Авиосообраќај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aviosoobrakjaj/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 14:35:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Авиосообраќај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aviosoobrakjaj/ 32 32 Се повеќе патници летаат за Грција: Сообраќајот на грчките аеродроми зголемен за 9,5 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-poveke-patnitsi-letaat-za-grtsija-soobrakajot-na-grchkite-aerodromi-zgolemen-za-9-5-otsto/ Tue, 20 Aug 2024 15:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=808367

Во периодот јануари - јули 2024 година патничкиот сообраќај на сите 39 аеродроми во Грција се зголемил за 9,5 отсто, покажуваат прелиминарните статистички податоците од Службата за цивилно воздухопловство.

Оваа година, бројот на патници е за над три милиони повисок од лани, односно во изминатите седум месеци изнесува 42.538.219, наспроти 38.833.074 патници во истиот период лани.

Што се однесува на сообраќајот на авиони, домашните и меѓународните слетувања и полетувања зголемени се за 6,9 проценти на сите 39 аеродроми во земјата чија контрола на воздушниот сообраќај главно ја врши конкретната служба.

Лани, во периодот јануари - јули имало 306.982, а оваа година 328.272 летови.

The post Се повеќе патници летаат за Грција: Сообраќајот на грчките аеродроми зголемен за 9,5 отсто appeared first on Република.

]]>

Во периодот јануари - јули 2024 година патничкиот сообраќај на сите 39 аеродроми во Грција се зголемил за 9,5 отсто, покажуваат прелиминарните статистички податоците од Службата за цивилно воздухопловство. Оваа година, бројот на патници е за над три милиони повисок од лани, односно во изминатите седум месеци изнесува 42.538.219, наспроти 38.833.074 патници во истиот период лани. Што се однесува на сообраќајот на авиони, домашните и меѓународните слетувања и полетувања зголемени се за 6,9 проценти на сите 39 аеродроми во земјата чија контрола на воздушниот сообраќај главно ја врши конкретната служба. Лани, во периодот јануари - јули имало 306.982, а оваа година 328.272 летови.

The post Се повеќе патници летаат за Грција: Сообраќајот на грчките аеродроми зголемен за 9,5 отсто appeared first on Република.

]]>
Компанијата стана неконкурентна поради забраната да лета над Русија: „Бритиш ервејс“ ги укинува летовите кон Кина и Хонг Конг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kompanijata-stana-nekonkurentna-poradi-zabranata-da-leta-nad-rusija-british-ervejs-gi-ukinuva-letovite-kon-kina-i-hong-kong/ Sun, 11 Aug 2024 10:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=805404

Британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“ планира да ги прекине летовите од Лондон до Пекинг и Хонг Конг, кои претходно сообраќаа два пати на ден, пишува „Ројтерс“.

Како што пишува агенцијата, причина за ваквата одлука на британската компанија е тоа што нејзините авиони се принудени да летаат околу Русија, поради што не може да се натпреварува со кинеските авиокомпании, кои не мора да го прават тоа.

Кинеските авиокомпании го зголемуваат својот пазарен удел на меѓународните линии меѓу Европа и Азија, бидејќи, за разлика од западните компании, го користат рускиот воздушен простор.

Трошоците на кинеските превозници се за 30% помали од нивните западни конкуренти“, вели Џон Грант, виш аналитичар во ОАГ.

Според „Флајрадар 24“ лет на „Бритиш Ервејс“ Пекинг-Лондон приближно трае 2 - 2,5 часа подолго од истиот лет на комапнијата „Јужна Кина“.

Од избувнувањето на војната во Украина во 2022 година, кинеските превозници продолжија да оперираат пократки северни рути до Европа и Cеверна Америка преку огромниот воздушен простор на Русија.

Спротивно на тоа, авиокомпаниите во Европа, САД и на други места добија забрана од официјална Москва да летаат во рускиот воздушен простор или одлучија да не летаат над него од безбедносни причини.

Ова ја зголеми економската  предност на кинеските авиокомпании и им овозможи да заземат поголем дел од меѓународниот пазар.

The post Компанијата стана неконкурентна поради забраната да лета над Русија: „Бритиш ервејс“ ги укинува летовите кон Кина и Хонг Конг appeared first on Република.

]]>

Британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“ планира да ги прекине летовите од Лондон до Пекинг и Хонг Конг, кои претходно сообраќаа два пати на ден, пишува „Ројтерс“. Како што пишува агенцијата, причина за ваквата одлука на британската компанија е тоа што нејзините авиони се принудени да летаат околу Русија, поради што не може да се натпреварува со кинеските авиокомпании, кои не мора да го прават тоа. Кинеските авиокомпании го зголемуваат својот пазарен удел на меѓународните линии меѓу Европа и Азија, бидејќи, за разлика од западните компании, го користат рускиот воздушен простор.
Трошоците на кинеските превозници се за 30% помали од нивните западни конкуренти“, вели Џон Грант, виш аналитичар во ОАГ.
Според „Флајрадар 24“ лет на „Бритиш Ервејс“ Пекинг-Лондон приближно трае 2 - 2,5 часа подолго од истиот лет на комапнијата „Јужна Кина“. Од избувнувањето на војната во Украина во 2022 година, кинеските превозници продолжија да оперираат пократки северни рути до Европа и Cеверна Америка преку огромниот воздушен простор на Русија. Спротивно на тоа, авиокомпаниите во Европа, САД и на други места добија забрана од официјална Москва да летаат во рускиот воздушен простор или одлучија да не летаат над него од безбедносни причини. Ова ја зголеми економската  предност на кинеските авиокомпании и им овозможи да заземат поголем дел од меѓународниот пазар.

