авиолинија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aviolinija/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 07:36:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авиолинија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aviolinija/ 32 32 Нема веќе лет Скопје-Женева: Прекината продажбата на билети https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/nema-veke-let-skopje-zheneva-prekinata-prodazhbata-na-bileti/ Tue, 11 Jun 2024 07:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=786436

Нискобуџетната компанија ИзиЏет (easyJet) планира да ги прекине операциите меѓу Женева и Скопје од почетокот на зимската сезона 2024/25, со што ќе заврши тригодишната континуирана услуга на македонскиот главен град, пишува „Екс ЈУ авиејшн“.

Авиокомпанијата, како што стои во објавата, го закажала својот последен лет меѓу двата града за 1 ноември, а продажбата на билетите е прекината.

ИзиЏет влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година и е единствениот оператор меѓу Женева и Скопје. Релацијата Скопје-Женева во тековната летна сезина ја опслужува двапати неделно, а претходниот летен период имаше по четири лета.

The post Нема веќе лет Скопје-Женева: Прекината продажбата на билети appeared first on Република.

]]>

Нискобуџетната компанија ИзиЏет (easyJet) планира да ги прекине операциите меѓу Женева и Скопје од почетокот на зимската сезона 2024/25, со што ќе заврши тригодишната континуирана услуга на македонскиот главен град, пишува „Екс ЈУ авиејшн“. Авиокомпанијата, како што стои во објавата, го закажала својот последен лет меѓу двата града за 1 ноември, а продажбата на билетите е прекината. ИзиЏет влезе на македонскиот пазар во ноември 2021 година и е единствениот оператор меѓу Женева и Скопје. Релацијата Скопје-Женева во тековната летна сезина ја опслужува двапати неделно, а претходниот летен период имаше по четири лета.

The post Нема веќе лет Скопје-Женева: Прекината продажбата на билети appeared first on Република.

]]>
Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром, се истражуваат можностите за авиолинија со Мадрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prv-charter-let-na-shpanska-iberia-na-skopskiot-aerodrom-se-istrazhuvaat-mozhnostite-za-aviolinija-so-madrid/ Sun, 12 May 2024 17:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=777371

Прв чартер лет на шпанската национална авиокомпанија Ибериа, од Мадрид, вчера попладне слета на Меѓународниот Аеродром Скопје и донесе 120 шпански туристи во Македонија, вклучувајќи и шпански блогери, кои ќе ја истражуваат земјава во следните неколку дена, објави денеска на својата Фејсбук страница операторот на аеродромите во државава ТАВ Македонија.

-Овој лет е резултат на соработката на домашниот тур-оператор Balkan Prime Tours и шпанскиот тур-оператор Sama Travel. Станува збор за пробен лет, кој е плод на иницијативата и активностите на ТАВ Македонија и македонскиот тур-оператор Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, со цел отворање директни летови до Шпанија.Со овој лет на Ибериа, шпанските туристи ќе ја запознаат Македонија како туристичка дестинација, со цел да се создаде побарувачка за авионско поврзување меѓу #Скопје и #Мадрид и од страната на Шпанците, а врз основа на тоа авиокомпанијата Iberia следната година да отвори сезонски летови до шпанската престолнина, појаснуваат од ТАВ во објавата.

За пристигнувањето на шпанските туристи и блогери и првиот чартер лет во соопштение информира и македонскиот дојдовен тур-оператор Balkan Prime Tours.

-Ова е резултат на активностите на Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, на контакти со нашите колеги во Шпанија, со што се надеваме дека ќе ја направиме Македонија атрактивна дестинација за шпанските туристи, и дека тие во иднина ќе доаѓаат во што поголем број, вели во пишана изјава Влатко Сулев оперативен директор на Balkan Prime Tours.

Извор: МИА

The post Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром, се истражуваат можностите за авиолинија со Мадрид appeared first on Република.

Воведена нова авиолинија Скопје-Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vovedena-nova-aviolinija-skopje-saraevo/ Tue, 03 Oct 2023 09:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=687372

Профункционира новата авиолинија на релацијата Скопје-Сараево, што ќе ја опслужува трипати неделно (понеделник, среда и петок) грчката национална авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“. За првите патници во заминување на првиот лет за Сараево ТАВ Аеродроми синоќа организираше прослава на Меѓународниот Аеродром Скопје и им додели симболични подароци за добар пат.

До крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје. во 21:50 часот. Сличен распоред ќе биде понуден и во текот на зимата 2023/2024.

-Веруваме дека оваа нова авиолинија ќе ја задоволи потребата на патниците за брзо и удобно да стигнат од Скопје во Сараево за нешто повеќе од еден час, наместо копнените видови превоз кои траат долги часови и значат исцрпувачки патувања меѓу двата главни града. Сега, луѓето од Сараево можат со летот на AEGEAN да пристигнат во Скопје за речиси еден час, и да ги откриваат неговите популарни места за разгледување и културно наследство за време на нивниот одмор во градот или пак за време на продолжени рекреативни патувања во земјата, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Роланд Јаги, главен комерцијален директор на „Ејџијан“, истакна дека со  новиот лет сакаат да ја зголемат поврзаноста и да го прошират  присуството на балканските простори.

-Со нашите висококвалитетни услуги сакаме да ја промовираме меѓудржавната мобилност, да го промовираме туризмот и да ги зајакнеме трговските односи, не само меѓу двете земји, туку и со Грција. Воведувањето на оваа нова авиолинија е и резултат на соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Скопје и би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од ТАВ за одличното партнерство што го имаме, рече Јаги.

Важноста на новата авиолинија ја истакнува и Алан Бајиќ, директор на Меѓународниот Аеродром Сараево, кој посочува дека нејзиното воведување е резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу скопскиот аеродром, управуван од ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Сараево и грчката авиокомпанија AEGEAN.

-Возбудени сме што AEGEAN ја препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа линија како одлично подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Македонија и Босна и Херцеговина. Убеден сум дека соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Сараево ќе биде долга и успешна, изјави Бајиќ.

Во периодот од јануари до август годинава се регистрирани 2.049.157 патници на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Ова, според евиденцијата на ТАВ Аеродроми, претставува пораст од 32 проценти споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 15 проценти зголемување на бројот на патници.  Во осумте месеци од годинава реализирани се 15.344 летови, или 20 проценти повеќе летови од 2022, односно четири проценти повеќе споредено со 2019 година. 

The post Воведена нова авиолинија Скопје-Сараево appeared first on Република.

]]>

Профункционира новата авиолинија на релацијата Скопје-Сараево, што ќе ја опслужува трипати неделно (понеделник, среда и петок) грчката национална авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“. За првите патници во заминување на првиот лет за Сараево ТАВ Аеродроми синоќа организираше прослава на Меѓународниот Аеродром Скопје и им додели симболични подароци за добар пат. До крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје. во 21:50 часот. Сличен распоред ќе биде понуден и во текот на зимата 2023/2024. -Веруваме дека оваа нова авиолинија ќе ја задоволи потребата на патниците за брзо и удобно да стигнат од Скопје во Сараево за нешто повеќе од еден час, наместо копнените видови превоз кои траат долги часови и значат исцрпувачки патувања меѓу двата главни града. Сега, луѓето од Сараево можат со летот на AEGEAN да пристигнат во Скопје за речиси еден час, и да ги откриваат неговите популарни места за разгледување и културно наследство за време на нивниот одмор во градот или пак за време на продолжени рекреативни патувања во земјата, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Роланд Јаги, главен комерцијален директор на „Ејџијан“, истакна дека со  новиот лет сакаат да ја зголемат поврзаноста и да го прошират  присуството на балканските простори. -Со нашите висококвалитетни услуги сакаме да ја промовираме меѓудржавната мобилност, да го промовираме туризмот и да ги зајакнеме трговските односи, не само меѓу двете земји, туку и со Грција. Воведувањето на оваа нова авиолинија е и резултат на соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Скопје и би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од ТАВ за одличното партнерство што го имаме, рече Јаги. Важноста на новата авиолинија ја истакнува и Алан Бајиќ, директор на Меѓународниот Аеродром Сараево, кој посочува дека нејзиното воведување е резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу скопскиот аеродром, управуван од ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Сараево и грчката авиокомпанија AEGEAN. -Возбудени сме што AEGEAN ја препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа линија како одлично подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Македонија и Босна и Херцеговина. Убеден сум дека соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Сараево ќе биде долга и успешна, изјави Бајиќ. Во периодот од јануари до август годинава се регистрирани 2.049.157 патници на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Ова, според евиденцијата на ТАВ Аеродроми, претставува пораст од 32 проценти споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 15 проценти зголемување на бројот на патници.  Во осумте месеци од годинава реализирани се 15.344 летови, или 20 проценти повеќе летови од 2022, односно четири проценти повеќе споредено со 2019 година. 

