Атанас Кирјаковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atanas-kirjakovski/ За подобро да се разбереме Tue, 16 May 2023 06:15:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Атанас Кирјаковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/atanas-kirjakovski/ 32 32 Пропагандата на срамот и вината https://arhiva3.republika.mk/kolumni/propagandata-na-sramot-i-vinata/ Tue, 16 May 2023 06:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=641185

Атанас Кирјаковски

„Срамотааа е луѓеее!“ се дереше на сиот глас потписникот на срамниот таканаречен „преспански договор“, на еден од оние патетични предизборни партиски митинзи за локалните избори во 2020. Во екот на целата таа корона-какофонија и политичко дерење, некако пропуштивме да забележиме еден од основните принципи на којшто функционира „северната“ пропаганда – (зло)употребата на срамот и постојаното јавно срамење на Македонците, дополнето со предизвикување на чувство на вина. Од каде повикувањето на срамење? Зошто некој којшто треба самиот да се засрами би ги терал другите да се срамат? Во колумнава сакам да продискутирам како политичките демагози и идеолошките автократи ги користат ваквите морални емоциии во функција на сопствената пропаганда и манипулацијата со широките маси. Вреди подлабоко да се размисли за срамот и срамењето и сродното чувство на вина кое е испреплетено со срамот, но суштински различно.

Срамот и сите негови синоними во македонскиот јазик (бламажа, резил, брука, леќе, зазор, итн. – види само колку ги има) е уште еден психосоцијален феномен кој е длабоко вкоренет во сите форми на човековото групирање и општење, збор кој можеби секојдневно го употребуваме, но за кој скоро никогаш не се запрашуваме што всушност значи, која е неговата емотивна и социјална функција и зошто воопшто постои. Како што веќе напоменав на почетокот, срамот е емоција која припаѓа во групата на т.н. „морални емоции“ во која влегуваат – помалку или повеќе – и други емоции како што се гадењето, гордоста, вината, срамежливоста, благодарноста, и сл. (некои од нив немаат само единечна морална функција, туку се посложени и имаат повеќефункционалност, како гадењето на пример, кое има и заштитна функција и јасна невербална експресивност). Срамот е исклучително непријатна емоција (или чувство во колоквијална смисла, нема потреба да ги објаснуваме разликите, не сме цепивлакна) која произлегува од препознавањето на тоа дека во сопственото однесување или расудување во дадени морални околности има нешто непочитувачко, непристојно, неприкладно или нечесно. Во поширока смисла, функцијата на срамот е да сигнализира јавно прекршување на моралните норми кое е проследено со осуда од другите. Бихејвиорално, срамот се карактеризира со повлекување од социјалните интеракции, криење, оддалечување, одделување од другите и свртување на вниманието од своето срамно дело. Оваа е емоција честопати е имплицирана и во разни патолошки состојби како што се депресијата, анксиозноста, а неретко и во нарушувањата во исхраната, некои видови на социопатија и често е присутен кај луѓе со ниска самодоверба. Понекогаш срамот има и позитивна вредност и корисна адаптивна функција кога станува регулатор на прекумерни и нападни однесувања и како амортизер на потенцијално опасно асоцијално однесување.

Иако чувството на вина е поврзано со чувството на срам, сепак постојат суштински разлики меѓу двете. Срамот е генерално чувство, најчесто неповрзано со специфични настани, претставува повеќе форма на самоперцепирање. Додека срамот се базира на стравот од осуда од остантите и се карактеризира со избегнување и социјална самоизолација, вината се јавува во контекст на специфични настани и луѓе на кои сме им нанеле штета или пак сме можеле да им нанесеме (на пр. прекршување на ветување, намерна или ненамерна физички или психичка повреда, итн.). За разлика од срамот, вината произлегува од чувството на емпатија за другиот и во суштина нејзината основна функција е надоместувачка и соработувачка, односно да мотивара обновување и поправање на човечките односи по настанатиот социјален прекин поради нанесената штета. Поради тоа, вината сосема спротивно од срамот, поттикнува средби и социјална интеракција со цел да се поправи нарушениот однос. Виновниот човек има за цел да удоволи, да надомести, да поправи, да си ја „одлежи казната – за разлика од осрамениот кој се крие. Начелно може да се заклучи дека срамот општокажано е негативна, „токсична“ емоција која е имплицирана во повеќе психопатологии, а чувството на вина е социјално-надоместувачка емоција која тежнее да ги возобнови односите преку надоместување на штетата (нема да навлегуваме подлабоко, но битно е да се помисли како вината би била еволутивно корисна во одржувањето на племенските односи за кохезија на групата и како тоа ги зголемува шансите за преживување).

Откако подетално ги објаснивме срамот и вината во психолошка смисла (не кривично-правна), да се навратиме на тезата за како тоа политичките демагози и манипулатори ги користат во своја полза, односно како овие морални емоции можат да се злоупотребат во политичките пропаганди и тактики. Честопати ги користам тоталитарните режими, особено оние после Втората светска војна како модел за проучување на човековото зло на масовна скала (нацизмот и комунизмот) и веднаш да го спомнеме злиот говорот на Јозеф Гебелс од 1943 година со наслов „Евреите се виновни!“ чиј наслов самиот посебе е евидентен за тезата во колумнава дека срамот и вината често се користат во црна пропаганда. Во него, Гебелс ги обвинува Евреите дека ја започнале војната (ова е пишувано додека војната трае), дека ја управуваат, дека се виновни за секој загинат германски војник, дека нема милост за нив дури ниту по завршувањето на војната. Зло. Со ваквиот говор и со сличните тематики, нацистичката пропаганда се обидувала да го оправда ништењето на Евреите и како култура, и како народ, сумирајќи ги во фразата „виновните“ (изворот е Универзитетот Калвин од Мичиген, САД, кој објавува онлајн архива на германската пропаганда од периодот пред, за и по Втората светска војна). На другата страна од светот пак, во тоталитарниот комунистички режим на Мао Зедонг во Кина, јавното срамење на политичките дисиденти било особено честа појава при масовните собири. Целта на таквата практика била нивна казна и специјален вид пропаганда на сведоштво, преку показен пример, во кој јасно се укажувало што им следува на сите оние кои би се осудиле да кренат глава над Маоистичката контрола. Целта на ваквите јавни „сесии на борба“ со јавно срамење на „класните непријатели“, „контрареволуционерите“ и другите нелојалисти кон Мао и Комунистичката партија била да создаде култура на срамење и оттуѓување на секој кој противречел. Тактиката на јавно срамење во стилот на Мао продолжува и денес преку социјалните мрежи, најчесто од страната на таканаречените „воук“ („разбудени“) политички активисти и фундаменталисти на крајно левичарските идеологии кои го срамат секој оној кој ќе им застане на патот со цел да го замолчат.

Пропагаданта на срамот кон Македонците и нивната култура се чини постои неколку децении. Она пејоративно „Македонче“ беше стандарден израз при обраќање уште во бившојугословенските простори, израз кој сѐ уште се употребува и денес, дури и од самите Македонци, за да даде призвук дека сме мали, небитни, прости и незрели. Цело време ни се наметнува чувство на вина дека некого угнетуваме, дека крадеме нечија историја, црква, писмо, јазик, идентитет, култура, дека сме група „без образ“ (намерно изразот „група“ затоа што официјалната бугарска политика повеќе од век ја спори и нашата народност). Од таканаречената „шарена револуција“ па навака, Заевите „шути и рогати“ постојано зборуваа како сме прости, заостанати, како мора да голтнеме сѐ што ни се сервира само за да влеземе во секуларниот рај ЕУ, наратив кој го продолжува сѐ уште СДС и негласаниот премиер, а богами и некои странски амбасадори кои ни препорачуваа „да го затнеме носот и да голтаме“.

Идејата на она „Срамотааа е луѓеее!“ и сличните наративи е да ги демотивира и натера Македонците да се срамат од самите себеси што не сакаат да се откажат од сопственото име, идентитет, јазик и историја за некаков си ветен ЕУ морков. Да се срамат дури и кога не оспоруваат други, а постојано се оспорувани самите од другите. Преку пасивизирањето и наметнувањето на срам, „северниот“ режим сака да предизвика и чувство на вина за да го направи „Македончето“ помалеабилно, посоработливо, „меко како уше“ (да ја цитирам мајка ми за какво треба да биде тестото) – самото да има порив постојано да им се извинува на сите што е „заостанато“, што јаде ајвар, што не се однесувало „европски“. Режимските политички демагози и функционери хорски вриштат во ушите на Македонецот да се чувствува виновен што со несакањето да се откаже од својот идентитет „им ја уништувал иднитата на своите деца“, додека самите тие скоро двојно си ја покачија својата плата, нѐ презадолжија до немајкаде, додека нѐ паразитираат и крадат, нѐ оставаат да умираме по болници кои горат во корона пандемии. Нѐ тераат да се срамиме и чувствуваме виновни со цел да нѐ контролираат. Со цел да ни го доодземат тоа што останало. Во нивната пакосна политичка пропаганда, Македонецот е заостанат, глуп и тврдоглав, лесен за купопродажба, човек-предмет. Мора да се разбудиме и престанеме да се срамиме од самите себеси. Наметнатото чувство на вина мора запре. Не сме виновни што постоиме и имаме право на рамноправно постоење. Нема за што да се срамиме. Досега сме покажале дека сме биле на правпат во премрежјата на историските војни, сме покажале дека сме мирољубиви, дека имаме своја култура и дека сме горди на тоа што сме. Премногу отстапки направивме за задоволување на нечии национал-шовинистички апетити. Стоп на наметнатите срам и вина со цел да нѐ потчинат. Време е да си се цениме самите себе и да престанеме да се срамиме од самите себе. Запомнете – нема потреба од вина, а ниту и срам – што постоиме.

The post Пропагандата на срамот и вината appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

„Срамотааа е луѓеее!“ се дереше на сиот глас потписникот на срамниот таканаречен „преспански договор“, на еден од оние патетични предизборни партиски митинзи за локалните избори во 2020. Во екот на целата таа корона-какофонија и политичко дерење, некако пропуштивме да забележиме еден од основните принципи на којшто функционира „северната“ пропаганда – (зло)употребата на срамот и постојаното јавно срамење на Македонците, дополнето со предизвикување на чувство на вина. Од каде повикувањето на срамење? Зошто некој којшто треба самиот да се засрами би ги терал другите да се срамат? Во колумнава сакам да продискутирам како политичките демагози и идеолошките автократи ги користат ваквите морални емоциии во функција на сопствената пропаганда и манипулацијата со широките маси. Вреди подлабоко да се размисли за срамот и срамењето и сродното чувство на вина кое е испреплетено со срамот, но суштински различно. Срамот и сите негови синоними во македонскиот јазик (бламажа, резил, брука, леќе, зазор, итн. – види само колку ги има) е уште еден психосоцијален феномен кој е длабоко вкоренет во сите форми на човековото групирање и општење, збор кој можеби секојдневно го употребуваме, но за кој скоро никогаш не се запрашуваме што всушност значи, која е неговата емотивна и социјална функција и зошто воопшто постои. Како што веќе напоменав на почетокот, срамот е емоција која припаѓа во групата на т.н. „морални емоции“ во која влегуваат – помалку или повеќе – и други емоции како што се гадењето, гордоста, вината, срамежливоста, благодарноста, и сл. (некои од нив немаат само единечна морална функција, туку се посложени и имаат повеќефункционалност, како гадењето на пример, кое има и заштитна функција и јасна невербална експресивност). Срамот е исклучително непријатна емоција (или чувство во колоквијална смисла, нема потреба да ги објаснуваме разликите, не сме цепивлакна) која произлегува од препознавањето на тоа дека во сопственото однесување или расудување во дадени морални околности има нешто непочитувачко, непристојно, неприкладно или нечесно. Во поширока смисла, функцијата на срамот е да сигнализира јавно прекршување на моралните норми кое е проследено со осуда од другите. Бихејвиорално, срамот се карактеризира со повлекување од социјалните интеракции, криење, оддалечување, одделување од другите и свртување на вниманието од своето срамно дело. Оваа е емоција честопати е имплицирана и во разни патолошки состојби како што се депресијата, анксиозноста, а неретко и во нарушувањата во исхраната, некои видови на социопатија и често е присутен кај луѓе со ниска самодоверба. Понекогаш срамот има и позитивна вредност и корисна адаптивна функција кога станува регулатор на прекумерни и нападни однесувања и како амортизер на потенцијално опасно асоцијално однесување. Иако чувството на вина е поврзано со чувството на срам, сепак постојат суштински разлики меѓу двете. Срамот е генерално чувство, најчесто неповрзано со специфични настани, претставува повеќе форма на самоперцепирање. Додека срамот се базира на стравот од осуда од остантите и се карактеризира со избегнување и социјална самоизолација, вината се јавува во контекст на специфични настани и луѓе на кои сме им нанеле штета или пак сме можеле да им нанесеме (на пр. прекршување на ветување, намерна или ненамерна физички или психичка повреда, итн.). За разлика од срамот, вината произлегува од чувството на емпатија за другиот и во суштина нејзината основна функција е надоместувачка и соработувачка, односно да мотивара обновување и поправање на човечките односи по настанатиот социјален прекин поради нанесената штета. Поради тоа, вината сосема спротивно од срамот, поттикнува средби и социјална интеракција со цел да се поправи нарушениот однос. Виновниот човек има за цел да удоволи, да надомести, да поправи, да си ја „одлежи казната – за разлика од осрамениот кој се крие. Начелно може да се заклучи дека срамот општокажано е негативна, „токсична“ емоција која е имплицирана во повеќе психопатологии, а чувството на вина е социјално-надоместувачка емоција која тежнее да ги возобнови односите преку надоместување на штетата (нема да навлегуваме подлабоко, но битно е да се помисли како вината би била еволутивно корисна во одржувањето на племенските односи за кохезија на групата и како тоа ги зголемува шансите за преживување). Откако подетално ги објаснивме срамот и вината во психолошка смисла (не кривично-правна), да се навратиме на тезата за како тоа политичките демагози и манипулатори ги користат во своја полза, односно како овие морални емоции можат да се злоупотребат во политичките пропаганди и тактики. Честопати ги користам тоталитарните режими, особено оние после Втората светска војна како модел за проучување на човековото зло на масовна скала (нацизмот и комунизмот) и веднаш да го спомнеме злиот говорот на Јозеф Гебелс од 1943 година со наслов „Евреите се виновни!“ чиј наслов самиот посебе е евидентен за тезата во колумнава дека срамот и вината често се користат во црна пропаганда. Во него, Гебелс ги обвинува Евреите дека ја започнале војната (ова е пишувано додека војната трае), дека ја управуваат, дека се виновни за секој загинат германски војник, дека нема милост за нив дури ниту по завршувањето на војната. Зло. Со ваквиот говор и со сличните тематики, нацистичката пропаганда се обидувала да го оправда ништењето на Евреите и како култура, и како народ, сумирајќи ги во фразата „виновните“ (изворот е Универзитетот Калвин од Мичиген, САД, кој објавува онлајн архива на германската пропаганда од периодот пред, за и по Втората светска војна). На другата страна од светот пак, во тоталитарниот комунистички режим на Мао Зедонг во Кина, јавното срамење на политичките дисиденти било особено честа појава при масовните собири. Целта на таквата практика била нивна казна и специјален вид пропаганда на сведоштво, преку показен пример, во кој јасно се укажувало што им следува на сите оние кои би се осудиле да кренат глава над Маоистичката контрола. Целта на ваквите јавни „сесии на борба“ со јавно срамење на „класните непријатели“, „контрареволуционерите“ и другите нелојалисти кон Мао и Комунистичката партија била да создаде култура на срамење и оттуѓување на секој кој противречел. Тактиката на јавно срамење во стилот на Мао продолжува и денес преку социјалните мрежи, најчесто од страната на таканаречените „воук“ („разбудени“) политички активисти и фундаменталисти на крајно левичарските идеологии кои го срамат секој оној кој ќе им застане на патот со цел да го замолчат. Пропагаданта на срамот кон Македонците и нивната култура се чини постои неколку децении. Она пејоративно „Македонче“ беше стандарден израз при обраќање уште во бившојугословенските простори, израз кој сѐ уште се употребува и денес, дури и од самите Македонци, за да даде призвук дека сме мали, небитни, прости и незрели. Цело време ни се наметнува чувство на вина дека некого угнетуваме, дека крадеме нечија историја, црква, писмо, јазик, идентитет, култура, дека сме група „без образ“ (намерно изразот „група“ затоа што официјалната бугарска политика повеќе од век ја спори и нашата народност). Од таканаречената „шарена револуција“ па навака, Заевите „шути и рогати“ постојано зборуваа како сме прости, заостанати, како мора да голтнеме сѐ што ни се сервира само за да влеземе во секуларниот рај ЕУ, наратив кој го продолжува сѐ уште СДС и негласаниот премиер, а богами и некои странски амбасадори кои ни препорачуваа „да го затнеме носот и да голтаме“. Идејата на она „Срамотааа е луѓеее!“ и сличните наративи е да ги демотивира и натера Македонците да се срамат од самите себеси што не сакаат да се откажат од сопственото име, идентитет, јазик и историја за некаков си ветен ЕУ морков. Да се срамат дури и кога не оспоруваат други, а постојано се оспорувани самите од другите. Преку пасивизирањето и наметнувањето на срам, „северниот“ режим сака да предизвика и чувство на вина за да го направи „Македончето“ помалеабилно, посоработливо, „меко како уше“ (да ја цитирам мајка ми за какво треба да биде тестото) – самото да има порив постојано да им се извинува на сите што е „заостанато“, што јаде ајвар, што не се однесувало „европски“. Режимските политички демагози и функционери хорски вриштат во ушите на Македонецот да се чувствува виновен што со несакањето да се откаже од својот идентитет „им ја уништувал иднитата на своите деца“, додека самите тие скоро двојно си ја покачија својата плата, нѐ презадолжија до немајкаде, додека нѐ паразитираат и крадат, нѐ оставаат да умираме по болници кои горат во корона пандемии. Нѐ тераат да се срамиме и чувствуваме виновни со цел да нѐ контролираат. Со цел да ни го доодземат тоа што останало. Во нивната пакосна политичка пропаганда, Македонецот е заостанат, глуп и тврдоглав, лесен за купопродажба, човек-предмет. Мора да се разбудиме и престанеме да се срамиме од самите себеси. Наметнатото чувство на вина мора запре. Не сме виновни што постоиме и имаме право на рамноправно постоење. Нема за што да се срамиме. Досега сме покажале дека сме биле на правпат во премрежјата на историските војни, сме покажале дека сме мирољубиви, дека имаме своја култура и дека сме горди на тоа што сме. Премногу отстапки направивме за задоволување на нечии национал-шовинистички апетити. Стоп на наметнатите срам и вина со цел да нѐ потчинат. Време е да си се цениме самите себе и да престанеме да се срамиме од самите себе. Запомнете – нема потреба од вина, а ниту и срам – што постоиме.

