АВМУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avmu/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 13:26:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АВМУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avmu/ 32 32 Одземени дозволи на две радија и една телевизија и изречени четири јавни опомени во третиот квартал https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odzemeni-dozvoli-na-dve-radija-i-edna-televizija-i-izrecheni-chetiri-javni-opomeni-vo-tretiot-kvartal/ Thu, 26 Sep 2024 13:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=819915

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во третиот квартал годинава донела три одлуки за одземање на дозволата за телевизиско/радио емитување и изрекла четири јавни опомени на радиодифузери.

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски денеска соопшти дека одлуките за одземање на дозвола се за Радио Балкан, заради неплаќање на годишниот надомест за дозволата; за радиото Про ФМ, заради недоставување податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање, приходи и расходи и просечна слушаност во 2023 година и за ТВ Канал Вис – заради неплаќање на годишниот надомест за дозволата и неисполнување на минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола.

Во меѓувреме, посочи Трајчевски, ТВ Канал Вис, го платиле надоместот за дозволата и ги исполниле минималните кадровски услови, по што Советот на Агенцијата ја поништил Одлуката за одземање на дозволата .

На третиот јавен состанок на АВМУ Трајчевски соопшти и дека Агенцијата во јули до Министерството за дигитална трансформација испратила коментари и дополнувања на доставениот скрининг Извештај на Европската комисија за Кластерот 3 за Поглавјето 10, како и ажуриран придонес за Годишниот извештај на Европската комисија за земјава. До Министерството за правда, пак, доставени се забелешки и коментари на Нацрт- Извештајот за владеење на правото за 2024 година и на предлог-заклучоците на Европската комисија за 18-тиот Поткомитетот за правда, слобода и безбедност.

Советот на Агенцијата изминатите три месеци донел и две одлуки за одбивање на барања за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио и ТВ емитување.

– Едното Барање за објавување на јавен конкурс за непрофитно радио на регионално ниво, на подрачјето на град Скопје, е одбиено врз основа на Известување од АЕК дека за сервисната зона – град Скопје нема можност за определување на нова фреквенциска доделба. Второто Барање за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола на национално ниво преку дигитален терестријален мултиплекс беше одбиено врз основа на Студијата за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс чии наоди покажаа дека не постои оправданост да се објави конкурс за доделување дозвола за ТВ емитување на државно ниво за програмски сервиси со: претежно забавен општ формат, претежно информативен општ формат и општ формат во кој застапените видови програми ги остваруваат сите три медиумски функции, рече Трајчевски.

Врз основа на доставено барање од заинтересирана страна за отворање непрофитно радио кое ќе емитува програма во подрачјето на Неготино, е изработена Студија за утврдување оправданост за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на ова подрачје, која покажа дека постои оправданост за објавување јавен конкурс.

Во третиот квартал годинава Советот на Агенцијата, заради констатирани непочитувања на законските одредби донел четири јавни опомени за радиодифузери од кои три за ТВ Гурра и едно за радио Про ФМ. Донесено е едно решение за јавно опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмскиот сервис за операторот Комбо 2003, поради реемитување програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата. Врз операторите на јавни електронски комуникациски мрежи извршени се вкупно 46 редовни програмски надзори.

При редовни програмски и административни надзори врз петте национални радија и петте регионални радија, прекршување е констатирано само кај радиото Зона М1, поради не емитување на доброволно пријавениот процент македонска музика на дневно ниво, во периодот од 06:00 до 00:00 часот.

По добиени претставки од физички лица, извршени се два вонредни програмски надзори. Едната претставка се однесувала на серијалот „Приказната за Севда“ емитуван на ТВ Сител за која надзорот покажал дека нема прекршувања на правилата за заштита на малолетните лица. Втората претставка се однесувала на одредени телевизии кои несоодветно го применувале графичкиот приказ за предупредувачка сигнализација, што со увидот во програмата на телевизиите, како што соопшти Трајчевски, било потврдено. Агенцијата потоа испратила допис до сите медиуми со потсетување за правилната примена на предупредувачка сигнализација.

The post Одземени дозволи на две радија и една телевизија и изречени четири јавни опомени во третиот квартал appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во третиот квартал годинава донела три одлуки за одземање на дозволата за телевизиско/радио емитување и изрекла четири јавни опомени на радиодифузери. Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски денеска соопшти дека одлуките за одземање на дозвола се за Радио Балкан, заради неплаќање на годишниот надомест за дозволата; за радиото Про ФМ, заради недоставување податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање, приходи и расходи и просечна слушаност во 2023 година и за ТВ Канал Вис – заради неплаќање на годишниот надомест за дозволата и неисполнување на минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола. Во меѓувреме, посочи Трајчевски, ТВ Канал Вис, го платиле надоместот за дозволата и ги исполниле минималните кадровски услови, по што Советот на Агенцијата ја поништил Одлуката за одземање на дозволата . На третиот јавен состанок на АВМУ Трајчевски соопшти и дека Агенцијата во јули до Министерството за дигитална трансформација испратила коментари и дополнувања на доставениот скрининг Извештај на Европската комисија за Кластерот 3 за Поглавјето 10, како и ажуриран придонес за Годишниот извештај на Европската комисија за земјава. До Министерството за правда, пак, доставени се забелешки и коментари на Нацрт- Извештајот за владеење на правото за 2024 година и на предлог-заклучоците на Европската комисија за 18-тиот Поткомитетот за правда, слобода и безбедност. Советот на Агенцијата изминатите три месеци донел и две одлуки за одбивање на барања за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио и ТВ емитување. – Едното Барање за објавување на јавен конкурс за непрофитно радио на регионално ниво, на подрачјето на град Скопје, е одбиено врз основа на Известување од АЕК дека за сервисната зона – град Скопје нема можност за определување на нова фреквенциска доделба. Второто Барање за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола на национално ниво преку дигитален терестријален мултиплекс беше одбиено врз основа на Студијата за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс чии наоди покажаа дека не постои оправданост да се објави конкурс за доделување дозвола за ТВ емитување на државно ниво за програмски сервиси со: претежно забавен општ формат, претежно информативен општ формат и општ формат во кој застапените видови програми ги остваруваат сите три медиумски функции, рече Трајчевски. Врз основа на доставено барање од заинтересирана страна за отворање непрофитно радио кое ќе емитува програма во подрачјето на Неготино, е изработена Студија за утврдување оправданост за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на ова подрачје, која покажа дека постои оправданост за објавување јавен конкурс. Во третиот квартал годинава Советот на Агенцијата, заради констатирани непочитувања на законските одредби донел четири јавни опомени за радиодифузери од кои три за ТВ Гурра и едно за радио Про ФМ. Донесено е едно решение за јавно опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмскиот сервис за операторот Комбо 2003, поради реемитување програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата. Врз операторите на јавни електронски комуникациски мрежи извршени се вкупно 46 редовни програмски надзори. При редовни програмски и административни надзори врз петте национални радија и петте регионални радија, прекршување е констатирано само кај радиото Зона М1, поради не емитување на доброволно пријавениот процент македонска музика на дневно ниво, во периодот од 06:00 до 00:00 часот. По добиени претставки од физички лица, извршени се два вонредни програмски надзори. Едната претставка се однесувала на серијалот „Приказната за Севда“ емитуван на ТВ Сител за која надзорот покажал дека нема прекршувања на правилата за заштита на малолетните лица. Втората претставка се однесувала на одредени телевизии кои несоодветно го применувале графичкиот приказ за предупредувачка сигнализација, што со увидот во програмата на телевизиите, како што соопшти Трајчевски, било потврдено. Агенцијата потоа испратила допис до сите медиуми со потсетување за правилната примена на предупредувачка сигнализација.  