The post Воведена нова авиолинија Скопје-Сараево appeared first on Република.

]]>
ЕрБалтик влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија Скопје-Рига https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/erbaltik-vleguva-na-makedonskiot-pazar-so-nova-sezonska-aviolinija-skopje-riga/ Fri, 01 Sep 2023 08:49:01 +0000 https://republika.mk/?p=677825

Водечката авиокомпанија на Балтикот, летонската ЕрБалтик, од следната летна сезона во 2024 година ќе воведе авиолинија на релација Скопје–Рига–Скопје, соопшти денеска ТАВ Аеродроми.

Македонскиот главен град Скопје ќе биде поврзан со Рига, главниот град на Летонија, два пати неделно, од 3 мај до 30 септември 2024.

Новата сезонска авиолинија на ЕрБалтик, од скопскиот аеродром, ќе им овозможи на клиентите поврзување со балтичките држави и светот.

Воведувањето на нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на airBaltic како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во балтичкиот регион, и Скопје и балканскиот регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство. Честитаме на airBaltic и ја цениме нивната одлука бидејќи оваа нова авиолинија ќе ги поврзе балтичкиот и балканскиот регион, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Мартин Гаус, претседател и главен извршен директор на ЕрБалкан, истакнува дека со воведувањето на 11 нови линии следното лето, авиокомпанијата ќе ја зајакне позиција и амбицијата за натамошен раст, подобрувајќи ја поврзаноста од Балтикот.

При подготовките за следна сезона, секогаш внимателно ја проценуваме состојбата на пазарот и побарувачката. Овој пат, идентификувавме можност да ја прошириме нашата мрежа во Централна и Југоисточна Европа со конекции со балтичките и нордиските земји. Затоа, драго ни е да ја прошириме понудата на airBaltic следното лето со практични и погодни директни летови до и од овој регион, вели Гаус.

Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб страницата на airBaltic www.airbaltic.com, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.

The post ЕрБалтик влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија Скопје-Рига appeared first on Република.

]]>

Водечката авиокомпанија на Балтикот, летонската ЕрБалтик, од следната летна сезона во 2024 година ќе воведе авиолинија на релација Скопје–Рига–Скопје, соопшти денеска ТАВ Аеродроми. Македонскиот главен град Скопје ќе биде поврзан со Рига, главниот град на Летонија, два пати неделно, од 3 мај до 30 септември 2024. Новата сезонска авиолинија на ЕрБалтик, од скопскиот аеродром, ќе им овозможи на клиентите поврзување со балтичките држави и светот.
Воведувањето на нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на airBaltic како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во балтичкиот регион, и Скопје и балканскиот регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство. Честитаме на airBaltic и ја цениме нивната одлука бидејќи оваа нова авиолинија ќе ги поврзе балтичкиот и балканскиот регион, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Мартин Гаус, претседател и главен извршен директор на ЕрБалкан, истакнува дека со воведувањето на 11 нови линии следното лето, авиокомпанијата ќе ја зајакне позиција и амбицијата за натамошен раст, подобрувајќи ја поврзаноста од Балтикот.
При подготовките за следна сезона, секогаш внимателно ја проценуваме состојбата на пазарот и побарувачката. Овој пат, идентификувавме можност да ја прошириме нашата мрежа во Централна и Југоисточна Европа со конекции со балтичките и нордиските земји. Затоа, драго ни е да ја прошириме понудата на airBaltic следното лето со практични и погодни директни летови до и од овој регион, вели Гаус.
Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб страницата на airBaltic www.airbaltic.com, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.

The post ЕрБалтик влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија Скопје-Рига appeared first on Република.

]]>
Од октомври стартува нова авиолинија Скопје-Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-oktomvri-startuva-nova-aviolinija-skopje-saraevo/ Sat, 29 Jul 2023 07:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=666516

Скопје и Сараево се поврзуваат со директна авиолинија. Летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2 октомври годинава, ќе ги спроведува грчкиот национален авиопревозник „Егеан“ (AEGEAN), член на „Стар алајанс“ (STAR ALLIANCE), најавуваат од ТАВ Аеродроми.

Грчката авиокомпанија ќе почне да лета меѓу двата главни града од 2 октомври 2023 година, со воздухоплов ATР72-600, со три лета неделно, односно секој понеделник, среда и петок.

Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на „Егеан“ за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

До крајот на летниот ред на летање за 2023 година, или до крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 21:50 часот. Во текот на зимската сезона 2023/2024, времињата на пристигнување/заминување ќе бидат слични.

Резервација на авионски билети е достапна на веб-страницата на „Егеан“ https://en.aegeanair.com/ и преку туристичките агенции.

The post Од октомври стартува нова авиолинија Скопје-Сараево appeared first on Република.

]]>

Скопје и Сараево се поврзуваат со директна авиолинија. Летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2 октомври годинава, ќе ги спроведува грчкиот национален авиопревозник „Егеан“ (AEGEAN), член на „Стар алајанс“ (STAR ALLIANCE), најавуваат од ТАВ Аеродроми. Грчката авиокомпанија ќе почне да лета меѓу двата главни града од 2 октомври 2023 година, со воздухоплов ATР72-600, со три лета неделно, односно секој понеделник, среда и петок.
Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на „Егеан“ за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
До крајот на летниот ред на летање за 2023 година, или до крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 21:50 часот. Во текот на зимската сезона 2023/2024, времињата на пристигнување/заминување ќе бидат слични. Резервација на авионски билети е достапна на веб-страницата на „Егеан“ https://en.aegeanair.com/ и преку туристичките агенции.

The post Од октомври стартува нова авиолинија Скопје-Сараево appeared first on Република.

]]>
Од 12 мај со авион ќе може да се оди на утринско кафе и ручек во Сплит https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-12-maj-so-avion-ke-mozhe-da-se-odi-na-utrinsko-kafe-i-ruchek-vo-split/ Fri, 28 Apr 2023 13:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=635045

ТАВ Македонија, со своите претставници од Меѓународниот Аеродром Скопје, како коорганизатор, заедно со „Корација ерјанс“ и Туристичката заедница на Сплитско-Далматинската жупанија, заеднички ја презентираа најавената нова сезонска линија Скопје – Сплит на македонските туристички агенции

Она што беше истакнато на презентацијата беше воведувањето на сезонски летови на новата авиолинија Скопје-Сплит, со која хрватскиот национален авиопревозник „Корација ерјанс“ директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на годинашната туристичка сезона.

Како што ТАВ Македонија и „Корација ерјанс“ заедно најави претходно годинава, првиот лет на оваа нова авиолинија ќе биде на 12 мај и истата ќе сообраќа до средината на октомври 2023 година. „Корација ерјанс“ ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит, туристичкиот центар на Далмација.

