австралија опен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avstralija-open/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jan 2024 10:49:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png австралија опен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avstralija-open/ 32 32 Некултурната публика во Мелбурн постојано му довикуваше на Медведев https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nekulturnata-publika-vo-melburn-postojano-mu-dovikuvashe-na-medvedev/ Mon, 29 Jan 2024 08:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=737934

Русинот Meдведев вчера достоинствено го претрпе поразот на АО. По болниот неуспех, тој му честиташе на својот ривал за големиот успех, им се заблагодари на својот тим и навивачите за поддршката и ја искористи можноста малку да се пошегува на себе. Но, австралиската публика постојано му свиреше и негодуваше.

“Сакам да му честитам на Јаник, тој беше неверојатен, ја заслужи оваа победа. Ќе имаме многу турнири, многу борби. Сакам да му се заблагодарам на мојот тим, многу ви благодарам за поддршката”, започна Медведев.

Данил вторпат во кариерата доживеа пораз во финалето на АО по водството од 2:0 во сетови, па се пошегува на себе и ја насмеа публиката во „Род Лејвер Арена“.

„Вечерва немав среќа да го земам трофејот, но поради сите вас ќе се обидам тоа да се случи во иднина. Да се ​​загуби во финалето е тешко, но ова се финалиња кои сум ги загубил претходно во слично начин“, рече Медведев со насмевка.

Горд сум на себе, следниот пат ќе се обидам да направам подобро“, заклучи Русинот.

The post Некултурната публика во Мелбурн постојано му довикуваше на Медведев appeared first on Република.

]]>

Прва лига: Ова се осумте тенисери кои ќе играат за борба во полуфиналето на АО https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/prva-liga-ova-se-osumte-teniseri-koi-ke-igraat-za-borba-vo-polufinaleto-na-ao/ Mon, 22 Jan 2024 14:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=735534

На Грен слемот Австралија опен заврши денешната програма од осминафиналето во машка конкуренција. Пласман во четвртфиналето изборија Медведев, Хуркач, Зверев и Алкараз.

Резултати:
Нуну Боржес (Португалија) – Данил Медведев (Русија) 1:3 (3:6, 6:7, 7:5 и 1:6)
Артур Казо (Франција) – Хуберт Хуркач (Полска) 0:3 (6:7, 6:7 и 4:6)
Александр Зверев (Германија) – Камерон Нори (Велика Британија) 3:2 (7:5, 3:6, 6:3, 4:6 и 7:6)
Миомир Кецмановиќ (Србија) – Карлос Алкараз (Шпанија) 0:3 (4:6, 4:6 и 0:6).

Претходно место помеѓу осумте најдобри обезбедија Нова Ѓоковиќ (Србија), Тејлор Фриц (САД), Јан Синер (Италија) и Андреј Рубљов (Русија).

The post Прва лига: Ова се осумте тенисери кои ќе играат за борба во полуфиналето на АО appeared first on Република.

]]>

На Грен слемот Австралија опен заврши денешната програма од осминафиналето во машка конкуренција. Пласман во четвртфиналето изборија Медведев, Хуркач, Зверев и Алкараз. Резултати: Нуну Боржес (Португалија) – Данил Медведев (Русија) 1:3 (3:6, 6:7, 7:5 и 1:6) Артур Казо (Франција) – Хуберт Хуркач (Полска) 0:3 (6:7, 6:7 и 4:6) Александр Зверев (Германија) – Камерон Нори (Велика Британија) 3:2 (7:5, 3:6, 6:3, 4:6 и 7:6) Миомир Кецмановиќ (Србија) – Карлос Алкараз (Шпанија) 0:3 (4:6, 4:6 и 0:6). Претходно место помеѓу осумте најдобри обезбедија Нова Ѓоковиќ (Србија), Тејлор Фриц (САД), Јан Синер (Италија) и Андреј Рубљов (Русија).

The post Прва лига: Ова се осумте тенисери кои ќе играат за борба во полуфиналето на АО appeared first on Република.

]]>
Ноле победи во Австралија па порача: „Бог се јави“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nole-pobedi-vo-avstralija-pa-poracha-bog-se-javi/ Fri, 19 Jan 2024 17:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=734764

И овојпат Новак Ѓоковиќ ја искористи камерата за да испрати порака до светот. Денеска, по победата над Аргентинецот, Томас Мартин Ечвери во трите сета (6:3, 6:3, 7:6) на Австралија опен, светскиот тениски ас им го честиташе православниот празник Богојавление - Водици на сите православни верници.

Бог се јави, напиша Ноле, по што го прослави влезот во осминафиналето, каде ќе се сретне со Французинот, Манарино.

The post Ноле победи во Австралија па порача: „Бог се јави“ appeared first on Република.

Познат тениски новинар почина на Австралија Опен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/poznat-teniski-novinar-pochina-na-avstralija-open/ Fri, 19 Jan 2024 09:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=734436

Тажни вести доаѓаат од Мелбурн, каде што се одржува првиот сезонски Грен слем турнир, Австралија Опен. Познатиот тениски новинар, Мајк Диксон, починал за време на турнирот.

