Аспид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aspid/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 11:52:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аспид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aspid/ 32 32 Фон дер Лајен го поздрави почетокот на операцијата на ЕУ „Аспид“ во Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-go-pozdravi-pochetokot-na-operatsijata-na-eu-aspid-vo-tsrvenoto-more/ Mon, 19 Feb 2024 11:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=745689

Претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен ја поздрави денешната одлука за започнување на операцијата „Аспид“ на поморските сили на ЕУ во Црвеното Море.

- Европа ќе обезбеди слобода на пловидба во Црвеното Море, работејќи заедно со нашите меѓународни партнери. Како одговорот на кризата, тоа е чекор кон посилно европско присуство за заштита на нашите европски интереси, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Советот на ЕУ донесе одлука за воспоставување на воена поморска безбедносна операција на Унијата за заштита на слободата на пловидба во Црвеното Море, која ќе придонесе за поддршка на сигурноста на главните поморски рути во регионот.

Операцијата „Аспид“ ќе ги опфаќа теснецот Бааб ал-Мандаб и Ормускиот теснец, како и меѓународните води во Црвеното Море, Аденскиот Залив, Арапското Море, Оманскиот Залив и Персискиот Залив.

Стратешката цел на операцијата е да обезбеди поморско присуство на Унијата во регионот со цел да се обезбеди слобода на пловидбата, да ги придружува трговските бродови во областа, заштитувајќи ги од напади со целосно почитување на меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на нужност и пропорционалност.

Седиштето на оперативниот штаб на операцијата ќе биде во грчкиот град Лариса, а за нејзин командант е именуван комодорот Василеос Грипарис.

The post Фон дер Лајен го поздрави почетокот на операцијата на ЕУ „Аспид“ во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен ја поздрави денешната одлука за започнување на операцијата „Аспид“ на поморските сили на ЕУ во Црвеното Море.
- Европа ќе обезбеди слобода на пловидба во Црвеното Море, работејќи заедно со нашите меѓународни партнери. Како одговорот на кризата, тоа е чекор кон посилно европско присуство за заштита на нашите европски интереси, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.
Советот на ЕУ донесе одлука за воспоставување на воена поморска безбедносна операција на Унијата за заштита на слободата на пловидба во Црвеното Море, која ќе придонесе за поддршка на сигурноста на главните поморски рути во регионот. Операцијата „Аспид“ ќе ги опфаќа теснецот Бааб ал-Мандаб и Ормускиот теснец, како и меѓународните води во Црвеното Море, Аденскиот Залив, Арапското Море, Оманскиот Залив и Персискиот Залив. Стратешката цел на операцијата е да обезбеди поморско присуство на Унијата во регионот со цел да се обезбеди слобода на пловидбата, да ги придружува трговските бродови во областа, заштитувајќи ги од напади со целосно почитување на меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на нужност и пропорционалност. Седиштето на оперативниот штаб на операцијата ќе биде во грчкиот град Лариса, а за нејзин командант е именуван комодорот Василеос Грипарис.

The post Фон дер Лајен го поздрави почетокот на операцијата на ЕУ „Аспид“ во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>