аспазија софијанова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aspazija-sofijanova/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Nov 2022 21:07:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аспазија софијанова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aspazija-sofijanova/ 32 32 Салиу до оние што ја бранеа Софијанова: Кога ќе го прочитате ревизорскиот извештај, сакам да го чујам вашето мислење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/saliu-do-onie-shto-ja-branea-sofijanova-koga-kje-go-prochitate-revizorskiot-izveshtaj-sakam-da-go-chujam-vasheto-mislenje/ Wed, 02 Nov 2022 21:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=568952

Новинарот Фуркан Салиу ја искоментира оставката на директорката на Детска клиника Аспазија Софијанова.

Многу ме интересира како ја коментираат оставката на Софијанова тие што упорно ја бранеа и инсистираа дека прилогот е по нечија нарачка? Ех тек кога ќе го прочитате ревизорскиот извештај сакам да го чујам вашето мислење, пишува Салиу на Фејсбук.

Оставката на Софијанова доаѓа по неговиот новинарски прилог, во кој открива дека директорката на Детската клиника земала надоместоци за дежурства на кои не дежурала.

The post Салиу до оние што ја бранеа Софијанова: Кога ќе го прочитате ревизорскиот извештај, сакам да го чујам вашето мислење appeared first on Република.

]]>

Новинарот Фуркан Салиу ја искоментира оставката на директорката на Детска клиника Аспазија Софијанова. Многу ме интересира како ја коментираат оставката на Софијанова тие што упорно ја бранеа и инсистираа дека прилогот е по нечија нарачка? Ех тек кога ќе го прочитате ревизорскиот извештај сакам да го чујам вашето мислење, пишува Салиу на Фејсбук. Оставката на Софијанова доаѓа по неговиот новинарски прилог, во кој открива дека директорката на Детската клиника земала надоместоци за дежурства на кои не дежурала.

The post Салиу до оние што ја бранеа Софијанова: Кога ќе го прочитате ревизорскиот извештај, сакам да го чујам вашето мислење appeared first on Република.

]]>
Разрешени организацискиот директор на Детска клиника и шефот на Кабинетот на Сали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razresheni-organizaciskiot-direktor-na-detska-klinika-i-shefot-na-kabinetot-na-sali/ Wed, 02 Nov 2022 18:47:26 +0000 https://republika.mk/?p=568921

Министерството за здравство попладнево информира дека министерот Беким Сали денеска го разрешил од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди.

„Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за здравствено осигурување“, се вели во соопштението од МЗ.

Меритон Чивули, шефот на кабинет на министерот за здравство Беким Сали е уште еден раководител во здравството кој денеска бил разрешен од функцијата, потврдил за „Фокус“ министерот, без официјално да ги каже причините за разрешувањето.

„Фокус“ пред неколку месеци објави дека сега веќе поранешниот шеф на кабинет на дел од директорите на болниците им праќал списоци со имиња и презимиња на вработени Албанци, кои требало да се стават на раководни позиции во дел од болниците, бидејќи според него, имало премалку раководители- Албанци во Клиничкиот центар.

„Многу низок е опфатот на Албанци на раководни позиции во болницата“, гласела една од пораките.

Претходно денеска, на барање на министерот Сали, оставки од функциите поднесоа директорите на Детската клиника, д-р Аспазија Софијанова и на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-na-klinikata-za-detski-bolesti-d-r-sofijanova-i-direktorot-na-radioloija-d-r-vasev-podnele-ostavki-na-baranje-na-ministerot-sali/

The post Разрешени организацискиот директор на Детска клиника и шефот на Кабинетот на Сали appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство попладнево информира дека министерот Беким Сали денеска го разрешил од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди.
„Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за здравствено осигурување“, се вели во соопштението од МЗ.
Меритон Чивули, шефот на кабинет на министерот за здравство Беким Сали е уште еден раководител во здравството кој денеска бил разрешен од функцијата, потврдил за „Фокус“ министерот, без официјално да ги каже причините за разрешувањето. „Фокус“ пред неколку месеци објави дека сега веќе поранешниот шеф на кабинет на дел од директорите на болниците им праќал списоци со имиња и презимиња на вработени Албанци, кои требало да се стават на раководни позиции во дел од болниците, бидејќи според него, имало премалку раководители- Албанци во Клиничкиот центар.
„Многу низок е опфатот на Албанци на раководни позиции во болницата“, гласела една од пораките.
Претходно денеска, на барање на министерот Сали, оставки од функциите поднесоа директорите на Детската клиника, д-р Аспазија Софијанова и на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев. https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-na-klinikata-za-detski-bolesti-d-r-sofijanova-i-direktorot-na-radioloija-d-r-vasev-podnele-ostavki-na-baranje-na-ministerot-sali/  