The post Пропагандата на срамот и вината appeared first on Република.

]]>
Големиот нарцизам на малите луѓе https://arhiva3.republika.mk/kolumni/golemiot-nartsizam-na-malite-luge/ Sun, 12 Mar 2023 11:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=618719

Еден од најраскажуваните митови во историјата е митот за Нарцис и неговата деструктивна убавина. Уште познатиот римски поет Овидиј кој живеел околу почетокот на новата ера, во една од своите книги насловена како „Нарцис и Ехо“ раскажува за убавиот ловец во кој се вљубила планинската нимфа Ехо и оддалеку, незабележливо го следела. Во еден момент Ехо конечно смогнала храброст и му дала љубовен сигнал, но овој штом ја забележал, веднаш ја отфрлил. Со скршено срце, Ехо се повлекла испуштајќи спорадични ехоа на тивок лелек од скршено срце кои се слушале од далечината. Штом разбрала за љубовниот инцидент божицата на одмаздата Немезида која била и заштитничка на Ехо, гневна, го намамила Нарцис до езерце со мирна вода во која овој си го видел својот одраз во бистрата вода беспомошно заљубувајќи се во истиот и неможејќи да престане да гледа и да се оттргне, се претворил во нарцис цвет.

Модерното поимање на митот се однесува на луѓе кои патолошки се преокупирани со себе, се сметаат за супериорни над останатите во интелектуална, морална, политичка и социјална смисла. Нарцисоидните чувствуваат голема важност, бараат внимание и бараат да бидат обожувани, сметаат дека повеќе заслужуваат, дека повеќе вредат од другите, а често кај нив се забележува и отсуство на емпатија. Секој од нас има одредена здрава потреба за препознавање, пофалба и почит од другите, потреба за самореализација и успех, но за разлика од здравата популација, нарцисоидните типови имаат потреба да ги остварат овие потреби по секоја цена, честопати на туѓа штета. Некои општи бихејвиорални показатели на нарцизмот се преувеличувањето на сопствените постигнувања, ароганцијата и надменоста, како и високата пребирливост на луѓето со кои нарцисот општи. Не се дружат они со секого бидејќи нив можат да ги разберат само „специјални други“ кои имаат капацитет да ја восприемат и сфатат нивната „грандиозност“. Обично тежнеат да се опкружуваат со луѓе од висок статус (според нивната перцепција) и избегнуваат да се дружат со луѓе „пониски“ од нив. Во нивните односи со другите можат да делуваат шармантно, често и харизматично, знаат да остават одличен прв впечаток, но обично не формираат долготрајни пријателства и врски. Поголеми епидемиолошки студии на застапеноста на нарцисоидното нарушување на личноста, барем во САД, покажуваат дека 6.2% од генералната популација спаѓа во оваа категорија според Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања и нарцизмот е позастапен кај мажите за отприлика 1.5 пати повеќе во однос на жените.

Патолошките нарциси посебно се опасни и деструктивни за општествата доколку се дочепат на високи позиции на власт, преку макијавелистичко избоксување кон врвот или пак доколку се најдат во власта по некоја случајност. За нарцисоидниот лидер нема други мислења, нема критика на неговите одлуки, тој знае најдобро, тој одлучува најпаметно и не го интерисира мислењето на обичната раја. Посебно ако стане главатар без избори, таквиот уште повеќе си ја утврдува сопствената лажна грандиозност и уште повеќе самоуверено мисли дека природно му следува царство – за да биде цар. А гол е. Не само што не го интересира мислењето на обичните „овци“, туку смета дека треба уште и да му бидат благодарни што можат да уживаат во благодетите од неговите совршени политики, неговата дарежливост и неговото полубоженство. Заборавајќи на целиот концепт на демократијата, во која основен принцип е довербата и одобрувањето на мнозинството кое дава согласност на избори, нарцисоидната месија смета дека само таа има право да одлучува, да командува, да си игра со небитните животи на стотици илјади граѓани. Месијата мора да носи „тешки одлуки“, во името на сите, за наше „добро“, бидејќи само тој знае што е добро не само за оваа генерација, туку и за идните коишто доаѓаат. Нарцисоидниот лидер мисли дека Уставот на земјата е обична тетратка која може да ја чкрта и ѕврцка колку сака и како сака, може да брише и допишува, да кине листови и да си прави авиончиња. Арогантно смета дека може да потпишува договори во име на граѓаните без да ги праша, да им наметнува понижувачки називи на државата, да им менува историја, јазик и идентитет, да им кажува каков леб да јадат и колку треба да му бидат благодарни што воопшто го има (секој втор ден). Ако нешто тргне на погрешно, само во тој случај тоа не е негова вина и одговорност, бидејќи грешката е секогаш кај другите и таа мора да се случила само затоа што не го послушале неговото ценето мислење. Грандиозноста на лидерот никако не смее да биде доведена во прашање – дури и на најмала критика, месијата реагира со ароганција и гнев, веднаш бара извинување и испраќање на престапникот во гулаг. На прашањета на јавноста одговара исклучиво со цинизам додека прима плата од истата таа јавност – веројатно за него тоа е природна состојба на нештата. Ќе јаде, ќе пие колку што сака – и никој не смее да зуцне. Во светот на нарцисоидниот лидер секоја идеја која е спротивна на неговите е аморална и зла и веднаш смета дека има право да возврати на аморален и осветољубив начин. Своето лошо владеење и слугување на туѓи интереси додека си го камшикува сопствениот народ, ментално си го самоправда нарекувајќи ги „реалполитик“ и „прагма“, без притоа воопшто да помисли за штетата која прави, без трошка грижа на совеста. За него, целта ги оправдува средствата. А реалноста е следна: самоназначените божества, самозаљубените нарциси, неминовно носат нерационални одлуки и прават огромна штета на сегашните и на идните генерации. Треба да ги оставиме да овенат.

The post Големиот нарцизам на малите луѓе appeared first on Република.

]]>

Еден од најраскажуваните митови во историјата е митот за Нарцис и неговата деструктивна убавина. Уште познатиот римски поет Овидиј кој живеел околу почетокот на новата ера, во една од своите книги насловена како „Нарцис и Ехо“ раскажува за убавиот ловец во кој се вљубила планинската нимфа Ехо и оддалеку, незабележливо го следела. Во еден момент Ехо конечно смогнала храброст и му дала љубовен сигнал, но овој штом ја забележал, веднаш ја отфрлил. Со скршено срце, Ехо се повлекла испуштајќи спорадични ехоа на тивок лелек од скршено срце кои се слушале од далечината. Штом разбрала за љубовниот инцидент божицата на одмаздата Немезида која била и заштитничка на Ехо, гневна, го намамила Нарцис до езерце со мирна вода во која овој си го видел својот одраз во бистрата вода беспомошно заљубувајќи се во истиот и неможејќи да престане да гледа и да се оттргне, се претворил во нарцис цвет. Модерното поимање на митот се однесува на луѓе кои патолошки се преокупирани со себе, се сметаат за супериорни над останатите во интелектуална, морална, политичка и социјална смисла. Нарцисоидните чувствуваат голема важност, бараат внимание и бараат да бидат обожувани, сметаат дека повеќе заслужуваат, дека повеќе вредат од другите, а често кај нив се забележува и отсуство на емпатија. Секој од нас има одредена здрава потреба за препознавање, пофалба и почит од другите, потреба за самореализација и успех, но за разлика од здравата популација, нарцисоидните типови имаат потреба да ги остварат овие потреби по секоја цена, честопати на туѓа штета. Некои општи бихејвиорални показатели на нарцизмот се преувеличувањето на сопствените постигнувања, ароганцијата и надменоста, како и високата пребирливост на луѓето со кои нарцисот општи. Не се дружат они со секого бидејќи нив можат да ги разберат само „специјални други“ кои имаат капацитет да ја восприемат и сфатат нивната „грандиозност“. Обично тежнеат да се опкружуваат со луѓе од висок статус (според нивната перцепција) и избегнуваат да се дружат со луѓе „пониски“ од нив. Во нивните односи со другите можат да делуваат шармантно, често и харизматично, знаат да остават одличен прв впечаток, но обично не формираат долготрајни пријателства и врски. Поголеми епидемиолошки студии на застапеноста на нарцисоидното нарушување на личноста, барем во САД, покажуваат дека 6.2% од генералната популација спаѓа во оваа категорија според Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања и нарцизмот е позастапен кај мажите за отприлика 1.5 пати повеќе во однос на жените. Патолошките нарциси посебно се опасни и деструктивни за општествата доколку се дочепат на високи позиции на власт, преку макијавелистичко избоксување кон врвот или пак доколку се најдат во власта по некоја случајност. За нарцисоидниот лидер нема други мислења, нема критика на неговите одлуки, тој знае најдобро, тој одлучува најпаметно и не го интерисира мислењето на обичната раја. Посебно ако стане главатар без избори, таквиот уште повеќе си ја утврдува сопствената лажна грандиозност и уште повеќе самоуверено мисли дека природно му следува царство – за да биде цар. А гол е. Не само што не го интересира мислењето на обичните „овци“, туку смета дека треба уште и да му бидат благодарни што можат да уживаат во благодетите од неговите совршени политики, неговата дарежливост и неговото полубоженство. Заборавајќи на целиот концепт на демократијата, во која основен принцип е довербата и одобрувањето на мнозинството кое дава согласност на избори, нарцисоидната месија смета дека само таа има право да одлучува, да командува, да си игра со небитните животи на стотици илјади граѓани. Месијата мора да носи „тешки одлуки“, во името на сите, за наше „добро“, бидејќи само тој знае што е добро не само за оваа генерација, туку и за идните коишто доаѓаат. Нарцисоидниот лидер мисли дека Уставот на земјата е обична тетратка која може да ја чкрта и ѕврцка колку сака и како сака, може да брише и допишува, да кине листови и да си прави авиончиња. Арогантно смета дека може да потпишува договори во име на граѓаните без да ги праша, да им наметнува понижувачки називи на државата, да им менува историја, јазик и идентитет, да им кажува каков леб да јадат и колку треба да му бидат благодарни што воопшто го има (секој втор ден). Ако нешто тргне на погрешно, само во тој случај тоа не е негова вина и одговорност, бидејќи грешката е секогаш кај другите и таа мора да се случила само затоа што не го послушале неговото ценето мислење. Грандиозноста на лидерот никако не смее да биде доведена во прашање – дури и на најмала критика, месијата реагира со ароганција и гнев, веднаш бара извинување и испраќање на престапникот во гулаг. На прашањета на јавноста одговара исклучиво со цинизам додека прима плата од истата таа јавност – веројатно за него тоа е природна состојба на нештата. Ќе јаде, ќе пие колку што сака – и никој не смее да зуцне. Во светот на нарцисоидниот лидер секоја идеја која е спротивна на неговите е аморална и зла и веднаш смета дека има право да возврати на аморален и осветољубив начин. Своето лошо владеење и слугување на туѓи интереси додека си го камшикува сопствениот народ, ментално си го самоправда нарекувајќи ги „реалполитик“ и „прагма“, без притоа воопшто да помисли за штетата која прави, без трошка грижа на совеста. За него, целта ги оправдува средствата. А реалноста е следна: самоназначените божества, самозаљубените нарциси, неминовно носат нерационални одлуки и прават огромна штета на сегашните и на идните генерации. Треба да ги оставиме да овенат.

