астма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/astma/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Aug 2023 14:27:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png астма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/astma/ 32 32 Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichnite-lekari-ke-mozhe-da-prepishuvaat-terapija-za-visok-pritisok-dijabetes-astma-hobb-i-hipotiroidizam/ Mon, 21 Aug 2023 12:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=674202

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.

Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.

На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.

Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.

Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.

На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.

Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.

Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.

Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин.

Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.
Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.
На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.
Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.
Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.
На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.
Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.
Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.
Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин. Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.  

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>
Сали: Од астма заболени од 80.000 до 100.000, но бројот постојано расте https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sali-od-astma-zaboleni-od-80-000-do-100-000-no-brojot-postojano-raste/ Tue, 03 May 2022 20:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=497147

Светски ден на астма согласно календарот на Светската здравствена организација (СЗО) годинава се одбележува на 3 мај.
Станува збор за сериозно хронично заболување кое достигнува бројка до 300 милиони пациенти во светот од сите возрасни групи, напиша вечерва министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил.

Министерот Сали наведува дека бројот на заболени во нашата држава изнесува од 80 илјади до 100 илјади и е во постојан пораст.

-Една од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на живот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови кои овозможуваат подобар исход во лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест, напиша министерот за здравство Сали на Фејсбук.

The post Сали: Од астма заболени од 80.000 до 100.000, но бројот постојано расте appeared first on Република.

]]>

Светски ден на астма согласно календарот на Светската здравствена организација (СЗО) годинава се одбележува на 3 мај. Станува збор за сериозно хронично заболување кое достигнува бројка до 300 милиони пациенти во светот од сите возрасни групи, напиша вечерва министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил. Министерот Сали наведува дека бројот на заболени во нашата држава изнесува од 80 илјади до 100 илјади и е во постојан пораст. -Една од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на живот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови кои овозможуваат подобар исход во лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест, напиша министерот за здравство Сали на Фејсбук.