The post Разрешени организацискиот директор на Детска клиника и шефот на Кабинетот на Сали appeared first on Република.

]]>
Директорката на Клиниката за детски болести д-р Софијанова и директорот на Радиолоија д-р Васев поднеле оставки на барање на министерот Сали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-na-klinikata-za-detski-bolesti-d-r-sofijanova-i-direktorot-na-radioloija-d-r-vasev-podnele-ostavki-na-baranje-na-ministerot-sali/ Wed, 02 Nov 2022 14:34:33 +0000 https://republika.mk/?p=568864

Директорката на Универзатската клиника за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова и дирекоторот на Клиниката за радиотерпаија и онкологија, д-р Никола Васев, поднеле оставки, на барање на министерот за здравство, Беким Сали, соопшти попладнево Министерството здравство.

Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Министерот Сали минатата недела изјави дека ќе бидат преземени соодветни мерки, односно ќе ги разрешат или казнат директорите доколку под нивно влијание се формирале платите во клиниките.

Неодамна, новинарот Фуркан Салиу објави видео и документ, на кој се гледа дека бруто-приходите на д-р Софијанова за септември 2022 година изнесуваат 353,449.00 денари или околу 5.000 евра. Според информациите што ги изнесе новинарот, д-р Софијанова земала повеќе пари за дежурствата отколку што ѝ е основната плата.

Ваквите информации ги деантираше Софијанова.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mu-rekol-na-sali-za-sofijanova-ako-ima-prekrshuvanja-vednash-da-ja-smeni/

The post Директорката на Клиниката за детски болести д-р Софијанова и директорот на Радиолоија д-р Васев поднеле оставки на барање на министерот Сали appeared first on Република.

]]>

Директорката на Универзатската клиника за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова и дирекоторот на Клиниката за радиотерпаија и онкологија, д-р Никола Васев, поднеле оставки, на барање на министерот за здравство, Беким Сали, соопшти попладнево Министерството здравство.
Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Министерот Сали минатата недела изјави дека ќе бидат преземени соодветни мерки, односно ќе ги разрешат или казнат директорите доколку под нивно влијание се формирале платите во клиниките. Неодамна, новинарот Фуркан Салиу објави видео и документ, на кој се гледа дека бруто-приходите на д-р Софијанова за септември 2022 година изнесуваат 353,449.00 денари или околу 5.000 евра. Според информациите што ги изнесе новинарот, д-р Софијанова земала повеќе пари за дежурствата отколку што ѝ е основната плата. Ваквите информации ги деантираше Софијанова. https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mu-rekol-na-sali-za-sofijanova-ako-ima-prekrshuvanja-vednash-da-ja-smeni/

The post Директорката на Клиниката за детски болести д-р Софијанова и директорот на Радиолоија д-р Васев поднеле оставки на барање на министерот Сали appeared first on Република.

]]>
Ковачевски му рекол на Сали за Софијанова ако има прекршувања, веднаш да ја смени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mu-rekol-na-sali-za-sofijanova-ako-ima-prekrshuvanja-vednash-da-ja-smeni/ Sat, 15 Oct 2022 13:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=561483

Премиерот Димитар Ковачевски во врска со прилогот на новинарот Фуркан Салиу, кој го објави ТВ Клан за платата од 353.000 денари на директорката на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова на Клиниката, изјави дека доколку во конкретниот случај има прекршување на работните процедури и на овластувањата, веднаш да се постави нов директор на Детската клиника.