Станува збор за спортски новинар, кој е дел од англиски „Дејли Мејл“ од 1990 година. На стартот на кариерата тој главно работел крикет, меѓутоа потоа се специјализирал за тенисот.

За големината на Диксон и неговата добра работа во тенисот најдобро зборува и фактот дека проштални пораки за него испратија најголемите ѕвезди на овој спорт, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

The post Познат тениски новинар почина на Австралија Опен appeared first on Република.

]]>

Тажни вести доаѓаат од Мелбурн, каде што се одржува првиот сезонски Грен слем турнир, Австралија Опен. Познатиот тениски новинар, Мајк Диксон, починал за време на турнирот. Станува збор за спортски новинар, кој е дел од англиски „Дејли Мејл“ од 1990 година. На стартот на кариерата тој главно работел крикет, меѓутоа потоа се специјализирал за тенисот. За големината на Диксон и неговата добра работа во тенисот најдобро зборува и фактот дека проштални пораки за него испратија најголемите ѕвезди на овој спорт, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

The post Познат тениски новинар почина на Австралија Опен appeared first on Република.

]]>
Останаа пријатели: Мигрантот кој му беше цимер на Новак во затворот во Мелбурн се пресели во САД https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ostanaa-prijateli-migrantot-koj-mu-beshe-tsimer-na-novak-vo-zatvorot-vo-melburn-se-preseli-vo-sad/ Tue, 16 Jan 2024 15:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=733696

Мехди Али, мигрантот кој помина девет години во озлогласениот хотел Парк во Мелбурн, беше ослободен пред помалку од една година.

Иранецот се најде во центарот на вниманието на јавноста кога Новак Ѓоковиќ со одлука на австралиските власти беше затворен во овој хотел пред две години за време на короната.

Али избегал од Иран кога имал само 15 години, но властите во Австралија немале разбирање за неговата ситуација, па го држеле во озлогласен хотел девет години.

Никој не ги слушаше неговите апели за помош се додека Новак Ѓоковиќ не дојде во хотелот. По враќањето од Мелбурн, Новак често јавно зборуваше за страдањата на луѓето кои се затворени таму, а Али му беше многу благодарен за тоа.

Во меѓувреме, Мехди замина во САД, каде што се обидува да започне нов живот во Минесота.Али и Новак останаа во контакт, а имаат заеднички планови.

Ѓоковиќ зборуваше за тој период во Мелбурн.

„Во текот на тие пет дена, колку што живеев во таа институција, еден од луѓето кои најмногу ми помогнаа и поддржаа беше Мехди. Со него се создаде посебна врска. Останавме во контакт, тој сега живее во Минесота, па затоа ќе видиме кога ќе одам во САД. Ми рече дека е благодарен за сето внимание што го предизвика мојот случај“, рече Ѓоковиќ.

The post Останаа пријатели: Мигрантот кој му беше цимер на Новак во затворот во Мелбурн се пресели во САД appeared first on Република.

]]>

Мехди Али, мигрантот кој помина девет години во озлогласениот хотел Парк во Мелбурн, беше ослободен пред помалку од една година. Иранецот се најде во центарот на вниманието на јавноста кога Новак Ѓоковиќ со одлука на австралиските власти беше затворен во овој хотел пред две години за време на короната. Али избегал од Иран кога имал само 15 години, но властите во Австралија немале разбирање за неговата ситуација, па го држеле во озлогласен хотел девет години. Никој не ги слушаше неговите апели за помош се додека Новак Ѓоковиќ не дојде во хотелот. По враќањето од Мелбурн, Новак често јавно зборуваше за страдањата на луѓето кои се затворени таму, а Али му беше многу благодарен за тоа. Во меѓувреме, Мехди замина во САД, каде што се обидува да започне нов живот во Минесота.Али и Новак останаа во контакт, а имаат заеднички планови. Ѓоковиќ зборуваше за тој период во Мелбурн.
„Во текот на тие пет дена, колку што живеев во таа институција, еден од луѓето кои најмногу ми помогнаа и поддржаа беше Мехди. Со него се создаде посебна врска. Останавме во контакт, тој сега живее во Минесота, па затоа ќе видиме кога ќе одам во САД. Ми рече дека е благодарен за сето внимание што го предизвика мојот случај“, рече Ѓоковиќ.
   
The post Останаа пријатели: Мигрантот кој му беше цимер на Новак во затворот во Мелбурн се пресели во САД appeared first on Република.

]]>
Ковачевски тврди дека Австралија се извинила за знамето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-tvrdi-deka-avstralija-se-ivinila-za-znameto/ Tue, 16 Jan 2024 12:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=733635

- Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Австралија се извини за ставањето на македонското знаме меѓу забранетите знамиња за снимање на „Австралија опен“ и смета дека ова не треба да влијание на односите меѓу двете земји. Како што потенцираше, станало збор за технички пропуст и се надева оти нема да се повтори во иднина.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bleskame-grtsite-ni-go-zabranija-imeto-bugarite-jazikot-a-avstralijantsite-znameto/

Тој додаде дејка Австралија е наша пријателска држава во која што имаме и голема македонска заедница.

