авиолинии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aviolinii/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 17:11:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авиолинии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aviolinii/ 32 32 Николоски: Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-donesovme-atraktivni-avio-destinatsii-ochekuvam-tsenata-na-biletite-da-bide-dosta-pristapna/ Sat, 26 Oct 2024 13:11:21 +0000 https://republika.mk/?p=831262

Првите резултати од владината поддршка за нови авиолинии ги дадоа резултатите. Имаме шест нови ексклузивни линии, а особено ми е драго затоа што охридскиот аеродром го отвораме за еден од најголемите аеродроми во Европа, аеродромот во Истанбул кој претставува аеродром со најголем број конекции кон Европа и светот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Тој потенцираше дека ова е огромна можност за зголемување на туризмот посебно во охридскиот регион и додаде дека оваа линија кон Истанбул, вклучувајќи ја и новата линија Охрид – Базел Милхаус – Охрид, ќе даде нов инпут за развојот на авиосообраќајот имајќи предвид дека имаме голема дијаспора низ Европа и светот но и можност за граѓаните од Албанија да ги користат новите линии од охридскиот аеродром.

Во однос на скопскиот аеродром за мене најзначајна е дестинацијата Скопје – Дубаи бидејќи сметам дека Македонија треба да ја отвораме кон средниот и далечниот Исток, има многу можноста за водење бизнис, македонските компании да продаваат на тој пазар, а и инвеститори да доаѓаат во Македонија. Со оваа директна линија значи отворање на многу точки кон Азија. Исто така интересна е дестинација Барселона која што сум сигурен дека ќе ја користат многу македонски граѓани а исто така многу туристи од Шпанија би ја користеле. Ова линија ќе биде годишна а не сезонска. Тука е и Штутгарт како и целосно нова дестинација Лион каде ја отвораме Јужна Франција и се отвора можноста бројни туристи да доаѓаат во Македонија - истакна министерот Николоски.

Во однос на цената, тој потенцираше дека очекува цените на билетите да бидат достапни за граѓаните меѓу 40 – 60 евра, а дека има интерес за нови дестинации потврди дека веќе во ноември ќе се распише и втор јавен повик за финансиска поддршка каде се очекува отворање на уште четири до пет нови дестинации.

The post Николоски: Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна appeared first on Република.

]]>

Првите резултати од владината поддршка за нови авиолинии ги дадоа резултатите. Имаме шест нови ексклузивни линии, а особено ми е драго затоа што охридскиот аеродром го отвораме за еден од најголемите аеродроми во Европа, аеродромот во Истанбул кој претставува аеродром со најголем број конекции кон Европа и светот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа. Тој потенцираше дека ова е огромна можност за зголемување на туризмот посебно во охридскиот регион и додаде дека оваа линија кон Истанбул, вклучувајќи ја и новата линија Охрид – Базел Милхаус – Охрид, ќе даде нов инпут за развојот на авиосообраќајот имајќи предвид дека имаме голема дијаспора низ Европа и светот но и можност за граѓаните од Албанија да ги користат новите линии од охридскиот аеродром.
Во однос на скопскиот аеродром за мене најзначајна е дестинацијата Скопје – Дубаи бидејќи сметам дека Македонија треба да ја отвораме кон средниот и далечниот Исток, има многу можноста за водење бизнис, македонските компании да продаваат на тој пазар, а и инвеститори да доаѓаат во Македонија. Со оваа директна линија значи отворање на многу точки кон Азија. Исто така интересна е дестинација Барселона која што сум сигурен дека ќе ја користат многу македонски граѓани а исто така многу туристи од Шпанија би ја користеле. Ова линија ќе биде годишна а не сезонска. Тука е и Штутгарт како и целосно нова дестинација Лион каде ја отвораме Јужна Франција и се отвора можноста бројни туристи да доаѓаат во Македонија - истакна министерот Николоски.
Во однос на цената, тој потенцираше дека очекува цените на билетите да бидат достапни за граѓаните меѓу 40 – 60 евра, а дека има интерес за нови дестинации потврди дека веќе во ноември ќе се распише и втор јавен повик за финансиска поддршка каде се очекува отворање на уште четири до пет нови дестинации.

The post Николоски: Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Новите авиолинии чекор кон промоција на државата и привлекување туристи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-novite-aviolinii-chekor-kon-promotsija-na-drzhavata-i-privlekuvane-turisti/ Sat, 26 Oct 2024 12:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=831260

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за најавените шест нови авионски линии, изјави дека треба да сме среќни што многумина ќе имаат можност преку евтини линии да ја посетат нашата земја и да уживаат во нејзините природни и културни убавини.

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, најави шест нови дестинации меѓу кои се Истанбул од Охридскиот аеродром, Базел, Дубаи и така натаму. Знаете дека ние субвенционираме на пристигнат патник од Скопскиот аеродром - девет евра, а од Охридскиот - дванаесет. Во ноември ќе има и нови линии, тоа е само чекор во насока на тоа што го зборувам цело време, а тоа е дека како држава можеме да бидеме исклучително атрактивна туристичка дестинација, што нема само природни убавини, туку има и навистина големи културни места, што треба да се посетат, што датираат од различни периоди во минатото и можам да кажам дека 90 проценти од туристите, кои ја посетуваат земјата, се токму поради тие културни знаменитости, што ги поседува Македонија како држава - одговори Мицкоски по денешната посета на отворањето на Центар за услуги во општина Аеродром.

Ова, според него, е уште еден чекор во насока на промоција на државата во рамки на привлекување на што е можно повеќе туристи.

Ние како граѓани треба да се покажеме како добри домаќини и да продолжиме на тој начин да функционираме. Не треба да се плашиме, напротив, треба да сме среќни што многумина ќе имаат можност преку евтини линии да ја посетат нашата земја и да уживаат во нејзините природни и културни убавини - подвлече премиерот.

Министерот за транспорт Александар Николоски вчера на прес-конференција најави дека ќе бидат отворени шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул. Како што информираше министерот, четири нови авионски линии се однесуваат на Скопскиот аеродром, каде двапати неделно ќе се лета на релација Скопје-Дубаи-Скопје - од 30 март, исто како и Скопје-Барселона-Скопје - од 30 јуни, додека, по трипати неделно ќе се лета Скопје-Лион-Скопје - од 30 јуни и Скопје-Штутгард-Скопје. На Охридскиот аеродром, новина се линиите Охрид-Базел-Охрид што ќе лета двапати неделно и редовната линија Охрид-Истанбул-Охрид - од 30 март, што ќе лета четирипати неделно.

The post Мицкоски: Новите авиолинии чекор кон промоција на државата и привлекување туристи appeared first on Република.

Николоски со убави вести: Во 2025 година шест нови авиолинии, од Скопје ќе се лета кон Дубаи, Барселона, Охрид се поврзува со Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-so-ubavi-vesti-vo-2025-godina-shest-novi-aviolinii-od-skopje-ke-se-leta-kon-dubai-barselona-ohrid-se-povrzuva-so-istanbul/ Fri, 25 Oct 2024 10:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=830894

Во текот на наредната година двата аеродроми во земјава, Скопскиот и Охридскиот ќе се поврзат со нови шест авиолинии, соопшти денеска на прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски, кој на прес конференција ги соопшти резултатите од неодамнешниот јавен повик. Така, Скопје ќе се поврзе со Дубаи, со Барселона, Лион, Штутгард , а охридскиот аеродром со Истанбул и со Базел Милхауз.

Повикот кој што го распишавме во месец септември за нови авионски линии ги дава првите резултати - изјави Николоски додавајќи дека шесте нови авионски линии до скопскиот и охридскиот аеродром треба да донесат бројни нови туристи во Македонија и да го олеснат патувањето на нашите граѓани во странство.

