АСНОМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asnom/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 13:46:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АСНОМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asnom/ 32 32 Мицкоски: АСНОМ е најсветиот доказ дека македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-asnom-e-najsvetiot-dokaz-deka-makedonskata-natsija-e-sozdadena-so-mnogu-trud-i-so-ogromni-zhrtvi/ Wed, 13 Nov 2024 13:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=837249

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, денеска беше свечено отворен меѓународниот собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“, по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ, што ќе трае до недела.

Поздравни говори пред присутните имаа директорот на Институтот за национална историја - Скопје, Митко Панов, ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана Ангелова, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Живко Попов, директорката на Државниот архив, Наташа Котлар - Трајкова, како и премиерот Христијан Мицкоски. Потоа следуваше отворање и разгледување на изложба.

Премиерот во неговиот говор рече дека собирот е за да се одбележи 80-годишниот јубилеј од првото заседание на АСНОМ, „еден од најсветлите моменти во нашата понова историја, кога нашите претци донесоа важни одлуки што ни овозможија да се издигнеме како народ и како држава“.

Оваа институција - АСНОМ, е неизбришливот жиг на македонската борба, најсветиот доказ дека македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви, подвлече премиерот.

Тој рече дека треба многу мудро денеска да се носат одлуки, за да се може да се стигне онаму каде што се сака. Потоа се осврна на тоа што овие нецели пет месеци го затекнал и го видел како прв човек во македонската Влада.

Само силна демографија, економски силно развиена држава и одбрана на она што на маса е изгубено изминативе седум години, може да нѐ однесе онаму каде што треба да бидеме и каде што како народ целиме да бидеме, нагласи тој.

Директорот на Институтот за национална историја - Скопје, Панов рече дека АСНОМ обврзува да ја продолжиме заветта на Илинденците и да не отстапиме од традициите и историското наследство, на што тие се повикувале градејќи ја државата. Бидејќи, како што подвлече, Илинден не е само нашето македонско минато, туку е нашата постисторија.

Затоа, мора да бидеме достојни на нашите АСНОМ-ци и гордо да го издигнеме уште повисоко знамето на Гоце Делчев и на сите наши Илинденци, бидејќи илинденската епопеја е решеноста да не бидиш роб на никого, да заживееш како слободен народ и да покажеш колку е силна тупаницата за извојување на праведната борба за слобода, истакна тој.

Притоа, нагласи дека АСНОМ повикува да се респектираме помеѓу себе, за да бидеме респектирани од другите како држава, народ и нација.

Бидејќи АСНОМ е и македонскиот влог во Денот на Европа. Илинден е македонскиот национален код. Да бидеш тоа што си, свој на своето, рече меѓу другото Панов.

Ректорката Ангелова истакна дека АСНОМ - е темелот за институционален и севкупен развој на државата, во што спаѓа и најстариот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Додека земјава продолжува да се справува со предизвиците на нејзиниот пат кон ЕУ и со сите глобални предизвици, повеќе од кога било, принципите и идеалите на АСНОМ мора да останат вградени во суштината на сите идни одлуки, бидејќи се основата на македонскиот национален идентитет и државност, подвлече Ангелова.

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Попов кажа дека со овој меѓународен собир се одбележува 80-годишнината од одржувањето на првото заседание на АСНОМ и со тоа всушност, „ја продолжуваме традицијата по повод овој најзначаен настан во поновата историја на македонскиот народ, на секои 10 години да одржуваме научни собири посветени на АСНОМ и развојот и зачувувањето на државноста на македонскиот народ“.

Тој изрази надеж дека тоа ќе остане така и во иднина, посочувајќи оти овој е седми научен собир по тој повод.

Осврнувајќи се на патот за членство во Европската Унија, како што рече Попов, македонскиот народ станал пример за мирољубива коегзистенција со соседните земји.

