авион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avion/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 21:03:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avion/ 32 32 ВИДЕО: Се запали авион при слетување на аеродромот во Анталија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/video-se-zapali-avion-pri-sletuvane-na-aerodromot-vo-antalija/ Sun, 24 Nov 2024 21:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=841401

Авионот Сухој Суперџет 100-95ЛР на руската компанија Азимут се запали при слетување на аеродромот во Анталија. Авионот летал на линијата од Сочи до Анталија, а пожарот избил во моторот. Авионот по слетувањето застанал на пистата, по што започнала евакуацијата на патниците.

Итните служби на аеродромот реагирале брзо и го изгаснале пожарот, додека сите 79 патници биле безбедно евакуирани.

По инцидентот, пистата на аеродромот во Анталија беше привремено затворена, што предизвика одложување на пристигнувањето на другите летови додека ситуацијата не се стави под контрола.

Во моментов се истражуваат причините за пожарот.

The post ВИДЕО: Се запали авион при слетување на аеродромот во Анталија appeared first on Република.

]]>

Авионот Сухој Суперџет 100-95ЛР на руската компанија Азимут се запали при слетување на аеродромот во Анталија. Авионот летал на линијата од Сочи до Анталија, а пожарот избил во моторот. Авионот по слетувањето застанал на пистата, по што започнала евакуацијата на патниците. Итните служби на аеродромот реагирале брзо и го изгаснале пожарот, додека сите 79 патници биле безбедно евакуирани. По инцидентот, пистата на аеродромот во Анталија беше привремено затворена, што предизвика одложување на пристигнувањето на другите летови додека ситуацијата не се стави под контрола. Во моментов се истражуваат причините за пожарот.

The post ВИДЕО: Се запали авион при слетување на аеродромот во Анталија appeared first on Република.

]]>
Пукано на авион полн со патници на аеродромот во Далас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pukano-na-avion-poln-so-patnitsi-na-aerodromot-vo-dalas/ Sat, 16 Nov 2024 08:15:00 +0000 https://republika.mk/?p=838378

Авион на компанијата „Саутвест ерлајнс“, полн со патници, на летот 2494 бил погоден од куршум од огнено оружје додека се движел на пистата на аеродромот, соопштија денеска локалните власти.

„Авионот се подготвуваше да полетување за Индијанаполис кога куршум ја погоди десната страна на авионот под пилотската кабина“, изјави портпаролот на Southwest за CBS News.

Авиокомпанијата потврди дека никој не е повреден, а портпаролот на аеродромот Лав Филд во Далас рече дека патниците биле симнати, леталото се вратило во депото на аеродромот и пистата била привремено затворена.

Полицијата во Далас го потврди инцидентот, додавајќи дека полицајците одговориле на извештаите за пукање во 21:48 часот по локално време и утврдиле дека авионот бил погоден.

Не се соопштуваат дополнителни детали за околностите на инцидентот или кој отворил оган.

The post Пукано на авион полн со патници на аеродромот во Далас appeared first on Република.

]]>

Авион на компанијата „Саутвест ерлајнс“, полн со патници, на летот 2494 бил погоден од куршум од огнено оружје додека се движел на пистата на аеродромот, соопштија денеска локалните власти.
„Авионот се подготвуваше да полетување за Индијанаполис кога куршум ја погоди десната страна на авионот под пилотската кабина“, изјави портпаролот на Southwest за CBS News.
Авиокомпанијата потврди дека никој не е повреден, а портпаролот на аеродромот Лав Филд во Далас рече дека патниците биле симнати, леталото се вратило во депото на аеродромот и пистата била привремено затворена. Полицијата во Далас го потврди инцидентот, додавајќи дека полицајците одговориле на извештаите за пукање во 21:48 часот по локално време и утврдиле дека авионот бил погоден. Не се соопштуваат дополнителни детали за околностите на инцидентот или кој отворил оган.

The post Пукано на авион полн со патници на аеродромот во Далас appeared first on Република.

]]>
Две жени се истепаа за Трамп во авион https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dve-zheni-se-istepaa-za-tramp-vo-avion/ Thu, 31 Oct 2024 20:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=832828

Американски патнички биле отстранети од летот на „Бритиш ервејс“ на лондонскиот аеродром Хитроу, поради расправија околу капче, која прераснала во физичка пресметка.

Кавгата, наводно, започнала кога една Американка побарала од другата жена да го тргне капчето со МАГА, кратенка од предизборниот слоган на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America great again), додека тие чекале да се качат на лет за Тексас, објави Скај њуз.

Жената  одбила да ја извади, по што биле разменети тупаници.

Поради тепачката интервенирала полицијата, па летот за Тексас полетал со два часа задоцнување.

The post Две жени се истепаа за Трамп во авион appeared first on Република.

]]>

Американски патнички биле отстранети од летот на „Бритиш ервејс“ на лондонскиот аеродром Хитроу, поради расправија околу капче, која прераснала во физичка пресметка. Кавгата, наводно, започнала кога една Американка побарала од другата жена да го тргне капчето со МАГА, кратенка од предизборниот слоган на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America great again), додека тие чекале да се качат на лет за Тексас, објави Скај њуз. Жената  одбила да ја извади, по што биле разменети тупаници. Поради тепачката интервенирала полицијата, па летот за Тексас полетал со два часа задоцнување.

