Атака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ataka/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 16:49:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Атака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ataka/ 32 32 Голем пожар во источниот дел на Атика – огнените јазици во многу случаи надминуваат и 25 метри https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golem-pozhar-vo-istochniot-del-na-atika-ognenite-jazitsi-vo-mnogu-sluchai-nadminuvaat-i-25-metri/ Sun, 11 Aug 2024 16:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=805524

Противпожарните сили се соочуваат со огнени јазици што во многу случаи надминуваат и 25 метри, истакна попладнево портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, информирајќи за големиот пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој, како што рече, интервенираат 250 пожарникари, десет пешадиски тимови, 67 возила, голем број волонтери, како и 12 авиони и седум хеликоптери, јави дописничката на МИА од Атина.

Ватракојанис рече дека поради силниот ветер од осум Бофори, кусо по 15 часот, за само неколку минути пожарот многу брзо зазеде големи размери, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени четири пораки, од кои една за да се информираат граѓаните, а останатите три за евакуација на жителите на населени места што се во близина.

-Упатуваме апел до жителите од регионот. За нивна безбедност и со оглед на тоа што пожарот брзо се шири, ќе треба задолжително да ги следат упатствата на надлежните, рече Ватракојанис.

Неофицијално, пожарот зафати и куќи во ретко населениот дел во областа Варнава, а изгоре и едно противпожарно возило, без да бидат повредени пожарникарите.

Чадот од пожарот што е на околу 40 километри од центарот на Атина веќе покри многу атински населби, вклучително и центарот на градот.

The post Голем пожар во источниот дел на Атика – огнените јазици во многу случаи надминуваат и 25 метри appeared first on Република.

]]>

Противпожарните сили се соочуваат со огнени јазици што во многу случаи надминуваат и 25 метри, истакна попладнево портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, информирајќи за големиот пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој, како што рече, интервенираат 250 пожарникари, десет пешадиски тимови, 67 возила, голем број волонтери, како и 12 авиони и седум хеликоптери, јави дописничката на МИА од Атина. Ватракојанис рече дека поради силниот ветер од осум Бофори, кусо по 15 часот, за само неколку минути пожарот многу брзо зазеде големи размери, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени четири пораки, од кои една за да се информираат граѓаните, а останатите три за евакуација на жителите на населени места што се во близина. -Упатуваме апел до жителите од регионот. За нивна безбедност и со оглед на тоа што пожарот брзо се шири, ќе треба задолжително да ги следат упатствата на надлежните, рече Ватракојанис. Неофицијално, пожарот зафати и куќи во ретко населениот дел во областа Варнава, а изгоре и едно противпожарно возило, без да бидат повредени пожарникарите. Чадот од пожарот што е на околу 40 километри од центарот на Атина веќе покри многу атински населби, вклучително и центарот на градот.

The post Голем пожар во источниот дел на Атика – огнените јазици во многу случаи надминуваат и 25 метри appeared first on Република.

]]>