The post Големиот нарцизам на малите луѓе appeared first on Република.

]]>
Дали нешто ќе научиме? https://arhiva3.republika.mk/kolumni/dali-neshto-ke-nauchime/ Wed, 15 Feb 2023 16:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=609407

Атанас Кирјаковски

Илјадници исчезнаа во тоа кобно ранофевруарско утро на југот од Турција и северот од Сирија. Светот е во неверување, длабока тага и стаписаност додека сѐ уште трае трката со студот во обидот за спасување на што е можно повеќе луѓе од урнатините на провинциите Кахраманмараш и Газиантеп и околните погодени предели. Досега повеќе од 37,000 загинале што го прави овој земјотрес еден од најсмртоностните во историјата на регионот. За жал, ваквите апокалиптични земјотреси не се случуваат за првпат. Иста магнитуда од 7.8 според Рихтеровата скала имал и земјотресот од декември 1939 г. во Ерзинџан во кој имало сличен број загинати, а многумина сѐ уште јасно се сеќаваат и на земјотресот од Измит во 1999 г. во која загинаа преку 17,000 лица. За жал, Турција, Сирија и целиот тој поширок регион се трусно подрачје поради поставеноста на Анатолиската тектонска плоча која одвреме-навреме се поместува предизвикувајќи сериозни потреси.

Зарем има зборови што можат да ја опишат човечката трагедија од овој земјотрес или од било кој друг земјотрес со слични последици? Добро познати ни се сликите на прав и пепел, бескрајното бетонско сивило кое голта сѐ што ќе му се најде на патот, во чија утроба се заробени илјадници. Едноставно не постојат зборови кои можат да го опишат траурот. Но мора да си го поставиме насушното прашање, барем ние тука, во Република Македонија, во земјата која еднаш не така одамна – исто така настрадала од разорен земјотрес и во која има потенцијал повторно да настрада. Што може да извлечеме како поука?

Пред сѐ, последните трагични земјотреси се само уште едно потсетување дека природата е сурова и дека човекот е премногу ранлив. Природата ни е мајка, но и маќеа. Во најголем дел од времето е прекрасна, но понекогаш знае да биде исклучително брутална кон нас. Не смееме да се опуштаме, мора да бидеме скромни и да гледаме на неа со почит. Мора да ја сфатиме сериозно и да не забораваме со леснотија зошто цивилизациите постојат, зошто постојат општествата, зошто упорно човекот се организира, бира влади, создава секакви институции и организиран труд – болници, училишта, спасувачки служби, инспекторати и контролни тела, армии, земјоделие, сточарство, фабрики, цели градови, комуникациски нексузи и што ли уште не – токму со цел да се заштити и да си помогне на самиот себеси кога природата ќе се налути. Или барем така би требало да биде.

Следејќи го тој принцип, мудра и одговорна влада веднаш би почнала со проверка на градбите во Република Македонија поучена од огромната трагедија во Турција и Сирија. Веднаш би организирала обуки на своето население, веднаш би почнала да создава капацитети од секаков вид (од збиралишта до залихи), би ги подготвила веќе постоечките јавни капацитети како што се училишните згради на пример, за брза трансформација доколу – не дај боже – тоа би било потребно. Толку многу несреќа може да се спречи ако некој мисли и планира за иднината, ако работи одговорно, ако се грижи за другите наместо да мисли само на сопствениот џеб и партија. Дали на терен гледаме нешто такво? Дали сме сигурни во какви згради живееме, дали се чувствуваме безбедни? Колку вредат евтините пораки на сочувство, моралното сигнализирање и деновите на жалост? Ќе им помогнат ли суштински на настраданите? Не.

Можеме себеси бескрајно да се самозалажуваме, да одбиваме да ја прифатиме реалноста цицајќи од игнорантниот нектар на социјалните мрежи, да замижуваме на опасноста и неправдата само затоа што не можеме да се соочиме со негативните емоции кои ги носат. Одбираме да бидеме игноратни заради удобност и целосно забораваме всушност дека сето ова „уживање“ може да го снема за миг. Забораваме дека едно општество мора активно и напорно постојано да работи на својата кондиција, да биде подготвено кога несреќата ќе се случи, а некој ден – сигурно ќе се случи. Но тогаш, веќе ќе биде предоцна.

The post Дали нешто ќе научиме? appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Илјадници исчезнаа во тоа кобно ранофевруарско утро на југот од Турција и северот од Сирија. Светот е во неверување, длабока тага и стаписаност додека сѐ уште трае трката со студот во обидот за спасување на што е можно повеќе луѓе од урнатините на провинциите Кахраманмараш и Газиантеп и околните погодени предели. Досега повеќе од 37,000 загинале што го прави овој земјотрес еден од најсмртоностните во историјата на регионот. За жал, ваквите апокалиптични земјотреси не се случуваат за првпат. Иста магнитуда од 7.8 според Рихтеровата скала имал и земјотресот од декември 1939 г. во Ерзинџан во кој имало сличен број загинати, а многумина сѐ уште јасно се сеќаваат и на земјотресот од Измит во 1999 г. во која загинаа преку 17,000 лица. За жал, Турција, Сирија и целиот тој поширок регион се трусно подрачје поради поставеноста на Анатолиската тектонска плоча која одвреме-навреме се поместува предизвикувајќи сериозни потреси. Зарем има зборови што можат да ја опишат човечката трагедија од овој земјотрес или од било кој друг земјотрес со слични последици? Добро познати ни се сликите на прав и пепел, бескрајното бетонско сивило кое голта сѐ што ќе му се најде на патот, во чија утроба се заробени илјадници. Едноставно не постојат зборови кои можат да го опишат траурот. Но мора да си го поставиме насушното прашање, барем ние тука, во Република Македонија, во земјата која еднаш не така одамна – исто така настрадала од разорен земјотрес и во која има потенцијал повторно да настрада. Што може да извлечеме како поука? Пред сѐ, последните трагични земјотреси се само уште едно потсетување дека природата е сурова и дека човекот е премногу ранлив. Природата ни е мајка, но и маќеа. Во најголем дел од времето е прекрасна, но понекогаш знае да биде исклучително брутална кон нас. Не смееме да се опуштаме, мора да бидеме скромни и да гледаме на неа со почит. Мора да ја сфатиме сериозно и да не забораваме со леснотија зошто цивилизациите постојат, зошто постојат општествата, зошто упорно човекот се организира, бира влади, создава секакви институции и организиран труд – болници, училишта, спасувачки служби, инспекторати и контролни тела, армии, земјоделие, сточарство, фабрики, цели градови, комуникациски нексузи и што ли уште не – токму со цел да се заштити и да си помогне на самиот себеси кога природата ќе се налути. Или барем така би требало да биде. Следејќи го тој принцип, мудра и одговорна влада веднаш би почнала со проверка на градбите во Република Македонија поучена од огромната трагедија во Турција и Сирија. Веднаш би организирала обуки на своето население, веднаш би почнала да создава капацитети од секаков вид (од збиралишта до залихи), би ги подготвила веќе постоечките јавни капацитети како што се училишните згради на пример, за брза трансформација доколу – не дај боже – тоа би било потребно. Толку многу несреќа може да се спречи ако некој мисли и планира за иднината, ако работи одговорно, ако се грижи за другите наместо да мисли само на сопствениот џеб и партија. Дали на терен гледаме нешто такво? Дали сме сигурни во какви згради живееме, дали се чувствуваме безбедни? Колку вредат евтините пораки на сочувство, моралното сигнализирање и деновите на жалост? Ќе им помогнат ли суштински на настраданите? Не. Можеме себеси бескрајно да се самозалажуваме, да одбиваме да ја прифатиме реалноста цицајќи од игнорантниот нектар на социјалните мрежи, да замижуваме на опасноста и неправдата само затоа што не можеме да се соочиме со негативните емоции кои ги носат. Одбираме да бидеме игноратни заради удобност и целосно забораваме всушност дека сето ова „уживање“ може да го снема за миг. Забораваме дека едно општество мора активно и напорно постојано да работи на својата кондиција, да биде подготвено кога несреќата ќе се случи, а некој ден – сигурно ќе се случи. Но тогаш, веќе ќе биде предоцна.

The post Дали нешто ќе научиме? appeared first on Република.

]]>
Дали навистина сме беспомошни? (прв дел) https://arhiva3.republika.mk/kolumni/dali-navistina-sme-bespomoshni-prv-del/ Wed, 04 Jan 2023 12:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=593539

Атанас Кирјаковски

Во 1967 година еден млад постдипломец шета низ темните и долги ходници на Универзитетот во Пенсилванија. Додека неговите чекори одекнуваат низ мермерното ехо, Мартин Селигман размислува за тоа зошто некои од неговите колеги честопати се пасивни, демотивирани, зошто лесно се откажуваат дури и од решавањето на наједноставните задачи и предизвици, зошто постојано се жалат како ништо не им оди од рака и како не можат да си ја променат „судбината“.

Од крајот на долгиот ходник се слуша спорадично кучешко лаење и квици. „Да побрзам, веќе ме чекаат да почнеме со експериментот“ – Мартин го забрзува својот од, притоа внимавајќи да не си го извалка белиот мантил од ѕидовите. Во лабораторијата, неговиот соработник Стив Маиер веќе го има поставено апаратусот – „шатл“ кутија чиј под е обложен со електрична решетка преку која повремено протекува струја (Слика 1). „Добро утро Стив, извини што доцнам“, промрморува Мартин. „Нема проблем, ајде, кучињата се веќе во кутијата“, одговара Стив.

Слика 1. Типична „шатл“ кутија која се користи во бихејвиорални екперименти за класично и инструментално учење со животни. На подот се наоѓаат решетки низ кои контролирано може да се пушта струја како стресор за животното кое се наоѓа во кутијата. Исто така кутијата може да содржи разни сигнализирачки елементи како на пр. ѕвонче, светилка, звучник, итн., кои слушат за сигнализација на опасност или каква и да е стимулација којашто дополнително следува. (Права: Rose M. Spielman, PhD, CC BY 4.0)

Во нивните експерименти, младите психолози ја тестираат идејата дали кучињата можат да научат да предвидат и избегнат електричен шок произведен од подната решетка во кутијата, прескокнувајќи од една во друга безструјна комора, врз основа на предупредувачки тон кој доаѓа претходно. На нивно длабоко вчудовидување, двајцата истражувачи забележуваат дека кучињата наместо да направат лесен прескок кон локацијата без електричен шок, некои од нив пасивно лежат цвикајќи, стутулени и во агонија, без притоа да направат обид да го избегнат непријатниот електричен стресор.

Листајќи ги своите лабораториски белешки, Мартин забележува дека оние кучиња кои не прават обид да го избегнат електричниот шок се истите оние кои претходно по случаен избор се нашле во друга екпериментална ситуација каде постојано биле изложувани на електрични шокови, но без можност нешто да направат во врска со тоа. Во тој момент младиот психолог сфаќа дека таквите кучиња станале „беспомошни“, односно научиле дека ништо не можат да направат за да ја запрат агонијата и не се обидуваат да се спасат ниту во новите околности во кои всушност многу лесно можат да се спасат.

И така се раѓа феноменот наречен „научена беспомошност“. Во формална смисла, научената беспомошност настанува откако едно животно е изложено на постојани и репетитивни стресори кои се вон негова контрола, при што тоа животно станува пасивно, летаргично и демотивирано, односно учи да биде беспомошно и не се обидува да се спаси дури и кога ќе се најде во нова стресна ситуација од која всушност може лесно да излезе.

Во студијата на Селигман и Маиер (1967) исто така биле вклучени и други групи на кучиња кои за разлика од беспомошната група, биле способни да научат да ја избегнуваат непријатната ситуација, односно да прескокнат во безбедната комора, пред сѐ бидејќи претходно имале прилика да го запрат шокирањето преку притискање на рачка, односно имале контрола врз ситуацијата. За разлика од нив, беспомошната група едноставно – остала беспомошна.

Според денешните етички стандарди ваков вид на третман на животните не би ги поминал етичките комисии, но благодарение на 60-тите и 70-тите години од минатиот век кога ваквите експерименти биле дозволени, науката стекнала исклучително важно знаење во однос на научената беспомошност за која сега е потврдено дека постои и кај други видови животни, како на пр. глодари, мачки, птици, риби, инсекти, примати – вклучително и човекот.

Еден од подоцнежните соработници на Селигман, Доналд Хирото, успева да го репродуцира овој ефект кај група студенти по психологија од Универзитетот во Портланд во 1974 година, кои наместо електричен шок, биле изложувани на непријатен и гласен звук. Групата на која претходно ѝ било дозволено да го исклучува непријатниот звук, односно имала контрола врз истиот, била далеку посупериорна во решавањето загатки од другата група која немала претходно контрола врз звукот, што води до заклучокот дека немањето контролата врз стресорите од околината влијае на способноста за резонирање и решавање на проблемите. Студијата на Хирото исто така покажала дека магнитудата на научената беспомошност делумно е функција и од локусот на контрола, кој може да биде внатрешен и надворешен. Луѓето со внатрешен локус на контрола веруваат дека имаат контрола врз своите животи, додека луѓе со надворешен локус на контрола веруваат дека нивните животи зависат од околностите и другите луѓе. Ефектот на научената беспомошност е доста помал кај луѓе со внатрешен локус на контрола.

Уште поинтересен е и фактот што научената беспомошност може да се предизвика и со далеку посуптилни експериментални манипулации отколку електрични шокови и непријатни тонови. Пример е студијата на Хирото и Селигман (1975) во која демонстрираат дека луѓето учат да бидат беспомошни дури и кога се изложени на нерешливи анаграми, односно нерешливи когнитивни задачи кои подоцна предизвикуваат брзо и рано откажување и пасивност во решавање на други релативно лесно решливи когнитивни задачи. Од поедноставените животни примери кои ја пресликуваат ваквата студија, честопати може да се забележат студенти и ученици кои лесно се откажуваат на испити и тестови поради претходни негативни искуства кога паднале на испит или пак добиле ниска оценка на тестот. Во видеото подолу, може да се погледне демонстрација на верзија од студијата на Хирото и Селигман со ученици кои се поделени без нивно знаење во две групи од кои едната добива „лесни“ анаграми за решавање, а другата група „тешки“ и погледнете како дури и со ваква едноставна манипулација може една група да се доведе во психолошка состојба на беспомошност (видеото е на англиски јазик).

https://youtube.com/watch?v=gFmFOmprTt0&feature=shares

Селигман во неговите постари години, согледувајќи ги разните студии за научената беспомошност кај животните и луѓето, го менува првобитниот впечаток дека научената беспомошност се стекнува преку некакво инструментално учење и доаѓа до заклучокот дека беспомошноста произлегува од негативна когнитивна интерпретација на аверзивните настани, односно беспомошноста настанува откако луѓето ќе научат да веруваат дека се беспомошни. Врз основа на ова сознание, Селигман дури и предлага дека механизмот на научената беспомошност е всушност иницијатор и модулатор на клиничките депресии.

