авионска линија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avionska-linija/ За подобро да се разбереме Tue, 03 May 2022 08:23:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авионска линија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avionska-linija/ 32 32 Од работните групи и економската соработка со Бугарија остана само полупразниот авион https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-rabotnite-grupi-i-ekonomskata-sorabotka-so-bugarija-ostana-samo-poluprazniot-avion/ Tue, 03 May 2022 08:22:25 +0000 https://republika.mk/?p=496636

За време на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија беше промовиран новиот пристап во односите меѓу двете земји. Наместо на политика и отоворените прашања предност беше ставен на економијата.

Се формираа работни во повеќе сектори енергетика, инфраструктура, транспорт, земјоделство, железничко поврзување..

Но , според информациите на „Република“ конкретно многу малку е направено, односно остана на потпишаните меморандуи и договори, без некој резултат.

Како капак на се дојде информацијата дека најгласно најавуваниот проект кој требаше да ги зближи граѓаните меѓу двете земји а тоа е авионската линија меѓу Скопје и Софија функционира со многу проблеми.

Се продаваат малку билети и интересот е слаб. Причина е исклучиво економска и не треба да се бараат политички мотиви. На оние што сакаат да патуваат поисплатиливо им е да патуваат со возило отколку со авион.

Засега авионската линија нема да се укинува но прашање е до кога операторот ќе ја одржува оваа линија особено ако не бидат субвенционионирани од двете земји.

 

 

 

The post Од работните групи и економската соработка со Бугарија остана само полупразниот авион appeared first on Република.

]]>

За време на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија беше промовиран новиот пристап во односите меѓу двете земји. Наместо на политика и отоворените прашања предност беше ставен на економијата. Се формираа работни во повеќе сектори енергетика, инфраструктура, транспорт, земјоделство, железничко поврзување.. Но , според информациите на „Република“ конкретно многу малку е направено, односно остана на потпишаните меморандуи и договори, без некој резултат. Како капак на се дојде информацијата дека најгласно најавуваниот проект кој требаше да ги зближи граѓаните меѓу двете земји а тоа е авионската линија меѓу Скопје и Софија функционира со многу проблеми. Се продаваат малку билети и интересот е слаб. Причина е исклучиво економска и не треба да се бараат политички мотиви. На оние што сакаат да патуваат поисплатиливо им е да патуваат со возило отколку со авион. Засега авионската линија нема да се укинува но прашање е до кога операторот ќе ја одржува оваа линија особено ако не бидат субвенционионирани од двете земји.      

The post Од работните групи и економската соработка со Бугарија остана само полупразниот авион appeared first on Република.

]]>
Со првиот редовен лет Софија – Скопје патуваа 22 лица https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/so-prviot-redoven-let-sofija-skopje-patuvaa-22-lica/ Sat, 26 Mar 2022 18:52:25 +0000 https://republika.mk/?p=479029

Дваесет и две лица патуваа со првиот редовен лет од Софија за Скопје што се одржа денеска, изјави за БТА Јанко Иванов од ГуливЕр. Тој рече дека во главниот град на Република Македонија имало многу службеници кои ја поздравиле воспоставената авиолинија.

На оваа дестинација ќе се лета два пати неделно – во сабота и понеделник.

Засега се е во ред, а за почеток е повеќе од охрабрувачки, коментира Иванов. Идејата е да им се овозможи на луѓето кои доаѓаат од Скопје за Софија да ги користат сите летови кои моментално постојат на аеродромот во Софија и да можат да се поврзат, вклучително и до морето, објасни Јанко Иванов.

Следна дестинација која ја планира ГуливЕр е Софија-Тирана.

Обновувањето на воздушната врска меѓу Софија и Скопје беше очекуваниот и најавениот прв конкретен чекор од соработката, најавен по првата средба на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков, што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје.

Ова не е првата авиоолинија што директно ги поврзува двата главни града. На 25 април 1965 година беше отворена меѓународна воздушна линија на ТАБСО на релација Софија – Скопје. Во 08:00 часот од аеродромот во Софија полета првиот авион ИЛ-14 кој за 51 минута слета на аеродромот во Скопје. Патниците беа пречекани од официјални лица, предводени од републичкиот секретар за транспорт и врски Георги Русковски, новинари и голем број граѓани. Првиот курс на новата линија го изведе екипаж во состав: командант Владимир Владов, копилот – Христо Костадинов, радио оператор – Петер Кунов, механичар – Лазар Ташков и стјуардеси – Марија Иванова и Љубка Стоилова. Летовите од Софија до Скопје се изведуваа во недела.

