асоцијации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asotsijatsii/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 11:18:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png асоцијации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asotsijatsii/ 32 32 Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/asotsijatsiite-na-prevoznitsi-baraat-prioritet-za-izdavane-dokumenti/ Wed, 14 Feb 2024 10:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=743990

Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај „МАКАМ-ТРАНС“ и  „Превозник“ упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.

 

 

Како што истакнуваат, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока.

– Во однос на пасошите и возачките дозволи, се работи за поднесени барања од страна на физички лица кои за да се препознаат во масата на доставени барања треба да се овозможи преку асоцијациите и разните здружувања да се достават пишани списоци со податоци за истите, како би се овозможило полесно пронаоѓање и изработка на истите, велат асоцијациите на превозниците.

Додека, во однос на процедурите кои се пропишани за добивање на налепници и нови сообраќајни дозволи, како што дополнуваат, потребно е да се овозможи на сите кои вршат комерцијален превоз (превоз на стока и патници) истите да ги добиваат наеднаш за сите возила кои ги имаат во сопственост, а врз база на копии од сообраќајните дозволи да им се издадат нави со променет назив на државата.

– Ова наше барање го поткрепуваме со фактот дека, превозот во патниот сообраќај не може и не смее да се прекинува затоа што целото стопанство зависи од нив, особено што според статистички податоци превоз на стока во увоз и во 96 отсто случаи се врши преку патниот сообраќај и возилата се насекаде низ европскиот транспортен пазар, велат оттаму.

Дополнуваат дека превозниците од своја страна ќе си обезбедат доставување на налепниците и сообраќајните дозволи преку брза пошта, или со други превозници кои се во државата и ќе патуваат во правец на возилата кои се надвор од државата.

Асоцијациите испратиле допис и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кој бараат поддршка во однос на сите процедури кои во моментот се вршат, со цел да се даде приоритет на професионалните возачи и превозните трговски друштва.

The post Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи appeared first on Република.

]]>

Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај „МАКАМ-ТРАНС“ и  „Превозник“ упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.
 
 
Како што истакнуваат, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока. – Во однос на пасошите и возачките дозволи, се работи за поднесени барања од страна на физички лица кои за да се препознаат во масата на доставени барања треба да се овозможи преку асоцијациите и разните здружувања да се достават пишани списоци со податоци за истите, како би се овозможило полесно пронаоѓање и изработка на истите, велат асоцијациите на превозниците. Додека, во однос на процедурите кои се пропишани за добивање на налепници и нови сообраќајни дозволи, како што дополнуваат, потребно е да се овозможи на сите кои вршат комерцијален превоз (превоз на стока и патници) истите да ги добиваат наеднаш за сите возила кои ги имаат во сопственост, а врз база на копии од сообраќајните дозволи да им се издадат нави со променет назив на државата. – Ова наше барање го поткрепуваме со фактот дека, превозот во патниот сообраќај не може и не смее да се прекинува затоа што целото стопанство зависи од нив, особено што според статистички податоци превоз на стока во увоз и во 96 отсто случаи се врши преку патниот сообраќај и возилата се насекаде низ европскиот транспортен пазар, велат оттаму. Дополнуваат дека превозниците од своја страна ќе си обезбедат доставување на налепниците и сообраќајните дозволи преку брза пошта, или со други превозници кои се во државата и ќе патуваат во правец на возилата кои се надвор од државата. Асоцијациите испратиле допис и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кој бараат поддршка во однос на сите процедури кои во моментот се вршат, со цел да се даде приоритет на професионалните возачи и превозните трговски друштва.

The post Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи appeared first on Република.

]]>