Тука завршува првиот дел од оваа колумна. Наскоро следува и втор дел во кој се анализира како психолошкиот феномен на научена беспомошност се злоупотребува во општеството од страна на политичките структури и власта.

The post Дали навистина сме беспомошни? (прв дел) appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Во 1967 година еден млад постдипломец шета низ темните и долги ходници на Универзитетот во Пенсилванија. Додека неговите чекори одекнуваат низ мермерното ехо, Мартин Селигман размислува за тоа зошто некои од неговите колеги честопати се пасивни, демотивирани, зошто лесно се откажуваат дури и од решавањето на наједноставните задачи и предизвици, зошто постојано се жалат како ништо не им оди од рака и како не можат да си ја променат „судбината“. Од крајот на долгиот ходник се слуша спорадично кучешко лаење и квици. „Да побрзам, веќе ме чекаат да почнеме со експериментот“ – Мартин го забрзува својот од, притоа внимавајќи да не си го извалка белиот мантил од ѕидовите. Во лабораторијата, неговиот соработник Стив Маиер веќе го има поставено апаратусот – „шатл“ кутија чиј под е обложен со електрична решетка преку која повремено протекува струја (Слика 1). „Добро утро Стив, извини што доцнам“, промрморува Мартин. „Нема проблем, ајде, кучињата се веќе во кутијата“, одговара Стив. Слика 1. Типична „шатл“ кутија која се користи во бихејвиорални екперименти за класично и инструментално учење со животни. На подот се наоѓаат решетки низ кои контролирано може да се пушта струја како стресор за животното кое се наоѓа во кутијата. Исто така кутијата може да содржи разни сигнализирачки елементи како на пр. ѕвонче, светилка, звучник, итн., кои слушат за сигнализација на опасност или каква и да е стимулација којашто дополнително следува. (Права: Rose M. Spielman, PhD, CC BY 4.0) Во нивните експерименти, младите психолози ја тестираат идејата дали кучињата можат да научат да предвидат и избегнат електричен шок произведен од подната решетка во кутијата, прескокнувајќи од една во друга безструјна комора, врз основа на предупредувачки тон кој доаѓа претходно. На нивно длабоко вчудовидување, двајцата истражувачи забележуваат дека кучињата наместо да направат лесен прескок кон локацијата без електричен шок, некои од нив пасивно лежат цвикајќи, стутулени и во агонија, без притоа да направат обид да го избегнат непријатниот електричен стресор. Листајќи ги своите лабораториски белешки, Мартин забележува дека оние кучиња кои не прават обид да го избегнат електричниот шок се истите оние кои претходно по случаен избор се нашле во друга екпериментална ситуација каде постојано биле изложувани на електрични шокови, но без можност нешто да направат во врска со тоа. Во тој момент младиот психолог сфаќа дека таквите кучиња станале „беспомошни“, односно научиле дека ништо не можат да направат за да ја запрат агонијата и не се обидуваат да се спасат ниту во новите околности во кои всушност многу лесно можат да се спасат. И така се раѓа феноменот наречен „научена беспомошност“. Во формална смисла, научената беспомошност настанува откако едно животно е изложено на постојани и репетитивни стресори кои се вон негова контрола, при што тоа животно станува пасивно, летаргично и демотивирано, односно учи да биде беспомошно и не се обидува да се спаси дури и кога ќе се најде во нова стресна ситуација од која всушност може лесно да излезе. Во студијата на Селигман и Маиер (1967) исто така биле вклучени и други групи на кучиња кои за разлика од беспомошната група, биле способни да научат да ја избегнуваат непријатната ситуација, односно да прескокнат во безбедната комора, пред сѐ бидејќи претходно имале прилика да го запрат шокирањето преку притискање на рачка, односно имале контрола врз ситуацијата. За разлика од нив, беспомошната група едноставно – остала беспомошна. Според денешните етички стандарди ваков вид на третман на животните не би ги поминал етичките комисии, но благодарение на 60-тите и 70-тите години од минатиот век кога ваквите експерименти биле дозволени, науката стекнала исклучително важно знаење во однос на научената беспомошност за која сега е потврдено дека постои и кај други видови животни, како на пр. глодари, мачки, птици, риби, инсекти, примати – вклучително и човекот. Еден од подоцнежните соработници на Селигман, Доналд Хирото, успева да го репродуцира овој ефект кај група студенти по психологија од Универзитетот во Портланд во 1974 година, кои наместо електричен шок, биле изложувани на непријатен и гласен звук. Групата на која претходно ѝ било дозволено да го исклучува непријатниот звук, односно имала контрола врз истиот, била далеку посупериорна во решавањето загатки од другата група која немала претходно контрола врз звукот, што води до заклучокот дека немањето контролата врз стресорите од околината влијае на способноста за резонирање и решавање на проблемите. Студијата на Хирото исто така покажала дека магнитудата на научената беспомошност делумно е функција и од локусот на контрола, кој може да биде внатрешен и надворешен. Луѓето со внатрешен локус на контрола веруваат дека имаат контрола врз своите животи, додека луѓе со надворешен локус на контрола веруваат дека нивните животи зависат од околностите и другите луѓе. Ефектот на научената беспомошност е доста помал кај луѓе со внатрешен локус на контрола. Уште поинтересен е и фактот што научената беспомошност може да се предизвика и со далеку посуптилни експериментални манипулации отколку електрични шокови и непријатни тонови. Пример е студијата на Хирото и Селигман (1975) во која демонстрираат дека луѓето учат да бидат беспомошни дури и кога се изложени на нерешливи анаграми, односно нерешливи когнитивни задачи кои подоцна предизвикуваат брзо и рано откажување и пасивност во решавање на други релативно лесно решливи когнитивни задачи. Од поедноставените животни примери кои ја пресликуваат ваквата студија, честопати може да се забележат студенти и ученици кои лесно се откажуваат на испити и тестови поради претходни негативни искуства кога паднале на испит или пак добиле ниска оценка на тестот. Во видеото подолу, може да се погледне демонстрација на верзија од студијата на Хирото и Селигман со ученици кои се поделени без нивно знаење во две групи од кои едната добива „лесни“ анаграми за решавање, а другата група „тешки“ и погледнете како дури и со ваква едноставна манипулација може една група да се доведе во психолошка состојба на беспомошност (видеото е на англиски јазик). https://youtube.com/watch?v=gFmFOmprTt0&feature=shares Селигман во неговите постари години, согледувајќи ги разните студии за научената беспомошност кај животните и луѓето, го менува првобитниот впечаток дека научената беспомошност се стекнува преку некакво инструментално учење и доаѓа до заклучокот дека беспомошноста произлегува од негативна когнитивна интерпретација на аверзивните настани, односно беспомошноста настанува откако луѓето ќе научат да веруваат дека се беспомошни. Врз основа на ова сознание, Селигман дури и предлага дека механизмот на научената беспомошност е всушност иницијатор и модулатор на клиничките депресии. Тука завршува првиот дел од оваа колумна. Наскоро следува и втор дел во кој се анализира како психолошкиот феномен на научена беспомошност се злоупотребува во општеството од страна на политичките структури и власта.

The post Дали навистина сме беспомошни? (прв дел) appeared first on Република.

]]>
Зошто ни се потребни херои? https://arhiva3.republika.mk/kolumni/zoshto-ni-se-potrebni-heroi/ Tue, 27 Dec 2022 19:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=590700

Атанас Кирјаковски

Спротивно на популарното мислење, хероите се обични луѓе. Како мене и тебе. Немаат натчовечки моќи и не живеат подолго од нас. Тие се меѓу нас, тие се дел од нас. Најчесто невидливи и незнајни. Волшебното е во тоа што и јас и ти можеме да бидеме херои – доколку се ослободиме од оковите на стравот и себичноста.

Секој од нас катаден се наоѓа во ситуација да биде херој. Проблемот е дали го препознаваме тоа. Дали избираме да бидеме херојот. Таа теоретска бабичка која има потешкотии да го премине булеварот, тоа архетипно детенце коешто проси на улица, тоа семејство во она оддалечено место коешто гладува – се повиците за нашето херојство. Можеме да помогнеме, малку треба за тоа. Нашите напори и алтруистички загуби се ништожни во однос на придобивките за оние за коишто се грижиме. Нема мали и големи херои – има само херои и кукавици.

Херојството не е и без корист за самиот херој. Едно од најдлабоките човекови чувства на задоволство и вредност е да помогнеш некому. Да направиш добро дело и усреќиш некој друг. Да решиш нечиј проблем. Само така среќата на другиот можеш да ја почувстуваш како своја, како заедничка, споделена, неколкупати засилена. Она што тебе ти изгледа мало и незначително, за некој можеби е монументално и витално. Понекогаш дури и без да добиеш признание и благодарност. Без возврат. Чувството дека си херој е доволно самото посебе. Таа софистицирана убавина да препознаваш добрина е вредност која треба да се негува. За таквата убавина плачеме на филмови и добри книги, но некако забораваме дека и ние имаме шанса во реалноста за добри дела. И покрај тоа што реалноста е сурово ентропична, ладна и нихилистичка, сепак нашата човечност има сила да ѝ се спротистави – имаме можност да бидеме херои.

Се чини последните неколку години доведоа до ерозија на моралните вредности во Република Македонија. Да се биде херој е да се биде лековерна будала која верува во идеали. Наивен, себеризичен, бесцелен наивник – херојот во македонското општество е селската будала. Тој не менува ништо, наивно верува во идеали додека сите останати ја знаат „вистината“ и гледаат на него со сожалување и недоверба. Тие знаат „подобро“, тие се „искусните“, а тој – „глупавиот“. А сето тоа е само изговор за таквите коишто преферираат да бидат себични и одбиваат да работат на себе со цел да станат подобри човечки суштества за себе и за другите. Изговори затрупани со нови изговори. Лажна приспивна песничка за убав сон која всушност води до повторно будење во нов кошмар.

Но ултимативно нема песни за таквите. Нема спомен за кукавиците. Не постои верзија на кукавички Одисеј или плашлив Гоце Делчев кои се воспеваат. Хероите живеат. Хероите се слават. Хероите инспирираат, даваат надеж и смисла и време е да ги најдеме истите во Македонијава. Време е престанеме да живееме во траумата нанесена од обезличувањето и деградирањето на државата, омаловажувањето на македонскиот народ со потпишувањето на разно-разните цинично именувани спогодби и договори за „добрососедство“ и „решавање спорови“. Време е да најдеме нови херои и да се потсетиме на старите. Време е да најдеме нова смисла на нашето постоење. Нова храброст и пожртвуваност. Нов извор на љубов, припадност и сакање. Одново себепронаоѓање и навраќање кон тоа што значи да се биде човекољубец. Да се биде херој. Бидејќи тоа ни е најпотребно.

The post Зошто ни се потребни херои? appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Спротивно на популарното мислење, хероите се обични луѓе. Како мене и тебе. Немаат натчовечки моќи и не живеат подолго од нас. Тие се меѓу нас, тие се дел од нас. Најчесто невидливи и незнајни. Волшебното е во тоа што и јас и ти можеме да бидеме херои – доколку се ослободиме од оковите на стравот и себичноста. Секој од нас катаден се наоѓа во ситуација да биде херој. Проблемот е дали го препознаваме тоа. Дали избираме да бидеме херојот. Таа теоретска бабичка која има потешкотии да го премине булеварот, тоа архетипно детенце коешто проси на улица, тоа семејство во она оддалечено место коешто гладува – се повиците за нашето херојство. Можеме да помогнеме, малку треба за тоа. Нашите напори и алтруистички загуби се ништожни во однос на придобивките за оние за коишто се грижиме. Нема мали и големи херои – има само херои и кукавици. Херојството не е и без корист за самиот херој. Едно од најдлабоките човекови чувства на задоволство и вредност е да помогнеш некому. Да направиш добро дело и усреќиш некој друг. Да решиш нечиј проблем. Само така среќата на другиот можеш да ја почувстуваш како своја, како заедничка, споделена, неколкупати засилена. Она што тебе ти изгледа мало и незначително, за некој можеби е монументално и витално. Понекогаш дури и без да добиеш признание и благодарност. Без возврат. Чувството дека си херој е доволно самото посебе. Таа софистицирана убавина да препознаваш добрина е вредност која треба да се негува. За таквата убавина плачеме на филмови и добри книги, но некако забораваме дека и ние имаме шанса во реалноста за добри дела. И покрај тоа што реалноста е сурово ентропична, ладна и нихилистичка, сепак нашата човечност има сила да ѝ се спротистави – имаме можност да бидеме херои. Се чини последните неколку години доведоа до ерозија на моралните вредности во Република Македонија. Да се биде херој е да се биде лековерна будала која верува во идеали. Наивен, себеризичен, бесцелен наивник – херојот во македонското општество е селската будала. Тој не менува ништо, наивно верува во идеали додека сите останати ја знаат „вистината“ и гледаат на него со сожалување и недоверба. Тие знаат „подобро“, тие се „искусните“, а тој – „глупавиот“. А сето тоа е само изговор за таквите коишто преферираат да бидат себични и одбиваат да работат на себе со цел да станат подобри човечки суштества за себе и за другите. Изговори затрупани со нови изговори. Лажна приспивна песничка за убав сон која всушност води до повторно будење во нов кошмар. Но ултимативно нема песни за таквите. Нема спомен за кукавиците. Не постои верзија на кукавички Одисеј или плашлив Гоце Делчев кои се воспеваат. Хероите живеат. Хероите се слават. Хероите инспирираат, даваат надеж и смисла и време е да ги најдеме истите во Македонијава. Време е престанеме да живееме во траумата нанесена од обезличувањето и деградирањето на државата, омаловажувањето на македонскиот народ со потпишувањето на разно-разните цинично именувани спогодби и договори за „добрососедство“ и „решавање спорови“. Време е да најдеме нови херои и да се потсетиме на старите. Време е да најдеме нова смисла на нашето постоење. Нова храброст и пожртвуваност. Нов извор на љубов, припадност и сакање. Одново себепронаоѓање и навраќање кон тоа што значи да се биде човекољубец. Да се биде херој. Бидејќи тоа ни е најпотребно.

The post Зошто ни се потребни херои? appeared first on Република.

]]>
За идентитетот и неговото убивање https://arhiva3.republika.mk/kolumni/za-identitetot-i-negovoto-ubivanje/ Thu, 15 Dec 2022 21:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=586231

Атанас Кирјаковски

Идентитет е збор кој често се изговара во етерот после трауматската и насилна промена на државното име. Кај многумина Македонци постои загриженост дека тој – спротивно од волјата на мнозинството – се менува. Истовремено, Заевите потомци сѐ уште се чукају и ударају у грудима нивнима дека наводно го „штитат“ – апсурдно тврдење по преименувањето и редефинирањето на основните постулати на државава (меѓу другото и бришењето на одлуките на АСНОМ од Уставот по диктатот на Грција). Лично сметам дека ефектот од срамната промена на државното име не е менување, туку губење, распаѓање и создавање на идентитетски вакуум кај Македонците. Таквата состојба е похатотична и пострашна дури и од некаква си „идентитетска замена“.

