авганистанци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avganistanci/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 16:16:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авганистанци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avganistanci/ 32 32 Германски политичари бараат Авганистанците кои одат на одмор во татковината да го изгубат статусот на азиланти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-politichari-baraat-avganistantsite-koi-odat-na-odmor-vo-tatkovinata-da-go-izgubat-statusot-na-azilanti/ Fri, 16 Aug 2024 16:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=807301

Германски политичари повикаа на итно губење на статусот азилант, откако медиумите објавија дека Авганистанци кои добиле азил во Германија поради прогон во нивната татковина, редовно патуваат во Авганистан - на одмор.

Германија мора да остане отворена земја, но не и наивна. Властите мора да гарантираат дека лицата кои бараат помош од нас, но истовремено одат на одмор во земјата од која побегнале, брзо ќе го изгубат статусот на азиланти и ќе ја напуштат Германија, изјави за дневникот „Билд“ Јоаким Штамп, комесар на германската влада за миграции од Либерално-демократската партија (FDP).

Штамп истакна дека германската влада се обидува да воспостави ред во миграциите и дека ваквите вести се „контрапродуктивни“. Тој ги повика федералните покраини и градови, кои се надлежни за обработка на барањата за азил, заеднички да работат на откривање на ваквите случаи.

Телевизиската станица RTL пред неколку дена објави репортажа за патувањата на Авганистанци, кои имаат азил во Германија, а редовно патуваат преку Иран во Авганистан. Според репортажата, на граница им се печати визата на посебен документ, кој по враќањето во Германија се отстранува за да се сокрие вистинското потекло на патниците. Патувањата се организирани од туристичка агенција во Хамбург.

Портпаролката на канцеларијата за миграции во Хамбург изјави дека патувањето во земјата од која лицето бара заштита автоматски го исклучува правото на азил во Германија. Сè повеќе политичари јавно се залагаат за депортација на странци дури и во земји како Сирија и Авганистан, особено на оние со криминални досиеја.

Дискусијата ја започна самиот канцелар Олаф Шолц, по убиството на полицаец од страна на Авганистанец во јуни. Шолц тогаш најави „масовни депортации“ во земји како Сирија и Авганистан.

The post Германски политичари бараат Авганистанците кои одат на одмор во татковината да го изгубат статусот на азиланти appeared first on Република.

]]>

Германски политичари повикаа на итно губење на статусот азилант, откако медиумите објавија дека Авганистанци кои добиле азил во Германија поради прогон во нивната татковина, редовно патуваат во Авганистан - на одмор. Германија мора да остане отворена земја, но не и наивна. Властите мора да гарантираат дека лицата кои бараат помош од нас, но истовремено одат на одмор во земјата од која побегнале, брзо ќе го изгубат статусот на азиланти и ќе ја напуштат Германија, изјави за дневникот „Билд“ Јоаким Штамп, комесар на германската влада за миграции од Либерално-демократската партија (FDP). Штамп истакна дека германската влада се обидува да воспостави ред во миграциите и дека ваквите вести се „контрапродуктивни“. Тој ги повика федералните покраини и градови, кои се надлежни за обработка на барањата за азил, заеднички да работат на откривање на ваквите случаи. Телевизиската станица RTL пред неколку дена објави репортажа за патувањата на Авганистанци, кои имаат азил во Германија, а редовно патуваат преку Иран во Авганистан. Според репортажата, на граница им се печати визата на посебен документ, кој по враќањето во Германија се отстранува за да се сокрие вистинското потекло на патниците. Патувањата се организирани од туристичка агенција во Хамбург. Портпаролката на канцеларијата за миграции во Хамбург изјави дека патувањето во земјата од која лицето бара заштита автоматски го исклучува правото на азил во Германија. Сè повеќе политичари јавно се залагаат за депортација на странци дури и во земји како Сирија и Авганистан, особено на оние со криминални досиеја. Дискусијата ја започна самиот канцелар Олаф Шолц, по убиството на полицаец од страна на Авганистанец во јуни. Шолц тогаш најави „масовни депортации“ во земји како Сирија и Авганистан.

The post Германски политичари бараат Авганистанците кои одат на одмор во татковината да го изгубат статусот на азиланти appeared first on Република.