The post Одземени дозволи на две радија и една телевизија и изречени четири јавни опомени во третиот квартал appeared first on Република.

]]>
АВМУ: Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, нема вести ни за Парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-od-vecherva-na-polnok-pochnuva-izborniot-molk-nema-vesti-ni-za-parlamentarnite-izbori/ Mon, 22 Apr 2024 11:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=769285

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсетува дека денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април

За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), укажува АВМУ, запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во денешното соопштение од АВМУ.

Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори.

Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024.

Агенцијата, нагласуваат оттаму, очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

The post АВМУ: Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, нема вести ни за Парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсетува дека денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), укажува АВМУ, запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори.
Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во денешното соопштение од АВМУ.
Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори. Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024. Агенцијата, нагласуваат оттаму, очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

The post АВМУ: Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, нема вести ни за Парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
АВМУ: Да не се емитуваат спотовите на Пендаровски и на Османи, затоа што во нив има малолетници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-da-ne-se-emituvaat-spotovite-na-pendarovski-i-na-osmani-zatoa-shto-vo-niv-ima-maloletnitsi/ Tue, 09 Apr 2024 16:51:54 +0000 https://republika.mk/?p=764346

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) соопшти дека со мониторингот на изборното медиумско претставување за Претседателските избори 2024 година, констатирала дека, спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик, во платено политичко рекламирање на претседателските кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи учествуваат малолетници.

За содржината на платеното политичко рекламирање се одговорни нарачателите, но радиодифузерите се одговорни за законитоста на неговото емитување. Оттаму, радиодифузерите треба веднаш да престанат да ги емитуваат овие спотови, а учесниците во изборната кампања да ја усогласат содржината на нивното платено политичко рекламирање со законската регулатива, предупредува АВМУ.

The post АВМУ: Да не се емитуваат спотовите на Пендаровски и на Османи, затоа што во нив има малолетници appeared first on Република.

АВМУ го повика МВР да го расчисти случајот со Фуркан Салиу и ги повика партиите да не го користат за политички поени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avmu-go-povika-mvr-da-go-raschisti-sluchajot-so-furkan-saliu-i-gi-povika-partiite-da-ne-go-koristat-za-politichki-poeni/ Sun, 07 Apr 2024 19:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=763572

Во врска со случајот поврзан со новинарот Фуркан Салиу, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го повикува Министерството за внатрешни работи веднаш, односно во најскоро време да го расчисти случајот и да ја информира јавноста за причините за неговото приведување.

Истовремено, очекуваме МВР доследно да ги почитува законските процедури и правата на новинарот Салиу, а политичките партии да не го користат овој случај за дневно партиски цели, за да не се шират шпекулации и дезинформации се до целосно расчистување на случајот, велат од Агенцијата.

The post АВМУ го повика МВР да го расчисти случајот со Фуркан Салиу и ги повика партиите да не го користат за политички поени appeared first on Република.

АВМУ: Осуда за говорот на претседателот на Левица Апасиев на „Фејсбук“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-osuda-za-govorot-na-pretsedatelot-na-levitsa-apasiev-na-fejsbuk/ Mon, 04 Mar 2024 10:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=751001

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува „крајно вулгарниот и недоличен говор во објавата на претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев на социјалната мрежа Фејсбук кој се однесува на телевизија Канал 5“.

Покрај јавното етикетирање и дискредитирање на медиумот и неговото одговорно лице, упатен е и повик за бојкот на огласувачите и нивните производи на ТВ Канал 5, при што се споменува системска организирана антикампања.  Ваквото однесување е апсолутно неприфатливо, особено станува збор за политичари и јавни личности кои треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите. Политичарите и носителите на јавни функции мора да свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните. Непримерната комуникација негативно се одразува на слободата на изразување, пред се во чувствителни периоди како предизборните и го нарушува достоинството на медиумските работници, реагираат од АВМУ.

The post АВМУ: Осуда за говорот на претседателот на Левица Апасиев на „Фејсбук“ appeared first on Република.

Андоновски: Апсурд е дека државата се тужи самата себе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-apsurd-e-deka-drzhavata-se-tuzhi-samata-sebe/ Tue, 27 Feb 2024 21:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=749066

На гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски истакна дека поради неисполнување на законски обврски за исплата на средства за финансирање на радиодифузна дејност, АВМУ го тужи МИОА во вредност од најмалку 90 илјади евра.

„Државата кон АВМУ има 90 илјади евра долг заради тоа што не се усогласила со законот што сама го донела. Гледајќи дека не ги исплаќа парите, АВМУ ја тужи МИОА и бара скоро 4,9 милиони денари за надомест на штета“ , истакна Андоновски. Според Андоновски, ниту Министерот за информатичко општество и администрација предвидел буџет, ниту Минстерството за финансии одобрило, а сепак донеле таков закон.