Пријателството, спремноста за соработка и отворениот дијалог со сите, а посебно со соседните земји, не секогаш беше возвратено на соодветен начин. Напротив, некои од нив покажаа неразбирање и нерационално однесување кон Македонија. Евроскептицизмот што се јавува во последно време е резултат на пречките што ЕУ неправедно ни ги постави во повеќе наврати на нашиот европски пат, а што најмногу се однесуваат на меѓународно преземените обврски во врска со договорите со Грција и оној за добрососедство со Бугарија, што во најмала рака, беа референдумски прашања, но, ние не се однесувавме така спрема нив, чиишто последици се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот. За нив, земјата направи болни компромиси при што си го промени прво државното знаме, а потоа и државното неприкосновено име, со што делумно ги наруши и идеалите и принципите на АСНОМ, изјави меѓу другото Попов.

Но и покрај тоа, нагласи тој, „изостана отворањето на процесот на преговори со ЕУ“.

Сепак, треба да сме свесни дека само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и со Европската Унија може да се дојде до разумни и прифатливи решенија за создадените проблеми, зачувувајќи го притоа, културното и историско наследство што му припаѓа на македонскиот народ како европска вредност. Но и покрај сите пречки, македонската држава денес е дефинитивно историска реалност со потврден целосен историски идентитет и меѓународен државноправен легитимитет, која со на достоинствен начин, мора храбро да продолжи по зацртаниот европски пат, истакна Попов пред присутните.

Директорката на Државниот архив, Котлар - Трајкова рече дека Архивот како ризница на историско наследство и научно истражувачка институција, по повод осумдесетгодишниот јубилејот, се определи кон државотворната историја на македонскиот народ претставена преку АСНОМ и нејзино јавно прикажување, по пат на тематска изложба.

Материјалот за изложбата, како што појасни, потекнува од фондот „АСНОМ“, заведен во Државниот архив под број 157, опфаќа 22 архивски кутии од кои само еден нивни дел е објавен во седум книги, односно на околу 4.000 страници.

Оваа документарна ризница сведочи дека АСНОМ, вториот Илинден, останува најзначајна страница на македонската нова историја и инспирација во натамошното пишување на националната историја, додаде Котлар - Трајкова.