]]>
Заминаа сите бегалци од Авганистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaminaa-site-begalci-od-avganistan/ Wed, 31 Aug 2022 06:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=545912

Последното осумчлено авганистанско семејство претходно ангажирано од НАТО што беше згрижено во Македонија денеска ја напушти земјава, со што успешно е заокружена мисијата за обезбедување привремено сместување на Авганистанците кои беа преземени од базата „Бехтел” во Косово, објави на фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– За време на нивниот престој во Македонија, им беше обезбедена континуирана помош и поддршка, како резултат на ефикасната и широка меѓуинституционална соработка, и со голем ангажман од Црвен крст, за што во оваа прилика упатувам благодарност до сите инволвирани во успешната реализација на целокупниот процес. Со обезбеденото привремено прибежиште на вкупно 68 Авганистанци, уште еднаш се докажавме како кредибилен НАТО партнер и придонесовме да се ослободат силите на Алијансата ангажирани во базата „Бехтел” во Косово и истите да делуваат во полн капацитет на Источното крило, а во контекст на заканите кои доаѓаат по земјите членки во тој дел, како последица на руската инвазија врз Украина, наведува во објавата шефот на дипломатијата Бујар Османи.

The post Заминаа сите бегалци од Авганистан appeared first on Република.

]]>

Последното осумчлено авганистанско семејство претходно ангажирано од НАТО што беше згрижено во Македонија денеска ја напушти земјава, со што успешно е заокружена мисијата за обезбедување привремено сместување на Авганистанците кои беа преземени од базата „Бехтел” во Косово, објави на фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи. – За време на нивниот престој во Македонија, им беше обезбедена континуирана помош и поддршка, како резултат на ефикасната и широка меѓуинституционална соработка, и со голем ангажман од Црвен крст, за што во оваа прилика упатувам благодарност до сите инволвирани во успешната реализација на целокупниот процес. Со обезбеденото привремено прибежиште на вкупно 68 Авганистанци, уште еднаш се докажавме како кредибилен НАТО партнер и придонесовме да се ослободат силите на Алијансата ангажирани во базата „Бехтел” во Косово и истите да делуваат во полн капацитет на Источното крило, а во контекст на заканите кои доаѓаат по земјите членки во тој дел, како последица на руската инвазија врз Украина, наведува во објавата шефот на дипломатијата Бујар Османи.

The post Заминаа сите бегалци од Авганистан appeared first on Република.

]]>
Тројца Авганистанци и еден Иранец групно силувале тинејџерка во Австрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trojca-avganistanci-i-eden-iranec-grupno-siluvale-tinejdzerka-vo-avstrija/ Sat, 02 Apr 2022 15:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=482297

Четворица тинејџери, тројца Авганистанци и еден Иранец, се обвинети за силување на 16-годипна девојка во близина на главната железничка станица во Линц, во Австрија.

За тројца од нив, двајца 15-годишни Авганистанци и еден 14-годишен Иранец, кои се уапсени по силувањето им е одреден притвор од 14 дена. Четвртоосомничениот, 15-годишен Авганистанец, кој сам се предал во петокот вечерта, треба да биде сослушан денеска.

Според весникот „Кронен цајтунг“, полицијата ги уапсила првите тројца, откако полициска патрола ги фатила во зграда во близина на станицата додека ја силувале девојката, додека четвртиот успеал да побегне, но потоа сам се пријавил во полиција тврдејќи дека „нема што крие“.

Од тројцата во притвор, двајца изјавиле дека станувало збор за „сексуални дејствија со согласност“, додеека третиот молчи.

Жртвата е 16-годишна Германка, која изнесува сериозни обвинувања за четворицата напаѓачи. Таа е хоспитализирана и кај неа, се забележани празнини во меморијата од големата траума.

Доколку монмчињата бидат прогласени за виновни за групно силување, им се заканува затворска казна до седум и пол години. За возрасни, казната е двојно поголема.

Според австриските медиуми, овој случај на групно силување потсетува на случајот „Леони“, 13-годишно девојче од Тулн во близина на Виена, кое во 2021 година во Виена го силувале неколку мажи, по што тоа починало.