The post Компанијата стана неконкурентна поради забраната да лета над Русија: „Бритиш ервејс“ ги укинува летовите кон Кина и Хонг Конг appeared first on Република.

]]>
Русија им забрани на своите авиокомпании да летаат ноќе над Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-im-zabrani-na-svoite-aviokompanii-da-letaat-noke-nad-izrael/ Sat, 10 Aug 2024 08:39:48 +0000 https://republika.mk/?p=805117

Руската управа за цивилна авијација им забрани на руските авиопревозници да летаат на израелското небо во наредните ноќи.

Ограничувањето ја опфаќа временската зона помеѓу 22:00 и 04:00 часот по Гринич и ќе стапи во сила за првпат вечерва. Тоа ќе биде во сила до 09:00 часот по Гринич на 16 август, се вели во соопштение на „Росавијација“.

Не е наведена причина, иако тоа очигледно е поврзано со стравувањата од ирански воздушен напад врз Израел, јави ДПА.

Дневните летови на израелското небо остануваат дозволени.

The post Русија им забрани на своите авиокомпании да летаат ноќе над Израел appeared first on Република.

]]>

Руската управа за цивилна авијација им забрани на руските авиопревозници да летаат на израелското небо во наредните ноќи.
Ограничувањето ја опфаќа временската зона помеѓу 22:00 и 04:00 часот по Гринич и ќе стапи во сила за првпат вечерва. Тоа ќе биде во сила до 09:00 часот по Гринич на 16 август, се вели во соопштение на „Росавијација“.
Не е наведена причина, иако тоа очигледно е поврзано со стравувањата од ирански воздушен напад врз Израел, јави ДПА. Дневните летови на израелското небо остануваат дозволени.

The post Русија им забрани на своите авиокомпании да летаат ноќе над Израел appeared first on Република.

]]>
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите ширум Европа се последица на временските услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vizer-odlozhuvanata-i-otkazhuvanata-na-letovite-shirum-evropa-se-posleditsa-na-vremenskite-uslovi/ Fri, 28 Jun 2024 16:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=791645

Во изминатите неколку дена, европскиот воздушен простор беше сериозно погоден поради проблеми со управувањето со аеродромските места предизвикани од повеќекратни, истовремени временски настани што се случуваат низ цела Европа. Овие настани ги нарушија способностите на властите за контрола на летање и на Еуроконтрол да управуваат со обемот на сообраќај низ целата индустрија, што доведе до големи одложувања и откажувања низ европската авио индустрија.

Овие настани влијаеја на операциите на „Визер“, како и на операциите на другите авиокомпании ширум Европа.

Само на 26 јуни, европскиот воздушен простор имаше околу 450.000 минути задоцнување, од кои 360.000 произлегуваат од временските услови, со значителни доцнења од 3 часа. Мрежата на „Визер“ претрпе преку 30.000 дополнителни минути доцнење на аеродромот во изминатите четири недели во споредба со истиот период минатата година, како резултат на оваа несекојдневна ситуација.

Се извинуваме за непријатностите кај дел од нашите патници предизвикани од оваа ситуација, но за жал, овој проблем е надвор од наша контрола. „Визер“ беше подготвен да обезбеди непречено летно работење за своите патници; сепак, системот за контрола на летање се чини дека се соочува со значајни проблеми ова лето. Како индустрија, ние сме принудени овие прашања да ги пренесеме до релевантните органи за управување со воздушниот сообраќај, вклучувајќи го и Еуроконтрол, за да се осигураме дека се спроведуваат соодветни мерки за да се минимизираат нарушувањата.

Како и секогаш, „Визер“ ќе ги информира своите патници кои резервирале директно преку авиокомпанијата за какви било промени во распоредот преку смс и е-пошта. „Визер“ секогаш ги советува патниците да резервираат директно на нивната веб страна или апликација за да обезбедат навремени ажурирања на резервацијата и директна помош за своите патници. Во случај патниците да имаат резервации преку онлајн туристички агенции (OTA) и други трети страни, тие треба да го проверат статусот на нивниот лет и да побараат промени преку претставниците на OTA.

Важно е да се напомене дека ова прашање влијае на многу авиокомпании, затоа капацитетите на хотелите низ Европа може да бидат ограничени. „Визер“ прави се за да прими што е можно повеќе патници, но во случај надворешните партнери да не можат да ги поддржат сите барања поради недостапност на соби, од патниците може да биде побарано да организираат сопствено сместување. Патниците може да се уверат дека ќе можат да бараат надомест на релевантни трошоци до разумен износ преку официјалната веб-страница на „Визер“, се вели во соопштението на компанијата.

The post Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите ширум Европа се последица на временските услови appeared first on Република.