The post Мицкоски: АСНОМ е најсветиот доказ дека македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, денеска беше свечено отворен меѓународниот собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“, по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ, што ќе трае до недела. Поздравни говори пред присутните имаа директорот на Институтот за национална историја - Скопје, Митко Панов, ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана Ангелова, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Живко Попов, директорката на Државниот архив, Наташа Котлар - Трајкова, како и премиерот Христијан Мицкоски. Потоа следуваше отворање и разгледување на изложба. Премиерот во неговиот говор рече дека собирот е за да се одбележи 80-годишниот јубилеј од првото заседание на АСНОМ, „еден од најсветлите моменти во нашата понова историја, кога нашите претци донесоа важни одлуки што ни овозможија да се издигнеме како народ и како држава“.
Оваа институција - АСНОМ, е неизбришливот жиг на македонската борба, најсветиот доказ дека македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви, подвлече премиерот.
Тој рече дека треба многу мудро денеска да се носат одлуки, за да се може да се стигне онаму каде што се сака. Потоа се осврна на тоа што овие нецели пет месеци го затекнал и го видел како прв човек во македонската Влада.
Само силна демографија, економски силно развиена држава и одбрана на она што на маса е изгубено изминативе седум години, може да нѐ однесе онаму каде што треба да бидеме и каде што како народ целиме да бидеме, нагласи тој.
Директорот на Институтот за национална историја - Скопје, Панов рече дека АСНОМ обврзува да ја продолжиме заветта на Илинденците и да не отстапиме од традициите и историското наследство, на што тие се повикувале градејќи ја државата. Бидејќи, како што подвлече, Илинден не е само нашето македонско минато, туку е нашата постисторија.
Затоа, мора да бидеме достојни на нашите АСНОМ-ци и гордо да го издигнеме уште повисоко знамето на Гоце Делчев и на сите наши Илинденци, бидејќи илинденската епопеја е решеноста да не бидиш роб на никого, да заживееш како слободен народ и да покажеш колку е силна тупаницата за извојување на праведната борба за слобода, истакна тој.
Притоа, нагласи дека АСНОМ повикува да се респектираме помеѓу себе, за да бидеме респектирани од другите како држава, народ и нација.
Бидејќи АСНОМ е и македонскиот влог во Денот на Европа. Илинден е македонскиот национален код. Да бидеш тоа што си, свој на своето, рече меѓу другото Панов.
Ректорката Ангелова истакна дека АСНОМ - е темелот за институционален и севкупен развој на државата, во што спаѓа и најстариот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Додека земјава продолжува да се справува со предизвиците на нејзиниот пат кон ЕУ и со сите глобални предизвици, повеќе од кога било, принципите и идеалите на АСНОМ мора да останат вградени во суштината на сите идни одлуки, бидејќи се основата на македонскиот национален идентитет и државност, подвлече Ангелова.
Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Попов кажа дека со овој меѓународен собир се одбележува 80-годишнината од одржувањето на првото заседание на АСНОМ и со тоа всушност, „ја продолжуваме традицијата по повод овој најзначаен настан во поновата историја на македонскиот народ, на секои 10 години да одржуваме научни собири посветени на АСНОМ и развојот и зачувувањето на државноста на македонскиот народ“. Тој изрази надеж дека тоа ќе остане така и во иднина, посочувајќи оти овој е седми научен собир по тој повод. Осврнувајќи се на патот за членство во Европската Унија, како што рече Попов, македонскиот народ станал пример за мирољубива коегзистенција со соседните земји.
Пријателството, спремноста за соработка и отворениот дијалог со сите, а посебно со соседните земји, не секогаш беше возвратено на соодветен начин. Напротив, некои од нив покажаа неразбирање и нерационално однесување кон Македонија. Евроскептицизмот што се јавува во последно време е резултат на пречките што ЕУ неправедно ни ги постави во повеќе наврати на нашиот европски пат, а што најмногу се однесуваат на меѓународно преземените обврски во врска со договорите со Грција и оној за добрососедство со Бугарија, што во најмала рака, беа референдумски прашања, но, ние не се однесувавме така спрема нив, чиишто последици се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот. За нив, земјата направи болни компромиси при што си го промени прво државното знаме, а потоа и државното неприкосновено име, со што делумно ги наруши и идеалите и принципите на АСНОМ, изјави меѓу другото Попов.
Но и покрај тоа, нагласи тој, „изостана отворањето на процесот на преговори со ЕУ“.
Сепак, треба да сме свесни дека само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и со Европската Унија може да се дојде до разумни и прифатливи решенија за создадените проблеми, зачувувајќи го притоа, културното и историско наследство што му припаѓа на македонскиот народ како европска вредност. Но и покрај сите пречки, македонската држава денес е дефинитивно историска реалност со потврден целосен историски идентитет и меѓународен државноправен легитимитет, која со на достоинствен начин, мора храбро да продолжи по зацртаниот европски пат, истакна Попов пред присутните.
Директорката на Државниот архив, Котлар - Трајкова рече дека Архивот како ризница на историско наследство и научно истражувачка институција, по повод осумдесетгодишниот јубилејот, се определи кон државотворната историја на македонскиот народ претставена преку АСНОМ и нејзино јавно прикажување, по пат на тематска изложба. Материјалот за изложбата, како што појасни, потекнува од фондот „АСНОМ“, заведен во Државниот архив под број 157, опфаќа 22 архивски кутии од кои само еден нивни дел е објавен во седум книги, односно на околу 4.000 страници.
Оваа документарна ризница сведочи дека АСНОМ, вториот Илинден, останува најзначајна страница на македонската нова историја и инспирација во натамошното пишување на националната историја, додаде Котлар - Трајкова.

The post Мицкоски: АСНОМ е најсветиот доказ дека македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на меѓународен научен собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-megunaroden-nauchen-sobir-po-povod-80-godini-od-prvoto-zasedanie-na-asnom/ Wed, 13 Nov 2024 07:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=837003

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност.

Меѓународниот научен собир е организиран по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ.

Настанот е во организација на Институтот за национална историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Македонската академија на науките и уметноститe.

The post Мицкоски на меѓународен научен собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност. Меѓународниот научен собир е организиран по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ. Настанот е во организација на Институтот за национална историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Македонската академија на науките и уметноститe.

The post Мицкоски на меѓународен научен собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>
Ништо не потсетува на АСНОМ: Вака денеска изгледа манастирот кој три децении беше затворен за Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nishto-ne-potsetuva-na-asnom-vaka-deneska-izgleda-manastirot-koj-tri-detsenii-beshe-zatvoren-za-makedontsite/ Sun, 04 Aug 2024 10:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=803219

Манастирот Св.Прохор Пчињски кој три децении беше затворен за Македонците поради црковниот спор плени со својата убавина и смиреност.