Авионот на „Корација ерјанс“ ќе полетува од Меѓународниот Аеродром Скопје секоја среда и сабота во 5:45 часот наутро, а ќе пристигнува на аеродромот во Сплит во 7:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром кон Меѓународниот Аеродром Скопје ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот). Летовите на рутата Скопје – Сплит ќе сообраќаат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта.

Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб страницата на „Корација ерјанс“ (www.croatiaairlines.com) или преку мобилната апликација.

Јадранското Море и хрватското крајбрежје отсекогаш биле атрактивни дестинации за одмор за македонските граѓани, кои и покрај долгото патување (повеќе од 12 часа со автомобил), избирале таму да летуваат, па затоа, од ТАВ Македонија сметаат дека со воведувањето на оваа нова авиолинија, не само што патувањето ќе се скрати на само еден час и ќе го направи хрватското крајбрежје многу подостапно за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје, туку ќе овозможи и хрватските граѓани од Сплитскиот регион да ја посетат нашата земја.

Дополнително, од ТАВ изјавуваат дека се среќни што авиокомпанијата Croatia Airlines го препознала потенцијалот и донела одлука да ја воведе оваа директна воздушна конекција меѓу Скопје и Сплит, која што се надеваат дека следните години ќе стане редовна, традиционална дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје.

Во текот на овогодинешната туристичка сезона, Croatia Airlines планира да ја поврзе Хрватска со 24 меѓународни дестинации (односно, 25 европски аеродроми) со летови на 47 меѓународни авиолинии. Поточно, 17.000 летови и преку 1.820.000 седишта планирани од страна на „Корација ерјанс“.

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, го заврши првиот квартал од 2023 година, јануари – март, со речиси 500.000 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 41% во однос на истиот период во 2022 година. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 4.169, со годишен пораст од 39%.

The post Од 12 мај со авион ќе може да се оди на утринско кафе и ручек во Сплит appeared first on Република.

]]>

ТАВ Македонија, со своите претставници од Меѓународниот Аеродром Скопје, како коорганизатор, заедно со „Корација ерјанс“ и Туристичката заедница на Сплитско-Далматинската жупанија, заеднички ја презентираа најавената нова сезонска линија Скопје – Сплит на македонските туристички агенции Она што беше истакнато на презентацијата беше воведувањето на сезонски летови на новата авиолинија Скопје-Сплит, со која хрватскиот национален авиопревозник „Корација ерјанс“ директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на годинашната туристичка сезона. Како што ТАВ Македонија и „Корација ерјанс“ заедно најави претходно годинава, првиот лет на оваа нова авиолинија ќе биде на 12 мај и истата ќе сообраќа до средината на октомври 2023 година. „Корација ерјанс“ ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит, туристичкиот центар на Далмација. Авионот на „Корација ерјанс“ ќе полетува од Меѓународниот Аеродром Скопје секоја среда и сабота во 5:45 часот наутро, а ќе пристигнува на аеродромот во Сплит во 7:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром кон Меѓународниот Аеродром Скопје ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот). Летовите на рутата Скопје – Сплит ќе сообраќаат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта. Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб страницата на „Корација ерјанс“ (www.croatiaairlines.com) или преку мобилната апликација. Јадранското Море и хрватското крајбрежје отсекогаш биле атрактивни дестинации за одмор за македонските граѓани, кои и покрај долгото патување (повеќе од 12 часа со автомобил), избирале таму да летуваат, па затоа, од ТАВ Македонија сметаат дека со воведувањето на оваа нова авиолинија, не само што патувањето ќе се скрати на само еден час и ќе го направи хрватското крајбрежје многу подостапно за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје, туку ќе овозможи и хрватските граѓани од Сплитскиот регион да ја посетат нашата земја. Дополнително, од ТАВ изјавуваат дека се среќни што авиокомпанијата Croatia Airlines го препознала потенцијалот и донела одлука да ја воведе оваа директна воздушна конекција меѓу Скопје и Сплит, која што се надеваат дека следните години ќе стане редовна, традиционална дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје. Во текот на овогодинешната туристичка сезона, Croatia Airlines планира да ја поврзе Хрватска со 24 меѓународни дестинации (односно, 25 европски аеродроми) со летови на 47 меѓународни авиолинии. Поточно, 17.000 летови и преку 1.820.000 седишта планирани од страна на „Корација ерјанс“. ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, го заврши првиот квартал од 2023 година, јануари – март, со речиси 500.000 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 41% во однос на истиот период во 2022 година. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 4.169, со годишен пораст од 39%.

The post Од 12 мај со авион ќе може да се оди на утринско кафе и ручек во Сплит appeared first on Република.

]]>
Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-prviot-let-megu-skopje-i-frankfurt-lufthanza-vleguva-na-makedonskiot-pazar/ Sun, 23 Apr 2023 07:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=633133

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт-Скопје, како и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар.

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

„Луфтханза“ на својата веб страница веќе ја нуди новата авиолинија до Скопје како можност за евтино, опуштено и брзо патување до Македонија.

Посетете ја Македонија, запознајте ја земјата и нејзините луѓе и посетете ги знаменитостите. Кога ќе слетате во Скопје, можете да уживате во земјата и нејзините луѓе чувствувајќи се целосно одморени. Без разлика дали станува збор за деловен состанок во Скопје или за најдобрата дестинација за одмор во Република Македонија, лет резервиран на Луфтханза секогаш ви гарантира удобно и безбедно патување од Германија до посакуваната дестинација, пишува меѓу другото на веб страницата на германскиот авиопревозник.

Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Визер“, од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана. „Визер“ ќе ги опслужува  четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

Финансиската поддршка за новите летови изнесува седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

„Луфтханза“ и „Визер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршување на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Субвенции за нови летови по пауза од една година 

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за субвенционирани летови, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Доколку се процени дека има потреба, како што најавија претходно од овој ресор до крајот на годинава, ќе биде објавен нов повик.

Државава доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше унгарски „Визер“ преку три последователни договори во траење од по три години. И со тие договори важеше обврската за опслужување на линијата за која се добива субвенција и по истекот на договорот за период колку што се добивала субвенција.

Со првиот  договор за периодот 2012-2015 година  на „Визер“ му се исплатени субвенции во износ од 3,8 милиони евра, со вториот договор од 2015  до 2018 година пет милиони евра, а со третиот од 2019 до 2021 година износот по тој основ беше 1,6 милиони евра.

Авиокомпанијата Виз ер денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата К

Со последниот од трите договори со „Визер“ имаше субвенционирани летови од Скопскиот аеродром кон Бремен, Баден Баден, Ларнака и Турку, а од Охридскиот аеродром кон Милано, Малме, Дортмунд и Мемингем. За летовите со тој договор во 2019 година се исплатени субвенции од 66.584.935 денари, во 2020 година од 21.098.924 денари, а во 2021 година 10.475.649 денари.

Минатата година немаше исплата на субвенции, а Министерството за транспорт и врски работеше на анализа и подготви на нов модел за субвенционирање со којшто првпат се овозможи да бидат избрани повеќе авиокомпании за субвенции, а не само една како што беше во претходниот период. На 20 декември лани беше распишан тендер за доделување субвенции, но беше поништен бидејќи Комисијата за евалуација констатираше дека авиокомпаниите што аплицираа „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс не ја доставиле пропишаната комплетна документација

Од Министерството за транспорт и врски велат дека меѓусебните обврски помеѓу државата и „Визер“ согласно последниот договор што беше склучен  на 14 јануари 2019 година се исполнети, како во однос на исплатата на средствата, така и во однос на опслужувањето на линиите за кои авиопревозникот добиваше субвенции. „Визер“ ги опслужува линиите од постојниот ред на летање целосно комерцијално без субвенции.