Околу идентитетот, најгласни се оние коишто најмалку го разбираат и на кои најмалку им е гајле. Таквата комплексна и донекаде апстрактна човекова димензија, како што е идентитетот, бара подлабока анализа и разбирање. Верувам ако било кој од оние виновни за егзибицијата наречена „Северна“ ги запрашате што е тоа идентитет и како го „зачувале“ – нема да знаат да ви одговорат. Да би знаеле што е тоа, не би си играле со таквата скапа играчка која на крајот ја расипаа. Ако започнеме да го анализираме феноменот тргнувајќи од личниот, па потоа подоцна преминувајќи кон колективниот идентитет, веднаш се создава впечаток дека тој е исклучително важен предуслов за здраво психолошко постоење на една индивидуа и еден колектив. Во однос на личноста, важноста на поседувањето здрав идентитет можеби најјасно се отсликува во прирачникот за класификацијата на менталните нарушувања кој го публикува Американската психијатриски асоцијација, каде постои посебна класа на нарушувања кои суштински се поврзани со загубата на идентитетот или пак со разни синдроми на поделба, замена или некаква дисфункција на истиот (заеднички именувани како „дисоцијативни нарушувања“). Прирачникот ваквите нарушувања ги поврзува со тешки трауматски искуства, посебно оние кои се јавиле во раното детство (злоставувања, малтретирања, изживувања, итн.), загрозувајќи го чувството на личниот континуитет и постоењето. Таквите трауми често водат и кон обезличување, а неретко и своевидна амнезија за тоа кој всушност си. Лесно може да се изведе и заклучокот дека, mutatis mutandis – идентитетот е исклучително важен и за целата група, заедница, општество, нација – и сите останати колективни нивоа.

Идентитетот е предмет на повеќедецениско проучување и од страна на современата социјална и когнитивна психологија. Некои од главните теми на интерес се околу тоа како идентитетот се развива и гради, како се дефинира во социјалниот контест и кои се неговите механизми на функционирање. Многумина го истакнуваат својството на идентитетот да даде значење во светот, смисла и цел на индивидуалецот и групата, им овозможува да си ја организираат перцепцијата во корисни социјални категории преку кои ги идентификуваат и разбираат другите луѓе и настани. Идентитетот ни овозможува чувство на припадност и вредност во дадена група со која се поистоветуваме. Тој истовремено нуди комфорт на истост со некои, но и уникатност во различноста од другите. Една од неговите главни функции е да даде чувство на континуитет. Дека не почнуваш од нула. Чувство за тоа дека зад себе имаш лична и заедничка историја, искуство, јасно биографија, дека имаш претци со чиј идентитет се идентификуваш, на чии дела се гордееш чувствувајќи се како наследник на истите. Со тоа стекнуваш и право на почит и признавање од оние со различен идентитет од твојот. Сево ова значи дека идентитетот на човекот истовремено е длабоко сопствен, личен, индивидуален, но и групен, меѓучовечки, колективен.

Иако цело време пишувам во еднина, сепак психологијата ни демонстрира дека имаме повеќе идентити истовремено, во зависност од моменталната улога и ситуацијата во која се наоѓаме. Некои од нив се погенерални и посеопфатни (на пр. категориите како „Македонец“, „жена“, „човек“, .итн.), а некои поспецифични (на пр. „навивач за Вардар“). Некои се поважни за нас, а некои помалку важни. На некој начин, нашиот унифициран идентитет може да се замисли како онаа руска кукличка „Матрјошка“ која во себе содржи неколку помали Матрјошкички кои како ги отвораме, секоја е се помалечка и помалечка. Оние идентитетски супракатегории како на пример, родот, националноста, религиозноста, .итн, обично се доминантни идентитетски обележја уште од рана возраст и служат истовремено како филтер низ кој го разбираме и категоризираме светот.

Идентитетските варијации, посебно оние кои се базирана на вредносниот систем на групата во која припаѓаме – се менлива категорија. Да ги земеме на пример, идентитетите коишто произлегуваат од партиската припадност. Зарем тие не се менливи? Зарем во партиите нема фракционерство? Нема поделби? Нема ли нови партии кои произлегуваат од старите? Нема ли ликови кои менуваат партии не само институционално, туку и идеолошки? Небулозно е тврдењето дека ништо и никој не може да го промени идентитетот: силниот општествен притисок од позиција на власт, комбиниран со пасив-агресивна употреба на навредливиот назив „северномакедонци“ од страна на нашите меѓународни „пријатели“, долгорочно ефектуиран, ќе откине дел од македонското ткиво и ќе создаде трета идентитетска „северномакедонска“ категорија во Република Македонија. Таквите обиди се намерно и свесно создавање на национална шизма која долгорочно создава и општествена нестабилност. Мојот и твојот живот, нема да станат подобри ако дополнително на меѓуетничката шизма во моментов, која од година на година се продлабочува и тоа забрзано после промената на името на државава, се направи и дополнителна внатремакедонска шизма која неминовно ќе доведе до уште поголеми проблеми во иднина.

Моменталната состојба во која Македонците се наоѓаат како најзасегнати од промената на државното име е критична. Со таквиот акт и континуираниот притисок од сите страни се рушат дел по дел македонските идентитетски обележја. Нападната е централната идентитеска супракатегорија на Македонците околу која се идентификуваат внатрегенерациски и меѓугенерациски, категорија која дава континуитет на постоењето и своевидна уникатност во светот. Ако не го спречиме овој процес, тогаш Македонците нема да останат само без својата држава, туку и без својот идентитет.

The post За идентитетот и неговото убивање appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Идентитет е збор кој често се изговара во етерот после трауматската и насилна промена на државното име. Кај многумина Македонци постои загриженост дека тој – спротивно од волјата на мнозинството – се менува. Истовремено, Заевите потомци сѐ уште се чукају и ударају у грудима нивнима дека наводно го „штитат“ – апсурдно тврдење по преименувањето и редефинирањето на основните постулати на државава (меѓу другото и бришењето на одлуките на АСНОМ од Уставот по диктатот на Грција). Лично сметам дека ефектот од срамната промена на државното име не е менување, туку губење, распаѓање и создавање на идентитетски вакуум кај Македонците. Таквата состојба е похатотична и пострашна дури и од некаква си „идентитетска замена“. Околу идентитетот, најгласни се оние коишто најмалку го разбираат и на кои најмалку им е гајле. Таквата комплексна и донекаде апстрактна човекова димензија, како што е идентитетот, бара подлабока анализа и разбирање. Верувам ако било кој од оние виновни за егзибицијата наречена „Северна“ ги запрашате што е тоа идентитет и како го „зачувале“ – нема да знаат да ви одговорат. Да би знаеле што е тоа, не би си играле со таквата скапа играчка која на крајот ја расипаа. Ако започнеме да го анализираме феноменот тргнувајќи од личниот, па потоа подоцна преминувајќи кон колективниот идентитет, веднаш се создава впечаток дека тој е исклучително важен предуслов за здраво психолошко постоење на една индивидуа и еден колектив. Во однос на личноста, важноста на поседувањето здрав идентитет можеби најјасно се отсликува во прирачникот за класификацијата на менталните нарушувања кој го публикува Американската психијатриски асоцијација, каде постои посебна класа на нарушувања кои суштински се поврзани со загубата на идентитетот или пак со разни синдроми на поделба, замена или некаква дисфункција на истиот (заеднички именувани како „дисоцијативни нарушувања“). Прирачникот ваквите нарушувања ги поврзува со тешки трауматски искуства, посебно оние кои се јавиле во раното детство (злоставувања, малтретирања, изживувања, итн.), загрозувајќи го чувството на личниот континуитет и постоењето. Таквите трауми често водат и кон обезличување, а неретко и своевидна амнезија за тоа кој всушност си. Лесно може да се изведе и заклучокот дека, mutatis mutandis – идентитетот е исклучително важен и за целата група, заедница, општество, нација – и сите останати колективни нивоа. Идентитетот е предмет на повеќедецениско проучување и од страна на современата социјална и когнитивна психологија. Некои од главните теми на интерес се околу тоа како идентитетот се развива и гради, како се дефинира во социјалниот контест и кои се неговите механизми на функционирање. Многумина го истакнуваат својството на идентитетот да даде значење во светот, смисла и цел на индивидуалецот и групата, им овозможува да си ја организираат перцепцијата во корисни социјални категории преку кои ги идентификуваат и разбираат другите луѓе и настани. Идентитетот ни овозможува чувство на припадност и вредност во дадена група со која се поистоветуваме. Тој истовремено нуди комфорт на истост со некои, но и уникатност во различноста од другите. Една од неговите главни функции е да даде чувство на континуитет. Дека не почнуваш од нула. Чувство за тоа дека зад себе имаш лична и заедничка историја, искуство, јасно биографија, дека имаш претци со чиј идентитет се идентификуваш, на чии дела се гордееш чувствувајќи се како наследник на истите. Со тоа стекнуваш и право на почит и признавање од оние со различен идентитет од твојот. Сево ова значи дека идентитетот на човекот истовремено е длабоко сопствен, личен, индивидуален, но и групен, меѓучовечки, колективен. Иако цело време пишувам во еднина, сепак психологијата ни демонстрира дека имаме повеќе идентити истовремено, во зависност од моменталната улога и ситуацијата во која се наоѓаме. Некои од нив се погенерални и посеопфатни (на пр. категориите како „Македонец“, „жена“, „човек“, .итн.), а некои поспецифични (на пр. „навивач за Вардар“). Некои се поважни за нас, а некои помалку важни. На некој начин, нашиот унифициран идентитет може да се замисли како онаа руска кукличка „Матрјошка“ која во себе содржи неколку помали Матрјошкички кои како ги отвораме, секоја е се помалечка и помалечка. Оние идентитетски супракатегории како на пример, родот, националноста, религиозноста, .итн, обично се доминантни идентитетски обележја уште од рана возраст и служат истовремено како филтер низ кој го разбираме и категоризираме светот. Идентитетските варијации, посебно оние кои се базирана на вредносниот систем на групата во која припаѓаме – се менлива категорија. Да ги земеме на пример, идентитетите коишто произлегуваат од партиската припадност. Зарем тие не се менливи? Зарем во партиите нема фракционерство? Нема поделби? Нема ли нови партии кои произлегуваат од старите? Нема ли ликови кои менуваат партии не само институционално, туку и идеолошки? Небулозно е тврдењето дека ништо и никој не може да го промени идентитетот: силниот општествен притисок од позиција на власт, комбиниран со пасив-агресивна употреба на навредливиот назив „северномакедонци“ од страна на нашите меѓународни „пријатели“, долгорочно ефектуиран, ќе откине дел од македонското ткиво и ќе создаде трета идентитетска „северномакедонска“ категорија во Република Македонија. Таквите обиди се намерно и свесно создавање на национална шизма која долгорочно создава и општествена нестабилност. Мојот и твојот живот, нема да станат подобри ако дополнително на меѓуетничката шизма во моментов, која од година на година се продлабочува и тоа забрзано после промената на името на државава, се направи и дополнителна внатремакедонска шизма која неминовно ќе доведе до уште поголеми проблеми во иднина. Моменталната состојба во која Македонците се наоѓаат како најзасегнати од промената на државното име е критична. Со таквиот акт и континуираниот притисок од сите страни се рушат дел по дел македонските идентитетски обележја. Нападната е централната идентитеска супракатегорија на Македонците околу која се идентификуваат внатрегенерациски и меѓугенерациски, категорија која дава континуитет на постоењето и своевидна уникатност во светот. Ако не го спречиме овој процес, тогаш Македонците нема да останат само без својата држава, туку и без својот идентитет.

The post За идентитетот и неговото убивање appeared first on Република.

]]>
Природата на довербата https://arhiva3.republika.mk/kolumni/prirodata-na-doverbata/ Sun, 20 Nov 2022 14:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=576149

Атанас Кирјаковски

„Доверба“ е еден од оние зборови според кои ги вреднуваме луѓето, нашите социјални интеракции, функционирањето на институциите, зборови преку кои создаваме хармонични општества. Но што е всушност довербата? Која е нејзината функција? Што се случува кога довербата е изгубена? – се дел од прашањата кои мора да бидат одгатнати.

Универзумот е таков што секогаш нѐ принудува да балансираме меѓу ризиците и нашата безбедност. Неконтролираното преземање ризици е неоптимална стратегија, но исто така и претераната претпазливост кој резултира со пасивност и закотвеност. Рационалното ризикувањето е активна состојба која ги придвижува работите напред и овозможува адаптација на новите состојби. Евидентно е што најголемиот дел од ризиците – како и стресот кој произлегува од нив – се од социјална природа, односно доаѓаат од други луѓе или пак од системи и ситуации создадени од луѓе. И ова е контекстот во кој треба да ја разбереме довербата – таа веројатно еволуирала како адаптивна стратегија на означување со кои луѓе и во каков контекст е оправдано да ризикуваме со цел да ги остваруваме сопствените интереси. Тоа е суштината на довербата, дефинирана како ментална состојба во која ние доброволно прифаќаме да бидеме ранливи и отворени за експлоатација заради некоја потенцијална корист. Во таквата состојба, ние имаме позитивни очекувања за намерите и однесувањата на другите, вклучително и дека и тие ќе возвратат на нашата „подарена ранливост“ кон нив, со цел да ги зачуваме нашите стабилни взаемни односи. Накратко, довербата е корисна, но и доста ризична и токму затоа тешко се стекнува.

Иако делува контраинтуитивно од претходно кажаното, сепак ние повеќе им веруваме на луѓето и системите отколку што не им веруваме. Знам, не ми верувате : ). Но нашите односи и однесувања повеќе се мотивирани од доверба отколку недоверба. Ајде да дадеме неколку примери за поткрепа. Прво, повеќето од нас не живеат изолирано, односно имаме односи со нашите блиски пријатели или интимни партнери кои траат со децении и се есенцијално засновани на взаемна доверба. Уште поинтересно и позапрепастувачки, ние секојдневно бескрајно им веруваме и на непознаниците околу нас – на пример, не се воздржуваме да ја предадеме нашата електронска картичка на некоја непозната продавачка или продавач кога плаќаме за производот (некои дури и гласно го кажуваат пин кодот). Понатаму, учествуваме во сообраќај кој фундаментално е последица на масовната општествена меѓучовечка доверба, односно на нашето сопствено придржување кон правилата и очекувањето дека и другите го прават истото. Начелно имаме доверба во автомобилот кој се приближува од спротивната страна дека ќе си остане во својата лента и нема нагло да скршне кон нас. Да ја немавме таа доверба, никогаш не би ни преминале улица. Уште поилустративно, ако некогаш сте летале со авион, помислете дека сопствениот живот си го ставате во рацете на некој си непознат капетан и неговиот екипаж. Ѝ верувате и на компанијата со која летате претпоставувајќи дека истата се погрижила експерт да управува со леталото и дека истото е исправно за летање. Доверба имаме и во непознатите воспитувачки и воспитувачи во градинките на кои катаден им го оставаме највредното и најмилото на чување. Исто така веруваме дека учителите и учителките, професорите и професорките ги учат и воспитуваат нашите деца и млади. Имаме доверба и во бурекџијата дека бурекот не му е отровен и пиеме вода од градскиот водовод верувајќи и претпоставувајќи дека некој ја проверува водата и дека во неа нема одвратни паразити. Ваквите примери имаат за цел да покажат дека општеството е комплексен систем на меѓучовечки интеракции и взаемни односи базирани на доверба без која тоа не би можело да функционира. Метафорички сумирано, довербата е општественото лепило.