Извршителите на делото, кога виделе дека жртвата е мртва, нејзиното тело го однеле во блиската зелена површина и го потпреле на дрво. Го откриле случајни минувачи. За ова грозоморно групно силување со смртни последици беа осомничени четворица Авганистанци на возраст од 16 до 23 години. Едниот успеа да побегне во Велика Британија, но пред нешто повеќе од една недела беше пронајден и екстрадиран во австриската полиција, па сега е во истражниот затвор со претходно уапсените тројца.

The post Тројца Авганистанци и еден Иранец групно силувале тинејџерка во Австрија appeared first on Република.

]]>

Четворица тинејџери, тројца Авганистанци и еден Иранец, се обвинети за силување на 16-годипна девојка во близина на главната железничка станица во Линц, во Австрија. За тројца од нив, двајца 15-годишни Авганистанци и еден 14-годишен Иранец, кои се уапсени по силувањето им е одреден притвор од 14 дена. Четвртоосомничениот, 15-годишен Авганистанец, кој сам се предал во петокот вечерта, треба да биде сослушан денеска. Според весникот „Кронен цајтунг“, полицијата ги уапсила првите тројца, откако полициска патрола ги фатила во зграда во близина на станицата додека ја силувале девојката, додека четвртиот успеал да побегне, но потоа сам се пријавил во полиција тврдејќи дека „нема што крие“. Од тројцата во притвор, двајца изјавиле дека станувало збор за „сексуални дејствија со согласност“, додеека третиот молчи. Жртвата е 16-годишна Германка, која изнесува сериозни обвинувања за четворицата напаѓачи. Таа е хоспитализирана и кај неа, се забележани празнини во меморијата од големата траума. Доколку монмчињата бидат прогласени за виновни за групно силување, им се заканува затворска казна до седум и пол години. За возрасни, казната е двојно поголема. Според австриските медиуми, овој случај на групно силување потсетува на случајот „Леони“, 13-годишно девојче од Тулн во близина на Виена, кое во 2021 година во Виена го силувале неколку мажи, по што тоа починало. Извршителите на делото, кога виделе дека жртвата е мртва, нејзиното тело го однеле во блиската зелена површина и го потпреле на дрво. Го откриле случајни минувачи. За ова грозоморно групно силување со смртни последици беа осомничени четворица Авганистанци на возраст од 16 до 23 години. Едниот успеа да побегне во Велика Британија, но пред нешто повеќе од една недела беше пронајден и екстрадиран во австриската полиција, па сега е во истражниот затвор со претходно уапсените тројца.

The post Тројца Авганистанци и еден Иранец групно силувале тинејџерка во Австрија appeared first on Република.

]]>
16 Авганистанци заминаа во Канада како трајна дестинација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/16-avganistanci-zaminaa-vo-kanada-kako-trajna-destinacija/ Wed, 09 Feb 2022 15:59:18 +0000 https://republika.mk/?p=456352

Портпаролите на Владата Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа подетално за заклучоците и одлуките донесени на 11-та и 12-та седница на Владата на Република Македонија и одговараа на новинарски прашања од интерес на јавноста.

На прес-конференцијата портпаролите информираа за одлуката на Владата за одобрување финансиски средства во износ од 2,9 милијарди денари на АД ЕСМ, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија.

Со оваа одлука, како што истакнаа, се задолжува АД ЕСМ овие средства да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија.

Портпаролите информираа дека Владата донесе Уредба за организацијата и функционирањето на единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата територија на Републиката - Е-112.

Со него се обезбедува брзина и ефикасност во постапувањето при итни повици за итни случаи за помош и се овозможува достапност до системот на сите лица на територијата на Република Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори.

На прес-конференцијата беше соопштено дека групата од 16 граѓани на Авганистан, за кои во изминатиот период Македонија обезбеди привремен престој, изутрината со лет преку Истанбул, замина за Канада, која им обезбеди престој на вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership - OGP).

Портпаролите информираа дека Владата донесе заклучок да го повлече Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од собраниската постапка и на усвојување пред пратениците да го достави новиот текст на Предлог-законот во кој во членот 6 е избришана формулацијата „негативно мислење“.