Според Андоновски, институциите се тужат меѓусебно, се предизвикува штета на буџетот и се прават судски, адвокатски, нотарски трошоци и трошоци за вештачења заради неодговорност на поединци. Потребно е за секоја ваква штета да се утврдува и индивидуална одговорност, за поединците да постапуваат одговорно. Доколку виновен е некој министер, тој треба да ги сноси трошоците.

„Во каков апсурд живееме дека државата сама себе се тужи една институција со друга, само поради тоа што не почитува директива на ЕУ која што самата ја имплементирала во закон. Ќе зборуваме за ЕУ во следниов период во кој што ништо немаме применето во пракса и се тужиме едни со други, а ќар имаат само нотари, адвокати, вештаци кои што изработуваат и судот го оптеретуваме со тужби едни кон други“, потенцираше Андоновски.

Измената е направена по барање на ЕУ и согласно директивата за аудиовизуелни медиумски услуги. По измените од 2017 година, Владата имаше дискреционо право да одлучува дали ќе ја исплати законската сума или не, со што исплатите беа до 40% помалку од законскиот минимум и со тоа „ги казнуваа“ за непослушноста и несервилноста. Денес се избриша одбредбата со која тоа се овозможуваше, но очигледно навиките тешко се искоренуваат и со неплаќањето Владата прави обид да влијае на уредувачката политика на МРТ и да се влијае на независноста на АВМУ, смета Андоновски.

„Се очекува и тужба од МРТ. Тука се работни за десеткратно поголема сума.“

The post Андоновски: Апсурд е дека државата се тужи самата себе appeared first on Република.

Политичарите да покажат почитување на новинарите: АВМУ ја осуди изјавата на лидерот на СДСМ, Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politicharite-da-pokazhat-pochituvane-na-novinarite-avmu-ja-osudi-izjavata-na-liderot-na-sdsm-kovachevski/ Wed, 21 Feb 2024 15:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=746420

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија, соопштија денеска од АВМУ.

Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници, се подвлекува во соопштението од АВМУ.

Агенцијата во соопштението потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите.

The post Политичарите да покажат почитување на новинарите: АВМУ ја осуди изјавата на лидерот на СДСМ, Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија, соопштија денеска од АВМУ. Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници, се подвлекува во соопштението од АВМУ. Агенцијата во соопштението потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите.

The post Политичарите да покажат почитување на новинарите: АВМУ ја осуди изјавата на лидерот на СДСМ, Ковачевски appeared first on Република.

]]>
АВМУ со осуда за изјавата на Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-so-osuda-za-izjavata-na-kovachevski/ Wed, 21 Feb 2024 08:49:41 +0000 https://republika.mk/?p=746418

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија, соопштија денеска од АВМУ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-kako-tache-im-se-zakanuva-na-novinarite-deka-ke-kvitskaat-po-podrumi/

Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници, се подвлекува во соопштението од АВМУ.

Агенцијата во соопштението потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите.

The post АВМУ со осуда за изјавата на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија, соопштија денеска од АВМУ. https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-kako-tache-im-se-zakanuva-na-novinarite-deka-ke-kvitskaat-po-podrumi/
Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници, се подвлекува во соопштението од АВМУ.
Агенцијата во соопштението потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со кој се дискредитираат медиумите.

The post АВМУ со осуда за изјавата на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Радиодифузерите да го почитуваат изборниот законик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/radiodifuzerite-da-go-pochituvaat-izborniot-zakonik/ Thu, 15 Feb 2024 12:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=744388

Со распишување на Претседателските и Парламентарните избори, закажани за 24 април односно 8 мај 2024 година, стапија на сила одредбите од Изборниот законик. Со ова започнува и мониторингот на медиумското известување од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто до почетокот на изборната кампања ќе биде фокусиран на девет телевизиски програмски сервиси на државно ниво, а сите останати програмски сервиси ќе се мониторираат врз основа на претставка.

Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) треба да го почитуваат рокот од 3 дена за регистрација во Државната изборна комисија, односно од 5 дена за утврдување ценовници за ППР и нивна достава до надлежните институции – ДИК, ДЗР, ДКСК и АВМУ. Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за други правни лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект. Треба да се почитуваат правилата за објавување на резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, како и забраните за емитување ППР пред почетокот на изборната кампања, за емитување реклами финансирани од Буџетот, и забраната за истовремен ангажман на уредници, новинари, водители на програма и презентери во програмите на радиодифузерите и во предизборни активности на учесниците во изборна кампања.

Јавниот радиодифузен сервис и националните радиодифузери што одлучиле да го покриваат изборниот процес, се должни тоа да го прават во формат и на јазик пристапен и достапен за лицата со попреченост.

При известувањето за изборниот процес, радиодифузерите се должни да ги почитуваат професионалните начела за новинарската дејност, посебно начелото за објективно, непристрасно прикажување на настаните, со еднаков третман на различните гледишта и мислења, така што ќе ѝ овозможат на публиката слободно да оформи свое мислење за одделни настани и прашања. Воедно, сите радиодифузери се должни да ги почитуваат посебните забрани од членот 48 од ЗААВМУ.

Како и досега, Агенцијата, на својата веб страница постави банер со сите материјали поврзани со изборниот процес – законски и подзаконски акти, образец за претставки и сл. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и англиски јазик.

The post Радиодифузерите да го почитуваат изборниот законик appeared first on Република.

