Асоцијација за авантуристички туризам на Западен Балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asotsijatsija-za-avanturistichki-turizam-na-zapaden-balkan/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jan 2024 13:41:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Асоцијација за авантуристички туризам на Западен Балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asotsijatsija-za-avanturistichki-turizam-na-zapaden-balkan/ 32 32 Формирана Асоцијација за авантуристички туризам на Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/formirana-asotsijatsija-za-avanturistichki-turizam-na-zapaden-balkan/ Mon, 29 Jan 2024 13:41:31 +0000 https://republika.mk/?p=738204

Од 30 ноември до 4 декември, на регионалниот настан „Авантуристички туризам на Западен Балкан - Колашин поврзува“ се сретнаа 40 тур-оператори за авантуристички туризам од шест земји од Западен Балкан, со цел да се вмрежат и формираат Асоцијацијата за авантуристички туризам на Западен Балкан (eng. Western Balkans Adventure Travel Association - WBATA). „Колашин поврзува“ ја продолжува соработката која започна на минатогодишниот собир за авантуристички туризам „Охрид поврзува“ и низата средби помеѓу двата настани. На настанот во Колашин беа присутни и гости од амбасадите на САД и Германија во Црна Гора, како и признати меѓународни експерти за авантуристички туризам како говорници. Настанот беше организиран од страна на регионалните проекти на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Формираната ААТЗБ е првата регионална организација за авантуристички туризам, истата работи на бизниз пристапот “bottom-up” или „од доле на горе“. Улогата на истата е да го претстави Западен Балкан како една голема авантуристичка дестинација преку заедничка промоција и регионални понуди, нагласувајќи ја важноста од создавање на сигурен и атрактивен бренд.

Дополнително, целта е да се воспостават стандарди за одговорни практики, професионални водички услуги и да се подобри и одржи безбедност на туризмот во Западен Балкан, со што ќе се обезбеди едноставен и квалитетен пристап кон работата. Дополнително, ААТЗБ ќе се залага за признавање на влијанието и улогата на секторот за авантуристички туризам од страна на владите, а во соработка со локалните заедници, јавни институции, граѓански сектор, приватен сектор како и меѓународната заедница со цел да се влијае на унапредување на стратегиите за туризам, како и усогласување на политиките со тоа што туристичката индустрија го бара, преку истражување и споделување на искуствата на здружението да се унифицираат стратегиите на владите во Западен Балкан во областа на туризмот.

Овие заеднички цели и задачи произлегоа од колективното искуство и идеја на тур-операторите, водичите и љубителите на природата кои за време на нивното дружење во Охрид ја изразија својата желба за основање на ААТЗБ. Собирот во Колашин даде можност за усовршување на работната стратегија на здружението, и редефинирање на целите и приоритетите. Здружението сега се движи кон последните чекори кон основање, вклучително и формирање на основачки одбор, привремен советодавен одбор, финализирање на статутите и формална регистрација.

Регионалната организација, чие седиште ќе биде во Жабљак, ќе ја подобри соработката помеѓу тур-операторите за авантуристички туризам во Западен Балкан, ќе го олесни развојот на прекуграничните туристички производи и на одржливите деловни практики, и ќе спроведе заедничка визија за Западен Балкан како заедничка поврзана дестинација – интегрирајќи ги давателите на услуги и промовирајќи го регионот како целина пред меѓународните тур-оператори и патници.

Ана Вуковиќ, идниот генерален секретар на ААТЗБ, го дели ентузијазмот со основачите на регионалната организација: „Во рамките на здружението, постои заедничка посветеност да се тргне по пат со доста предизвици, но им дава предност на интегритетот и одговорноста пред останатите полесни опции. Со тим од посветени поединци кои ги сакаат своите заедници и природата и кои поседуваат огромна позитивна енергија и мотивација, верувам дека успехот е загарантиран“.

Тур-операторите за авантуристички патувања особено ги ценат предностите на регионалното здружување: „Долгогодишниот сон има голема шанса да стане реалност - нашите колеги авантуристи и професионалци се здружуваат за да изградат заедница фокусирана на одговорна иднина исполнета со авантури во Западниот Балкан. Обединети од страста и љубовта кон нашата природа, ние се фокусираме на негување на чувството за заедништво, славејќи ја уникатноста на секој поединец и различните култури кои го сочинуваат Западен Балкан“, вели Борис Стијеповиќ, тур-оператор за авантуристички патувања во природа од Црна Гора. „ААТЗ е многу потребна во регионот на Западен Балкан за да можат тур-операторите да започнат со најразновидните тури, богати со природно и културно наследство, со најдобрите авантури што можат да се доживеат во текот на летото и зимата во овој дел од светот, во Динарските планини“, вели Беким Битиќи. , тур-оператор за авантуристички патувања во природа од Косово.

Визијата на ААТЗБ е да го позиционира Западен Балкан како единствена дестинација за авантуристички патувања, нагласувајќи ги одговорните практики, разновидните и одржливи искуства во природа, културната автентичност и зачувувањето на природната убавина.

Мисијата на ААТЗБ е да ги обедини тур-операторите од Западен Балкан, да ги води во одговорен авантуристички туризам и да ги зачува природните и културните богатства на регионот. Мисијата се фокусира на застапување за стандарди и сертификати во индустријата за авантуристички туризам, со цел Западен Балкан да стане препознатлива дестинација за возбудливи искуства во природа. ААТЗБ е посветена да го претстави топлото гостопримство во регионот, вкусот на локалната и органската храна, културната разновидност и недопрената природа. Во срцето на мисијата е промоцијата на балканскиот начин на живот и подобрувањето на локалните авантури во природа за незаборавни патувања.