-Непријатно чувството и затоа ние реагиравме веднаш. Веднаш стигна извинување од Австралија и појаснување дека се работи за технички пропуст. Тоа не треба да влијае на нашите односи кои ги имаме со Австралија. На натпреварот којшто го играше нашата Лина, инаку гордост на нашиот тенис, имаше македонски знамиња во публиката, така што ние го прифативме тоа извинување на Австралија. Сепак, се работи за џентлменско извинување и се надеваме дека тоа нема да се случи во иднина, изјави Ковачевски

The post Ковачевски тврди дека Австралија се извинила за знамето appeared first on Република.

]]>

- Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Австралија се извини за ставањето на македонското знаме меѓу забранетите знамиња за снимање на „Австралија опен“ и смета дека ова не треба да влијание на односите меѓу двете земји. Како што потенцираше, станало збор за технички пропуст и се надева оти нема да се повтори во иднина. https://republika.mk/vesti/makedonija/bleskame-grtsite-ni-go-zabranija-imeto-bugarite-jazikot-a-avstralijantsite-znameto/ Тој додаде дејка Австралија е наша пријателска држава во која што имаме и голема македонска заедница.
-Непријатно чувството и затоа ние реагиравме веднаш. Веднаш стигна извинување од Австралија и појаснување дека се работи за технички пропуст. Тоа не треба да влијае на нашите односи кои ги имаме со Австралија. На натпреварот којшто го играше нашата Лина, инаку гордост на нашиот тенис, имаше македонски знамиња во публиката, така што ние го прифативме тоа извинување на Австралија. Сепак, се работи за џентлменско извинување и се надеваме дека тоа нема да се случи во иднина, изјави Ковачевски

The post Ковачевски тврди дека Австралија се извинила за знамето appeared first on Република.

]]>
За МНР на Османи забраната на Австралија опен за македонското знаме е техничка грешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-mnr-na-osmani-zabranata-na-avstralija-open-za-makedonskoto-zname-e-tehnichka-greshka/ Tue, 16 Jan 2024 10:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=733547

По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“, соопшти Министерството за надворешни работи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bleskame-grtsite-ni-go-zabranija-imeto-bugarite-jazikot-a-avstralijantsite-znameto/

Како што се наведува, оттаму МНР добило уверување дека се работи за ненамерен пропуст - техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања.

-Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот. Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, се посочува во соопштението од МНР.

The post За МНР на Османи забраната на Австралија опен за македонското знаме е техничка грешка appeared first on Република.

]]>

По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“, соопшти Министерството за надворешни работи. https://republika.mk/vesti/makedonija/bleskame-grtsite-ni-go-zabranija-imeto-bugarite-jazikot-a-avstralijantsite-znameto/ Како што се наведува, оттаму МНР добило уверување дека се работи за ненамерен пропуст - техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања.
-Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот. Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, се посочува во соопштението од МНР.

The post За МНР на Османи забраната на Австралија опен за македонското знаме е техничка грешка appeared first on Република.

]]>
Играше три часа на Австралија опен и на крајот поврати сѐ што јадел https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/igrashe-tri-chasa-na-avstralija-open-i-na-krajot-povrati-s-shto-jadel/ Tue, 16 Jan 2024 10:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=733542

Британскиот тенисер Џек Дрејпер играше три часа на Австралија опен против Маркос Гирон на кој победи. Но, играњето на висока температура си носи свој терет па така Џек само што заврши мечот се поздрави со противникот отиде кон кантата за ѓубре и обилно поврати.

Сепак со него е се во ред и се работи за омалаксаност

https://republika.mk/vesti/makedonija/bleskame-grtsite-ni-go-zabranija-imeto-bugarite-jazikot-a-avstralijantsite-znameto/

The post Играше три часа на Австралија опен и на крајот поврати сѐ што јадел appeared first on Република.

]]>

Британскиот тенисер Џек Дрејпер играше три часа на Австралија опен против Маркос Гирон на кој победи. Но, играњето на висока температура си носи свој терет па така Џек само што заврши мечот се поздрави со противникот отиде кон кантата за ѓубре и обилно поврати. Сепак со него е се во ред и се работи за омалаксаност https://republika.mk/vesti/makedonija/bleskame-grtsite-ni-go-zabranija-imeto-bugarite-jazikot-a-avstralijantsite-znameto/

The post Играше три часа на Австралија опен и на крајот поврати сѐ што јадел appeared first on Република.

]]>
„Блескаме“ на сите страни: Грците ни го забранија името, Бугарите јазикот, а Австралијците знамето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bleskame-na-site-strani-grtsite-ni-go-zabranija-imeto-bugarite-jazikot-a-avstralijtsite-znameto/ Tue, 16 Jan 2024 08:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=733486

„Блескаме во светот, нема зошто да поднесам оставка“, велеше поранешниот премиер Зоран Заев кога веќе беше на крајот на своето владеење.