Дестинациите кон кои оперира овој авиопревозник со летниот ред на летање од Скопје се: Будимпешта, Сандефјорд, Стокхолм, Гетеборг, Малме, АјндховенБриселПаризДортмундКелн,  ФридрихсхафенМемимгенФранккфурт ХанБазелНирнбергБерлинМиланоХамбургТревизоБременБратиславаРимВаџо, Баден БаденМалта, Базел и Болоња,  а од Охрид кон  Базел, Меминген, Дортмунд, Виена, Малме. „Визер УК“ пак опслужува линијата Скопје – Лондон, а „Визер Малта“ линијата Виена - Охрид.

Од аеродромите во Скопје и во Охрид во летниот ред на летање се и авиокомпаниите Аустријан Ерлајнс (Скопје - Виена), Ер Србија (Скопје-Белград и Охрид – Белград), Кроација Ерлјанс (Скопје-Загреб и Скопје – Сплит), Туркиш Ерлајнс (Скопје - Истанбул), Еделвајс  (Скопје – Цирих), Пегасус ерлајнс (Скопје – Истанбул и Скопје – Измир),  Чер Ерлајнс (Скопје – Цирих и Охрид – Цирих), Ејџиан Ерлајнс (Скопје – Атина),  Лот Полиш Ерлајнс (Скопје - Варшава) Изи Џет (Женева - Скопје), Норвежијан Ер (Осло – Скопје),  Сан Експрес Ерлајнс (Скопје – Анталија и Скопје – Измир) и Ер Каиро (Скопје – Хургада). 

The post Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар appeared first on Република.

]]>

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт-Скопје, како и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар. На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем. Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно. Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот. „Луфтханза“ на својата веб страница веќе ја нуди новата авиолинија до Скопје како можност за евтино, опуштено и брзо патување до Македонија.
Посетете ја Македонија, запознајте ја земјата и нејзините луѓе и посетете ги знаменитостите. Кога ќе слетате во Скопје, можете да уживате во земјата и нејзините луѓе чувствувајќи се целосно одморени. Без разлика дали станува збор за деловен состанок во Скопје или за најдобрата дестинација за одмор во Република Македонија, лет резервиран на Луфтханза секогаш ви гарантира удобно и безбедно патување од Германија до посакуваната дестинација, пишува меѓу другото на веб страницата на германскиот авиопревозник.
Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Визер“, од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана. „Визер“ ќе ги опслужува  четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава. Финансиската поддршка за новите летови изнесува седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје. „Луфтханза“ и „Визер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршување на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Субвенции за нови летови по пауза од една година 

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за субвенционирани летови, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Доколку се процени дека има потреба, како што најавија претходно од овој ресор до крајот на годинава, ќе биде објавен нов повик. Државава доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше унгарски „Визер“ преку три последователни договори во траење од по три години. И со тие договори важеше обврската за опслужување на линијата за која се добива субвенција и по истекот на договорот за период колку што се добивала субвенција. Со првиот  договор за периодот 2012-2015 година  на „Визер“ му се исплатени субвенции во износ од 3,8 милиони евра, со вториот договор од 2015  до 2018 година пет милиони евра, а со третиот од 2019 до 2021 година износот по тој основ беше 1,6 милиони евра. Авиокомпанијата Виз ер денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата К Со последниот од трите договори со „Визер“ имаше субвенционирани летови од Скопскиот аеродром кон Бремен, Баден Баден, Ларнака и Турку, а од Охридскиот аеродром кон Милано, Малме, Дортмунд и Мемингем. За летовите со тој договор во 2019 година се исплатени субвенции од 66.584.935 денари, во 2020 година од 21.098.924 денари, а во 2021 година 10.475.649 денари. Минатата година немаше исплата на субвенции, а Министерството за транспорт и врски работеше на анализа и подготви на нов модел за субвенционирање со којшто првпат се овозможи да бидат избрани повеќе авиокомпании за субвенции, а не само една како што беше во претходниот период. На 20 декември лани беше распишан тендер за доделување субвенции, но беше поништен бидејќи Комисијата за евалуација констатираше дека авиокомпаниите што аплицираа „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс не ја доставиле пропишаната комплетна документација Од Министерството за транспорт и врски велат дека меѓусебните обврски помеѓу државата и „Визер“ согласно последниот договор што беше склучен  на 14 јануари 2019 година се исполнети, како во однос на исплатата на средствата, така и во однос на опслужувањето на линиите за кои авиопревозникот добиваше субвенции. „Визер“ ги опслужува линиите од постојниот ред на летање целосно комерцијално без субвенции. Дестинациите кон кои оперира овој авиопревозник со летниот ред на летање од Скопје се: Будимпешта, Сандефјорд, Стокхолм, Гетеборг, Малме, АјндховенБриселПаризДортмундКелн,  ФридрихсхафенМемимгенФранккфурт ХанБазелНирнбергБерлинМиланоХамбургТревизоБременБратиславаРимВаџо, Баден БаденМалта, Базел и Болоња,  а од Охрид кон  Базел, Меминген, Дортмунд, Виена, Малме. „Визер УК“ пак опслужува линијата Скопје – Лондон, а „Визер Малта“ линијата Виена - Охрид. Од аеродромите во Скопје и во Охрид во летниот ред на летање се и авиокомпаниите Аустријан Ерлајнс (Скопје - Виена), Ер Србија (Скопје-Белград и Охрид – Белград), Кроација Ерлјанс (Скопје-Загреб и Скопје – Сплит), Туркиш Ерлајнс (Скопје - Истанбул), Еделвајс  (Скопје – Цирих), Пегасус ерлајнс (Скопје – Истанбул и Скопје – Измир),  Чер Ерлајнс (Скопје – Цирих и Охрид – Цирих), Ејџиан Ерлајнс (Скопје – Атина),  Лот Полиш Ерлајнс (Скопје - Варшава) Изи Џет (Женева - Скопје), Норвежијан Ер (Осло – Скопје),  Сан Експрес Ерлајнс (Скопје – Анталија и Скопје – Измир) и Ер Каиро (Скопје – Хургада). 

The post Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар appeared first on Република.

]]>
Од 20 јуни ќе има директен лет од Скопје до Кипар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-20-juni-ke-ima-direkten-let-od-skopje-do-kipar/ Sun, 09 Apr 2023 20:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=629160

Од 20 јуни до 22 август, за време на летната туристичка сезона, ќе биде воведен директен чартер лет од Скопје до Кипар. Чартер летот ќе биде на дневно ниво и ќе се лета од Скопје до Ларнака со „Балкан холидеј ер“ (Balkan Holiday Air).

Кипар отсекогаш бил топ туристичка дестинација, а овој нов лет несомнено ќе донесе повеќе посетители на нашиот прекрасен остров. Уверени сме дека оваа нова соработка ќе има значително влијание за нашата туристичка индустрија, изјави Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар од Министерството за туризам.

Чартер летот се реализира во соработка со неколку туристички агенции од земјава – ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан и Ваикики Травел.

Уверени сме дека овој нов чартер лет на патниците ќе им понуди неверојатна можност да ја истражат убавината на Кипар, вели Елизабета Кочева Јосифовска, како претставник на туристичките агенции.

The post Од 20 јуни ќе има директен лет од Скопје до Кипар appeared first on Република.

Од 12 мај се воведува сезонска авиолинија Скопје – Сплит https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-12-maj-se-voveduva-sezonska-aviolinija-skopje-split/ Fri, 10 Mar 2023 18:14:10 +0000 https://republika.mk/?p=618272

Хрватскиот национален превозник „Кроација ерлајнс“ ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје – Сплит, од 12 мај годинава, информира „ТАВ Македонија“, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот во Сплит.

Авиокомпанијата ќе лета меѓу македонскиот главен град и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година.

Во овој период, „Кроација ерлајнс“ ќе сообраќа со воздухоплов Даш 8-Кју-400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник и во 23:00 часот во петок, додека времето на полетување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути, известуваат од ТАВ Македонија.