 

The post Формирана Асоцијација за авантуристички туризам на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Од 30 ноември до 4 декември, на регионалниот настан „Авантуристички туризам на Западен Балкан - Колашин поврзува“ се сретнаа 40 тур-оператори за авантуристички туризам од шест земји од Западен Балкан, со цел да се вмрежат и формираат Асоцијацијата за авантуристички туризам на Западен Балкан (eng. Western Balkans Adventure Travel Association - WBATA). „Колашин поврзува“ ја продолжува соработката која започна на минатогодишниот собир за авантуристички туризам „Охрид поврзува“ и низата средби помеѓу двата настани. На настанот во Колашин беа присутни и гости од амбасадите на САД и Германија во Црна Гора, како и признати меѓународни експерти за авантуристички туризам како говорници. Настанот беше организиран од страна на регионалните проекти на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Формираната ААТЗБ е првата регионална организација за авантуристички туризам, истата работи на бизниз пристапот “bottom-up” или „од доле на горе“. Улогата на истата е да го претстави Западен Балкан како една голема авантуристичка дестинација преку заедничка промоција и регионални понуди, нагласувајќи ја важноста од создавање на сигурен и атрактивен бренд. Дополнително, целта е да се воспостават стандарди за одговорни практики, професионални водички услуги и да се подобри и одржи безбедност на туризмот во Западен Балкан, со што ќе се обезбеди едноставен и квалитетен пристап кон работата. Дополнително, ААТЗБ ќе се залага за признавање на влијанието и улогата на секторот за авантуристички туризам од страна на владите, а во соработка со локалните заедници, јавни институции, граѓански сектор, приватен сектор како и меѓународната заедница со цел да се влијае на унапредување на стратегиите за туризам, како и усогласување на политиките со тоа што туристичката индустрија го бара, преку истражување и споделување на искуствата на здружението да се унифицираат стратегиите на владите во Западен Балкан во областа на туризмот. Овие заеднички цели и задачи произлегоа од колективното искуство и идеја на тур-операторите, водичите и љубителите на природата кои за време на нивното дружење во Охрид ја изразија својата желба за основање на ААТЗБ. Собирот во Колашин даде можност за усовршување на работната стратегија на здружението, и редефинирање на целите и приоритетите. Здружението сега се движи кон последните чекори кон основање, вклучително и формирање на основачки одбор, привремен советодавен одбор, финализирање на статутите и формална регистрација. Регионалната организација, чие седиште ќе биде во Жабљак, ќе ја подобри соработката помеѓу тур-операторите за авантуристички туризам во Западен Балкан, ќе го олесни развојот на прекуграничните туристички производи и на одржливите деловни практики, и ќе спроведе заедничка визија за Западен Балкан како заедничка поврзана дестинација – интегрирајќи ги давателите на услуги и промовирајќи го регионот како целина пред меѓународните тур-оператори и патници. Ана Вуковиќ, идниот генерален секретар на ААТЗБ, го дели ентузијазмот со основачите на регионалната организација: „Во рамките на здружението, постои заедничка посветеност да се тргне по пат со доста предизвици, но им дава предност на интегритетот и одговорноста пред останатите полесни опции. Со тим од посветени поединци кои ги сакаат своите заедници и природата и кои поседуваат огромна позитивна енергија и мотивација, верувам дека успехот е загарантиран“. Тур-операторите за авантуристички патувања особено ги ценат предностите на регионалното здружување: „Долгогодишниот сон има голема шанса да стане реалност - нашите колеги авантуристи и професионалци се здружуваат за да изградат заедница фокусирана на одговорна иднина исполнета со авантури во Западниот Балкан. Обединети од страста и љубовта кон нашата природа, ние се фокусираме на негување на чувството за заедништво, славејќи ја уникатноста на секој поединец и различните култури кои го сочинуваат Западен Балкан“, вели Борис Стијеповиќ, тур-оператор за авантуристички патувања во природа од Црна Гора. „ААТЗ е многу потребна во регионот на Западен Балкан за да можат тур-операторите да започнат со најразновидните тури, богати со природно и културно наследство, со најдобрите авантури што можат да се доживеат во текот на летото и зимата во овој дел од светот, во Динарските планини“, вели Беким Битиќи. , тур-оператор за авантуристички патувања во природа од Косово. Визијата на ААТЗБ е да го позиционира Западен Балкан како единствена дестинација за авантуристички патувања, нагласувајќи ги одговорните практики, разновидните и одржливи искуства во природа, културната автентичност и зачувувањето на природната убавина. Мисијата на ААТЗБ е да ги обедини тур-операторите од Западен Балкан, да ги води во одговорен авантуристички туризам и да ги зачува природните и културните богатства на регионот. Мисијата се фокусира на застапување за стандарди и сертификати во индустријата за авантуристички туризам, со цел Западен Балкан да стане препознатлива дестинација за возбудливи искуства во природа. ААТЗБ е посветена да го претстави топлото гостопримство во регионот, вкусот на локалната и органската храна, културната разновидност и недопрената природа. Во срцето на мисијата е промоцијата на балканскиот начин на живот и подобрувањето на локалните авантури во природа за незаборавни патувања.  

The post Формирана Асоцијација за авантуристички туризам на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>