„Блескањето“ благодарение на мудрецот од Муртино на меѓународен план, најпрво со Грција, а потоа и со Бугарија, продолжува и на спортски план. По името на државата, јазикот и историја, на ред дојде и знамето.

Па така, на европското првенство во ракомет во Германија, на нашите навивачи им беше забрането да го внесат македонското знаме.За наредите со северномакедонци“, „северномакедонска храна“ северномакедонска репрезентација“ и да не говориме. Сепак Македонците не би биле Македонци ако не се снајдат и да го внесат на трибините нашето знаме со сонцето.

Најновото понижуваме дојде од Австралија.На овој континент има најмногу Македонци во дијаспората, околу 200.000.

Е, тие Македонци досега не се побунија што на трибините во Мелбурн каде се одржува Австралија опен е забрането македонското знаме. И тоа не само државното , туку и она со сонцето од Кутлеш. Нашето знаме е во друштво со знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван.

Затоа нашите од „Острелија“ наместо да даваат 20 долари во родниот крај подобро ќе биде да побараат официјално објаснување од организаторите на турниот зошто македонско знаме е меѓу забренетите.

Реакција од власта на ДУИ и СДСМ во Скопје и од Амбасадата во Канбера која е под контрола на Бујар Османи и не очекуваме.

The post „Блескаме“ на сите страни: Грците ни го забранија името, Бугарите јазикот, а Австралијците знамето appeared first on Република.

]]>

„Блескаме во светот, нема зошто да поднесам оставка“, велеше поранешниот премиер Зоран Заев кога веќе беше на крајот на своето владеење.
„Блескањето“ благодарение на мудрецот од Муртино на меѓународен план, најпрво со Грција, а потоа и со Бугарија, продолжува и на спортски план. По името на државата, јазикот и историја, на ред дојде и знамето. Па така, на европското првенство во ракомет во Германија, на нашите навивачи им беше забрането да го внесат македонското знаме.За наредите со северномакедонци“, „северномакедонска храна“ северномакедонска репрезентација“ и да не говориме. Сепак Македонците не би биле Македонци ако не се снајдат и да го внесат на трибините нашето знаме со сонцето. Најновото понижуваме дојде од Австралија.На овој континент има најмногу Македонци во дијаспората, околу 200.000. Е, тие Македонци досега не се побунија што на трибините во Мелбурн каде се одржува Австралија опен е забрането македонското знаме. И тоа не само државното , туку и она со сонцето од Кутлеш. Нашето знаме е во друштво со знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван. Затоа нашите од „Острелија“ наместо да даваат 20 долари во родниот крај подобро ќе биде да побараат официјално објаснување од организаторите на турниот зошто македонско знаме е меѓу забренетите. Реакција од власта на ДУИ и СДСМ во Скопје и од Амбасадата во Канбера која е под контрола на Бујар Османи и не очекуваме.

The post „Блескаме“ на сите страни: Грците ни го забранија името, Бугарите јазикот, а Австралијците знамето appeared first on Република.

]]>
Мaкедонското знаме, заедно со руското, израелското, палестинското… на „црна листа“ на Австралија опен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-zname-zaedno-so-ruskoto-izraelskoto-palestinskoto-na-tsrna-lista-na-avstralija-open/ Mon, 15 Jan 2024 19:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=733377

Македонската заедница во Австралија објави фотографија со забранети знамиња, каде што се наоѓа и македонското знаме.

Знамето е забрането заедно со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван, а засега не е позната причината на организаторот, јавува австралиското радио СБС на македонски.

Забрането е и старото знаме со 16 краци од Кутлеш.

Знамињата на Палестина и Израел се забранети поради војната, а руските и белоруските знамиња поради војната во Украина.

The post Мaкедонското знаме, заедно со руското, израелското, палестинското… на „црна листа“ на Австралија опен appeared first on Република.

]]>

Македонската заедница во Австралија објави фотографија со забранети знамиња, каде што се наоѓа и македонското знаме. Знамето е забрането заедно со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван, а засега не е позната причината на организаторот, јавува австралиското радио СБС на македонски. Забрането е и старото знаме со 16 краци од Кутлеш. Знамињата на Палестина и Израел се забранети поради војната, а руските и белоруските знамиња поради војната во Украина.

The post Мaкедонското знаме, заедно со руското, израелското, палестинското… на „црна листа“ на Австралија опен appeared first on Република.

]]>
Maкедонското државно и знамето од Кутлеш забранети на Австралија Опен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskoto-drzhavno-i-znameto-od-kutlesh-zabraneti-na-avstralija-open/ Mon, 15 Jan 2024 10:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=733204

Македонското официјално знаме како и тоа од Кутлеш се забранети на Австралија опен, објавуваат групите на Македонците во Австралија.Па така, Маcedonian Australian Pride oбјави дека организаторите на Гренд слемот и наложиле на телевизијата „Канал 9“ која ги врши преносите да не ги покажува неколку знамиња.

