Астерфест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asterfest/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 08:42:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Астерфест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asterfest/ 32 32 Гран при на ,,Астерфест” за филмот ,,Љубовни маки” од Данска https://arhiva3.republika.mk/scena/film/gran-pri-na-asterfest-za-filmot-lubovni-maki-od-danska/ Tue, 06 Aug 2024 08:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=803792

Гран при за најдобар краток филм на 19. „Астерфест” го доби филмот „Љубовни маки” на Александер Саул, ММ продукции од Данска. Оваа одлука ја донесоа членовите на фестивалското жири во состав Зејгам Азизов од Велика Британија, Ганимет Сава од Косово и Никола Пијанманов од Македонија.

Жирито „Златната потковица“ ја додели на краткиот анимиран филм „Гилгамеш“ на Шаќир Весели (Албанија). „Сребрената потковица“ ја доби краткиот игран филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова (Македонија), а Бронзената потковица за „Фортисимо“ на Виктор Цеска (Франција). Наградата за најдобар режисер „Ацо Алексов“ ја доби Небојша Слијепчевиќ за краткиот игран филм „Човекот кој не можеше да молчи” (Хрватска), а наградата за најдобро сценарио „Ѓорѓи Абаџиев“ ја доби краткиот анимиран филм „Споменик“ на Сиџјиа Џенг и Џјашји Ву (САД). Специјални признанија од жирито добија и краткиот документарен филм „За живеењето“ на Сезер Салихи (Македонија) и краткиот анимиран филм „Мигови“ на Катја Фридрих (Германија).

Вечерва во 20:30 часот во Амфитеатарот астерфестовската публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ во чест на лауреатот Антонио Митрикески, како и кратките филмови „Со кренати раце“ на Митко Панов и „Лифт горе, лифт долу“ во режија на Душан Наумовски.

На последната фестивалска вечер беа прикажани наградените кратки филмови, како и култниот филм „Црно семе“, во знак на пет годишнината од смртта на Кирил Ценевски.

The post Гран при на ,,Астерфест” за филмот ,,Љубовни маки” од Данска appeared first on Република.

]]>

Гран при за најдобар краток филм на 19. „Астерфест” го доби филмот „Љубовни маки” на Александер Саул, ММ продукции од Данска. Оваа одлука ја донесоа членовите на фестивалското жири во состав Зејгам Азизов од Велика Британија, Ганимет Сава од Косово и Никола Пијанманов од Македонија. Жирито „Златната потковица“ ја додели на краткиот анимиран филм „Гилгамеш“ на Шаќир Весели (Албанија). „Сребрената потковица“ ја доби краткиот игран филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова (Македонија), а Бронзената потковица за „Фортисимо“ на Виктор Цеска (Франција). Наградата за најдобар режисер „Ацо Алексов“ ја доби Небојша Слијепчевиќ за краткиот игран филм „Човекот кој не можеше да молчи” (Хрватска), а наградата за најдобро сценарио „Ѓорѓи Абаџиев“ ја доби краткиот анимиран филм „Споменик“ на Сиџјиа Џенг и Џјашји Ву (САД). Специјални признанија од жирито добија и краткиот документарен филм „За живеењето“ на Сезер Салихи (Македонија) и краткиот анимиран филм „Мигови“ на Катја Фридрих (Германија). Вечерва во 20:30 часот во Амфитеатарот астерфестовската публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ во чест на лауреатот Антонио Митрикески, како и кратките филмови „Со кренати раце“ на Митко Панов и „Лифт горе, лифт долу“ во режија на Душан Наумовски.
На последната фестивалска вечер беа прикажани наградените кратки филмови, како и култниот филм „Црно семе“, во знак на пет годишнината од смртта на Кирил Ценевски.

The post Гран при на ,,Астерфест” за филмот ,,Љубовни маки” од Данска appeared first on Република.

]]>
Со проекција на „Црно семе“ вечерва се затвора 19. издание на „Астерфест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/so-proektsija-na-tsrno-seme-vecherva-se-zatvora-19-izdanie-na-asterfest/ Mon, 05 Aug 2024 09:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=803431

Вечерва на последна фестивалска вечер на 19 тото издание на „Астерфест“ во Струмица, во 20:30 часот во Амфитеатарот, ќе бидат прикажани дел од наградените филмови и “Црно семе”.

Посетителите ќе можат да ги видат и филмовите ,,Љубовни маки”, ,,Човекот кој не можеше да молчи” и споменик”.

Годинава Астерфест се одржа под мотото „Кинореалност ’24“.

The post Со проекција на „Црно семе“ вечерва се затвора 19. издание на „Астерфест“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва на последна фестивалска вечер на 19 тото издание на „Астерфест“ во Струмица, во 20:30 часот во Амфитеатарот, ќе бидат прикажани дел од наградените филмови и “Црно семе”. Посетителите ќе можат да ги видат и филмовите ,,Љубовни маки”, ,,Човекот кој не можеше да молчи” и споменик”. Годинава Астерфест се одржа под мотото „Кинореалност ’24“.

The post Со проекција на „Црно семе“ вечерва се затвора 19. издание на „Астерфест“ appeared first on Република.

]]>
Со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ вечерва почнува 19. издание на филмскиот фестивал „Астерфест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/so-proektsija-na-kanskiot-laureat-chovekot-koj-ne-mozheshe-da-molchi-na-nebojsha-slijepchevik-vecherva-pochnuva-19-izdanie-na-filmskiot-festival-asterfest/ Thu, 01 Aug 2024 08:16:28 +0000 https://republika.mk/?p=801516

Деветнаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, кој годинава е во знакот на авторскиот филм, ќе започне на 1 август во 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ.

Овој тринаесетминутен хрватски филм, со Горан Богдан во главната улога, неодамна освои „Златна палма“ за краток филм на Канскиот филмски фестивал. Дејствието на филмот се случува на 27 февруари 1993 година, во Штрпци, Босна и Херцеговина. Патнички воз на линијата Белград – Бар е запрен од паравоени сили во акција на етничко чистење. Додека ги извлекуваат невините цивили, само еден човек од 500 патници се осмелува да им се спротивстави. Ова е вистинска приказна за човекот кој не можел да молчи. Филмот е успешна копродукција меѓу Хрватска, Словенија и Бугарија и е во продукција на „Антиталент“ од Загреб, а зад него стојат имињата на продуцентите Катарина Прпиќ и Даниел Пек. Значајно е дека оваа награда авторот Слијепчевиќ му ја посветил на Тома Бузов, човекот кој го инспирирал за овој филм и чијашто приказна ја раскажал.

Лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот „Астерфест“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митрикески, кој оваа престижна награда ја добива за неговата исклучителна филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус. Наградата на Митрикески ќе му биде доделена на самиот чин на отворањето на „Астерфест“.

Во првата натпреварувачка вечер, покрај „Човекот кој не можеше да молчи“, на програмата се уште дванаесет селектирани кратки филмови: „Гилгамеш“ на Шаќир Весели, „Астран“ на групата автори од „Исарт“, „Глувчевата куќичка“ на Тимон Ледер, „Луди и свесни“ (премиера) на Мануела Златкова, „Споменик“ на Сиџија Џенг и Џјашји Ву, „Малиот талкач“ на Каролина Томкова, „Полжавска приказна“ на Ели Воткинс и Хелен Грифитс, „Песок“ на Розе Торн и Матео Коста, „Сламеница кон иднината“ на Николас Нојхолд, „Оп, риба“ на Вибин Виџајан, „Шепкач“ на Младен Ѓукиќ и „Сржта“ на Оберт.

Втората натпреварувачка вечер започнува во 20:30 часот, во Амфитеатарот, со претставување на двократните оскаровци Ким Магнусон и Ребека Прузан од Данска, кои како југоисточноевропска премиера ќе го прикажат својот најнов филм „Љубовни маки“ во режија на Александер Саул. Веднаш потоа следуваат уште десет ексклузивни кратки филмови: европската премиера на „Избавени од злотворот“ на Бенџамин Хекман и Лук Сарџент и „Мигови“ на Катја Фридрих, „Фортисимо“ на Виктор Цеска, „Солени животи“ на Рустам Мелиев, „Гнездо“ на Настимир Цачев, „За живеењето“ на Сезер Салихи, „Навја“ на Ана Шиленкова, „Почест“ на Мат Цискас, „Прошетка“ на Елонора Венинова и „Ги знаеш правилата“ на Овен Тут.

На програмата се филмови од дваесетина држави од сите меридијани, кои ги потпишуваат референтни, високопрофесионални продукции, универзитети и независни филмски автори, од кои повеќето се веќе искусни, а некои се дебитанти.

Македонскиот ликовен уметник Никола Пијанманов, кој е и член на овогодишното интернационално филмско жири на „Астерфест“, изработи уникатни статуетки што од оваа година ќе бидат официјални награди за лауреатите на „Астерфест“. Пијанманов е уметник роден во Струмица, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на повеќе уметнички дела, јавно изложувани, а своите дела ги има претставувано и на неколку самостојни изложби. Како активен и самостоен уметник, тој е целосно посветен на сликањето, вајарството и пишувањето. Другиот член на жирито е Зејгам Азизов, британски филозоф и уметник кој моментално живее и работи во Лондон. Неговото творештво се однесува на глобалната состојба на сликите и нивната можност да ја реартикулираат критичката положба на уметникот низ прашања за времето, сликата и наративните процедури на глобализацијата со јазиците на миграцијата, медиумите и новиот мимезис. Третиот член на жирито е Ганимет Сава, основачка и претседателка на Интернационалниот филмски фестивал „Уметност без граници“ во Приштина. Таа е, исто така, сценограф, филмски и костимски дизајнер, уметнички и моден фотограф. Работела и како активист во различни асоцијации за луѓе со попреченост и за женските права.

Жирито ќе одлучува за најдобрите авторски кусометражни филмови во натпреварувачката програма, за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“, за Гран при за најдобар краток филм, како и за специјалните плакети „Ацо Алексов“ за најдобар автор и „Ѓорѓи Абаџиев“ за најдобро сценарио, во чест на овие двајца доајени на македонскиот филм.На 2 август, во хотелот „Горан Пандев“, во 11 часот, ќе се одржи традиционалниот „Астер портрет“ (Тивериополска филмска беседа) за Митрикески, на кој ќе зборува критичарот Стојан Синадинов.