За да го означи воведувањето на новата сезонска авиолинија Скопје - Сплит, „Кроација ерлајнс“ ќе им понуди на патниците 15 отсто попуст за купување авионски карти во периодот меѓу 15 и 21 март и за билетите во една насока и за повратните билети.

Промотивниот попуст ќе биде достапен на сите продажни места на „Кроација ерлајнс“, вклучително и за онлајн купување преку веб-страницата на компанијата (www.croatiaairlines.com) и преку мобилната апликација со внесување на промотивниот код SKOPJE15, како и на шалтерот на авиокомпанијата на Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопштуваат од „ТАВ Македонија“.

Оттаму појаснуваат дека попустот се однесува на основната цена, додека аеродромските такси и другите надоместоци остануваат исти и се плаќаат во целост.

Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која ќе биде поврзан Меѓународниот аеродром „Скопје“. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје - Загреб секој ден.

The post Од 12 мај се воведува сезонска авиолинија Скопје – Сплит appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот национален превозник „Кроација ерлајнс“ ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје – Сплит, од 12 мај годинава, информира „ТАВ Македонија“, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот во Сплит. Авиокомпанијата ќе лета меѓу македонскиот главен град и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година.
Во овој период, „Кроација ерлајнс“ ќе сообраќа со воздухоплов Даш 8-Кју-400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник и во 23:00 часот во петок, додека времето на полетување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути, известуваат од ТАВ Македонија.
За да го означи воведувањето на новата сезонска авиолинија Скопје - Сплит, „Кроација ерлајнс“ ќе им понуди на патниците 15 отсто попуст за купување авионски карти во периодот меѓу 15 и 21 март и за билетите во една насока и за повратните билети.
Промотивниот попуст ќе биде достапен на сите продажни места на „Кроација ерлајнс“, вклучително и за онлајн купување преку веб-страницата на компанијата (www.croatiaairlines.com) и преку мобилната апликација со внесување на промотивниот код SKOPJE15, како и на шалтерот на авиокомпанијата на Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопштуваат од „ТАВ Македонија“.
Оттаму појаснуваат дека попустот се однесува на основната цена, додека аеродромските такси и другите надоместоци остануваат исти и се плаќаат во целост. Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која ќе биде поврзан Меѓународниот аеродром „Скопје“. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје - Загреб секој ден.

The post Од 12 мај се воведува сезонска авиолинија Скопје – Сплит appeared first on Република.

]]>
Во најава нова авиолинија Охрид – Манчестер https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-najava-nova-aviolinija-ohrid-manchester/ Wed, 24 Aug 2022 10:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=543578

Авиокомпанијата ТУИ Ервејс (TUI Airways), најавува сезонска авиолинија на релацијата Манчестер – Охрид, што би требало да стартува следното лето.

Според објавата во распоредот на авиокомпанијата, летовите ќе се реализираат еднаш неделно, во периодот од 31 мај до 20 септември следната година.

Годинава бројот на летови на сезонските авиолинии годинава е зголемен и на двата македонски аеродрома во однос на лани.

На Меѓународниот аеродром Скопје од јануари заклучно со јули се реализирани 457 сезонски лета, за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, а на Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид  831 сезонски лет, што е зголемување за 136 проценти во однос на истиот период минатата година кога имало 352 сезонски лета.

The post Во најава нова авиолинија Охрид – Манчестер appeared first on Република.

]]>

Авиокомпанијата ТУИ Ервејс (TUI Airways), најавува сезонска авиолинија на релацијата Манчестер – Охрид, што би требало да стартува следното лето. Според објавата во распоредот на авиокомпанијата, летовите ќе се реализираат еднаш неделно, во периодот од 31 мај до 20 септември следната година. Годинава бројот на летови на сезонските авиолинии годинава е зголемен и на двата македонски аеродрома во однос на лани. На Меѓународниот аеродром Скопје од јануари заклучно со јули се реализирани 457 сезонски лета, за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, а на Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид  831 сезонски лет, што е зголемување за 136 проценти во однос на истиот период минатата година кога имало 352 сезонски лета.

The post Во најава нова авиолинија Охрид – Манчестер appeared first on Република.

]]>
Отворена иницијатива за сезонска авиолинија Белград –Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otvorena-inicijativa-za-sezonska-aviolinija-belgrad-ohrid/ Wed, 06 Jul 2022 08:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=524649

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РС Македонија, д-р Љупчо Јаневски, на покана на државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, зема учество на работните средби во Белград, во рамките на Конференцијата „Нови идеи за ново време“.
Конференцијата „Нови идеи за ново време“ е организирана од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, за заедничко дефинирање на стратегијата и начинот на претставување на регионалниот туристички потенцијал, како надополнување на иницијативата “Отворен Балкан”.
Денес директорот Јаневски, оствари состанок со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија и Бошко Рупиќ, комерцијален директор на “Air Serbia”, фокусот на дискусијата беше воведување на авиолинија на релација Белград-Охрид која би оперирала два пати неделно и би имала сезонски карактер.

Ова е поткрепено со одличните статистички показатели за раст на бројот на српски туристи и тоа за повеќе од 500% во 2021година споредбено со 2022г. Раст од 100% во бројот на туристи од Србија кој го посетиле Охрид е забележан и во првиот квартал од 2022 години споредбено со 2021, исто така и остварените ноќевања се со значителен раст”-изјави директорот Љупчо Јаневски.

Јаневски дополни дека регионалната соработка е предуслов за развој на туристичката индустрија, а со иницијативата "Отворен Балкан", се поместуваат границите и истата станува дестинација од 15 милиони домашни туристи која е сериозна можност за инвестиции. Туризмот треба да се перцепира и како генератор на воспоставување доверба, соработка, економско закрепнување и добрососедски односи во регионот.

The post Отворена иницијатива за сезонска авиолинија Белград –Охрид appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РС Македонија, д-р Љупчо Јаневски, на покана на државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, зема учество на работните средби во Белград, во рамките на Конференцијата „Нови идеи за ново време“. Конференцијата „Нови идеи за ново време“ е организирана од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, за заедничко дефинирање на стратегијата и начинот на претставување на регионалниот туристички потенцијал, како надополнување на иницијативата “Отворен Балкан”. Денес директорот Јаневски, оствари состанок со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија и Бошко Рупиќ, комерцијален директор на “Air Serbia”, фокусот на дискусијата беше воведување на авиолинија на релација Белград-Охрид која би оперирала два пати неделно и би имала сезонски карактер.
Ова е поткрепено со одличните статистички показатели за раст на бројот на српски туристи и тоа за повеќе од 500% во 2021година споредбено со 2022г. Раст од 100% во бројот на туристи од Србија кој го посетиле Охрид е забележан и во првиот квартал од 2022 години споредбено со 2021, исто така и остварените ноќевања се со значителен раст”-изјави директорот Љупчо Јаневски.
Јаневски дополни дека регионалната соработка е предуслов за развој на туристичката индустрија, а со иницијативата "Отворен Балкан", се поместуваат границите и истата станува дестинација од 15 милиони домашни туристи која е сериозна можност за инвестиции. Туризмот треба да се перцепира и како генератор на воспоставување доверба, соработка, економско закрепнување и добрососедски односи во регионот.

The post Отворена иницијатива за сезонска авиолинија Белград –Охрид appeared first on Република.

]]>
Се работи на воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и Фетије за развој на туристичката размена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-raboti-na-vospostavuvanje-nova-avio-linija-pomegju-skopje-i-fetije-za-razvoj-na-turistichkata-razmena/ Mon, 13 Jun 2022 16:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=514647

Македонско-Турската стопанска комора – МАТТО и Стопанската индустриска комора на Фетије од Турција реализираа работилница за соработка во областа на туризмот помеѓу Македонија и познатиот туристички град Фетије во Турција, со цел воспоставување соработка меѓу членките на коморите и туристичките агенции од двете земји, како и воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и аеродромот Даламан што се наоѓа во близина на Фетије.