Тоа се, македонското, грчкото од Вергина, палестинското, белоруското,руското и тоа на Тајван.

Ова е навистина скандалозна одлука на организаторите ако се знае дека во квалификациите настапуваше и нашата Лина Ѓорчевска.Што доколку таа влезеше во првото коло, македонските навивачи немаше да смеат да го веат своето знаме.

The post Maкедонското државно и знамето од Кутлеш забранети на Австралија Опен appeared first on Република.

]]>

Македонското официјално знаме како и тоа од Кутлеш се забранети на Австралија опен, објавуваат групите на Македонците во Австралија.Па така, Маcedonian Australian Pride oбјави дека организаторите на Гренд слемот и наложиле на телевизијата „Канал 9“ која ги врши преносите да не ги покажува неколку знамиња. Тоа се, македонското, грчкото од Вергина, палестинското, белоруското,руското и тоа на Тајван. Ова е навистина скандалозна одлука на организаторите ако се знае дека во квалификациите настапуваше и нашата Лина Ѓорчевска.Што доколку таа влезеше во првото коло, македонските навивачи немаше да смеат да го веат своето знаме.  

The post Maкедонското државно и знамето од Кутлеш забранети на Австралија Опен appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ со загубен сет ја почна одбраната на титулата на Австралија Опен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-so-zaguben-set-ja-pochna-odbranata-na-titulata-na-avstralija-open/ Sun, 14 Jan 2024 13:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=732914

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, триумфираше над Хрватот Дино Прижмиќ со 3:1 (6-2, 6-7, 6-3, 6-4), во воведното коло на Австралија Опен.

Српскиот тенисер ја почна одбраната на титулата на грен-слем турнирот во Мелбурн со загубен сет, откако младиот противник беше поуспешен во тајбрејкот по водството на Ѓоковиќ од 1:0.

Сепак, Ѓоковиќ рутински ги реши во своја корист следните два сета и забележа победа по точно четири часа игра.

Младиот 18-годишен Прижмиќ од Сплит првпат во кариерата се најде во главната жрепка на грен-слем турнирите.

The post Ѓоковиќ со загубен сет ја почна одбраната на титулата на Австралија Опен appeared first on Република.

]]>

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, триумфираше над Хрватот Дино Прижмиќ со 3:1 (6-2, 6-7, 6-3, 6-4), во воведното коло на Австралија Опен. Српскиот тенисер ја почна одбраната на титулата на грен-слем турнирот во Мелбурн со загубен сет, откако младиот противник беше поуспешен во тајбрејкот по водството на Ѓоковиќ од 1:0. Сепак, Ѓоковиќ рутински ги реши во своја корист следните два сета и забележа победа по точно четири часа игра. Младиот 18-годишен Прижмиќ од Сплит првпат во кариерата се најде во главната жрепка на грен-слем турнирите.

The post Ѓоковиќ со загубен сет ја почна одбраната на титулата на Австралија Опен appeared first on Република.

]]>
Ноле се присети на хоророт кој го преживеа во Австралија: Не ми даваа да отвoрам ни прозор https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nole-se-priseti-na-hororot-koj-go-prezhiveja-vo-avstralija-ne-mi-davaa-da-otvrame-ni-prozor/ Mon, 15 May 2023 10:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=640936

Ѓоковиќ во интервју за „спортмедиасет“ се осврна на хаосот низ кој поминал во Австралија и повторно го кажа својот став за вакцинацијата против корона вирусот.

- Не сум антиваксер и никогаш не сум рекол дека сум. Јас сум про-избор, ја бранам слободата на избор, слободата да одлучувате што вбризгувате во вашето тело, а што не-објасни Ѓоковиќ.

Новак откри што доживеал во Австралија минатата зима.

- Кое е местото каде што ме држеа? Затвор. Не можев да го отворам прозорецот. Останав помалку од една недела, но таму најдов млади луѓе, воени бегалци, кои беа таму многу долго. Мојот случај послужи да ги расветли, скоро сите беа ослободени и тоа ме теши. Младиот Сириец бил таму девет години. тој сега е во САД. Кога ќе се вратам ова лето, сакам повторно да го најдам и да го видам на УС Опен. Се чувствувам поврзан со него - изјави српскиот ас.

- Австралиски судија ја прифати мојата жалба, но министерот за имиграција, кој има моќ да депортира кого сака без причина, ме исфрли од земјата. Но, не ги прекршив правилата. Влегов во Австралија со потребните и точни документи. Имав ковид и се излечи. Ги почитував правилата и не загрозив никого. Сепак, одеднаш станав политички случај, таков што му се закануваше на светот. Системот, чиј дел се медиумите, бараше цел спротивна на мејнстримот. И јас станав тоа. Ми дадоа етикета „no vax“, сосема лажна работа од која сè уште ми се гади. Ме ставија на средина, ме издвоија како „персона нон грата“. Се најдов сам и се чувствував како овца опкружена со 20 волци. И самиот човек нема шанси против големите медиуми. Сепак, брзо го заборавив тоа. Фокусиран сум на позитивни работи. Имав ковид по втор пат. Секогаш ги прифаќав правилата, не можев да одам во САД и не одев. Се откажав од два УС Опен за да останам верен на себе. Потоа се вратив во Австралија и победив. Но, бев разочаран, од медиумите и од многу колеги. Кога половина е против тебе, тогаш го гледаш вистинското лице на луѓето. И многу од нив ги свртеа главите, многу играчи и некои организатори - изјави Новак Ѓоковиќ.