Години подоцна, откако Бугарија официјално ја призна Република Македонија на 15 јануари 1992 година, во март истата година министерот за транспорт Александар Александров ја договори со министерот за транспорт и врски на Република Македонија Александар Лепавцов линијата Софија-Тирана, воспоставена една година порано, да биде со директно слетување во Скопје. На 6 мај 1992 година, во Софија, министерот за транспорт Александар Александров официјално ја отвори линијата. Министерот за транспорт и врски на Македонија, Александар Лепавцов, допатува од Скопје на 6 мај 1992 година.

Вечерта на 21 мај 1992 година, летот на државната авиокомпанија Хемус Ер беше реализиран на новоотворената редовна линија Софија-Скопје. Во авионот Јак-40 имаше 25 патници, на летот кој траеше околу 20 минути. Летовите од Софија до Скопје се реализираа во четврток, петок и сабота наутро, а во обратна насока – во понеделник, вторник и среда. Билет во еден правец чинеше 60 долари, а повратен 90 долари. Пал Ер, исто така, имаше летови до Софија со авиони Јак-40.

На 14 декември 2007 година, министерот за транспорт Петар Мутафчиев ја отвори авиолинијата на релација Софија-Скопје, опслужувана од авиокомпанијата „Бугарија Ер“. Во поздравниот говор Мутафчиев посочи дека отворањето на авиолинијата има за цел нормализирање на авиоврските на Бугарија со сите европски метрополи. На аеродромот во Скопје ги пречекаа Миле Јанакиески – министер за транспорт и врски на нашиот југозападен сосед, заменик министерот за транспорт и врски Скендер Палоши и амбасадорот на Бугарија во Македонија Михо Михов. Линијата Софија – Скопје се покриваше три пати неделно и имаше многу добра врска во Софија со дестинациите за другите европски метрополи. Цената на билет во еден правец Софија-Скопје беше 39 евра.

Летовите беа прекинати од страна на превозникот во 2009 година.

The post Со првиот редовен лет Софија – Скопје патуваа 22 лица appeared first on Република.

]]>

Дваесет и две лица патуваа со првиот редовен лет од Софија за Скопје што се одржа денеска, изјави за БТА Јанко Иванов од ГуливЕр. Тој рече дека во главниот град на Република Македонија имало многу службеници кои ја поздравиле воспоставената авиолинија. На оваа дестинација ќе се лета два пати неделно – во сабота и понеделник.
Засега се е во ред, а за почеток е повеќе од охрабрувачки, коментира Иванов. Идејата е да им се овозможи на луѓето кои доаѓаат од Скопје за Софија да ги користат сите летови кои моментално постојат на аеродромот во Софија и да можат да се поврзат, вклучително и до морето, објасни Јанко Иванов.
Следна дестинација која ја планира ГуливЕр е Софија-Тирана. Обновувањето на воздушната врска меѓу Софија и Скопје беше очекуваниот и најавениот прв конкретен чекор од соработката, најавен по првата средба на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков, што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. Ова не е првата авиоолинија што директно ги поврзува двата главни града. На 25 април 1965 година беше отворена меѓународна воздушна линија на ТАБСО на релација Софија – Скопје. Во 08:00 часот од аеродромот во Софија полета првиот авион ИЛ-14 кој за 51 минута слета на аеродромот во Скопје. Патниците беа пречекани од официјални лица, предводени од републичкиот секретар за транспорт и врски Георги Русковски, новинари и голем број граѓани. Првиот курс на новата линија го изведе екипаж во состав: командант Владимир Владов, копилот – Христо Костадинов, радио оператор – Петер Кунов, механичар – Лазар Ташков и стјуардеси – Марија Иванова и Љубка Стоилова. Летовите од Софија до Скопје се изведуваа во недела. Години подоцна, откако Бугарија официјално ја призна Република Македонија на 15 јануари 1992 година, во март истата година министерот за транспорт Александар Александров ја договори со министерот за транспорт и врски на Република Македонија Александар Лепавцов линијата Софија-Тирана, воспоставена една година порано, да биде со директно слетување во Скопје. На 6 мај 1992 година, во Софија, министерот за транспорт Александар Александров официјално ја отвори линијата. Министерот за транспорт и врски на Македонија, Александар Лепавцов, допатува од Скопје на 6 мај 1992 година. Вечерта на 21 мај 1992 година, летот на државната авиокомпанија Хемус Ер беше реализиран на новоотворената редовна линија Софија-Скопје. Во авионот Јак-40 имаше 25 патници, на летот кој траеше околу 20 минути. Летовите од Софија до Скопје се реализираа во четврток, петок и сабота наутро, а во обратна насока – во понеделник, вторник и среда. Билет во еден правец чинеше 60 долари, а повратен 90 долари. Пал Ер, исто така, имаше летови до Софија со авиони Јак-40. На 14 декември 2007 година, министерот за транспорт Петар Мутафчиев ја отвори авиолинијата на релација Софија-Скопје, опслужувана од авиокомпанијата „Бугарија Ер“. Во поздравниот говор Мутафчиев посочи дека отворањето на авиолинијата има за цел нормализирање на авиоврските на Бугарија со сите европски метрополи. На аеродромот во Скопје ги пречекаа Миле Јанакиески – министер за транспорт и врски на нашиот југозападен сосед, заменик министерот за транспорт и врски Скендер Палоши и амбасадорот на Бугарија во Македонија Михо Михов. Линијата Софија – Скопје се покриваше три пати неделно и имаше многу добра врска во Софија со дестинациите за другите европски метрополи. Цената на билет во еден правец Софија-Скопје беше 39 евра. Летовите беа прекинати од страна на превозникот во 2009 година.