]]>

Со распишување на Претседателските и Парламентарните избори, закажани за 24 април односно 8 мај 2024 година, стапија на сила одредбите од Изборниот законик. Со ова започнува и мониторингот на медиумското известување од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто до почетокот на изборната кампања ќе биде фокусиран на девет телевизиски програмски сервиси на државно ниво, а сите останати програмски сервиси ќе се мониторираат врз основа на претставка. Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) треба да го почитуваат рокот од 3 дена за регистрација во Државната изборна комисија, односно од 5 дена за утврдување ценовници за ППР и нивна достава до надлежните институции – ДИК, ДЗР, ДКСК и АВМУ. Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за други правни лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект. Треба да се почитуваат правилата за објавување на резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, како и забраните за емитување ППР пред почетокот на изборната кампања, за емитување реклами финансирани од Буџетот, и забраната за истовремен ангажман на уредници, новинари, водители на програма и презентери во програмите на радиодифузерите и во предизборни активности на учесниците во изборна кампања. Јавниот радиодифузен сервис и националните радиодифузери што одлучиле да го покриваат изборниот процес, се должни тоа да го прават во формат и на јазик пристапен и достапен за лицата со попреченост. При известувањето за изборниот процес, радиодифузерите се должни да ги почитуваат професионалните начела за новинарската дејност, посебно начелото за објективно, непристрасно прикажување на настаните, со еднаков третман на различните гледишта и мислења, така што ќе ѝ овозможат на публиката слободно да оформи свое мислење за одделни настани и прашања. Воедно, сите радиодифузери се должни да ги почитуваат посебните забрани од членот 48 од ЗААВМУ. Како и досега, Агенцијата, на својата веб страница постави банер со сите материјали поврзани со изборниот процес – законски и подзаконски акти, образец за претставки и сл. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и англиски јазик.

The post Радиодифузерите да го почитуваат изборниот законик appeared first on Република.

]]>
АВМУ да ја повлече донацијата од 5 милиони денари за ИРЛ и да ја додели во транспарентна постапка, реагира Здружението Онлајнмедиа.мк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-da-ja-povleche-donatsijata-od-5-milioni-denari-za-irl-i-da-ja-dodeli-vo-transparentna-postapka-reagira-zdruzhenieto-onlajnmedia-mk/ Mon, 29 Jan 2024 17:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=738284

По одлуката на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) да ѝ додели 5 милиони денари на непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ), заради поддршка на „критичните гласови кои известуваат за теми кои се важни за граѓаните и ќе им помогнат да носат информирани одлуки“, како што се прецизира во одлуката, здружението Онлајнмедиа.мк бара системско решение при донирање државни пари за медиумите.

Ова е прва одлука со која АВМУ доделува донација на еден издавач на еден онлајн медиум. Бидејќи за реализацијата на оваа одлука се очекува позитивно мислење од Министерството за правда, Онлајнмедиа.мк укажува на фактот дека онлајн медиумите (интернет порталите) и нивните издавачи немаат регулиран статус во Законот за медиуми, односно во светлината на тој закон тие de jure не постојат. Трансферот на државни пари на ентитети кои Законот на медиуми не ги препознава како медиуми во основа е спорен од аспект на легалноста на таквата одлука.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bez-javen-povik-avmu-doniral-80-000-evra-drzhavni-pari-za-irl/

„Од тие причини, сметаме дека постои сериозна правна пречка за реализацијата на донацијата од АВМУ во полза на ИРЛ, со наведената намена, односно поврзана со улогата на ИРЛ како издавач на медиум и креатор на медиумски продукти.

Со цел во иднина да се отстранат ваквите пречки и да се превенираат други проблеми кои произлегуваат од нерегулираниот статус на интернет порталите во Законот за медиуми, ги повикуваме надлежното Министерство за информатичко општество и администрација и Владата итно да предложат соодветни измени и дополнувања на Законот за медиуми, какви што здружението Онлајнмедиа.мк предлага повеќе од една година.

Здружението ја повикува АВМУ да го осознае фактот дека во македонските медими, како во т.н. традиционални така и во онлајн-медиумите, постојат повеќе од еден критички гласови, повеќе медиумски организации кои известуваат за криминал, корупција и за други теми од јавен интерес, со кои на граѓаните им помагаат да носат информирани одлуки. Сите тие медиуми и медиумски организации требало да бидат информирани за намерата на АВМУ да донира државни пари со ваква намена и сите требало да добијат можност, во транспарентна постапка и врз основа на јавно објавени критериуми, да побараат ваква поддршка.

Здружението Онлајнмедиа.мк смета дека во случајов, со фаворизирање на само еден медиум, е прекршен принципот на транспарентна распределба на државни пари врз недискриминирачка основа, без оглед на претпоставката за добрите намери и на директорот на АВМУ и на Советот на оваа институција. Нагласуваме дека со арбитрерно, фаворизирачко и нетранспарентно субвенционирање на одделни собјекти со пари од даночните обврзници се создава основа за коруптивна пракса во дејноста и за дисторзија на медиумскиот пазар.

Поради тоа, Онлајнмедиа.мк ја повикува АВМУ да ја запре натамошната постапка за доделување на оваа донација, да ја повлече својата одлука и потоа јавно да ги информира сите медиуми за својата намера да додели донација со намената каква што е опишана во одлуката, како и со критериуми за аплицирање за донации. Дури потоа, во законски предвидената постапка, АВМУ би можела да донесе правилна одлука на која медиумска организација или организации ќе ја додели донацијата во висина од 5 милиони денари, доколку е оценето дека за тоа постои итна потреба.

Здружението уште еднаш сака да нагласи дека каков било трансфер на државни пари во медиуми чии основачи се приватни трговски друштва или невладини и профитни организации, мора да биде предмет на системско решение, кое ќе обезбеди високо ниво на недискриминација, трансппарентност и отчетност“, реагираат од Онлајнмедиа.мк.

The post АВМУ да ја повлече донацијата од 5 милиони денари за ИРЛ и да ја додели во транспарентна постапка, реагира Здружението Онлајнмедиа.мк appeared first on Република.