Државите во кои меѓусебната доверба е нарушена и каде граѓаните повеќе не им веруваат на институциите, власта и експертите, во најмала рака стануваат длабоко дисфункционални, сиромашни и разединети, а веројатно и престануваат да постојат во краток период, барем во некоја организирана и уредена форма корисна за сите. За жал, во Република Македонија довербата е можеби на историски најниско ниво. Највоочлив пример е недовербата во судството, основната институција која би требало да ги штити и унапредува интересите на чесните и морални граѓани и казнува криминогените појави. Хиперкорумпираното судство покрај тоа што води до дисфунционалност на системот, активно допринесува и во создавањето на култура на недоверба која се прелива во сите пори на општеството. Ако одреден човек не верува во судската инстиционална заштита, тој човек нема да им верува ниту на своите соседи, пријателите и општо, луѓето. Ќе му биде тешко да соработува со нив, ќе се чувствува незаштитено и ранливо – што води до негово пасивизирање и парализа. Тоа не е достоинствена и цивилизирана човечка состојба.

Но за културата на недоверба во републикава најмногу допринесуваат безбројните лаги на северниот режим на власт. Сетете се само на бесконечното лажење за „датумот“ и „нема промена на уставот со цел промена на името“. За „Гугл, Микрософт и ИКЕА“, за „заштитениот македонски идентитет“ и „чистиот македонски јазик“. Сетете се и на „бесплатното здравство во ЕУ“ додека во моментов нема основни насушни лекови низ онколошките одделенија во земјава. Недовербата кон корумпираните властодршци и нефунционалните институции која граѓаните ја чувствуваат е сосема разбирлива. Психолошки дури може да се сфати и како форма на инстинктивна одбранбена реакција. Сосема рационално е да немаш доверба во власт која те лаже и манипулира, која те експлоатира, цица и паразитира. Можеби токму затоа и големите политички филозофи, Николо Макијавели и Томас Хобс, верувале дека довербата во контекст на политиката треба да биде многу ретка, ако не и целосно отсутна. Но тоа не го менува фактот дека довербата е есенцијална за фунционирањето на една држава, на едно општество. Затоа Република Македонија и нејзините граѓани мора да најдат начин повторно да изградат институции во кои ќе имаат доверба, систем во кој нема да се плашат дека власта ќе ги злоупотреби нивните пари, време, внимание и животи. И ова е најтешкиот пресврт кој мора да се направи ако сакаме да имаме иднина. А за да ја вратиме довербата во земјава, пред сѐ потребна ни е огромна самодоверба.

The post Природата на довербата appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

„Доверба“ е еден од оние зборови според кои ги вреднуваме луѓето, нашите социјални интеракции, функционирањето на институциите, зборови преку кои создаваме хармонични општества. Но што е всушност довербата? Која е нејзината функција? Што се случува кога довербата е изгубена? – се дел од прашањата кои мора да бидат одгатнати. Универзумот е таков што секогаш нѐ принудува да балансираме меѓу ризиците и нашата безбедност. Неконтролираното преземање ризици е неоптимална стратегија, но исто така и претераната претпазливост кој резултира со пасивност и закотвеност. Рационалното ризикувањето е активна состојба која ги придвижува работите напред и овозможува адаптација на новите состојби. Евидентно е што најголемиот дел од ризиците – како и стресот кој произлегува од нив – се од социјална природа, односно доаѓаат од други луѓе или пак од системи и ситуации создадени од луѓе. И ова е контекстот во кој треба да ја разбереме довербата – таа веројатно еволуирала како адаптивна стратегија на означување со кои луѓе и во каков контекст е оправдано да ризикуваме со цел да ги остваруваме сопствените интереси. Тоа е суштината на довербата, дефинирана како ментална состојба во која ние доброволно прифаќаме да бидеме ранливи и отворени за експлоатација заради некоја потенцијална корист. Во таквата состојба, ние имаме позитивни очекувања за намерите и однесувањата на другите, вклучително и дека и тие ќе возвратат на нашата „подарена ранливост“ кон нив, со цел да ги зачуваме нашите стабилни взаемни односи. Накратко, довербата е корисна, но и доста ризична и токму затоа тешко се стекнува. Иако делува контраинтуитивно од претходно кажаното, сепак ние повеќе им веруваме на луѓето и системите отколку што не им веруваме. Знам, не ми верувате : ). Но нашите односи и однесувања повеќе се мотивирани од доверба отколку недоверба. Ајде да дадеме неколку примери за поткрепа. Прво, повеќето од нас не живеат изолирано, односно имаме односи со нашите блиски пријатели или интимни партнери кои траат со децении и се есенцијално засновани на взаемна доверба. Уште поинтересно и позапрепастувачки, ние секојдневно бескрајно им веруваме и на непознаниците околу нас – на пример, не се воздржуваме да ја предадеме нашата електронска картичка на некоја непозната продавачка или продавач кога плаќаме за производот (некои дури и гласно го кажуваат пин кодот). Понатаму, учествуваме во сообраќај кој фундаментално е последица на масовната општествена меѓучовечка доверба, односно на нашето сопствено придржување кон правилата и очекувањето дека и другите го прават истото. Начелно имаме доверба во автомобилот кој се приближува од спротивната страна дека ќе си остане во својата лента и нема нагло да скршне кон нас. Да ја немавме таа доверба, никогаш не би ни преминале улица. Уште поилустративно, ако некогаш сте летале со авион, помислете дека сопствениот живот си го ставате во рацете на некој си непознат капетан и неговиот екипаж. Ѝ верувате и на компанијата со која летате претпоставувајќи дека истата се погрижила експерт да управува со леталото и дека истото е исправно за летање. Доверба имаме и во непознатите воспитувачки и воспитувачи во градинките на кои катаден им го оставаме највредното и најмилото на чување. Исто така веруваме дека учителите и учителките, професорите и професорките ги учат и воспитуваат нашите деца и млади. Имаме доверба и во бурекџијата дека бурекот не му е отровен и пиеме вода од градскиот водовод верувајќи и претпоставувајќи дека некој ја проверува водата и дека во неа нема одвратни паразити. Ваквите примери имаат за цел да покажат дека општеството е комплексен систем на меѓучовечки интеракции и взаемни односи базирани на доверба без која тоа не би можело да функционира. Метафорички сумирано, довербата е општественото лепило. Државите во кои меѓусебната доверба е нарушена и каде граѓаните повеќе не им веруваат на институциите, власта и експертите, во најмала рака стануваат длабоко дисфункционални, сиромашни и разединети, а веројатно и престануваат да постојат во краток период, барем во некоја организирана и уредена форма корисна за сите. За жал, во Република Македонија довербата е можеби на историски најниско ниво. Највоочлив пример е недовербата во судството, основната институција која би требало да ги штити и унапредува интересите на чесните и морални граѓани и казнува криминогените појави. Хиперкорумпираното судство покрај тоа што води до дисфунционалност на системот, активно допринесува и во создавањето на култура на недоверба која се прелива во сите пори на општеството. Ако одреден човек не верува во судската инстиционална заштита, тој човек нема да им верува ниту на своите соседи, пријателите и општо, луѓето. Ќе му биде тешко да соработува со нив, ќе се чувствува незаштитено и ранливо – што води до негово пасивизирање и парализа. Тоа не е достоинствена и цивилизирана човечка состојба. Но за културата на недоверба во републикава најмногу допринесуваат безбројните лаги на северниот режим на власт. Сетете се само на бесконечното лажење за „датумот“ и „нема промена на уставот со цел промена на името“. За „Гугл, Микрософт и ИКЕА“, за „заштитениот македонски идентитет“ и „чистиот македонски јазик“. Сетете се и на „бесплатното здравство во ЕУ“ додека во моментов нема основни насушни лекови низ онколошките одделенија во земјава. Недовербата кон корумпираните властодршци и нефунционалните институции која граѓаните ја чувствуваат е сосема разбирлива. Психолошки дури може да се сфати и како форма на инстинктивна одбранбена реакција. Сосема рационално е да немаш доверба во власт која те лаже и манипулира, која те експлоатира, цица и паразитира. Можеби токму затоа и големите политички филозофи, Николо Макијавели и Томас Хобс, верувале дека довербата во контекст на политиката треба да биде многу ретка, ако не и целосно отсутна. Но тоа не го менува фактот дека довербата е есенцијална за фунционирањето на една држава, на едно општество. Затоа Република Македонија и нејзините граѓани мора да најдат начин повторно да изградат институции во кои ќе имаат доверба, систем во кој нема да се плашат дека власта ќе ги злоупотреби нивните пари, време, внимание и животи. И ова е најтешкиот пресврт кој мора да се направи ако сакаме да имаме иднина. А за да ја вратиме довербата во земјава, пред сѐ потребна ни е огромна самодоверба.

The post Природата на довербата appeared first on Република.

]]>
Кратка колумна на чист македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/kolumni/kratka-kolumna-na-chist-makedonski-jazik/ Wed, 02 Nov 2022 09:45:29 +0000 https://republika.mk/?p=568651

Атанас Кирјаковски

Хајуду? Добри сте? Све е океј? Кај мене добро, еве се обидувам да го поставам таргетот или летвата малку повисоко. Давам сѐ од себе да поставам сидро кое ќе влече напред. И тоа го правам не само за себе, туку и за сите напатени души околу мене. Но некако се чини дека на луѓето им е топличко во калта. Посебно оние коишто имаат уши, а се прават слепи. Но што да правам, изгледа мене Господ ме црпна од нивите само да помагам. Токму затоа и ја пишувам оваа кратка колумна на чист македонски јазик. И затоа не се срамувам.

Ја пишувам на најчист можен македонски јазик, без никаква дамка, на стерилен македонски, чуван во стерилизатор на 250 целзиусови степени неколку часа. Претходно дезинфициран, забришан со шпирт и изрибан со циф. Ја пишувам на чист македонски јазик, а вие, мож да пукнете ако сакате! Но во главата нешто шупоти. Се мислам да лапнам пола диазапамче. Истовремено нема воздух, а велат – ајро, ајро! Ако треба и железни опинци ќе облечам и ви гарантирам дека нема да дозволам ширење на Пандорината кутија. Дури и да е противправно (ова што го пишувам), не може не бива - ќе се најде начин. Во секој случај, без разлика на чистотата на македонскиот јазик, јас сум за ено опшесво за сите. Бидејќи сакаме да ја дадеме Македонија во богато семејство.

Но да не правам премногу брејн дрејн. Понекогаш си мислам дека ни треба камшикар. Некако чувството е како да весламе со палка и дека се однесуваме како иднината веќе да не ни е судбина. Се однесуваме некако закукулено, замумулено. Се чукамо се ударамо у градима нашима, како да го прелапуваме големиот заб. А ако ги начучулиме ушите ќе разбереме убаво кога Европската унија на пример, ни кажува дека рибата смрди од опашката. И тогаш сакам барем една фасада да слечам. Единствено ме радува и ми дава надеж тоа што Јуроп ис морр сексипил грл и нема тука дискасити. Но дискасити. Надеж дава и баклавата која е изедена, а типсијата стоо. Тој чист македонски јазик и таа прекрасна рамна типсија која никогаш не нѐ напушта. Едноставно си стоо. Одозгора на тога, ние го наметнавме, го тупосавме тој историски наратив за кој сега имаме проблеми со Бугарите, и за Цар Самуил, и за браќата Кирил и Методиј. А Цар Самуил је пуно шетао, а и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари. За разлика од нас, кои во моментов стоиме во место, а можеме да влеземе во ЕЈУ до 2030-тата.

Токму затоа наместо да гледаме кон историјата во која Турците се бореле против Османлиите и каде Холокаустот е еврејска традиција, ние треба да го пробиеме звучниот ѕид на сите времиња, да гледаме кон иднината и да живееме во свет каде животот живее. Во таквиот свет со сила на човека можеш да му дадеш и во таков свет се случува дожд од 93 литри во секунда и гарантирана е средна плата од 500, а минимална од 1000 евра. Во тој свет глобите се намалени за 150%.

Затоа, хев а њу јар еврибоди и во иднина не гибајте ми ја жицата македонска оти изгубен во времето, би го барал семето одејќи по жица.

За потребите на колумнава беше искористен лексиконот во кој се собрани примери на најчистиот можен македонски јазик што се говори на планетава. Може да се провери на следнава врска

The post Кратка колумна на чист македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Хајуду? Добри сте? Све е океј? Кај мене добро, еве се обидувам да го поставам таргетот или летвата малку повисоко. Давам сѐ од себе да поставам сидро кое ќе влече напред. И тоа го правам не само за себе, туку и за сите напатени души околу мене. Но некако се чини дека на луѓето им е топличко во калта. Посебно оние коишто имаат уши, а се прават слепи. Но што да правам, изгледа мене Господ ме црпна од нивите само да помагам. Токму затоа и ја пишувам оваа кратка колумна на чист македонски јазик. И затоа не се срамувам. Ја пишувам на најчист можен македонски јазик, без никаква дамка, на стерилен македонски, чуван во стерилизатор на 250 целзиусови степени неколку часа. Претходно дезинфициран, забришан со шпирт и изрибан со циф. Ја пишувам на чист македонски јазик, а вие, мож да пукнете ако сакате! Но во главата нешто шупоти. Се мислам да лапнам пола диазапамче. Истовремено нема воздух, а велат – ајро, ајро! Ако треба и железни опинци ќе облечам и ви гарантирам дека нема да дозволам ширење на Пандорината кутија. Дури и да е противправно (ова што го пишувам), не може не бива - ќе се најде начин. Во секој случај, без разлика на чистотата на македонскиот јазик, јас сум за ено опшесво за сите. Бидејќи сакаме да ја дадеме Македонија во богато семејство. Но да не правам премногу брејн дрејн. Понекогаш си мислам дека ни треба камшикар. Некако чувството е како да весламе со палка и дека се однесуваме како иднината веќе да не ни е судбина. Се однесуваме некако закукулено, замумулено. Се чукамо се ударамо у градима нашима, како да го прелапуваме големиот заб. А ако ги начучулиме ушите ќе разбереме убаво кога Европската унија на пример, ни кажува дека рибата смрди од опашката. И тогаш сакам барем една фасада да слечам. Единствено ме радува и ми дава надеж тоа што Јуроп ис морр сексипил грл и нема тука дискасити. Но дискасити. Надеж дава и баклавата која е изедена, а типсијата стоо. Тој чист македонски јазик и таа прекрасна рамна типсија која никогаш не нѐ напушта. Едноставно си стоо. Одозгора на тога, ние го наметнавме, го тупосавме тој историски наратив за кој сега имаме проблеми со Бугарите, и за Цар Самуил, и за браќата Кирил и Методиј. А Цар Самуил је пуно шетао, а и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари. За разлика од нас, кои во моментов стоиме во место, а можеме да влеземе во ЕЈУ до 2030-тата. Токму затоа наместо да гледаме кон историјата во која Турците се бореле против Османлиите и каде Холокаустот е еврејска традиција, ние треба да го пробиеме звучниот ѕид на сите времиња, да гледаме кон иднината и да живееме во свет каде животот живее. Во таквиот свет со сила на човека можеш да му дадеш и во таков свет се случува дожд од 93 литри во секунда и гарантирана е средна плата од 500, а минимална од 1000 евра. Во тој свет глобите се намалени за 150%. Затоа, хев а њу јар еврибоди и во иднина не гибајте ми ја жицата македонска оти изгубен во времето, би го барал семето одејќи по жица. За потребите на колумнава беше искористен лексиконот во кој се собрани примери на најчистиот можен македонски јазик што се говори на планетава. Може да се провери на следнава врска

The post Кратка колумна на чист македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Неетичноста на лошите договори https://arhiva3.republika.mk/kolumni/neetichnosta-na-loshite-dogovori/ Sat, 10 Sep 2022 06:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=549316

Атанас Кирјаковски

Според конвенционалното сфаќање на работите, договарањето има за цел да ги уреди работите, да го отстрани конфликтот меѓу договорните страни и да најде решение за споровите. Но тоа има смисла само во „добрите“, етички договори, односно оние коишто се постигнати во фер процес и чии страни се чувствуваат еднакви, слободни и за кои договореното е прифатливо. Лошите и неправедни договори се полоши дури и од немањето договор. Полоши дури и од самиот спор кој се обидуваат да го решат: лошиот договор може дополнително и далекусежно да ги искомплицира состојбите, да создаде нови проблеми и да ја направи ситуацијата уште пострашна од претходно.