Така, од 30 март 2025 година два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Дубаи – Скопје со „Флај Дубаи“, исто така од 30 јуни 2025 годинас два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Барселона – Скопје, од 30 јули 2025 година три пати неделно ќе се лета Скопје – Лион – Скопје со што се отвора јужна Франција прв пат како дестинација, како и три пати неделно на релација Скопје – Штутгард – Скопје, со што се отвора западниот дел на Германија, а тука е и Франција. Од Охридскиот аеродром два пати нделено ќе се лета на релација Охрид – Базел Милхауз – Охрид, и можеби најзначајната новина за нашиот туристички бисер е летот на „Туркиш ерлајнс“ ќе почнува редовно да лета од Охридскиот аеродром веќе од 30 март 2025 година на дестинација Охрид – Истанбул – Охрид.

Што значи дека Охридскиот аеродром го отвораме како дестинација кон најголемиот аеродром во Европа и аеродром кој што има најмогу конектинг летови, што е нова страница за аеродрoмот - истакна Николоски.

Четирите авиолинии, до Штудгарт, Барселона, Лион и Базел Милхауз ќе ги оперира „Визер“, појасни Николоски.

Тој посочи дека овие шест дестинации се директно поврзување со Дубаи, Барселона, со Штутгард, со Лион, со Базел и со Истанбул, и ќе донесат бројни нови туристи во Македонија, но исто така ќе овозможи и полесно патување за македонските граѓани.

Во процес сме на подготовка на втор повик кој што ќе се објави во наредните недели и кој што треба да донесе нови дестинации за што има интерес. Се надевам дека кон крајот на ноември или во декември ќе може да презентирам неколку нови дестинации кои што ќе летаат до охридскиот и до скопскиот аеродром - рече Николоски.

Тој додаде дека во летниот период од скопскиот аеродром оперирале 47 дестинации, а од охридскиот осум, додека во зимскиот 33 од скопскиот и четири од охридскиот аеродром. Целта е во 2025 година да има 200 илјади патници плус на двата аеродроми.

The post Николоски со убави вести: Во 2025 година шест нови авиолинии, од Скопје ќе се лета кон Дубаи, Барселона, Охрид се поврзува со Истанбул appeared first on Република.

]]>

Во текот на наредната година двата аеродроми во земјава, Скопскиот и Охридскиот ќе се поврзат со нови шест авиолинии, соопшти денеска на прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски, кој на прес конференција ги соопшти резултатите од неодамнешниот јавен повик. Така, Скопје ќе се поврзе со Дубаи, со Барселона, Лион, Штутгард , а охридскиот аеродром со Истанбул и со Базел Милхауз.
Повикот кој што го распишавме во месец септември за нови авионски линии ги дава првите резултати - изјави Николоски додавајќи дека шесте нови авионски линии до скопскиот и охридскиот аеродром треба да донесат бројни нови туристи во Македонија и да го олеснат патувањето на нашите граѓани во странство.
Така, од 30 март 2025 година два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Дубаи – Скопје со „Флај Дубаи“, исто така од 30 јуни 2025 годинас два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Барселона – Скопје, од 30 јули 2025 година три пати неделно ќе се лета Скопје – Лион – Скопје со што се отвора јужна Франција прв пат како дестинација, како и три пати неделно на релација Скопје – Штутгард – Скопје, со што се отвора западниот дел на Германија, а тука е и Франција. Од Охридскиот аеродром два пати нделено ќе се лета на релација Охрид – Базел Милхауз – Охрид, и можеби најзначајната новина за нашиот туристички бисер е летот на „Туркиш ерлајнс“ ќе почнува редовно да лета од Охридскиот аеродром веќе од 30 март 2025 година на дестинација Охрид – Истанбул – Охрид.
Што значи дека Охридскиот аеродром го отвораме како дестинација кон најголемиот аеродром во Европа и аеродром кој што има најмогу конектинг летови, што е нова страница за аеродрoмот - истакна Николоски.
Четирите авиолинии, до Штудгарт, Барселона, Лион и Базел Милхауз ќе ги оперира „Визер“, појасни Николоски. Тој посочи дека овие шест дестинации се директно поврзување со Дубаи, Барселона, со Штутгард, со Лион, со Базел и со Истанбул, и ќе донесат бројни нови туристи во Македонија, но исто така ќе овозможи и полесно патување за македонските граѓани.
Во процес сме на подготовка на втор повик кој што ќе се објави во наредните недели и кој што треба да донесе нови дестинации за што има интерес. Се надевам дека кон крајот на ноември или во декември ќе може да презентирам неколку нови дестинации кои што ќе летаат до охридскиот и до скопскиот аеродром - рече Николоски.
Тој додаде дека во летниот период од скопскиот аеродром оперирале 47 дестинации, а од охридскиот осум, додека во зимскиот 33 од скопскиот и четири од охридскиот аеродром. Целта е во 2025 година да има 200 илјади патници плус на двата аеродроми.

The post Николоски со убави вести: Во 2025 година шест нови авиолинии, од Скопје ќе се лета кон Дубаи, Барселона, Охрид се поврзува со Истанбул appeared first on Република.

]]>
Александар Николоски на работна средба со извршниот директор на Визер https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/aleksandar-nikoloski-na-rabotna-sredba-so-izvrshniot-direktor-na-vizer/ Wed, 02 Oct 2024 18:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=821897

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со извршниот директор на унгарската авиокомпанија Визер, Јозеф Варади.

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата.

Исто така, на средбата министерот Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година. Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата Визер за развој на патничкиот ависообраќај во изминатиот период.

На средбата Николоски истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересирани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик, се вели во соопштението од кабинетото на министерот Николоски.

Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Свети Апостол Павле - Охрид.

The post Александар Николоски на работна средба со извршниот директор на Визер appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со извршниот директор на унгарската авиокомпанија Визер, Јозеф Варади. На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата. Исто така, на средбата министерот Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година. Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата Визер за развој на патничкиот ависообраќај во изминатиот период. На средбата Николоски истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересирани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик, се вели во соопштението од кабинетото на министерот Николоски. Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Свети Апостол Павле - Охрид.

The post Александар Николоски на работна средба со извршниот директор на Визер appeared first on Република.

]]>
Николоски: Има голем интерес од авиокомпании за воведување нови дестинации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ima-golem-interes-od-aviokompanii-za-voveduvane-novi-destinatsii/ Tue, 17 Sep 2024 18:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=817233

Имаме голем интерес од авиокомпании кои се заинтересирани да воведат нови дестинации од домашните аеродроми согласно јавниот повик што го објавивме, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Николоски најави дека по завршување на јавниот повик на почетокот на месец октомври, ќе се изберат најдобрите компании кои ќе понудат нови атрактивни дестинации, а со тоа диреткно ќе се влијае врз зголемување и подобрување на авиосообраќајот во земјава.

Има голем интерес и ќе ги избереме најдобрите. Тоа што ќе потврдам е дека новите дестинации ќе се воведат со летниот ред на летање бидејќи авиокомпаниите ги планираат летовите една година однапред. Го избравме овој начин бидејќи сакаме да донесеме нови патници во земјава, а не граѓаните да си одат од земјава. Избравме финансиска поддршка, како еден од приоритетите на Владата бидејќи после короната имаме континуиран пад на бројот на патници и ова е начин како авиосообраќајот да го подобриме и да овозможиме прифатливи услови за патување“, истакна министерот Николоски.

Тој додаде дека значително се зголемува цената за финансиска поддршка и тоа од Скопје од претходните 7 евра се зголемуваат на 9 евра по патник, а од Охрид од претходните 4,5 евра се зголемуваат на 12 евра по патник, што е услов за зголемување на турзимот во охридско-струшкиот регион, додаде министерот Николоски.

Јавниот повик за финаниска поддршка беше објавен овој месец и трае се до 4 октомври. Финансиската поддршка е зголемена на 360 милиони денари за период 2025-2027 година, а се очекува да се привлечат преку 200 илјади нови туристи.

На владина седница поминаа бројни одлуки кои се поврзани со постапките за експропријација за изградба на автопатите Гостивар до Букојчани и од Прилеп до Битола, објави заменик претседателот на Владата и министер за трaнспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Тој истакна дека се забрзани постапките за овие два автопати кои се наоѓаат на Коридор 8 и 10 д, се со цел да се заврши комплетно постапката и што поскоро да започнат да се градат.