]]>

Во изминатите неколку дена, европскиот воздушен простор беше сериозно погоден поради проблеми со управувањето со аеродромските места предизвикани од повеќекратни, истовремени временски настани што се случуваат низ цела Европа. Овие настани ги нарушија способностите на властите за контрола на летање и на Еуроконтрол да управуваат со обемот на сообраќај низ целата индустрија, што доведе до големи одложувања и откажувања низ европската авио индустрија. Овие настани влијаеја на операциите на „Визер“, како и на операциите на другите авиокомпании ширум Европа.
Само на 26 јуни, европскиот воздушен простор имаше околу 450.000 минути задоцнување, од кои 360.000 произлегуваат од временските услови, со значителни доцнења од 3 часа. Мрежата на „Визер“ претрпе преку 30.000 дополнителни минути доцнење на аеродромот во изминатите четири недели во споредба со истиот период минатата година, како резултат на оваа несекојдневна ситуација.   Се извинуваме за непријатностите кај дел од нашите патници предизвикани од оваа ситуација, но за жал, овој проблем е надвор од наша контрола. „Визер“ беше подготвен да обезбеди непречено летно работење за своите патници; сепак, системот за контрола на летање се чини дека се соочува со значајни проблеми ова лето. Како индустрија, ние сме принудени овие прашања да ги пренесеме до релевантните органи за управување со воздушниот сообраќај, вклучувајќи го и Еуроконтрол, за да се осигураме дека се спроведуваат соодветни мерки за да се минимизираат нарушувањата.   Како и секогаш, „Визер“ ќе ги информира своите патници кои резервирале директно преку авиокомпанијата за какви било промени во распоредот преку смс и е-пошта. „Визер“ секогаш ги советува патниците да резервираат директно на нивната веб страна или апликација за да обезбедат навремени ажурирања на резервацијата и директна помош за своите патници. Во случај патниците да имаат резервации преку онлајн туристички агенции (OTA) и други трети страни, тие треба да го проверат статусот на нивниот лет и да побараат промени преку претставниците на OTA.   Важно е да се напомене дека ова прашање влијае на многу авиокомпании, затоа капацитетите на хотелите низ Европа може да бидат ограничени. „Визер“ прави се за да прими што е можно повеќе патници, но во случај надворешните партнери да не можат да ги поддржат сите барања поради недостапност на соби, од патниците може да биде побарано да организираат сопствено сместување. Патниците може да се уверат дека ќе можат да бараат надомест на релевантни трошоци до разумен износ преку официјалната веб-страница на „Визер“, се вели во соопштението на компанијата.

The post Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите ширум Европа се последица на временските услови appeared first on Република.

]]>
Над три милиони патници лани минале на скопскиот и на охридскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nad-tri-milioni-patnitsi-lani-minale-na-skopskiot-i-na-ohridskiot-aerodrom/ Wed, 01 May 2024 08:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=772932

Пораст од 33 отсто во патничкиот сообраќај регистрираат двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во 2023 година, споредено со 2022 година. Ланскиот број на патници го надмина и рекордот од 2019, кога низ двата аеродрома беа опслужени 2,7 милиони. Минатата година биле регистирани 24 илјади летови до 46 дестинација на Скопскиот, четири на Охридскиот и дополнителни сезонски авиолинии во летна сезона или вкупно 3,15 милиони патници.

Македонскиот авиосообраќај е со втор најголем раст на превоз во Европа во 2023 година во однос на 2022 година. Забележани се над 250 илјади воздухопловни операции во 2023 година.

Според статистиката за 2023 година најмногу се патувало кон Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 10,9% пазарен удел), Базел Милуз (6,4%), Цирих (5,4%), Франкфурт (4,7%), Дортмунд (4,5%), Виена (4,4%), Минхен Меминген (4,3%), Анталија (3,2%), Хамбург и Келн (по 2,7%).

Топ 5 земји со директни летови за 2023 година биле Германија (28,3% пазарен удел); Турција (16,1%); Швајцарија (13,4%); Шведска (6,5%); и Италија (6,4%).

Кон крајот на 2022 година Владата објави повик за субвенционирани авиолетови за периодот од 2023 до 2025 година. Условите и критеримуните од повикот ги исполнија Германската авиокоманија „Луфтханза“ која воведе нова авиолинија од Скопје до Франкфурт, и „Виз Ер“ која воведе четири нови линии од Скопје до Луксембург, Штутгaрт, Салцубург и до Љубљана.

Финансиската поддршка која Владата им ја исплаќа на овие авиокомпании изнесува седум евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид. Министерството за транспорт и врски во својот буџет за 2023 предвиде 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма.

Сметаме дека е од големо значење за државата, но и граѓаните зошто аеродромот во Франкфурт е еден од најголемите во Европа и поврзува со 200 меѓународни дестинации. Финансиската поддршка авиокомпаниите ја добиваат за период од три години. По истекот на тригодишниот рок, авиопревозниците имаат обврска да продолжат да оперираат на линиите. Односно, и во наредните три години. Во спротивно, ќе мора да го вратат целиот износ што ги добиле како финансиска поддршка“, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

