атипичен развој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atipichen-razvoj/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Sep 2022 13:21:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png атипичен развој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atipichen-razvoj/ 32 32 Играме заедно различни, а исти: На Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/igrame-zaedno-razlichni-a-isti-na-shkolka-se-odrza-nastan-za-zgolemuvanje-na-svesnosta-za-licata-so-atipichen-razvoj/ Sun, 25 Sep 2022 11:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=554046

Денеска во Градскиот парк на Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на „Играме заедно“ – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница.

По трет пат се одржа една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница.

Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, да пеат, да другаруваат. И тие сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` - сакаат да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно.

Преку игра да им покажеме на семејствата со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови коишто се резултат само на страв од непознатото и да се обидат да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата болест или состојба, да најдат начин на којшто би им помогнале. Но за да е возможно сето тоа, пред се' овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се.

По овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество.

А децата... децата за разлика од нас големите, гледаат со срцето и со душата, тие гледаат само деца си некаква различност, но и многу слични, затоа што и едните и другите сакаат прошетки, сакаат родендени, сакаат кино и слаткарници. Сите сакаат да Растат и да Играат заедно.

Дојдете на Школка и заедно да кажеме гласно – СИТЕ СМЕ ЗАЕДНО, СИТЕ

СМЕ ИСТИ НА РАЗЛИЧЕН НАЧИН!

The post Играме заедно различни, а исти: На Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој appeared first on Република.

]]>

Денеска во Градскиот парк на Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на „Играме заедно“ – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница. По трет пат се одржа една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница.
Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, да пеат, да другаруваат. И тие сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` - сакаат да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно. Преку игра да им покажеме на семејствата со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови коишто се резултат само на страв од непознатото и да се обидат да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата болест или состојба, да најдат начин на којшто би им помогнале. Но за да е возможно сето тоа, пред се' овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се. По овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество. А децата... децата за разлика од нас големите, гледаат со срцето и со душата, тие гледаат само деца си некаква различност, но и многу слични, затоа што и едните и другите сакаат прошетки, сакаат родендени, сакаат кино и слаткарници. Сите сакаат да Растат и да Играат заедно. Дојдете на Школка и заедно да кажеме гласно – СИТЕ СМЕ ЗАЕДНО, СИТЕ СМЕ ИСТИ НА РАЗЛИЧЕН НАЧИН!

The post Играме заедно различни, а исти: На Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој appeared first on Република.

]]>