The post Две жени се истепаа за Трамп во авион appeared first on Република.

]]>
Пилот на турска авиокомпанија почина за време на лет над САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pilot-na-turska-aviokompanija-pochina-za-vreme-na-let-nad-sad/ Wed, 09 Oct 2024 11:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=824614

Пилотот на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс почина за време на меѓународен лет над САД, а остатокот од екипажот го прекина патувањето и авионот слета во Њујорк, соопшти компанијата.

Ербасот 350 полетал во вторникот вечерта од Сиетл, на западниот брег на САД, кон Истанбул, а капетанот се онесвестил за време на летот, објави Туркиш ерлајнс.

Обидот за прва помош бил неуспешен.

The post Пилот на турска авиокомпанија почина за време на лет над САД appeared first on Република.

]]>

Пилотот на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс почина за време на меѓународен лет над САД, а остатокот од екипажот го прекина патувањето и авионот слета во Њујорк, соопшти компанијата. Ербасот 350 полетал во вторникот вечерта од Сиетл, на западниот брег на САД, кон Истанбул, а капетанот се онесвестил за време на летот, објави Туркиш ерлајнс. Обидот за прва помош бил неуспешен.

The post Пилот на турска авиокомпанија почина за време на лет над САД appeared first on Република.

]]>
Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани – во Атина зголемени безбедносни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ispraka-transporten-avion-vo-liban-za-evakuatsija-na-grchki-i-kiparski-drzhavjani-vo-atina-zgolemeni-bezbednosni-merki/ Thu, 03 Oct 2024 07:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=822019

Околу 60 лица, грчки и кипарски државјани се очекува да бидат евакуирани со транспортен авион Ц-130 на военото воздухопловство на Грција што веројатно денеска ќе замине за Либан, според информациите во грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Министрите за одбрана на Грција и Кипар, Никос Дендиас и Василис Палмас вчера имаа телефонски разговор во кој се договориле Грција да му стави на располагање на Кипар Ц-130 за евакуација на кипарски државјани од Либан, а како што објавија медиумите, конкретниот транспортен авион се очекува денеска да замине за Бејрут.

Планот за евакуација на Грците од Либан, била една од темите на вонредниот состанок на владиниот совет за национална безбедност што вчера попладне го одржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и на кој, како што објави МИА, била разгледана и оценета состојбата на Блискиот исток и безбедносната ситуација.

Весникот „Катимерини“ пишува дека во Атина е зголемена претпазливоста и за можните бегалски бранови и за тероризмот, поради што се засилени и безбедносните мерки.

На вчерашниот состанок во Премиерската палата, според весникот, биле разгледани евентуалните мерки што првично би можеле да се воведат, како што е зголемување на капацитетите во некои од 33 центрите за прием на бегалци во земјата.

Дополнително, „Катимерини“ пишува дека „полицијата и Националната разузнавачка служба се во состојба на готовност поради опасност од терористички напад врз цели од израелски интерес, по последните случувања на Блискиот Исток“ и како пример ги споменува експлозиите во близина на израелската амбасада во Копенхаген, а стравувањата дека и во Грција би можело да се случи нешто слично ги активирало надлежните органи, по што полицијата издала наредба со која се бара зголемување на безбедносните мерки кај евентуални цели на насилни напади.

Мерките што се преземаат надлежните ги карактеризираат како построги во однос на оние од претходните месеци, а тоа се должи на ескалацијата на кризата во Израел, Либан, Иран и во Појасот Газа. Во планот на полицијата за главниот град учествуваат единици на тајната полиција од Секторот за борба против тероризам, од државната безбедност, како и униформирани полицајци, пишува „Катимерини“.

Додава дека дополнителен фактор за загриженост се повиците за собири и протести за солидарност за Палестина, по повод навршувањето на една година од терористичкиот напад на Хамас во Израел и почетокот на војната

The post Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани – во Атина зголемени безбедносни мерки appeared first on Република.

]]>

Околу 60 лица, грчки и кипарски државјани се очекува да бидат евакуирани со транспортен авион Ц-130 на военото воздухопловство на Грција што веројатно денеска ќе замине за Либан, според информациите во грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Министрите за одбрана на Грција и Кипар, Никос Дендиас и Василис Палмас вчера имаа телефонски разговор во кој се договориле Грција да му стави на располагање на Кипар Ц-130 за евакуација на кипарски државјани од Либан, а како што објавија медиумите, конкретниот транспортен авион се очекува денеска да замине за Бејрут. Планот за евакуација на Грците од Либан, била една од темите на вонредниот состанок на владиниот совет за национална безбедност што вчера попладне го одржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и на кој, како што објави МИА, била разгледана и оценета состојбата на Блискиот исток и безбедносната ситуација. Весникот „Катимерини“ пишува дека во Атина е зголемена претпазливоста и за можните бегалски бранови и за тероризмот, поради што се засилени и безбедносните мерки. На вчерашниот состанок во Премиерската палата, според весникот, биле разгледани евентуалните мерки што првично би можеле да се воведат, како што е зголемување на капацитетите во некои од 33 центрите за прием на бегалци во земјата. Дополнително, „Катимерини“ пишува дека „полицијата и Националната разузнавачка служба се во состојба на готовност поради опасност од терористички напад врз цели од израелски интерес, по последните случувања на Блискиот Исток“ и како пример ги споменува експлозиите во близина на израелската амбасада во Копенхаген, а стравувањата дека и во Грција би можело да се случи нешто слично ги активирало надлежните органи, по што полицијата издала наредба со која се бара зголемување на безбедносните мерки кај евентуални цели на насилни напади. Мерките што се преземаат надлежните ги карактеризираат како построги во однос на оние од претходните месеци, а тоа се должи на ескалацијата на кризата во Израел, Либан, Иран и во Појасот Газа. Во планот на полицијата за главниот град учествуваат единици на тајната полиција од Секторот за борба против тероризам, од државната безбедност, како и униформирани полицајци, пишува „Катимерини“. Додава дека дополнителен фактор за загриженост се повиците за собири и протести за солидарност за Палестина, по повод навршувањето на една година од терористичкиот напад на Хамас во Израел и почетокот на војната