]]>

По одлуката на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) да ѝ додели 5 милиони денари на непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ), заради поддршка на „критичните гласови кои известуваат за теми кои се важни за граѓаните и ќе им помогнат да носат информирани одлуки“, како што се прецизира во одлуката, здружението Онлајнмедиа.мк бара системско решение при донирање државни пари за медиумите. Ова е прва одлука со која АВМУ доделува донација на еден издавач на еден онлајн медиум. Бидејќи за реализацијата на оваа одлука се очекува позитивно мислење од Министерството за правда, Онлајнмедиа.мк укажува на фактот дека онлајн медиумите (интернет порталите) и нивните издавачи немаат регулиран статус во Законот за медиуми, односно во светлината на тој закон тие de jure не постојат. Трансферот на државни пари на ентитети кои Законот на медиуми не ги препознава како медиуми во основа е спорен од аспект на легалноста на таквата одлука. https://republika.mk/vesti/makedonija/bez-javen-povik-avmu-doniral-80-000-evra-drzhavni-pari-za-irl/ „Од тие причини, сметаме дека постои сериозна правна пречка за реализацијата на донацијата од АВМУ во полза на ИРЛ, со наведената намена, односно поврзана со улогата на ИРЛ како издавач на медиум и креатор на медиумски продукти. Со цел во иднина да се отстранат ваквите пречки и да се превенираат други проблеми кои произлегуваат од нерегулираниот статус на интернет порталите во Законот за медиуми, ги повикуваме надлежното Министерство за информатичко општество и администрација и Владата итно да предложат соодветни измени и дополнувања на Законот за медиуми, какви што здружението Онлајнмедиа.мк предлага повеќе од една година. Здружението ја повикува АВМУ да го осознае фактот дека во македонските медими, како во т.н. традиционални така и во онлајн-медиумите, постојат повеќе од еден критички гласови, повеќе медиумски организации кои известуваат за криминал, корупција и за други теми од јавен интерес, со кои на граѓаните им помагаат да носат информирани одлуки. Сите тие медиуми и медиумски организации требало да бидат информирани за намерата на АВМУ да донира државни пари со ваква намена и сите требало да добијат можност, во транспарентна постапка и врз основа на јавно објавени критериуми, да побараат ваква поддршка. Здружението Онлајнмедиа.мк смета дека во случајов, со фаворизирање на само еден медиум, е прекршен принципот на транспарентна распределба на државни пари врз недискриминирачка основа, без оглед на претпоставката за добрите намери и на директорот на АВМУ и на Советот на оваа институција. Нагласуваме дека со арбитрерно, фаворизирачко и нетранспарентно субвенционирање на одделни собјекти со пари од даночните обврзници се создава основа за коруптивна пракса во дејноста и за дисторзија на медиумскиот пазар. Поради тоа, Онлајнмедиа.мк ја повикува АВМУ да ја запре натамошната постапка за доделување на оваа донација, да ја повлече својата одлука и потоа јавно да ги информира сите медиуми за својата намера да додели донација со намената каква што е опишана во одлуката, како и со критериуми за аплицирање за донации. Дури потоа, во законски предвидената постапка, АВМУ би можела да донесе правилна одлука на која медиумска организација или организации ќе ја додели донацијата во висина од 5 милиони денари, доколку е оценето дека за тоа постои итна потреба. Здружението уште еднаш сака да нагласи дека каков било трансфер на државни пари во медиуми чии основачи се приватни трговски друштва или невладини и профитни организации, мора да биде предмет на системско решение, кое ќе обезбеди високо ниво на недискриминација, трансппарентност и отчетност“, реагираат од Онлајнмедиа.мк.

The post АВМУ да ја повлече донацијата од 5 милиони денари за ИРЛ и да ја додели во транспарентна постапка, реагира Здружението Онлајнмедиа.мк appeared first on Република.

]]>
Без јавен повик, АВМУ донирал 80.000 евра државни пари за ИРЛ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bez-javen-povik-avmu-doniral-80-000-evra-drzhavni-pari-za-irl/ Mon, 29 Jan 2024 16:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=738273 Непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) доби 5 милиони денари од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ),...

The post Без јавен повик, АВМУ донирал 80.000 евра државни пари за ИРЛ appeared first on Република.

]]>
Непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) доби 5 милиони денари од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), за проверка на фактите во предизборниот период кои политичките кандидати ги изнесуваат за време на јавни настапи, гостувања во дебатни емисии, јавни дискусии и дебати, истражувања на јавно мислење, пр-објави или ветувања кои се повторуваат во речиси сите предизборни програми.

Според анализите на „Плусинфо“, ова е прва донација од АВМУ за истражувачко новинарство и за проверка на факти, како и прва донација на АВМУ на онлајн медиум. Трето, останува нејасно како од групата медиуми кои се профилираат и се декларираат како медиуми кои се занимаваат со истражувачко новинарство е избрана токму ИРЛ и четврто, издавачот на медиумот за кој станува збор е невладина и непрофитна организација.

Во одговор на прашањата на „Плусинфо“ до Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата, дали станува збор за државни пари доделени врз основа на јавен повик или во друга транспарентна постапка која би овозможила и други медиуми да бараат донации, АВМУ вели:

Донацијата којашто Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја додели на ИРЛ е во согласност со членовите 4,6,7, 9, 10 и 11 од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности. Постапката за одлучување е уредена со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно одлуката ја донесе Советот на Агенцијата врз основа на предлогот на директорот.

Една од надлежностите на Агенцијата е да ја поттикнува слободата на изразување и да се грижи за заштита на интересите на граѓаните во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Во современите демократски општества неопходно е практикувањето на истражувачкото новинарство со истовремено почитување на новинарските принципи и стандарди. Овој новинарски пристап придонесува за одговорно и отчетно владеење како и за откривање информации кои државните и јавните институции, компаниите или одредени личности ги поседуваат, но не сакаат да ги споделат со јавноста, а се од јавен интерес, или пак со нивното откривање преовладува јавниот интерес.

Истражувачкото новинарство бара многу труд, време и ресурси и веројатно тоа се главните причини поради кои недостасува во македонскиот медиумски простор. Имајќи го ова предвид, во контекст на поттикнување на професионализмот и поголема застапеност на истражувачките стории, Агенцијата ја додели споменатата донација.

Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности точно го уредува давањето и примањето на донациите и во него не е предвидено објавување јавен повик или конкурс. Примателот на донацијата е обврзан да ги користи средствата исклучиво за намената за која е дадена донацијата, а нивната исплата се реализира откако ќе биде потврден јавниот интерес од страна на Министерството за правда“.

Целиот текст на „Плусинфо

The post Без јавен повик, АВМУ донирал 80.000 евра државни пари за ИРЛ appeared first on Република.

]]>
АВМУ со остра осуда за вчерашниот напад врз телевизиската екипа на Алсат-М https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-so-ostra-osuda-za-vcherashniot-napad-vrz-televiziskata-ekipa-na-alsat-m/ Thu, 25 Jan 2024 13:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=736773

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот инцидент во Општина Чашка во кој телевизиската екипа на Алсат-М беше спречена да го сними протестот против воведување паралелка на албански јазик во основното училиште, како и да влезе во објектот на општината.

