австарлија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avstarlija/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Dec 2023 11:12:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png австарлија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avstarlija/ 32 32 Топлотен бран во Австралија, се зголемува ризикот од шумски пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/toploten-bran-vo-avstralija-se-zgolemuva-rizikot-od-shumski-pozhari/ Sat, 09 Dec 2023 11:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=721239

Југоисточна Австралија денеска беше погодена од топлотен бран што го зголеми ризикот од шумски пожари и ги натера властите да забранат палење оган низ големи делови на Нов Јужен Велс.

Националната метеоролошка служба предвиде максимална температура во Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, од 40 степени Целзиусови, речиси 15 степени над просечното високо ниво во градот за декември.

Премиерот Ентони Албанезе во Сиднеј рече дека „време е да се грижиме еден за друг и да останеме безбедни“.

-Ова е потсетник дека климатските промени не се шега, рече Албанезе.

Топлината го зголемува ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона на пожари во текот на австралиското лето од декември до февруари поради временскиот феномен Ел Нино, обично поврзан со екстремни пожари, циклони и суши.

The post Топлотен бран во Австралија, се зголемува ризикот од шумски пожари appeared first on Република.

]]>

Југоисточна Австралија денеска беше погодена од топлотен бран што го зголеми ризикот од шумски пожари и ги натера властите да забранат палење оган низ големи делови на Нов Јужен Велс. Националната метеоролошка служба предвиде максимална температура во Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, од 40 степени Целзиусови, речиси 15 степени над просечното високо ниво во градот за декември. Премиерот Ентони Албанезе во Сиднеј рече дека „време е да се грижиме еден за друг и да останеме безбедни“. -Ова е потсетник дека климатските промени не се шега, рече Албанезе. Топлината го зголемува ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона на пожари во текот на австралиското лето од декември до февруари поради временскиот феномен Ел Нино, обично поврзан со екстремни пожари, циклони и суши.

The post Топлотен бран во Австралија, се зголемува ризикот од шумски пожари appeared first on Република.

]]>
Австралиски пратеник му се извини на Ѓоковиќ: Ова беше срам за Австралија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstraliski-pratenik-mu-se-izvini-na-gjokovikj-ova-beshe-sram-za-avstralija/ Mon, 10 Jan 2022 12:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=442581

Австралискиот пратеник во сојузниот парламент Крејг Кели му се извини на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во името на Австралија и на австралискиот народ за срамот што го направија политичките власти во земјата.

Интересно Кели се извини со лајв-видео на Јутјуб, зашто ниту една австралиска телевизија не сакала да го пренесе неговото обраќање, а Кели директно ги посочи премиерите на сојузната држава Викторија, Ден Ендрјус и на федералната влада Скот Морисон како најодговорни што Австралија е посрамена.

Ѓоковиќ ја доби судската олука да остане во Австралија и да не биде депортиран, иако случајот не е завршен, поради дискрециското право на министерот за имиграција Хоук кој ѝ покрај судската пресуда може да донесе одлука за депортација. Такво нешто денеска не се случи и барем еден ден Ѓоковиќ е слободен, но може да се случи веќе утре или во следните денови.

Му се извинувам на Ѓоковиќ за односот кон него од страна на владите на Викторија и Австралија, кои ги повикувам да му се извинат на најдобриот тенисер во светот. Тоа што се случи е срам за нашата земја и нација. Тоа е чиста локална политика и вина на премиерот на Викторија Ендрјус и премиерот на Австралија Морисон, рече Кели во своето обраќање.

Кели посочи дека двајцата премиери со одвратниот срам ја понижиле Австралија во светот.

Обајцата се одговорни за овој одвратен срам што го предизвикаа. Тие не следат наука, не испитуваат докази, тие само играат политика. Тие ја посрамотија нашата нација во меѓународната политика. Австралиските политичари не ја кажуваат вистината, тие одбиваат да ја кажат вистината! Му се извинувам на Ѓоковиќ од името на Австралијците и австралискиот парламент! Му се извинувам на српскиот народ! Ова е срамота, рече Кели.

The post Австралиски пратеник му се извини на Ѓоковиќ: Ова беше срам за Австралија! appeared first on Република.

]]>

Австралискиот пратеник во сојузниот парламент Крејг Кели му се извини на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во името на Австралија и на австралискиот народ за срамот што го направија политичките власти во земјата. Интересно Кели се извини со лајв-видео на Јутјуб, зашто ниту една австралиска телевизија не сакала да го пренесе неговото обраќање, а Кели директно ги посочи премиерите на сојузната држава Викторија, Ден Ендрјус и на федералната влада Скот Морисон како најодговорни што Австралија е посрамена. Ѓоковиќ ја доби судската олука да остане во Австралија и да не биде депортиран, иако случајот не е завршен, поради дискрециското право на министерот за имиграција Хоук кој ѝ покрај судската пресуда може да донесе одлука за депортација. Такво нешто денеска не се случи и барем еден ден Ѓоковиќ е слободен, но може да се случи веќе утре или во следните денови. Му се извинувам на Ѓоковиќ за односот кон него од страна на владите на Викторија и Австралија, кои ги повикувам да му се извинат на најдобриот тенисер во светот. Тоа што се случи е срам за нашата земја и нација. Тоа е чиста локална политика и вина на премиерот на Викторија Ендрјус и премиерот на Австралија Морисон, рече Кели во своето обраќање. Кели посочи дека двајцата премиери со одвратниот срам ја понижиле Австралија во светот. Обајцата се одговорни за овој одвратен срам што го предизвикаа. Тие не следат наука, не испитуваат докази, тие само играат политика. Тие ја посрамотија нашата нација во меѓународната политика. Австралиските политичари не ја кажуваат вистината, тие одбиваат да ја кажат вистината! Му се извинувам на Ѓоковиќ од името на Австралијците и австралискиот парламент! Му се извинувам на српскиот народ! Ова е срамота, рече Кели.

The post Австралиски пратеник му се извини на Ѓоковиќ: Ова беше срам за Австралија! appeared first on Република.

]]>