The post Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани – во Атина зголемени безбедносни мерки appeared first on Република.

]]>
Маж почина во авион од Тиват за Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mazh-pochina-vo-avion-od-tivat-za-belgrad/ Wed, 02 Oct 2024 11:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=821776

Маж (72) почина во авион што слета на аеродромот „Никола Тесла“ од Тиват

Екипата за брза помош можела само да констатира смрт.

Известени се полицијата и Обвинителството.

 

The post Маж почина во авион од Тиват за Белград appeared first on Република.

]]>

Маж (72) почина во авион што слета на аеродромот „Никола Тесла“ од Тиват Екипата за брза помош можела само да констатира смрт. Известени се полицијата и Обвинителството.  

The post Маж почина во авион од Тиват за Белград appeared first on Република.

]]>
Драма на летот од Приштина за Хамбург, авионот принудно слетал https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/drama-na-letot-od-prishtina-za-hamburg-avionot-prinudno-sletal/ Sun, 29 Sep 2024 10:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=820695

Авион бил принуден да се врати на аеродромот во Приштина поради птици кои влегле во моторот на авионот.

Авионот требаше да лета на релација Приштина-Хамбург вчера. Патниците доживеале страшен и опасен момент, пренесе КосоваПрес.

Еден од патниците, кој сакал да остане анонимен, изјавил за агенцијата дека заминале за Хамбург во 08:40 часот, но по 30 минути нешто тргнало наопаку.

„Бевме некаде над планините во Албанија, авионот почна да се тресе, мислев дека ќе паднеме и многу го стегнав појасот. По 30-минутно патување се вративме на аеродромот во Приштина“, рече патникот.

Причината биле две птици кои влегле во моторот на авионот.

The post Драма на летот од Приштина за Хамбург, авионот принудно слетал appeared first on Република.

]]>

Авион бил принуден да се врати на аеродромот во Приштина поради птици кои влегле во моторот на авионот. Авионот требаше да лета на релација Приштина-Хамбург вчера. Патниците доживеале страшен и опасен момент, пренесе КосоваПрес. Еден од патниците, кој сакал да остане анонимен, изјавил за агенцијата дека заминале за Хамбург во 08:40 часот, но по 30 минути нешто тргнало наопаку. „Бевме некаде над планините во Албанија, авионот почна да се тресе, мислев дека ќе паднеме и многу го стегнав појасот. По 30-минутно патување се вративме на аеродромот во Приштина“, рече патникот. Причината биле две птици кои влегле во моторот на авионот.

The post Драма на летот од Приштина за Хамбург, авионот принудно слетал appeared first on Република.

]]>
Човек ненадејно почина на лет од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chovek-nenadejno-pochina-na-let-od-bugarija/ Tue, 24 Sep 2024 10:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=819251

Авион на „Џет 2“ од Бугарија за Велика Британија ненадејно бил пренасочен кон Келн кога еден патник починал за време на летот.

Летот LS3214 полета од Бургас, Бугарија, за Ливерпул во понеделникот околу 13 часот по локално време пред екипажот да прогласи вонредна состојба два часа подоцна.

Авионот бил пренасочен кон Келн, а по слетувањето на оддалечената писта на аеродромот околу 15.32 часот, кон авионот веднаш се упатила брзата помош.

Мажот наводно добил срцев удар и бил прогласен за мртов и покрај огромните напори на патниците и екипажот да го реанимираат, пишува „Мирор“.

По неколку часа поминати на аеродромот, авионот, конечно, повторно полета за Ливерпул во 21.17 часот и слета во Велика Британија во 22.27 часот.

The post Човек ненадејно почина на лет од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Авион на „Џет 2“ од Бугарија за Велика Британија ненадејно бил пренасочен кон Келн кога еден патник починал за време на летот. Летот LS3214 полета од Бургас, Бугарија, за Ливерпул во понеделникот околу 13 часот по локално време пред екипажот да прогласи вонредна состојба два часа подоцна. Авионот бил пренасочен кон Келн, а по слетувањето на оддалечената писта на аеродромот околу 15.32 часот, кон авионот веднаш се упатила брзата помош. Мажот наводно добил срцев удар и бил прогласен за мртов и покрај огромните напори на патниците и екипажот да го реанимираат, пишува „Мирор“. По неколку часа поминати на аеродромот, авионот, конечно, повторно полета за Ливерпул во 21.17 часот и слета во Велика Британија во 22.27 часот.

