„Атлас на македонската модерна архитектура“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atlas-na-makedonskata-moderna-arhitektura/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 07:57:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Атлас на македонската модерна архитектура“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atlas-na-makedonskata-moderna-arhitektura/ 32 32 Изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“ во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-atlas-na-makedonskata-moderna-arhitektura-vo-mkc/ Fri, 02 Dec 2022 07:57:40 +0000 https://republika.mk/?p=580706

Во Галерија 2 во Младинскиот културен центар – Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена архитектонската изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“.

Станува збор за проект чија основна цел е препознавање, документирање, проучување и вреднување на модернистичкото архитектонско наследство од втората половина на XX век на територијата на Македонија.

Проектот регистрира и мапира повеќе од 500 индивидуални архитектонски реализации изградени во периодот 1945-1985 година, од кои преку 100-тина се документирани, а повеќе од 40 избрани градби се претставени во форма на тродимензионални архитектонски модели.

Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Теа Дамјановска, Михајло Стојановски и соработниците.

Изложбата е резултат на едногодишниот истражувачки проект од областа на архитектурата насловен „Атлас на македонската модерна архитектура“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата Континео 2020 го спроведе со финансиска поддршка од Министерството за култура на Македонија.

Изложбената поставка ќе биде отворена за јавноста до 15 декември годинава.

The post Изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во Галерија 2 во Младинскиот културен центар – Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена архитектонската изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“. Станува збор за проект чија основна цел е препознавање, документирање, проучување и вреднување на модернистичкото архитектонско наследство од втората половина на XX век на територијата на Македонија. Проектот регистрира и мапира повеќе од 500 индивидуални архитектонски реализации изградени во периодот 1945-1985 година, од кои преку 100-тина се документирани, а повеќе од 40 избрани градби се претставени во форма на тродимензионални архитектонски модели. Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Теа Дамјановска, Михајло Стојановски и соработниците. Изложбата е резултат на едногодишниот истражувачки проект од областа на архитектурата насловен „Атлас на македонската модерна архитектура“ кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата Континео 2020 го спроведе со финансиска поддршка од Министерството за култура на Македонија. Изложбената поставка ќе биде отворена за јавноста до 15 декември годинава.

The post Изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>