Како своевидна филмска посвета на лауреатот Митрикески, четвртата вечер, во Амфитеатарот во Струмица, за струмичката публика ќе има и специјална проекција на неговиот долгометражен игран филм „Преку езерото“, според сценарио на Ташко Георгиевски и Митрикески, со Никола Ристановски и Агњешка Вагнер во главните улоги. „Преку езерото“ е филм во кој Константин мечтае по Елена, која е од другата страна на езерото, и се решава на неизвесна авантура, за пат преку езерото во кајче – за да стигне до неа.

Посебен настан за филмофилите ќе биде и промоцијата на книгата „Филмска објектологија“ на авторот Васил Михаил, на 3 август од 11 часот, во хотелот „Горан Пандев“, којашто ќе ја промовираат Саша Станишиќ и Далибор Плечиќ. Авторот на книгата, преку практични и теоретски инструменти, аргументира и предлага воведување на нова подгранка на филмологијата која ќе се нарекува Филмска објектологија, а сценариото за краток игран филм „Кујна“ е основната појдовна точка од која се развива теоријата за објектот во филмски кадар.

Во чест на наградените, откако жирито официјално ќе ја соопшти својата одлука, на 3 август, пред вечерните проекции, ќе има и кратко претставување на ДВД-то „Македонски кратки играни филмови“ во издание на Кинотека на Македонија, по што ќе следуваат неколку култни филмови од ризницата на македонската кинематографија. Меѓу другото, ќе се прикажат дигитално реставрираната верзија на „Црно семе“, во знак на 5 години од смртта на Кирил Ценевски, како и наградуваниот краток игран филм „Со кренати раце“ на Митко Панов.

На четвртата вечер струмичката публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ на лауреатот Антонио Митрикески, како и краткиот филм „Лифт горе, лифт долу“ во режија на Душан Наумовски. Сите овие проекции се овозможени во соработка со Кинотека на РС Македонија.

Покрај дел од авторите од повеќе земји, на Фестивалот се очекуваат и високи претставници од Европската филмска академија, од Скандинавската филмска диструбуција, како и од Британскиот филмски институт.Деветнаесеттото издание на „Астерфест“ во Струмица ќе се одвива под мотото „Кинореалност ’24“.

Со разновидните вечерни проекции во Амфитеатарот и со придружните дневни настани, Фестивалот ќе трае до 5 август вечерта, кога ќе се прикажат наградените филмови од натпреварувачката програма.„Астерфест филм фестивал“, во пресрет на јубилејната сезона, организира серија промотивни настани и авторски проекции, под насловот „Тивериополски филмски денови“, а ја обнови и едицијата книги „Словенски Орфеј“.

Новитет е и востановувањето на Филмската школа на „Астерфест“, што ќе биде своевидно продлабочување на работилниците и мастер-класовите, но со светски едукациски модел на стекнувања искуства и вештини. Школата ќе биде раководена од врвни академски личности од светот на културата, филмот и драмските уметности.Покровител на Фестивалот е Општина Струмица.

The post Со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ вечерва почнува 19. издание на филмскиот фестивал „Астерфест“ appeared first on Република.

]]>

Деветнаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, кој годинава е во знакот на авторскиот филм, ќе започне на 1 август во 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ.

Овој тринаесетминутен хрватски филм, со Горан Богдан во главната улога, неодамна освои „Златна палма“ за краток филм на Канскиот филмски фестивал. Дејствието на филмот се случува на 27 февруари 1993 година, во Штрпци, Босна и Херцеговина. Патнички воз на линијата Белград – Бар е запрен од паравоени сили во акција на етничко чистење. Додека ги извлекуваат невините цивили, само еден човек од 500 патници се осмелува да им се спротивстави. Ова е вистинска приказна за човекот кој не можел да молчи. Филмот е успешна копродукција меѓу Хрватска, Словенија и Бугарија и е во продукција на „Антиталент“ од Загреб, а зад него стојат имињата на продуцентите Катарина Прпиќ и Даниел Пек. Значајно е дека оваа награда авторот Слијепчевиќ му ја посветил на Тома Бузов, човекот кој го инспирирал за овој филм и чијашто приказна ја раскажал. Лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот „Астерфест“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митрикески, кој оваа престижна награда ја добива за неговата исклучителна филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус. Наградата на Митрикески ќе му биде доделена на самиот чин на отворањето на „Астерфест“. Во првата натпреварувачка вечер, покрај „Човекот кој не можеше да молчи“, на програмата се уште дванаесет селектирани кратки филмови: „Гилгамеш“ на Шаќир Весели, „Астран“ на групата автори од „Исарт“, „Глувчевата куќичка“ на Тимон Ледер, „Луди и свесни“ (премиера) на Мануела Златкова, „Споменик“ на Сиџија Џенг и Џјашји Ву, „Малиот талкач“ на Каролина Томкова, „Полжавска приказна“ на Ели Воткинс и Хелен Грифитс, „Песок“ на Розе Торн и Матео Коста, „Сламеница кон иднината“ на Николас Нојхолд, „Оп, риба“ на Вибин Виџајан, „Шепкач“ на Младен Ѓукиќ и „Сржта“ на Оберт. Втората натпреварувачка вечер започнува во 20:30 часот, во Амфитеатарот, со претставување на двократните оскаровци Ким Магнусон и Ребека Прузан од Данска, кои како југоисточноевропска премиера ќе го прикажат својот најнов филм „Љубовни маки“ во режија на Александер Саул. Веднаш потоа следуваат уште десет ексклузивни кратки филмови: европската премиера на „Избавени од злотворот“ на Бенџамин Хекман и Лук Сарџент и „Мигови“ на Катја Фридрих, „Фортисимо“ на Виктор Цеска, „Солени животи“ на Рустам Мелиев, „Гнездо“ на Настимир Цачев, „За живеењето“ на Сезер Салихи, „Навја“ на Ана Шиленкова, „Почест“ на Мат Цискас, „Прошетка“ на Елонора Венинова и „Ги знаеш правилата“ на Овен Тут. На програмата се филмови од дваесетина држави од сите меридијани, кои ги потпишуваат референтни, високопрофесионални продукции, универзитети и независни филмски автори, од кои повеќето се веќе искусни, а некои се дебитанти. Македонскиот ликовен уметник Никола Пијанманов, кој е и член на овогодишното интернационално филмско жири на „Астерфест“, изработи уникатни статуетки што од оваа година ќе бидат официјални награди за лауреатите на „Астерфест“. Пијанманов е уметник роден во Струмица, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на повеќе уметнички дела, јавно изложувани, а своите дела ги има претставувано и на неколку самостојни изложби. Како активен и самостоен уметник, тој е целосно посветен на сликањето, вајарството и пишувањето. Другиот член на жирито е Зејгам Азизов, британски филозоф и уметник кој моментално живее и работи во Лондон. Неговото творештво се однесува на глобалната состојба на сликите и нивната можност да ја реартикулираат критичката положба на уметникот низ прашања за времето, сликата и наративните процедури на глобализацијата со јазиците на миграцијата, медиумите и новиот мимезис. Третиот член на жирито е Ганимет Сава, основачка и претседателка на Интернационалниот филмски фестивал „Уметност без граници“ во Приштина. Таа е, исто така, сценограф, филмски и костимски дизајнер, уметнички и моден фотограф. Работела и како активист во различни асоцијации за луѓе со попреченост и за женските права. Жирито ќе одлучува за најдобрите авторски кусометражни филмови во натпреварувачката програма, за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“, за Гран при за најдобар краток филм, како и за специјалните плакети „Ацо Алексов“ за најдобар автор и „Ѓорѓи Абаџиев“ за најдобро сценарио, во чест на овие двајца доајени на македонскиот филм.На 2 август, во хотелот „Горан Пандев“, во 11 часот, ќе се одржи традиционалниот „Астер портрет“ (Тивериополска филмска беседа) за Митрикески, на кој ќе зборува критичарот Стојан Синадинов. Како своевидна филмска посвета на лауреатот Митрикески, четвртата вечер, во Амфитеатарот во Струмица, за струмичката публика ќе има и специјална проекција на неговиот долгометражен игран филм „Преку езерото“, според сценарио на Ташко Георгиевски и Митрикески, со Никола Ристановски и Агњешка Вагнер во главните улоги. „Преку езерото“ е филм во кој Константин мечтае по Елена, која е од другата страна на езерото, и се решава на неизвесна авантура, за пат преку езерото во кајче – за да стигне до неа. Посебен настан за филмофилите ќе биде и промоцијата на книгата „Филмска објектологија“ на авторот Васил Михаил, на 3 август од 11 часот, во хотелот „Горан Пандев“, којашто ќе ја промовираат Саша Станишиќ и Далибор Плечиќ. Авторот на книгата, преку практични и теоретски инструменти, аргументира и предлага воведување на нова подгранка на филмологијата која ќе се нарекува Филмска објектологија, а сценариото за краток игран филм „Кујна“ е основната појдовна точка од која се развива теоријата за објектот во филмски кадар. Во чест на наградените, откако жирито официјално ќе ја соопшти својата одлука, на 3 август, пред вечерните проекции, ќе има и кратко претставување на ДВД-то „Македонски кратки играни филмови“ во издание на Кинотека на Македонија, по што ќе следуваат неколку култни филмови од ризницата на македонската кинематографија. Меѓу другото, ќе се прикажат дигитално реставрираната верзија на „Црно семе“, во знак на 5 години од смртта на Кирил Ценевски, како и наградуваниот краток игран филм „Со кренати раце“ на Митко Панов. На четвртата вечер струмичката публика ќе има прилика да ја гледа раритетната копија на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ на лауреатот Антонио Митрикески, како и краткиот филм „Лифт горе, лифт долу“ во режија на Душан Наумовски. Сите овие проекции се овозможени во соработка со Кинотека на РС Македонија. Покрај дел од авторите од повеќе земји, на Фестивалот се очекуваат и високи претставници од Европската филмска академија, од Скандинавската филмска диструбуција, како и од Британскиот филмски институт.Деветнаесеттото издание на „Астерфест“ во Струмица ќе се одвива под мотото „Кинореалност ’24“. Со разновидните вечерни проекции во Амфитеатарот и со придружните дневни настани, Фестивалот ќе трае до 5 август вечерта, кога ќе се прикажат наградените филмови од натпреварувачката програма.„Астерфест филм фестивал“, во пресрет на јубилејната сезона, организира серија промотивни настани и авторски проекции, под насловот „Тивериополски филмски денови“, а ја обнови и едицијата книги „Словенски Орфеј“. Новитет е и востановувањето на Филмската школа на „Астерфест“, што ќе биде своевидно продлабочување на работилниците и мастер-класовите, но со светски едукациски модел на стекнувања искуства и вештини. Школата ќе биде раководена од врвни академски личности од светот на културата, филмот и драмските уметности.Покровител на Фестивалот е Општина Струмица.