Правиме напори меѓу двете комори, и преку нашите најзначајни агенции во Македонија и во Турција, да направиме заеднички лет на двете дестинации меѓу ТАВ и Даламан за да има директни летови од Скопје за Даламан – Фетије, и обратно Даламан за Македонија - изјави претседателот на МАТТО, Ајдован Адемовски.

Тој рече дека МАТТО ги презентираше и нашите можности за инвестиции во нашите зимски и летни туристички места како што се Охрид, Дојран, Шапка и Маврово, и дека е направена плодна соработка што очекуваме да се реализира од 2023 година.

Очекуваме да има повеќе туризам во едно од најубавите места како што е Мртво Море во Фетије, а имајќи предвид дека нашата земја најмногу ја посетуваат туристи од Турција, очекуваме да имаме зголемување на туризмот меѓу двете земји - истакна првиот човек на МАТТО.

На прашањето дали ќе има редовни летови или само сезонски чартери Адемовски одговори дека на почеток се планира да има само чартери, но, како што посочи, во иднина може да има и редовни летови неколку пати во неделата.

Претседателот на Здружението на хотели во Фетије, воедно и потпретседател на Стопанска индустриска комора на Фетије – ФТСО, Булент Ујсал, посочи дека во рамки на пандемискиот период, како и во пост пандемијата договорено е дека соработката би требало да стартува токму од областа на туризмот.

Нашата цел е од наредната година да почнат летовите на релација Скопје-Даламан, секако во областа на туризмот. Целта ни е обострана интеракција односно ние во Даламан да ги нагостиме државјаните од Македонија, како и нашите турски државјани да дојдат да ги посетат овие краишта - потенцираше Ујсал.

Тој додаде дека оваа соработка почната преку туризмот ќе продолжи да се рефлектира и во другите области на економијата, и потенцираше дека се надева оти што поскоро ќе почнат директните линии за уште поголема економска, туристичка и културна соработка меѓу Турција и Македонија.

Во однос на прашањето за областите во кои може да се зголеми соработката, Ујсал рече дека земјоделството, туризмот, мермерот и морските плодови се во многу развиена состојба, во Фетије.

Директорот за деловен развој на аеродромот во Даламан, Орчун Сунгур, исто така изјави дека се сретнал со одговорни лица од скопскиот аеродром, претставници на цивилнито воздухопловство и многу туроператори и рече дека се надева дека во најскоро време ќе почнат директните летови меѓу Даламан и Скопје.

The post Се работи на воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и Фетије за развој на туристичката размена appeared first on Република.

]]>

Македонско-Турската стопанска комора – МАТТО и Стопанската индустриска комора на Фетије од Турција реализираа работилница за соработка во областа на туризмот помеѓу Македонија и познатиот туристички град Фетије во Турција, со цел воспоставување соработка меѓу членките на коморите и туристичките агенции од двете земји, како и воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и аеродромот Даламан што се наоѓа во близина на Фетије.
Правиме напори меѓу двете комори, и преку нашите најзначајни агенции во Македонија и во Турција, да направиме заеднички лет на двете дестинации меѓу ТАВ и Даламан за да има директни летови од Скопје за Даламан – Фетије, и обратно Даламан за Македонија - изјави претседателот на МАТТО, Ајдован Адемовски.
Тој рече дека МАТТО ги презентираше и нашите можности за инвестиции во нашите зимски и летни туристички места како што се Охрид, Дојран, Шапка и Маврово, и дека е направена плодна соработка што очекуваме да се реализира од 2023 година.
Очекуваме да има повеќе туризам во едно од најубавите места како што е Мртво Море во Фетије, а имајќи предвид дека нашата земја најмногу ја посетуваат туристи од Турција, очекуваме да имаме зголемување на туризмот меѓу двете земји - истакна првиот човек на МАТТО.
На прашањето дали ќе има редовни летови или само сезонски чартери Адемовски одговори дека на почеток се планира да има само чартери, но, како што посочи, во иднина може да има и редовни летови неколку пати во неделата. Претседателот на Здружението на хотели во Фетије, воедно и потпретседател на Стопанска индустриска комора на Фетије – ФТСО, Булент Ујсал, посочи дека во рамки на пандемискиот период, како и во пост пандемијата договорено е дека соработката би требало да стартува токму од областа на туризмот.
Нашата цел е од наредната година да почнат летовите на релација Скопје-Даламан, секако во областа на туризмот. Целта ни е обострана интеракција односно ние во Даламан да ги нагостиме државјаните од Македонија, како и нашите турски државјани да дојдат да ги посетат овие краишта - потенцираше Ујсал.
Тој додаде дека оваа соработка почната преку туризмот ќе продолжи да се рефлектира и во другите области на економијата, и потенцираше дека се надева оти што поскоро ќе почнат директните линии за уште поголема економска, туристичка и културна соработка меѓу Турција и Македонија. Во однос на прашањето за областите во кои може да се зголеми соработката, Ујсал рече дека земјоделството, туризмот, мермерот и морските плодови се во многу развиена состојба, во Фетије. Директорот за деловен развој на аеродромот во Даламан, Орчун Сунгур, исто така изјави дека се сретнал со одговорни лица од скопскиот аеродром, претставници на цивилнито воздухопловство и многу туроператори и рече дека се надева дека во најскоро време ќе почнат директните летови меѓу Даламан и Скопје.

The post Се работи на воспоставување нова авио-линија помеѓу Скопје и Фетије за развој на туристичката размена appeared first on Република.

]]>
На Османи ќе му биде жал ако престане со работа авиолинијата Софија-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/osmani-prekinot-na-aviolinijata-e-najverojatno-poradi-pregovori-na-vladata-vo-sofija-za-nejzino-subvencioniranje/ Tue, 03 May 2022 10:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=496713

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи ги информациите дека авиокомпанијата „Гуливер“ ја прекинува продажбата на билети за авиолинијата Софија-Скопје, рече дека според неговите информации, прекинот најверојатно е поради преговорите на компанијата со бугарската Влада околу субвенционирањето на оваа авиолинија.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-rabotnite-grupi-i-ekonomskata-sorabotka-so-bugarija-ostana-samo-poluprazniot-avion/

Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од страна на патниците, а втората опција – да биде субвенционирана од страна на владите при што Република Бугарија ја презеде обврската за субвенционирање. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не - изјави Османи.

Според него, би било добро доколку продолжи функционирањето на оваа авиолинија.

Дел од медиумите, повикувајќи се на специјализираниот портал за авиони „Екс Ју авијација“ објавија дека од 21 мај прекинува продажбата на авиобилети за летот Софија-Скопје поради непрофитабилност.

Авиолинијата Софија-Скопје почна да функционира од март, а нејзиното воспоставување беше резултат на договорот меѓу мешовитите владини комисии на Бугарија и Македонија.

The post На Османи ќе му биде жал ако престане со работа авиолинијата Софија-Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи ги информациите дека авиокомпанијата „Гуливер“ ја прекинува продажбата на билети за авиолинијата Софија-Скопје, рече дека според неговите информации, прекинот најверојатно е поради преговорите на компанијата со бугарската Влада околу субвенционирањето на оваа авиолинија. https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-rabotnite-grupi-i-ekonomskata-sorabotka-so-bugarija-ostana-samo-poluprazniot-avion/
Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од страна на патниците, а втората опција – да биде субвенционирана од страна на владите при што Република Бугарија ја презеде обврската за субвенционирање. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не - изјави Османи.
Според него, би било добро доколку продолжи функционирањето на оваа авиолинија. Дел од медиумите, повикувајќи се на специјализираниот портал за авиони „Екс Ју авијација“ објавија дека од 21 мај прекинува продажбата на авиобилети за летот Софија-Скопје поради непрофитабилност. Авиолинијата Софија-Скопје почна да функционира од март, а нејзиното воспоставување беше резултат на договорот меѓу мешовитите владини комисии на Бугарија и Македонија.