The post Над три милиони патници лани минале на скопскиот и на охридскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Пораст од 33 отсто во патничкиот сообраќај регистрираат двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во 2023 година, споредено со 2022 година. Ланскиот број на патници го надмина и рекордот од 2019, кога низ двата аеродрома беа опслужени 2,7 милиони. Минатата година биле регистирани 24 илјади летови до 46 дестинација на Скопскиот, четири на Охридскиот и дополнителни сезонски авиолинии во летна сезона или вкупно 3,15 милиони патници. Македонскиот авиосообраќај е со втор најголем раст на превоз во Европа во 2023 година во однос на 2022 година. Забележани се над 250 илјади воздухопловни операции во 2023 година. Според статистиката за 2023 година најмногу се патувало кон Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 10,9% пазарен удел), Базел Милуз (6,4%), Цирих (5,4%), Франкфурт (4,7%), Дортмунд (4,5%), Виена (4,4%), Минхен Меминген (4,3%), Анталија (3,2%), Хамбург и Келн (по 2,7%). Топ 5 земји со директни летови за 2023 година биле Германија (28,3% пазарен удел); Турција (16,1%); Швајцарија (13,4%); Шведска (6,5%); и Италија (6,4%). Кон крајот на 2022 година Владата објави повик за субвенционирани авиолетови за периодот од 2023 до 2025 година. Условите и критеримуните од повикот ги исполнија Германската авиокоманија „Луфтханза“ која воведе нова авиолинија од Скопје до Франкфурт, и „Виз Ер“ која воведе четири нови линии од Скопје до Луксембург, Штутгaрт, Салцубург и до Љубљана. Финансиската поддршка која Владата им ја исплаќа на овие авиокомпании изнесува седум евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид. Министерството за транспорт и врски во својот буџет за 2023 предвиде 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма.
Сметаме дека е од големо значење за државата, но и граѓаните зошто аеродромот во Франкфурт е еден од најголемите во Европа и поврзува со 200 меѓународни дестинации. Финансиската поддршка авиокомпаниите ја добиваат за период од три години. По истекот на тригодишниот рок, авиопревозниците имаат обврска да продолжат да оперираат на линиите. Односно, и во наредните три години. Во спротивно, ќе мора да го вратат целиот износ што ги добиле како финансиска поддршка“, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

The post Над три милиони патници лани минале на скопскиот и на охридскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
„Луфтханза“ предупредува: Поради штрајкот утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lufthanza-predupreduva-poradi-shtrajkot-utre-ke-bidat-otkazhani-do-90-otsto-od-letovite/ Tue, 06 Feb 2024 14:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=741109

Авиокомпанијата Луфтханза предвидува дека утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите на германските аеродроми, поради повиците за штрајк на копнениот персонал кој бара повисоки плати.

Поради штрајкот, во моментов претпоставуваме дека 10 до 20 отсто од распоредот на летови на Луфтханза ќе биде достапен на 7 февруари, објави германската авиокомпанија на својата веб-страница.

Синдикатот Верди започна повик за предупредувачки штрајк како дел од спорот за платата на персоналот кој работи со патниците на аеродромот. Таму има 25.000 вработени.

Ова се надополнува на долгиот список штрајкови во последниве месеци на различни сфери во Германија, каде што инфлацијата ја намалува куповната моќ и ги зголемува тензиите меѓу работниците и раководството на компанијата во преговорите за годишните плати.

Синдикатот Верди бара зголемување на платите за 12,5 отсто во период од 12 месеци за вработените во Луфтханза.

Штрајкот од 24 часа ќе го погоди најголемиот аеродром во Германија, Франкфурт, како и аеродромите во Минхен, Хамбург, Берлин и Дизелдорф.

Луфтханза ги повика патниците да се појават на аеродромот само доколку нивниот лет не е откажан.

The post „Луфтханза“ предупредува: Поради штрајкот утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите appeared first on Република.

]]>

Авиокомпанијата Луфтханза предвидува дека утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите на германските аеродроми, поради повиците за штрајк на копнениот персонал кој бара повисоки плати.
Поради штрајкот, во моментов претпоставуваме дека 10 до 20 отсто од распоредот на летови на Луфтханза ќе биде достапен на 7 февруари, објави германската авиокомпанија на својата веб-страница.
Синдикатот Верди започна повик за предупредувачки штрајк како дел од спорот за платата на персоналот кој работи со патниците на аеродромот. Таму има 25.000 вработени. Ова се надополнува на долгиот список штрајкови во последниве месеци на различни сфери во Германија, каде што инфлацијата ја намалува куповната моќ и ги зголемува тензиите меѓу работниците и раководството на компанијата во преговорите за годишните плати. Синдикатот Верди бара зголемување на платите за 12,5 отсто во период од 12 месеци за вработените во Луфтханза. Штрајкот од 24 часа ќе го погоди најголемиот аеродром во Германија, Франкфурт, како и аеродромите во Минхен, Хамбург, Берлин и Дизелдорф. Луфтханза ги повика патниците да се појават на аеродромот само доколку нивниот лет не е откажан.

The post „Луфтханза“ предупредува: Поради штрајкот утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите appeared first on Република.

]]>
Утре Германија го затвора небото, авиосообраќајот во целосен прекин поради штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utre-germanija-go-zatvora-neboto-aviosoobrakajot-vo-tselosen-prekin-poradi-shtrajk/ Wed, 31 Jan 2024 08:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=738794

По штрајкот на машиновозачите, патниците во Германија се соочуваат со уште два транспортни штрајка оваа недела: синдикатот Верди ги повика работниците за безбедност на аеродромите да штрајкуваат в четврток и вработените во јавниот транспорт низ целата земја, вклучително и Берлин, в петок.

Како што стојат работите во моментов, сообраќајот ќе биде целосно во прекин на повеќето аеродроми в четврток, соопшти управата на аеродромот Берлин-Бранденбург.