Сместен покрај реката Пчиња е еден од  најстарите  православни манастири. Посветен на свети Прохор чии мошти се наоѓаат во манастирот.

Во 11 век манастирот Св. Прохор Пчињски бил уништен од Османлиите, а во 14 век бил обновен од српскиот крал Милутин. Затоа пред портите на манастирот се наоѓаат имињата на ктиторите од Немањиќ до Обрановиќ и Петар Караѓорѓевиќќ.

И Македонија половина век манастирот си го чуствуваше за „свој“ поради тоа што тука во 1944 година се одржало Првото заседание на АСНОМ со кое се удрени темелите на Македонија во рамките на СФРЈ.

За жал денеска во манастирот ништо не потсетува дека на 2 август пред 80 години се случила толку значајна работа за Македонија. Заседанието се одржало во воденица која не постои, а пожарот пред десет години ја уништи и спомен собата.

А унишувањето на споменот од АСНОМ започна во 1990 година кога радикалот Војислав Шешељ ја урна таблата која потсетуваше на еден од најголемите датуми во македонската историја.

https://republika.mk/vesti/balkan/originalnata-plocha-od-asnom-vo-prohor-pchinski-sheshel-ja-skrshi-so-chekan-delchinata-se-zagubile-vo-vrane/

The post Ништо не потсетува на АСНОМ: Вака денеска изгледа манастирот кој три децении беше затворен за Македонците appeared first on Република.

]]>

Манастирот Св.Прохор Пчињски кој три децении беше затворен за Македонците поради црковниот спор плени со својата убавина и смиреност. Сместен покрај реката Пчиња е еден од  најстарите  православни манастири. Посветен на свети Прохор чии мошти се наоѓаат во манастирот. Во 11 век манастирот Св. Прохор Пчињски бил уништен од Османлиите, а во 14 век бил обновен од српскиот крал Милутин. Затоа пред портите на манастирот се наоѓаат имињата на ктиторите од Немањиќ до Обрановиќ и Петар Караѓорѓевиќќ. И Македонија половина век манастирот си го чуствуваше за „свој“ поради тоа што тука во 1944 година се одржало Првото заседание на АСНОМ со кое се удрени темелите на Македонија во рамките на СФРЈ. За жал денеска во манастирот ништо не потсетува дека на 2 август пред 80 години се случила толку значајна работа за Македонија. Заседанието се одржало во воденица која не постои, а пожарот пред десет години ја уништи и спомен собата. А унишувањето на споменот од АСНОМ започна во 1990 година кога радикалот Војислав Шешељ ја урна таблата која потсетуваше на еден од најголемите датуми во македонската историја. https://republika.mk/vesti/balkan/originalnata-plocha-od-asnom-vo-prohor-pchinski-sheshel-ja-skrshi-so-chekan-delchinata-se-zagubile-vo-vrane/

The post Ништо не потсетува на АСНОМ: Вака денеска изгледа манастирот кој три децении беше затворен за Македонците appeared first on Република.

]]>
Мисајловски и Минчев положија свежо цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-i-minchev-polozhija-svezho-tsveke-vo-memorijalniot-tsentar-asnom-vo-pelintse/ Fri, 02 Aug 2024 13:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=802808

По повод чествувањето на 2 Август, Илинден - Денот на Републиката, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како дел од владината делегација предводена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски, положи свежо цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Илинден претставува голем македонски национален празник, кој несомнено има посебно значење за историјата на македонскиот народ, не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин, време кога блескаше духот на единството и издржливоста на нашиот народ. Не само заради важните датуми од историјата кога на 2 август 1903 година започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ, туку овој празик е вечно потсетување на она што го имаме и што го живееме денеска, а тоа е современа, независна и меѓународно признаена држава. Им честитаме и упатуваме срдечна благодарност до сите граѓани на нашата држава за нивната посветеност и придонес во градењето на посилна и попросперитетна нација, да се стремиме во мир и заедништво да ја градиме државата во духот на европските вредности. Да ги почитуваме вредностите на демократијата, слободата и просперитетот и да продолжиме да работиме кон посветла иднина за сите граѓани на нашата држава, порачаа од Кабинетот на министерот за јавна администрација.