Ја забрзавме постапката за експропријација затоа што ако сакаме да градиме автопат мора да имаме прво чист терен. Посебно сме фокусирани на изградба на автопатите Гостивар до Букојчани или народски кажано Стража, како и на автопат од Прилеп до Битола и за таа цел денеска на седница на Влада донесовме бројни одлуки се со цел да поефикасно почнеме да ги градиме овие автопати.

Дополнително, одлична вест што сакам да ја кажам е дека работиме на изградба на вештачко езеро во Штип за наводнување и од рекреативен карактер, прво од ваков тип и прво во Источна Макеоднија, тоа е брана на река Отиња. За таа цел денеска донесовме одлука со која обезбедиме 2 милиони евра за дополнителни работи и очекувам до крајот на 2026 година да се заврши браната и да се полни езерото, а некаде после година дена после тоа да имаме и ново езеро во Македонија“, истакна министерот Николоски.

Во однос на состојбите во железницата, министерот потенцираше дека се продолжува со процесот на стабилизација во двете железнички претпријатија. Железница Транспорт доаѓа во состојба каде самостојно може да ги регулира обврските и тоа од фирма која пред нашето доаѓање на власт едвај се исплаќаше плата за вработените, сега тоа е надминат проблем, истакна министерот Николоски.

Тој најави сериозни планови за концептот градски воз во Скопје, со кој ќе му помогне на Градот да се реши сообраќајниот хаос а на граѓаните да се понуди ефикасен, брз и поевтин јавен превоз.

The post Николоски: Има голем интерес од авиокомпании за воведување нови дестинации appeared first on Република.

]]>

Имаме голем интерес од авиокомпании кои се заинтересирани да воведат нови дестинации од домашните аеродроми согласно јавниот повик што го објавивме, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.
Николоски најави дека по завршување на јавниот повик на почетокот на месец октомври, ќе се изберат најдобрите компании кои ќе понудат нови атрактивни дестинации, а со тоа диреткно ќе се влијае врз зголемување и подобрување на авиосообраќајот во земјава.
Има голем интерес и ќе ги избереме најдобрите. Тоа што ќе потврдам е дека новите дестинации ќе се воведат со летниот ред на летање бидејќи авиокомпаниите ги планираат летовите една година однапред. Го избравме овој начин бидејќи сакаме да донесеме нови патници во земјава, а не граѓаните да си одат од земјава. Избравме финансиска поддршка, како еден од приоритетите на Владата бидејќи после короната имаме континуиран пад на бројот на патници и ова е начин како авиосообраќајот да го подобриме и да овозможиме прифатливи услови за патување“, истакна министерот Николоски.
Тој додаде дека значително се зголемува цената за финансиска поддршка и тоа од Скопје од претходните 7 евра се зголемуваат на 9 евра по патник, а од Охрид од претходните 4,5 евра се зголемуваат на 12 евра по патник, што е услов за зголемување на турзимот во охридско-струшкиот регион, додаде министерот Николоски. Јавниот повик за финаниска поддршка беше објавен овој месец и трае се до 4 октомври. Финансиската поддршка е зголемена на 360 милиони денари за период 2025-2027 година, а се очекува да се привлечат преку 200 илјади нови туристи. На владина седница поминаа бројни одлуки кои се поврзани со постапките за експропријација за изградба на автопатите Гостивар до Букојчани и од Прилеп до Битола, објави заменик претседателот на Владата и министер за трaнспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа. Тој истакна дека се забрзани постапките за овие два автопати кои се наоѓаат на Коридор 8 и 10 д, се со цел да се заврши комплетно постапката и што поскоро да започнат да се градат.
Ја забрзавме постапката за експропријација затоа што ако сакаме да градиме автопат мора да имаме прво чист терен. Посебно сме фокусирани на изградба на автопатите Гостивар до Букојчани или народски кажано Стража, како и на автопат од Прилеп до Битола и за таа цел денеска на седница на Влада донесовме бројни одлуки се со цел да поефикасно почнеме да ги градиме овие автопати.   Дополнително, одлична вест што сакам да ја кажам е дека работиме на изградба на вештачко езеро во Штип за наводнување и од рекреативен карактер, прво од ваков тип и прво во Источна Макеоднија, тоа е брана на река Отиња. За таа цел денеска донесовме одлука со која обезбедиме 2 милиони евра за дополнителни работи и очекувам до крајот на 2026 година да се заврши браната и да се полни езерото, а некаде после година дена после тоа да имаме и ново езеро во Македонија“, истакна министерот Николоски.
Во однос на состојбите во железницата, министерот потенцираше дека се продолжува со процесот на стабилизација во двете железнички претпријатија. Железница Транспорт доаѓа во состојба каде самостојно може да ги регулира обврските и тоа од фирма која пред нашето доаѓање на власт едвај се исплаќаше плата за вработените, сега тоа е надминат проблем, истакна министерот Николоски. Тој најави сериозни планови за концептот градски воз во Скопје, со кој ќе му помогне на Градот да се реши сообраќајниот хаос а на граѓаните да се понуди ефикасен, брз и поевтин јавен превоз.

The post Николоски: Има голем интерес од авиокомпании за воведување нови дестинации appeared first on Република.

]]>
Ќе се субвенцираат дестинации, а не авиокомпании: Објавен повик за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-se-subventsiraat-destinatsii-a-ne-aviokompanii-objaven-povik-za-novi-aviolinii-so-promenet-model-za-poveke-patnitsi/ Sat, 07 Sep 2024 06:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=813987

Објавен е нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, со кој субвенциите ќе се доделуваат по дестинација, а не како досега на авиокомпанија.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации според редоследот: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.

Државата ќе плаќа девет евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, а 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони.

Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт.

Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, до кога може да се доставуваат барања во архивата на Министерството за транспорт.

Може да аплицираат сите заинтересирани авиокомпании кои поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година и имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година.

Владата пред една недела усвои сет мерки за зголемување на бројот на патници на аеродромите и најави нова тригодишна програма за финасиска поддршка што ќе стартува од 1 јануари. Зголемена е поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром на девет евра и од 4,5 евра на 12 евра на охридскиот аеродром по превезен патник.

Според ресорниот министер Александар Николоски, со промените во доделувањето субвенции се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија. Токму тоа, според него, е причината за намалувањето на патници од Скопскиот и Охридскиот аеродром од над 330 илјади патници годинава поради проблемот што го има „Виз Ер“ со сопствените авиони, што на ниеден начин не е поврзан со состојбата во земјава.

Порталот „EX-YU aviation news“ неодамна објави дека нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година. Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858.

Како што стои во објавата, „Виз Ер“ продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на четвртиот квартал во споредба со истиот период од минатата година. На балканскиот пазар се намалуваат 330.000 седишта.

Финансиска поддршка во авиосообраќајот во државаа се доделува од 2012 година од кога беа склучени три последователни тригодишни договори со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“. По основ на финансиска поддршка на „Виз Ер“ во 2012 година му се исплатени 25,6 милиони денари, во 2013 година 75,4 милиони, а 135 милиони денари во 2014 година. Во 2015. се исплатени 40 милиони, во 2016 и 2017 по околу 104 милиони денари, во 2018 година износот е 43,8 милиони, во 2019 година 66,5 милиони. Во 2020 износот на исплатени средства за субвенционирани летови е 21 милион денари, во 2021 година 10,4 милиони, а во 2022 година не се исплатени средства.

Договорот беше суспендиран во периодот додека траеше короната, поради што во 2020 и 2021 се исплаќаа средства за остварени приходи од 2019 година. Последниот од трите договори со „Виз Ер“ заврши на 1 март 2022 година, по што претходната Влада го промени моделот за финансиската поддршка отворајќи можност да се склучи договор со повеќе авиокомпамнии. По првиот неуспешен повик беше објавен нов повик и на 13 април минатата година Владата склучи договори со „Луфтханза“ за нова авиолинија од Скопје до Франкфурт и со „Виз Ер“ за летови од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и Љубљана.

The post Ќе се субвенцираат дестинации, а не авиокомпании: Објавен повик за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници appeared first on Република.

