атлетика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atletika/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 10:58:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png атлетика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atletika/ 32 32 Откако освои бронзи на пет и 10 илјади метри: Сифан Хасан победи на женскиот маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/otkako-osvoi-bronzi-na-pet-i-10-iljadi-metri-sifan-hasan-pobedi-na-zhenskiot-maraton/ Sun, 11 Aug 2024 10:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=805430

Атлетичарката Сифан Хасан денеска го освои златниот медал во женскиот маратон на Олимписките игри во Париз.

Етиопјанката, која настапува под знамето на Холандија, до златото дојде со време на нов олимписки рекорд од 2:22.55 часа.

Ова е трет медал за Хасан на Игрите во Париз, откако претходно освои бронза на 5.000 и 10.000 метри, а шести олимписки медал во кариерата.

Сребрениот медал на женскиот маратон го освои Етиопјанката Тигст Асефа со време 2:22.58 часа, а бронзата Хелен Обири од Кенија (2:23.10).

The post Откако освои бронзи на пет и 10 илјади метри: Сифан Хасан победи на женскиот маратон appeared first on Република.

]]>

Атлетичарката Сифан Хасан денеска го освои златниот медал во женскиот маратон на Олимписките игри во Париз. Етиопјанката, која настапува под знамето на Холандија, до златото дојде со време на нов олимписки рекорд од 2:22.55 часа. Ова е трет медал за Хасан на Игрите во Париз, откако претходно освои бронза на 5.000 и 10.000 метри, а шести олимписки медал во кариерата. Сребрениот медал на женскиот маратон го освои Етиопјанката Тигст Асефа со време 2:22.58 часа, а бронзата Хелен Обири од Кенија (2:23.10).

The post Откако освои бронзи на пет и 10 илјади метри: Сифан Хасан победи на женскиот маратон appeared first on Република.

]]>
Етиопјанецот Тола со рекорд до олимпиското злато во маратон, Дарио Ивановски на 69. место https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/etiopjanetsot-tola-so-rekord-do-olimpiskoto-zlato-vo-maraton-dario-ivanovski-na-69-mesto/ Sat, 10 Aug 2024 10:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=805162

Атлетичарот од Етипоија, Тамират Тола, го освои златниот медал во машкиот маратон на Олимписките игри во Париз, додека македонскиот маратонец Дарио Ивановски ја заврши трката на 69. место.

Тола го освои златниот олимписки медал со време на нов олимписки рекорд од 2:06:26 часа, минувајќи прв низ целта пред Башир Абди од Белгија, кој заостана 21 секунда и Кениецот Бенсон Кипруто, кој имаше заостанување од 34 секунди.

Ивановски, кој е првиот македонски маратонец во олимписката историја, ја мина целта со време од 2:28:15, заостанувајќи 21:49 минути зад Тола.

Ивановски беше последниот македонски претставник кој настапи на Олимписките игри во Париз. Пред него својот олимписки настап го завршија Милјана Рељиќ во теаквондо, борачот Владимир Егоров, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и пливачот Никола Ѓуретановиќ.

The post Етиопјанецот Тола со рекорд до олимпиското злато во маратон, Дарио Ивановски на 69. место appeared first on Република.

]]>

Атлетичарот од Етипоија, Тамират Тола, го освои златниот медал во машкиот маратон на Олимписките игри во Париз, додека македонскиот маратонец Дарио Ивановски ја заврши трката на 69. место. Тола го освои златниот олимписки медал со време на нов олимписки рекорд од 2:06:26 часа, минувајќи прв низ целта пред Башир Абди од Белгија, кој заостана 21 секунда и Кениецот Бенсон Кипруто, кој имаше заостанување од 34 секунди. Ивановски, кој е првиот македонски маратонец во олимписката историја, ја мина целта со време од 2:28:15, заостанувајќи 21:49 минути зад Тола. Ивановски беше последниот македонски претставник кој настапи на Олимписките игри во Париз. Пред него својот олимписки настап го завршија Милјана Рељиќ во теаквондо, борачот Владимир Егоров, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и пливачот Никола Ѓуретановиќ.

The post Етиопјанецот Тола со рекорд до олимпиското злато во маратон, Дарио Ивановски на 69. место appeared first on Република.

]]>
Лоло се чува за брак: Олимписка шампионка е невина на 42 години https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/lolo-se-chuva-za-brak-olimpiska-shampionka-e-nevina-na-42-godini/ Fri, 09 Aug 2024 20:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=804884

Трикратната олимписка шампионка во атлетика Лоло Џонс е една од најпознатите и најуспешните американски спортистки и има 42 години.

Но, покрај одличните спортски резултати, Лоло во јавноста е популарна и по уште една, по малку контроверзна работа - таа е сепак невина.

Лоло одлучила да ја чека првата интимна врска до брак. Нека и е со среќа.

The post Лоло се чува за брак: Олимписка шампионка е невина на 42 години appeared first on Република.

]]>

Трикратната олимписка шампионка во атлетика Лоло Џонс е една од најпознатите и најуспешните американски спортистки и има 42 години. Но, покрај одличните спортски резултати, Лоло во јавноста е популарна и по уште една, по малку контроверзна работа - таа е сепак невина. Лоло одлучила да ја чека првата интимна врска до брак. Нека и е со среќа.

The post Лоло се чува за брак: Олимписка шампионка е невина на 42 години appeared first on Република.

]]>
Хокер освои злато на 1.500 метри со олимписки рекорд https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/hoker-osvoi-zlato-na-1-500-metri-so-olimpiski-rekord/ Tue, 06 Aug 2024 19:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=804069

Американскиот атлетичар Кол Хокер вечерва го освои златниот медал на 1.500 метри на Олимписките игри во Париз.

Хокер триумфираше со време на нов олимписки и национален рекорд од 3:27,65 минути.

Британецот Џош Кер го освои среброто со национален рекорд 3:27.79, а Американецот Џаред Нугусе ја освои бронзата со личен рекорд од 3:27.80 минути.

Бранителот на титулата Норвежанец Јакоб Ингербригтсен водеше во поголемиот дел од трката и наметна силно темпо, но противниците го стигнаа во последните 80 метри и го претекнаа пред целта, па тој заврши на четвртото место со време од 3:28,24 минути.

The post Хокер освои злато на 1.500 метри со олимписки рекорд appeared first on Република.

]]>

Американскиот атлетичар Кол Хокер вечерва го освои златниот медал на 1.500 метри на Олимписките игри во Париз. Хокер триумфираше со време на нов олимписки и национален рекорд од 3:27,65 минути. Британецот Џош Кер го освои среброто со национален рекорд 3:27.79, а Американецот Џаред Нугусе ја освои бронзата со личен рекорд од 3:27.80 минути. Бранителот на титулата Норвежанец Јакоб Ингербригтсен водеше во поголемиот дел од трката и наметна силно темпо, но противниците го стигнаа во последните 80 метри и го претекнаа пред целта, па тој заврши на четвртото место со време од 3:28,24 минути.

The post Хокер освои злато на 1.500 метри со олимписки рекорд appeared first on Република.

]]>
Атлетичарите на САД поставија нов светски рекорд во штафетата 4х400 метри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/atleticharite-na-sad-postavija-nov-svetski-rekord-vo-shtafetata-4h400-metri/ Fri, 02 Aug 2024 18:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=802912

Атлетичарите на Соединетите Американски Држави покажаа врвна подготвеност и поставија нов светски рекорд во дисциплината 4х400 метри мешана штафета.

Тимот на САД ја мина патеката со време 3:07.41 минути во квалификациите и така обезбеди место во финалето, но и го подобри светскиот рекорд кој исто така беше во сопственост на оваа земја, а изнесуваше 3:08.20 минути.

Американската штафета на оваа трка ја сочинуваа Вернон Норвуд, Шамиер Литл, Брус Дедмон и Кејлин Браун.

The post Атлетичарите на САД поставија нов светски рекорд во штафетата 4х400 метри appeared first on Република.

]]>

Атлетичарите на Соединетите Американски Држави покажаа врвна подготвеност и поставија нов светски рекорд во дисциплината 4х400 метри мешана штафета. Тимот на САД ја мина патеката со време 3:07.41 минути во квалификациите и така обезбеди место во финалето, но и го подобри светскиот рекорд кој исто така беше во сопственост на оваа земја, а изнесуваше 3:08.20 минути. Американската штафета на оваа трка ја сочинуваа Вернон Норвуд, Шамиер Литл, Брус Дедмон и Кејлин Браун.