The post Со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ вечерва почнува 19. издание на филмскиот фестивал „Астерфест“ appeared first on Република.

]]>
Антонио Митриќески е лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот 19. „Астерфест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/antonio-mitrikeski-e-laureat-na-nagradata-aster-na-ovogodishniot-19-asterfest/ Mon, 22 Jul 2024 08:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=799087

Лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот 19. „Астерфест“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митрикески.

Исклучителната филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус на Антонио Митрикески заземаат посебно место во македонската, балканската и европската кинематографија.

Покрај Милчо Манчевски и Митко Панов, Митрикески е еден од најизразитите македонски претставници на генерацијата филмски автори кои започнаа да го градат својот опус и постигнаа видни успеси веднаш по осамостојувањето на Македонија.

Наградата на Митрикески ќе му биде доделена на отворањето на „Астерфест“, на 1 август, во 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, а статуетката за наградата „Астер“ специјално ја изработи македонскиот уметник Никола Пијанманов.

На 2 август, во хотел „Горан Пандев“, во 11 часот, ќе се одржи традиционалниот „Астер портрет“ (Тивериополска филмска беседа) за Митрикески, на кој ќе зборува критичарот Стојан Синадинов.Сите филмови на Митрикески се прикажувани на поранешните изданија на „Астерфест“. За оваа пригода, на 4 август вечерта, во Амфитеатарот во Струмица, во соработка со Кинотеката на РС Македонија, за струмичката публика ќе има специјална проекција на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ на Митрикески, според сценарио на Ташко Георгиевски и Митрикески, со Никола Ристановски и Агњешка Вагнер во главните улоги.

Антонио Митрикески е роден во 1961 г., во Скопје. Дипломира на Државната школа за театар, филм и телевизија во Лоѓ, Полска, на Отсекот за филмска и ТВ-режија, во 1987 година. За време на студиите реализира четири кусометражни филма, и тоа:

„Двобој“, „Ден“, „Време“ и „Ехо“. Автор е на две телевизиски драми, „Има ли таму некој“, според Вилијам Саројан, и „Џамбазот и крчмарката“, според сопствено сценарио. Во селекција на Државната висока школа учествува и на повеќе меѓународни филмски фестивали: Оберхаузен, Минхен, Краков, Карлови Вари и др.

За филмовите „Ден“ и „Двобој“ добива специјални дипломи и награда на градот Лоѓ. Во 1991 г. го реализира документарниот филм „Љубовта на Кочо Топенчаров“, за кој е награден со Златен медал за дебитантски филм на Мартовскиот фестивал за документарен филм во Белград. Во 1997 г. го реализира долгометражниот филм „Преку езерото“ во македонско-полска копродукција. Филмот премиерно беше прикажан на Фестивалот во Монтреал, доби награда од публиката на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ – Битола во 1997 година, а исто така, учествуваше на голем број фестивали и е продаден на голем број телевизии во светот. Во 2003 г. го снима долгометражниот игран филм „Како лош сон“ во македонско-хрватско-англиска копродукција. Филмот светската премиера ја доживеа на дваесет и седмиот Mонтреалски светски филмски фестивал. Беше прикажан во официјална конкуренција и доби признание од фестивалот. Во 2011/12 г. реализира седум документарни филмa на тема „Национална борба за ослободување на Македонија“. Во 2013 г. реализира единаесет документарни филма од историјата на Македонија. Во 2014 г. го снима долгометражниот игран филм „Деца на сонцето“ во македонско-српска копродукција. Светската премиера се одржа на 24 септември, во Лондон, во официјална селекција на Филмскиот фестивал „Реинденс“. За истиот филм на Македонскиот филмски фестивал во Торонто го добива Златниот медал за најдобар игран филм, а на Филмскиот фестивал во Сиднеј, „Денови на македонскиот филм“, ја добива Наградата за најдобар режисер. Во 2015/16 г. реализира четири документарни филма за градот Битола.Филмовите на Антонио Митрикески учествуваа на голем број филмски фестивали во Европа, Америка, Азија, Австралија и Африка. Добитник е на повеќе престижни филмски награди. Бил член на жирија на многу значајни меѓународни филмски фестивали. Исто така, одржал работилници за филмска режија во Сиднеј, Белград, Лоѓ, Битола, Бари и др. Во 2006 г. ја издава збирката поезија „Патување“, во 2009 г. збирката поезија „Траги“, а најновата насловена „Простори“ ја издаде оваа година. Основач е на приватното претпријатие за производство на филмови „Хоризон филм“. Во 2012/13 г. ја извршува функцијата претседател на Управниот одбор на „Вардар филм“. Во 2014/15 година е претседател на Управниот одбор на Здружението на филмски режисери во Македонија. Докторира во 2010 г., со докторската дисертација „Теорија и практика на документарниот филм“. Во 2013 г. на истата тема објавува книга-учебник. Работи како професор по предметот Филмска и ТВ-режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Претходни лауреати на престижната меѓународна награда „Астер“ биле авторите: Бранко Гапо, Карољ Вичек, Лордан Зафрановиќ, Рангел В’лчанов, Боро Драшковиќ, Мигел Ермосо, Лаила Пакалнина, Тимоти Бајфорд, Владимир Блажевски, Карпо Година, Киро Урдин, Борис Геретс, Вајт Хелмер, Коле Ангеловски, Ким Лонгиното, Пиро Милкани, Јан Качер, Желимир Жилник…

19. издание на „Астерфест“ во Струмица почнува на 1 август  во Амфитеатарот, во 20. 30 часот, под мотото „Кинореалност ’24“.

 

The post Антонио Митриќески е лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот 19. „Астерфест“ appeared first on Република.

]]>

Лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот 19. „Астерфест“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митрикески. Исклучителната филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус на Антонио Митрикески заземаат посебно место во македонската, балканската и европската кинематографија. Покрај Милчо Манчевски и Митко Панов, Митрикески е еден од најизразитите македонски претставници на генерацијата филмски автори кои започнаа да го градат својот опус и постигнаа видни успеси веднаш по осамостојувањето на Македонија. Наградата на Митрикески ќе му биде доделена на отворањето на „Астерфест“, на 1 август, во 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, а статуетката за наградата „Астер“ специјално ја изработи македонскиот уметник Никола Пијанманов. На 2 август, во хотел „Горан Пандев“, во 11 часот, ќе се одржи традиционалниот „Астер портрет“ (Тивериополска филмска беседа) за Митрикески, на кој ќе зборува критичарот Стојан Синадинов.Сите филмови на Митрикески се прикажувани на поранешните изданија на „Астерфест“. За оваа пригода, на 4 август вечерта, во Амфитеатарот во Струмица, во соработка со Кинотеката на РС Македонија, за струмичката публика ќе има специјална проекција на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ на Митрикески, според сценарио на Ташко Георгиевски и Митрикески, со Никола Ристановски и Агњешка Вагнер во главните улоги. Антонио Митрикески е роден во 1961 г., во Скопје. Дипломира на Државната школа за театар, филм и телевизија во Лоѓ, Полска, на Отсекот за филмска и ТВ-режија, во 1987 година. За време на студиите реализира четири кусометражни филма, и тоа: „Двобој“, „Ден“, „Време“ и „Ехо“. Автор е на две телевизиски драми, „Има ли таму некој“, според Вилијам Саројан, и „Џамбазот и крчмарката“, според сопствено сценарио. Во селекција на Државната висока школа учествува и на повеќе меѓународни филмски фестивали: Оберхаузен, Минхен, Краков, Карлови Вари и др. За филмовите „Ден“ и „Двобој“ добива специјални дипломи и награда на градот Лоѓ. Во 1991 г. го реализира документарниот филм „Љубовта на Кочо Топенчаров“, за кој е награден со Златен медал за дебитантски филм на Мартовскиот фестивал за документарен филм во Белград. Во 1997 г. го реализира долгометражниот филм „Преку езерото“ во македонско-полска копродукција. Филмот премиерно беше прикажан на Фестивалот во Монтреал, доби награда од публиката на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ – Битола во 1997 година, а исто така, учествуваше на голем број фестивали и е продаден на голем број телевизии во светот. Во 2003 г. го снима долгометражниот игран филм „Како лош сон“ во македонско-хрватско-англиска копродукција. Филмот светската премиера ја доживеа на дваесет и седмиот Mонтреалски светски филмски фестивал. Беше прикажан во официјална конкуренција и доби признание од фестивалот. Во 2011/12 г. реализира седум документарни филмa на тема „Национална борба за ослободување на Македонија“. Во 2013 г. реализира единаесет документарни филма од историјата на Македонија. Во 2014 г. го снима долгометражниот игран филм „Деца на сонцето“ во македонско-српска копродукција. Светската премиера се одржа на 24 септември, во Лондон, во официјална селекција на Филмскиот фестивал „Реинденс“. За истиот филм на Македонскиот филмски фестивал во Торонто го добива Златниот медал за најдобар игран филм, а на Филмскиот фестивал во Сиднеј, „Денови на македонскиот филм“, ја добива Наградата за најдобар режисер. Во 2015/16 г. реализира четири документарни филма за градот Битола.Филмовите на Антонио Митрикески учествуваа на голем број филмски фестивали во Европа, Америка, Азија, Австралија и Африка. Добитник е на повеќе престижни филмски награди. Бил член на жирија на многу значајни меѓународни филмски фестивали. Исто така, одржал работилници за филмска режија во Сиднеј, Белград, Лоѓ, Битола, Бари и др. Во 2006 г. ја издава збирката поезија „Патување“, во 2009 г. збирката поезија „Траги“, а најновата насловена „Простори“ ја издаде оваа година. Основач е на приватното претпријатие за производство на филмови „Хоризон филм“. Во 2012/13 г. ја извршува функцијата претседател на Управниот одбор на „Вардар филм“. Во 2014/15 година е претседател на Управниот одбор на Здружението на филмски режисери во Македонија. Докторира во 2010 г., со докторската дисертација „Теорија и практика на документарниот филм“. Во 2013 г. на истата тема објавува книга-учебник. Работи како професор по предметот Филмска и ТВ-режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Претходни лауреати на престижната меѓународна награда „Астер“ биле авторите: Бранко Гапо, Карољ Вичек, Лордан Зафрановиќ, Рангел В’лчанов, Боро Драшковиќ, Мигел Ермосо, Лаила Пакалнина, Тимоти Бајфорд, Владимир Блажевски, Карпо Година, Киро Урдин, Борис Геретс, Вајт Хелмер, Коле Ангеловски, Ким Лонгиното, Пиро Милкани, Јан Качер, Желимир Жилник… 19. издание на „Астерфест“ во Струмица почнува на 1 август  во Амфитеатарот, во 20. 30 часот, под мотото „Кинореалност ’24“.  

