атлетичар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atletichar/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 17:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png атлетичар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atletichar/ 32 32 Кениски атлетичар пронајден мртов, петти случај во последниот месец https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/keniski-atletichar-pronajden-mrtov-petti-sluchaj-vo-posledniot-mesets/ Tue, 08 Oct 2024 17:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=824295

Кенискиот атлетичар и поранешен африкански шампион во 3.000 метри стиплчез Клемент Кембои (32) е пронајден мртов, објавија денеска локалните медиуми.
Тоа е нова смрт во кениската атлетика, само два дена откако почина 26-годишниот Кипјегон Бет, кој освои бронзен медал на 800 метри на Светското првенство во 2017 година. Бет почина во неделата од здравствени компликации кои предизвикаа откажување на бубрезите и црниот дроб.

Причината за смртта на Кембои сè уште не е официјално потврдена, иако локалната полиција најави дека најверојатно станува збор за самоубиство. Неговото мртво тело било пронајдено врзано за дрво во близина на средно училиште. Кениските медиуми претходно пишуваа дека Кембои минува низ тежок период на депресијата и оти овој успешен спортист се борел со зависноста од коцкање.

Ова е петти смртен случај во кениската атлетика во последниот еден месец. Претходно починаа и 53-годишниот Самсон Канди, поранешен победник на Виенскиот маратон, 20-годишниот тркач Вили Челава и 64-годишниот Елаја Биток.

The post Кениски атлетичар пронајден мртов, петти случај во последниот месец appeared first on Република.

]]>

Кенискиот атлетичар и поранешен африкански шампион во 3.000 метри стиплчез Клемент Кембои (32) е пронајден мртов, објавија денеска локалните медиуми. Тоа е нова смрт во кениската атлетика, само два дена откако почина 26-годишниот Кипјегон Бет, кој освои бронзен медал на 800 метри на Светското првенство во 2017 година. Бет почина во неделата од здравствени компликации кои предизвикаа откажување на бубрезите и црниот дроб. Причината за смртта на Кембои сè уште не е официјално потврдена, иако локалната полиција најави дека најверојатно станува збор за самоубиство. Неговото мртво тело било пронајдено врзано за дрво во близина на средно училиште. Кениските медиуми претходно пишуваа дека Кембои минува низ тежок период на депресијата и оти овој успешен спортист се борел со зависноста од коцкање. Ова е петти смртен случај во кениската атлетика во последниот еден месец. Претходно починаа и 53-годишниот Самсон Канди, поранешен победник на Виенскиот маратон, 20-годишниот тркач Вили Челава и 64-годишниот Елаја Биток.

The post Кениски атлетичар пронајден мртов, петти случај во последниот месец appeared first on Република.

]]>
Македонскиот атлетичар Стојоски освои прво место на регионалниот митинг во Будимпешта https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-atletichar-stojoski-osvoi-prvo-mesto-na-regionalniot-miting-vo-budimpeshta/ Sun, 29 Jan 2023 19:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=602374

Нашиот атлетичар настапи на регионалниот митинг во Будимпешта, Унгарија, во дисциплината 400 метри.

Во конкуренција на 50 натпреварувачи Стојоски го освои првото место со време од 47,69 секунди што е негов најдобар резултат во сезоната.

Целата трка и освоеното прво место во унгарскиот главен град можете да ја погледнете на видео записот.

На крајот од декември минатата година стартуваше зимската сезона, како што изјави Стојоски за веб порталот на „Слободен печат“, фокусот ќе му биде Европското првенство во сала за сениори во Истанбул кое ќе се одржи од 2 до 5 март 2023 година, а воедно ќе атакува на државен рекорд кој тој го држи во сала на 400 метри (47,18 секунди).

The post Македонскиот атлетичар Стојоски освои прво место на регионалниот митинг во Будимпешта appeared first on Република.

]]>

Нашиот атлетичар настапи на регионалниот митинг во Будимпешта, Унгарија, во дисциплината 400 метри. Во конкуренција на 50 натпреварувачи Стојоски го освои првото место со време од 47,69 секунди што е негов најдобар резултат во сезоната. Целата трка и освоеното прво место во унгарскиот главен град можете да ја погледнете на видео записот. На крајот од декември минатата година стартуваше зимската сезона, како што изјави Стојоски за веб порталот на „Слободен печат“, фокусот ќе му биде Европското првенство во сала за сениори во Истанбул кое ќе се одржи од 2 до 5 март 2023 година, а воедно ќе атакува на државен рекорд кој тој го држи во сала на 400 метри (47,18 секунди).

The post Македонскиот атлетичар Стојоски освои прво место на регионалниот митинг во Будимпешта appeared first on Република.

]]>
Атлетичарот на Работнички Андреас Трајковски го собори државниот рекорд на 100 метри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/atleticharot-na-rabotnichki-andreas-trajkovski-go-sobori-drzavniot-rekord-na-100-metri/ Tue, 14 Jun 2022 08:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=514820

Атлетичарот Андреас Трајковски, член на Работнички го собори македонскиот рекорд на 100 метри.

