авио линии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avio-linii/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 16:42:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авио линии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avio-linii/ 32 32 Николоски и шпанскиот амбасадор разговараа за авио линии до и од Шпанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-i-shpanskiot-ambasador-razgovara-za-otvorne-na-avio-linii-do-i-od-shpanija/ Mon, 23 Sep 2024 16:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=819077

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски ги потврдил добрите билатерални односи со Шпанија, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Шпанија во процесoт на интергација на земјата во Европската Унија.

Посебен фокус на средбата се ставило на можноста на воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа Николоски го запознал амбасадорот Сориано Ортиз со условите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.

Исто така министерот Николоски го информирал амбасадорот и за инвестиционата програма во делот на инфраструктурата, стои во соопштението.

Македонија е земја која нуди конкурентни услови за инвестирање, потенцирал Николоски, упатувајќи повик до заинтересирани компании од Шпанија да инвестираат во земјава.

На средбата биле разменетии мислења и ставови и за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Министерот изразил благодарност за досегашната соработка, а двајцата соговорници се согласија за интензивирање на таквата соработка меѓу Македонија и Шпанија.

The post Николоски и шпанскиот амбасадор разговараа за авио линии до и од Шпанија appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз. На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски ги потврдил добрите билатерални односи со Шпанија, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Шпанија во процесoт на интергација на земјата во Европската Унија. Посебен фокус на средбата се ставило на можноста на воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа Николоски го запознал амбасадорот Сориано Ортиз со условите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид. Исто така министерот Николоски го информирал амбасадорот и за инвестиционата програма во делот на инфраструктурата, стои во соопштението. Македонија е земја која нуди конкурентни услови за инвестирање, потенцирал Николоски, упатувајќи повик до заинтересирани компании од Шпанија да инвестираат во земјава. На средбата биле разменетии мислења и ставови и за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Министерот изразил благодарност за досегашната соработка, а двајцата соговорници се согласија за интензивирање на таквата соработка меѓу Македонија и Шпанија.

The post Николоски и шпанскиот амбасадор разговараа за авио линии до и од Шпанија appeared first on Република.

]]>
Новиот модел на субвенционирање на авиолетови ќе има огромен ефект, смета директорот Курт https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/noviot-model-na-subventsionirane-na-avio-letovi-ke-ima-ogromen-efekt-smeta-direktorot-kurt/ Fri, 20 Sep 2024 06:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=818007

Новиот модел на субвенционирање на авиолетови преку субвенционирање на авиокомпаниите ќе има огромен ефект за зголемување на бројот на авиокомпании, но и на дестинации од македонските аеродроми, смета директорот на ТАВ Македонија Неџат Курт.

Колку што сум информиран има многу заинтересирани авиокомпании кои аплицирале на повикот, но во моментов не моќе да откријам точно кои. Веруваме дека ќе има огромен ефект за зголемување на бројот како на авиокомпании, така и на нови дестинации безз разлика дали тие нови дестинации ќе бидат од една иста компанија или од повеќе различни, изјави Курт во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Анталија каде ТАВ го реновира аеродромот со кој управува.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ima-golem-interes-od-aviokompanii-za-voveduvane-novi-destinatsii/

Тој нагласи дека пред да биде финализиран јавниот повик претставниците на ТАВ имале редовни состаноци со Комисијата од Министерството за транспорт и врски.

Има пријавено авиокомпании кои се заинтересирани за дестинации кои претходно беа оперирани од  аеродромите, но и за нови. Не би сакал да ги откривам имињата зошто сега се заинтересирани, вие можеби ќе објавите вест, а после можеби повеќе нема да бидат заинтересирани. Ние постојано градиме односи и преговараме со авиокомпаниите со министри, со амбасадори, особено со министрите за надворешни работи кога доаѓаат за отворање на некоја авиолинија која е барана. Имаме и наша програма за субвенции на авиокомпании, но сепак на крајот одлуката за тоа дали ќе се воведе некоја дестинација или не или, пак, дали некоја авиокомпанија ќе почне да оперира од аеродромите останува на самите авиокомпании ко ја носат финалната одлука. Се надевам дека ќе биде подобро. Ќе видиме каков ќе биде ефектот од субвенциите од Владата и како сето тоа ќе се проследи и ќе продолжи понатаму, рече Курт.

Најави дека наскоро ќе го финализираат мастер планот за развојот на македонските аеродроми во наредните 20 до 30 години и дека ќе и го престават на Владата.