The post Антонио Митриќески е лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот 19. „Астерфест“ appeared first on Република.

]]>
Во Кинотека ревија на филмови од 18. „Астерфест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-kinoteka-revija-na-filmovi-od-18-asterfest/ Sat, 07 Oct 2023 07:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=688816

Во Кинотека вечерва ќе се одржи традиционална ревија на филмови од последното, 18. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржа во Струмица, под мотото „Со нови искуства“.

Програмата опфаќа четири наградени странски кратки играни филмови: данскиот „Ивалу“, американскиот „Еж“, австралискиот „Штипење“ и британскиот „Ирско збогум“. „Ивалу“ на Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен е краток игран филм, номиниран за Оскар и добитник на „Златна потковица“ (Гран При) на „Астерфест“, со приказна која се обидува на фантастичен начин да ги разоткрие тајните на гренландската природа. „Еж“ на Д. Митри е краток игран филм, добитник на „Сребрена потковица“ на „Астерфест“, кој ја допира човечката димензија во руско-украинската војна. „Штипење“ на Еми Патмор и Ана Дворжак е краток игран филм, добитник на „Бронзена потковица“ на „Астерфест“, обработувајќи суптилна тема за ученичка која се бори со тивката болест.

Ексклузивно ќе биде прикажан и „Ирско збогум“ на Том Беркли и Рос Вајт, добитник на Оскар и добитник на Специјална награда на „Астерфест“. Се работи за трогателна сторија за отуѓените браќа кои се принудени да се зближат по прераната смрт на нивната мајка.

The post Во Кинотека ревија на филмови од 18. „Астерфест“ appeared first on Република.

]]>

Во Кинотека вечерва ќе се одржи традиционална ревија на филмови од последното, 18. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржа во Струмица, под мотото „Со нови искуства“. Програмата опфаќа четири наградени странски кратки играни филмови: данскиот „Ивалу“, американскиот „Еж“, австралискиот „Штипење“ и британскиот „Ирско збогум“. „Ивалу“ на Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен е краток игран филм, номиниран за Оскар и добитник на „Златна потковица“ (Гран При) на „Астерфест“, со приказна која се обидува на фантастичен начин да ги разоткрие тајните на гренландската природа. „Еж“ на Д. Митри е краток игран филм, добитник на „Сребрена потковица“ на „Астерфест“, кој ја допира човечката димензија во руско-украинската војна. „Штипење“ на Еми Патмор и Ана Дворжак е краток игран филм, добитник на „Бронзена потковица“ на „Астерфест“, обработувајќи суптилна тема за ученичка која се бори со тивката болест. Ексклузивно ќе биде прикажан и „Ирско збогум“ на Том Беркли и Рос Вајт, добитник на Оскар и добитник на Специјална награда на „Астерфест“. Се работи за трогателна сторија за отуѓените браќа кои се принудени да се зближат по прераната смрт на нивната мајка.

The post Во Кинотека ревија на филмови од 18. „Астерфест“ appeared first on Република.

]]>
Златна потковица на „Астерфест“ за данскиот филм „Ивалу“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-potkovitsa-na-asterfest-za-danskiot-film-ivalu/ Mon, 07 Aug 2023 07:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=669427

Најдобар филм на 18.издание на Филмскиот фестивал „Астерфест“ е „Ивалу“ на авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен од Данска, кој го доби фестивалското гран при – Златната потковица.

Сребрената потоковица ја доби филмот „Еж“ на авторот Д. Митри од САД, а бронзената му е доделена на „Штипење“ на авторките Еми Патмор и Ана Дворжак од Австралија.

Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ за сценарио ја доби авторката Александра Кардалевска за македонскиот филм „Сценарио“, а наградата „Ацо Алексов“ за режија на авторот Дејан Ангелов за филмот „Задача“.

Одлуките за наградите едногласно ги донесе жирито во состав Гоце Ристовски, писател и универзитетски професор, д-р Дрита М. Фазлија, филмски продуцент и универзитетски професор и Мили Чумиќ, филмски продуцент и дистрибутер од Велика Британија.

Награда за филм од македонска продукција е доделена на „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова Пилинг, а награда за студентски филм доби „Новиот почеток“ на Тања Симоновска.

Специјална награда за современ третман на традиционалните семејни вредности доби филмот „Ирско збогување“ на авторите Том Беркли и Рос Вајт од Велика Британија.

Специјална награда за инвентивен ведар пристап на теми што говорат за глобалната состојба на психоза во современиот свет доби македонскиот филм „Тале и Корона“ на Томислав Алексов, а специјална награда за придонес во разоткривањето на ефектите од алтернативниот уметнички креативен пристап наспроти конвенционалниот живот му е доделена на македонскиот филм „Лука“ на авторот Ице Виранов.

По доделувањето на наградите, беше прикажан филмот „Сонцето не грее на сите страни“ на Глигор Кондовски.

Фестивалот продолжува вечер со проекцијата на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“ во знак на 5-годишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот, со Ристо Шишков во главната улога.

Годинашново издание на „Астерфест“ завршува утре со проекцијата на унгарскиот шеесетминутен „Звучен кафез“ на Корнел Силаги (Игор Бухаров), во чест на лауреатката Каталин Ладик, во повремена придружба на Георги Трајков со акустична гитара

 

The post Златна потковица на „Астерфест“ за данскиот филм „Ивалу“ appeared first on Република.

]]>

Најдобар филм на 18.издание на Филмскиот фестивал „Астерфест“ е „Ивалу“ на авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен од Данска, кој го доби фестивалското гран при – Златната потковица. Сребрената потоковица ја доби филмот „Еж“ на авторот Д. Митри од САД, а бронзената му е доделена на „Штипење“ на авторките Еми Патмор и Ана Дворжак од Австралија. Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ за сценарио ја доби авторката Александра Кардалевска за македонскиот филм „Сценарио“, а наградата „Ацо Алексов“ за режија на авторот Дејан Ангелов за филмот „Задача“. Одлуките за наградите едногласно ги донесе жирито во состав Гоце Ристовски, писател и универзитетски професор, д-р Дрита М. Фазлија, филмски продуцент и универзитетски професор и Мили Чумиќ, филмски продуцент и дистрибутер од Велика Британија. Награда за филм од македонска продукција е доделена на „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова Пилинг, а награда за студентски филм доби „Новиот почеток“ на Тања Симоновска. Специјална награда за современ третман на традиционалните семејни вредности доби филмот „Ирско збогување“ на авторите Том Беркли и Рос Вајт од Велика Британија. Специјална награда за инвентивен ведар пристап на теми што говорат за глобалната состојба на психоза во современиот свет доби македонскиот филм „Тале и Корона“ на Томислав Алексов, а специјална награда за придонес во разоткривањето на ефектите од алтернативниот уметнички креативен пристап наспроти конвенционалниот живот му е доделена на македонскиот филм „Лука“ на авторот Ице Виранов. По доделувањето на наградите, беше прикажан филмот „Сонцето не грее на сите страни“ на Глигор Кондовски. Фестивалот продолжува вечер со проекцијата на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“ во знак на 5-годишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот, со Ристо Шишков во главната улога. Годинашново издание на „Астерфест“ завршува утре со проекцијата на унгарскиот шеесетминутен „Звучен кафез“ на Корнел Силаги (Игор Бухаров), во чест на лауреатката Каталин Ладик, во повремена придружба на Георги Трајков со акустична гитара  

The post Златна потковица на „Астерфест“ за данскиот филм „Ивалу“ appeared first on Република.

]]>
18. издание на „Астерфест“ почнува денеска https://arhiva3.republika.mk/scena/film/18-izdanie-na-asterfest-pochnuva-deneska/ Fri, 04 Aug 2023 08:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=668566

Околу 600 филмови пристигнале за годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал Астерфест што од утре до 8 август по осумнаесетти пат ќе се одржи во Струмица. Од нив селектирани се дваесетина филмови што ќе се прикажат во првите два дена од фестивалот.

Фестивалот влегува во една мошне зрела фаза и пред нас е 18. издание. Дојдовме до моментот кога како филмски работници мораме да го чуваме, негуваме и одбраниме трендот на „Астерфест“, затоа што во една какафонија од манифестации и фестивали од секаков вид и карактер, „Астерфест“ ја заслужи таа доблест, која ја започна од самиот старт да открива нови мултикултурни кинематички простори. Ние останавме доследни на нашето кредо, на нашиот генерален концепт и секако на физиономијата на Фестивалот, истакна основачот и уметнички директор на „Астерфест“, Горан Тренчовски.