The post Ноле се присети на хоророт кој го преживеа во Австралија: Не ми даваа да отвoрам ни прозор appeared first on Република.

900.000: Рекордна гледаност на Австрлија опен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/900-000-rekordna-gledanost-na-avstrlija-open/ Tue, 31 Jan 2023 15:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=603049

Првиот тениски грен – слем сезонава Австралија опен, кој заврши со победи на Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка, донесе рекордна посетеност со повеќе од 900.000 гледачи, објавија организаторите на турнирот во Мелбурн.

И покрај отсуството на неколку познати тенисери и честите прекини на распоредот, поради дождливото време, тениските натпревари на „Мелбурн Парк“ ги следеле вкупно 902.312 гледачи.

Главниот турнир, кој траеше од 16 до 29 јануари, го следеле рекордни 839.192 гледачи, надминувајќи ја претходната бројка од 812.174 од 2020 година. Сметајќи ги и квалификациите, вкупниот број гледачи пораснал на 902.312.

Овие бројки ја надминуваат ланската посетеност на другите три грен – слем турнири, 515.164 во Вимблдон, 613.500 на Ролан Гарос и 776.120 на ЈуЕс Опен.

„Се зборуваше дека немаме великани, дека ќе биде страшно. Меѓутоа, луѓето сакаат само да се забавуваат, а тенисот е одлична опција“, изјави директорот на Тенис Австралија, Крег Тили, додавајќи оти идната година очекува посета од над еден милион гледачи.

The post 900.000: Рекордна гледаност на Австрлија опен appeared first on Република.

]]>

Првиот тениски грен – слем сезонава Австралија опен, кој заврши со победи на Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка, донесе рекордна посетеност со повеќе од 900.000 гледачи, објавија организаторите на турнирот во Мелбурн. И покрај отсуството на неколку познати тенисери и честите прекини на распоредот, поради дождливото време, тениските натпревари на „Мелбурн Парк“ ги следеле вкупно 902.312 гледачи. Главниот турнир, кој траеше од 16 до 29 јануари, го следеле рекордни 839.192 гледачи, надминувајќи ја претходната бројка од 812.174 од 2020 година. Сметајќи ги и квалификациите, вкупниот број гледачи пораснал на 902.312. Овие бројки ја надминуваат ланската посетеност на другите три грен – слем турнири, 515.164 во Вимблдон, 613.500 на Ролан Гарос и 776.120 на ЈуЕс Опен. „Се зборуваше дека немаме великани, дека ќе биде страшно. Меѓутоа, луѓето сакаат само да се забавуваат, а тенисот е одлична опција“, изјави директорот на Тенис Австралија, Крег Тили, додавајќи оти идната година очекува посета од над еден милион гледачи.

The post 900.000: Рекордна гледаност на Австрлија опен appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ: Според околностите, ова е најголемата победа во мојот живот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-spored-okolnostite-ova-e-najgolemata-pobeda-vo-mojot-zhivot/ Sun, 29 Jan 2023 13:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=602266

По победата на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, изјави дека 10. победа на Грен-слемот во Мелбурн има огромно значење за него.

Морам да кажам дека ова беше еден од најтешките турнири во мојот живот. Не играв минатата година и се вратив оваа. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме примија, ми направија да се чувствувам удобно во Мелбурн и Австралија. Само мојот тим и семејството знаат низ што минавме во последните четири или пет недели. И би рекол дека, со оглед на околностите, ова е најголемата победа во мојот живот, изјави Ѓоковиќ.

Ова за Ѓоковиќ е 22.трумф на Грен-слем турнирите и 93. победа на тениски турнир во неговата кариера.

По триумфот во Мелбурн, Ѓоковиќ од утре се враќа на првото место на АТП ранг-листата.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-e-shampion-na-avstralija-open-melburn-mu-se-pokloni-na-teniskiot-kral-nole-velichestveniot-ispisha-istorija/

The post Ѓоковиќ: Според околностите, ова е најголемата победа во мојот живот appeared first on Република.

]]>

По победата на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, изјави дека 10. победа на Грен-слемот во Мелбурн има огромно значење за него.
Морам да кажам дека ова беше еден од најтешките турнири во мојот живот. Не играв минатата година и се вратив оваа. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме примија, ми направија да се чувствувам удобно во Мелбурн и Австралија. Само мојот тим и семејството знаат низ што минавме во последните четири или пет недели. И би рекол дека, со оглед на околностите, ова е најголемата победа во мојот живот, изјави Ѓоковиќ.
Ова за Ѓоковиќ е 22.трумф на Грен-слем турнирите и 93. победа на тениски турнир во неговата кариера. По триумфот во Мелбурн, Ѓоковиќ од утре се враќа на првото место на АТП ранг-листата. https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-e-shampion-na-avstralija-open-melburn-mu-se-pokloni-na-teniskiot-kral-nole-velichestveniot-ispisha-istorija/

The post Ѓоковиќ: Според околностите, ова е најголемата победа во мојот живот appeared first on Република.