На новинарите и на медиумите мора да им се овозможи слободен и непречен пристап до сите настани, имајќи ја предвид нивната круцијална улога во информирањето за прашања од јавен интереси и во обезбедување транспарентност и одговорност.

Агенцијата како и досега потсетува дека секое попречување на работата на медиумите претставува директно загрозување на слободата и правото на информирање.

The post АВМУ со остра осуда за вчерашниот напад врз телевизиската екипа на Алсат-М appeared first on Република.

АВМУ поднесе тужба против МИОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-podnese-tuzhba-protiv-mioa/ Mon, 15 Jan 2024 13:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=733293

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесе тужба против Министерството за администрација и информатичко општество затоа што подолг временски период го прекршува Законот за ААВМУ така што на агенцијата и на другите корисници им префрла помалку средства од законски предвидените, сооппшти директорот на агенцијата, Зоран Трајчевски.

– Со измените на законот кои стапија во јули 2023 година точно се знаат средствата за АВМУ, МРТВ и Национална радиодифузија. Спротивно на заонската обврска, МИОА префрлува помалку средства од законски пропишаните. За последните шест месеци има добиено 80.000 евра помалку, за јануари имаме добиено речиси 20.000 евра помалку. Оваа состојба трае со години затоа што МИОА го користеше дискреционото право и префрлуваше помалку средства. Со измените на Законот за ААВМУ од 2018 година се пропиша дека за МРТВ, Македонска радиофизуција и за АВМУ ќе се обезбедуваат од Буџетот средства во висина од 0,8 до 1% од реализираните приходи од годината која претходни на фискалната година. Средствата беа преполовени поради дискреционото право на 0,5%.

Со измените од јули 2023 година беше укинато дискреционото право и АВМУ треба да добие 5 отсто. Предлагач на овој закон е МИОА против кого сега поднесуваме тужба.

Усогласувањето на македонската легислатива беше услов за овозможување пристап до програмата Креативна Европа 2021-2027 чиј буџет изнесува 2,5 милијарди евра. Од нив 1,58 милијарди евра се наменети за медиумите. Со непочитувањето на законот ќе им се скрати на македонските медиуми пристап до овие пари – рече Трајчевски.

Тој додаде дека Јавниот сервис, МРТВ исто така ќе поднесе тужба против МИОА затоа што средствата кои му се кратат се далеку поголеми од средствата за АВМУ.

The post АВМУ поднесе тужба против МИОА appeared first on Република.

АВМУ: Слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и е неприкосновена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-slobodata-na-izrazuvane-e-ustavno-garantirana-kategorija-i-e-neprikosnovena/ Sun, 12 Nov 2023 10:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=700693

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и како таква е неприкосновена, со што, како што наведува, се приклучува кон реакциите во врска со судската пресуда донесена од судијката Јованка Спировска Панева во случајот „Фероинвест против ИРЛ“, за сторијата „Заговор против воздухот“.

Оваа слобода може да биде ограничена само во одредени, точно определени случаи кога се загрозува јавната безбедност и мир, јавното здравје и слично. Граѓаните имаат право да бидат објективно, навремено и точно информирани за сите прашања кои се од исклучителна важност и се однесуваат на јавниот интерес и остварувањето на ова право треба да биде поттикнувано и охрабрувано од сите релевантни чинители во општеството, наведуваат од АВМУ.

Воедно, посочуваат дека објавувањето уреднички обликувани содржини, во кои не се прекршени професионалните новинарски стандарди кои притоа се емитувани и на јавниот сервис е во насока на остварување на слободата на говор и слободата на информирање и зачувувањето на интересот на граѓаните.

The post АВМУ: Слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и е неприкосновена appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и како таква е неприкосновена, со што, како што наведува, се приклучува кон реакциите во врска со судската пресуда донесена од судијката Јованка Спировска Панева во случајот „Фероинвест против ИРЛ“, за сторијата „Заговор против воздухот“. Оваа слобода може да биде ограничена само во одредени, точно определени случаи кога се загрозува јавната безбедност и мир, јавното здравје и слично. Граѓаните имаат право да бидат објективно, навремено и точно информирани за сите прашања кои се од исклучителна важност и се однесуваат на јавниот интерес и остварувањето на ова право треба да биде поттикнувано и охрабрувано од сите релевантни чинители во општеството, наведуваат од АВМУ. Воедно, посочуваат дека објавувањето уреднички обликувани содржини, во кои не се прекршени професионалните новинарски стандарди кои притоа се емитувани и на јавниот сервис е во насока на остварување на слободата на говор и слободата на информирање и зачувувањето на интересот на граѓаните.

The post АВМУ: Слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и е неприкосновена appeared first on Република.

]]>
АВМУ со осуда на навредите и дисквалификациите од страна на компанијата „Брако“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-so-osuda-na-navredite-i-diskvalifikatsiite-od-strana-na-kompanijata-brako/ Sun, 20 Aug 2023 09:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=673850

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од страна на компанијата ,„Брако”, упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со документарниот филм „Убиство во Тетово“.

Истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите поради што новинарите не смеат да бидат навредувани и јавно дискредитирани при отворањето и анализирањето прашања кои се од висок интерес. Напротив, медиумските работници треба да бидат поттикнувани и охрабрувани во вршењето на својата работа и информирањето на јавноста.

Доколку некоја засегната страна смета дека објавените информации не се точни или дека не се целосни треба да го искористи законско загарантираното право на одговор и исправка, односно демант. Воедно, за евентуалното непочитување на принципите и стандардите утврдени во новинарските кодекси можат да се искористат механизмите кои ги имаат воспоставено саморегулаторните тела, соопштуваат од АВМУ.

The post АВМУ со осуда на навредите и дисквалификациите од страна на компанијата „Брако“ appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од страна на компанијата ,„Брако”, упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со документарниот филм „Убиство во Тетово“. Истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите поради што новинарите не смеат да бидат навредувани и јавно дискредитирани при отворањето и анализирањето прашања кои се од висок интерес. Напротив, медиумските работници треба да бидат поттикнувани и охрабрувани во вршењето на својата работа и информирањето на јавноста. Доколку некоја засегната страна смета дека објавените информации не се точни или дека не се целосни треба да го искористи законско загарантираното право на одговор и исправка, односно демант. Воедно, за евентуалното непочитување на принципите и стандардите утврдени во новинарските кодекси можат да се искористат механизмите кои ги имаат воспоставено саморегулаторните тела, соопштуваат од АВМУ.