The post Атлетичарите на САД поставија нов светски рекорд во штафетата 4х400 метри appeared first on Република.

]]>
Ивановски: За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanovski-za-mene-zavrshi-i-poslednata-trka-trka-koja-e-pred-pochetokot-na-edna-od-moite-zhivotni-tseli-vistinska-lubov-i-pasija-za-koja-zhiveam/ Tue, 11 Jun 2024 18:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=786684

За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам целиот мој живот. Оние кои ме знаат добро, знаат колку труд и жртва вложив да бидам дел од Олимписките игри во Париз, на социјалните мрежи пишува македонскиот атлетичар на средни и долги патеки, маратонецот Дарио Ивановски.

За настапот на европското првенство можам да кажам дека го дадов својот максимум со оглед на тоа каков период на опоравок поминав по маратоните и „бркотницата“ за да влезам во ранкингот за олимпискиот сон. Кога ќе ме прашаа како се чувствувам, дали сите овие настапи ме имаат исцрпено, им одговарав кратко… Гладен сум!

 

Бев свесен дека по 4 истрчани маратони во 5 месеци ќе имам некоја ситна последица, но оставив на Бог да ме држи здрав и жив, а јас да останам мирен и фокусиран до крајот на ова патешествие. Европското првенство ми беше еден добар тест дека телото и нервниот систем ми се добро опоравени, а јас повторно останав гладен, гладен за најдоброто што следува од мене.

 

Завршив на 29. место од 60+ натпреварувачи и поставив нов државен рекорд. Можам да кажам дека и во ваква состојба сум конкурентен во Европа, трчав рамо до рамо со огромни шампиони и докажани атлети. За 10 дена заминувам на тренинг камп со @asicsrunning во „Chojo Camp“ #chojocampeurope #soundmindsoundbody и таму ќе останам до олимписките игри. Ви благодарам на сите кои сте дел од мојот олимписки сон, пишува Ивановски.

The post Ивановски: За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам appeared first on Република.

]]>

За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам целиот мој живот. Оние кои ме знаат добро, знаат колку труд и жртва вложив да бидам дел од Олимписките игри во Париз, на социјалните мрежи пишува македонскиот атлетичар на средни и долги патеки, маратонецот Дарио Ивановски.
За настапот на европското првенство можам да кажам дека го дадов својот максимум со оглед на тоа каков период на опоравок поминав по маратоните и „бркотницата“ за да влезам во ранкингот за олимпискиот сон. Кога ќе ме прашаа како се чувствувам, дали сите овие настапи ме имаат исцрпено, им одговарав кратко… Гладен сум!   Бев свесен дека по 4 истрчани маратони во 5 месеци ќе имам некоја ситна последица, но оставив на Бог да ме држи здрав и жив, а јас да останам мирен и фокусиран до крајот на ова патешествие. Европското првенство ми беше еден добар тест дека телото и нервниот систем ми се добро опоравени, а јас повторно останав гладен, гладен за најдоброто што следува од мене.   Завршив на 29. место од 60+ натпреварувачи и поставив нов државен рекорд. Можам да кажам дека и во ваква состојба сум конкурентен во Европа, трчав рамо до рамо со огромни шампиони и докажани атлети. За 10 дена заминувам на тренинг камп со @asicsrunning во „Chojo Camp“ #chojocampeurope #soundmindsoundbody и таму ќе останам до олимписките игри. Ви благодарам на сите кои сте дел од мојот олимписки сон, пишува Ивановски.

The post Ивановски: За мене заврши и последната трка, трка која е пред почетокот на една од моите животни цели, вистинска љубов и пасија за која живеам appeared first on Република.

]]>
Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на ЛОИ во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-e-prviot-makedonski-sportist-koj-izbori-plasman-na-loi-vo-pariz/ Thu, 09 May 2024 09:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=776222

Македонскиот рекордер во маратон и најдобриот македонски атлетичар на сите времиња, Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на Летните Олимписки Игри во Париз, објавија од Скопски маратон.

Дарио преку светската ранг листа во маратон обезбеди место во Париз, каде што го завзеде 78 место (70 се пласирани со норма, а 11 преку ранкинг, благодарение на резултатите потигнати во изминатата година).

Дарио својот прв маратон го истрча токму на нашиот Скопски маратон во 2020 година, потигнувајќи резултат од 2:31:16, а во 2021 година стана и првиот Македонец кој победил на Скопскиот маратон (2:21:27).

Во изминатиов период Дарио блесна со неколку добри истрчани маратони, прво во Валенсија во почетокот на декември 2023 кога истрча одлични 2 часа 11 минути и 52 секунди, а за одбележување е оној маратон од Севиља во февруари каде постигна резултат од 2:08:26 часа, што беше покусо само за 16 секунди од Олимписката норма, и резултат кој го вивна во европскиот и светксиот крем на маратонци.

Олимпискиот маратон во Париз ќе се одржи на 10 август.

The post Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>

Македонскиот рекордер во маратон и најдобриот македонски атлетичар на сите времиња, Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на Летните Олимписки Игри во Париз, објавија од Скопски маратон. Дарио преку светската ранг листа во маратон обезбеди место во Париз, каде што го завзеде 78 место (70 се пласирани со норма, а 11 преку ранкинг, благодарение на резултатите потигнати во изминатата година). Дарио својот прв маратон го истрча токму на нашиот Скопски маратон во 2020 година, потигнувајќи резултат од 2:31:16, а во 2021 година стана и првиот Македонец кој победил на Скопскиот маратон (2:21:27). Во изминатиов период Дарио блесна со неколку добри истрчани маратони, прво во Валенсија во почетокот на декември 2023 кога истрча одлични 2 часа 11 минути и 52 секунди, а за одбележување е оној маратон од Севиља во февруари каде постигна резултат од 2:08:26 часа, што беше покусо само за 16 секунди од Олимписката норма, и резултат кој го вивна во европскиот и светксиот крем на маратонци. Олимпискиот маратон во Париз ќе се одржи на 10 август.

The post Дарио Ивановски е првиот македонски спортист кој избори пласман на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>
Влезниците за атлетика на летните Олимписки игри во продажба од понеделник, најефтините ќе чинат 24 евра https://arhiva3.republika.mk/sport/vleznitsite-za-atletika-na-letnite-olimpiski-igri-vo-prodazhba-od-ponedelnik-najeftinite-ke-chinat-24-evra/ Tue, 27 Feb 2024 21:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=749068

Десетици илјади влезници за атлетската програма на летните Олимписки игри 2024 во Париз ќе бидат пуштени во продажба од идниот понеделник, објавија денеска организаторите на Игрите.

„Неколку десетина илјади влезници ќе бидат пуштени во продажба во рамки на акцијата Athletics Special. Ова е еден од низата промотивни настани кои ги организира Париз 2024 во текот на следните неколку недели пред почетокот на Игрите“, соопштија организаторите.

Атлетските натпревари ќе се одржат на „Стад де Франс“ од 2 до 10 август.

Најевтините влезници за утринските термини ќе чинат 24 евра, додека цените за вечерните термини почнуваат од 85 евра.

Повеќе од осум милиони од вкупно 10 милиони влезници за Олимписките игри од 26 јули до 11 август во Париз веќе се продадени.

The post Влезниците за атлетика на летните Олимписки игри во продажба од понеделник, најефтините ќе чинат 24 евра appeared first on Република.

]]>

Десетици илјади влезници за атлетската програма на летните Олимписки игри 2024 во Париз ќе бидат пуштени во продажба од идниот понеделник, објавија денеска организаторите на Игрите.
„Неколку десетина илјади влезници ќе бидат пуштени во продажба во рамки на акцијата Athletics Special. Ова е еден од низата промотивни настани кои ги организира Париз 2024 во текот на следните неколку недели пред почетокот на Игрите“, соопштија организаторите.
Атлетските натпревари ќе се одржат на „Стад де Франс“ од 2 до 10 август. Најевтините влезници за утринските термини ќе чинат 24 евра, додека цените за вечерните термини почнуваат од 85 евра. Повеќе од осум милиони од вкупно 10 милиони влезници за Олимписките игри од 26 јули до 11 август во Париз веќе се продадени.

The post Влезниците за атлетика на летните Олимписки игри во продажба од понеделник, најефтините ќе чинат 24 евра appeared first on Република.