]]>

Објавен е нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, со кој субвенциите ќе се доделуваат по дестинација, а не како досега на авиокомпанија. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации според редоследот: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба. Државата ќе плаќа девет евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, а 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони. Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, до кога може да се доставуваат барања во архивата на Министерството за транспорт. Може да аплицираат сите заинтересирани авиокомпании кои поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година и имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година. Владата пред една недела усвои сет мерки за зголемување на бројот на патници на аеродромите и најави нова тригодишна програма за финасиска поддршка што ќе стартува од 1 јануари. Зголемена е поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром на девет евра и од 4,5 евра на 12 евра на охридскиот аеродром по превезен патник. Според ресорниот министер Александар Николоски, со промените во доделувањето субвенции се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија. Токму тоа, според него, е причината за намалувањето на патници од Скопскиот и Охридскиот аеродром од над 330 илјади патници годинава поради проблемот што го има „Виз Ер“ со сопствените авиони, што на ниеден начин не е поврзан со состојбата во земјава. Порталот „EX-YU aviation news“ неодамна објави дека нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година. Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858. Како што стои во објавата, „Виз Ер“ продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на четвртиот квартал во споредба со истиот период од минатата година. На балканскиот пазар се намалуваат 330.000 седишта. Финансиска поддршка во авиосообраќајот во државаа се доделува од 2012 година од кога беа склучени три последователни тригодишни договори со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“. По основ на финансиска поддршка на „Виз Ер“ во 2012 година му се исплатени 25,6 милиони денари, во 2013 година 75,4 милиони, а 135 милиони денари во 2014 година. Во 2015. се исплатени 40 милиони, во 2016 и 2017 по околу 104 милиони денари, во 2018 година износот е 43,8 милиони, во 2019 година 66,5 милиони. Во 2020 износот на исплатени средства за субвенционирани летови е 21 милион денари, во 2021 година 10,4 милиони, а во 2022 година не се исплатени средства. Договорот беше суспендиран во периодот додека траеше короната, поради што во 2020 и 2021 се исплаќаа средства за остварени приходи од 2019 година. Последниот од трите договори со „Виз Ер“ заврши на 1 март 2022 година, по што претходната Влада го промени моделот за финансиската поддршка отворајќи можност да се склучи договор со повеќе авиокомпамнии. По првиот неуспешен повик беше објавен нов повик и на 13 април минатата година Владата склучи договори со „Луфтханза“ за нова авиолинија од Скопје до Франкфурт и со „Виз Ер“ за летови од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и Љубљана.

The post Ќе се субвенцираат дестинации, а не авиокомпании: Објавен повик за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници appeared first on Република.

]]>
Николоски: Главните приоритети на Владата е обезбедување поволни услови за користење на попристапен авиопревоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-glavnite-prioriteti-na-vladata-e-obezbeduvane-povolni-uslovi-za-koristene-na-popristapen-avioprevoz/ Fri, 06 Sep 2024 12:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=813825

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, во архивата на Министерството.

- Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполуваат следниве критериуми - да поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година, да имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година, велат од Министерството за транспорт.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации и тоа по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.

- Во однос на износот на финансиската поддршка таа ќе изнесува 9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони, појаснуваат од Министерството.

Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-javniot-povik-za-subventsionirane-na-novi-aviolinii-od-skopskiot-i-ohridskiot-aerodrom/

Јавниот повик е објавен во Службен весник, на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и во домашни печатени медиуми и еден странски медиум.

The post Николоски: Главните приоритети на Владата е обезбедување поволни услови за користење на попристапен авиопревоз appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, во архивата на Министерството.
- Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполуваат следниве критериуми - да поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година, да имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година, велат од Министерството за транспорт.
Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации и тоа по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.
- Во однос на износот на финансиската поддршка таа ќе изнесува 9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони, појаснуваат од Министерството.
Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт. https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-javniot-povik-za-subventsionirane-na-novi-aviolinii-od-skopskiot-i-ohridskiot-aerodrom/ Јавниот повик е објавен во Службен весник, на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и во домашни печатени медиуми и еден странски медиум.

The post Николоски: Главните приоритети на Владата е обезбедување поволни услови за користење на попристапен авиопревоз appeared first on Република.

]]>
Возовите во Европа се до 30 пати поскапи од авиолиниите: Што ја предизвикува разликата во цената и зошто е таа всушност опасна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozovite-vo-evropa-se-do-30-pati-poskapi-od-avioliniite-shto-ja-predizvikuva-razlikata-vo-tsenata-i-zoshto-e-taa-vsushnost-opasna/ Sun, 30 Jul 2023 09:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=666838

Додека Европа страда од топлотен бран, а климатската криза се забрзува, многу патници поради загадувањето повеќе сакаат да патуваат со воз отколку со авион. Тие често се соочуваат со превисоки цени.

Патувањето со воз на долги релации во Европа може да чини речиси 30 пати повеќе од летање, покажуваат податоците од нов извештај. Извештајот, составен од групата за еколошка кампања Гринпис, ги споредува цените на летовите и билетите за воз на 112 европски линии на девет различни датуми.

Билетите за воз беа во просек двапати поскапи од летовите, додека патувањата со воз од Обединетото Кралство до Европа, кои вклучуваат одење со често скапиот Еуростар до континентот, во просек беа четири пати повисоки од цената на авионските карти. Истото важи и за Шпанија, која има брза железничка мрежа со четири конкурентни марки. Летовите биле поевтини од возовите на 71 отсто од анализираните линии.

Имаше и шокантни поскапувања. Станува збор за патување во последен момент од Лондон до Барселона во мај, резервирано два дена пред патувањето, каде цената на возот беше 384 евра во споредба со 12,99 евра за лет на „Рајанер“, што го прави возот 29,6 пати поскап од авионот.

Лондон до Барселона е третата најпопуларна воздушна линија во Европа, со 3,36 милиони луѓе кои патуваа во 2019 година, според Гринпис, кој додава дека префрлањето на тие летови на железница ќе заштеди 461.000 тони стакленички гасови, што е еднакво на годишните емисии на повеќе од 300.000 автомобили.

Зошто некој би одел со воз од Лондон до Барселона и би платил до 384 евра кога авионските билети се достапни за смешно ниската цена од 12,99 евра? Граѓаните заслужуваат да имаат пристап до чист, ефикасен и достапен транспортен систем кој не штети на климата, луѓето и нашата планета“, се вели во извештајот.

Каде е најскапото возење со воз?

Земјите со најскапи билети за воз во споредба со авионските билети се Велика Британија, Шпанија, Белгија, Франција и Италија. Во извештајот се вели дека возовите често се поевтини од летовите во централна и источна Европа, но времето на патување, врските, фреквенциите на возот и стандардите за услуги се „обично полоши отколку во западноевропските земји“. Некои железнички компании во Европа не продаваат билети повеќе од два или три месеци однапред, се вели во извештајот, давајќи им уште една предност на авиокомпаниите.

Стандардната цена на билет не е целосна слика. Буџетските авиокомпании наплаќаат за седење, чекиран багаж, па дури и патни торби во некои случаи, додека летањето вклучува трошоци за патување до аеродром надвор од градот.

Според Европската агенција за животна средина, авионите, кои се одговорни за околу 2,5 отсто од глобалното загадување на планетата, испуштаат во просек речиси пет пати повеќе стакленички гасови од возовите, а воздухопловството беше најбрзо растечки извор на емисии на стакленички гасови во Европа помеѓу 2009 и 2019 година, зголемувајќи се за 29 проценти во текот на деценијата.

Сепак, податоците на Гринпис покажуваат дека во 2019 година втора најпопуларна рута во Европа била Единбург до Лондон, патување што може да се реализира за околу четири и пол часа со воз, иако по двојно повисока цена.

Авиокомпаниите во ЕУ се ослободени од плаќање данок на керозин, додека железницата немаат слични ослободувања од извори на енергија. Лоби групата „Транспорт и животна средина“ за чист транспорт процени претходно овој месец дека владите на ЕУ губат 4 милиони евра на час од потенцијалните даноци за воздухопловство, вклучително и керозин, пишува „Си-Ен-Ен“.