Според досегашните сознанија, нема да има полетувања ниту слетувања на авиони на големите аеродроми како Франкфурт, Хамбург, Берлин, Келн и Дизелдорф. Во штрајкот ќе учествуваат контролорите на летот, безбедносниот персонал во контролата на патниците и карго и аеродромската служба.

Синдикатот на работниците во јавните служби Верди го образложи еднодневниот предупредувачки штрајк со досегашните одолговлекувања на преговорите за новите колективни договори со претставници на здружението на работодавци во осигурување во авиосообраќај.

Пред тоа, Верди повика околу 90.000 вработени во градските служби за јавен превоз на еднодневен предупредувачки штрајк в петок. Штрајкот го засега јавниот транспорт во над 80 градови, вклучувајќи го и Берлин.

Завчера наутро предвреме заврши штрајкот на машиновозачите на Германските железници, кој минатата недела го парализираше железничкиот сообраќај во Германија.

The post Утре Германија го затвора небото, авиосообраќајот во целосен прекин поради штрајк appeared first on Република.

Според досегашните сознанија, нема да има полетувања ниту слетувања на авиони на големите аеродроми како Франкфурт, Хамбург, Берлин, Келн и Дизелдорф. Во штрајкот ќе учествуваат контролорите на летот, безбедносниот персонал во контролата на патниците и карго и аеродромската служба. Синдикатот на работниците во јавните служби Верди го образложи еднодневниот предупредувачки штрајк со досегашните одолговлекувања на преговорите за новите колективни договори со претставници на здружението на работодавци во осигурување во авиосообраќај. Пред тоа, Верди повика околу 90.000 вработени во градските служби за јавен превоз на еднодневен предупредувачки штрајк в петок. Штрајкот го засега јавниот транспорт во над 80 градови, вклучувајќи го и Берлин. Завчера наутро предвреме заврши штрајкот на машиновозачите на Германските железници, кој минатата недела го парализираше железничкиот сообраќај во Германија.

The post Утре Германија го затвора небото, авиосообраќајот во целосен прекин поради штрајк appeared first on Република.

]]>
Хаос во Германија: Утре блокада на авиосообраќајот, задутре на градскиот транспорт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/haos-vo-germanija-utre-blokada-na-aviosoobrakajot-zadutre-na-gradskiot-transport/ Wed, 31 Jan 2024 07:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=738791

По штрајкот на машиновозачите, патниците во Германија се соочуваат со уште два транспортни штрајка оваа недела: синдикатот Верди ги повика работниците за безбедност на аеродромите да штрајкуваат в четврток и вработените во јавниот транспорт низ целата земја, вклучително и Берлин, в петок.

Како што стојат работите во моментов, сообраќајот ќе биде целосно во прекин на повеќето аеродроми в четврток, соопшти управата на аеродромот Берлин-Бранденбург.

Според досегашните сознанија, нема да има полетувања ниту слетувања на авиони на големите аеродроми како Франкфурт, Хамбург, Берлин, Келн и Дизелдорф. Во штрајкот ќе учествуваат контролорите на летот, безбедносниот персонал во контролата на патниците и карго и аеродромската служба.

Синдикатот на работниците во јавните служби Верди го образложи еднодневниот предупредувачки штрајк со досегашните одолговлекувања на преговорите за новите колективни договори со претставници на здружението на работодавци во осигурување во авиосообраќај.

Пред тоа, Верди повика околу 90.000 вработени во градските служби за јавен превоз на еднодневен предупредувачки штрајк в петок. Штрајкот го засега јавниот транспорт во над 80 градови, вклучувајќи го и Берлин.

Завчера наутро предвреме заврши штрајкот на машиновозачите на Германските железници, кој минатата недела го парализираше железничкиот сообраќај во Германија.

The post Хаос во Германија: Утре блокада на авиосообраќајот, задутре на градскиот транспорт appeared first on Република.

]]>

По штрајкот на машиновозачите, патниците во Германија се соочуваат со уште два транспортни штрајка оваа недела: синдикатот Верди ги повика работниците за безбедност на аеродромите да штрајкуваат в четврток и вработените во јавниот транспорт низ целата земја, вклучително и Берлин, в петок.
Како што стојат работите во моментов, сообраќајот ќе биде целосно во прекин на повеќето аеродроми в четврток, соопшти управата на аеродромот Берлин-Бранденбург.
Според досегашните сознанија, нема да има полетувања ниту слетувања на авиони на големите аеродроми како Франкфурт, Хамбург, Берлин, Келн и Дизелдорф. Во штрајкот ќе учествуваат контролорите на летот, безбедносниот персонал во контролата на патниците и карго и аеродромската служба. Синдикатот на работниците во јавните служби Верди го образложи еднодневниот предупредувачки штрајк со досегашните одолговлекувања на преговорите за новите колективни договори со претставници на здружението на работодавци во осигурување во авиосообраќај. Пред тоа, Верди повика околу 90.000 вработени во градските служби за јавен превоз на еднодневен предупредувачки штрајк в петок. Штрајкот го засега јавниот транспорт во над 80 градови, вклучувајќи го и Берлин. Завчера наутро предвреме заврши штрајкот на машиновозачите на Германските железници, кој минатата недела го парализираше железничкиот сообраќај во Германија.

The post Хаос во Германија: Утре блокада на авиосообраќајот, задутре на градскиот транспорт appeared first on Република.