]]>
Ненадејно почина поранешниот светски првак во скок со стап https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nenadejno-pochina-poraneshniot-svetski-prvak-vo-skok-so-stap/ Fri, 19 Jan 2024 10:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=734599

Поранешниот светски првак во скок со стап, Канаѓанецот Шон Барбер, почина на 29-годишна возраст во својот дом во Тексас.

Барбер ја освои титулата светски првак во 2015 година во Пекинг, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 5.90 метри, а истата година триумфираше и на Панамериканските игри во Торонто.

Веста за смртта на Барбер на социјалните мрежи ја објави неговиот менаџер Пол Дојл, не наведувајќи детали за околностите под кои настапила смртта на младиот атлетичар.

Пријател кој никогаш нема да биде заборавен. Канадските олимписки скокач со стап Шон Барбер почина“, напиша Дојл на Инстаграм.

Барбер сè уште е актуелен канадски рекордер во сала со прескокнати 6 метри и на отворено со резултат од 5.93 метри.

The post Ненадејно почина поранешниот светски првак во скок со стап appeared first on Република.

]]>

Поранешниот светски првак во скок со стап, Канаѓанецот Шон Барбер, почина на 29-годишна возраст во својот дом во Тексас. Барбер ја освои титулата светски првак во 2015 година во Пекинг, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 5.90 метри, а истата година триумфираше и на Панамериканските игри во Торонто. Веста за смртта на Барбер на социјалните мрежи ја објави неговиот менаџер Пол Дојл, не наведувајќи детали за околностите под кои настапила смртта на младиот атлетичар.
Пријател кој никогаш нема да биде заборавен. Канадските олимписки скокач со стап Шон Барбер почина“, напиша Дојл на Инстаграм.
Барбер сè уште е актуелен канадски рекордер во сала со прескокнати 6 метри и на отворено со резултат од 5.93 метри.

The post Ненадејно почина поранешниот светски првак во скок со стап appeared first on Република.

]]>
Ислами и Ивановски најуспешни македоснки атлетичари за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/islami-i-ivanovski-najuspeshni-makedosnki-atletichari-za-2023-godina/ Thu, 21 Dec 2023 20:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=725468

Атлетската федерација на Македонија ги прогласи Дрита Ислами и Дарио Ивановски за најдобри атлетичари во 2023.

За најуспешен клуб е прогласен АК Делта.

Наградата за животно во атлетскиот спорт е доделена на професор Иса Аслани од атлетскиот клуб Теута.

Од страна на претседателката Александра Војнеска Зикова, беа доделени и признаниа за поддршка и афирмација на атлетиката до директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски.

The post Ислами и Ивановски најуспешни македоснки атлетичари за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Атлетската федерација на Македонија ги прогласи Дрита Ислами и Дарио Ивановски за најдобри атлетичари во 2023. За најуспешен клуб е прогласен АК Делта. Наградата за животно во атлетскиот спорт е доделена на професор Иса Аслани од атлетскиот клуб Теута. Од страна на претседателката Александра Војнеска Зикова, беа доделени и признаниа за поддршка и афирмација на атлетиката до директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски.

The post Ислами и Ивановски најуспешни македоснки атлетичари за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Маратонец ја запроси својата девојка во финишот од трка на Светското првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/maratonets-ja-zaprosi-svojata-devojka-vo-finishot-od-trka-na-svetskoto-prvenstvo/ Fri, 25 Aug 2023 20:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=675896

Словакот Доминик Черни на Светското првенство во атлетика ја запроси девојка си Хана Буржалова. Откако ја заврши трката на 35 километри во брзо одење, на финишот ја дочека и изненади девојка си со прстен во рака.

Хана ја минувала целта на крајот од трката на 35 километри кога го видела своето момче Доминик како клекнува. Откако ја мина целта, Хана со многу малку здив, но со многу возбуда успеа да каже „да“.

Image

Двократниот словачки шампион трката ја заврши на 19-то место, додека Хана која е исто така двократна шампионка стигна дваесет и осма.

https://twitter.com/thefield_in/status/1694658309096411231?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1694658309096411231%7Ctwgr%5Ee441f11b06bb5d751fa78b0316b5207906cbda45%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd0bcd0b0d180d0b0d182d0bed0bdd0b5d186-d198d0b0-d0b7d0b0d0bfd180d0bed181d0b8-d0b4d0b5d0b2d0bed198d0bad0b0-d181d0b8-d0b2d0be-d184d0b8d0bd%2F

The post Маратонец ја запроси својата девојка во финишот од трка на Светското првенство appeared first on Република.

]]>

Словакот Доминик Черни на Светското првенство во атлетика ја запроси девојка си Хана Буржалова. Откако ја заврши трката на 35 километри во брзо одење, на финишот ја дочека и изненади девојка си со прстен во рака. Хана ја минувала целта на крајот од трката на 35 километри кога го видела своето момче Доминик како клекнува. Откако ја мина целта, Хана со многу малку здив, но со многу возбуда успеа да каже „да“. Image Двократниот словачки шампион трката ја заврши на 19-то место, додека Хана која е исто така двократна шампионка стигна дваесет и осма. https://twitter.com/thefield_in/status/1694658309096411231?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1694658309096411231%7Ctwgr%5Ee441f11b06bb5d751fa78b0316b5207906cbda45%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd0bcd0b0d180d0b0d182d0bed0bdd0b5d186-d198d0b0-d0b7d0b0d0bfd180d0bed181d0b8-d0b4d0b5d0b2d0bed198d0bad0b0-d181d0b8-d0b2d0be-d184d0b8d0bd%2F

The post Маратонец ја запроси својата девојка во финишот од трка на Светското првенство appeared first on Република.

]]>
Македонија со свој член во Европскиот атлетски совет https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-so-svoj-chlen-vo-evropskiot-atletski-sovet/ Sat, 22 Apr 2023 14:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=633002

Историски момент за македонската атлетска заедница. Александра Војнеска-Зикова, актуелната претседатлека на Атлетската федерација на Македонија е првата личност од нашата земја, досега избрана за оваа функција. 

Назначувањето на Зикова е доказ за нејзините исклучителни лидерски способности и посветеност во промовирањето на атлетиката во Македонија и надвор од неа. Под нејзино раководство, Атлетската федерација на Македонија постигна значаен напредок во развојот на спортот и негувањето на младите таленти.

Изборот на Зикова, исто така, ја нагласува зголемената важност на различноста и вклученоста на што повеќе жени во европската атлетика. Како жена и претставник од помала европска земја, таа ќе донесе нова перспектива во советот и ќе помогне да се промовира поголема застапеност на недоволно застапените групи во атлетиката.

Како одговор на нејзиното назначување, Зикова изрази благодарност и ја истакна својата посветеност да работи во насока на подобрување на атлетиката во Европа. „Почестена сум што сум избрана за оваа важна улога и со нетрпение очекувам да работам со моите колеги за промовирање на атлетиката и создавање на поинклузивен и разновиден спорт“, рече таа.

Изборот на Зикова беше срдечно пречекан од атлетската заедница во Македонија, која ја смета за знак за напредок и признание за достигнувањата на нивната земја во спортот. Се надеваме дека нејзиното назначување ќе инспирира нова генерација спортисти во Македонија и низ Европа и ќе помогне да се создаде порамноправна и разновидна иднина за атлетиката

Изборот на Александра Војнеска-Зикова се случи на 28-от Европски атлетски конгрес кој викендов се одржа во Белград, Србија. Добромир Карамаринов од Бугарија беше реизбран за европски атлетски претседател во следните четири години од 2023 до 2027 година. Се избраа и тројца потпретседатели: Чери Александар од Велика Британија, Жан Грација од Франција и Карин Груте Мовин од Шведска.

Покрај Зикова, во Советот на европската атлетика беа  избрани следните членови: Слободан Бранковиќ-Србија, Франк Карерас-Гибралтар, Раул Чападо-Шпанија, Ен Фарсет-Норвешка, Мартон Ѓулаи-Унгарија, Тиа Хелебаут-Белгија, Ана Кирнова-Словачка, Јирген Кесинг-Германија, Стефано Меи-Италија, Гванца Микеладзе-Грузија, Анти Филаковски-Финска, Ерих Теигамаги-Естонија.

Советот за четиригодишниот период од 2023-2027 година ќе го комплетира претседателката на Комитетот на спортисти Леа Спрунгер од Швајцарија, додека извршниот директор на европската атлетика Кристијан Милц и претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу се членови по службена должност.