Портпаролите соопштија дека Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во согласност со одлуките од Економско-социјалниот совет со кои најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата не може да биде помала од 18.000 денари, и со кој во законска рамка се ставени и донесените измени за редовно годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, како и критериумот според кој висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.

На прашање дали Владата ќе ги помогне општините во справувањето со енергетската криза, беше истакнато дека се преземени сериозни мерки за поддршка на граѓаните и малите потрошувачи со што беше спречен ценовниот шок и превисоките сметки за електрична енергија. Дополнително Владата со низа мерки обезбеди сигурност и стабилност во снабдувањето со топлинската енергија во главниот град со целосно покривање од државниот буџет. На Град Скопје и на општините им беше понудено разликата од актуелната до реалната цена за парното греење да се покрие од буџетот во висина од 80 проценти, а со 20% да учествуваат самите, што не беше прифатено. Владата, беше речено на прес-конференцијата ќе ги разгледа барањата, но во економска криза секоја институција мора да понесе дел од одговорноста како сериозен пристап за грижа за граѓаните и дека градот Скопје и општините мораат да ја ревидираат својата улога во енергетска криза.

The post 16 Авганистанци заминаа во Канада како трајна дестинација appeared first on Република.

]]>

Портпаролите на Владата Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа подетално за заклучоците и одлуките донесени на 11-та и 12-та седница на Владата на Република Македонија и одговараа на новинарски прашања од интерес на јавноста. На прес-конференцијата портпаролите информираа за одлуката на Владата за одобрување финансиски средства во износ од 2,9 милијарди денари на АД ЕСМ, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија. Со оваа одлука, како што истакнаа, се задолжува АД ЕСМ овие средства да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија. Портпаролите информираа дека Владата донесе Уредба за организацијата и функционирањето на единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата територија на Републиката - Е-112. Со него се обезбедува брзина и ефикасност во постапувањето при итни повици за итни случаи за помош и се овозможува достапност до системот на сите лица на територијата на Република Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори. На прес-конференцијата беше соопштено дека групата од 16 граѓани на Авганистан, за кои во изминатиот период Македонија обезбеди привремен престој, изутрината со лет преку Истанбул, замина за Канада, која им обезбеди престој на вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership - OGP). Портпаролите информираа дека Владата донесе заклучок да го повлече Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од собраниската постапка и на усвојување пред пратениците да го достави новиот текст на Предлог-законот во кој во членот 6 е избришана формулацијата „негативно мислење“. Портпаролите соопштија дека Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во согласност со одлуките од Економско-социјалниот совет со кои најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата не може да биде помала од 18.000 денари, и со кој во законска рамка се ставени и донесените измени за редовно годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, како и критериумот според кој висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика. На прашање дали Владата ќе ги помогне општините во справувањето со енергетската криза, беше истакнато дека се преземени сериозни мерки за поддршка на граѓаните и малите потрошувачи со што беше спречен ценовниот шок и превисоките сметки за електрична енергија. Дополнително Владата со низа мерки обезбеди сигурност и стабилност во снабдувањето со топлинската енергија во главниот град со целосно покривање од државниот буџет. На Град Скопје и на општините им беше понудено разликата од актуелната до реалната цена за парното греење да се покрие од буџетот во висина од 80 проценти, а со 20% да учествуваат самите, што не беше прифатено. Владата, беше речено на прес-конференцијата ќе ги разгледа барањата, но во економска криза секоја институција мора да понесе дел од одговорноста како сериозен пристап за грижа за граѓаните и дека градот Скопје и општините мораат да ја ревидираат својата улога во енергетска криза.

The post 16 Авганистанци заминаа во Канада како трајна дестинација appeared first on Република.

]]>
67 граѓани на Авганистан добија привремен престој во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/67-gragjani-na-avganistan-dobija-privremen-prestoj-vo-makedonija/ Fri, 14 Jan 2022 17:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=444693

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства.

Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти.
По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Во Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.

The post 67 граѓани на Авганистан добија привремен престој во Македонија appeared first on Република.

]]>

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства. Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти. По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации. Во Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.

The post 67 граѓани на Авганистан добија привремен престој во Македонија appeared first on Република.

]]>