Австралијан опен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avstralijan-open/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jan 2022 18:59:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Австралијан опен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avstralijan-open/ 32 32 Депортираната Ворачова ќе бара компензација од Австралија опен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/deportiranata-vorachova-kje-bara-kompenzacija-od-avstralija-open/ Tue, 11 Jan 2022 18:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=443340

Чешката тенисерка Рената Ворачова потврди дека ќе побара компензација од организаторите на Австралија опен по апсењето во Мелбурн поради истиот „престап“ како Новак Ѓоковиќ минатата недела и беше депортирана од Австралија.

За разлика од Ѓоковиќ, на Ворачова ѝ беше дозволен влез во Австралија со „медицински исклучок“ по неодамнешен позитивен тест, но откако играше на еден подготвителен турнир, таа беше уапсена и пратена во истиот центар за имигранти како и Ѓоковиќ. Таа реши да не се жали и во саботата беше депортирана од Австралија.

„Компензацијата нема да биде мала. Авиобилетот чинеше 60.000 чешки круни (2.460 евра), а мојот тренер патуваше со мене. Тука беа и потрошеното време, хотелите, тренинзите за гренд слемот, потенцијалната награда. Се надевам дека Тенис Австралија ќе биде фер и нема да треба да одиме на суд“, изјави 38-годишната Ворачова, која е рангирана на 82. место во двојки за чешкиот весник „Деник“.

Таа пристигна во Прага во понеделникот и вели дека ѝ се смачил тенисот.

„Воопшто не размислувам за тенис. Уште сум во шок, не сум размислила добро. Преуморна сум за тенис. Не очекував вакво нешто ни во најцрните соништа. Не се чувствував безбедно додека не се вратив. Како да гледав филм – долго испитување со инструкции како ‘облечи се, соблечи се’. Не сакам ниту да помислам на тоа повторно, а не да го проживеам“, додава Ворачова.

The post Депортираната Ворачова ќе бара компензација од Австралија опен appeared first on Република.

]]>

Чешката тенисерка Рената Ворачова потврди дека ќе побара компензација од организаторите на Австралија опен по апсењето во Мелбурн поради истиот „престап“ како Новак Ѓоковиќ минатата недела и беше депортирана од Австралија. За разлика од Ѓоковиќ, на Ворачова ѝ беше дозволен влез во Австралија со „медицински исклучок“ по неодамнешен позитивен тест, но откако играше на еден подготвителен турнир, таа беше уапсена и пратена во истиот центар за имигранти како и Ѓоковиќ. Таа реши да не се жали и во саботата беше депортирана од Австралија.
„Компензацијата нема да биде мала. Авиобилетот чинеше 60.000 чешки круни (2.460 евра), а мојот тренер патуваше со мене. Тука беа и потрошеното време, хотелите, тренинзите за гренд слемот, потенцијалната награда. Се надевам дека Тенис Австралија ќе биде фер и нема да треба да одиме на суд“, изјави 38-годишната Ворачова, која е рангирана на 82. место во двојки за чешкиот весник „Деник“.
Таа пристигна во Прага во понеделникот и вели дека ѝ се смачил тенисот.
„Воопшто не размислувам за тенис. Уште сум во шок, не сум размислила добро. Преуморна сум за тенис. Не очекував вакво нешто ни во најцрните соништа. Не се чувствував безбедно додека не се вратив. Како да гледав филм – долго испитување со инструкции како ‘облечи се, соблечи се’. Не сакам ниту да помислам на тоа повторно, а не да го проживеам“, додава Ворачова.

The post Депортираната Ворачова ќе бара компензација од Австралија опен appeared first on Република.

]]>
Ќе бидам позитивен, ќе видиш: Додека сите се занимаваат со Ноле, контраверзниот Австралијанец играл заразен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kje-bidam-pozitiven-kje-vidish-dodeka-site-se-zanimavaat-so-nole-kontraverzniot-avstralijanec-igral-zarazen/ Tue, 11 Jan 2022 10:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=443045

И покрај многуте информации за Новак Ѓоковиќ, кои се појавуваат практично преку целиот ден, во Мелбурн друга личност успеа да дојде во центар на вниманието.

Во прашање е Бердард Томиќ, контраверзен и проблематичен тенисер од Австралија.

Овојпат дваесет и деветгодишникот во сред меч за квалификациите за Австралијан опен порача дека е убеден дека е заразен со корона вирус.

Томиќ изгуби од Роман Сафиулин со резултат 6:1, 6:4,  а после мечот се појави снимка од разговорот на судијата и тенисерот кој очигледно не се чувствувал добро.

Сигурно во следните два дена ќе бидам позитивен на тестирање за корона. Ви велам. Ќе ви платам вечера, ако не бидам позитивен, а ако бидам, вие мене - рекол Томиќ и продолжил со критики за организаторите.

Не можам да верувам дека никого не тестираат. Играчите на терен доаѓаат после брзи тестови во собите. Нема ПЦР тестирање- рекол Томиќ.

The post Ќе бидам позитивен, ќе видиш: Додека сите се занимаваат со Ноле, контраверзниот Австралијанец играл заразен appeared first on Република.

]]>

И покрај многуте информации за Новак Ѓоковиќ, кои се појавуваат практично преку целиот ден, во Мелбурн друга личност успеа да дојде во центар на вниманието. Во прашање е Бердард Томиќ, контраверзен и проблематичен тенисер од Австралија. Овојпат дваесет и деветгодишникот во сред меч за квалификациите за Австралијан опен порача дека е убеден дека е заразен со корона вирус. Томиќ изгуби од Роман Сафиулин со резултат 6:1, 6:4,  а после мечот се појави снимка од разговорот на судијата и тенисерот кој очигледно не се чувствувал добро. Сигурно во следните два дена ќе бидам позитивен на тестирање за корона. Ви велам. Ќе ви платам вечера, ако не бидам позитивен, а ако бидам, вие мене - рекол Томиќ и продолжил со критики за организаторите. Не можам да верувам дека никого не тестираат. Играчите на терен доаѓаат после брзи тестови во собите. Нема ПЦР тестирање- рекол Томиќ.

The post Ќе бидам позитивен, ќе видиш: Додека сите се занимаваат со Ноле, контраверзниот Австралијанец играл заразен appeared first on Република.

]]>