Нискобуџетните авиокомпании оперираат на 79 отсто од 112 анализирани линии. Буџетските превозници често се фалат дека имаат понови флоти и авиони кои се помалку штетни за животната средина, но нивниот експоненцијален раст ги прави главен дел од проблематичната експанзија на авијацијата, изјави за Си-Ен-Ен минатата година Матео Мироло, службеник за воздухопловна политика во Transport & Environment.

Лорелеи Лимузен, активистка на на Гринпис за климатски промени во ЕУ, вели дека авиокомпаниите имаат „корист од неверојатните фискални предности“.

Авионите загадуваат многу повеќе од возовите, па зошто луѓето се охрабруваат да летаат? Авионските билети од десет евра се можни само затоа што другите, како работниците и даночните обврзници, ја плаќаат вистинската цена. За доброто на планетата и луѓето, политичарите треба да дејствуваат за да ја сменат оваа ситуација и да го направат патувањето со воз подостапна опција, инаку ќе видиме уште повеќе и повеќе жештини во Италија, како во Грција, вели таа.

Групата ги повика владите на континентот да воведат долгорочни, достапни „климатски картички“ за јавниот превоз, вклучително и прекуграничниот. Тие сугерираат дека ова треба да се финансира со „постапно укинување на субвенциите на авиокомпаниите и праведен систем на оданочување заснован на емисиите на CO2“.

Овој извештај уште еднаш нагласува како неоправданите даночни олеснувања им дозволуваат на авиокомпаниите да нудат апсурдно евтини авионски билети, додека железничките оператори треба да плаќаат висока цена за енергија и железнички патарини“.

Владите мора да ги отстранат даночните ослободувања за авиокомпаниите, како што се даноците за гориво и ДДВ, како и да ги намалат железничките патарини. Секој час, европските влади губат четири милиони евра од даноци за воздухопловство кои би можеле да се реинвестираат во промовирање на поодржлив транспорт“, вели Виктор Тевен, железнички координатор во организацијата „Transport & Environment“.

The post Возовите во Европа се до 30 пати поскапи од авиолиниите: Што ја предизвикува разликата во цената и зошто е таа всушност опасна appeared first on Република.

]]>

Додека Европа страда од топлотен бран, а климатската криза се забрзува, многу патници поради загадувањето повеќе сакаат да патуваат со воз отколку со авион. Тие често се соочуваат со превисоки цени. Патувањето со воз на долги релации во Европа може да чини речиси 30 пати повеќе од летање, покажуваат податоците од нов извештај. Извештајот, составен од групата за еколошка кампања Гринпис, ги споредува цените на летовите и билетите за воз на 112 европски линии на девет различни датуми. Билетите за воз беа во просек двапати поскапи од летовите, додека патувањата со воз од Обединетото Кралство до Европа, кои вклучуваат одење со често скапиот Еуростар до континентот, во просек беа четири пати повисоки од цената на авионските карти. Истото важи и за Шпанија, која има брза железничка мрежа со четири конкурентни марки. Летовите биле поевтини од возовите на 71 отсто од анализираните линии. Имаше и шокантни поскапувања. Станува збор за патување во последен момент од Лондон до Барселона во мај, резервирано два дена пред патувањето, каде цената на возот беше 384 евра во споредба со 12,99 евра за лет на „Рајанер“, што го прави возот 29,6 пати поскап од авионот. Лондон до Барселона е третата најпопуларна воздушна линија во Европа, со 3,36 милиони луѓе кои патуваа во 2019 година, според Гринпис, кој додава дека префрлањето на тие летови на железница ќе заштеди 461.000 тони стакленички гасови, што е еднакво на годишните емисии на повеќе од 300.000 автомобили.
Зошто некој би одел со воз од Лондон до Барселона и би платил до 384 евра кога авионските билети се достапни за смешно ниската цена од 12,99 евра? Граѓаните заслужуваат да имаат пристап до чист, ефикасен и достапен транспортен систем кој не штети на климата, луѓето и нашата планета“, се вели во извештајот.

Каде е најскапото возење со воз?

Земјите со најскапи билети за воз во споредба со авионските билети се Велика Британија, Шпанија, Белгија, Франција и Италија. Во извештајот се вели дека возовите често се поевтини од летовите во централна и источна Европа, но времето на патување, врските, фреквенциите на возот и стандардите за услуги се „обично полоши отколку во западноевропските земји“. Некои железнички компании во Европа не продаваат билети повеќе од два или три месеци однапред, се вели во извештајот, давајќи им уште една предност на авиокомпаниите. Стандардната цена на билет не е целосна слика. Буџетските авиокомпании наплаќаат за седење, чекиран багаж, па дури и патни торби во некои случаи, додека летањето вклучува трошоци за патување до аеродром надвор од градот. Според Европската агенција за животна средина, авионите, кои се одговорни за околу 2,5 отсто од глобалното загадување на планетата, испуштаат во просек речиси пет пати повеќе стакленички гасови од возовите, а воздухопловството беше најбрзо растечки извор на емисии на стакленички гасови во Европа помеѓу 2009 и 2019 година, зголемувајќи се за 29 проценти во текот на деценијата. Сепак, податоците на Гринпис покажуваат дека во 2019 година втора најпопуларна рута во Европа била Единбург до Лондон, патување што може да се реализира за околу четири и пол часа со воз, иако по двојно повисока цена.
Авиокомпаниите во ЕУ се ослободени од плаќање данок на керозин, додека железницата немаат слични ослободувања од извори на енергија. Лоби групата „Транспорт и животна средина“ за чист транспорт процени претходно овој месец дека владите на ЕУ губат 4 милиони евра на час од потенцијалните даноци за воздухопловство, вклучително и керозин, пишува „Си-Ен-Ен“.
Нискобуџетните авиокомпании оперираат на 79 отсто од 112 анализирани линии. Буџетските превозници често се фалат дека имаат понови флоти и авиони кои се помалку штетни за животната средина, но нивниот експоненцијален раст ги прави главен дел од проблематичната експанзија на авијацијата, изјави за Си-Ен-Ен минатата година Матео Мироло, службеник за воздухопловна политика во Transport & Environment. Лорелеи Лимузен, активистка на на Гринпис за климатски промени во ЕУ, вели дека авиокомпаниите имаат „корист од неверојатните фискални предности“.
Авионите загадуваат многу повеќе од возовите, па зошто луѓето се охрабруваат да летаат? Авионските билети од десет евра се можни само затоа што другите, како работниците и даночните обврзници, ја плаќаат вистинската цена. За доброто на планетата и луѓето, политичарите треба да дејствуваат за да ја сменат оваа ситуација и да го направат патувањето со воз подостапна опција, инаку ќе видиме уште повеќе и повеќе жештини во Италија, како во Грција, вели таа.
Групата ги повика владите на континентот да воведат долгорочни, достапни „климатски картички“ за јавниот превоз, вклучително и прекуграничниот. Тие сугерираат дека ова треба да се финансира со „постапно укинување на субвенциите на авиокомпаниите и праведен систем на оданочување заснован на емисиите на CO2“.
Овој извештај уште еднаш нагласува како неоправданите даночни олеснувања им дозволуваат на авиокомпаниите да нудат апсурдно евтини авионски билети, додека железничките оператори треба да плаќаат висока цена за енергија и железнички патарини“.   Владите мора да ги отстранат даночните ослободувања за авиокомпаниите, како што се даноците за гориво и ДДВ, како и да ги намалат железничките патарини. Секој час, европските влади губат четири милиони евра од даноци за воздухопловство кои би можеле да се реинвестираат во промовирање на поодржлив транспорт“, вели Виктор Тевен, железнички координатор во организацијата „Transport & Environment“.

The post Возовите во Европа се до 30 пати поскапи од авиолиниите: Што ја предизвикува разликата во цената и зошто е таа всушност опасна appeared first on Република.

]]>
Штетата се брои во милиони евра: Штрајкот на воздушниот сообраќај во Италија приземји речиси 1.000 летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtetata-se-broi-vo-milioni-evra-shtrajkot-na-vozdushniot-soobrakaj-vo-italija-prizemji-rechisi-1-000-letovi/ Sun, 16 Jul 2023 13:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=661954

Штрајкот во италијанскиот воздушен транспорт во саботата резултираше со откажување на речиси 1.000 летови, објави новинската агенција АНСА.