The post Македонија со свој член во Европскиот атлетски совет appeared first on Република.

]]>

Историски момент за македонската атлетска заедница. Александра Војнеска-Зикова, актуелната претседатлека на Атлетската федерација на Македонија е првата личност од нашата земја, досега избрана за оваа функција. 

Назначувањето на Зикова е доказ за нејзините исклучителни лидерски способности и посветеност во промовирањето на атлетиката во Македонија и надвор од неа. Под нејзино раководство, Атлетската федерација на Македонија постигна значаен напредок во развојот на спортот и негувањето на младите таленти.

Изборот на Зикова, исто така, ја нагласува зголемената важност на различноста и вклученоста на што повеќе жени во европската атлетика. Како жена и претставник од помала европска земја, таа ќе донесе нова перспектива во советот и ќе помогне да се промовира поголема застапеност на недоволно застапените групи во атлетиката.

Како одговор на нејзиното назначување, Зикова изрази благодарност и ја истакна својата посветеност да работи во насока на подобрување на атлетиката во Европа. „Почестена сум што сум избрана за оваа важна улога и со нетрпение очекувам да работам со моите колеги за промовирање на атлетиката и создавање на поинклузивен и разновиден спорт“, рече таа.

Изборот на Зикова беше срдечно пречекан од атлетската заедница во Македонија, која ја смета за знак за напредок и признание за достигнувањата на нивната земја во спортот. Се надеваме дека нејзиното назначување ќе инспирира нова генерација спортисти во Македонија и низ Европа и ќе помогне да се создаде порамноправна и разновидна иднина за атлетиката

Изборот на Александра Војнеска-Зикова се случи на 28-от Европски атлетски конгрес кој викендов се одржа во Белград, Србија. Добромир Карамаринов од Бугарија беше реизбран за европски атлетски претседател во следните четири години од 2023 до 2027 година. Се избраа и тројца потпретседатели: Чери Александар од Велика Британија, Жан Грација од Франција и Карин Груте Мовин од Шведска.

Покрај Зикова, во Советот на европската атлетика беа  избрани следните членови: Слободан Бранковиќ-Србија, Франк Карерас-Гибралтар, Раул Чападо-Шпанија, Ен Фарсет-Норвешка, Мартон Ѓулаи-Унгарија, Тиа Хелебаут-Белгија, Ана Кирнова-Словачка, Јирген Кесинг-Германија, Стефано Меи-Италија, Гванца Микеладзе-Грузија, Анти Филаковски-Финска, Ерих Теигамаги-Естонија.

Советот за четиригодишниот период од 2023-2027 година ќе го комплетира претседателката на Комитетот на спортисти Леа Спрунгер од Швајцарија, додека извршниот директор на европската атлетика Кристијан Милц и претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу се членови по службена должност.

The post Македонија со свој член во Европскиот атлетски совет appeared first on Република.

]]>
На маратонска трка, дел од патеката го минала со автомобил: Шкотска атлетичарка остана без освоениот медал https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-maratonska-trka-del-od-patekata-go-minala-so-avtomobil-shkotska-atleticharka-ostana-bez-osvoeniot-medal/ Wed, 19 Apr 2023 21:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=632285

Шкотската атлетичарка на долги патеки, Јоасија Закрзевски (47) остана без освоениот бронзен медал на ултра маратонот во Ливерпул, откако е откриено дека за време на трката користела автомобил.

Закрзевски на трката долга 80 километри од Манчестер до Ливерпул го освои третото место, но дополнително е утврдено дека за време на трката минала четири километри со возило пред да продолжи да трча кон целта.

Случајот е откриен откако директорот на трката Вејн Дринквотер добил известување дека еден учесник во трката стекнал „неспортска, натпреварувачка предност за време на натпреварувањето“.

Откако ги прегледавме податоците од нашиот систем за следење на трката, изјавите од нашиот тим, другите учесници, како и од самата натпреварувачка, можеме да потврдиме дека ултрамаратонката е дисквалификувана бидејќи за време на трката користела автомобил“, изјави Дринквотер, додавајќи оти на Закрзевски ѝ е одземен бронзениот медал.

Закрзевски, која ја претставуваше Шкотска во маратон на Игрите на Комонвелт во 2014 во Глазгов, нагласи дека нцидентот е резултат на погрешна комуникација.

Направив огромна грешка, бидејќи го примив медалот, кој требаше да го вратам. Не беше злонамерно, тоа беше погрешна комуникација. Никогаш не би мамела со намера, но не сакам да барам изговори“, изјави 47-годишната лекарка, која живее во околината на Сиднеј во Австралија.

The post На маратонска трка, дел од патеката го минала со автомобил: Шкотска атлетичарка остана без освоениот медал appeared first on Република.

]]>

Шкотската атлетичарка на долги патеки, Јоасија Закрзевски (47) остана без освоениот бронзен медал на ултра маратонот во Ливерпул, откако е откриено дека за време на трката користела автомобил. Закрзевски на трката долга 80 километри од Манчестер до Ливерпул го освои третото место, но дополнително е утврдено дека за време на трката минала четири километри со возило пред да продолжи да трча кон целта. Случајот е откриен откако директорот на трката Вејн Дринквотер добил известување дека еден учесник во трката стекнал „неспортска, натпреварувачка предност за време на натпреварувањето“.
Откако ги прегледавме податоците од нашиот систем за следење на трката, изјавите од нашиот тим, другите учесници, како и од самата натпреварувачка, можеме да потврдиме дека ултрамаратонката е дисквалификувана бидејќи за време на трката користела автомобил“, изјави Дринквотер, додавајќи оти на Закрзевски ѝ е одземен бронзениот медал.
Закрзевски, која ја претставуваше Шкотска во маратон на Игрите на Комонвелт во 2014 во Глазгов, нагласи дека нцидентот е резултат на погрешна комуникација.
Направив огромна грешка, бидејќи го примив медалот, кој требаше да го вратам. Не беше злонамерно, тоа беше погрешна комуникација. Никогаш не би мамела со намера, но не сакам да барам изговори“, изјави 47-годишната лекарка, која живее во околината на Сиднеј во Австралија.

The post На маратонска трка, дел од патеката го минала со автомобил: Шкотска атлетичарка остана без освоениот медал appeared first on Република.

]]>
Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри на ЕП во сала https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ivanovski-posleden-vo-kvalifikatsiite-na-3-000-metri-na-ep-vo-sala/ Sat, 04 Mar 2023 16:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=615879

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски имаше ужасни квалификациите за трката на 3.000 метри на Европското првенство (ЕП) во сала во Истанбул.

Ивановски заврши последен во квалификациите со време од 8:17,93 минути, а тоа е за дури дваесетина секунди полошо од неговото најдобро време на оваа патека.

Вчера на настанот настапи и македонската атлетичарка, Дрита Ислами која заврши на 25-то место од 28 атлетичарки.

The post Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри на ЕП во сала appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски имаше ужасни квалификациите за трката на 3.000 метри на Европското првенство (ЕП) во сала во Истанбул. Ивановски заврши последен во квалификациите со време од 8:17,93 минути, а тоа е за дури дваесетина секунди полошо од неговото најдобро време на оваа патека. Вчера на настанот настапи и македонската атлетичарка, Дрита Ислами која заврши на 25-то место од 28 атлетичарки.

The post Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри на ЕП во сала appeared first on Република.

]]>
Дуплантис го воодушеви светот: Шестипат го подобри светскиот рекорд https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/duplantis-go-voodushevi-svetot-shestipat-go-podobri-svetskiot-rekord/ Sun, 26 Feb 2023 21:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=613497

Шведскиот атлетичар, Арманд „Мондо“ Дуплантис, уште еднаш покажа дека е „кралот“ во дисциплината скок со стап, поставувајќи нов светски рекорд од 6.22 метри на митингот во Клермон-Феран, Франција.

Со таквиот скок, 23-годишниот олимписки и светски шампион го подобри својот претходен рекорд за еден сантиметар, откако скокна 6.21 метри на минатогодишното Светско првенство во САД.

Ова е шести пат тој да го подобрува светскиот рекорд, откако скокна 6.17 метри во февруари 2020 соборувајќи го рекордот на Французинт Рену Лавилени. Тој сега има 60 скока над 6 метри во својата кариера.