The post АВМУ со осуда на навредите и дисквалификациите од страна на компанијата „Брако“ appeared first on Република.

]]>
АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-mediumite-profesionalno-i-etichki-da-izvestuvaat-za-tragichni-nastani-osobeno-ako-se-vklucheni-maloletnitsi/ Wed, 10 May 2023 11:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=639252

Имајќи ги предвид неодамнешните случувања во Србија, како и претставките кои македонските граѓани ги упатуваат за начинот на информирање, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува сите медиуми, при известувањето за трагични настани, да се придржуваат до највисоките професионални стандарди и етички вредности. Ова особено се однесува на информирањето за настани во кои се вклучени малолетни лица кои се сторители или жртви на кривични дела.

Вестите и информативните програми не треба да се темелат на сензационализам туку треба да содржат проверени информации. Вклучувањето описи, сцени и/или глетки на насилство или друг материјал којшто може да го загрози физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и младите, мора да биде засновано на одговорна уредничка проценка за неопходноста на нивно прикажување.

Професионалната одговорност подразбира и дека жртвите на насилство треба да се третираат со максимална почит и да се води сметка за заштита на приватноста, човековото достоинство, како и личната болка и жалост на жртвите.

Покрај медиумите и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи треба да покажат максимална општествена одговорност при реемитување сервиси кои содржат програми со насилство, вулгарен говор и други непримерни содржини кои лошо влијаат врз малолетниците и генерално, можат да ја вознемират општата јавност со таквите содржини. Тоа значи дека треба да бидат особено внимателни при одлучувањето какви сервиси ќе реемитуваат и да применуваат најстроги технички мерки за родителска контрола, се наведува во соопштението од АВМУ.

The post АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници appeared first on Република.

]]>

Имајќи ги предвид неодамнешните случувања во Србија, како и претставките кои македонските граѓани ги упатуваат за начинот на информирање, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува сите медиуми, при известувањето за трагични настани, да се придржуваат до највисоките професионални стандарди и етички вредности. Ова особено се однесува на информирањето за настани во кои се вклучени малолетни лица кои се сторители или жртви на кривични дела. Вестите и информативните програми не треба да се темелат на сензационализам туку треба да содржат проверени информации. Вклучувањето описи, сцени и/или глетки на насилство или друг материјал којшто може да го загрози физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и младите, мора да биде засновано на одговорна уредничка проценка за неопходноста на нивно прикажување. Професионалната одговорност подразбира и дека жртвите на насилство треба да се третираат со максимална почит и да се води сметка за заштита на приватноста, човековото достоинство, како и личната болка и жалост на жртвите. Покрај медиумите и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи треба да покажат максимална општествена одговорност при реемитување сервиси кои содржат програми со насилство, вулгарен говор и други непримерни содржини кои лошо влијаат врз малолетниците и генерално, можат да ја вознемират општата јавност со таквите содржини. Тоа значи дека треба да бидат особено внимателни при одлучувањето какви сервиси ќе реемитуваат и да применуваат најстроги технички мерки за родителска контрола, се наведува во соопштението од АВМУ.

The post АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници appeared first on Република.

]]>
Немарна грешка е што беше пуштена серија со бугарски превод, велат од „Телеком“ откако граѓани бесно реагираа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nemarna-greshka-e-shto-beshe-pushtena-serija-so-bugarski-prevod-velat-od-telekom-otkako-gragani-besno-reagiraa/ Fri, 03 Mar 2023 15:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=615614

Изреволтирани граѓани кои го следеа каналот „Пикбокс“ преку мрежата на „Телеком“ вчера реагираа на социјалните мрежи дека серијата „Валандер“ беше пуштена со бугарски превод, без можност тој да се отстрани или промени.

https://republika.mk/tvitovi/sluchajno-blgarski-za-site-shto-gledaat-pikboks-vo-makedonija/

Од „Телеком“ велат дека веројатно станува збор за немарна грешка, за која сè уште се испитуваат причините.

Македонски Телеком врши реемитување на ТВ канали за кои има договори за соработка со радиодифузерите. Радиодифузерите се целосно одговорни за содржината на каналите, вклучително и нивната локализација на еден или повеќе јазици. Достапноста на одредени јазични верзии на превод за секој од каналите е исклучива одговорност на радиодифузерот. Македонски Телеком врши реемитување на каналите со или без одредени преводи согласно нивната достапност и законските одредби и регулативи во Македонија. Појавувањето на преводи на друг јазик, конкретно бугарски наместо македонски јазик на каналот Pick box е настанат најверојатно поради ненамерна грешка, за што сè уште се испитуваат причините. Веднаш откако беше увидена ваквата состојба, беше реагирано кај радиодифузерот и истиот го корегираше своето работење, велат во одговорот за „Република“.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објаснуваат дека употребата на титл кај странските сервиси е уредена со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно со член 64 став 2 во кој јасно е дефинирано дека „Доколку програмските сервиси што се реемитуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи се титлуваат на јазик различен од јазикот на кој оригинално се произведени, мора да бидат титлувани на македонски јазик, или на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, освен телешопингот и рекламите“.

Во конкретниот случај со „Пикбокс“, станува збор за програмски сервис за којшто дозвола за емитување издало хрватското регулаторно тело, што значи дека овој сервис, во контекст на погоре цитираниот член од ЗААВМУ може да се реемитува со титл на хрватски, македонски или на јазиците на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, но не и со бугарски титлови.

Агенцијата ќе ја следи состојбата со титлувањето на странските програмски сервиси кои се реемитуваат и писмено ќе се обрати до сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и ќе им укаже дословно да ја почитуваат ваквата законска одредба, во спротивно ќе следат санкции од страна на регулаторното тело, велат од АВМУ.

The post Немарна грешка е што беше пуштена серија со бугарски превод, велат од „Телеком“ откако граѓани бесно реагираа appeared first on Република.