]]>
Еве што се случувало: Патниците од Македонија не се директно виновни за хаосот на аеродромот во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eve-shto-se-sluchuvalo-patnitsite-od-makedonija-ne-se-direktno-vinovni-za-haosot-na-aerodromot-vo-belgrad/ Sun, 21 Jan 2024 20:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=735224

Хаосот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ не го предизвикале директно патниците од Македонија, туку проблеми настанале поради грешка во функционирањето на услугите на операторот на аеродромот.

Денеска околу 17:00 часот во транзитната зона дошло до мешање на патници кои пристигнале од Скопје со други патници кои имале намера да патуваат до европски и светски дестинации, а кои претходно биле проверени за лични и проверки на багажот. Патниците кои слетале во 16:16 часот на лет од Скопје со автобус по грешка биле однесени на погрешна капија, каде влегле во транзитниот простор и се измешале со патниците кои поминале безбедносни контроли. На барање на операторот на белградскиот аеродром, МУП ја прекина пасошката контрола на излезот од Србија во 17 часот и 22 минути“, изјавила помошник-министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Верица Јечменицаза српските медиуми.

Инцидентот настанал кога патниците од Скопје по грешка биле однесени на погрешен гејт, каде што се измешале со патници кои веќе ги поминале безбедносните контроли.

Во тек се инспекциски надзори, по кои ресорното министерство ќе поведе постапка против операторите и одговорните лица.

The post Еве што се случувало: Патниците од Македонија не се директно виновни за хаосот на аеродромот во Белград appeared first on Република.

]]>

Хаосот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ не го предизвикале директно патниците од Македонија, туку проблеми настанале поради грешка во функционирањето на услугите на операторот на аеродромот.
Денеска околу 17:00 часот во транзитната зона дошло до мешање на патници кои пристигнале од Скопје со други патници кои имале намера да патуваат до европски и светски дестинации, а кои претходно биле проверени за лични и проверки на багажот. Патниците кои слетале во 16:16 часот на лет од Скопје со автобус по грешка биле однесени на погрешна капија, каде влегле во транзитниот простор и се измешале со патниците кои поминале безбедносни контроли. На барање на операторот на белградскиот аеродром, МУП ја прекина пасошката контрола на излезот од Србија во 17 часот и 22 минути“, изјавила помошник-министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Верица Јечменицаза српските медиуми.
Инцидентот настанал кога патниците од Скопје по грешка биле однесени на погрешен гејт, каде што се измешале со патници кои веќе ги поминале безбедносните контроли. Во тек се инспекциски надзори, по кои ресорното министерство ќе поведе постапка против операторите и одговорните лица.

The post Еве што се случувало: Патниците од Македонија не се директно виновни за хаосот на аеродромот во Белград appeared first on Република.

]]>
Поради патници од Македонија запрен авионскиот сообраќај на аеродромот во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poradi-patnitsi-od-makedonija-zapren-avionskiot-soobrakaj-na-aerodromot-vo-belgrad/ Sun, 21 Jan 2024 17:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=735202

Авиосообраќајот на аеродромот „Никола Теска“ во Белград, Србија е во целосен прекин, пренесуваат српските медиуми, додавајќи дека ќе нема полетувања и пристигнувања во наредните два часа, поради „проблем во безбедносната контрола“.

Проблемот наводно настанал кога патниците кои долетале од Македонија по слетувањето влегле во автобусот, кој по грешка ги однел на погрешен гејт. Така тие завршиле во транзитната зона, каде што не им е дозволено да бидат бидејќи Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа.

Патниците од Скопје се запрени и подоцна ќе мора да ги поминат сите безбедносни контроли за да може да продолжи нормалното функционирање на патничкиот сообраќај на аеродромот. Се проценува дека прекинот на сообраќајот ќе трае најмалку два часа, објави српски „Курир“.

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

The post Поради патници од Македонија запрен авионскиот сообраќај на аеродромот во Белград appeared first on Република.

]]>

Авиосообраќајот на аеродромот „Никола Теска“ во Белград, Србија е во целосен прекин, пренесуваат српските медиуми, додавајќи дека ќе нема полетувања и пристигнувања во наредните два часа, поради „проблем во безбедносната контрола“. Проблемот наводно настанал кога патниците кои долетале од Македонија по слетувањето влегле во автобусот, кој по грешка ги однел на погрешен гејт. Така тие завршиле во транзитната зона, каде што не им е дозволено да бидат бидејќи Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа.
Патниците од Скопје се запрени и подоцна ќе мора да ги поминат сите безбедносни контроли за да може да продолжи нормалното функционирање на патничкиот сообраќај на аеродромот. Се проценува дека прекинот на сообраќајот ќе трае најмалку два часа, објави српски „Курир“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

The post Поради патници од Македонија запрен авионскиот сообраќај на аеродромот во Белград appeared first on Република.

]]>
Голем број летови ќе доцнат: Маглата го отежнува сообраќајот на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/golem-broj-letovi-ke-dotsnat-maglata-go-otezhnuva-soobrakajot-na-skopskiot-aerodrom/ Sun, 01 Jan 2023 08:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=592418

Поради маглата во Скопската котлина дел од утринските летови од Меѓународниот аеродром Скопје ќе се реализираат со задоцнување, покажуваат податоците од веб страницата на аердромот.

Покрај во Скопје појава на магла со намалена видливост има во Полог, Пелагонија, Куманово, централниот дел на Повардарието.

АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека е намалена видливоста на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес е намалена на 20 – 30 метри.

УХМР најави дека и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. В среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.

The post Голем број летови ќе доцнат: Маглата го отежнува сообраќајот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Поради маглата во Скопската котлина дел од утринските летови од Меѓународниот аеродром Скопје ќе се реализираат со задоцнување, покажуваат податоците од веб страницата на аердромот. Покрај во Скопје појава на магла со намалена видливост има во Полог, Пелагонија, Куманово, централниот дел на Повардарието. АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека е намалена видливоста на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес е намалена на 20 – 30 метри. УХМР најави дека и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. В среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.

The post Голем број летови ќе доцнат: Маглата го отежнува сообраќајот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Ќе има хаос на европските аеродроми: Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ ќе погоди 30.000 патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kje-ima-haos-na-evropskite-aerodromi-shtrajkot-na-pilotite-na-eurovings-kje-pogodi-30-000-patnici/ Wed, 05 Oct 2022 20:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=557713

Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ најавен за утре ќе погоди 30.000 патници, што се однесува на летовите на оваа компанија во Германија, објави компанијата „Луфтханза“, во чии рамки работи нискобуџетната авиокомпанија „Еуровингс“.

Проценуваме дека ќе можеме да се справиме со повеќе од половината од 500-те планирани летови - соопшти Луфтханза и додаде дека прават се што е во нивна моќ патниците да не ги почувствуваат последиците од штрајкот.

По 10-та рунда преговори меѓу синдикатот на пилотите на здружението „Кабински персонал“ и „Еуровингс“ денеска беше објавено дека тие завршиле без резултат.

Синдикатите бараат намалување на максималниот број на часови лет по пилот, што „Еуровингс“ го отфрла, тврдејќи дека поради таквата мерка треба да се откажат 20 отсто од летовите.

Директорот на персоналот на Еуровингс, Каи Дуве, смета дека барањата на пилотите се „целосно неосновани“ и додаде дека „Еуровингс“ веќе обезбедува „најдобри услови“ во споредба со другите европски авиокомпании.

Самата Луфтханза во последните неколку месеци во неколку наврати беше погодена од штрајкови на пилотите, иако тие се меѓу најдобро платените пилоти во светот.

The post Ќе има хаос на европските аеродроми: Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ ќе погоди 30.000 патници appeared first on Република.

]]>

Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ најавен за утре ќе погоди 30.000 патници, што се однесува на летовите на оваа компанија во Германија, објави компанијата „Луфтханза“, во чии рамки работи нискобуџетната авиокомпанија „Еуровингс“.
Проценуваме дека ќе можеме да се справиме со повеќе од половината од 500-те планирани летови - соопшти Луфтханза и додаде дека прават се што е во нивна моќ патниците да не ги почувствуваат последиците од штрајкот.
По 10-та рунда преговори меѓу синдикатот на пилотите на здружението „Кабински персонал“ и „Еуровингс“ денеска беше објавено дека тие завршиле без резултат. Синдикатите бараат намалување на максималниот број на часови лет по пилот, што „Еуровингс“ го отфрла, тврдејќи дека поради таквата мерка треба да се откажат 20 отсто од летовите. Директорот на персоналот на Еуровингс, Каи Дуве, смета дека барањата на пилотите се „целосно неосновани“ и додаде дека „Еуровингс“ веќе обезбедува „најдобри услови“ во споредба со другите европски авиокомпании. Самата Луфтханза во последните неколку месеци во неколку наврати беше погодена од штрајкови на пилотите, иако тие се меѓу најдобро платените пилоти во светот.

The post Ќе има хаос на европските аеродроми: Штрајкот на пилотите на „Еуровингс“ ќе погоди 30.000 патници appeared first on Република.

]]>
Доцнење и откажување на летови низ Европа поради технички проблеми во германската контрола на летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/docnenje-i-otkazuvanje-na-letovi-niz-evropa-poradi-tehnichki-problemi-vo-germanskata-kontrola-na-letovi/ Wed, 29 Jun 2022 12:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=521122

Технички проблеми во германската контрола на летови ќе предизвикаат потешкотии во европскиот воздушен простор во текот на денот, соопшти операторот на аеродромот во Франкфурт.

Како што пренесува „Билд“ сѕанува збор за софтверски проблем.

Затоа, ќе има доцнења во операциите и откажувања на летови и на аеродромот во Франкфурт - наведе операторот на својата веб-страница, пренесува „Ројтерс“.

Проблемите биле пријавени во центарот за контрола на летање во Ланген, седиште на германската компанија за воздушна навигација „ДФС“, чии контролори го следат полетувањето и слетувањето на авионите на 15 меѓународни аеродроми во Германија.

Центарот Ланген го контролира воздушниот простор во централна Германија со важни аеродроми како Дизелдорф, Келн и Франкфурт. Областа се протега од Касел до езерото Констанца и од француската граница до Тирингија. Летовите не се погодени од проблемот затоа што ги надгледуваат контролорите во центарот во Карлсруе.

„Ројтерс“ пишува дека поради проблемите на германскиот контролор на летовите се очекува прекин на патувањето низ Европа.

Според „Фрапорт“, поради овој проблем е зафатен целиот европски воздушен простор. Во Франкфурт има доцнења и изолирани откажувања на летови, објави аеродромскиот оператор.