Јас нема да навлегувам во квалификации за нешто за што немам детали пред мене. Но, веќе разговарав со министерот Сали, доколку има прекршување на работните процедури и на овластувањата веднаш да постави нов директор во Детската клиника, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Министерот за здравство Беким Сали посочи дека за секој поединечен случај во кој има злоупотреба, секако дека ќе има санкции.

Моја одговорност и на Министерството е системски да ги решаваме проблемите иако повремено се појавуваат недоследности, односно злоупотреби од типот на почитување на работното време, начин на имплементација на Колективен договор. Во конкретниот случај има сомнеж за злоупотреба на почитување на Колективниот договор, според кој директорите имаат право да дежураат, да работат со пациенти. Тоа е измена во Закон која што беше направена пред две години, затоа што имавме случаи кога директор станува лице кое што е главен раководител на еден оддел и во тој случај пред заминување во директорската функција и немањето можност во одделот се чувствуваше таа празнина во секојдневната работа на болницата. Им се даде можност на директорите да дежураат и да работат со пациенти. За секој поединечен случај кој што има злоупотреба секако дека има санкции, рече Сали.

Наша работа, како што потенцира министерот Сали, е системски да ги решаваме недоследностите и можните проблеми кои што се појавуваат, а поединечните случаи ќе бидат во надзор на Фондот за здравствено осигурување, имајќи во предвид дека тие се финансиери на јавните здравствени установи, пренесува “Слободен печат“.

The post Ковачевски му рекол на Сали за Софијанова ако има прекршувања, веднаш да ја смени appeared first on Република.

Софијанова преку Детската клиника: Директорката никогаш не била исплатена со надоместоци во износите презентирани во јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-preku-detskata-klinika-direktorkata-nikogash-ne-bila-isplatena-so-nadomestoci-vo-iznosite-prezentirani-vo-javnosta/ Fri, 14 Oct 2022 09:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=560970

Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова испрати уште едно соопштение во врска со вчерашниот настан, кога новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу побара од неа да потврди дека земала надоместоци за дежурства повисоки од основната плата, а притоа не присуствувала на дежурствата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/

Во ова соопштение, испратено од Детската клиника, а потпишано до директоката, таа објаснува дека надоместоците за дежурства се целосно регулирани платите и приходите на сите вработени во Клиниката за детски болести се нормативно регулирани.

Клиниката за детски болести сака да ја информира јавноста дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што истите се утврдени во:

1. Член 216 – Дежурство

2. Член 217 – Посебен случај на дежурство

3. Член 218 – Готовност

4. Член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност, и

5. Член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност

Во овие членови е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците, за дежурствата кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други сретства за комуникација, како и за сите останати надоместоци.

Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на директорката Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста.

Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја во предив нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите.

На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден, стои во соопштението.

The post Софијанова преку Детската клиника: Директорката никогаш не била исплатена со надоместоци во износите презентирани во јавноста appeared first on Република.

]]>

Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова испрати уште едно соопштение во врска со вчерашниот настан, кога новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу побара од неа да потврди дека земала надоместоци за дежурства повисоки од основната плата, а притоа не присуствувала на дежурствата. https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/ Во ова соопштение, испратено од Детската клиника, а потпишано до директоката, таа објаснува дека надоместоците за дежурства се целосно регулирани платите и приходите на сите вработени во Клиниката за детски болести се нормативно регулирани.
Клиниката за детски болести сака да ја информира јавноста дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што истите се утврдени во: 1. Член 216 – Дежурство 2. Член 217 – Посебен случај на дежурство 3. Член 218 – Готовност 4. Член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност, и 5. Член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност Во овие членови е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците, за дежурствата кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други сретства за комуникација, како и за сите останати надоместоци. Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на директорката Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста. Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја во предив нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите. На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден, стои во соопштението.

The post Софијанова преку Детската клиника: Директорката никогаш не била исплатена со надоместоци во износите презентирани во јавноста appeared first on Република.

]]>
Салиу: Првпат некој да се јави кај моите родители за да побара нешто да не се објави https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/saliu-prvpat-nekoj-da-se-javi-kaj-moite-roditeli-za-da-pobara-neshto-da-ne-se-objavi/ Fri, 14 Oct 2022 08:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=560930

Новинарот на Клан Македонија Фуркан Салиу, објави видео во кое е снимен разговорот меѓу него и директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова.