Според продуцентот Дејан Милошевски, годинашната програма може да се оцени како почнување на нова фестивалска ера со премиерно прикажување на нови филмови.

Тоа е еден новитет на Фестивалот што го планираме и морам да кажам дека сме задоволни од селектираната програма и мислам дека ќе имаме успешен фестивал, рече Милошевски.

Според селекторот Софија Тренчевска, годинава фестивалот нуди интересна и богата програма.

Интересот за пријавување филмови на „Астерфест“ беше огромен. Беа пријавени повеќе од 600 филмови и со самото тоа селектирањето на програмата беше голем предизвик, бидејќи сакавме да ги одбереме најдобрите филмови, рече Тренчевска.

Годинашен добитник на наградата „Астер“ за животно дело е легендарната Каталин Ладик, филмска и театарска актерка и писателка, една од истакнатите, плодните и наградувани претставнички на алтернативната изведувачка уметност во поранешна Југославија и во Унгарија и една од влијателните европски уметнички во последните децении.

На „Астерфест“ ќе има и проекција на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“, во знак на петгодишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот со Ристо Шишков во главната улога.

Официјалното стручно жири го сочинуваат: Гоце Ристовски, Дрита М. Фазлија и Мили Чумиќ.

Фестивалот ќе има и специјална проекција на филмот „Сонцето не грее на сите страни“ кој ја раскажува приказната за музичарот Ване Црнгаров од струмичко Кукилиш, кој барајќи подобра егзистенција се сели во Австралија каде ја заработува имитирајќи го Елвис Присли.

Фестивалот има и офф програма која вклучува промоција на книги и филмски разговори.

The post 18. издание на „Астерфест“ почнува денеска appeared first on Република.

]]>

Околу 600 филмови пристигнале за годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал Астерфест што од утре до 8 август по осумнаесетти пат ќе се одржи во Струмица. Од нив селектирани се дваесетина филмови што ќе се прикажат во првите два дена од фестивалот.
Фестивалот влегува во една мошне зрела фаза и пред нас е 18. издание. Дојдовме до моментот кога како филмски работници мораме да го чуваме, негуваме и одбраниме трендот на „Астерфест“, затоа што во една какафонија од манифестации и фестивали од секаков вид и карактер, „Астерфест“ ја заслужи таа доблест, која ја започна од самиот старт да открива нови мултикултурни кинематички простори. Ние останавме доследни на нашето кредо, на нашиот генерален концепт и секако на физиономијата на Фестивалот, истакна основачот и уметнички директор на „Астерфест“, Горан Тренчовски.
Според продуцентот Дејан Милошевски, годинашната програма може да се оцени како почнување на нова фестивалска ера со премиерно прикажување на нови филмови.
Тоа е еден новитет на Фестивалот што го планираме и морам да кажам дека сме задоволни од селектираната програма и мислам дека ќе имаме успешен фестивал, рече Милошевски.
Според селекторот Софија Тренчевска, годинава фестивалот нуди интересна и богата програма.
Интересот за пријавување филмови на „Астерфест“ беше огромен. Беа пријавени повеќе од 600 филмови и со самото тоа селектирањето на програмата беше голем предизвик, бидејќи сакавме да ги одбереме најдобрите филмови, рече Тренчевска.
Годинашен добитник на наградата „Астер“ за животно дело е легендарната Каталин Ладик, филмска и театарска актерка и писателка, една од истакнатите, плодните и наградувани претставнички на алтернативната изведувачка уметност во поранешна Југославија и во Унгарија и една од влијателните европски уметнички во последните децении. На „Астерфест“ ќе има и проекција на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“, во знак на петгодишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот со Ристо Шишков во главната улога. Официјалното стручно жири го сочинуваат: Гоце Ристовски, Дрита М. Фазлија и Мили Чумиќ. Фестивалот ќе има и специјална проекција на филмот „Сонцето не грее на сите страни“ кој ја раскажува приказната за музичарот Ване Црнгаров од струмичко Кукилиш, кој барајќи подобра егзистенција се сели во Австралија каде ја заработува имитирајќи го Елвис Присли. Фестивалот има и офф програма која вклучува промоција на книги и филмски разговори.

The post 18. издание на „Астерфест“ почнува денеска appeared first on Република.

]]>
Легендарната Каталин Ладик добитничка на „Астер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/legendarnata-katalin-ladik-dobitnichka-na-aster/ Sun, 30 Jul 2023 15:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=666945

Осумнаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на новите тенденции во краткометражниот, документарниот и авторскиот филм, ќе се одржи од 4 до 8 август во амфитеатарот во Струмица.
Во годинашната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации, кои ќе се натпреваруваат за златната, сребрената и бронзената „потковица“ и за неколкуте други награди. Главната програма е составена од: полскиот „Три генерации“ на Паулина Зиулковска, канадскиот „Гавранко“ на Шон Меккерон, британските филмови „Дебитантката“ на Елизабет Хобс и „Уште жив“ на Лијам Сент-Пјер, американските „Еж“ на Д. Митри, „За скептиците“ на Дон Вестлејк, бугарскиот „Задача“ на Дејан Ангелов, иранскиот „Помош“ на Мехди Хосеинзадех, црногорскиот „Проценти живот“ на Владимир Перовиќ, францускиот „Таткото, синот и рав Калменсон“ на Дајан Д. Валид, португалскиот „Трговци со мраз“ на Жоао Гонзалез, германските „Шекспир за сите“ на Ханес Рал и „Живот во меур“ на Натали Мекмахон и Никола Дрвошанов, како и словенечкиот „Легендата за Златорог“ на Леа Вучко.

Од македонските филмови ќе бидат прикажани „Тале и Корона“ на Томислав Алексов, „Сценариото“ на Александра Кардалевска, „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова Пилинг, како и дипломските филмови „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски и „Новиот почеток“ на Тања Симоновска.
Во програмата ги имаме и краткиот британски филм што оваа година доби „оскар“, „Ирско збогум“ на Том Беркли и Рос Вајт, како и данскиот номиниран за „оскар“, „Ивалу“ на Андерс Валтер.

– Фестивалот за првпат ќе има три светски премиери. Првата е австралиската фикција „Штипење“ на Eми Патмор и Ана Дворжак, филм за ученичка во последна година од средното училиште, која се бори со тивката болест што ја крие од мајка си, и понатаму несетено совладувана од притисокот на семејството, нејзините врсници и општеството. Втората фестивалска премиера ќе биде македонскиот „Лука“, во режијa и монтажа на Ице Виранов, по сценарио на Џејд Бинева, краток документарец што го прикажува животот на група млади музичари од Струмица, кои во кризни времиња за опстојување на алтернативната културна сцена се борат да најдат начини за изразување на својата музичка креативност и иновативност. Кинематографер е Столе Ангелов, камерата е на Иво Јанков, музиката на Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров, а продуценти се Никола Пијанманов и Васил Михаил – велат организаторите.
Специјална премиера ќе има и „Сонцето не грее на сите страни“, по сценарио и во режија на Глигор Кондовски, филм што ја следи приказната за македонскиот Елвис Присли – Ване Црнгаров, роден во струмичкото село Куклиш, кој заминува да живее во Австралија. Камерата и монтажата се на Слаѓан и Давид Милошевски, Беби Зекировски и Иван Костадиновски.

Легендарната Каталин Ладик е годинашна добитничка на наградата „Астер“ за животно дело. Ладик (родена во 1942 г.) е филмска и театарска актерка, писателка, една од најистакнатите, најплодни и најнаградувани претставнички на алтернативната изведувачка уметност во поранешна Југославија и во Унгарија и една од највлијателните европски уметници во последните децении.
Како дневни настани на „Астерфест“ се планирани Астер-портретот на Каталин Ладик, промоција на поновата филмска литература (Луис Буњуел, Дина Јорданова, Атанас Чупоски), во соработка со Кинотеката, како и други неформални активности. На „Астерфест“ ќе има и проекција на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“, во знак на петгодишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот, со Ристо Шишков во главната улога. Завршната вечер е предвидена за проекцијата на унгарскиот шеесетминутен „Звучен кафез“ на Корнел Силаги (Игор Бухаров), во чест на лауреатката Ладик, во повремена придружба на Георги Трајков со акустична гитара. Официјалното стручно жири го сочинуваат: Гоце Ристовски, Дрита М. Фазлија и Мили Чумиќ.
Осумнаесеттиот „Астерфест“ се одвива под мотото „Со нови искуства“, а фестивалот е финансиски поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на Македонија.

The post Легендарната Каталин Ладик добитничка на „Астер“ appeared first on Република.