Историјата, особено поновата, ни дава незанемарливи примери за тоа како лошите договори може да доведат до уште поголеми проблеми. Можеби најзначаен од сите е Версајскиот договор од 1919 г. чија намера била да стави крај на Првата светска војна (1914–1918). За потсетување, овој договор произлегол од Париската мировна конференција со цел да ја оконча војната. Бил потпишан во палатата Версај (оттука и името) меѓу сојузниците, пред сѐ Велика Британија, Франција и Русија, и губитниците сочинети главно од централните сили Германија и Австро-Унгарија. Она што е битно за овој договор е што начелно е испреговаран без учество на губитниците од војната, при што Германија била задолжена да признае најголема вина и да плати огромни репарации за нанесените штети во војната, истовремено губејќи околу 10% од својата територија на европско тло и сето тоа проследено со конфискација на прекуокеанскиот имот и неутрализирање на нејзините колонии. И покрај тоа што од договорот произлегле и важни меѓународни институции како Лигата на народите, Меѓународната организација на трудот и Меѓународниот суд на правдата, сепак бидејќи бил наметнат и потпишан под присила од страна на победниците, договорот ја оставил Германија силно незадоволна и огорчена. Поради тоа, наместо да обезбеди долгорочен мир и стабилност, Версајскиот договор несакајќи создал услови за пораст на фрустрациите и преточување на незадоволството на губитникот Германија – во нацизам. Генерално е прифатено дека Втората светска војна е последица на неодржливиот Версајски договор кој создал чувство на пониженост кај Германиците засилено и од Големата економска депресија (1929–1939) подоцна, што довело до Хитлеровото доаѓање на власт и неговиот нацистички режим. Последиците од овој историски (лош) договор ги чувствуваме и ден-денес, стотина години после неговото потпишување, бидејќи тоталитарните идеологии како нацизмот и комунизмот сѐ уште се присутни и имаат значително влијание и во 21-от век.

Договорите мора да исполнуваат некои основни етички принципи за да се наречат „добри“ договори. Прво, договорните страни мора да се сложат на заеднички дискурс, односно взаемно прифатлив процес и услови во кои преговорите би се одржале. Второ, етичките договори во суштина подразбираат размена на вредности, односно и двете страни мора да бидат согласни подеднакво да дадат и примат нешто според нивната заеднички прифатена дефиниција на вредноста (да има некаква взаемна корист). Во контекст на договорањето, една од најприменливите етички теории е т.н. „етика на дискурсот“ (discourse ethics) која најчесто се поврзува со делата на германскиот филозоф Јурген Хабермас (кој патем сѐ уште е жив со полни 93 години). Според оваа теорија самиот формат на комуникација, односно заедничкиот дискурс мора да се одвива според неколку етички предуслови кои му даваат валидност на договорот и на нормите кои произлегуваат од него. Етичките предуслови се:

Договорните страни треба взаемно да се третираат како еднакви и нивните интереси да се сфатат како еднакво важни (еднаквост на страните);
Не смее да има директно ограничување под присила или пак индиректен, институционализиран или структурен притисок (отсуство на присила);
Единствената прифатлива форма на убедување треба да биде рационалното аргументирање (рационална аргументација);
Сите предлози треба да бидат достапни за проверка (транспарентност);
Предлозите во договорите може да се земат како прифатени само со согласност на сите страни (сестрано одобрување);
Ниту еден авторитет или институција не може да прогласи дека некое прашање е решено засекогаш (менливост на договорите).
Врз основа на етичките постулати наведени погоре, да се обидеме да ги класифицираме договорите кои ги потпиша владата на СДСМ/ДУИ со Бугарија и Грција, договори кои длабоко задираат во македонскиот идентитет (се работи за т.н. „Преспански“ договор и договорот за „Добрососедство и пријателство“ со Бугарија). Ајде да се обидеме да утврдиме дали се добри или лоши, односно етички, според критериумите наведени погоре.

Да започнеме со првиот предуслов: еднаквост на страните. Република Македонија во моментов вкупно има 51 дипломатска мисија низ земјите во светот, вклучително со мисиите во меѓународните организации (според македонското МНР). За споредба, Грција има вкупно 135, а Бугарија 101 мисија (според Википедија). Со други зборови, погледнато само низ бројката на мисии, Грција е скоро трипати, а Бугарија двапати повеќе поприсутна во меѓународната дипломатија од Македонија. Ако се додаде и историскиот период на постоење на дипломатиите на овие земји, тие се барем 100-тина години порано присутни во меѓународните односи од релативно младата и малечка Република Макеоднија која постои околу 30-тина години како независна држава. Одредени истражувања за глобалната перцепција на влијанието на земјите, покажуваат дека Грција иако релативно мала, се наоѓа на релативно високото 18-то место во листата на меѓународно влијание според ова истражување на U.S. News, а Бугарија на 50-тото. Македонија воопшто ја нема на листата. Сето ова укажува дека влијанието на Грција и Бугарија и нивните лобиа е неколкукратно поголемо од влијанието на Македонија, што укажува на тоа дека страните во двата договори се сериозно нееднакви. Згора на тоа, двете земји се членки на Европската унија и со тоа имаат почетно-супериорна позиција во било какви преговори со нас.

Вториот предуслов за етичко договарање подразбира отсуство на присила, но и двата спора кои наводно се „решени“ со договорите ѝ беа наметнати на Македонија. Веднаш по референдумот за независност во 1991 г., на земјава ѝ беше оспорувано името, народот, јазикот и историјата. Беше уценувана со разни ембарга, непризнавање и блокади кога Македонија ќе се обидеше да пристапи кон некоја меѓународна институција или ќе истакнеше некаво свое идентитетско обележје (ова продолжува и ден-денес). Беше постојано укорувана од разно-разни нижоешалонски дипломати од кариера кои си ја градеа и си ја вежбаа на наш грб. Па следуваше внатреграѓански воен конфликт кој и самиот е етички спорен со оглед на неговите последици од присилно постигнатиот Рамковен договор (рамковна нееднаквост меѓу граѓаните и предност на еден етникум врз другите). Овој договор служеше и сѐ уште служи како Бабарога за заплашување и присилување на етничките Македонците секогаш да попуштаат. Накратко, Македонија беше присилена да седне на преговарачка маса за нешто што во суштина и не се преговара.

Дали се водеше рационална, аргументирана дискусија меѓу Македонија и нејзините соседи? Дали сѐ уште се води – ова се прашања од третиот етички предуслов. Дали е рационално да се преговара за материја како идентитет и дали воопшто може со договор тој да се дефинира како што е наведено во Преспанскиот договор на пример? Дали може да се ограничи јазик на една територија во 21-виот век, дали е рационално барањето една држава да се преправа дека не постојат нејзини малцинства во соседството? Дали е рационален дискурс да се тврди дека македонскиот народ е „измислен и создаден“ во 1945 г.? Дали е возможно македонскиот јазик да го „измислил“ Блаже Конески после Втората светска војна? Дали е разумно да се игнорира историската реалност и сегашноста на македонското постоење? Дали е рационално една историска комисија составена од неколку партиски полтрони да одлучува за постоењето и иднината на цел еден народ и култура? Оставам на тебе самиот да одлучиш, драг читателу, колку договорите го почитуваат третиот етички предуслов на рационалноста.

Со сигурност може да се каже дека ниту еден документ поврзан со преговорите не ѝ беше достапен на македонската јавност. Македонските граѓани се држеа во темница за тоа што всушност се преговара. Честопати делови од содржините протекуваа преку неформални канали во форма на „нон-пејпери“ и разни други магионичарски трикови. Всушност, повеќе информации пристигнуваа од условно кажано нашите „непријатели“ со коишто преговаравме, кои за разлика од режимот на СДСМ/ДУИ покажаа поголем демократски капацитет внатре во своите земји со тоа што редовно ги брифираа медиумите и своите граѓани, а секоја поважна одлука во однос на преговорите ја донесоа само со претходни консултации и насоки од нивните парламенти. Истовремено, власта во Македонија го заобиколуваше собранието и целосно ја исклучи опозицијата од процесот. Тукашните власти постојано ја криеја содржината на преговорите и ги лажеа и сѐ уште лажат своите граѓани. Дури и ветувањето од договорите беше една дебела и сочна лага – дека ќе добиеме некаков си датум за преговори со Европската унија, нешто што и по пет мизерни години сѐ уште не се случило. За да биде ситуацијата уште полоша, СДСМ/ДУИ не само што не беа воопшто транспарентни во процесот пред македонските граѓани, туку и лажно глумеа транспарентност и отченост и делумно објавуваа информации само откако бидуваа договорени заткулисно. Сетете се само на последниот т.н. „Француски предлог“ (во реалноста Бугарски) за кој имаше повеќенеделна какофонија на парадоксални изјави од премиерот на владата, претседателот на државата и министерот за надворешни работи, честопати взаемно контрадикторни и противречни. Ден-денес не знаеме што преговараат и договараат историските комисии.

Петтиот етички предуслов предвидува сестрано прифаќање на договореното. Иако формално македонската страна учествуваше во преговорите и со нивното потпишување навидум се сложи со содржината на истите, сепак оваа влада настапи од позиција со оспорен легитимитет бидејќи евидентно е дека македонскиот народ не се сложува со договореното. Владата преговараше за идентитетот и иднината на Македонците, но самите Македонци никој не ги исферма во процесот. На пример, се организираше референдум околу прифаќањето на Преспанскиот договот (нема да навлегуваме во тоа колку беше нелогично, контрадикторно и збунувачко самото референдумско прашање) кој недвосмислено Македонците го бојкотираат бидејќи беше своевиден историски апсурд. Државната изборна комисија формално го прогласи за неуспешен и со тоа се испрати недвосмислена порака до владата на Зоран Заев дека македонскиот народ не сака дури ни да дискутира по прашањето, а камоли да гласа по истото. И покрај бојкотот, корупционерите на СДСМ/ДУИ одлучија да го игнорираат исходот од референдумот и продолжија да се однесуваат авторитарно. Да не заборавиме дека спорно е и самот формирање на владата во 2017 г. кога СДСМ освои помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот блок и формираше влада само поради непринципиелното коалицирање на ДУИ со нив. Накратко, дека договорите се прифатливи за сите страни е само еден лош театар, бидејќи оваа власт не го претставува мнозинството Македонци кои најмногу се засегнати во случајов и секако дека македонскиот народ не се сложува и никогаш нема да се сложи и да ги одобри ниту со Преспанскиот, ниту со Бугарскиот договор.

Последниот етички предуслов зборува за менливоста на договорите. Ниту еден договор во суштина не е и не може да биде „конечен“ како што власта се обидува тоа да го прикаже. Самиот Преспански договор формално се нарекува „Конечна спогодба“, но историјата покажува дека нема конечност на договорите. Тие се создаваат и траат некое време, а ако се лоши како овие два, веројатно и нема да траат долго. Затоа е споменат како пример Версајскиот договор на почетокот од оваа колумна. Во суштина, и договорот со Грција и договорот со Бугарија мора да се гледаат како нова, дополнителна компликација на спорот кои овие земји го имаат со нас и никако како решение. Повеќе од јасно е дека Македонците не ги прифаќаат истите и дека и после пет години „Северна“ никако не може да фатат корен. Генерациите се менуваат, историските услови се менуваат, се менуваат и меѓународните институции. Се менуваат и договорите. Панта реи, нели Хераклит?

Како краток заклучок на крајот, двата договори ги нарушуваат сите принципи на етичкиот дискурс наведени погоре. Тие не создаваат взаемно прифатливи и договорени норми. Овие договори всушност не се договори. Тие не решаваат спорови, туку отвораат нови, уште пострашни и попроблематични за нас. Тие се само уште еден предизвик во историјата на македонскиот народ. Македонците се борат за своите правдини е најмоќната реченици од македонската химна и ако сакаме да опстоиме, мора постојано да ја повторуваме. Конечно мора да си се почитуваме самите себеси, да се бориме бидејќи сме еднакви со сите други луѓе на планетава. И ние имаме право на постоење. А тоа може да се случи само со раскинувањето на овие два мртвородени и неетички „договори“.