Фуркан на Софијанова ѝ покажа документи, во кои наводно пишува колку пари земала докторката од дежурства, на кои според информациите на новинарот, таа не одела на дежурствата.

Софијанова не ги негираше документите, туку се интересираше кој му ги дал, на што Фуркан Салиу одговори дека е негово право да не го каже изворот кој му ги дал документите.

-Ова се интерни документи, кои ти не смееш да ги имаш, му рече Софијанова, притоа напоменувајќи го дека ќе го пријави на место каде што треба.

Новинарот Фуркан Салиу ја замоли да одбере датум кога била на дежурство и да ги отворат снимките од камерите за да се види дали таа навистина дошла на работното место, или само фиктивно наплаќала дневници.

По ова Софијанова се налути, му рече тој сам да ги види камерите, дека е многу паметен, стана и си замина.

По ова, на својот профил на социјалните мрежи, Фуркан Салиу напиша:

„Седум години во оваа професија, прв пат ми се случува некој да се јави кај моите родители за да побара нешто да не се објави. А да не зборувам за заканите од директорката за тужба.

Работа ни е да прашуваме за да нешто се потврди или негира, но од видеото јасно може да се види дека директорката инсистира да дознае од каде се земени документите, а многу помалку се труди да одговори на дилеми кои се појавија од документите кои ги добивме.

Директорке, не е фер да се заканувате на вработени дека ќе ги избркате од работа ако не се најде кој ни ги доставил документите, подобро е да се потрудите да најдете одговори.

Денеска дојде новинарска екипа, утре можеби од обвинителство… ИТН“, напиша Салиу на својот профил на социјалните мрежи.

И директорката на Детската клиника ѝ се обрати на јавноста. Таа жали за бурната реакција, но тврди дека никогаш не земала плата од 300.000 денари. Исто така, нагласува дека работи и кога не е физички присутна на работа и дека е достапна 24/7.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/

The post Салиу: Првпат некој да се јави кај моите родители за да побара нешто да не се објави appeared first on Република.

]]>

Новинарот на Клан Македонија Фуркан Салиу, објави видео во кое е снимен разговорот меѓу него и директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова. Фуркан на Софијанова ѝ покажа документи, во кои наводно пишува колку пари земала докторката од дежурства, на кои според информациите на новинарот, таа не одела на дежурствата. Софијанова не ги негираше документите, туку се интересираше кој му ги дал, на што Фуркан Салиу одговори дека е негово право да не го каже изворот кој му ги дал документите.
-Ова се интерни документи, кои ти не смееш да ги имаш, му рече Софијанова, притоа напоменувајќи го дека ќе го пријави на место каде што треба.
Новинарот Фуркан Салиу ја замоли да одбере датум кога била на дежурство и да ги отворат снимките од камерите за да се види дали таа навистина дошла на работното место, или само фиктивно наплаќала дневници. По ова Софијанова се налути, му рече тој сам да ги види камерите, дека е многу паметен, стана и си замина. По ова, на својот профил на социјалните мрежи, Фуркан Салиу напиша:
„Седум години во оваа професија, прв пат ми се случува некој да се јави кај моите родители за да побара нешто да не се објави. А да не зборувам за заканите од директорката за тужба. Работа ни е да прашуваме за да нешто се потврди или негира, но од видеото јасно може да се види дека директорката инсистира да дознае од каде се земени документите, а многу помалку се труди да одговори на дилеми кои се појавија од документите кои ги добивме. Директорке, не е фер да се заканувате на вработени дека ќе ги избркате од работа ако не се најде кој ни ги доставил документите, подобро е да се потрудите да најдете одговори. Денеска дојде новинарска екипа, утре можеби од обвинителство… ИТН“, напиша Салиу на својот профил на социјалните мрежи.
И директорката на Детската клиника ѝ се обрати на јавноста. Таа жали за бурната реакција, но тврди дека никогаш не земала плата од 300.000 денари. Исто така, нагласува дека работи и кога не е физички присутна на работа и дека е достапна 24/7. https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/

The post Салиу: Првпат некој да се јави кај моите родители за да побара нешто да не се објави appeared first on Република.