]]>
Мелбурн му се поклони на тенискиот крал, Ноле Величествениот испиша историја! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-e-shampion-na-avstralija-open-melburn-mu-se-pokloni-na-teniskiot-kral-nole-velichestveniot-ispisha-istorija/ Sun, 29 Jan 2023 11:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=602230

Новак Ѓоковиќ ја освои 10. јубилејна титула на Австралија опен, откако во големото финале убедливо со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 7:6) го совлада грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Српскиот тенисер пред една година во Мелбурн го доживеа најголемото понижување во животот, кога беше исфрлен од Австралија опен и депортиран од земјата како најголем криминалец, но не дозволи тоа да го скрши. Се врати со крената глава, одигра одличен турнир и ги натера Австралијците и целата светска спортска јавност да да му оддадат почит на кралот на тенисот!

Новак со својот триумф во Мелбурн испиша нови страници од тениската историја. Го освои 22. Грен слем трофеј и се израмни со Рафаел Надал на врвот на вечната листа.

Триумфот во Мелбурн му донесе дополнителни 2.000 бодови и враќање на првото место на АТП листата. Така, во понеделник, популарниот Ноле ќе ја почне рекордната 274-та недела на тенискиот трон.

До победата против Циципас, Ѓоковиќ дојде по нешто помалку од три часа игра, со што грчкиот тенисер остана без својот прв Грен слем трофеј и првото место на АТП листата.

The post Мелбурн му се поклони на тенискиот крал, Ноле Величествениот испиша историја! appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ ја освои 10. јубилејна титула на Австралија опен, откако во големото финале убедливо со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 7:6) го совлада грчкиот тенисер Стефанос Циципас. Српскиот тенисер пред една година во Мелбурн го доживеа најголемото понижување во животот, кога беше исфрлен од Австралија опен и депортиран од земјата како најголем криминалец, но не дозволи тоа да го скрши. Се врати со крената глава, одигра одличен турнир и ги натера Австралијците и целата светска спортска јавност да да му оддадат почит на кралот на тенисот! Новак со својот триумф во Мелбурн испиша нови страници од тениската историја. Го освои 22. Грен слем трофеј и се израмни со Рафаел Надал на врвот на вечната листа. Триумфот во Мелбурн му донесе дополнителни 2.000 бодови и враќање на првото место на АТП листата. Така, во понеделник, популарниот Ноле ќе ја почне рекордната 274-та недела на тенискиот трон. До победата против Циципас, Ѓоковиќ дојде по нешто помалку од три часа игра, со што грчкиот тенисер остана без својот прв Грен слем трофеј и првото место на АТП листата.

The post Мелбурн му се поклони на тенискиот крал, Ноле Величествениот испиша историја! appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ избори полуфинале во Мелбурн https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-izbori-polufinale-vo-melburn/ Wed, 25 Jan 2023 11:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=600824

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра одличен натпревар против Русинот Андреј Рубљов и славеше со 6-1, 6-2 и 6-4 за пласман во полуфинале на турнирот во Мелбурн.

Ѓоковиќ доминираше во првиот и вториот сет во кои Рубљов имаше сериозни проблеми и нервозата беше видлива во неговата игра, додека во третиот сет конечно заигра на повисоко ниво, но тоа не беше доволно против расположениот Србин.

Србинот играше одлично во третиот сет и го доби со 6-4 за да го потврди својот пласман меѓу најдобрите четири на Австралијан опен.

Негов противник во полуфиналето ќе биде Американецот Тони Пол, кој утрово беше поуспешен од сонародникот Шелтон.

The post Ѓоковиќ избори полуфинале во Мелбурн appeared first on Република.

]]>

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра одличен натпревар против Русинот Андреј Рубљов и славеше со 6-1, 6-2 и 6-4 за пласман во полуфинале на турнирот во Мелбурн. Ѓоковиќ доминираше во првиот и вториот сет во кои Рубљов имаше сериозни проблеми и нервозата беше видлива во неговата игра, додека во третиот сет конечно заигра на повисоко ниво, но тоа не беше доволно против расположениот Србин. Србинот играше одлично во третиот сет и го доби со 6-4 за да го потврди својот пласман меѓу најдобрите четири на Австралијан опен. Негов противник во полуфиналето ќе биде Американецот Тони Пол, кој утрово беше поуспешен од сонародникот Шелтон.  

The post Ѓоковиќ избори полуфинале во Мелбурн appeared first on Република.