]]>

Осумнаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на новите тенденции во краткометражниот, документарниот и авторскиот филм, ќе се одржи од 4 до 8 август во амфитеатарот во Струмица. Во годинашната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации, кои ќе се натпреваруваат за златната, сребрената и бронзената „потковица“ и за неколкуте други награди. Главната програма е составена од: полскиот „Три генерации“ на Паулина Зиулковска, канадскиот „Гавранко“ на Шон Меккерон, британските филмови „Дебитантката“ на Елизабет Хобс и „Уште жив“ на Лијам Сент-Пјер, американските „Еж“ на Д. Митри, „За скептиците“ на Дон Вестлејк, бугарскиот „Задача“ на Дејан Ангелов, иранскиот „Помош“ на Мехди Хосеинзадех, црногорскиот „Проценти живот“ на Владимир Перовиќ, францускиот „Таткото, синот и рав Калменсон“ на Дајан Д. Валид, португалскиот „Трговци со мраз“ на Жоао Гонзалез, германските „Шекспир за сите“ на Ханес Рал и „Живот во меур“ на Натали Мекмахон и Никола Дрвошанов, како и словенечкиот „Легендата за Златорог“ на Леа Вучко. Од македонските филмови ќе бидат прикажани „Тале и Корона“ на Томислав Алексов, „Сценариото“ на Александра Кардалевска, „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова Пилинг, како и дипломските филмови „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски и „Новиот почеток“ на Тања Симоновска. Во програмата ги имаме и краткиот британски филм што оваа година доби „оскар“, „Ирско збогум“ на Том Беркли и Рос Вајт, како и данскиот номиниран за „оскар“, „Ивалу“ на Андерс Валтер.
– Фестивалот за првпат ќе има три светски премиери. Првата е австралиската фикција „Штипење“ на Eми Патмор и Ана Дворжак, филм за ученичка во последна година од средното училиште, која се бори со тивката болест што ја крие од мајка си, и понатаму несетено совладувана од притисокот на семејството, нејзините врсници и општеството. Втората фестивалска премиера ќе биде македонскиот „Лука“, во режијa и монтажа на Ице Виранов, по сценарио на Џејд Бинева, краток документарец што го прикажува животот на група млади музичари од Струмица, кои во кризни времиња за опстојување на алтернативната културна сцена се борат да најдат начини за изразување на својата музичка креативност и иновативност. Кинематографер е Столе Ангелов, камерата е на Иво Јанков, музиката на Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров, а продуценти се Никола Пијанманов и Васил Михаил – велат организаторите. Специјална премиера ќе има и „Сонцето не грее на сите страни“, по сценарио и во режија на Глигор Кондовски, филм што ја следи приказната за македонскиот Елвис Присли – Ване Црнгаров, роден во струмичкото село Куклиш, кој заминува да живее во Австралија. Камерата и монтажата се на Слаѓан и Давид Милошевски, Беби Зекировски и Иван Костадиновски. Легендарната Каталин Ладик е годинашна добитничка на наградата „Астер“ за животно дело. Ладик (родена во 1942 г.) е филмска и театарска актерка, писателка, една од најистакнатите, најплодни и најнаградувани претставнички на алтернативната изведувачка уметност во поранешна Југославија и во Унгарија и една од највлијателните европски уметници во последните децении. Како дневни настани на „Астерфест“ се планирани Астер-портретот на Каталин Ладик, промоција на поновата филмска литература (Луис Буњуел, Дина Јорданова, Атанас Чупоски), во соработка со Кинотеката, како и други неформални активности. На „Астерфест“ ќе има и проекција на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“, во знак на петгодишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот, со Ристо Шишков во главната улога. Завршната вечер е предвидена за проекцијата на унгарскиот шеесетминутен „Звучен кафез“ на Корнел Силаги (Игор Бухаров), во чест на лауреатката Ладик, во повремена придружба на Георги Трајков со акустична гитара. Официјалното стручно жири го сочинуваат: Гоце Ристовски, Дрита М. Фазлија и Мили Чумиќ. Осумнаесеттиот „Астерфест“ се одвива под мотото „Со нови искуства“, а фестивалот е финансиски поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на Македонија.

The post Легендарната Каталин Ладик добитничка на „Астер“ appeared first on Република.

]]>
18. „Астерфест“ ќе се одржи од 4 до 8 август во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/18-asterfest-ke-se-odrzhi-od-4-do-8-avgust-vo-strumitsa/ Thu, 27 Jul 2023 07:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=665741

Од 4 до 8 август во Амфитеатарот во Струмица, ќе се одржи 18-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на новите тенденции во кусометражниот, документарниот и авторскиот филм, соопштија организаторите.

Во овогодишната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации кои ќе се натпреваруваат за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“ и за неколкуте други награди.

Главната програма е составена од: полскиот „3 генерации“ на Паулина Зиулковска, канадскиот „Гавранко“ на Шон Меккерон, британските филмови „Дебитантката“ на Елизабет Хобс и „Уште жив“ на Лијам Сент-Пјер, американските „Еж“ на Д. Митри, „За скептиците“ на Дон Вестлејк, бугарскиот „Задача“ на Дејан Ангелов, иранскиот „Помош“ на Мехди Хосеинзадех, црногорскиот „Проценти живот“ на Владимир Перовиќ, францускиот „Таткото, синот и рав Калменсон“ на Дајан Д. Валид, португалскиот „Трговци со мраз“ на Жоао Гонзалез, германските „Шекспир за сите“ на Ханес Рал и „Живот во меур“ на Натали Мекмахон и Никола Дрвошанов, како и словенечкиот „Легендата за Златорог“ на Леа Вучко.

Од македонските филмови ќе бидат прикажани „Тале и Корона“ на Томислав Алексов, „Сценариото“ на Александра Кардалевска, „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова Пилинг, како и дипломските филмови „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски и „Новиот почеток“ на Тања Симоновска.

Во програмата е и и краткиот британски филм што оваа година доби Оскар, „Ирско збогум“ на Том Беркли и Рос Вајт, како и данскиот номиниран за Оскар „Ивалу“ на Андерс Валтер.

Фестивалот за првпат ќе има три светски премиери. Првата е австралиската фикција „Штипење“ на Eми Патмор и Ана Дворжак, филм за ученичка во последна година од средното училиште која се бори со тивката болест што ја крие од мајка си, и понатаму несетено совладувана од притисокот на семејството, нејзините врсници и општеството.

Втората фестивалска премиера ќе биде македонскиот „Лука“, во режијa и монтажа на Ице Виранов, по сценарио на Џејд Бинева, краток документарец што го прикажува животот на група млади музичари од Струмица, кои во кризни времиња за опстојување на алтернативната културна сцена се борат да најдат начини за изразување на својата музичка креативност и иновативност. Кинематографер е Столе Ангелов, камерата е на Иво Јанков, музиката на Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров, а продуценти се Никола Пијанманов и Васил Михаил.

Специјална премиера ќе има и „Сонцето не грее на сите страни“, по сценарио и во режија на на Глигор Кондовски, филм што ја следи приказната за македонскиот Елвис Присли-Ване Црнгаров, роден во струмичкото село Куклиш, кој заминува да живее во Австралија. Камерата и монтажата се на Слаѓан и Давид Милошевски, Беби Зекировски и Иван Костадиновски.

Легендарната Каталин Ладик е овогодишен добитник на наградата „Астер“ за животно дело. Ладик (1942) е филмска и театарска актерка, писателка, една од најистакнатите, најплодните и најнаградувани претставнички на алтернативната изведувачка уметност во поранешна Југославија и во Унгарија и една од највлијателните европски уметнички во последните децении. Кариерата ја започнала во 1963 година, кога дебитира на радиото и во театарот. Истата година ја проширува својата актерскa активност и на филмот и на телевизијата. Досега има одиграно многу значајни улоги во филмови од современи режисери, како Лордан Зафрановиќ, Карољ Вичек, Миклош Јанчо, Зоран Маширевиќ, Андраш Рајнаи и други. Во 1992 година се преселила во Унгарија, а во следните 20 години живеела и работела наизменично во Нови Сад, Будимпешта и на островот Хвар. Паралелно со своите улоги и книги, таа се занимава и со звучна и визуелна поезија, експериментална музика и перформанси.

Како дневни настани на „Астерфест“ се планирани Астер-портретот на Каталин Ладик,промоција на поновата филмска литература (Луис Буњуел, Дина Јорданова, Атанас Чупоски), во соработка со Кинотеката, како и други неформални активности.

На „Астерфест“ ќе има и проекција на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“, во знак на 5-годишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот, со Ристо Шишков во главната улога.

Завршната вечер е предвидена за проекцијата на унгарскиот шеесетминутен „Звучен кафез“ на Корнел Силаги (Игор Бухаров), во чест на лауреатката Ладик, во повремена придружба на Георги Трајков со акустична гитара.

Официјалното стручно жири го сочинуваат: Гоце Ристовски, Дрита М. Фазлија и Мили Чумиќ.

Осумнаесеттиот „Астерфест“ се одвива под мотото „Со нови искуства“, а фестивалот е финансиски поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

The post 18. „Астерфест“ ќе се одржи од 4 до 8 август во Струмица appeared first on Република.