The post Доцнење и откажување на летови низ Европа поради технички проблеми во германската контрола на летови appeared first on Република.

]]>

Технички проблеми во германската контрола на летови ќе предизвикаат потешкотии во европскиот воздушен простор во текот на денот, соопшти операторот на аеродромот во Франкфурт. Како што пренесува „Билд“ сѕанува збор за софтверски проблем.
Затоа, ќе има доцнења во операциите и откажувања на летови и на аеродромот во Франкфурт - наведе операторот на својата веб-страница, пренесува „Ројтерс“.
Проблемите биле пријавени во центарот за контрола на летање во Ланген, седиште на германската компанија за воздушна навигација „ДФС“, чии контролори го следат полетувањето и слетувањето на авионите на 15 меѓународни аеродроми во Германија. Центарот Ланген го контролира воздушниот простор во централна Германија со важни аеродроми како Дизелдорф, Келн и Франкфурт. Областа се протега од Касел до езерото Констанца и од француската граница до Тирингија. Летовите не се погодени од проблемот затоа што ги надгледуваат контролорите во центарот во Карлсруе. „Ројтерс“ пишува дека поради проблемите на германскиот контролор на летовите се очекува прекин на патувањето низ Европа. Според „Фрапорт“, поради овој проблем е зафатен целиот европски воздушен простор. Во Франкфурт има доцнења и изолирани откажувања на летови, објави аеродромскиот оператор.

The post Доцнење и откажување на летови низ Европа поради технички проблеми во германската контрола на летови appeared first on Република.

]]>
Русија од 9 април ги обновува летовите до и од 52 земји, меѓу нив нема да се најдат „непријателските држави“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-od-9-april-gi-obnovuva-letovite-do-i-od-52-zemji-megju-niv-nema-da-se-najdat-neprijatelskite-drzavi/ Tue, 05 Apr 2022 11:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=483518

Русија планира по 9 април да ги укине ограничувањата за летови до и од 52 земји, како дел од нејзините планови за намалување на мерките преземени за забавување на ширењето на Ковид-19, изјави  рускиот премиер Михаил Мишустин.

Русија планира да ги обнови летовите до и од Аргентина, Јужна Африка и други пријателски земји, што значи оние кои не се приклучија на последниот бран на западни санкции кон Москва поради нејзината воена акција во Украина - изјави Мишустин.

Русија го затвори својот воздушен простор за авиокомпании од 36 земји, вклучително и сите 27 членки на Европската Унија, како одговор на санкциите против Украина, кои се насочени кон нејзиниот авијациски сектор.

The post Русија од 9 април ги обновува летовите до и од 52 земји, меѓу нив нема да се најдат „непријателските држави“ appeared first on Република.

Русија го затвори небото за авиокомпании од 36 земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-zatvori-neboto-za-aviokompanii-od-36-zemji/ Mon, 28 Feb 2022 14:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=465364

Русија, како одговор, наметнува ограничување на летовите до авиокомпании од 36 земји во светот. Ова беше објавено во Федералната агенција за воздушен транспорт.

Листата вклучуваше европски држави, особено Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада.

Агенцијата истакна дека летовите од овие земји може да се вршат само со посебна дозвола од Федералната агенција за воздушен транспорт или од руското Министерство за надворешни работи.

Список на земји:

Австрија;
Албанија;
Ангвила (прекуморска територија на Британија);
Белгија;
Бугарија;
Британски Девствени Острови;
Велика Британија;
Унгарија;
Германија;
Гибралтар;
Грција;
Данска (вклучувајќи ги Гренланд, Фарските Острови и територијалното море);
Џерси;
Ирска;
Исланд;
Шпанија;
Италија;
Канада;
Кипар;
Латвија;
Литванија;
Луксембург;
Малта;
Холандија;
Норвешка;
Полска;
Португалија;
Романија;
Словачка;
Словенија;
Финска;
Франција;
Хрватска;
чешки;
Шведска;
Естонија.

Претходно, голем број земји го затворија своето небо за авионите на руските авиокомпании по почетокот на специјалната операција на Руската Федерација за заштита на Донбас.

The post Русија го затвори небото за авиокомпании од 36 земји appeared first on Република.

]]>

Русија, како одговор, наметнува ограничување на летовите до авиокомпании од 36 земји во светот. Ова беше објавено во Федералната агенција за воздушен транспорт. Листата вклучуваше европски држави, особено Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада. Агенцијата истакна дека летовите од овие земји може да се вршат само со посебна дозвола од Федералната агенција за воздушен транспорт или од руското Министерство за надворешни работи. Список на земји: Австрија; Албанија; Ангвила (прекуморска територија на Британија); Белгија; Бугарија; Британски Девствени Острови; Велика Британија; Унгарија; Германија; Гибралтар; Грција; Данска (вклучувајќи ги Гренланд, Фарските Острови и територијалното море); Џерси; Ирска; Исланд; Шпанија; Италија; Канада; Кипар; Латвија; Литванија; Луксембург; Малта; Холандија; Норвешка; Полска; Португалија; Романија; Словачка; Словенија; Финска; Франција; Хрватска; чешки; Шведска; Естонија. Претходно, голем број земји го затворија своето небо за авионите на руските авиокомпании по почетокот на специјалната операција на Руската Федерација за заштита на Донбас.

The post Русија го затвори небото за авиокомпании од 36 земји appeared first on Република.

]]>