асоцијација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asocijacija/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Apr 2023 19:04:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png асоцијација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asocijacija/ 32 32 Американските боксери се повлекоа од светската асоцијација https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/amerikanskite-bokseri-se-povlekoa-od-svetskata-asotsijatsija/ Thu, 27 Apr 2023 19:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=634776

Американската боксерска федерација (USA Boxing), која ја претставува најуспешната земја во олимписката историја на овој спорт, се повлече од членство во Меѓународната боксерска асоцијација (IBA) и ќе ѝ се приклучи на отцепената федерација Ворлд Боксинг (World Boxing).

Извршниот директор на американската Федерација, Мајк Мекати, преку писмо ги извести членовите дека повлекувањето стапува на сила веднаш.

USA Boxing веднаш ќе почне со процесот на аплицирање за World Boxing и ќе го поднесе потребното барање на 1 мај или приближно околу тој датум, најави Мекати.

Регистрирано порано овој месец во Швајцарија од повеќе земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, отцепениот Ворлд Боксинг изрази загриженост поради олимписката иднина на боксот.

Од своја страна, ИБА, раководена од Русинот Умар Кремлев, која Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја суспендираше во 2019 година, го осуди формирањето на Ворлд Боксинг, нарекувајќи ја „арамиска“ организација.

The post Американските боксери се повлекоа од светската асоцијација appeared first on Република.

]]>

Американската боксерска федерација (USA Boxing), која ја претставува најуспешната земја во олимписката историја на овој спорт, се повлече од членство во Меѓународната боксерска асоцијација (IBA) и ќе ѝ се приклучи на отцепената федерација Ворлд Боксинг (World Boxing). Извршниот директор на американската Федерација, Мајк Мекати, преку писмо ги извести членовите дека повлекувањето стапува на сила веднаш. USA Boxing веднаш ќе почне со процесот на аплицирање за World Boxing и ќе го поднесе потребното барање на 1 мај или приближно околу тој датум, најави Мекати. Регистрирано порано овој месец во Швајцарија од повеќе земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, отцепениот Ворлд Боксинг изрази загриженост поради олимписката иднина на боксот. Од своја страна, ИБА, раководена од Русинот Умар Кремлев, која Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја суспендираше во 2019 година, го осуди формирањето на Ворлд Боксинг, нарекувајќи ја „арамиска“ организација.

The post Американските боксери се повлекоа од светската асоцијација appeared first on Република.

]]>
Станавме маргинализирана група на млади луѓе кои се туркаат кон пропаст, надлежните се јаки само на зборови, а не за решавање на нашите проблеми, реагираат од Асоцијацијата за цистична фиброза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stanavme-marginalizirana-grupa-na-mladi-lugje-koi-se-turkaat-kon-propast-nadleznite-se-jaki-samo-na-zborovi-a-ne-za-reshavanje-na-nashite-problemi-reagiraat-od-asocijacijata-za-cistichna-fibroza/ Mon, 26 Dec 2022 08:40:53 +0000 https://republika.mk/?p=589918

Станавме маргинализирана група на млади луѓе кои се туркаат кон пропаст, надлежните се јаки само на зборови, а не за решавање на нашите проблеми, реагираат од Асоцијацијата за цистична фиброза во отвореното писмо кое го испратија до јавноста.

Тие денеска, во 11:55 часот ќе протестираат пред Министерството за здравство, бидејќи, како што велат, и покрај ветувањата кои што досега ги добивале од Министерството, Фондот за здравствено осигрување (ФЗОМ) и Одделите каде се лекуваат нивните пациенти, нема поместување во третманот на болеста кон подобро, а здравствената состојба им се влошува.

До сега сите надлежни каде се имаме обратено, се емпатични и со желбата за инклузија само на зборови, но не се тука за решавање на нашите проблеми. Станавме маргинализирана група на млади луѓе кои се туркаат кон пропаст, велат од Асоцијацијата.

Асоцијацијата водеше активна кампања за да ги поттикне надлежните институции за воведување на модулаторна терапија за сите пациенти.