]]>
Хаос во Мелбурн: Се обидоа да забранат внесување српско знаме на дуелот на Ѓоковиќ, настана голема гужва https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/haos-vo-melburn-se-obidoa-da-zabranat-vnesuvane-srpsko-zname-na-duelot-na-gokovik-nastana-golema-guzhva/ Mon, 23 Jan 2023 08:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=599786

За малку е избегнат посериозен инцидент пред почетокот на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Де Минор на Австралија опен. До гужвата дојде кога припадник на обезбедувањето се обиде да забрани внесување на српското знаме на трибините.

https://twitter.com/sumnjam/status/1617434758010601472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1617434758010601472%7Ctwgr%5E698c4b12640f180ddc2a03c29f70e642b9836881%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsport%2Ftenis%2F717888%2Fvelika-frka-u-melburnu-pokusali-da-zabrane-zastavu-srbije-nastao-totalni-haos-video%2Fvest

Следуваше голема дискусија, при што беа изнесени и навреди, а состојбата се смири дури по интервенција на друг припадник на обезбедувањето, кој потврди дека знамето на Србија може да биде внесено на стадионот.

The post Хаос во Мелбурн: Се обидоа да забранат внесување српско знаме на дуелот на Ѓоковиќ, настана голема гужва appeared first on Република.

]]>

За малку е избегнат посериозен инцидент пред почетокот на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Де Минор на Австралија опен. До гужвата дојде кога припадник на обезбедувањето се обиде да забрани внесување на српското знаме на трибините. https://twitter.com/sumnjam/status/1617434758010601472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1617434758010601472%7Ctwgr%5E698c4b12640f180ddc2a03c29f70e642b9836881%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsport%2Ftenis%2F717888%2Fvelika-frka-u-melburnu-pokusali-da-zabrane-zastavu-srbije-nastao-totalni-haos-video%2Fvest Следуваше голема дискусија, при што беа изнесени и навреди, а состојбата се смири дури по интервенција на друг припадник на обезбедувањето, кој потврди дека знамето на Србија може да биде внесено на стадионот.

The post Хаос во Мелбурн: Се обидоа да забранат внесување српско знаме на дуелот на Ѓоковиќ, настана голема гужва appeared first on Република.

]]>
Aвстралијанците дефинитивно не го сакаат Ноле: Нареди да се отстрани дел од публиката https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/avstralijantsite-definitivno-ne-go-sakaat-nole-naredi-da-se-otstrani-del-od-publikata/ Thu, 19 Jan 2023 17:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=598718

Новак Ѓоковиќ дефинитивно не е миленик на Австралијанците.На денешниот меч тој постојано приговараше кон судијата дека дел од навивачите приговараат и го деконцетрираат пред да сервира.

Поради тоа бараше дел од фановите да бидат отстранети од трибините што беше и направено.

The post Aвстралијанците дефинитивно не го сакаат Ноле: Нареди да се отстрани дел од публиката appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ дефинитивно не е миленик на Австралијанците.На денешниот меч тој постојано приговараше кон судијата дека дел од навивачите приговараат и го деконцетрираат пред да сервира. Поради тоа бараше дел од фановите да бидат отстранети од трибините што беше и направено.    

The post Aвстралијанците дефинитивно не го сакаат Ноле: Нареди да се отстрани дел од публиката appeared first on Република.

]]>
Зверев доживеа пораз за најрана елиминација на еден Грен слем во последните четири години https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zverev-dozhivea-poraz-za-najrana-eliminatsija-na-eden-gren-slem-vo-poslednite-chetiri-godini/ Thu, 19 Jan 2023 10:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=598605

Поранешниот светски рекет број 2, Александар Зверев, е елиминиран во второто коло на Австралија Опен. Тој загуби од Мајкл Ммо со 31 во сетови (7:6, 4:6, 3:6, 3:6).

За Германецот ова е најрана елиминација од Грен слем турнирите по Вимблдон 2019 година, каде што не победи на ниту еден натпревар.

Ммо се соочи со противник од 20 најдобри по петти пат и ја освои својата втора победа. Неговиот следен противник е Џеј Џеј Волф.

Александар Зверев с епојави на вториот официјален турнир по повреда на зглобот и операција. Во 2023 година има една победа на четири натпревари.

The post Зверев доживеа пораз за најрана елиминација на еден Грен слем во последните четири години appeared first on Република.

]]>

Поранешниот светски рекет број 2, Александар Зверев, е елиминиран во второто коло на Австралија Опен. Тој загуби од Мајкл Ммо со 31 во сетови (7:6, 4:6, 3:6, 3:6). За Германецот ова е најрана елиминација од Грен слем турнирите по Вимблдон 2019 година, каде што не победи на ниту еден натпревар. Ммо се соочи со противник од 20 најдобри по петти пат и ја освои својата втора победа. Неговиот следен противник е Џеј Џеј Волф. Александар Зверев с епојави на вториот официјален турнир по повреда на зглобот и операција. Во 2023 година има една победа на четири натпревари.

The post Зверев доживеа пораз за најрана елиминација на еден Грен слем во последните четири години appeared first on Република.

]]>