The post На Османи ќе му биде жал ако престане со работа авиолинијата Софија-Скопје appeared first on Република.

]]>
Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bugarskata-aviokompanija-guliver-prestana-da-prodava-karti-za-letot-sofija-skopje/ Mon, 02 May 2022 19:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=496524

Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија - Скопје од 21 мај, објави порталот „Екс ЈУ авијација“.

„Гуливер“ го одржуваше летот Софија-Скопје со турбопропелерски авион АТР 72-600, кој е со капацитет од 65 седишта Летовите беа во понеделник и сабота, во 5 часот наутро.

Авиолинијата Софија - Скопје беше најавена со фанфари, како „отстапка на бугарската страна“ и исклучително важен билатерален проект за поврзување на двете земји. Големиот проект на тогаш новиот бугарски премиер Кирил Петков беше прва од мерките за градење доверба меѓу двете земји. Во најавата Петков рече дека авиолинијата ќе биде „компромис од бугарската страна во преговорите со Македонија“, бидејќи тие ќе ја финансираат.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/kje-mu-se-ispolni-zelbata-na-petkov-za-dva-meseci-kje-ima-aviolinija-sofija-skopje/

Авиолинијата почна да функционира на 26 март откако ревијално во февруари летаа министрите за транспорт и врски на двете земји Благој Бочварски и Николај Сабев и со бугарски туроператори.

https://republika.mk/zivot/patuvanja/so-prviot-redoven-let-sofija-skopje-patuvaa-22-lica/

Ова е четврти обид да се воспостави редовна авиолинија меѓу главните градови на Македонија и Бугарија, а претходните три беа неуспешни поради нерентабилност на линијата. И сега експертската јавност се соменваше во исплатливоста на оваа линија, со оглед што интересот е многу мал.

The post Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија – Скопје appeared first on Република.

]]>

Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија - Скопје од 21 мај, објави порталот „Екс ЈУ авијација“. „Гуливер“ го одржуваше летот Софија-Скопје со турбопропелерски авион АТР 72-600, кој е со капацитет од 65 седишта Летовите беа во понеделник и сабота, во 5 часот наутро.
Авиолинијата Софија - Скопје беше најавена со фанфари, како „отстапка на бугарската страна“ и исклучително важен билатерален проект за поврзување на двете земји. Големиот проект на тогаш новиот бугарски премиер Кирил Петков беше прва од мерките за градење доверба меѓу двете земји. Во најавата Петков рече дека авиолинијата ќе биде „компромис од бугарската страна во преговорите со Македонија“, бидејќи тие ќе ја финансираат. https://republika.mk/vesti/ekonomija/kje-mu-se-ispolni-zelbata-na-petkov-za-dva-meseci-kje-ima-aviolinija-sofija-skopje/ Авиолинијата почна да функционира на 26 март откако ревијално во февруари летаа министрите за транспорт и врски на двете земји Благој Бочварски и Николај Сабев и со бугарски туроператори. https://republika.mk/zivot/patuvanja/so-prviot-redoven-let-sofija-skopje-patuvaa-22-lica/ Ова е четврти обид да се воспостави редовна авиолинија меѓу главните градови на Македонија и Бугарија, а претходните три беа неуспешни поради нерентабилност на линијата. И сега експертската јавност се соменваше во исплатливоста на оваа линија, со оглед што интересот е многу мал.

The post Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана да продава карти за летот Софија – Скопје appeared first on Република.

]]>
Стартува редовната авиолинија Софија-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/startuva-redovnata-aviolinija-sofija-skopje/ Fri, 25 Mar 2022 17:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=478548

Редовната авиолинија Софија-Скопје-Софија стартува утре (сабота, 26 март). Првиот лет ќе се реализира во 05.30 часот кога на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигне авионот на компанијата „ГуливЕр“.

На 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.

Симболично, првиот лет со кој се возобнови авиолинијата беше реализиран на 11-ти минатиот месец, а со него во Скопје од Софија пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев.

Скопје-Софија е новина со летниот распоред на летање, што стартува викендов, а со кој се обновуваат и дел од линиите што беа укинати пред ковид пандемијата.

The post Стартува редовната авиолинија Софија-Скопје appeared first on Република.

]]>

Редовната авиолинија Софија-Скопје-Софија стартува утре (сабота, 26 март). Првиот лет ќе се реализира во 05.30 часот кога на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигне авионот на компанијата „ГуливЕр“. На 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8. Симболично, првиот лет со кој се возобнови авиолинијата беше реализиран на 11-ти минатиот месец, а со него во Скопје од Софија пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев. Скопје-Софија е новина со летниот распоред на летање, што стартува викендов, а со кој се обновуваат и дел од линиите што беа укинати пред ковид пандемијата.

The post Стартува редовната авиолинија Софија-Скопје appeared first on Република.

]]>
Официјален Киев: Србија со летовите кон Москва заработува на крв https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/oficijalen-kiev-srbija-so-letovite-kon-moskva-zarabotuva-na-krv/ Sat, 12 Mar 2022 18:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=471856

Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепарова ја обвини Србија дека ја користи војната во Украина за профит, додека британскиот весник „Гардијан“ пишува дека Србија за богатите Руси станала „капија“ за влез во Европа.

Џепар на Твитер напиша дека авиокомпанијата „Ер Србија“ го удвоила бројот на директни летови од Белград до Москва, откако земјите од ЕУ и некои други земји воведоа забрана за летови за руските авиони и ги прекинаа летовите за Русија.

Србија е единствената земја во Европа која има отворено небо за Русија. Заработката на крв не е достојна за една земја кандидат за ЕУ - напиша Џепарова.

https://twitter.com/EmineDzheppar/status/1502562893463789572?cxt=HHwWiIC92bO_ltopAAAA

Весникот „Гардијан“, пак, пишува дека богатите Руси ја користат Србија за да на „мала врата бегаат“ во Европа заобиколувајќи ја забраната за летови на ЕУ до и од Русија.

„Ер Србија“, што мнозински е во државна сопственост, го удвоила бројот на директни летови од Москва до Белград на 15 неделно за да одговори на зголемената побарувачка, откако ЕУ им забрани на руските авиони и авиокомпании да влезат во нејзиниот воздушен простор по инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина. Русија одговори со затворање на својот воздушен простор за авионите на ЕУ и на Велика Британија - пишива „Гардијан“.

Британскиот весник потсетува дека Србија не е членка на ЕУ и дека одбила да воведе санкции кон Русија, но нејзините авиони можат да влезат во воздушниот простор на ЕУ.

Така, оваа земја на Балканот стана единствениот преостанат европски воздушен коридор отворен за Русија - соопшти компанијата за анализа на патувања „Форвард кејс“ (Forward Keys).

Од компанијата додаваат дека капацитетот на седиштата на летовите меѓу Русија и Србија е зголемен за 50 отсто во првата недела од март во споредба со неделата пред влегувањето на руските тенкови во Украина, додавајќи дека е планирано дополнително зголемување на капацитетот за следните недели.

Она што е највпечатливо е колку брзо Србија стана порта за патување меѓу Русија и Европа - изјави потпретседателот на „Форвард кејс“, Оливие Понти.

„Гардијан“ пишува дека Русите кои доаѓаат во Србија го продолжуваат патувањето кон Европа, а нивните главни понатамошни дестинации се Кипар, Франција, Швајцарија и Италија. Русите патуваат и во Велика Британија, Словенија, Австрија, Германија и Шпанија.

