Астор Пјацола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/astor-pjacola/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Feb 2022 09:57:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Астор Пјацола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/astor-pjacola/ 32 32 „Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија КО-РА https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vechnoto-tango-na-astor-pjacola-multimedijalna-grupna-izlozba-vo-galerija-ko-ra/ Sat, 12 Feb 2022 09:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=457458

Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ вечер ќе биде отворена традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго на љубовта“ и славниот композитор Астор Пјацола.

Како што најавуваат оттаму, и оваа година Галерија „КО-РА“ ќе се придружи во одбележувањето на Денот на вљубените, во прослава на љубовта, виното, но оваа година воедно одбележувајќи го големиот јубилеј -100 годишнината на Астор Пјацола, на славниот композитор од „златниот период“ на аргентинското танго кое продолжува да го восхитува и здружува светот, обединувајќи ги генерациите и уметностите, во речиси сите сфери на уметноста.

Од Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје информираат дека со мултимедијална изложба која обединува со години наназад дела инспирирани од славните танга „Tango Oblivion“, „Tango Jealousies“, „Tango Nuevo“, „Liber Tango“... настанати во најразлични техники и медиуми во големиот салон на Галерија „КО-РА“ реализирани се бројни мултимедијални изложби кои здружуваа боја, форма, музика, гест, звук, танц, проекција, филмски остварувања, слики, скулптури, графики, фотографии, видео остварувања, инсталации, просторни интервенции, светлосни инсталации во фоајето и салоните на галеријата со учество на бројни уметници.

„Изложбите со години наназад беа проследени и со инспиративната музиката на Пјацола и со бројни танц перформанси со учество на членовите од Студиото за танц ‘Фамилија Тангови‘.

Оваа година помеѓу учесниците се: Пол Ванг и Рон Мајерс од САД, м-р Моника Радхоф Трол од Германија, м-р Петра Јовановска (Чешка), Анели ди Франис од Финска, Северине Бургерс од Белгија, Дубравко Наумов од Канада, Анна Мозговаја од Украина, Виктор Бранѓолица од Р.Хрватска, како и уметниците од Р.Македонија: м-р Марија Светиева, од м-р Билјана Билбилоска, м-р Наталија Пулејкова, м-р Маја Танева, м-р Валентина Илијевска, м-р Шќипе Мехмети, Риџет Ферати, м-р Игор Поп Тајков, Ацо Таневски и Светлана Пецакова, Ангелца Стоиљковиќ, Љубе Алексовски,Стефан Димовски, Анита Огњановска,Славица Таневска, Маја Николовска, Ленче Коцевска, Андријана Андреева /Ано Соро, Ванѓа Радевска...“, стои во најавата.

Куратор на изложбата е Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

The post „Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија КО-РА appeared first on Република.

]]>

Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ вечер ќе биде отворена традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго на љубовта“ и славниот композитор Астор Пјацола. Како што најавуваат оттаму, и оваа година Галерија „КО-РА“ ќе се придружи во одбележувањето на Денот на вљубените, во прослава на љубовта, виното, но оваа година воедно одбележувајќи го големиот јубилеј -100 годишнината на Астор Пјацола, на славниот композитор од „златниот период“ на аргентинското танго кое продолжува да го восхитува и здружува светот, обединувајќи ги генерациите и уметностите, во речиси сите сфери на уметноста. Од Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје информираат дека со мултимедијална изложба која обединува со години наназад дела инспирирани од славните танга „Tango Oblivion“, „Tango Jealousies“, „Tango Nuevo“, „Liber Tango“... настанати во најразлични техники и медиуми во големиот салон на Галерија „КО-РА“ реализирани се бројни мултимедијални изложби кои здружуваа боја, форма, музика, гест, звук, танц, проекција, филмски остварувања, слики, скулптури, графики, фотографии, видео остварувања, инсталации, просторни интервенции, светлосни инсталации во фоајето и салоните на галеријата со учество на бројни уметници. „Изложбите со години наназад беа проследени и со инспиративната музиката на Пјацола и со бројни танц перформанси со учество на членовите од Студиото за танц ‘Фамилија Тангови‘. Оваа година помеѓу учесниците се: Пол Ванг и Рон Мајерс од САД, м-р Моника Радхоф Трол од Германија, м-р Петра Јовановска (Чешка), Анели ди Франис од Финска, Северине Бургерс од Белгија, Дубравко Наумов од Канада, Анна Мозговаја од Украина, Виктор Бранѓолица од Р.Хрватска, како и уметниците од Р.Македонија: м-р Марија Светиева, од м-р Билјана Билбилоска, м-р Наталија Пулејкова, м-р Маја Танева, м-р Валентина Илијевска, м-р Шќипе Мехмети, Риџет Ферати, м-р Игор Поп Тајков, Ацо Таневски и Светлана Пецакова, Ангелца Стоиљковиќ, Љубе Алексовски,Стефан Димовски, Анита Огњановска,Славица Таневска, Маја Николовска, Ленче Коцевска, Андријана Андреева /Ано Соро, Ванѓа Радевска...“, стои во најавата. Куратор на изложбата е Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

The post „Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија КО-РА appeared first on Република.

]]>