The post Човек ненадејно почина на лет од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Во Бугарија се урна воен тренажен авион Л-39 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-bugarija-se-urna-voen-trenazhen-avion-l-39/ Fri, 13 Sep 2024 12:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=816066

Воениот авион за обука Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесуваат медиумите.

За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.

Преземени се сите мерки за локализирање на пожарот и утврдување на причините за трагичната несреќа, изјави Евелина Бранимирова, советник за медиуми на министерот за одбрана.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев претходно денеска како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база.

Поради падот на авионот, бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов го откажа аеромитингот во Третата воздухопловна база, соопшти ресорното министерство.

Генералот Николај Русев од бугарското воздухопловство изјави дека авионот што се урна не е од воздухопловната база.

The post Во Бугарија се урна воен тренажен авион Л-39 appeared first on Република.

]]>

Воениот авион за обука Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесуваат медиумите. За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Како последица на падот на авионот избувнал пожар. Преземени се сите мерки за локализирање на пожарот и утврдување на причините за трагичната несреќа, изјави Евелина Бранимирова, советник за медиуми на министерот за одбрана. Претседателот на Бугарија, Румен Радев претходно денеска како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база. Поради падот на авионот, бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов го откажа аеромитингот во Третата воздухопловна база, соопшти ресорното министерство. Генералот Николај Русев од бугарското воздухопловство изјави дека авионот што се урна не е од воздухопловната база.

The post Во Бугарија се урна воен тренажен авион Л-39 appeared first on Република.

]]>
Пронајдени телата на 31 патник по авионската несреќа во Бразил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pronajdeni-telata-na-31-patnik-po-avionskata-nesreka-vo-brazil/ Sat, 10 Aug 2024 18:57:14 +0000 https://republika.mk/?p=805290

Најмалку 31 тело досега е пронајдено на местото на авионската несреќа во Бразил, во која загинаа 62 лица, а идентификувани се пилотот и копилотот, соопшти покраинската влада на Сао Паоло.

„Меѓу загинатите има еден Венецуелец и еден португалски државјанин“, рече претставникот на цивилната одбрана Роберто Фарина, додавајќи дека биле контактирани локални конзулати.

Сите пронајдени тела се пренесени во полициската мртовечница во Сао Паоло.

„Се анализира таканаречената ‘црна кутија’ на авионот, која содржи гласовни снимки и податоци за летот“, изјави Марсело Морено, шеф на бразилскиот центар за истражување на воздушни несреќи.

The post Пронајдени телата на 31 патник по авионската несреќа во Бразил appeared first on Република.

]]>

Најмалку 31 тело досега е пронајдено на местото на авионската несреќа во Бразил, во која загинаа 62 лица, а идентификувани се пилотот и копилотот, соопшти покраинската влада на Сао Паоло.
„Меѓу загинатите има еден Венецуелец и еден португалски државјанин“, рече претставникот на цивилната одбрана Роберто Фарина, додавајќи дека биле контактирани локални конзулати.
Сите пронајдени тела се пренесени во полициската мртовечница во Сао Паоло.
„Се анализира таканаречената ‘црна кутија’ на авионот, која содржи гласовни снимки и податоци за летот“, изјави Марсело Морено, шеф на бразилскиот центар за истражување на воздушни несреќи.

The post Пронајдени телата на 31 патник по авионската несреќа во Бразил appeared first on Република.

]]>
Тридневна жалост во Бразил по паѓањето на патнички авион https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tridnevna-zhalost-vo-brazil-po-paganeto-na-patnichki-avion/ Sat, 10 Aug 2024 08:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=805104

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице.

Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа“, се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х.

Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера во местото Вињедо, во близина на Сао Паоло, и нема преживеани. Според информациите на превозникот „Voepass Linhas Aéreas“ се работи за турбо-лесен авион АТР-72 што се урнал меѓу Каскавел и Гуаруљос.

The post Тридневна жалост во Бразил по паѓањето на патнички авион appeared first on Република.

]]>

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице.
Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа“, се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х.
Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера во местото Вињедо, во близина на Сао Паоло, и нема преживеани. Според информациите на превозникот „Voepass Linhas Aéreas“ се работи за турбо-лесен авион АТР-72 што се урнал меѓу Каскавел и Гуаруљос.

The post Тридневна жалост во Бразил по паѓањето на патнички авион appeared first on Република.

]]>
Гром удри во авион на „Бритиш ервејс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grom-udri-vo-avion-na-british-ervejs/ Sun, 07 Jul 2024 20:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=794353

Гром удри во авион на „Бритиш ервејс“ на приближување до аеродромот Хитроу.

„Дејли мејл“ објави дека патниците на летот BA919 од Штутгарт до Хитроу зборувале за нивниот „шок“ по инцидентот кој го принудил екипажот да се пренасочи кон Гетвик.

Авионот ја напуштил Германија кратко по 13 часот по локално време и требало да слета на Хитроу во 13:40 часот. Но, лошото време ги принудило пилотите да се пренасочат кон Гетвик, каде што патниците пристигнале околу 14 часот пред да бидат пренесени во Хитроу.

Еден патник сподели фотографија од гром надвор од прозорецот на авионот и рече:

– Екипажот беше неверојатен кога нашиот авион беше погоден од гром при приближувањето до Хитроу. Тоа беше шокантно. Летот мораше да се пренасочи кон Гетвик.

