атлантски совет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atlantski-sovet/ За подобро да се разбереме Mon, 08 May 2023 17:54:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png атлантски совет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atlantski-sovet/ 32 32 Ковачевски се сретна со членови на бордот на Атлантскиот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-sretna-so-chlenovi-na-bordot-na-atlantskiot-sovet/ Mon, 08 May 2023 17:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=638506

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон, се сретна и со членови на бордот на Атлантскиот совет (Atlantic Council), соопштија од Влада.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку дијалог и размена на мислења со експерти се говореше за повеќе теми од интерес како динамиката на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, напорите за справување со енергетската криза, борбата против корупцијата, како и за приоритетите на земјата со претседавање со ОБСЕ.

На Советот беа споделени мислења дека клучно за Македонија и за земјите од Западен Балкан е спроведувањето на реформите, владеењето на правото, што побрза интеграција во ЕУ. Тоа ќе придонесе за економското закрепнување, како и за долгорочно подобрување на конкурентноста на земјата и регионот со што ќе се зајакне привлечноста за странските инвеститори, стои во соопштението.

The post Ковачевски се сретна со членови на бордот на Атлантскиот совет appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон, се сретна и со членови на бордот на Атлантскиот совет (Atlantic Council), соопштија од Влада. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку дијалог и размена на мислења со експерти се говореше за повеќе теми од интерес како динамиката на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, напорите за справување со енергетската криза, борбата против корупцијата, како и за приоритетите на земјата со претседавање со ОБСЕ. На Советот беа споделени мислења дека клучно за Македонија и за земјите од Западен Балкан е спроведувањето на реформите, владеењето на правото, што побрза интеграција во ЕУ. Тоа ќе придонесе за економското закрепнување, како и за долгорочно подобрување на конкурентноста на земјата и регионот со што ќе се зајакне привлечноста за странските инвеститори, стои во соопштението.

The post Ковачевски се сретна со членови на бордот на Атлантскиот совет appeared first on Република.

]]>