аутистично дете Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/autistichno-dete/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Oct 2023 11:25:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аутистично дете Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/autistichno-dete/ 32 32 Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-ke-povede-postapka-za-psihijatriskata-bolnitsa-vo-demir-hisar/ Tue, 03 Oct 2023 11:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=687450

Институцијата Народен правобранител ќе работи на случајот со 17 годишникот со аутизам за кој медиумите објавија дека имал нехуман однос во Психијатриската болница во Демир Хисар. Ова настан во Тетово го најави во одговор на новинарски прашања државниот советник во Народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа.

- Слушнавме за настанот, објавија повеќе медиуми. Согласно надлежностите, отворивме предмет по сопствена иницијатива. Ќе ги преземе сите мерки за испитување на случајот, имајќи предвид дека немаме директна претставка директно од родителот како би можеле да ги добиеме основните податоци. Но и овие се доволни за да иницираме една постапка. Да бараме од надлежните органи да се направи надзор над работата на установата и секако да бараме соодветни информации за изнесени наоди на родителот преку медиумите за начинот на којшто детето беше третирано додека било сместено во установата, истакна Васка Бајрамовска Мустафа.

Таа потсети дека лани исто така реагирала за здравствената установа од Демир Хисар за тамошните општи услови за третман.

Институцијата Народен правобранител вршејќи го мандатот на национален превентивен механизам, посетувајќи ја оваа установа мината година излезе со остри осуди или критики за условите во којшто се генерално сместени лицата во установата. Со соодветни препораки за тоа што треба да се преземе во која насока, бидејќи нешто што не треба да дозволиме нехуман однос, или сместување на граѓани во несоодветни услови. Верувам дека што поскоро треба да бидат преземени мерки со цел ваквите установи треба да бидат места од аспект на кадар и од аспект на стручност и од аспект на третман и однос, ќе одговорат на стандардите кои ги налагаат меѓународните конвенции, меѓународните стандарди за почитување бидејќи во спротивно кршиме многу права кршиме многу и закони и конвенции кои ги имаме ратификувано како држава, посочи Васка Бајрамовска Мустафа.

Таа учествуваше на панел-дискусија на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“.

The post Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар appeared first on Република.

]]>

Скандал во САД: Вработен во училиште удира тригодишно аутистично дете и го носи држејќи го за нозе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/skandal-vo-sad-vraboten-vo-uchilishte-udira-trigodishno-autistichno-dete-i-go-nosi-drzhejki-go-za-noze/ Fri, 22 Sep 2023 20:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=684194

Родители на 3-годишно невербално аутистично дете објавија видео на кое се гледа како вработен во американска образовна институција го удира нивниот син по глава, а потоа го носи низ ходникот држејќи го за нозете.

Танешиа Линдзи на нејзината страница на Фејсбук сподели безбедносна снимка од ходникот на Центарот за рано учење „Роза Паркс“ во Дејтон направена на 21 август. Таа вели дека директорот на училиштето првично ѝ рекол дека нејзиниот син Брајлен бил „врзан“ од член на персоналот, но снимките од безбедносните камери покажуваат сосема поинаква слика. По инцидентот, вработениот дал отказ.

На видеото се гледа како Брајлен трча низ ходникот. Вработениот најпрвин го брка, а потоа го удира со тупаница по главата, по што тригодишното дете паднало на земја. Потоа вработениот го носи Брајлен наопаку за глуждовите, пренесува „НБЦ њуз“.

https://www.youtube.com/watch?v=N1O18MLQywo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Директорот не ни ја кажа целата вистина. Како што можете да видите, беше многу полошо од тоа“, вели Линдзи.

Адвокатот на родителите, Мајкл Рајт, изјавил дека училиштето го лажело семејството.

Тие не беа транспарентни и мора да сносат одговорност“, вели тој.

Линдзи изјавила дека морала да испрати три мејлови до училиштето пред да ѝ ја дадат снимката. Видеото го добила дури на 11 септември, три недели по инцидентот, но и тогаш не го добила во целост.

Зошто Брајлен бегаше од него? Можеби не беше разигран. Не знам. Не знам затоа што прекинаа дел од видеото“, им рекла мајката на новинарите.

Училишната област засега не го објавила името на вработениот. Семејството на тригодишното момче бара тој да биде уапсен и изведен пред лицето на правдата, но тие не планираат да го повлечат Брајлен од училиштето.

Тој му верува на својот учител. Сака да оди таму“, објаснила Линдзи.

The post Скандал во САД: Вработен во училиште удира тригодишно аутистично дете и го носи држејќи го за нозе appeared first on Република.

]]>

Родители на 3-годишно невербално аутистично дете објавија видео на кое се гледа како вработен во американска образовна институција го удира нивниот син по глава, а потоа го носи низ ходникот држејќи го за нозете. Танешиа Линдзи на нејзината страница на Фејсбук сподели безбедносна снимка од ходникот на Центарот за рано учење „Роза Паркс“ во Дејтон направена на 21 август. Таа вели дека директорот на училиштето првично ѝ рекол дека нејзиниот син Брајлен бил „врзан“ од член на персоналот, но снимките од безбедносните камери покажуваат сосема поинаква слика. По инцидентот, вработениот дал отказ. На видеото се гледа како Брајлен трча низ ходникот. Вработениот најпрвин го брка, а потоа го удира со тупаница по главата, по што тригодишното дете паднало на земја. Потоа вработениот го носи Брајлен наопаку за глуждовите, пренесува „НБЦ њуз“. https://www.youtube.com/watch?v=N1O18MLQywo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title