Украинскиот великан Сергеј Бубка беше првиот кој скокна шест метри во 1985 година, по што 12 пати го сруши рекордот, поставувајќи го на 6.15 метри, рекорд кој стоеше до 2014 година.

https://twitter.com/FirstpostSports/status/1629713902111178752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1629714299542446081%7Ctwgr%5E2ca83b81fb902b4ebcc7ac7d1e771754c39ec18e%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Fduplantis-ne-zastanuva-nov-svetski-rekord-od-6-22-metri%2F

The post Дуплантис го воодушеви светот: Шестипат го подобри светскиот рекорд appeared first on Република.

]]>

Шведскиот атлетичар, Арманд „Мондо“ Дуплантис, уште еднаш покажа дека е „кралот“ во дисциплината скок со стап, поставувајќи нов светски рекорд од 6.22 метри на митингот во Клермон-Феран, Франција. Со таквиот скок, 23-годишниот олимписки и светски шампион го подобри својот претходен рекорд за еден сантиметар, откако скокна 6.21 метри на минатогодишното Светско првенство во САД. Ова е шести пат тој да го подобрува светскиот рекорд, откако скокна 6.17 метри во февруари 2020 соборувајќи го рекордот на Французинт Рену Лавилени. Тој сега има 60 скока над 6 метри во својата кариера. Украинскиот великан Сергеј Бубка беше првиот кој скокна шест метри во 1985 година, по што 12 пати го сруши рекордот, поставувајќи го на 6.15 метри, рекорд кој стоеше до 2014 година. https://twitter.com/FirstpostSports/status/1629713902111178752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1629714299542446081%7Ctwgr%5E2ca83b81fb902b4ebcc7ac7d1e771754c39ec18e%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Fduplantis-ne-zastanuva-nov-svetski-rekord-od-6-22-metri%2F

The post Дуплантис го воодушеви светот: Шестипат го подобри светскиот рекорд appeared first on Република.

]]>
Кипчоге го урна сопствениот светски рекорд на маратон во Берлин https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kipchoge-go-urna-sopstveniot-svetski-rekord-na-maraton-vo-berlin/ Sun, 25 Sep 2022 18:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=554154

Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге на денешниот маратон во Берлин, успеа да го урне сопствениот светски рекорд, истрча 42,195 метри за два часа, една минута и девет секунди што е за 30 секунди побрзо од претходниот негов рекорд.

Од самиот почеток на маратонот беше видливо дека Кипчоге ќе победи со добро време, па публиката му даваше поддршка да го урне рекордот кој самиот тој го држи.

На крајот Кениецот успеа, постави нов Светски рекорд со време од два часа, една минута и девет секунди.

Второто место го освои Марк Корир со време од два часа, пет минути и 58 секунди, додека трет беше Таду Абате со два часа, шест минути и 28 секунди.

The post Кипчоге го урна сопствениот светски рекорд на маратон во Берлин appeared first on Република.

]]>

Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге на денешниот маратон во Берлин, успеа да го урне сопствениот светски рекорд, истрча 42,195 метри за два часа, една минута и девет секунди што е за 30 секунди побрзо од претходниот негов рекорд. Од самиот почеток на маратонот беше видливо дека Кипчоге ќе победи со добро време, па публиката му даваше поддршка да го урне рекордот кој самиот тој го држи. На крајот Кениецот успеа, постави нов Светски рекорд со време од два часа, една минута и девет секунди. Второто место го освои Марк Корир со време од два часа, пет минути и 58 секунди, додека трет беше Таду Абате со два часа, шест минути и 28 секунди.

The post Кипчоге го урна сопствениот светски рекорд на маратон во Берлин appeared first on Република.

]]>
Трчајте, предизвикувајте се себе си, човекот не е скроен само за комфорна зона https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trchajte-predizvikuvajte-se-sebe-si-chovekot-ne-e-skroen-samo-za-komforna-zona/ Mon, 05 Sep 2022 14:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=547688

Тамара Јолевска Попов (35) вчера во Битола, на атлетскиот настан Трчај бе победи на Државното првенство во полумаратон во категорија жени и го освои второто место во апсолутна категорија на Трчај бе. Почнала да трча рекреативно за време на пандемијата, а во меѓувреме стана сериозна натпреварувачка која освојува пиедестали.

Јолевска Попов му го препорачува трчањето секому кој нема нема здравствена индикација да не трча.

Трачањето е здрава и многу убава активност. Чувството по тренингот, она кога ги собираш плодовите од својата напорна физичка работа, е бесценето. Трчајте, предизвикајте се себе си. Не сте свесни за можностите на своето тело, вели Јолевска Попов во разговор за „Република“.

На 18 септември во Скопје ќе се одржи Колор ран 2022 трка, со која ќе се одбележи вториот роденден на клубот ателтскиот клуб Корраннерс. Јолевска Попов е директор на трката на која ќе се одвива долж реката Вардар. Колор ран 2022 ќе биде атлетско уживање на професионална патека од 10 километри, рекреативна од 2,5км како и детска трка од 500 метри која е новитет.

[caption id="attachment_547689" align="alignnone" width="960"] Прво место на Државното првенство во полумаратон во категорија жени во Битола, на Трчај бе[/caption]

Тамара, како од балелрина, танчерка, професорка на факултет и писателка стана тркачка-маратонка, полумаратнока?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Како? Лесно. Откако знам за себе повеќе сум на нозе отколку што седам. Моите почетоци со каква било физичка активност се во далечната 1991. Од тогаш до сега беше балет, балет и само балет. Не ни знаев дека тој херкулес допинг што го добиле моите нозе еден ден ќе ме однесе кон еден од најубавите спортови, атлетиката. Трчав мрзливо на почетокот, со брзина на желка. Не од немукает, туку од незнаење. За време на здравствената криза тоа ми беше аутлет од секојдневието. На Трчаме кон целта ги сретнав Корраннерс, каде што створив многу вредни пријателства. Е, тука дојде структурата во тренинзите на ред. Му благодарам на Бојан што ми објаснуваше трпеливо како да тренирам кога виде потенцијал за да постигнам многу повеќе отколку што мислам дека можам. Лани на Скопски маратон, официјално станав маратонка. И не каква било, туку третопласирана на Националното првенство во маратон во женска категорија.

[caption id="attachment_547692" align="alignnone" width="720"] Трето место на скопскиот маратон[/caption]

Кога почна да трчаш? Што те мотивираше?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Не се сеќавам точно кога почнав да трчам. Само се сеќавам дека кога официјално бев балерина, трчањето го сметав за нешто многу здодевно. А, тоа да ти било одлична активност за беспрекорна ментална хигиена. Мене ме мотивира упорноста да се постигне нешто и каков-таков успех по вложениот труд. Почнав да тренирам сериозно во 2021 и кога видов резултати, се навлеков. Немаше назад. Прво беа полумаратоните и како круна на минатогодишниот труд, мојот прв прилично успешен маратон.

Ако средовчени луѓе почнуваат да трчаат бидејќи сметаат дека треба да бидат активни и да направат нешто добро за себе, ти освен што почна да тренираш, сериозно си ја сфати работата и почна да освојуваш пиедестали.

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Токму така. Ама и јас се сметам за средновечна, барем во атлетиката. Почнав на 34 сериозно, а на 35 во атлетиката си веќе ветеран. Како што претходно споменав, ме мотивира напорна работа и позитивен резултат. Е, кога ќе забележам дека има резултат, тука се засилуваат упорноста и тврдоглавоста. Минатата сезона навистина сериозно се посветив на тренинзите, не занемарувајќи ниту еден друг аспект од мојот живот и успеав повеќе пати да се кажам на пиедестал, а и да скинам една лента на Кавадаречкиот полумаратон. Убавината во упорноста во мојата ситуација е дека имав огромна поддршка од сопругот Бодин кој го трпеше секој мој аларм во 3.50 наутро затоа што знаеше колку тоа ме прави среќна.
Моите дома имаат еден прекар за мене, Атомска мравка. Откако си го отпечатив тоа на дресот, цел клуб ме вика така. Тоа ја отсликува мојата упорност.

[caption id="attachment_547694" align="alignnone" width="1080"] Атомската мравка[/caption]

Каков е твојот ритуал, трчаш сама, во друштво...?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Скопје е интересен град каде што и да сакаш никогаш не можеш да трчаш сам. Само излези на кеј, или за мене и на локалната трим патека, секогаш има некој да те поздрави, да ти поправи друштво и муабет 4-5км, така што мојот ритуал е да трчам, а друштвото е најпријатниот бенефит од оваа активност.