Според синдикатот кој го свика штрајкот, на него учествувале речиси сто проценти од вработените кои се очекуваше да штрајкуваат, наведува агенцијата.

Неколку стотици летови беа откажани само на главните италијански аеродроми во Рим, Милано, Неапол и Венеција, при што беа погодени околу 250.000 патници.

Здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“ смета дека штетите поради откажување и доцнење се во милиони.

Покрај копнениот персонал, штрајкуваа и пилотите на Малта Ер, кои управуваат со летовите на „Рајанер“ во Италија, како и пилотите и стјуардесите на нискобуџетната авиокомпанија „Вулинг'.

Ова беше втор голем штрајк во Италија, по штрајкот на железницата во четвртокот што предизвика значителен прекин на јавниот транспорт.

Штрајковите ја погодуваат земјата, популарна дестинација за одмор, во екот на шпицот на туристичката сезона и топлотниот бран.

The post Штетата се брои во милиони евра: Штрајкот на воздушниот сообраќај во Италија приземји речиси 1.000 летови appeared first on Република.

]]>

Штрајкот во италијанскиот воздушен транспорт во саботата резултираше со откажување на речиси 1.000 летови, објави новинската агенција АНСА. Според синдикатот кој го свика штрајкот, на него учествувале речиси сто проценти од вработените кои се очекуваше да штрајкуваат, наведува агенцијата. Неколку стотици летови беа откажани само на главните италијански аеродроми во Рим, Милано, Неапол и Венеција, при што беа погодени околу 250.000 патници. Здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“ смета дека штетите поради откажување и доцнење се во милиони. Покрај копнениот персонал, штрајкуваа и пилотите на Малта Ер, кои управуваат со летовите на „Рајанер“ во Италија, како и пилотите и стјуардесите на нискобуџетната авиокомпанија „Вулинг'. Ова беше втор голем штрајк во Италија, по штрајкот на железницата во четвртокот што предизвика значителен прекин на јавниот транспорт. Штрајковите ја погодуваат земјата, популарна дестинација за одмор, во екот на шпицот на туристичката сезона и топлотниот бран.

The post Штетата се брои во милиони евра: Штрајкот на воздушниот сообраќај во Италија приземји речиси 1.000 летови appeared first on Република.

]]>
Сплит, Франкфурт, Белград … Нови и голем број летни сезонски летови на скопскиот и охридскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/split-frankfurt-belgrad-novi-i-golem-broj-letni-sezonski-letovi-na-skopskiot-i-ohridskiot-aerodrom/ Sat, 25 Mar 2023 08:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=623043

Во очекување на доаѓањето на летнбата сезона од домашните аеродроми највуваат воведување нови летови и нови авиолинии.

Летниот ред на летови почнува да се применува од ноќеска на полноќ, а од „ТАВ Македонија“ за МИА велат дека очекуваат успешна летна сезона и оваа да биде година на целосно постпандемиско закрепнување.

„Луфтханза“ од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на „Кроација ерлајнс“ од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, двапати неделно. Уште еден новитет доаѓа од охридскиот аеродром и од авиокомпанијата „Ер Србија“, која ќе ја обнови линијата Белград-Охрид од јуни 2023 година. Македонскиот туристички и културен центар Охрид ќе се поврзува авионски со Белград четири пати неделно, велат за МИА од „ТАВ Македонија“.

Како и во изминатите летни сезони, и оваа, ќе има сезонски летови од скопскиот аеродром до летните дестинации како Анталија, Измир, Бодрум, Хургада и Тунис (Монастир/Енфида). Овие сезонски летови најчесто почнуваат кон крајот на мај се до октомври.

Секако, очекуваме и повеќе патници од сезонските линии на Охридскиот аеродром од традиционалните дестинации/земји од/до кои се лета во текот на летната сезона, како што се Холандија (Амстердам и Мастрихт) и Полска (Варшава и Катовице). Со ова, „ТАВ Македонија“ очекува успешна летна сезона и очекува оваа година да биде година на целосно постпандемиско закрепнување, велат од „ТАВ Македонија“.

Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации.

Сепак, како што потенцира аеродромскиот оператор, редот на летови секогаш може да претрпи промени, односно како што ги добиваат информациите од авиокомпаниите. Ова е причината поради која ТАВ Македонија секогаш ги советува патниците да ги следат веб-страниците на скопскиот и охридскиот аеродром за ажурирање во реално време и секако, да проверат кај авиокомпанијата со која патуваат.

null

Според ТАВ Македонија, севкупно, зимската сезона може да се оцени како успешна, особено, како што потенцираат, ако се има предвид фактот дека сѐ уште на некој начин транзитираме од кризниот период и се стремиме да ги надминеме бројките од 2019 година.

Аеродромскиот оператор посочува дека двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид имаа успешна 2022 година со значително закрепнување на патничкиот авиосообраќај, со што достигнале приближно 2,4 милиони патници или вкупно 2.371.423 патници и 19.448 реализирани летови.

Ако се земат предвид бројките само за зимската сезона, 2022/2023 година, или периодот од 30 октомври 2022 година до 26 март, резултатите ги следат позитивните стапки на закрепнување на воздушниот сообраќај по кризата. Приближно 340 000 патници во ноември и во декември патувале од двата аеродрома, скопскиот и охридскиот. Сепак, она што особено нé радува е што 2023 година ја започнавме со нагорен тренд или првите два месеца покажуваат позитивни резултати и во однос на 2022 и 2019 година како референтна година, посочуваат од „ТАВ Македонија“.

На скопскиот и охридскиот аеродром во јануари и февруари имало вкупно 310.127 патници, што е зголемување за околу 35, односно 56 отсто, соодветно. Во споредба со 2022 година, јануари годинава има зголемување на бројот на патници за три проценти, додека февруари е на речиси исто ниво со февруари 2019 година.

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Е

Добар позитивен тренд бележат и бројките за остварениот број на летови, а вкупните летови во периодот од ноември до февруари изнесуваат 5480, што повторно на месечно ниво, поединечно бележи зголемување на бројот на движење на авионите. Карго-сообраќајот за истиот период од четири месеци е 1133 тони. Бидејќи зимската сезона сè уште трае, сè уште немаме бројки за статистиките и бројките за сообраќај за март, но, сепак, со оглед на тоа како почна годината, уверени сме дека бројките ќе покажат зголемување на сообраќајот на патници и летови, велат за МИА од „ТАВ Македонија“.

Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер“. Тековниот повик за субвенции следуваше по поништувањето на претходниот што го објави Министерството за транспорт и врски, на кој аплицираа авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“, но Комисијата за евалуација  констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација.

Од „ТАВ Македонија“, на прашањето на МИА како се одразува ваквиот тек на работите околу субвенционирањето на авиолините, порачуваат дека како аеродромски оператор со задоволство би ги поздравиле и пречекале новите авиокомпании и дека ќе продолжат да вложуваат напори и да инвестираат во одлични аеродромски услуги.

Субвенциите што им се доделуваат на авиокомпаниите се одличен инструмент за државата да привлече нови авиокомпании да почнат со работа од скопскиот или охридскиот аеродром. Новите авиокомпании секогаш носат нови дестинации, зголемени фреквенции и конкуренција, и конечно, луѓето можат да избираат од поширокиот избор на мапата со мрежа на дестинации и ќе го планираат своето патување со најповолната понуда и лет. Додавањето нови авиокомпании и воспоставувањето нови авиолинии се исто така корисни за зголемување на можностите за домашните и меѓународните патници кои патуваат од нашите аеродроми, за бизнис-заедницата, но и за регионот, бидејќи патниците од гравитациската зона дополнително би биле привлечени да патуваат од нашите аеродроми. Друга придобивка, исто така, е тоа што може да го направи нашиот воздухопловен пазар препознатлив во регионот со широка мрежа на дестинации, укажува аеродромскиот оператор.