Друг човек, чиј син и внук биле на летот, го опишал како „лет од пеколот“ откако патниците доцнеле поради прегреани сопирачки во Штутгарт пред да бидат пренасочени во ОК поради бури со грмотевици.

Портпаролот на „Бритиш Ервејс“ изјави:

– БА919 рано попладнево се пренасочи кон Гетвик поради временските услови во регионот. Авионот слета нешто пред 14 часот. Патниците биле однесени од Гетвик до Хитроу.

Друг патник, кој бил на друг лет за Хитроу, исто така открил:

– Само што ме погоди гром на приодот до Хитроу. Отиде право под пилотската кабина и ја остави опашката – видовме како пука низ пилотската кабина. Претходно имав слушнато за гром што патува низ кабината, но ова ми беше првпат да го видам во реалниот живот.

The post Гром удри во авион на „Бритиш ервејс“ appeared first on Република.

]]>

Гром удри во авион на „Бритиш ервејс“ на приближување до аеродромот Хитроу. „Дејли мејл“ објави дека патниците на летот BA919 од Штутгарт до Хитроу зборувале за нивниот „шок“ по инцидентот кој го принудил екипажот да се пренасочи кон Гетвик. Авионот ја напуштил Германија кратко по 13 часот по локално време и требало да слета на Хитроу во 13:40 часот. Но, лошото време ги принудило пилотите да се пренасочат кон Гетвик, каде што патниците пристигнале околу 14 часот пред да бидат пренесени во Хитроу. Еден патник сподели фотографија од гром надвор од прозорецот на авионот и рече:
– Екипажот беше неверојатен кога нашиот авион беше погоден од гром при приближувањето до Хитроу. Тоа беше шокантно. Летот мораше да се пренасочи кон Гетвик.
Друг човек, чиј син и внук биле на летот, го опишал како „лет од пеколот“ откако патниците доцнеле поради прегреани сопирачки во Штутгарт пред да бидат пренасочени во ОК поради бури со грмотевици. Портпаролот на „Бритиш Ервејс“ изјави:
– БА919 рано попладнево се пренасочи кон Гетвик поради временските услови во регионот. Авионот слета нешто пред 14 часот. Патниците биле однесени од Гетвик до Хитроу.
Друг патник, кој бил на друг лет за Хитроу, исто така открил:
– Само што ме погоди гром на приодот до Хитроу. Отиде право под пилотската кабина и ја остави опашката – видовме како пука низ пилотската кабина. Претходно имав слушнато за гром што патува низ кабината, но ова ми беше првпат да го видам во реалниот живот.

The post Гром удри во авион на „Бритиш ервејс“ appeared first on Република.

]]>
Патници повредени поради силни турбуленции, авионот принудно слета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/patnitsi-povredeni-poradi-silni-turbulentsii-avionot-prinudno-sleta/ Mon, 01 Jul 2024 20:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=792525

Патнички авион на шпанската авиокомпанија „Ер Јуроп“, „Боинг 787-9 Дримлајнер“, кој леташе од Мадрид до Монтевидео, денеска принудно слета во Натал, Бразил, поради силна турбуленција при која беа повредени неколку лица, соопшти авиокомпанијата.

Шпанската авиокомпанија објасни на социјалната мрежа „Икс“ дека авионот нормално слетал во Натал, во североисточна Бразил и дека повредените добиле медицинска помош.

„Нашиот лет за Монтевидео беше пренасочен кон Натал поради силна турбуленција“, се вели во соопштението на „Ер Јуроп“ на социјалната мрежа и се додава: „Авионот нормално слета и повредените со различни степени на повреди веќе добиваат медицинска помош.“

Според „Ер Јуроп“, втор авион требало да полета од Мадрид подоцна денеска за да ги преземе неповредените патници и да го продолжи патувањето до Уругвај.

The post Патници повредени поради силни турбуленции, авионот принудно слета appeared first on Република.

]]>

Патнички авион на шпанската авиокомпанија „Ер Јуроп“, „Боинг 787-9 Дримлајнер“, кој леташе од Мадрид до Монтевидео, денеска принудно слета во Натал, Бразил, поради силна турбуленција при која беа повредени неколку лица, соопшти авиокомпанијата. Шпанската авиокомпанија објасни на социјалната мрежа „Икс“ дека авионот нормално слетал во Натал, во североисточна Бразил и дека повредените добиле медицинска помош. „Нашиот лет за Монтевидео беше пренасочен кон Натал поради силна турбуленција“, се вели во соопштението на „Ер Јуроп“ на социјалната мрежа и се додава: „Авионот нормално слета и повредените со различни степени на повреди веќе добиваат медицинска помош.“ Според „Ер Јуроп“, втор авион требало да полета од Мадрид подоцна денеска за да ги преземе неповредените патници и да го продолжи патувањето до Уругвај.

The post Патници повредени поради силни турбуленции, авионот принудно слета appeared first on Република.

]]>
Вучиќ „очаен и лут“ што српската репрезентација била вратена дома во хрватски авион https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vuchik-ochaen-i-lut-shto-srpskata-reprezentatsija-bila-vratena-doma-vo-hrvatski-avion/ Wed, 26 Jun 2024 12:52:55 +0000 https://republika.mk/?p=791007

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека српската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Германија заминала со хрватски авион и посочи дека претседателот на Србија Александар Вучиќ кој се качил во авионот за да ги испрати играчите, бил очаен и лут поради тоа, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека за ова се премолчело и дека било тајна за да не се вознемири нашата репрезентација пред патувањето, како и да не се истакне чија е одговорноста.