The post Со првиот редовен лет Софија – Скопје патуваа 22 лица appeared first on Република.

]]>
Двапати неделно со цена и од 70 евра повратен билет: Од 26 март стартува авиолинијата меѓу Софија и Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dvapati-nedelno-so-cena-i-od-70-evra-povraten-bilet-od-26-mart-startuva-aviolinijata-megju-sofija-i-skopje/ Thu, 03 Mar 2022 16:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=467181

Објавен е распоредот на летови на редовната авионска линија Софија-Скопје-Софија.

Првиот лет на бугарската авиокомпанија „ГуливЕр“ ќе биде на 26 март 2022 година, а авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник.

Повратниот лет ќе чини околу 70 евра.

Авиолинијата беше восапоиставена на 11 февруари. Во авионот тогаш беа бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Шабев и министерот за туризам Христо Проданов. Во име на Македонија, во летот учествуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и државната секретарка во Министерството за економија, Размена Дуровиќ.

The post Двапати неделно со цена и од 70 евра повратен билет: Од 26 март стартува авиолинијата меѓу Софија и Скопје appeared first on Република.

]]>

Објавен е распоредот на летови на редовната авионска линија Софија-Скопје-Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија „ГуливЕр“ ќе биде на 26 март 2022 година, а авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник. Повратниот лет ќе чини околу 70 евра. Авиолинијата беше восапоиставена на 11 февруари. Во авионот тогаш беа бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Шабев и министерот за туризам Христо Проданов. Во име на Македонија, во летот учествуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и државната секретарка во Министерството за економија, Размена Дуровиќ.

The post Двапати неделно со цена и од 70 евра повратен билет: Од 26 март стартува авиолинијата меѓу Софија и Скопје appeared first on Република.

]]>
Падна договор: Aвионската линија Скопје – Софија започнува од 27 март https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/padna-dogovor-avionskata-linija-skopje-sofija-zapochnuva-od-27-mart/ Fri, 11 Feb 2022 17:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=457302

Авиолинијата Софија – Скопје започнува редовно да сообраќа од 27 март, со што отвораме нови можности за нашите граѓани, изјавија денеска од Скопје министрите за транспорт на Република Македонија и Република Бугарија, Бочварски и Сабев.

Владина делегација на Македонија, предводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а во придружба на делегација од Бугарија составена од министерот за транспорт, Николај Сабев и за министерот за туризам, Христо Проданов, како и тур- оператори од Бугарија денеска со првиот лет слетаа на Меѓународниот аеродром Скопје.

На средбата во Клуб на пратенци, покрај претставниците на владите на двете држави присуствуваа и претставници на тур-операторите од Македонија и Бугарија.

На средбата покрај воспоставување на редовната авиолинија, се разговараше и за зголемување на туристичката понуда.

Денеска на мое големо задоволство можам да најавам дека авио-линијата Скопје – Софија ќе започне активно да лета од 27 март, оваа пролет. Заедно со колегите од Република Бугарија и со тур-операторите донесовме значајни одлуки за туризмот и за економијата на двете земји. Нашата соработка е на високо ниво и така ќе продолжиме и во наредниот период. Со заеднички заложби и решенија отвораме нови можности за нашите граѓани, но и придонесуваме за развој и раст на економијата, изјави по работната средба министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој додаде дека оваа средба е силна порака со која се покажува силната волја за инфраструктурниото поврзување меѓу двете земји. Министерот за инфраструктура на Република Бугарија, Николај Сабев истакна дека со денешната средба на тур-операторите на двете земји се воспоставија нови врски во развој на економските односи меѓу Македонија и Бугарија. Тој најави изградба на преостаниот дел од патниот правец до граничниот премин Клепало.