Терапија која од корен ја видоизменува состојбата на пациентите. Собрани се над 10.000 потписи во знак на поддшка на петицијата и истите беа приложени и до Министерството за здравство. Зошто се уште нема обезбедено терапија и дали ќе се обебеди, немаме добиено одговор. Како што знаете станува збор за непредвидлива и прогресивна состојба, секој момент е драгоцен, а времето кое ни преостанува е се помало. Дојде „5 до 12”, има пациенти во многу тешка состојба баш поради неажурноста на властите, што не смее да се толерира. Ни еден живот не смее да биде загубен, се вели во писмото испратено до јавноста.

Од Асоцијацијата на бараат:

1. Право на модулаторна терапија за сите пациенти со ЦФ.
Државата веднаш да обезбеди средства за воведување на модулаторна терапија по принципот на сите европски и балкански држави, со соодветен план и стратегија за опфаќање на целата популација која е заболена од оваа ретка болест.

2. На Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести да се создадат услови за лекување на пациентите според протоколите за лекување на оваа состојба со формирање на стручни тимови и соодветни и стандардизирани услови за хоспитализација.

3. Фондот за здравствено осигурување да обезбеди медицински помагала кои се неопходни за секој пациент во секојдневната терапија а тоа се:
- Инхалатори со висок степен на дифузност, по препорака на доктор специјалист
- Пеп/Флатер за физикална терапија

До сега ниедна од институциите не одговори на нашите барања и се до тогаш ние ќе го изразуваме нашето незадоволство.  Здравјето и животот на група млади луѓе се нешто на кое не смее да се става цена и не смее да се игнорира! Ние имаме право на лек, а тие обврска да ни го обезбедат!, се додава во писмото.

The post Станавме маргинализирана група на млади луѓе кои се туркаат кон пропаст, надлежните се јаки само на зборови, а не за решавање на нашите проблеми, реагираат од Асоцијацијата за цистична фиброза appeared first on Република.

]]>

Станавме маргинализирана група на млади луѓе кои се туркаат кон пропаст, надлежните се јаки само на зборови, а не за решавање на нашите проблеми, реагираат од Асоцијацијата за цистична фиброза во отвореното писмо кое го испратија до јавноста. Тие денеска, во 11:55 часот ќе протестираат пред Министерството за здравство, бидејќи, како што велат, и покрај ветувањата кои што досега ги добивале од Министерството, Фондот за здравствено осигрување (ФЗОМ) и Одделите каде се лекуваат нивните пациенти, нема поместување во третманот на болеста кон подобро, а здравствената состојба им се влошува.
До сега сите надлежни каде се имаме обратено, се емпатични и со желбата за инклузија само на зборови, но не се тука за решавање на нашите проблеми. Станавме маргинализирана група на млади луѓе кои се туркаат кон пропаст, велат од Асоцијацијата.
Асоцијацијата водеше активна кампања за да ги поттикне надлежните институции за воведување на модулаторна терапија за сите пациенти.
Терапија која од корен ја видоизменува состојбата на пациентите. Собрани се над 10.000 потписи во знак на поддшка на петицијата и истите беа приложени и до Министерството за здравство. Зошто се уште нема обезбедено терапија и дали ќе се обебеди, немаме добиено одговор. Како што знаете станува збор за непредвидлива и прогресивна состојба, секој момент е драгоцен, а времето кое ни преостанува е се помало. Дојде „5 до 12”, има пациенти во многу тешка состојба баш поради неажурноста на властите, што не смее да се толерира. Ни еден живот не смее да биде загубен, се вели во писмото испратено до јавноста.
Од Асоцијацијата на бараат: 1. Право на модулаторна терапија за сите пациенти со ЦФ. Државата веднаш да обезбеди средства за воведување на модулаторна терапија по принципот на сите европски и балкански држави, со соодветен план и стратегија за опфаќање на целата популација која е заболена од оваа ретка болест. 2. На Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести да се создадат услови за лекување на пациентите според протоколите за лекување на оваа состојба со формирање на стручни тимови и соодветни и стандардизирани услови за хоспитализација. 3. Фондот за здравствено осигурување да обезбеди медицински помагала кои се неопходни за секој пациент во секојдневната терапија а тоа се: - Инхалатори со висок степен на дифузност, по препорака на доктор специјалист - Пеп/Флатер за физикална терапија