авиокоманија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aviokomanija/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 08:49:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авиокоманија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aviokomanija/ 32 32 ЕрБалтик влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија Скопје-Рига https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/erbaltik-vleguva-na-makedonskiot-pazar-so-nova-sezonska-aviolinija-skopje-riga/ Fri, 01 Sep 2023 08:49:01 +0000 https://republika.mk/?p=677825

Водечката авиокомпанија на Балтикот, летонската ЕрБалтик, од следната летна сезона во 2024 година ќе воведе авиолинија на релација Скопје–Рига–Скопје, соопшти денеска ТАВ Аеродроми.

Македонскиот главен град Скопје ќе биде поврзан со Рига, главниот град на Летонија, два пати неделно, од 3 мај до 30 септември 2024.

Новата сезонска авиолинија на ЕрБалтик, од скопскиот аеродром, ќе им овозможи на клиентите поврзување со балтичките држави и светот.

Воведувањето на нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на airBaltic како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во балтичкиот регион, и Скопје и балканскиот регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство. Честитаме на airBaltic и ја цениме нивната одлука бидејќи оваа нова авиолинија ќе ги поврзе балтичкиот и балканскиот регион, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Мартин Гаус, претседател и главен извршен директор на ЕрБалкан, истакнува дека со воведувањето на 11 нови линии следното лето, авиокомпанијата ќе ја зајакне позиција и амбицијата за натамошен раст, подобрувајќи ја поврзаноста од Балтикот.

При подготовките за следна сезона, секогаш внимателно ја проценуваме состојбата на пазарот и побарувачката. Овој пат, идентификувавме можност да ја прошириме нашата мрежа во Централна и Југоисточна Европа со конекции со балтичките и нордиските земји. Затоа, драго ни е да ја прошириме понудата на airBaltic следното лето со практични и погодни директни летови до и од овој регион, вели Гаус.

Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб страницата на airBaltic www.airbaltic.com, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.

The post ЕрБалтик влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија Скопје-Рига appeared first on Република.

]]>

Водечката авиокомпанија на Балтикот, летонската ЕрБалтик, од следната летна сезона во 2024 година ќе воведе авиолинија на релација Скопје–Рига–Скопје, соопшти денеска ТАВ Аеродроми. Македонскиот главен град Скопје ќе биде поврзан со Рига, главниот град на Летонија, два пати неделно, од 3 мај до 30 септември 2024. Новата сезонска авиолинија на ЕрБалтик, од скопскиот аеродром, ќе им овозможи на клиентите поврзување со балтичките држави и светот.
Воведувањето на нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на airBaltic како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во балтичкиот регион, и Скопје и балканскиот регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство. Честитаме на airBaltic и ја цениме нивната одлука бидејќи оваа нова авиолинија ќе ги поврзе балтичкиот и балканскиот регион, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Мартин Гаус, претседател и главен извршен директор на ЕрБалкан, истакнува дека со воведувањето на 11 нови линии следното лето, авиокомпанијата ќе ја зајакне позиција и амбицијата за натамошен раст, подобрувајќи ја поврзаноста од Балтикот.
При подготовките за следна сезона, секогаш внимателно ја проценуваме состојбата на пазарот и побарувачката. Овој пат, идентификувавме можност да ја прошириме нашата мрежа во Централна и Југоисточна Европа со конекции со балтичките и нордиските земји. Затоа, драго ни е да ја прошириме понудата на airBaltic следното лето со практични и погодни директни летови до и од овој регион, вели Гаус.
Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб страницата на airBaltic www.airbaltic.com, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.

The post ЕрБалтик влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија Скопје-Рига appeared first on Република.

]]>
Скандинавската авиокомпанија, која лета и до Скопје, дневно губи по 13 милиони долари, пилотите штрајкуваат веќе 11 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/skandinavskata-aviokompanija-koja-leta-i-do-skopje-dnevno-gubi-po-13-milioni-dolari-pilotite-shtrajkuvaat-vekje-11-dena/ Thu, 14 Jul 2022 08:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=528491

Пилотите во авиокомпанијата „САС“ штрајкуваат веќе 11 дена, а со штрајкот се засегнати стотици илјади туристи, пред се оние од скандинавските земји.

Претставниците на работодачавот и на синдикатите во текот на вчерашниот ден ги продолжија преговорите по новиот колективен договор што беа прекинати на 4 јули, но не успеаја да ги надминат несогласувањата. Се очекува разговорите да продолжат денеска, најавуваат од синдикатот „Данск метал“ што ги застапува данските пилоти во „САС“.

Авиокомпанијата што подолг период е во криза соопшти дека штрајкот во шпицот на сезоната на патувања резултира со загуби меѓу десет и 13 милиони долари дневно, во време кога компанијата се обидува да ги намали трошоците и да привлече нови инвеститори за да опстане.

Пилотите вработени во филијалата „САС Скандинавија“, велат дека прифатиле ограничено намалување на платите и нешто понеповолни услови, за од управата на компанијата да посочат дека понудените отстапки не се доволни за успешно спроведување на опсежниот план за спас најавен во февруари годинава.

Синдикатите исто така бараат пилотите отпуштени за време на пандемијата повторно да се вработат во „САС Скандинавија“, наместо да бидат конкуренција на потенцијалните кандидати за работно место во новоотворените подружници „САСЛинк“ и „САС Конект“ со седиште во Ирска.

Авиокомпанијата чии главни сопственици се владите на Шведска и на Данска со акции од по 22 отсто, откажа 201 или 64 отсто од за денеска планираните летови.

The post Скандинавската авиокомпанија, која лета и до Скопје, дневно губи по 13 милиони долари, пилотите штрајкуваат веќе 11 дена appeared first on Република.

]]>

Пилотите во авиокомпанијата „САС“ штрајкуваат веќе 11 дена, а со штрајкот се засегнати стотици илјади туристи, пред се оние од скандинавските земји. Претставниците на работодачавот и на синдикатите во текот на вчерашниот ден ги продолжија преговорите по новиот колективен договор што беа прекинати на 4 јули, но не успеаја да ги надминат несогласувањата. Се очекува разговорите да продолжат денеска, најавуваат од синдикатот „Данск метал“ што ги застапува данските пилоти во „САС“. Авиокомпанијата што подолг период е во криза соопшти дека штрајкот во шпицот на сезоната на патувања резултира со загуби меѓу десет и 13 милиони долари дневно, во време кога компанијата се обидува да ги намали трошоците и да привлече нови инвеститори за да опстане. Пилотите вработени во филијалата „САС Скандинавија“, велат дека прифатиле ограничено намалување на платите и нешто понеповолни услови, за од управата на компанијата да посочат дека понудените отстапки не се доволни за успешно спроведување на опсежниот план за спас најавен во февруари годинава. Синдикатите исто така бараат пилотите отпуштени за време на пандемијата повторно да се вработат во „САС Скандинавија“, наместо да бидат конкуренција на потенцијалните кандидати за работно место во новоотворените подружници „САСЛинк“ и „САС Конект“ со седиште во Ирска. Авиокомпанијата чии главни сопственици се владите на Шведска и на Данска со акции од по 22 отсто, откажа 201 или 64 отсто од за денеска планираните летови.

The post Скандинавската авиокомпанија, која лета и до Скопје, дневно губи по 13 милиони долари, пилотите штрајкуваат веќе 11 дена appeared first on Република.

]]>