The post Падна договор: Aвионската линија Скопје – Софија започнува од 27 март appeared first on Република.

]]>

Авиолинијата Софија – Скопје започнува редовно да сообраќа од 27 март, со што отвораме нови можности за нашите граѓани, изјавија денеска од Скопје министрите за транспорт на Република Македонија и Република Бугарија, Бочварски и Сабев. Владина делегација на Македонија, предводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а во придружба на делегација од Бугарија составена од министерот за транспорт, Николај Сабев и за министерот за туризам, Христо Проданов, како и тур- оператори од Бугарија денеска со првиот лет слетаа на Меѓународниот аеродром Скопје. На средбата во Клуб на пратенци, покрај претставниците на владите на двете држави присуствуваа и претставници на тур-операторите од Македонија и Бугарија. На средбата покрај воспоставување на редовната авиолинија, се разговараше и за зголемување на туристичката понуда.
Денеска на мое големо задоволство можам да најавам дека авио-линијата Скопје – Софија ќе започне активно да лета од 27 март, оваа пролет. Заедно со колегите од Република Бугарија и со тур-операторите донесовме значајни одлуки за туризмот и за економијата на двете земји. Нашата соработка е на високо ниво и така ќе продолжиме и во наредниот период. Со заеднички заложби и решенија отвораме нови можности за нашите граѓани, но и придонесуваме за развој и раст на економијата, изјави по работната средба министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Тој додаде дека оваа средба е силна порака со која се покажува силната волја за инфраструктурниото поврзување меѓу двете земји. Министерот за инфраструктура на Република Бугарија, Николај Сабев истакна дека со денешната средба на тур-операторите на двете земји се воспоставија нови врски во развој на економските односи меѓу Македонија и Бугарија. Тој најави изградба на преостаниот дел од патниот правец до граничниот премин Клепало.

The post Падна договор: Aвионската линија Скопје – Софија започнува од 27 март appeared first on Република.

]]>
Јаневски: Неопходна е авионска врска помеѓу Белград и Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/janevski-neophodna-e-avionska-vrska-pomegju-belgrad-i-ohrid/ Mon, 31 Jan 2022 11:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=451916

Во вчерашното издание на српскиот весник Политика, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски после две години прави осврт и споредба на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега. При самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, Јаневски изјави за Политика дека треба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува.

Јаневски во интервјуто за Политика вели дека развојот на туристичката индустрија се заснова на зелен турисзам, оносно еко-туризам и различни облизи на рурален туризам кој е огромен потенцијал за Балканот, кој треба да се промвира како една туристичка дестинација.

Инфраструктурно поврзување е неопходно за засилување на регионот како туристичка дестинација. Има позитивна клима во односите на РС Македонија и Бугарија, а се работи и на воспоставување на авионска линија Софија – Скопје, која ќе вроди со плод и верувам дека за кратко ќе се наметне потребата од сезонска авионска линија Софија – Охрид, изјави Јаневски. Туризмот гради мостови, вели тој и додава дека обсервацијата и промовирањето на регионот како туристичка дестинација ќе допринесе и иницијативата “Отворен Балкан”.

The post Јаневски: Неопходна е авионска врска помеѓу Белград и Охрид appeared first on Република.

]]>

Во вчерашното издание на српскиот весник Политика, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски после две години прави осврт и споредба на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега. При самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, Јаневски изјави за Политика дека треба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува. Јаневски во интервјуто за Политика вели дека развојот на туристичката индустрија се заснова на зелен турисзам, оносно еко-туризам и различни облизи на рурален туризам кој е огромен потенцијал за Балканот, кој треба да се промвира како една туристичка дестинација. Инфраструктурно поврзување е неопходно за засилување на регионот како туристичка дестинација. Има позитивна клима во односите на РС Македонија и Бугарија, а се работи и на воспоставување на авионска линија Софија – Скопје, која ќе вроди со плод и верувам дека за кратко ќе се наметне потребата од сезонска авионска линија Софија – Охрид, изјави Јаневски. Туризмот гради мостови, вели тој и додава дека обсервацијата и промовирањето на регионот како туристичка дестинација ќе допринесе и иницијативата “Отворен Балкан”.

The post Јаневски: Неопходна е авионска врска помеѓу Белград и Охрид appeared first on Република.

]]>