Вчера, на Белградскиот аеродром поради лажна дојава за експлозивна направа беше приземјен авионот на „Ер Србија“ кој леташе на дестинацијата од Белград до Москва.

https://republika.mk/vesti/balkan/avion-na-er-srbija-na-let-za-moskva-vraten-vo-belgrad-poradi-zakana-od-bomba/

The post Официјален Киев: Србија со летовите кон Москва заработува на крв appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепарова ја обвини Србија дека ја користи војната во Украина за профит, додека британскиот весник „Гардијан“ пишува дека Србија за богатите Руси станала „капија“ за влез во Европа. Џепар на Твитер напиша дека авиокомпанијата „Ер Србија“ го удвоила бројот на директни летови од Белград до Москва, откако земјите од ЕУ и некои други земји воведоа забрана за летови за руските авиони и ги прекинаа летовите за Русија.
Србија е единствената земја во Европа која има отворено небо за Русија. Заработката на крв не е достојна за една земја кандидат за ЕУ - напиша Џепарова.
https://twitter.com/EmineDzheppar/status/1502562893463789572?cxt=HHwWiIC92bO_ltopAAAA Весникот „Гардијан“, пак, пишува дека богатите Руси ја користат Србија за да на „мала врата бегаат“ во Европа заобиколувајќи ја забраната за летови на ЕУ до и од Русија.
„Ер Србија“, што мнозински е во државна сопственост, го удвоила бројот на директни летови од Москва до Белград на 15 неделно за да одговори на зголемената побарувачка, откако ЕУ им забрани на руските авиони и авиокомпании да влезат во нејзиниот воздушен простор по инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина. Русија одговори со затворање на својот воздушен простор за авионите на ЕУ и на Велика Британија - пишива „Гардијан“.
Британскиот весник потсетува дека Србија не е членка на ЕУ и дека одбила да воведе санкции кон Русија, но нејзините авиони можат да влезат во воздушниот простор на ЕУ.
Така, оваа земја на Балканот стана единствениот преостанат европски воздушен коридор отворен за Русија - соопшти компанијата за анализа на патувања „Форвард кејс“ (Forward Keys).
Од компанијата додаваат дека капацитетот на седиштата на летовите меѓу Русија и Србија е зголемен за 50 отсто во првата недела од март во споредба со неделата пред влегувањето на руските тенкови во Украина, додавајќи дека е планирано дополнително зголемување на капацитетот за следните недели.
Она што е највпечатливо е колку брзо Србија стана порта за патување меѓу Русија и Европа - изјави потпретседателот на „Форвард кејс“, Оливие Понти.
„Гардијан“ пишува дека Русите кои доаѓаат во Србија го продолжуваат патувањето кон Европа, а нивните главни понатамошни дестинации се Кипар, Франција, Швајцарија и Италија. Русите патуваат и во Велика Британија, Словенија, Австрија, Германија и Шпанија. Вчера, на Белградскиот аеродром поради лажна дојава за експлозивна направа беше приземјен авионот на „Ер Србија“ кој леташе на дестинацијата од Белград до Москва. https://republika.mk/vesti/balkan/avion-na-er-srbija-na-let-za-moskva-vraten-vo-belgrad-poradi-zakana-od-bomba/

The post Официјален Киев: Србија со летовите кон Москва заработува на крв appeared first on Република.

]]>
Бочварски и Гарсија разговараа за обновување на авиолинијата Скопје – Барселона https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-i-garsija-razgovaraa-za-obnovuvanje-na-aviolinijata-skopje-barselona/ Fri, 04 Mar 2022 13:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=467818

Прашањето за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Барселона, било отворено на денешната средба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со амбасадорот на Шпанија во државава Хозе Луиз Лозано Гарсија.

Бочварски го запознал Гарсија со инфраструктурните проекти во земјава, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура и гасификацијата, и ги повикал шпанските компании да учествуават на јавните повици за проектите.

На средбата се отвори и прашањето за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Барселона, која е ставена во мирување поради рестрикциите од ковид пандемијата, наведоа од Министерството за транспорт и врски во соопштение по средбата.

– Регионалното поврзување е од голема важност за нашата држава, поради регионалната и интеграцијата во Европската унија. Инвестициите што ги правиме во изградба на патничката и железничката структура водат токму во тој правец, да обезбедиме модерни и безбедни коридори по кои ќе патуваат нашите граѓани, но и по кои ќе имаме ефикасна и брза трговска размена на стоки и услуги со регионот. Со амбасадорот разговаравме за нашите планови за инвестиции во патната и железничката инфраструктура и ги повикав шпанските компании кои се заинтересирани да земат учество на јавните повици за реализација на истите, вели министерот Бочварски во пишана изјава.

Со шпанскиот амбасадор, според соопштението, ја потврдиле заедничката соработка во делот на економијата и билатералните односи, со можност добрите односи меѓу двете земји дополнително да се продлабочат и интензивираат.

The post Бочварски и Гарсија разговараа за обновување на авиолинијата Скопје – Барселона appeared first on Република.

]]>

Прашањето за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Барселона, било отворено на денешната средба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со амбасадорот на Шпанија во државава Хозе Луиз Лозано Гарсија. Бочварски го запознал Гарсија со инфраструктурните проекти во земјава, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура и гасификацијата, и ги повикал шпанските компании да учествуават на јавните повици за проектите.
На средбата се отвори и прашањето за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Барселона, која е ставена во мирување поради рестрикциите од ковид пандемијата, наведоа од Министерството за транспорт и врски во соопштение по средбата.
– Регионалното поврзување е од голема важност за нашата држава, поради регионалната и интеграцијата во Европската унија. Инвестициите што ги правиме во изградба на патничката и железничката структура водат токму во тој правец, да обезбедиме модерни и безбедни коридори по кои ќе патуваат нашите граѓани, но и по кои ќе имаме ефикасна и брза трговска размена на стоки и услуги со регионот. Со амбасадорот разговаравме за нашите планови за инвестиции во патната и железничката инфраструктура и ги повикав шпанските компании кои се заинтересирани да земат учество на јавните повици за реализација на истите, вели министерот Бочварски во пишана изјава. Со шпанскиот амбасадор, според соопштението, ја потврдиле заедничката соработка во делот на економијата и билатералните односи, со можност добрите односи меѓу двете земји дополнително да се продлабочат и интензивираат.

The post Бочварски и Гарсија разговараа за обновување на авиолинијата Скопје – Барселона appeared first on Република.

]]>
Ќе му се исполни желбата на Петков: За два месеци ќе има авиолинија Софија-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kje-mu-se-ispolni-zelbata-na-petkov-za-dva-meseci-kje-ima-aviolinija-sofija-skopje/ Tue, 18 Jan 2022 12:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=446356

Бугарскиот премиер Кирил Петков најави дека за околу два месеци треба да биде воспоставена авиолинија од Софија до Скопје.

Петков нагласи дека од сега натаму добрососедството меѓу Бугарија и Македонија ќе се мери со конкретни реализирани чекори и цели, а не само преку политички изјави.

Денеска јасно изјавуваме дека линијата Софија - Скопје ќе биде реалност. За она за што се ангажираме е дека за 30 дена ќе имаме точни специфики, а за 60 денови таа линија ќе биде воведена во функција. Така што, кога ќе почнеме да работиме со точни резултати ќе дадеме можност на народите од двете земји да можат слободно да патуваат, слободно да прават бизнис - изјави Петков на прес-конференција по средбата со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски.

Петков додаде дека е многу среќен што можел да каже дека во иднина добрососедството ќе се мери со реални постигнати цели и резултати.

На ваков начин ќе им покажеме на двата народа од двете земји дека добрососедството се мери практично, не само на ниво на политички изјави, туку на ниво на реални резултати на бизнис и работа и на ниво на патување од Софија до Скопје за 20 минути - истакна бугарскиот премиер Петков.

The post Ќе му се исполни желбата на Петков: За два месеци ќе има авиолинија Софија-Скопје appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков најави дека за околу два месеци треба да биде воспоставена авиолинија од Софија до Скопје. Петков нагласи дека од сега натаму добрососедството меѓу Бугарија и Македонија ќе се мери со конкретни реализирани чекори и цели, а не само преку политички изјави.