]]>

Изреволтирани граѓани кои го следеа каналот „Пикбокс“ преку мрежата на „Телеком“ вчера реагираа на социјалните мрежи дека серијата „Валандер“ беше пуштена со бугарски превод, без можност тој да се отстрани или промени. https://republika.mk/tvitovi/sluchajno-blgarski-za-site-shto-gledaat-pikboks-vo-makedonija/ Од „Телеком“ велат дека веројатно станува збор за немарна грешка, за која сè уште се испитуваат причините.
Македонски Телеком врши реемитување на ТВ канали за кои има договори за соработка со радиодифузерите. Радиодифузерите се целосно одговорни за содржината на каналите, вклучително и нивната локализација на еден или повеќе јазици. Достапноста на одредени јазични верзии на превод за секој од каналите е исклучива одговорност на радиодифузерот. Македонски Телеком врши реемитување на каналите со или без одредени преводи согласно нивната достапност и законските одредби и регулативи во Македонија. Појавувањето на преводи на друг јазик, конкретно бугарски наместо македонски јазик на каналот Pick box е настанат најверојатно поради ненамерна грешка, за што сè уште се испитуваат причините. Веднаш откако беше увидена ваквата состојба, беше реагирано кај радиодифузерот и истиот го корегираше своето работење, велат во одговорот за „Република“.
Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објаснуваат дека употребата на титл кај странските сервиси е уредена со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно со член 64 став 2 во кој јасно е дефинирано дека „Доколку програмските сервиси што се реемитуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи се титлуваат на јазик различен од јазикот на кој оригинално се произведени, мора да бидат титлувани на македонски јазик, или на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, освен телешопингот и рекламите“. Во конкретниот случај со „Пикбокс“, станува збор за програмски сервис за којшто дозвола за емитување издало хрватското регулаторно тело, што значи дека овој сервис, во контекст на погоре цитираниот член од ЗААВМУ може да се реемитува со титл на хрватски, македонски или на јазиците на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, но не и со бугарски титлови.
Агенцијата ќе ја следи состојбата со титлувањето на странските програмски сервиси кои се реемитуваат и писмено ќе се обрати до сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и ќе им укаже дословно да ја почитуваат ваквата законска одредба, во спротивно ќе следат санкции од страна на регулаторното тело, велат од АВМУ.

The post Немарна грешка е што беше пуштена серија со бугарски превод, велат од „Телеком“ откако граѓани бесно реагираа appeared first on Република.

]]>
АВМУ го поддржа протестниот марш за одбрана на новинарското достоинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-go-poddrzha-protestniot-marsh-za-odbrana-na-novinarskoto-dostoinstvo/ Fri, 17 Feb 2023 12:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=610162

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го поддржа и се приклучи кон протестниот марш на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари, кој е израз на незадоволство на новинарите од нападите врз нив и општествените и социо-економските услови во кои тие работат.

Нападите, етикетирањата и омаловажувањето на медиумските работници, кои зачестија изминатиот период, се апсолутно неприфатливи, особено кога доаѓаат од носители на јавни функции. На овој начин се загрозува професионалното работење и безбедноста на новинарите и се поттикнува омраза и насилство поради што ваквото однесување во ниту случај не смее да стане пракса.

Само медиумските професионалци кои се ослободени од било каков притисок и на кои не им се загрозени работничките и човековите права, можат да придонесат за развојот на демократијата и за зачувување и промовирање на слободата на изразување и слободата на информирање.

The post АВМУ го поддржа протестниот марш за одбрана на новинарското достоинство appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го поддржа и се приклучи кон протестниот марш на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари, кој е израз на незадоволство на новинарите од нападите врз нив и општествените и социо-економските услови во кои тие работат. Нападите, етикетирањата и омаловажувањето на медиумските работници, кои зачестија изминатиот период, се апсолутно неприфатливи, особено кога доаѓаат од носители на јавни функции. На овој начин се загрозува професионалното работење и безбедноста на новинарите и се поттикнува омраза и насилство поради што ваквото однесување во ниту случај не смее да стане пракса. Само медиумските професионалци кои се ослободени од било каков притисок и на кои не им се загрозени работничките и човековите права, можат да придонесат за развојот на демократијата и за зачувување и промовирање на слободата на изразување и слободата на информирање.

The post АВМУ го поддржа протестниот марш за одбрана на новинарското достоинство appeared first on Република.

]]>
АВМУ со осуда на однесувањето на Апасиев кон новинарот Златев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-so-osuda-na-odnesuvaneto-na-apasiev-kon-novinarot-zlatev/ Tue, 14 Feb 2023 09:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=608724

Во врска со недоличните зборови на пратеникот Димитар Апасиев упатени кон новинарот Љупчо Златев на социјалната мрежа „Фејсбук“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека носителите на јавни функции треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на достоинството на медиумските работници.

Сите, а особено политичарите и носителите на јавни функции треба да се воздржат од омаловажување, навредување и непримерна комуникација и јавните дебати треба да ги водат со аргументи, меѓусебно почитување и на јазик којшто ги промовира демократските вредности.

The post АВМУ со осуда на однесувањето на Апасиев кон новинарот Златев appeared first on Република.

]]>

Во врска со недоличните зборови на пратеникот Димитар Апасиев упатени кон новинарот Љупчо Златев на социјалната мрежа „Фејсбук“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека носителите на јавни функции треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на достоинството на медиумските работници. Сите, а особено политичарите и носителите на јавни функции треба да се воздржат од омаловажување, навредување и непримерна комуникација и јавните дебати треба да ги водат со аргументи, меѓусебно почитување и на јазик којшто ги промовира демократските вредности.

The post АВМУ со осуда на однесувањето на Апасиев кон новинарот Златев appeared first on Република.

]]>
АВМУ: Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-radiodifuzerite-utre-da-ja-prilagodat-programata-so-denot-na-zhalost/ Sun, 12 Feb 2023 21:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=608163

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги повикува радиодифузерите утре соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост, што го прогласи Владата за жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.

-Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат утре, да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е да не се емитува рекламирање, соопшти ААВМУ

The post АВМУ: Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги повикува радиодифузерите утре соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост, што го прогласи Владата за жртвите од земјотресите во Турција и Сирија. -Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат утре, да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е да не се емитува рекламирање, соопшти ААВМУ

The post АВМУ: Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост appeared first on Република.

]]>