа на виолина, Ентони Гилберт на виола, како и Мара Ахлајтнер на виолончело. Вчерва со нив ќе настапи и харфистката Тина Жердин.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

Претходно од 19:30 часот, на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Калиопе“ – Жените во општеството, културата и науката на Австрија и на Македонија.

Жените од Австрија често биле заборавани, занемарувани или маргинализирани во официјалната историја на својата земја. Оваа околност го зголемува значењето на изложбата, која е израз на заложбата да се прикажат последниве 200 години во светлина на биографиите за значајни Австријки, жени што со талентот, силата на волјата, храброста и борбеноста ѝ дале печат на својата земја и ја збогатиле. Со целосна свест за празнините, кои се делумно скандалозни, овде егземпларно ќе им се оддаде почит на нивниот живот и на нивните дела, кои сочинуваат најмалку половина од духовниот идентитет на Австрија. На изложбата хронолошки ќе се рекапитулираат животните приказни на аристократки, уметнички, домаќинки на салони, научнички, активистки за женските права, политичарки, актерки, музичарки, режисерки и други жени. Временскиот опсег се протега од почетокот на XIX век до денес. Црвената нишка е еманципацијата на жената, со сите свои победи и порази.

Низ историјата, жените се занимавале со уметничко творештво низ различни култури, иако нивните дела често биле непризнаени или заборавени. Тие во светот на историјата на уметноста, се претставени само во улогата на пасивни музи, нивната креативност и умешност засенети од машките колеги. Сепак, ова пасивно присуство на жените како објекти во уметничките дела на мажите ќе се промени кога храбрите жени ќе одлучат да станат активни уметнички учеснички. Со нивното присуство во уметничката сцена и преку нивните дела, за прв пат се претставува светот гледан од „женска“ перспектива и се пренесуваат нивните лични искуства на платно. Оваа промена на парадигмата е видлива и во периодот на првите македонски академски уметници, каде жените пионерки имаа значајна улога во формирањето на траекторијата на современата македонска ликовна уметност. Катја Ефтимова, Кераца Николова, Лена Стефанова и Борка Аврамова стојат како примери на ова трансформативно движење. Со преминувањето на постoечките граници во свет доминиран од мажи, тие се етаблираат како пионери на современата македонска уметничка сцена.

Група жени визионерки ги користеа своите четки за сликање како инструменти за промена, надминувајќи ги општествените бариери и создавајќи простор за себе во уметничкиот свет доминиран од мажи. Нивното пионерско присуство не само што го трансформираше уметничкиот пејзаж, туку служеше и како покана за други жени уметнички да се приклучат на движењето, засилувајќи го уметничкиот диверзитет во македонската современа уметност.

The post Австриска вечер на „Охридско лето“: Изложба посветена на жените од Австрија и Македонија и концерт на Квартетот „Арпеџо“ од Виена appeared first on Република.

]]>

Австриската вечер во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ носи две содржини и тоа уметничка изложба посветена на жените од Австрија и Македонија, како и целовечерен концерт на Квартетот „Арпеџо“ од Виена. Квартетот „Арпеџо“ го сочинуваат Леонард Фурда и Јохана Лакроа на виолина, Ентони Гилберт на виола, како и Мара Ахлајтнер на виолончело. Вчерва со нив ќе настапи и харфистката Тина Жердин. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот. Претходно од 19:30 часот, на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Калиопе“ – Жените во општеството, културата и науката на Австрија и на Македонија. Жените од Австрија често биле заборавани, занемарувани или маргинализирани во официјалната историја на својата земја. Оваа околност го зголемува значењето на изложбата, која е израз на заложбата да се прикажат последниве 200 години во светлина на биографиите за значајни Австријки, жени што со талентот, силата на волјата, храброста и борбеноста ѝ дале печат на својата земја и ја збогатиле. Со целосна свест за празнините, кои се делумно скандалозни, овде егземпларно ќе им се оддаде почит на нивниот живот и на нивните дела, кои сочинуваат најмалку половина од духовниот идентитет на Австрија. На изложбата хронолошки ќе се рекапитулираат животните приказни на аристократки, уметнички, домаќинки на салони, научнички, активистки за женските права, политичарки, актерки, музичарки, режисерки и други жени. Временскиот опсег се протега од почетокот на XIX век до денес. Црвената нишка е еманципацијата на жената, со сите свои победи и порази. Низ историјата, жените се занимавале со уметничко творештво низ различни култури, иако нивните дела често биле непризнаени или заборавени. Тие во светот на историјата на уметноста, се претставени само во улогата на пасивни музи, нивната креативност и умешност засенети од машките колеги. Сепак, ова пасивно присуство на жените како објекти во уметничките дела на мажите ќе се промени кога храбрите жени ќе одлучат да станат активни уметнички учеснички. Со нивното присуство во уметничката сцена и преку нивните дела, за прв пат се претставува светот гледан од „женска“ перспектива и се пренесуваат нивните лични искуства на платно. Оваа промена на парадигмата е видлива и во периодот на првите македонски академски уметници, каде жените пионерки имаа значајна улога во формирањето на траекторијата на современата македонска ликовна уметност. Катја Ефтимова, Кераца Николова, Лена Стефанова и Борка Аврамова стојат како примери на ова трансформативно движење. Со преминувањето на постoечките граници во свет доминиран од мажи, тие се етаблираат како пионери на современата македонска уметничка сцена. Група жени визионерки ги користеа своите четки за сликање како инструменти за промена, надминувајќи ги општествените бариери и создавајќи простор за себе во уметничкиот свет доминиран од мажи. Нивното пионерско присуство не само што го трансформираше уметничкиот пејзаж, туку служеше и како покана за други жени уметнички да се приклучат на движењето, засилувајќи го уметничкиот диверзитет во македонската современа уметност.

The post Австриска вечер на „Охридско лето“: Изложба посветена на жените од Австрија и Македонија и концерт на Квартетот „Арпеџо“ од Виена appeared first on Република.

]]>