На атлетски митинг одржан во Копенхаген (Данска), Трајковски учествуваше во трката на 100 метри со што оствари резултат од 10 секунди и 50 стотинки, што претставува нов македонски рекорд во оваа дисциплина. Досегашниот рекорд на Македонија во ова дисциплина беше 10 секунди и 59 стотинки, поставен на 1 мај оваа година од страна на Јован Стојоски).

Со овој резултат и нов рекорд, атлетичарот го освои 3-то место на митингот и уште еднаш ја потврди одличната форма во која се наоѓа оваа сезона.

Трајковски покрај овој рекорд, го носи и рекордот во скок во далечина, 7 метри и 60 сантиметри, кој го постави на 17 мај оваа година во Александрија (Грција). Од почетокот на оваа година доби дозвола да настапува за Македонија (претходно настапуваше за Данска), и на неговиот прв меѓународен натпревар за македонскиот дрес во март освои бронзен медал во скок во далечина на Балканијадата во сала во Истанбул (Турција), додека пак пред две недели рекордерот настапи на Купот на Македонија во Скопје за својот клуб АК Работнички и тогаш се издвои со победи во 4 дисциплини (100 метри, 200 метри, скок во далечина и штафета 4 х 100 метри).

The post Атлетичарот на Работнички Андреас Трајковски го собори државниот рекорд на 100 метри appeared first on Република.

]]>

Атлетичарот Андреас Трајковски, член на Работнички го собори македонскиот рекорд на 100 метри. На атлетски митинг одржан во Копенхаген (Данска), Трајковски учествуваше во трката на 100 метри со што оствари резултат од 10 секунди и 50 стотинки, што претставува нов македонски рекорд во оваа дисциплина. Досегашниот рекорд на Македонија во ова дисциплина беше 10 секунди и 59 стотинки, поставен на 1 мај оваа година од страна на Јован Стојоски). Со овој резултат и нов рекорд, атлетичарот го освои 3-то место на митингот и уште еднаш ја потврди одличната форма во која се наоѓа оваа сезона. Трајковски покрај овој рекорд, го носи и рекордот во скок во далечина, 7 метри и 60 сантиметри, кој го постави на 17 мај оваа година во Александрија (Грција). Од почетокот на оваа година доби дозвола да настапува за Македонија (претходно настапуваше за Данска), и на неговиот прв меѓународен натпревар за македонскиот дрес во март освои бронзен медал во скок во далечина на Балканијадата во сала во Истанбул (Турција), додека пак пред две недели рекордерот настапи на Купот на Македонија во Скопје за својот клуб АК Работнички и тогаш се издвои со победи во 4 дисциплини (100 метри, 200 метри, скок во далечина и штафета 4 х 100 метри).

The post Атлетичарот на Работнички Андреас Трајковски го собори државниот рекорд на 100 метри appeared first on Република.

]]>
Провокација или не: Руски гимнастичар со симбол кој го има на тенковите, застана до украински колега https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/provokacija-ili-ne-ruski-gimnastichar-so-simbol-koj-go-ima-na-tenkovite-zastana-do-ukrainski-kolega/ Sun, 06 Mar 2022 09:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=468410

Рускиот гимнастичар Иван Кулијак го освои третото место на Светското првенство во Доха, но најголемо внимание симболот што го имаше на горниот дел од костимот која предизвика вистинска бура во светската јавност. Тој на градите имаше бела латинска буква „З“ која е испишана на руските тенкови кои влегоа во Украина.

Златниот медал му припадна на украинскиот гимнастичар Илија Ковтун кој стоеше до него на додеувањето на медалите, па тоа беше повод за уште по жестоко да се коментира овој настан во медиумите.

Сепак, од друга страна експерти објаснуваат дека сето тоа не е поврзано со инвазијата на Русина на Украина, туку дека значењето на „З“ е „Нема враќање“ или „За победа“ нешто што нема никаква врска со војната на истокот на Европа.

The post Провокација или не: Руски гимнастичар со симбол кој го има на тенковите, застана до украински колега appeared first on Република.

]]>

Рускиот гимнастичар Иван Кулијак го освои третото место на Светското првенство во Доха, но најголемо внимание симболот што го имаше на горниот дел од костимот која предизвика вистинска бура во светската јавност. Тој на градите имаше бела латинска буква „З“ која е испишана на руските тенкови кои влегоа во Украина. Златниот медал му припадна на украинскиот гимнастичар Илија Ковтун кој стоеше до него на додеувањето на медалите, па тоа беше повод за уште по жестоко да се коментира овој настан во медиумите. Сепак, од друга страна експерти објаснуваат дека сето тоа не е поврзано со инвазијата на Русина на Украина, туку дека значењето на „З“ е „Нема враќање“ или „За победа“ нешто што нема никаква врска со војната на истокот на Европа.

The post Провокација или не: Руски гимнастичар со симбол кој го има на тенковите, застана до украински колега appeared first on Република.

]]>