атентат киро глигоров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atentat-kiro-gligorov/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 06:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png атентат киро глигоров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atentat-kiro-gligorov/ 32 32 29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/29-godini-od-atentatot-na-pretsedatelot-kiro-gligorov/ Thu, 03 Oct 2024 06:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=821981

Пред 29 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието.

Во автомобил „цитроен ами 8“ беа скриени 20 килограми експлозив, активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата, службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“.

Во истрагата беа претресени 30.850 возила, прегледани повеќе од 15.000 објекти и легитимирани повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 беа претресени. МВР изврши повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметаше дека се можни сторители на атентатот, но сите тие беа пуштени по испрашувањата.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години. 

The post 29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>

Пред 29 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Во автомобил „цитроен ами 8“ беа скриени 20 килограми експлозив, активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата, службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“. Во истрагата беа претресени 30.850 возила, прегледани повеќе од 15.000 објекти и легитимирани повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 беа претресени. МВР изврши повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметаше дека се можни сторители на атентатот, но сите тие беа пуштени по испрашувањата. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години. 

The post 29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров appeared first on Република.

]]>
Гајдов: Фрчкоски е мозокот на атентатот врз Глигоров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gajdov-frchkoski-e-mozokot-na-atentatot-vrz-gligorov/ Fri, 18 Mar 2022 16:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=475107

И ЦИА и британската и германската тајна служба веднаш по атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров испратија телеграми до македонските служби да не се пипа ништо на местото на атентатот затоа што нивни специјални единици веднаш доаѓаат. Но, тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски дал наредба само после 120 минути да се тргне мерцедесот од местото на атентатот. Тој е мозокот на атентатот. Ова вечерва го изјави Љубомир Гајдов, долгогодишен новинар, надворешно-политички коментатор за емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Во разговор со заменикот на шефот на ФБИ, на моето прашање за тоа кој е организаторот на атентатот, тој ми рече дека тоа „Го направија вашите. Најблиските соработници на Глигоров“. Фрчкоски е мозокот на атентатот. И шефот на ЦИА Џорџ Тенет во една прилика изјави дека се знае кои беа најблиските пријатели и соработници на Глигоров. Мислите случајно е тоа зошто Вашингтон не се согласи поранешниот македонски министер за внатрешни работи да биде амбасадор во САД. Тоа секој паметен човек може да го прочита, изјави Гајдов.

The post Гајдов: Фрчкоски е мозокот на атентатот врз Глигоров appeared first on Република.