Кому ќе му го препорачаш трчањето и зошто?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Секому. Освен ако нема здравствена индикација да не трча, секако да посвети бар 30 минути, тоа се некои 5км на оваа репетитивна, здрава и многу убава активност. Може нема да ужива во секоја секунда, но чувството по тренингот, она кога ги собираш плодовите од својата напорна физичка работа, е бесценето. Трчајте, прееизвикајте се себе си. Не сте свесни за можностите на своето тело. Не е човекот скроен само за комфорна зона. Вистинските предизвици можат да направат да се чувствуваме како супер-луѓе.

Дали во Скопје и во Македонија има сериозна критична маса на која трчањето им е влезено во крвта?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: И тоа како. Како што споменав, кејот, трим патеките, сѐ е полно во секое време од денот. Тоа се истите тие луѓе со кои утре по трчањето ќе си наздравите со пиво и ќе си раскажувате за патики, часовници, пејсови, трчачки повреди и болки и уште ред други работи. Убавината е што оваа критична маса како да се зголемува од ден во ден. И тоа навистина многу ме радува.

Каде сè имаш учестувавано и кои се твоите најдобри резултати?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Имам учествувано на многу трки. Главно низ Македонија, а најдалечната трка ми е во Белград. Би сакаа еден ден да имам шанса да учествувам и на некој од светските маратонски мејџори, но тоа е подвиг за понатаму.

Како мои најдобри резултати би ги издвоила мојата прва трка што заврши со пиедестал, а тоа е Харткор трката организирана од мојот клуб Корраннерс каде што освоив трето место, победата на Кавадаречкиот полумаратон оваа пролет, третото место на полумаратонот Трчај бе во Битола лани и секако, мојот најуспешен настап на Скопски маратон, исто лани, каде што освоив трето место на Национално првенство во маратон во женска конкуренција. Токму овој настап ми овозможи и покана да настапам на Балканско првенство во полумаратон во Ќустендил, Бугарија оваа есен како дел од македонската репрезентација.

Ти си директор на трката Колор ран 2022 која на 18 септември ќе се трча во Скопје. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за трката? Кој може да се пријави, каде ќе се трча?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Трката ќе биде еден невиден спектакл. Го одбележува вториот роденден на клубот Корраннерс, но овој пат со партнер, ребрендирана и приближно 5 пати поголема од првиот роденден, првата трка.

Започнуваме пред Ист гејт мол, на платото пред трговскиот центар и по приближно 2 км кон Мавровка и МАНУ, слегуваме на кеј од десната, онаа помалку позната на трчачите, страна. Трчаме кон Систина и вртиме пред болницата за да се вратиме назад и финишираме зад молот, во нивниот амфитеатар на огромна забава и прогласување на победниците. Трките на 2,5км тимска и детската трка исто така финишираат во амфитеатарот на забавата.

На Колорран може да трча секој. Дистанците не се премногу долги, дури и 10км не е предолго доколку тренирате 2-3 пати во неделата. Трките се често фокусирани само на трчачката заедница, но покрај неа, овој пат ги мотивираме компаниите да пријават своите тимови на тимската трка и да работат заедно кон заедничка победа. Децата, пак, за нас се најсветлата точка на овој настан. Имаме пријавени дечиња што се дури и на двегодишна возраст. Тие имаат само една година искуство со одење/чекорење, а веќе добиваат шанса да учествуваат на еден ваков настан и да ја почувствуваат сета еуфорија што таа со себе ја носи.

Зошто го одбравте тој дел на градот за трка?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Кејот е нашето природно „живеалиште". Трчачите најубаво и најудобно таму се чувствуваат. Делот од трката што се случува по скопските булевари е додаден, за да може да стасаме на неверојатната роденденска забава што Ист гејт ни ја овозможува. Овој пат се обидуваме да ја популаризираме и спротивната страна на кејот и да ги прикажеме и искористиме неговите можности во целост. И таму се трча. И тоа многу убаво.

[caption id="attachment_547690" align="alignnone" width="1080"] Прво место на кавадаречки полумаратон[/caption]

Кои се твоите следни трки на кои ќе учествуваш и на кои места „пукаш“?

ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Трки се појавуваат на разни интересни места често. Мојот тренинг план е стриктно фокусиран на Скопски маратон, како капитална трка секоја година. Освен тоа, една од поголемите цели ми е да го истрчам и Белградскиот маратон со посакуваното време, а тоа е една навистина тешка трка.

Но, секако прва трка и еден посериозен тест на формата во оваа речиси равршна фаза на тренинг планот е Колорран, а таму „пукам" на одлично организиран ден со позитивен фидбек од учесниците.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Приватна архива

The post Трчајте, предизвикувајте се себе си, човекот не е скроен само за комфорна зона appeared first on Република.