Министерството за транспорт и врски апелира до граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети бидејќи се уште е во сила е одлуката за затворање на двата меѓународни аеродроми во земјава

Со тековниот повик за субвенции се доделува финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 - 2025 година. Износот за субвенциите за годинава изнесува 1,1 милион евра.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба.

Поддршката ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид.

На јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат  критериумите: да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка.

Понуди на повикот може да се доставуваат до 31 месецов, а отворањето е предвидено за 3 април годинава во 12 часот.

The post Сплит, Франкфурт, Белград … Нови и голем број летни сезонски летови на скопскиот и охридскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Во очекување на доаѓањето на летнбата сезона од домашните аеродроми највуваат воведување нови летови и нови авиолинии. Летниот ред на летови почнува да се применува од ноќеска на полноќ, а од „ТАВ Македонија“ за МИА велат дека очекуваат успешна летна сезона и оваа да биде година на целосно постпандемиско закрепнување.
„Луфтханза“ од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на „Кроација ерлајнс“ од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, двапати неделно. Уште еден новитет доаѓа од охридскиот аеродром и од авиокомпанијата „Ер Србија“, која ќе ја обнови линијата Белград-Охрид од јуни 2023 година. Македонскиот туристички и културен центар Охрид ќе се поврзува авионски со Белград четири пати неделно, велат за МИА од „ТАВ Македонија“.
Како и во изминатите летни сезони, и оваа, ќе има сезонски летови од скопскиот аеродром до летните дестинации како Анталија, Измир, Бодрум, Хургада и Тунис (Монастир/Енфида). Овие сезонски летови најчесто почнуваат кон крајот на мај се до октомври.
Секако, очекуваме и повеќе патници од сезонските линии на Охридскиот аеродром од традиционалните дестинации/земји од/до кои се лета во текот на летната сезона, како што се Холандија (Амстердам и Мастрихт) и Полска (Варшава и Катовице). Со ова, „ТАВ Македонија“ очекува успешна летна сезона и очекува оваа година да биде година на целосно постпандемиско закрепнување, велат од „ТАВ Македонија“.
Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации. Сепак, како што потенцира аеродромскиот оператор, редот на летови секогаш може да претрпи промени, односно како што ги добиваат информациите од авиокомпаниите. Ова е причината поради која ТАВ Македонија секогаш ги советува патниците да ги следат веб-страниците на скопскиот и охридскиот аеродром за ажурирање во реално време и секако, да проверат кај авиокомпанијата со која патуваат. null Според ТАВ Македонија, севкупно, зимската сезона може да се оцени како успешна, особено, како што потенцираат, ако се има предвид фактот дека сѐ уште на некој начин транзитираме од кризниот период и се стремиме да ги надминеме бројките од 2019 година. Аеродромскиот оператор посочува дека двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид имаа успешна 2022 година со значително закрепнување на патничкиот авиосообраќај, со што достигнале приближно 2,4 милиони патници или вкупно 2.371.423 патници и 19.448 реализирани летови.
Ако се земат предвид бројките само за зимската сезона, 2022/2023 година, или периодот од 30 октомври 2022 година до 26 март, резултатите ги следат позитивните стапки на закрепнување на воздушниот сообраќај по кризата. Приближно 340 000 патници во ноември и во декември патувале од двата аеродрома, скопскиот и охридскиот. Сепак, она што особено нé радува е што 2023 година ја започнавме со нагорен тренд или првите два месеца покажуваат позитивни резултати и во однос на 2022 и 2019 година како референтна година, посочуваат од „ТАВ Македонија“.
На скопскиот и охридскиот аеродром во јануари и февруари имало вкупно 310.127 патници, што е зголемување за околу 35, односно 56 отсто, соодветно. Во споредба со 2022 година, јануари годинава има зголемување на бројот на патници за три проценти, додека февруари е на речиси исто ниво со февруари 2019 година. Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Е
Добар позитивен тренд бележат и бројките за остварениот број на летови, а вкупните летови во периодот од ноември до февруари изнесуваат 5480, што повторно на месечно ниво, поединечно бележи зголемување на бројот на движење на авионите. Карго-сообраќајот за истиот период од четири месеци е 1133 тони. Бидејќи зимската сезона сè уште трае, сè уште немаме бројки за статистиките и бројките за сообраќај за март, но, сепак, со оглед на тоа како почна годината, уверени сме дека бројките ќе покажат зголемување на сообраќајот на патници и летови, велат за МИА од „ТАВ Македонија“.
Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер“. Тековниот повик за субвенции следуваше по поништувањето на претходниот што го објави Министерството за транспорт и врски, на кој аплицираа авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“, но Комисијата за евалуација  констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. Од „ТАВ Македонија“, на прашањето на МИА како се одразува ваквиот тек на работите околу субвенционирањето на авиолините, порачуваат дека како аеродромски оператор со задоволство би ги поздравиле и пречекале новите авиокомпании и дека ќе продолжат да вложуваат напори и да инвестираат во одлични аеродромски услуги.
Субвенциите што им се доделуваат на авиокомпаниите се одличен инструмент за државата да привлече нови авиокомпании да почнат со работа од скопскиот или охридскиот аеродром. Новите авиокомпании секогаш носат нови дестинации, зголемени фреквенции и конкуренција, и конечно, луѓето можат да избираат од поширокиот избор на мапата со мрежа на дестинации и ќе го планираат своето патување со најповолната понуда и лет. Додавањето нови авиокомпании и воспоставувањето нови авиолинии се исто така корисни за зголемување на можностите за домашните и меѓународните патници кои патуваат од нашите аеродроми, за бизнис-заедницата, но и за регионот, бидејќи патниците од гравитациската зона дополнително би биле привлечени да патуваат од нашите аеродроми. Друга придобивка, исто така, е тоа што може да го направи нашиот воздухопловен пазар препознатлив во регионот со широка мрежа на дестинации, укажува аеродромскиот оператор.
Министерството за транспорт и врски апелира до граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети бидејќи се уште е во сила е одлуката за затворање на двата меѓународни аеродроми во земјава Со тековниот повик за субвенции се доделува финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 - 2025 година. Износот за субвенциите за годинава изнесува 1,1 милион евра. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба. Поддршката ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид. На јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат  критериумите: да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка. Понуди на повикот може да се доставуваат до 31 месецов, а отворањето е предвидено за 3 април годинава во 12 часот.

The post Сплит, Франкфурт, Белград … Нови и голем број летни сезонски летови на скопскиот и охридскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Кој ќе се пријави: Нов повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за евтини летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koj-ke-se-prijavi-nov-povik-za-finansiska-poddrshka-za-novi-aviolinii-za-evtini-letovi/ Wed, 01 Mar 2023 10:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=614575

Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023 - 2025 година.

Неговата објава следува по поништувањето на претходниот тендер за таа намена откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација.

-Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат следниве критериуми: да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба

Во однос на износот на финансиската поддршка, таа ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 31 месецов до 12:00 часот, во архивата на Министерството за транспорт и врски.

Јавното отворање на барањата за финансиска поддршка ќе се одржи 3 април годинава  во 12:00 часот.

За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”

The post Кој ќе се пријави: Нов повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за евтини летови appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023 - 2025 година. Неговата објава следува по поништувањето на претходниот тендер за таа намена откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. -Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат следниве критериуми: да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка, соопшти Министерството за транспорт и врски. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба Во однос на износот на финансиската поддршка, таа ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 31 месецов до 12:00 часот, во архивата на Министерството за транспорт и врски. Јавното отворање на барањата за финансиска поддршка ќе се одржи 3 април годинава  во 12:00 часот. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”

The post Кој ќе се пријави: Нов повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за евтини летови appeared first on Република.

]]>
Ништо од нови евтини летови: Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nishto-od-novi-evtini-letovi-ponishten-povikot-za-subventsii-za-novi-aviolinii/ Fri, 10 Feb 2023 15:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=607478

Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов.

Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот.

Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик, соопштија од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму очекуваат во најбрз врменски период Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година. Најавуваат дека јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска Унија.

Целта е да се поттикне и развива воздушниот сообраќај во Република Македонија и да се овозможи поголем број на дестинации за граѓаните, стои во соопштението.