Таа изјави дека апсолутно лично очекува да се откријат одговорните за тој пропуст, како и кој е одговорен што српските репрезентативци патувале со хрватски авион и со хрватско знаме.

Очекувам да се откријат одговорните и да се види зошто тоа се случи. Имаме своја „Ер Србија“, сите секогаш патуваме со „Ер Србија“, претседателот Александар Вучиќ патува и на долги патувања, како на пример во Република Кина. Исто така, кога ќе слета авионот, се гледа „Ер Србија“, тоа е нашата гордост. Не знам зошто тоа се случи, но знам дека тоа се случи и дека не се зборуваше за да не ја сменат повторно темата за поддршка на нашата репрезентација и мислам дека тоа беше правилна одлука. Дека ова е срамота, срамота е, а Вучиќ беше очаен поради тоа и очекувам одговорните да бидат идентификувани, порача Брнабиќ.

The post Вучиќ „очаен и лут“ што српската репрезентација била вратена дома во хрватски авион appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека српската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Германија заминала со хрватски авион и посочи дека претседателот на Србија Александар Вучиќ кој се качил во авионот за да ги испрати играчите, бил очаен и лут поради тоа, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека за ова се премолчело и дека било тајна за да не се вознемири нашата репрезентација пред патувањето, како и да не се истакне чија е одговорноста. Таа изјави дека апсолутно лично очекува да се откријат одговорните за тој пропуст, како и кој е одговорен што српските репрезентативци патувале со хрватски авион и со хрватско знаме.
Очекувам да се откријат одговорните и да се види зошто тоа се случи. Имаме своја „Ер Србија“, сите секогаш патуваме со „Ер Србија“, претседателот Александар Вучиќ патува и на долги патувања, како на пример во Република Кина. Исто така, кога ќе слета авионот, се гледа „Ер Србија“, тоа е нашата гордост. Не знам зошто тоа се случи, но знам дека тоа се случи и дека не се зборуваше за да не ја сменат повторно темата за поддршка на нашата репрезентација и мислам дека тоа беше правилна одлука. Дека ова е срамота, срамота е, а Вучиќ беше очаен поради тоа и очекувам одговорните да бидат идентификувани, порача Брнабиќ.

The post Вучиќ „очаен и лут“ што српската репрезентација била вратена дома во хрватски авион appeared first on Република.

]]>
Драма на небото над Хрватска: Пијани патници се удирале со тупаници https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/drama-na-neboto-nad-hrvatska-pijani-patnitsi-se-udirale-so-tupanitsi/ Tue, 18 Jun 2024 11:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=788756

Вчера околу 11:50 часот од задарскиот аеродром во полиција е пријавено дека имало нарушување на јавниот ред и мир во авион на летот за Задар, објави Индекс.хр.

По слетувањето на авионот на аеродромот, полициски службеници од поморската и аеродромската полициска станица Задар ги донеле двете лица во полициските простории каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани полесни физички повреди, соопшти Полициската управа Задар.

Алкотестот покажал присуство на алкохол во нивните тела.

Понатамошната истрага на полицијата откри дека за време на летот, лицата вербално се судриле меѓу себе, а потоа и физички се удирале со тупаници, при што двајцата се здобиле со повреди во пределот на лицето и рацете, соопшти задарската полиција.

 

The post Драма на небото над Хрватска: Пијани патници се удирале со тупаници appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 11:50 часот од задарскиот аеродром во полиција е пријавено дека имало нарушување на јавниот ред и мир во авион на летот за Задар, објави Индекс.хр. По слетувањето на авионот на аеродромот, полициски службеници од поморската и аеродромската полициска станица Задар ги донеле двете лица во полициските простории каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани полесни физички повреди, соопшти Полициската управа Задар. Алкотестот покажал присуство на алкохол во нивните тела. Понатамошната истрага на полицијата откри дека за време на летот, лицата вербално се судриле меѓу себе, а потоа и физички се удирале со тупаници, при што двајцата се здобиле со повреди во пределот на лицето и рацете, соопшти задарската полиција.  

The post Драма на небото над Хрватска: Пијани патници се удирале со тупаници appeared first on Република.

]]>
Авионот на италијанскиот министер за одбрана Крозето морал принудно да слета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avionot-na-italijanskiot-minister-za-odbrana-krozeto-moral-prinudno-da-sleta/ Fri, 14 Jun 2024 17:18:15 +0000 https://republika.mk/?p=787647

Авионот со кој италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето се враќаше во Италија од состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел денеска мораше принудно да слета на воениот аеродром Чампино во Рим.

Според упатени извори, слетувањето било неопходно поради чад во багажникот на авионот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска во Брисел го завршија дводневниот состанок на кој постигнаа договор за долгорочна безбедносна помош и воена обука за Украина, пред планираниот самит од 9 до 11 јули, со кој ќе претседава од американскиот претседател Џозеф Бајден, кога се очекува лидерите на НАТО да ја најават финансиската помош за Украина.

 

The post Авионот на италијанскиот министер за одбрана Крозето морал принудно да слета appeared first on Република.