]]>

Од 4 до 8 август во Амфитеатарот во Струмица, ќе се одржи 18-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на новите тенденции во кусометражниот, документарниот и авторскиот филм, соопштија организаторите. Во овогодишната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации кои ќе се натпреваруваат за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“ и за неколкуте други награди. Главната програма е составена од: полскиот „3 генерации“ на Паулина Зиулковска, канадскиот „Гавранко“ на Шон Меккерон, британските филмови „Дебитантката“ на Елизабет Хобс и „Уште жив“ на Лијам Сент-Пјер, американските „Еж“ на Д. Митри, „За скептиците“ на Дон Вестлејк, бугарскиот „Задача“ на Дејан Ангелов, иранскиот „Помош“ на Мехди Хосеинзадех, црногорскиот „Проценти живот“ на Владимир Перовиќ, францускиот „Таткото, синот и рав Калменсон“ на Дајан Д. Валид, португалскиот „Трговци со мраз“ на Жоао Гонзалез, германските „Шекспир за сите“ на Ханес Рал и „Живот во меур“ на Натали Мекмахон и Никола Дрвошанов, како и словенечкиот „Легендата за Златорог“ на Леа Вучко. Од македонските филмови ќе бидат прикажани „Тале и Корона“ на Томислав Алексов, „Сценариото“ на Александра Кардалевска, „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова Пилинг, како и дипломските филмови „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски и „Новиот почеток“ на Тања Симоновска. Во програмата е и и краткиот британски филм што оваа година доби Оскар, „Ирско збогум“ на Том Беркли и Рос Вајт, како и данскиот номиниран за Оскар „Ивалу“ на Андерс Валтер. Фестивалот за првпат ќе има три светски премиери. Првата е австралиската фикција „Штипење“ на Eми Патмор и Ана Дворжак, филм за ученичка во последна година од средното училиште која се бори со тивката болест што ја крие од мајка си, и понатаму несетено совладувана од притисокот на семејството, нејзините врсници и општеството. Втората фестивалска премиера ќе биде македонскиот „Лука“, во режијa и монтажа на Ице Виранов, по сценарио на Џејд Бинева, краток документарец што го прикажува животот на група млади музичари од Струмица, кои во кризни времиња за опстојување на алтернативната културна сцена се борат да најдат начини за изразување на својата музичка креативност и иновативност. Кинематографер е Столе Ангелов, камерата е на Иво Јанков, музиката на Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров, а продуценти се Никола Пијанманов и Васил Михаил. Специјална премиера ќе има и „Сонцето не грее на сите страни“, по сценарио и во режија на на Глигор Кондовски, филм што ја следи приказната за македонскиот Елвис Присли-Ване Црнгаров, роден во струмичкото село Куклиш, кој заминува да живее во Австралија. Камерата и монтажата се на Слаѓан и Давид Милошевски, Беби Зекировски и Иван Костадиновски. Легендарната Каталин Ладик е овогодишен добитник на наградата „Астер“ за животно дело. Ладик (1942) е филмска и театарска актерка, писателка, една од најистакнатите, најплодните и најнаградувани претставнички на алтернативната изведувачка уметност во поранешна Југославија и во Унгарија и една од највлијателните европски уметнички во последните децении. Кариерата ја започнала во 1963 година, кога дебитира на радиото и во театарот. Истата година ја проширува својата актерскa активност и на филмот и на телевизијата. Досега има одиграно многу значајни улоги во филмови од современи режисери, како Лордан Зафрановиќ, Карољ Вичек, Миклош Јанчо, Зоран Маширевиќ, Андраш Рајнаи и други. Во 1992 година се преселила во Унгарија, а во следните 20 години живеела и работела наизменично во Нови Сад, Будимпешта и на островот Хвар. Паралелно со своите улоги и книги, таа се занимава и со звучна и визуелна поезија, експериментална музика и перформанси. Како дневни настани на „Астерфест“ се планирани Астер-портретот на Каталин Ладик,промоција на поновата филмска литература (Луис Буњуел, Дина Јорданова, Атанас Чупоски), во соработка со Кинотеката, како и други неформални активности. На „Астерфест“ ќе има и проекција на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“, во знак на 5-годишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот, со Ристо Шишков во главната улога. Завршната вечер е предвидена за проекцијата на унгарскиот шеесетминутен „Звучен кафез“ на Корнел Силаги (Игор Бухаров), во чест на лауреатката Ладик, во повремена придружба на Георги Трајков со акустична гитара. Официјалното стручно жири го сочинуваат: Гоце Ристовски, Дрита М. Фазлија и Мили Чумиќ. Осумнаесеттиот „Астерфест“ се одвива под мотото „Со нови искуства“, а фестивалот е финансиски поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

The post 18. „Астерфест“ ќе се одржи од 4 до 8 август во Струмица appeared first on Република.

]]>
„Астерфест“ завршува вечерва со премиерната проекција на документарниот филм „Трн“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/asterfest-zavrshuva-vecherva-so-premiernata-proekcija-na-dokumentarniot-film-trn/ Tue, 09 Aug 2022 08:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=538240

Со премиерна проекција на документарниот фил „Трн“ во продукција на Здружението за култура „Транзен“ од Струмица, вечер завршува седуманесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Автори на филмот се Столе Ангелов и Никола Пијанманов, а филмот е посветен на актерот и граѓански активист, Стојан Велков Трн.

Синоќа беше прикажан документарниот филм „Журнал за Желимир Жилник“ од Јанко Баљак, посветен на годинашниот добитник на наградата за животно дело и лауреат, Желимир Жилник.

Според Горан Тренчовски, идејниот творец на фестивалот, голема е радоста од присуството на овој режисер на фестивалот.

– Со прикажувањето на филмот за Жилник, кој е омаж и не е класичен биографски филм, туку е филм кој се води по постапката на „роуд филмот“, односно преку патепис се обидува да ја следи целокупната животна патека на Жилник, која е обремената со многу интересни случки, кои навидум се едноставни, но сите тие имаат директна врска со неговата биографија,со неговиот опус, рече Тренчовски.

На годинашниот „Астерфест“ во официјална конкуренција се натпреваруваа повеќе филмови, а завчера фестивалското жири ги прогласи најдобрите остварувања доделувајќи му ја наградата „Златна потковица“ на Филмот „Сведок“ на Али Азгари во иранско-француска продукција.

The post „Астерфест“ завршува вечерва со премиерната проекција на документарниот филм „Трн“ appeared first on Република.

]]>

Со премиерна проекција на документарниот фил „Трн“ во продукција на Здружението за култура „Транзен“ од Струмица, вечер завршува седуманесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Автори на филмот се Столе Ангелов и Никола Пијанманов, а филмот е посветен на актерот и граѓански активист, Стојан Велков Трн. Синоќа беше прикажан документарниот филм „Журнал за Желимир Жилник“ од Јанко Баљак, посветен на годинашниот добитник на наградата за животно дело и лауреат, Желимир Жилник. Според Горан Тренчовски, идејниот творец на фестивалот, голема е радоста од присуството на овој режисер на фестивалот. – Со прикажувањето на филмот за Жилник, кој е омаж и не е класичен биографски филм, туку е филм кој се води по постапката на „роуд филмот“, односно преку патепис се обидува да ја следи целокупната животна патека на Жилник, која е обремената со многу интересни случки, кои навидум се едноставни, но сите тие имаат директна врска со неговата биографија,со неговиот опус, рече Тренчовски. На годинашниот „Астерфест“ во официјална конкуренција се натпреваруваа повеќе филмови, а завчера фестивалското жири ги прогласи најдобрите остварувања доделувајќи му ја наградата „Златна потковица“ на Филмот „Сведок“ на Али Азгари во иранско-француска продукција.

The post „Астерфест“ завршува вечерва со премиерната проекција на документарниот филм „Трн“ appeared first on Република.

]]>
„Златна потковица“ на „Астерфест“ за филмот „Сведок“ на Али Азгари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-potkovica-na-asterfest-za-filmot-svedok-na-ali-azgari/ Mon, 08 Aug 2022 08:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=537849

Филмот „Сведок“ на Али Азгари во иранско-француска продукција ја доби заградата „Златна потковица“ на 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржува во Струмица.

Одлуката ја донесе фестивалското жири во состав Владимир Перовиќ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, Мимоза Рајл и Столе Ангелов, кое во образложението за наградата напиша дека во реалноста, пред нашите очи се случуваат настани и се менуваат сликите на животот во еден навидум обичен ден. Таквите настани трајно можат да го изобличат нашиот живот и да бидат ужасен товар што ќе не следи сè до судниот ден.

„Сребрена потковица“ доби филмот „Божилак“ на Александар Вујовиќ (Црна Гора, Италија, Албанија), а бронзената му припадна на филмот „Мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен од Данска.

Награда за најдобар автор „Ацо Алексов“ жирито му ја додели на филмот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова (Молдавија, Португалија, Унгарија, Белгија).

Награда за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ му припадна на филмот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот (Франција, Данска , Канада).

Специјална диплома од жирито доби филмот „Раселени“ на Самир Карахода од Косово.

Фестивалската програма продолжува вечер со проекција на филмот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, во чест на лауреатот, а фестивалот ќе биде затворен утре со специјалната премиерна проекција на македонскиот документарен филм „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.

 

The post „Златна потковица“ на „Астерфест“ за филмот „Сведок“ на Али Азгари appeared first on Република.

]]>

Филмот „Сведок“ на Али Азгари во иранско-француска продукција ја доби заградата „Златна потковица“ на 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржува во Струмица. Одлуката ја донесе фестивалското жири во состав Владимир Перовиќ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, Мимоза Рајл и Столе Ангелов, кое во образложението за наградата напиша дека во реалноста, пред нашите очи се случуваат настани и се менуваат сликите на животот во еден навидум обичен ден. Таквите настани трајно можат да го изобличат нашиот живот и да бидат ужасен товар што ќе не следи сè до судниот ден. „Сребрена потковица“ доби филмот „Божилак“ на Александар Вујовиќ (Црна Гора, Италија, Албанија), а бронзената му припадна на филмот „Мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен од Данска. Награда за најдобар автор „Ацо Алексов“ жирито му ја додели на филмот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова (Молдавија, Португалија, Унгарија, Белгија). Награда за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ му припадна на филмот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот (Франција, Данска , Канада). Специјална диплома од жирито доби филмот „Раселени“ на Самир Карахода од Косово. Фестивалската програма продолжува вечер со проекција на филмот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, во чест на лауреатот, а фестивалот ќе биде затворен утре со специјалната премиерна проекција на македонскиот документарен филм „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.  

The post „Златна потковица“ на „Астерфест“ за филмот „Сведок“ на Али Азгари appeared first on Република.

]]>
17. издание на „Астерфест“ почнува вечерва под мотото „Светлините на астерот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/asterfest-od-5-do-9-avgust-vo-strumica-pod-mototo-svetlinite-na-asterot/ Fri, 05 Aug 2022 11:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=535686

Од 5 до 9 август во Струмица, под мотото „Светлините на астерот“, ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Лауреат на наградата Астер за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја доби наградата „Златна мечка“ во Берлин.

На отворањето на 5 август вечерта ќе биде прикажан блок составен од 7 ексклузивни кратки играни филма: македонскиот „Северен пол“ на Марија Апчевска, црногорскиот „Божилак“ на Александар Вујовиќ, австралискиот „Аjкула“ на Наш Еџертон, данскиот „Во мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен, американскиот „Писмарницата“ на Елвира Линд, иранскиот „Сведок“ на Али Азгари и белгиско-францускиот „Титан“ на Валери Карној.

Втората вечер ќе се прикаже блокот со кратки документарни филмови: полскиот „Балконски концерт“ на Дијана и Кжиштоф Кадлубовски, шкотскиот „Поглед на заливот“ на Даниел Кук, косовскиот „Раселени“ на Самир Карахода, молдавскиот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова, како и американскиот оскаровец „Кралицата на кошарката“ на Бен Праудфут.

Третата вечер ќе бидат прикажани анимираните филмови: полско-британскиот „Домашар“ на Ева Смик, чешкиот „Мравкин рид“ на Марек Напрстек, словенечкиот „Стекџилница“ на Шпела Чадеж, бугарскиот „Вљубени черупки“ на Сливен Димитров, мексиканскиот „Тио“ на Хуан Хозе Медина и данскиот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот.