Ресорното Министерство потенцира Владата, преку Министерството за транспорт и врски е силно посветена на реализација на програмската определба за развој на авиосообраќајот.

Нашата цел е да ги искористиме капацитетите што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле и да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните преку конкурентни цени на авио билетите, посочуваат од Министерството за транспорт.

Со поништениот повик, што траеше од 20 декември лани до 26 јануари годинава, за разлика од претходните, можеа да се изберат повеќе авиокомпании што ќе добијат субвенции за нови авиолинии. Се предвидуваше да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии.

На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“.

The post Ништо од нови евтини летови: Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии appeared first on Република.

]]>

Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов. Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот. Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик, соопштија од Министерството за транспорт и врски. Оттаму очекуваат во најбрз врменски период Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година. Најавуваат дека јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска Унија.
Целта е да се поттикне и развива воздушниот сообраќај во Република Македонија и да се овозможи поголем број на дестинации за граѓаните, стои во соопштението.
Ресорното Министерство потенцира Владата, преку Министерството за транспорт и врски е силно посветена на реализација на програмската определба за развој на авиосообраќајот.
Нашата цел е да ги искористиме капацитетите што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле и да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните преку конкурентни цени на авио билетите, посочуваат од Министерството за транспорт.
Со поништениот повик, што траеше од 20 декември лани до 26 јануари годинава, за разлика од претходните, можеа да се изберат повеќе авиокомпании што ќе добијат субвенции за нови авиолинии. Се предвидуваше да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“.

The post Ништо од нови евтини летови: Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии appeared first on Република.

]]>
„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ со понуди на тендерот за субвенции за нови летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/viz-er-lufthanza-i-egean-so-ponudi-na-tenderot-za-subventsii-za-novi-letovi/ Fri, 27 Jan 2023 11:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=601624

Авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан ерлајнс“ доставија понуди на тендерот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година.

Понудите беа отворени денеска во Министерството за транспорт и врски од страна на Комисијата за таа намена. Следната недела ќе биде извршена евалуација на понудите по што се очекува да има избрани авиокомпании со кои ќе се склучи договор за субвенции за нови летови.

Со повикот, што беше отворен од 20 декември лани до вчера напладне, за разлика од претходните повици, можат да се изберат повеќе авиокомпании. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финансиска поддршка за нови авиолинии.

Финансиската поддршка, според повикот, ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба.

Се предвидува да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“.

Меѓународниот Аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ја завршија 2022 година со приближно 2,4 милиони патници и 19.448 летови. Двата аеродрома забележаа 70 проценти пораст во патничкиот сообраќај во 2022, споредено со 2021 година, додека споредено со референтната година во воздухопловството, 2019 година, патничкиот сообраќај е на -11 проценти, односно 89 проценти стапка на закрепнување согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година.

Од Меѓународниот Аеродром „Скопје“ сообраќаат 11 авиокомпании („Ер Србија“, „Аустриан Ерлајнс“, „Кроација Ерлајнс“, „Еделвајс“, „Чер Ерлајнс“, „Пегасус Ерлајнс“, „Туркиш Ерлајнс“, ЛОТ, Егеан, „Виз Ер“ и „Изиџет“) до 36 дестинации, а од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид две авиокомпании („Виз Ер“ и „Чер Ерлајнс“) сообраќаат до четири дестинации.

The post „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ со понуди на тендерот за субвенции за нови летови appeared first on Република.

]]>

Авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан ерлајнс“ доставија понуди на тендерот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година. Понудите беа отворени денеска во Министерството за транспорт и врски од страна на Комисијата за таа намена. Следната недела ќе биде извршена евалуација на понудите по што се очекува да има избрани авиокомпании со кои ќе се склучи договор за субвенции за нови летови. Со повикот, што беше отворен од 20 декември лани до вчера напладне, за разлика од претходните повици, можат да се изберат повеќе авиокомпании. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финансиска поддршка за нови авиолинии. Финансиската поддршка, според повикот, ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба. Се предвидува да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“. Меѓународниот Аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ја завршија 2022 година со приближно 2,4 милиони патници и 19.448 летови. Двата аеродрома забележаа 70 проценти пораст во патничкиот сообраќај во 2022, споредено со 2021 година, додека споредено со референтната година во воздухопловството, 2019 година, патничкиот сообраќај е на -11 проценти, односно 89 проценти стапка на закрепнување согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година. Од Меѓународниот Аеродром „Скопје“ сообраќаат 11 авиокомпании („Ер Србија“, „Аустриан Ерлајнс“, „Кроација Ерлајнс“, „Еделвајс“, „Чер Ерлајнс“, „Пегасус Ерлајнс“, „Туркиш Ерлајнс“, ЛОТ, Егеан, „Виз Ер“ и „Изиџет“) до 36 дестинации, а од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид две авиокомпании („Виз Ер“ и „Чер Ерлајнс“) сообраќаат до четири дестинации.

The post „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ со понуди на тендерот за субвенции за нови летови appeared first on Република.

]]>
Отворање на понудите на тендерот за субвенции на нови авиолинии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otvorane-na-ponudite-na-tenderot-za-subventsii-na-novi-aviolinii/ Fri, 27 Jan 2023 08:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=601516

Во Министерството за транспорт и врски денеска ќе се одржи јавно отворање на понудите што се доставени на повикот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година.

На повикот што беше отворен од 20 декември лани до вчера, за разлика од претходните, можат да се изберат повеќе авиокомпании.

За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии.

Финансиската поддршка, според повикот, ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба.

Се предвидува да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје” и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле” – Охрид.

На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”.

Меѓународниот Аеродром „Скопје” и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид, ја завршија 2022 година со приближно 2,4 милиони патници и 19.448 летови. Двата аеродрома забележаа 70 проценти пораст во патничкиот сообраќај во 2022, споредено со 2021 година, додека споредено со референтната година во воздухопловството, 2019 година, патничкиот сообраќај е на -11 проценти, односно 89 проценти стапка на закрепнување согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година.

Од Меѓународниот Аеродром „Скопје” сообраќаат 11 авиокомпании („Ер Србија”, „Аустриан Ерлајнс”, „Кроација Ерлајнс”, „Еделвајс”, „Чер Ерлајнс”, „Пегасус Ерлајнс”, „Туркиш Ерлајнс”, ЛОТ, Егеан, „Виз Ер” и „Изиџет”) до 36 дестинации, а од Аеродромот „Св. Апостол Павле” – Охрид две авиокомпании („Виз Ер” и „Чер Ерлајнс”) сообраќаат до четири дестинации.

The post Отворање на понудите на тендерот за субвенции на нови авиолинии appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за транспорт и врски денеска ќе се одржи јавно отворање на понудите што се доставени на повикот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година. На повикот што беше отворен од 20 декември лани до вчера, за разлика од претходните, можат да се изберат повеќе авиокомпании. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. Финансиската поддршка, според повикот, ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба. Се предвидува да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје” и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле” – Охрид. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”. Меѓународниот Аеродром „Скопје” и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид, ја завршија 2022 година со приближно 2,4 милиони патници и 19.448 летови. Двата аеродрома забележаа 70 проценти пораст во патничкиот сообраќај во 2022, споредено со 2021 година, додека споредено со референтната година во воздухопловството, 2019 година, патничкиот сообраќај е на -11 проценти, односно 89 проценти стапка на закрепнување согласно статистиката на патничкиот авиосообраќај за 2019 година. Од Меѓународниот Аеродром „Скопје” сообраќаат 11 авиокомпании („Ер Србија”, „Аустриан Ерлајнс”, „Кроација Ерлајнс”, „Еделвајс”, „Чер Ерлајнс”, „Пегасус Ерлајнс”, „Туркиш Ерлајнс”, ЛОТ, Егеан, „Виз Ер” и „Изиџет”) до 36 дестинации, а од Аеродромот „Св. Апостол Павле” – Охрид две авиокомпании („Виз Ер” и „Чер Ерлајнс”) сообраќаат до четири дестинации.

The post Отворање на понудите на тендерот за субвенции на нови авиолинии appeared first on Република.

]]>