АВГСанистар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avgsanistar/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Jun 2022 13:33:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АВГСанистар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avgsanistar/ 32 32 Петмина мртви во новиот земјотрес во Авганистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/petmina-mrtvi-vo-noviot-zemjotres-vo-avganistan/ Fri, 24 Jun 2022 13:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=519361

Пет лица загинале во петокот во источен Авганистан во новите потреси кои го погодија подрачјето во близина на епицентарот од разорниот земјотрес со магнитуда 6,1 во средата утрото, рече високиот авганистански функционер.

„Утрово се случи уште еден потрес во Пактика во округот Гајан, според првите информации .. пет лица загинале“, рекол за Reuters портпаролот на авганистанското министерство за здравство, Шарафат Заман.

На интернет страницата на Американскиот геолошки завод (USGS) е објавено дека земјотресот со магнитуда 4,3 е регистриран во близина на границата со Пакистан во петокот во 3,43 часот по средноевропско време.

Во меѓувреме авганистанските власти ја завршија потрагата по преживеаните од земјотресот во средата во кој загинаа 1.150 луѓе, изјавил во петокот висок претставник на владата. Додал дека резервите од лекови и друга итна помош се несоодветни.

Повредени се уште околу 2.000 лица, а 10.000 куќи се делумно или целосно уништени во земјотресот од средата во областа на границата со Пакистан, рекол за Reuters Мохамад Насим Хакани, портпаролот на министерството за катастрофи.

„Операцијата на потрага и спасување е завршена, 1.000 се мртви а повредени се околу 2.000, со тешки или со површински рани“, рекол Хакани, но не појаснил зошто потрагата по преживеаните се запира по само нецели 48 часа.

 

The post Петмина мртви во новиот земјотрес во Авганистан appeared first on Република.

]]>

Пет лица загинале во петокот во источен Авганистан во новите потреси кои го погодија подрачјето во близина на епицентарот од разорниот земјотрес со магнитуда 6,1 во средата утрото, рече високиот авганистански функционер. „Утрово се случи уште еден потрес во Пактика во округот Гајан, според првите информации .. пет лица загинале“, рекол за Reuters портпаролот на авганистанското министерство за здравство, Шарафат Заман. На интернет страницата на Американскиот геолошки завод (USGS) е објавено дека земјотресот со магнитуда 4,3 е регистриран во близина на границата со Пакистан во петокот во 3,43 часот по средноевропско време. Во меѓувреме авганистанските власти ја завршија потрагата по преживеаните од земјотресот во средата во кој загинаа 1.150 луѓе, изјавил во петокот висок претставник на владата. Додал дека резервите од лекови и друга итна помош се несоодветни. Повредени се уште околу 2.000 лица, а 10.000 куќи се делумно или целосно уништени во земјотресот од средата во областа на границата со Пакистан, рекол за Reuters Мохамад Насим Хакани, портпаролот на министерството за катастрофи. „Операцијата на потрага и спасување е завршена, 1.000 се мртви а повредени се околу 2.000, со тешки или со површински рани“, рекол Хакани, но не појаснил зошто потрагата по преживеаните се запира по само нецели 48 часа.  

The post Петмина мртви во новиот земјотрес во Авганистан appeared first on Република.

]]>