Четвртата вечер е предвидена за проекција на филмот во чест на овогодишниот лауреат, „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак.

За затворањето на 9 август ќе има специјална премиера на најновиот македонски документарец „Трн“ на Никола Пијанманов (сценарио) и Столе Ангелов (кинематографер и монтажер). Филмот „Трн“ е суптилна и моќна филмска приказна за актерот и граѓански борец и активист Стојан Велков Трн. Дизајнот на звукот е на Ставро Ангелаков, а во филмот, покрај Трн, учествуваат и Саше Урдовски, Васе Велков, Исидора Велкова и Дејан Ангелов, кој е и уметнички соработник на проектот.

Стручното официјално жири е составено од Мими Ѓоргоска-Илиевска, Владимир Перовиќ, Мимоза Рајл и Столе Ангелов.

Сите вечерни проекции започнуваат  од 20:30 часот, во летниот Амфитеатар во Градскиот парк, а придружните настани ќе бидат во „Европска куќа“ (Europe House) во Струмица.

The post 17. издание на „Астерфест“ почнува вечерва под мотото „Светлините на астерот“ appeared first on Република.

]]>

Од 5 до 9 август во Струмица, под мотото „Светлините на астерот“, ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Лауреат на наградата Астер за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја доби наградата „Златна мечка“ во Берлин.

На отворањето на 5 август вечерта ќе биде прикажан блок составен од 7 ексклузивни кратки играни филма: македонскиот „Северен пол“ на Марија Апчевска, црногорскиот „Божилак“ на Александар Вујовиќ, австралискиот „Аjкула“ на Наш Еџертон, данскиот „Во мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен, американскиот „Писмарницата“ на Елвира Линд, иранскиот „Сведок“ на Али Азгари и белгиско-францускиот „Титан“ на Валери Карној. Втората вечер ќе се прикаже блокот со кратки документарни филмови: полскиот „Балконски концерт“ на Дијана и Кжиштоф Кадлубовски, шкотскиот „Поглед на заливот“ на Даниел Кук, косовскиот „Раселени“ на Самир Карахода, молдавскиот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова, како и американскиот оскаровец „Кралицата на кошарката“ на Бен Праудфут. Третата вечер ќе бидат прикажани анимираните филмови: полско-британскиот „Домашар“ на Ева Смик, чешкиот „Мравкин рид“ на Марек Напрстек, словенечкиот „Стекџилница“ на Шпела Чадеж, бугарскиот „Вљубени черупки“ на Сливен Димитров, мексиканскиот „Тио“ на Хуан Хозе Медина и данскиот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот. Четвртата вечер е предвидена за проекција на филмот во чест на овогодишниот лауреат, „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак. За затворањето на 9 август ќе има специјална премиера на најновиот македонски документарец „Трн“ на Никола Пијанманов (сценарио) и Столе Ангелов (кинематографер и монтажер). Филмот „Трн“ е суптилна и моќна филмска приказна за актерот и граѓански борец и активист Стојан Велков Трн. Дизајнот на звукот е на Ставро Ангелаков, а во филмот, покрај Трн, учествуваат и Саше Урдовски, Васе Велков, Исидора Велкова и Дејан Ангелов, кој е и уметнички соработник на проектот. Стручното официјално жири е составено од Мими Ѓоргоска-Илиевска, Владимир Перовиќ, Мимоза Рајл и Столе Ангелов. Сите вечерни проекции започнуваат  од 20:30 часот, во летниот Амфитеатар во Градскиот парк, а придружните настани ќе бидат во „Европска куќа“ (Europe House) во Струмица.

The post 17. издание на „Астерфест“ почнува вечерва под мотото „Светлините на астерот“ appeared first on Република.

]]>
„Астерфест“ од 5 до 9 август, наградата за животно дело за Желимир Жилник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/asterfest-od-5-do-9-avgust-nagradata-za-zivotno-delo-za-zelimir-zilnik/ Tue, 26 Jul 2022 08:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=533253

Од 5 до 9 август во Струмица, под мотото „Светлините на астерот“, ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Лауреат на наградата „Астер“ за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја доби наградата „Златна мечка“ во Берлин.

На отворањето на 5 август ќе биде прикажан блок составен од 7 ексклузивни кратки играни филма: македонскиот „Северен пол“ на Марија Апчевска, црногорскиот „Божилак“ на Александар Вујовиќ, австралискиот „Аjкула“ на Наш Еџертон, данскиот „Во мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен, американскиот „Писмарницата“ на Елвира Линд, иранскиот „Сведок“ на Али Азгари и белгиско-францускиот „Титан“ на Валери Карној.

Втората вечер ќе се прикаже блокот со кратки документарни филмови: полскиот „Балконски концерт“ на Дијана и Кжиштоф Кадлубовски, шкотскиот „Поглед на заливот“ на Даниел Кук, косовскиот „Раселени“ на Самир Карахода, молдавскиот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова, како и американскиот оскаровец „Кралицата на кошар ката“ на Бен Праудфут.

Третата вечер ќе бидат прикажани анимираните филмови: полско-британскиот „Домашар“ на Ева Смик, чешкиот „Мравкин град“ на Марек Напрстек, словенечкиот „Стекџилница“ на Шпела Чадеж, бугарскиот „Вљубени черупки“ на Сливен Димитров, мексиканскиот „Тио“ на Хуан Хозе Медина и данскиот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот.

Четвртата вечер е предвидена за проекција на филмот во чест на овогодишниот лауреат, „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак.

За затворањето на 9 август ќе има специјална премиера на најновиот македонски документарец „Трн“ на Никола Пијанманов (сценарио) и Столе Ангелов (кинематографер и монтажер).

Стручното фестивалско жири е составено од Мими Ѓоргоска-Илиевска, Владимир Перовиќ, Мимоза Рајл и Столе Ангелов.

Сите вечерни проекции започнуваат од 20:30 часот, во летниот Амфитеатар во Градскиот парк, а придружните настани ќе бидат во „Европска куќа“ (Europe House) во Струмица.

The post „Астерфест“ од 5 до 9 август, наградата за животно дело за Желимир Жилник appeared first on Република.

]]>

Од 5 до 9 август во Струмица, под мотото „Светлините на астерот“, ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Лауреат на наградата „Астер“ за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја доби наградата „Златна мечка“ во Берлин. На отворањето на 5 август ќе биде прикажан блок составен од 7 ексклузивни кратки играни филма: македонскиот „Северен пол“ на Марија Апчевска, црногорскиот „Божилак“ на Александар Вујовиќ, австралискиот „Аjкула“ на Наш Еџертон, данскиот „Во мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен, американскиот „Писмарницата“ на Елвира Линд, иранскиот „Сведок“ на Али Азгари и белгиско-францускиот „Титан“ на Валери Карној. Втората вечер ќе се прикаже блокот со кратки документарни филмови: полскиот „Балконски концерт“ на Дијана и Кжиштоф Кадлубовски, шкотскиот „Поглед на заливот“ на Даниел Кук, косовскиот „Раселени“ на Самир Карахода, молдавскиот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова, како и американскиот оскаровец „Кралицата на кошар ката“ на Бен Праудфут. Третата вечер ќе бидат прикажани анимираните филмови: полско-британскиот „Домашар“ на Ева Смик, чешкиот „Мравкин град“ на Марек Напрстек, словенечкиот „Стекџилница“ на Шпела Чадеж, бугарскиот „Вљубени черупки“ на Сливен Димитров, мексиканскиот „Тио“ на Хуан Хозе Медина и данскиот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот. Четвртата вечер е предвидена за проекција на филмот во чест на овогодишниот лауреат, „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак. За затворањето на 9 август ќе има специјална премиера на најновиот македонски документарец „Трн“ на Никола Пијанманов (сценарио) и Столе Ангелов (кинематографер и монтажер). Стручното фестивалско жири е составено од Мими Ѓоргоска-Илиевска, Владимир Перовиќ, Мимоза Рајл и Столе Ангелов. Сите вечерни проекции започнуваат од 20:30 часот, во летниот Амфитеатар во Градскиот парк, а придружните настани ќе бидат во „Европска куќа“ (Europe House) во Струмица.

The post „Астерфест“ од 5 до 9 август, наградата за животно дело за Желимир Жилник appeared first on Република.

]]>
17. издание на „Астерфест“ под мотото „Светлините на Астерот“ од 5 до 9 август https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/17-izdanie-na-asterfest-pod-mototo-svetlinite-na-asterot-od-5-do-9-avgust/ Tue, 03 May 2022 08:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=496661

Седумнасеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест" годинава ќе се одржи од 5 до 9 август во Амфитеатарот во Струмица со бројни филмски настани.

Како што соопштија од Фестивалот, во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, како и од неколку балкански и македонски автори и продукции.

За отворањето е предвидена проекција на филмски блок составен од „Северен пол" на Марија Апчевска и уште шест ексклузивни кратки играни филмови. За затворањето, пак, на 9 август, како куриозитет на фестивалот, ќе има специјална премиера со проекцијата на документарецот „Трн" на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.

Мотото на овогодишниот фестивал е „Светлините на астерот", а манифестацијата е традиционално поддржана од Општина Струмица.

The post 17. издание на „Астерфест“ под мотото „Светлините на Астерот“ од 5 до 9 август appeared first on Република.

]]>

Седумнасеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест" годинава ќе се одржи од 5 до 9 август во Амфитеатарот во Струмица со бројни филмски настани.

Како што соопштија од Фестивалот, во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, како и од неколку балкански и македонски автори и продукции. За отворањето е предвидена проекција на филмски блок составен од „Северен пол" на Марија Апчевска и уште шест ексклузивни кратки играни филмови. За затворањето, пак, на 9 август, како куриозитет на фестивалот, ќе има специјална премиера со проекцијата на документарецот „Трн" на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов. Мотото на овогодишниот фестивал е „Светлините на астерот", а манифестацијата е традиционално поддржана од Општина Струмица.

The post 17. издание на „Астерфест“ под мотото „Светлините на Астерот“ од 5 до 9 август appeared first on Република.

]]>