]]>

Авионот со кој италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето се враќаше во Италија од состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел денеска мораше принудно да слета на воениот аеродром Чампино во Рим. Според упатени извори, слетувањето било неопходно поради чад во багажникот на авионот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска во Брисел го завршија дводневниот состанок на кој постигнаа договор за долгорочна безбедносна помош и воена обука за Украина, пред планираниот самит од 9 до 11 јули, со кој ќе претседава од американскиот претседател Џозеф Бајден, кога се очекува лидерите на НАТО да ја најават финансиската помош за Украина.  

The post Авионот на италијанскиот министер за одбрана Крозето морал принудно да слета appeared first on Република.

]]>
Ви се лоши уште пред да влезете во авион? Овие совети ќе ви помогнат да го пребродите стравот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/vi-se-loshi-ushte-pred-da-vlezete-vo-avion-ovie-soveti-ke-vi-pomognat-da-go-prebrodite-stravot/ Tue, 11 Jun 2024 07:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=786428

При патување со авион, на многумина им се случуваат болки во стомакот, надуеност или запек. Некои тоа го припишуваат само на стравот од летање, но тоа може да му се случи на секого, вели диететичарката Меган Роси од Австралија. Таа појаснува зошто и покрај тоа што самата, на пр., го нема тн. синдром на нервозно дебело црево, имала слични мачнини. За да објасни и демонстрира зошто надуеноста е честа појава кај патниците, таа употреби чаша јогурт со капаче.

- Замислете ја оваа чаша како Вашето црево долу на земјата. Гасот внатре што го произведуваат Вашите микроби има простор за движење, но како што авионот се крева, промената на воздушниот притисок предизвикува ширење на гасот и тоа предизвикува надуеност и болки во стомакот, вели таа.

Иако оваа состојба е непријатна, постојат начини да се намали притисокот со подготовка пред патувањето. Познатата „докторка за здрави црева“ препорачува, пред сѐ, избегнување храна што предизвикува надуеност, како грав, авокадо, печурки и кромид - 24 до 48 часа пред патувањето. Наместо тоа, се препорачуваат полесна храна: Маслото од авокадо се заменува со маслиново масло, печурките со модар патлиџан итн.

Исто така, за проблеми со запек во текот на летот, би било препорачливо да се пие магнезиум и да се консумираат повеќе хранливи влакна. Доколку и тоа не помага, диететичарката препорачува консултирање со лекар

The post Ви се лоши уште пред да влезете во авион? Овие совети ќе ви помогнат да го пребродите стравот appeared first on Република.

]]>

При патување со авион, на многумина им се случуваат болки во стомакот, надуеност или запек. Некои тоа го припишуваат само на стравот од летање, но тоа може да му се случи на секого, вели диететичарката Меган Роси од Австралија. Таа појаснува зошто и покрај тоа што самата, на пр., го нема тн. синдром на нервозно дебело црево, имала слични мачнини. За да објасни и демонстрира зошто надуеноста е честа појава кај патниците, таа употреби чаша јогурт со капаче.
- Замислете ја оваа чаша како Вашето црево долу на земјата. Гасот внатре што го произведуваат Вашите микроби има простор за движење, но како што авионот се крева, промената на воздушниот притисок предизвикува ширење на гасот и тоа предизвикува надуеност и болки во стомакот, вели таа.
Иако оваа состојба е непријатна, постојат начини да се намали притисокот со подготовка пред патувањето. Познатата „докторка за здрави црева“ препорачува, пред сѐ, избегнување храна што предизвикува надуеност, како грав, авокадо, печурки и кромид - 24 до 48 часа пред патувањето. Наместо тоа, се препорачуваат полесна храна: Маслото од авокадо се заменува со маслиново масло, печурките со модар патлиџан итн. Исто така, за проблеми со запек во текот на летот, би било препорачливо да се пие магнезиум и да се консумираат повеќе хранливи влакна. Доколку и тоа не помага, диететичарката препорачува консултирање со лекар

The post Ви се лоши уште пред да влезете во авион? Овие совети ќе ви помогнат да го пребродите стравот appeared first on Република.

]]>
Пијан се обидел да ја отвори вратата за време на лет, авионот итно бил приземјен во Шпанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pijan-se-obidel-da-ja-otvori-vratata-za-vreme-na-let-avionot-itno-bil-prizemjen-vo-shpanija/ Fri, 31 May 2024 11:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=783534

На летот на „EasyJet“ настанал хаос откако пијан патник се обидел да ја отвори вратата додека авионот бил во воздух.

Полицијата чекала на пистата на аеродромот во Аликанте во Шпанија и уапсила 28-годишен маж кој бил толку пијан што не сфатил дека авионот се уште е во воздух.

Други патници му помогнале на екипажот со задржување на разбеснетиот маж за време на тепачката во која тој се заканувал на безбедноста на летот.

Според извештаите, патникот веќе бил пијан кога се качил во авионот, но неговата состојба „се влошила за време на летот“.

Ситуацијата ескалирала кога тој се степал со другите патници откако ги навредувал. Тој се обидел да удри член на персоналот, но потоа сите присутни се обиделе да го спречат хаосот.

Во средина на тепачката, пијаниот маж се обидел да ја отвори вратата од авионот за да излезе, несвесен дека тие летаат, а потоа се обидел да добие пристап до пилотската кабина.