Нашата концесија истекува во 2032 година, но обврска на секој аеродромски оператор е да ја предвиди и планира иднината, односно што е потребно да се направи со аеродромите и со околината и да ги сподели своите согледувања со властите без разлика дали ќе продолжи да управува или ќе си замине. Ние нашиот мастер план ќе го споделиме со Владата и тој не е поврзан со концесијата, рече Курт и додаде дека со мастерпланот сакаат на двата аеродроми да им го зголемат капацитетот и да ги направат поефикасни.

The post Новиот модел на субвенционирање на авиолетови ќе има огромен ефект, смета директорот Курт appeared first on Република.

]]>

Новиот модел на субвенционирање на авиолетови преку субвенционирање на авиокомпаниите ќе има огромен ефект за зголемување на бројот на авиокомпании, но и на дестинации од македонските аеродроми, смета директорот на ТАВ Македонија Неџат Курт.
Колку што сум информиран има многу заинтересирани авиокомпании кои аплицирале на повикот, но во моментов не моќе да откријам точно кои. Веруваме дека ќе има огромен ефект за зголемување на бројот како на авиокомпании, така и на нови дестинации безз разлика дали тие нови дестинации ќе бидат од една иста компанија или од повеќе различни, изјави Курт во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Анталија каде ТАВ го реновира аеродромот со кој управува.
https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ima-golem-interes-od-aviokompanii-za-voveduvane-novi-destinatsii/ Тој нагласи дека пред да биде финализиран јавниот повик претставниците на ТАВ имале редовни состаноци со Комисијата од Министерството за транспорт и врски.
Има пријавено авиокомпании кои се заинтересирани за дестинации кои претходно беа оперирани од  аеродромите, но и за нови. Не би сакал да ги откривам имињата зошто сега се заинтересирани, вие можеби ќе објавите вест, а после можеби повеќе нема да бидат заинтересирани. Ние постојано градиме односи и преговараме со авиокомпаниите со министри, со амбасадори, особено со министрите за надворешни работи кога доаѓаат за отворање на некоја авиолинија која е барана. Имаме и наша програма за субвенции на авиокомпании, но сепак на крајот одлуката за тоа дали ќе се воведе некоја дестинација или не или, пак, дали некоја авиокомпанија ќе почне да оперира од аеродромите останува на самите авиокомпании ко ја носат финалната одлука. Се надевам дека ќе биде подобро. Ќе видиме каков ќе биде ефектот од субвенциите од Владата и како сето тоа ќе се проследи и ќе продолжи понатаму, рече Курт.
Најави дека наскоро ќе го финализираат мастер планот за развојот на македонските аеродроми во наредните 20 до 30 години и дека ќе и го престават на Владата.
Нашата концесија истекува во 2032 година, но обврска на секој аеродромски оператор е да ја предвиди и планира иднината, односно што е потребно да се направи со аеродромите и со околината и да ги сподели своите согледувања со властите без разлика дали ќе продолжи да управува или ќе си замине. Ние нашиот мастер план ќе го споделиме со Владата и тој не е поврзан со концесијата, рече Курт и додаде дека со мастерпланот сакаат на двата аеродроми да им го зголемат капацитетот и да ги направат поефикасни.

The post Новиот модел на субвенционирање на авиолетови ќе има огромен ефект, смета директорот Курт appeared first on Република.

]]>
Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-javniot-povik-za-subventsionirane-na-novi-aviolinii-od-skopskiot-i-ohridskiot-aerodrom/ Fri, 06 Sep 2024 12:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=813823

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, во архивата на Министерството.

- Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполуваат следниве критериуми - да поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година, да имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година, велат од Министерството за транспорт.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации и тоа по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.

- Во однос на износот на финансиската поддршка таа ќе изнесува 9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони, појаснуваат од Министерството.

Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт

Јавниот повик е објавен во Службен весник, на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и во домашни печатени медиуми и еден странски медиум

The post Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, во архивата на Министерството.
- Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполуваат следниве критериуми - да поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година, да имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година, велат од Министерството за транспорт.
Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации и тоа по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.
- Во однос на износот на финансиската поддршка таа ќе изнесува 9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони, појаснуваат од Министерството.
Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт Јавниот повик е објавен во Службен весник, на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и во домашни печатени медиуми и еден странски медиум

The post Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром appeared first on Република.

]]>