]]>

Тамара Јолевска Попов (35) вчера во Битола, на атлетскиот настан Трчај бе победи на Државното првенство во полумаратон во категорија жени и го освои второто место во апсолутна категорија на Трчај бе. Почнала да трча рекреативно за време на пандемијата, а во меѓувреме стана сериозна натпреварувачка која освојува пиедестали. Јолевска Попов му го препорачува трчањето секому кој нема нема здравствена индикација да не трча.
Трачањето е здрава и многу убава активност. Чувството по тренингот, она кога ги собираш плодовите од својата напорна физичка работа, е бесценето. Трчајте, предизвикајте се себе си. Не сте свесни за можностите на своето тело, вели Јолевска Попов во разговор за „Република“.
На 18 септември во Скопје ќе се одржи Колор ран 2022 трка, со која ќе се одбележи вториот роденден на клубот ателтскиот клуб Корраннерс. Јолевска Попов е директор на трката на која ќе се одвива долж реката Вардар. Колор ран 2022 ќе биде атлетско уживање на професионална патека од 10 километри, рекреативна од 2,5км како и детска трка од 500 метри која е новитет. [caption id="attachment_547689" align="alignnone" width="960"] Прво место на Државното првенство во полумаратон во категорија жени во Битола, на Трчај бе[/caption] Тамара, како од балелрина, танчерка, професорка на факултет и писателка стана тркачка-маратонка, полумаратнока? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Како? Лесно. Откако знам за себе повеќе сум на нозе отколку што седам. Моите почетоци со каква било физичка активност се во далечната 1991. Од тогаш до сега беше балет, балет и само балет. Не ни знаев дека тој херкулес допинг што го добиле моите нозе еден ден ќе ме однесе кон еден од најубавите спортови, атлетиката. Трчав мрзливо на почетокот, со брзина на желка. Не од немукает, туку од незнаење. За време на здравствената криза тоа ми беше аутлет од секојдневието. На Трчаме кон целта ги сретнав Корраннерс, каде што створив многу вредни пријателства. Е, тука дојде структурата во тренинзите на ред. Му благодарам на Бојан што ми објаснуваше трпеливо како да тренирам кога виде потенцијал за да постигнам многу повеќе отколку што мислам дека можам. Лани на Скопски маратон, официјално станав маратонка. И не каква било, туку третопласирана на Националното првенство во маратон во женска категорија. [caption id="attachment_547692" align="alignnone" width="720"] Трето место на скопскиот маратон[/caption] Кога почна да трчаш? Што те мотивираше? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Не се сеќавам точно кога почнав да трчам. Само се сеќавам дека кога официјално бев балерина, трчањето го сметав за нешто многу здодевно. А, тоа да ти било одлична активност за беспрекорна ментална хигиена. Мене ме мотивира упорноста да се постигне нешто и каков-таков успех по вложениот труд. Почнав да тренирам сериозно во 2021 и кога видов резултати, се навлеков. Немаше назад. Прво беа полумаратоните и како круна на минатогодишниот труд, мојот прв прилично успешен маратон. Ако средовчени луѓе почнуваат да трчаат бидејќи сметаат дека треба да бидат активни и да направат нешто добро за себе, ти освен што почна да тренираш, сериозно си ја сфати работата и почна да освојуваш пиедестали. ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Токму така. Ама и јас се сметам за средновечна, барем во атлетиката. Почнав на 34 сериозно, а на 35 во атлетиката си веќе ветеран. Како што претходно споменав, ме мотивира напорна работа и позитивен резултат. Е, кога ќе забележам дека има резултат, тука се засилуваат упорноста и тврдоглавоста. Минатата сезона навистина сериозно се посветив на тренинзите, не занемарувајќи ниту еден друг аспект од мојот живот и успеав повеќе пати да се кажам на пиедестал, а и да скинам една лента на Кавадаречкиот полумаратон. Убавината во упорноста во мојата ситуација е дека имав огромна поддршка од сопругот Бодин кој го трпеше секој мој аларм во 3.50 наутро затоа што знаеше колку тоа ме прави среќна. Моите дома имаат еден прекар за мене, Атомска мравка. Откако си го отпечатив тоа на дресот, цел клуб ме вика така. Тоа ја отсликува мојата упорност. [caption id="attachment_547694" align="alignnone" width="1080"] Атомската мравка[/caption] Каков е твојот ритуал, трчаш сама, во друштво...? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Скопје е интересен град каде што и да сакаш никогаш не можеш да трчаш сам. Само излези на кеј, или за мене и на локалната трим патека, секогаш има некој да те поздрави, да ти поправи друштво и муабет 4-5км, така што мојот ритуал е да трчам, а друштвото е најпријатниот бенефит од оваа активност. Кому ќе му го препорачаш трчањето и зошто? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Секому. Освен ако нема здравствена индикација да не трча, секако да посвети бар 30 минути, тоа се некои 5км на оваа репетитивна, здрава и многу убава активност. Може нема да ужива во секоја секунда, но чувството по тренингот, она кога ги собираш плодовите од својата напорна физичка работа, е бесценето. Трчајте, прееизвикајте се себе си. Не сте свесни за можностите на своето тело. Не е човекот скроен само за комфорна зона. Вистинските предизвици можат да направат да се чувствуваме како супер-луѓе. Дали во Скопје и во Македонија има сериозна критична маса на која трчањето им е влезено во крвта? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: И тоа како. Како што споменав, кејот, трим патеките, сѐ е полно во секое време од денот. Тоа се истите тие луѓе со кои утре по трчањето ќе си наздравите со пиво и ќе си раскажувате за патики, часовници, пејсови, трчачки повреди и болки и уште ред други работи. Убавината е што оваа критична маса како да се зголемува од ден во ден. И тоа навистина многу ме радува. Каде сè имаш учестувавано и кои се твоите најдобри резултати? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Имам учествувано на многу трки. Главно низ Македонија, а најдалечната трка ми е во Белград. Би сакаа еден ден да имам шанса да учествувам и на некој од светските маратонски мејџори, но тоа е подвиг за понатаму. Како мои најдобри резултати би ги издвоила мојата прва трка што заврши со пиедестал, а тоа е Харткор трката организирана од мојот клуб Корраннерс каде што освоив трето место, победата на Кавадаречкиот полумаратон оваа пролет, третото место на полумаратонот Трчај бе во Битола лани и секако, мојот најуспешен настап на Скопски маратон, исто лани, каде што освоив трето место на Национално првенство во маратон во женска конкуренција. Токму овој настап ми овозможи и покана да настапам на Балканско првенство во полумаратон во Ќустендил, Бугарија оваа есен како дел од македонската репрезентација. Ти си директор на трката Колор ран 2022 која на 18 септември ќе се трча во Скопје. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за трката? Кој може да се пријави, каде ќе се трча? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Трката ќе биде еден невиден спектакл. Го одбележува вториот роденден на клубот Корраннерс, но овој пат со партнер, ребрендирана и приближно 5 пати поголема од првиот роденден, првата трка. Започнуваме пред Ист гејт мол, на платото пред трговскиот центар и по приближно 2 км кон Мавровка и МАНУ, слегуваме на кеј од десната, онаа помалку позната на трчачите, страна. Трчаме кон Систина и вртиме пред болницата за да се вратиме назад и финишираме зад молот, во нивниот амфитеатар на огромна забава и прогласување на победниците. Трките на 2,5км тимска и детската трка исто така финишираат во амфитеатарот на забавата. На Колорран може да трча секој. Дистанците не се премногу долги, дури и 10км не е предолго доколку тренирате 2-3 пати во неделата. Трките се често фокусирани само на трчачката заедница, но покрај неа, овој пат ги мотивираме компаниите да пријават своите тимови на тимската трка и да работат заедно кон заедничка победа. Децата, пак, за нас се најсветлата точка на овој настан. Имаме пријавени дечиња што се дури и на двегодишна возраст. Тие имаат само една година искуство со одење/чекорење, а веќе добиваат шанса да учествуваат на еден ваков настан и да ја почувствуваат сета еуфорија што таа со себе ја носи. Зошто го одбравте тој дел на градот за трка? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Кејот е нашето природно „живеалиште". Трчачите најубаво и најудобно таму се чувствуваат. Делот од трката што се случува по скопските булевари е додаден, за да може да стасаме на неверојатната роденденска забава што Ист гејт ни ја овозможува. Овој пат се обидуваме да ја популаризираме и спротивната страна на кејот и да ги прикажеме и искористиме неговите можности во целост. И таму се трча. И тоа многу убаво. [caption id="attachment_547690" align="alignnone" width="1080"] Прво место на кавадаречки полумаратон[/caption] Кои се твоите следни трки на кои ќе учествуваш и на кои места „пукаш“? ЈОЛЕВСКА ПОПОВ: Трки се појавуваат на разни интересни места често. Мојот тренинг план е стриктно фокусиран на Скопски маратон, како капитална трка секоја година. Освен тоа, една од поголемите цели ми е да го истрчам и Белградскиот маратон со посакуваното време, а тоа е една навистина тешка трка. Но, секако прва трка и еден посериозен тест на формата во оваа речиси равршна фаза на тренинг планот е Колорран, а таму „пукам" на одлично организиран ден со позитивен фидбек од учесниците. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Приватна архива

The post Трчајте, предизвикувајте се себе си, човекот не е скроен само за комфорна зона appeared first on Република.

]]>
Британски тренер по атлетика доби доживотна суспензија поради сексуална злоупотреба https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/britanski-trener-po-atletika-dobi-dozivotna-suspenzija-poradi-seksualna-zloupotreba/ Tue, 09 Aug 2022 14:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=538407

Британскиот тренер по атлетика Тони Миникјело денеска е доживотно суспендиран поради недолично однесување, вклучително и сексуална злоупотреба на спортисти.

Судскиот орган на Атлетската асоцијација на Велика Британија го прогласи 56-годишниот тренер за виновен по четири точки од обвинението.

Миникјело ги допирал спортистите против нивна волја, заедно со несоодветни сексуални изјави, гестови, агресивно однесување, малтретирање и емоционална злоупотреба, во период од 15 години.

Ова претставува грубо нарушување на довербата од страна на господинот Миникјело, што доведе до сериозни последици по менталното здравје на спортистите кои беа под негов надзор, се посочува во соопштението на Федерацијата.

Во соопштението здружението им се заблагодарува на спортистите кои сведочеа против селекторот, без да ги споменат нивните имиња.

Во текот на својата кариера, Миникјело беше тренер на познатата британска атлетичарка Џесика Енис-Хил, која стана олимписка шампионка во седмобој во 2012 година.

 

The post Британски тренер по атлетика доби доживотна суспензија поради сексуална злоупотреба appeared first on Република.

]]>

Британскиот тренер по атлетика Тони Миникјело денеска е доживотно суспендиран поради недолично однесување, вклучително и сексуална злоупотреба на спортисти. Судскиот орган на Атлетската асоцијација на Велика Британија го прогласи 56-годишниот тренер за виновен по четири точки од обвинението. Миникјело ги допирал спортистите против нивна волја, заедно со несоодветни сексуални изјави, гестови, агресивно однесување, малтретирање и емоционална злоупотреба, во период од 15 години.
Ова претставува грубо нарушување на довербата од страна на господинот Миникјело, што доведе до сериозни последици по менталното здравје на спортистите кои беа под негов надзор, се посочува во соопштението на Федерацијата.
Во соопштението здружението им се заблагодарува на спортистите кои сведочеа против селекторот, без да ги споменат нивните имиња. Во текот на својата кариера, Миникјело беше тренер на познатата британска атлетичарка Џесика Енис-Хил, која стана олимписка шампионка во седмобој во 2012 година.  

The post Британски тренер по атлетика доби доживотна суспензија поради сексуална злоупотреба appeared first on Република.