]]>
Софијанова: Jас работам и кога не сум физички присутна, достапна сум 24/7 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-jas-rabotam-i-koga-ne-sum-fizichki-prisutna-dostapna-sum-24-7/ Fri, 14 Oct 2022 08:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=560923

Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова по вчерашната случка со новинарот Фуркан Салиу ѝ се обрати на јавноста преку статус на Фејсбук.

Софијанова жали за вчерашниот настан, но вели дека реагирала бурно затоа што била исправена пред неточни обвинувања за месечните примања. Таа тврди дека работи само на Клиниката за детски болести и дека нејзината плата никогаш не била 300.000 илјади денари.

Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и начинот на кој се одвиваше комуникацијата во јавност.

Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања.

Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш.

Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња. Тие се мојот приоритет, јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 и тоа го имам прифатено како животен стил бидејќи тоа е тоа што го знам најдобро во интерес на сите мои и наши пациенти.

Останувам транспаретна и достапна за сите информации, напиша на Фејсбук директорката на Детска клиника проф д-р Аспазија Софијанова.

Новинарот Фуркан Салиу покажа документ, за кој на средбата Софијанова потврдува дека е интерен на Клиниката, каде што пишува дека нејзините бруто-примања за септември 2022 година изнесуваат 353,449.00 денати или околу 5000 евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-se-zakani-na-novinar-otkako-pokaza-dokument-deka-zemala-nad-5-000-evra-plata/

Доцна синоќа Салиу објави дека Софијанова го „пријавила“ кај неговите родителити, односно дека преку родителите се обидела да го запре да ја објави веста.

https://republika.mk/vesti/makedonija/saliu-prvpat-nekoj-da-se-javi-kaj-moite-roditeli-za-da-pobara-neshto-da-ne-se-objavi/

The post Софијанова: Jас работам и кога не сум физички присутна, достапна сум 24/7 appeared first on Република.

]]>

Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова по вчерашната случка со новинарот Фуркан Салиу ѝ се обрати на јавноста преку статус на Фејсбук. Софијанова жали за вчерашниот настан, но вели дека реагирала бурно затоа што била исправена пред неточни обвинувања за месечните примања. Таа тврди дека работи само на Клиниката за детски болести и дека нејзината плата никогаш не била 300.000 илјади денари.
Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и начинот на кој се одвиваше комуникацијата во јавност. Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања. Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш. Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња. Тие се мојот приоритет, јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 и тоа го имам прифатено како животен стил бидејќи тоа е тоа што го знам најдобро во интерес на сите мои и наши пациенти. Останувам транспаретна и достапна за сите информации, напиша на Фејсбук директорката на Детска клиника проф д-р Аспазија Софијанова.
Новинарот Фуркан Салиу покажа документ, за кој на средбата Софијанова потврдува дека е интерен на Клиниката, каде што пишува дека нејзините бруто-примања за септември 2022 година изнесуваат 353,449.00 денати или околу 5000 евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-se-zakani-na-novinar-otkako-pokaza-dokument-deka-zemala-nad-5-000-evra-plata/ Доцна синоќа Салиу објави дека Софијанова го „пријавила“ кај неговите родителити, односно дека преку родителите се обидела да го запре да ја објави веста. https://republika.mk/vesti/makedonija/saliu-prvpat-nekoj-da-se-javi-kaj-moite-roditeli-za-da-pobara-neshto-da-ne-se-objavi/  

The post Софијанова: Jас работам и кога не сум физички присутна, достапна сум 24/7 appeared first on Република.

]]>
Софијанова му се закани на новинар откако ѝ покажа документ дека земала над 5.000 евра плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-se-zakani-na-novinar-otkako-pokaza-dokument-deka-zemala-nad-5-000-evra-plata/ Thu, 13 Oct 2022 17:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=560786

Новинарот Фуркан Салиу ја соочи директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова со огромни суми кои таа ги добивала  како директорка и доктор.

Според тоа што се слуша на видеото Софијановаа добивала над 5000 евра месечно од клиниката а огромен дел одтоа се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа.