The post Неетичноста на лошите договори appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Според конвенционалното сфаќање на работите, договарањето има за цел да ги уреди работите, да го отстрани конфликтот меѓу договорните страни и да најде решение за споровите. Но тоа има смисла само во „добрите“, етички договори, односно оние коишто се постигнати во фер процес и чии страни се чувствуваат еднакви, слободни и за кои договореното е прифатливо. Лошите и неправедни договори се полоши дури и од немањето договор. Полоши дури и од самиот спор кој се обидуваат да го решат: лошиот договор може дополнително и далекусежно да ги искомплицира состојбите, да создаде нови проблеми и да ја направи ситуацијата уште пострашна од претходно. Историјата, особено поновата, ни дава незанемарливи примери за тоа како лошите договори може да доведат до уште поголеми проблеми. Можеби најзначаен од сите е Версајскиот договор од 1919 г. чија намера била да стави крај на Првата светска војна (1914–1918). За потсетување, овој договор произлегол од Париската мировна конференција со цел да ја оконча војната. Бил потпишан во палатата Версај (оттука и името) меѓу сојузниците, пред сѐ Велика Британија, Франција и Русија, и губитниците сочинети главно од централните сили Германија и Австро-Унгарија. Она што е битно за овој договор е што начелно е испреговаран без учество на губитниците од војната, при што Германија била задолжена да признае најголема вина и да плати огромни репарации за нанесените штети во војната, истовремено губејќи околу 10% од својата територија на европско тло и сето тоа проследено со конфискација на прекуокеанскиот имот и неутрализирање на нејзините колонии. И покрај тоа што од договорот произлегле и важни меѓународни институции како Лигата на народите, Меѓународната организација на трудот и Меѓународниот суд на правдата, сепак бидејќи бил наметнат и потпишан под присила од страна на победниците, договорот ја оставил Германија силно незадоволна и огорчена. Поради тоа, наместо да обезбеди долгорочен мир и стабилност, Версајскиот договор несакајќи создал услови за пораст на фрустрациите и преточување на незадоволството на губитникот Германија – во нацизам. Генерално е прифатено дека Втората светска војна е последица на неодржливиот Версајски договор кој создал чувство на пониженост кај Германиците засилено и од Големата економска депресија (1929–1939) подоцна, што довело до Хитлеровото доаѓање на власт и неговиот нацистички режим. Последиците од овој историски (лош) договор ги чувствуваме и ден-денес, стотина години после неговото потпишување, бидејќи тоталитарните идеологии како нацизмот и комунизмот сѐ уште се присутни и имаат значително влијание и во 21-от век. Договорите мора да исполнуваат некои основни етички принципи за да се наречат „добри“ договори. Прво, договорните страни мора да се сложат на заеднички дискурс, односно взаемно прифатлив процес и услови во кои преговорите би се одржале. Второ, етичките договори во суштина подразбираат размена на вредности, односно и двете страни мора да бидат согласни подеднакво да дадат и примат нешто според нивната заеднички прифатена дефиниција на вредноста (да има некаква взаемна корист). Во контекст на договорањето, една од најприменливите етички теории е т.н. „етика на дискурсот“ (discourse ethics) која најчесто се поврзува со делата на германскиот филозоф Јурген Хабермас (кој патем сѐ уште е жив со полни 93 години). Според оваа теорија самиот формат на комуникација, односно заедничкиот дискурс мора да се одвива според неколку етички предуслови кои му даваат валидност на договорот и на нормите кои произлегуваат од него. Етичките предуслови се: Договорните страни треба взаемно да се третираат како еднакви и нивните интереси да се сфатат како еднакво важни (еднаквост на страните); Не смее да има директно ограничување под присила или пак индиректен, институционализиран или структурен притисок (отсуство на присила); Единствената прифатлива форма на убедување треба да биде рационалното аргументирање (рационална аргументација); Сите предлози треба да бидат достапни за проверка (транспарентност); Предлозите во договорите може да се земат како прифатени само со согласност на сите страни (сестрано одобрување); Ниту еден авторитет или институција не може да прогласи дека некое прашање е решено засекогаш (менливост на договорите). Врз основа на етичките постулати наведени погоре, да се обидеме да ги класифицираме договорите кои ги потпиша владата на СДСМ/ДУИ со Бугарија и Грција, договори кои длабоко задираат во македонскиот идентитет (се работи за т.н. „Преспански“ договор и договорот за „Добрососедство и пријателство“ со Бугарија). Ајде да се обидеме да утврдиме дали се добри или лоши, односно етички, според критериумите наведени погоре. Да започнеме со првиот предуслов: еднаквост на страните. Република Македонија во моментов вкупно има 51 дипломатска мисија низ земјите во светот, вклучително со мисиите во меѓународните организации (според македонското МНР). За споредба, Грција има вкупно 135, а Бугарија 101 мисија (според Википедија). Со други зборови, погледнато само низ бројката на мисии, Грција е скоро трипати, а Бугарија двапати повеќе поприсутна во меѓународната дипломатија од Македонија. Ако се додаде и историскиот период на постоење на дипломатиите на овие земји, тие се барем 100-тина години порано присутни во меѓународните односи од релативно младата и малечка Република Макеоднија која постои околу 30-тина години како независна држава. Одредени истражувања за глобалната перцепција на влијанието на земјите, покажуваат дека Грција иако релативно мала, се наоѓа на релативно високото 18-то место во листата на меѓународно влијание според ова истражување на U.S. News, а Бугарија на 50-тото. Македонија воопшто ја нема на листата. Сето ова укажува дека влијанието на Грција и Бугарија и нивните лобиа е неколкукратно поголемо од влијанието на Македонија, што укажува на тоа дека страните во двата договори се сериозно нееднакви. Згора на тоа, двете земји се членки на Европската унија и со тоа имаат почетно-супериорна позиција во било какви преговори со нас. Вториот предуслов за етичко договарање подразбира отсуство на присила, но и двата спора кои наводно се „решени“ со договорите ѝ беа наметнати на Македонија. Веднаш по референдумот за независност во 1991 г., на земјава ѝ беше оспорувано името, народот, јазикот и историјата. Беше уценувана со разни ембарга, непризнавање и блокади кога Македонија ќе се обидеше да пристапи кон некоја меѓународна институција или ќе истакнеше некаво свое идентитетско обележје (ова продолжува и ден-денес). Беше постојано укорувана од разно-разни нижоешалонски дипломати од кариера кои си ја градеа и си ја вежбаа на наш грб. Па следуваше внатреграѓански воен конфликт кој и самиот е етички спорен со оглед на неговите последици од присилно постигнатиот Рамковен договор (рамковна нееднаквост меѓу граѓаните и предност на еден етникум врз другите). Овој договор служеше и сѐ уште служи како Бабарога за заплашување и присилување на етничките Македонците секогаш да попуштаат. Накратко, Македонија беше присилена да седне на преговарачка маса за нешто што во суштина и не се преговара. Дали се водеше рационална, аргументирана дискусија меѓу Македонија и нејзините соседи? Дали сѐ уште се води – ова се прашања од третиот етички предуслов. Дали е рационално да се преговара за материја како идентитет и дали воопшто може со договор тој да се дефинира како што е наведено во Преспанскиот договор на пример? Дали може да се ограничи јазик на една територија во 21-виот век, дали е рационално барањето една држава да се преправа дека не постојат нејзини малцинства во соседството? Дали е рационален дискурс да се тврди дека македонскиот народ е „измислен и создаден“ во 1945 г.? Дали е возможно македонскиот јазик да го „измислил“ Блаже Конески после Втората светска војна? Дали е разумно да се игнорира историската реалност и сегашноста на македонското постоење? Дали е рационално една историска комисија составена од неколку партиски полтрони да одлучува за постоењето и иднината на цел еден народ и култура? Оставам на тебе самиот да одлучиш, драг читателу, колку договорите го почитуваат третиот етички предуслов на рационалноста. Со сигурност може да се каже дека ниту еден документ поврзан со преговорите не ѝ беше достапен на македонската јавност. Македонските граѓани се држеа во темница за тоа што всушност се преговара. Честопати делови од содржините протекуваа преку неформални канали во форма на „нон-пејпери“ и разни други магионичарски трикови. Всушност, повеќе информации пристигнуваа од условно кажано нашите „непријатели“ со коишто преговаравме, кои за разлика од режимот на СДСМ/ДУИ покажаа поголем демократски капацитет внатре во своите земји со тоа што редовно ги брифираа медиумите и своите граѓани, а секоја поважна одлука во однос на преговорите ја донесоа само со претходни консултации и насоки од нивните парламенти. Истовремено, власта во Македонија го заобиколуваше собранието и целосно ја исклучи опозицијата од процесот. Тукашните власти постојано ја криеја содржината на преговорите и ги лажеа и сѐ уште лажат своите граѓани. Дури и ветувањето од договорите беше една дебела и сочна лага – дека ќе добиеме некаков си датум за преговори со Европската унија, нешто што и по пет мизерни години сѐ уште не се случило. За да биде ситуацијата уште полоша, СДСМ/ДУИ не само што не беа воопшто транспарентни во процесот пред македонските граѓани, туку и лажно глумеа транспарентност и отченост и делумно објавуваа информации само откако бидуваа договорени заткулисно. Сетете се само на последниот т.н. „Француски предлог“ (во реалноста Бугарски) за кој имаше повеќенеделна какофонија на парадоксални изјави од премиерот на владата, претседателот на државата и министерот за надворешни работи, честопати взаемно контрадикторни и противречни. Ден-денес не знаеме што преговараат и договараат историските комисии. Петтиот етички предуслов предвидува сестрано прифаќање на договореното. Иако формално македонската страна учествуваше во преговорите и со нивното потпишување навидум се сложи со содржината на истите, сепак оваа влада настапи од позиција со оспорен легитимитет бидејќи евидентно е дека македонскиот народ не се сложува со договореното. Владата преговараше за идентитетот и иднината на Македонците, но самите Македонци никој не ги исферма во процесот. На пример, се организираше референдум околу прифаќањето на Преспанскиот договот (нема да навлегуваме во тоа колку беше нелогично, контрадикторно и збунувачко самото референдумско прашање) кој недвосмислено Македонците го бојкотираат бидејќи беше своевиден историски апсурд. Државната изборна комисија формално го прогласи за неуспешен и со тоа се испрати недвосмислена порака до владата на Зоран Заев дека македонскиот народ не сака дури ни да дискутира по прашањето, а камоли да гласа по истото. И покрај бојкотот, корупционерите на СДСМ/ДУИ одлучија да го игнорираат исходот од референдумот и продолжија да се однесуваат авторитарно. Да не заборавиме дека спорно е и самот формирање на владата во 2017 г. кога СДСМ освои помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот блок и формираше влада само поради непринципиелното коалицирање на ДУИ со нив. Накратко, дека договорите се прифатливи за сите страни е само еден лош театар, бидејќи оваа власт не го претставува мнозинството Македонци кои најмногу се засегнати во случајов и секако дека македонскиот народ не се сложува и никогаш нема да се сложи и да ги одобри ниту со Преспанскиот, ниту со Бугарскиот договор. Последниот етички предуслов зборува за менливоста на договорите. Ниту еден договор во суштина не е и не може да биде „конечен“ како што власта се обидува тоа да го прикаже. Самиот Преспански договор формално се нарекува „Конечна спогодба“, но историјата покажува дека нема конечност на договорите. Тие се создаваат и траат некое време, а ако се лоши како овие два, веројатно и нема да траат долго. Затоа е споменат како пример Версајскиот договор на почетокот од оваа колумна. Во суштина, и договорот со Грција и договорот со Бугарија мора да се гледаат како нова, дополнителна компликација на спорот кои овие земји го имаат со нас и никако како решение. Повеќе од јасно е дека Македонците не ги прифаќаат истите и дека и после пет години „Северна“ никако не може да фатат корен. Генерациите се менуваат, историските услови се менуваат, се менуваат и меѓународните институции. Се менуваат и договорите. Панта реи, нели Хераклит? Како краток заклучок на крајот, двата договори ги нарушуваат сите принципи на етичкиот дискурс наведени погоре. Тие не создаваат взаемно прифатливи и договорени норми. Овие договори всушност не се договори. Тие не решаваат спорови, туку отвораат нови, уште пострашни и попроблематични за нас. Тие се само уште еден предизвик во историјата на македонскиот народ. Македонците се борат за своите правдини е најмоќната реченици од македонската химна и ако сакаме да опстоиме, мора постојано да ја повторуваме. Конечно мора да си се почитуваме самите себеси, да се бориме бидејќи сме еднакви со сите други луѓе на планетава. И ние имаме право на постоење. А тоа може да се случи само со раскинувањето на овие два мртвородени и неетички „договори“.

The post Неетичноста на лошите договори appeared first on Република.

]]>
Кирјаковски: Признанието дека сме „помакедончени бугари“ останува дури и во случај на ЕУ распад https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kirjakovski-priznanieto-deka-sme-pomakedoncheni-bugari-ostanuva-duri-i-vo-sluchaj-na-eu-raspad/ Mon, 11 Jul 2022 13:48:05 +0000 https://republika.mk/?p=527058

Прифаќањето на бугарскиот ултиматум е далеку поголем проблем отколку што првично изгледа: ефективно бугарската влада добива документ во кој македонската влада се согласува дека сме „помакедончени бугари“, потенцира професорот Атанас Кирјаковски.

Тоа признание останува во корист на Бугарија дури и во случај на ЕУ распад. Што на крајот значи давање формална согласност од македонска страна во иднина Бугарија да има оправдана причина и изговор за територијални претензии па дури и отворена воена интервенција по истиот принцип на кој Русија ја нападна Украина. Повторувам, дури и ЕУ да не постои веќе, вели тој.

The post Кирјаковски: Признанието дека сме „помакедончени бугари“ останува дури и во случај на ЕУ распад appeared first on Република.

]]>

Прифаќањето на бугарскиот ултиматум е далеку поголем проблем отколку што првично изгледа: ефективно бугарската влада добива документ во кој македонската влада се согласува дека сме „помакедончени бугари“, потенцира професорот Атанас Кирјаковски.
Тоа признание останува во корист на Бугарија дури и во случај на ЕУ распад. Што на крајот значи давање формална согласност од македонска страна во иднина Бугарија да има оправдана причина и изговор за територијални претензии па дури и отворена воена интервенција по истиот принцип на кој Русија ја нападна Украина. Повторувам, дури и ЕУ да не постои веќе, вели тој.

The post Кирјаковски: Признанието дека сме „помакедончени бугари“ останува дури и во случај на ЕУ распад appeared first on Република.

]]>
Кирјаковски: Наскоро буквално нема да имаме леб да јадеме, а на режимов приоритет му се бугарските неонаци ултиматуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kirjakovski-naskoro-bukvalno-nema-da-imame-leb-da-jademe-a-na-rezimov-prioritet-mu-se-bugarskite-neonaci-ultimatumi/ Sun, 10 Jul 2022 17:02:57 +0000 https://republika.mk/?p=526606

Наскоро буквално нема да имаме леб да јадеме и топлина да се згрееме, ќе има енормно аерозагадување поради сиромаштијата и скапата струја, инфлацијата ќе расте, надворешниот долг е во неповрат, горивата се поскапи – а на режимов приоритет му се бугарските неонаци ултиматуми, коментира

The post Кирјаковски: Наскоро буквално нема да имаме леб да јадеме, а на режимов приоритет му се бугарските неонаци ултиматуми appeared first on Република.

]]>

Наскоро буквално нема да имаме леб да јадеме и топлина да се згрееме, ќе има енормно аерозагадување поради сиромаштијата и скапата струја, инфлацијата ќе расте, надворешниот долг е во неповрат, горивата се поскапи – а на режимов приоритет му се бугарските неонаци ултиматуми, коментира

The post Кирјаковски: Наскоро буквално нема да имаме леб да јадеме, а на режимов приоритет му се бугарските неонаци ултиматуми appeared first on Република.

]]>