авионска писта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avionska-pista/ За подобро да се разбереме Sat, 28 May 2022 05:55:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авионска писта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avionska-pista/ 32 32 Завршува обновата на пистата на скопскиот аеродром, од 17 часот нормализирање на летовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zavrshuva-obnovata-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom-od-17-chasot-normaliziranje-na-letovite/ Sat, 28 May 2022 06:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=507858

„ТАВ Македонија“ денеска ќе ја заврши реконструкцијата на пистата на Меѓународниот аеродром Скопје и од 17 часот летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на цело деноноќие.

Градежните работи на пистата  почнаа на 28 март откога и распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата, која  е долга 2950 метри и широка 45 метри.

Пистата се обновува првпат по  1996 година, кога реконструкцијата траела два и пол месеца, а аеродромот тогаш бил целосно затворен и авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром.

Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид, првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година, ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес, изјави Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

„ТАВ Македонија“ ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот аеродром Скопје.

На веб-страницата на аеродромот, во категоријата „Летови“ (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што „ТАВ Македонија“ ги добива од авиокомпаниите.

The post Завршува обновата на пистата на скопскиот аеродром, од 17 часот нормализирање на летовите appeared first on Република.

]]>

„ТАВ Македонија“ денеска ќе ја заврши реконструкцијата на пистата на Меѓународниот аеродром Скопје и од 17 часот летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на цело деноноќие. Градежните работи на пистата  почнаа на 28 март откога и распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата, која  е долга 2950 метри и широка 45 метри. Пистата се обновува првпат по  1996 година, кога реконструкцијата траела два и пол месеца, а аеродромот тогаш бил целосно затворен и авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром.

Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид, првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година, ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес, изјави Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

„ТАВ Македонија“ ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот аеродром Скопје. На веб-страницата на аеродромот, во категоријата „Летови“ (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што „ТАВ Македонија“ ги добива од авиокомпаниите.

The post Завршува обновата на пистата на скопскиот аеродром, од 17 часот нормализирање на летовите appeared first on Република.

]]>
Батак: Инвестираме 7,5 милиони евра во обнова на пистата на Скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/batak-investirame-7-5-milioni-evra-vo-obnova-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom/ Sat, 19 Mar 2022 07:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=475277

Со инвестиција од 7,5 милиони евра ќе биде обновена пистата на Меѓународниот аеродром Скопје. И покрај кризата, влегуваме во оваа капитална инвестиција бидејќи таа уште повеќе ќе го подобри квалитетот на работењето и на услугите што ги нуди Меѓународниот Аеродром Скопје, истакнува во интервју за МИА Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Со оперативниот план што го изработиле, како што вели, рехабилитацијата на пистата ќе има минимално влијание врз летовите и патниците.

На авиокомпаниите и на другите чинители во авиосообраќајот им ја најавиле рехабилитацијата на пистата една цела сезона однапред, со цел тие да можат да планираат и да ги адаптираат распоредите на летање навреме.

The post Батак: Инвестираме 7,5 милиони евра во обнова на пистата на Скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Со инвестиција од 7,5 милиони евра ќе биде обновена пистата на Меѓународниот аеродром Скопје. И покрај кризата, влегуваме во оваа капитална инвестиција бидејќи таа уште повеќе ќе го подобри квалитетот на работењето и на услугите што ги нуди Меѓународниот Аеродром Скопје, истакнува во интервју за МИА Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија. Со оперативниот план што го изработиле, како што вели, рехабилитацијата на пистата ќе има минимално влијание врз летовите и патниците. На авиокомпаниите и на другите чинители во авиосообраќајот им ја најавиле рехабилитацијата на пистата една цела сезона однапред, со цел тие да можат да планираат и да ги адаптираат распоредите на летање навреме.

The post Батак: Инвестираме 7,5 милиони евра во обнова на пистата на Скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>