Кога Салију и ги подава документите издадени од Клиниката што ја води таа му се заканува. Притоа таа признава дека се работи за оригинални документи од клиниката и бара новинарот да и ги даде имињатана тие што ги откриле документите за медиумот.

Според видеото Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата.

Видеото завршува со закана од Софијанова дека  ќе се јави некаде од каде Салиу треба да биде дисциплиниран.

The post Софијанова му се закани на новинар откако ѝ покажа документ дека земала над 5.000 евра плата appeared first on Република.

]]>

Новинарот Фуркан Салиу ја соочи директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова со огромни суми кои таа ги добивала  како директорка и доктор. Според тоа што се слуша на видеото Софијановаа добивала над 5000 евра месечно од клиниката а огромен дел одтоа се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа. Кога Салију и ги подава документите издадени од Клиниката што ја води таа му се заканува. Притоа таа признава дека се работи за оригинални документи од клиниката и бара новинарот да и ги даде имињатана тие што ги откриле документите за медиумот. Според видеото Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата. Видеото завршува со закана од Софијанова дека  ќе се јави некаде од каде Салиу треба да биде дисциплиниран.

The post Софијанова му се закани на новинар откако ѝ покажа документ дека земала над 5.000 евра плата appeared first on Република.

]]>
Брзо и агресивно го напаѓа црниот дроб на децата, тврди Софијанова за непознатиот аденовирус https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/brzo-i-agresivno-go-napagja-crniot-drob-na-decata-tvrdi-sofijanova-za-nepoznatiot-adenovirus/ Fri, 06 May 2022 09:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=498465

Директорката на Детска клиника, Аспазија Софијанова, во изјава за „еМагазин“ вели дека аденовирусот кој го напаѓа црниот дроб кај децата страшно брзо прогресира.

Станува збор за брз и агресивен аденовирус, кој ја напаѓа јетрата на децата. Брзо го уништува црниот дроб и нема време за лекување, па затоа се оди на брза трансплантација, вообичаено од татко на син, мајка на ќерка, бидејќи нема време да се чека донор. Овој аденовирус може е мутиран и асоцира на спајк протениот на Ковид-19. Знаете и сами коронавирусот кај некои од возрасните брзо прогресираше. Можеби се работи и за заспан имунитет кај децата- вели Софијанова.

Она што Софијанова препорачува е внимателно следење на децата во однос на појавување на жолтило околу зениците на очите, да се следи дали детето е изнемоштено, бидејќи навременото дијагностицирање е многу важно во однос на давање на терапија за заштита на црниот дроб.

Таа информираше дека до сега има 191 случај на заблено дете, 90 проценти се во Велика Британија, а 50 отсто од нив завршиле на трансплантација.

Во соседството прв случај има во Србија.

The post Брзо и агресивно го напаѓа црниот дроб на децата, тврди Софијанова за непознатиот аденовирус appeared first on Република.

]]>

Директорката на Детска клиника, Аспазија Софијанова, во изјава за „еМагазин“ вели дека аденовирусот кој го напаѓа црниот дроб кај децата страшно брзо прогресира.
Станува збор за брз и агресивен аденовирус, кој ја напаѓа јетрата на децата. Брзо го уништува црниот дроб и нема време за лекување, па затоа се оди на брза трансплантација, вообичаено од татко на син, мајка на ќерка, бидејќи нема време да се чека донор. Овој аденовирус може е мутиран и асоцира на спајк протениот на Ковид-19. Знаете и сами коронавирусот кај некои од возрасните брзо прогресираше. Можеби се работи и за заспан имунитет кај децата- вели Софијанова.
Она што Софијанова препорачува е внимателно следење на децата во однос на појавување на жолтило околу зениците на очите, да се следи дали детето е изнемоштено, бидејќи навременото дијагностицирање е многу важно во однос на давање на терапија за заштита на црниот дроб. Таа информираше дека до сега има 191 случај на заблено дете, 90 проценти се во Велика Британија, а 50 отсто од нив завршиле на трансплантација. Во соседството прв случај има во Србија.

The post Брзо и агресивно го напаѓа црниот дроб на децата, тврди Софијанова за непознатиот аденовирус appeared first on Република.

]]>