Според тамошните медиуми, капетанот стапил во контакт со контролната кула на Аликанте за да ги предупреди дека во летот имаат пијан патник, кој во неколку наврати морале да го имобилизираат поради безбедносни закани.

По слетувањето на авионот, пијаниот маж е уапсен.

Аеродромот Аликанте е еден од оние кои регистрираат најмногу конфликти со патниците, пишуваат медиумите во регионот.

The post Пијан се обидел да ја отвори вратата за време на лет, авионот итно бил приземјен во Шпанија appeared first on Република.

]]>

На летот на „EasyJet“ настанал хаос откако пијан патник се обидел да ја отвори вратата додека авионот бил во воздух. Полицијата чекала на пистата на аеродромот во Аликанте во Шпанија и уапсила 28-годишен маж кој бил толку пијан што не сфатил дека авионот се уште е во воздух. Други патници му помогнале на екипажот со задржување на разбеснетиот маж за време на тепачката во која тој се заканувал на безбедноста на летот. Според извештаите, патникот веќе бил пијан кога се качил во авионот, но неговата состојба „се влошила за време на летот“. Ситуацијата ескалирала кога тој се степал со другите патници откако ги навредувал. Тој се обидел да удри член на персоналот, но потоа сите присутни се обиделе да го спречат хаосот. Во средина на тепачката, пијаниот маж се обидел да ја отвори вратата од авионот за да излезе, несвесен дека тие летаат, а потоа се обидел да добие пристап до пилотската кабина. Според тамошните медиуми, капетанот стапил во контакт со контролната кула на Аликанте за да ги предупреди дека во летот имаат пијан патник, кој во неколку наврати морале да го имобилизираат поради безбедносни закани. По слетувањето на авионот, пијаниот маж е уапсен. Аеродромот Аликанте е еден од оние кои регистрираат најмногу конфликти со патниците, пишуваат медиумите во регионот.

The post Пијан се обидел да ја отвори вратата за време на лет, авионот итно бил приземјен во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Драма на небото над Европа- авион барал принудно слетување, откако му пукнал еден дел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/drama-na-neboto-nad-evropa-avion-baral-prinudno-sletuvane-otkako-mu-puknal-eden-del/ Wed, 29 May 2024 16:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=782886

Авионот, наводно, претрпел пукнат преден дел по полетувањето од Орландо, Флорида, и му била потребна помош при слетување.

Предната гума за слетување била дупната, што предизвикало страв од пад на пистата. Во тој момент, слетувањето го следеле повеќе од 3.000 луѓе на FlightRadar24.

Авионот успеал безбедно да слета, а на пистата го пречекале екипи за итни случаи и работници вработени во компанијата Вирџин Атлантик.

„Како мерка на претпазливост, побаравме од инженерите да се сретнат со нашиот лет VS226 кој патува од Орландо до Единбург при слетувањето поради низок притисок во гумите“, рече портпаролот на Virgin Atlantic.

„Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш главен приоритет. Драго ни е што авионот слета нормално“, додаваат тие.

The post Драма на небото над Европа- авион барал принудно слетување, откако му пукнал еден дел appeared first on Република.

]]>

Авионот, наводно, претрпел пукнат преден дел по полетувањето од Орландо, Флорида, и му била потребна помош при слетување. Предната гума за слетување била дупната, што предизвикало страв од пад на пистата. Во тој момент, слетувањето го следеле повеќе од 3.000 луѓе на FlightRadar24. Авионот успеал безбедно да слета, а на пистата го пречекале екипи за итни случаи и работници вработени во компанијата Вирџин Атлантик.
„Како мерка на претпазливост, побаравме од инженерите да се сретнат со нашиот лет VS226 кој патува од Орландо до Единбург при слетувањето поради низок притисок во гумите“, рече портпаролот на Virgin Atlantic.
„Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш главен приоритет. Драго ни е што авионот слета нормално“, додаваат тие.

The post Драма на небото над Европа- авион барал принудно слетување, откако му пукнал еден дел appeared first on Република.

]]>
Мал спортски авион се урна кај Загреб, едно лице загина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mal-sportski-avion-se-urna-kaj-zagreb-edno-litse-zagina/ Sat, 25 May 2024 16:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=781675

Мал спортски авион попладнево се урна кај Загреб, при што едно лице загина, а тројца ја преживеале несреќата, јави хрватскиот портал „24 сата“.

Авионот што се урна кај Загреб е лоциран, потврди хрватската полиција и соопшти дека се пружа помош на повредените.

„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегле на терен и ја потврдиле точноста на пријавата. Се укажува помош на повредените, а местото на настанот е обезбедено“, соопшти хрватската полиција.

The post Мал спортски авион се урна кај Загреб, едно лице загина appeared first on Република.

]]>

Мал спортски авион попладнево се урна кај Загреб, при што едно лице загина, а тројца ја преживеале несреќата, јави хрватскиот портал „24 сата“. Авионот што се урна кај Загреб е лоциран, потврди хрватската полиција и соопшти дека се пружа помош на повредените.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегле на терен и ја потврдиле точноста на пријавата. Се укажува помош на повредените, а местото на настанот е обезбедено“, соопшти хрватската полиција.

The post Мал спортски авион се урна кај Загреб, едно лице загина appeared first on Република.

]]>