]]>
Чептеги од Уганда ја одбрани светската титула на 10.000 метри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/cheptegi-od-uganda-ja-odbrani-svetskata-titula-na-10-000-metri/ Mon, 18 Jul 2022 07:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=530516

Џошуа Чептеги од Уганда ја одбрани титулата светски првак на 10.000 метри, До триумфот, Чептеги дојде со долг финиш во последните 400 метри на трката.

Со време од 27:27, 43 минути, 25-годишниот Чептеги постигна најдобар личен резултат оваа сезона и го додаде третото злато во својата колекција во која има и титула олимписки првак на 5.000 метри од Игрите во Токио 2021.

На трката на 10.000 метри на Светското првенство кое се одржува во Јуџин, Орегон, сребрениот медал го освои Стенли Мубуру од Кенија (27:27, 90), додека третото место и бронзата му припадна на сонародникот на Чептеги, Џејкоб Киплима (27:27, 97).

The post Чептеги од Уганда ја одбрани светската титула на 10.000 метри appeared first on Република.

]]>

Џошуа Чептеги од Уганда ја одбрани титулата светски првак на 10.000 метри, До триумфот, Чептеги дојде со долг финиш во последните 400 метри на трката. Со време од 27:27, 43 минути, 25-годишниот Чептеги постигна најдобар личен резултат оваа сезона и го додаде третото злато во својата колекција во која има и титула олимписки првак на 5.000 метри од Игрите во Токио 2021. На трката на 10.000 метри на Светското првенство кое се одржува во Јуџин, Орегон, сребрениот медал го освои Стенли Мубуру од Кенија (27:27, 90), додека третото место и бронзата му припадна на сонародникот на Чептеги, Џејкоб Киплима (27:27, 97).

The post Чептеги од Уганда ја одбрани светската титула на 10.000 метри appeared first on Република.

]]>
Не сум тој кој мислите дека сум: Мо Фарах го открива својот вистински идентитет, бил жртва на трговија со луѓе и ропство во Обединетото Кралство https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ne-sum-toj-koj-mislite-deka-sum-mo-farah-go-otkriva-svojot-vistinski-identitet-bil-zrtva-na-trgovija-so-lugje-i-ropstvo-vo-obedinetoto-kralstvo/ Tue, 12 Jul 2022 11:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=527465

Британскиот атлетичар Мо Фарах, кој неодамна објави дека се повлекува од атлетиката на 39-годишна возраст, во документарниот филм на Би-Би-Си „Вистинскиот Мо Фарах“ откри дека бил жртва на трговија со луѓе и модерно ропство (бил принуден да работи како домашен работник). во Британија.

Вистината е дека јас не сум тој кој мислите дека сум - вели Мо Фара, откривајќи го својот вистински идентитет во документарецот.

Британецот, кој беше олимписки, светски и европски шампион на 5.000 и 10.000 метри, открива дека неговото вистинско име е Хусеин Абди Кахин, а жената која го натерала да лета од Џибути за Велика Британија кога имал само девет години го принудила да преземе име на друго момче по име Мохамед Фарах.

Вистинската приказна е дека сум роден во Сомалиленд, северно од Сомалија, како Хусеин Абди Кахин. И покрај она што беше кажано во минатото, моите родители никогаш не живееле во Обединетото Кралство. Кога имав четири години, татко ми беше убиен во граѓанската војна и моето семејство беше поделено. Ме одвоија од мајка ми и илегално ме доведоа во Обединетото Кралство под името на друго момче - вели Фарах.

Често помислувам на другиот Мохамед Фарах, момчето коешто „го симнав“ од седиштето во тој авион. Навистина се надевам дека е добро - додава наградуваниот спортист.

По пристигнувањето во Велика Британија, малиот Мо Фарах, кој мислел дека ќе живее со роднините, видел како жената со која патувал во авионот му ги земала документите и ги искинала.

Имав контакти од моите роднини, но кога стигнавме до нејзината куќа во Хаунслоу (Западен Лондон), госпоѓата ми ги зеде, ги искина пред мене и ги фрли во канта. Тогаш сфатив дека сум во неволја - вели атлетичарот.

Фарах, под присила од жената, бил принуден да се грижи за другите деца и да врши домашна работа доколку „сака да има храна во устата“.

Ми велеше дека ако некогаш сакам повторно да го видам семејството, не кажувај ништо. Честопати се заклучував во бањата и плачев - вели Фарах.

https://www.youtube.com/watch?v=EzXNe-QX8k4&feature=emb_title

Семејството кое го експлоатирало, не му дозволило да оди на училиште до 12-годишна возраст, а Фарах успеал да се извлече од тој кошмар откако му ја раскажал својата реалност на својот учител на јавниот колеџ Фелтам, Алан Воткинсон, кој му нашол дом и помогнал тој да добие британско државјанство по „долг процес“ и „добиено со измама или лажно претставување“.

Долго го чував сето ова за себе, но тешко е кога си очи во очи со своите деца и често ме прашуваат „Тато, како беше тоа? Секогаш имаш одговори за се, но за тоа не кажуваш ништо...“ Тоа е главната причина зошто ја објаснувам мојата приказна. Сакам да се чувствувам како некој нормален, а не како некој што крие нешто - објаснува Фарах во документарецот.

The post Не сум тој кој мислите дека сум: Мо Фарах го открива својот вистински идентитет, бил жртва на трговија со луѓе и ропство во Обединетото Кралство appeared first on Република.

]]>

Британскиот атлетичар Мо Фарах, кој неодамна објави дека се повлекува од атлетиката на 39-годишна возраст, во документарниот филм на Би-Би-Си „Вистинскиот Мо Фарах“ откри дека бил жртва на трговија со луѓе и модерно ропство (бил принуден да работи како домашен работник). во Британија.
Вистината е дека јас не сум тој кој мислите дека сум - вели Мо Фара, откривајќи го својот вистински идентитет во документарецот.
Британецот, кој беше олимписки, светски и европски шампион на 5.000 и 10.000 метри, открива дека неговото вистинско име е Хусеин Абди Кахин, а жената која го натерала да лета од Џибути за Велика Британија кога имал само девет години го принудила да преземе име на друго момче по име Мохамед Фарах.
Вистинската приказна е дека сум роден во Сомалиленд, северно од Сомалија, како Хусеин Абди Кахин. И покрај она што беше кажано во минатото, моите родители никогаш не живееле во Обединетото Кралство. Кога имав четири години, татко ми беше убиен во граѓанската војна и моето семејство беше поделено. Ме одвоија од мајка ми и илегално ме доведоа во Обединетото Кралство под името на друго момче - вели Фарах.
Често помислувам на другиот Мохамед Фарах, момчето коешто „го симнав“ од седиштето во тој авион. Навистина се надевам дека е добро - додава наградуваниот спортист.
По пристигнувањето во Велика Британија, малиот Мо Фарах, кој мислел дека ќе живее со роднините, видел како жената со која патувал во авионот му ги земала документите и ги искинала.
Имав контакти од моите роднини, но кога стигнавме до нејзината куќа во Хаунслоу (Западен Лондон), госпоѓата ми ги зеде, ги искина пред мене и ги фрли во канта. Тогаш сфатив дека сум во неволја - вели атлетичарот.
Фарах, под присила од жената, бил принуден да се грижи за другите деца и да врши домашна работа доколку „сака да има храна во устата“.
Ми велеше дека ако некогаш сакам повторно да го видам семејството, не кажувај ништо. Честопати се заклучував во бањата и плачев - вели Фарах.
https://www.youtube.com/watch?v=EzXNe-QX8k4&feature=emb_title Семејството кое го експлоатирало, не му дозволило да оди на училиште до 12-годишна возраст, а Фарах успеал да се извлече од тој кошмар откако му ја раскажал својата реалност на својот учител на јавниот колеџ Фелтам, Алан Воткинсон, кој му нашол дом и помогнал тој да добие британско државјанство по „долг процес“ и „добиено со измама или лажно претставување“.
Долго го чував сето ова за себе, но тешко е кога си очи во очи со своите деца и често ме прашуваат „Тато, како беше тоа? Секогаш имаш одговори за се, но за тоа не кажуваш ништо...“ Тоа е главната причина зошто ја објаснувам мојата приказна. Сакам да се чувствувам како некој нормален, а не како некој што крие нешто - објаснува Фарах во документарецот.

The post Не сум тој кој мислите дека сум: Мо Фарах го открива својот вистински идентитет, бил жртва на трговија со луѓе и ропство во Обединетото Кралство appeared first on Република.

]]>