The post Мисајловски и Минчев положија свежо цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце appeared first on Република.

Одбележување на Илинден и АСНОМ во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbelezhuvane-na-ilinden-i-asnom-vo-tetovo/ Fri, 02 Aug 2024 10:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=802600

Во организација на Сојузот на борците од Тетово, пред Споменикот на Револуцијата, денескa на пригоден начин се одбележаа 121 година од Илинденското востание и 80 годишнината од Првото заседание на АСНОМ.

Во пригодниот реферат, што беше прочитан пред присутните беше нагласено значењето на двата Илиндена за македонскиот народ и за неговата самобитност.

Востанијата и револуциите што ги одбележуваат големите пресврти во животот на народите остануваат во историјата не како наследство и гибел, туку како пораки на желбите, како намери и идеи. На 2-ри Август 1903 година бијат камбаните во Крушево, градот избраник. Бијат точно на полноќ спроти Илинден и го објавуваат отпочнувањето на востанието. Во Крушево се вее црвеното знаме со најпознатата акциома „Слобода или смрт“. 38 години подоцна македонскиот народ повторно се наоѓа во огнот, во фашистичкиот оган. На 2-ри Август се одржува Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински. Тоа претставува државно конституирање на Македонскиот народ и народностите во Македонија во состав на југословенската федерација. Македонскиот народ во заедничка народноослободителна борба ги остварува своите вековни стремежи и идеали“, се вели меѓу другото во рефератот подготвен од професорката по исорија Ружица Ристовска.

Пред споменикот на револуцијата делегации од Сојузот на борците, касарната во Тетово, СВР Тетово, политички партии и здруженија положија букети свежо цвеќе. Оваа година на одбележувањето на Илинден немаше претставници од Општина Тетово.

The post Одбележување на Илинден и АСНОМ во Тетово appeared first on Република.

]]>

Во организација на Сојузот на борците од Тетово, пред Споменикот на Револуцијата, денескa на пригоден начин се одбележаа 121 година од Илинденското востание и 80 годишнината од Првото заседание на АСНОМ. Во пригодниот реферат, што беше прочитан пред присутните беше нагласено значењето на двата Илиндена за македонскиот народ и за неговата самобитност.
Востанијата и револуциите што ги одбележуваат големите пресврти во животот на народите остануваат во историјата не како наследство и гибел, туку како пораки на желбите, како намери и идеи. На 2-ри Август 1903 година бијат камбаните во Крушево, градот избраник. Бијат точно на полноќ спроти Илинден и го објавуваат отпочнувањето на востанието. Во Крушево се вее црвеното знаме со најпознатата акциома „Слобода или смрт“. 38 години подоцна македонскиот народ повторно се наоѓа во огнот, во фашистичкиот оган. На 2-ри Август се одржува Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински. Тоа претставува државно конституирање на Македонскиот народ и народностите во Македонија во состав на југословенската федерација. Македонскиот народ во заедничка народноослободителна борба ги остварува своите вековни стремежи и идеали“, се вели меѓу другото во рефератот подготвен од професорката по исорија Ружица Ристовска.
Пред споменикот на револуцијата делегации од Сојузот на борците, касарната во Тетово, СВР Тетово, политички партии и здруженија положија букети свежо цвеќе. Оваа година на одбележувањето на Илинден немаше претставници од Општина Тетово.

The post Одбележување на Илинден и АСНОМ во Тетово appeared first on Република.

]]>
Историското значење на Првото заседание на АСНОМ https://arhiva3.republika.mk/kolumni/istoriskoto-znachene-na-prvoto-zasedanie-na-asnom/ Thu, 01 Aug 2024 11:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=802279

Проф. д-р Никола Жежов

Секој народ во современата човечка цивилизација ги бара своите корени во историјата. Македонскиот народ несомнено и неспорно има длабоки историски корени и своето постоење во семејството на народите го има оформено врз основа на сплет на општествено- политички процеси назад низ вековите. Децениските борби на македонскиот народ го достигнале својот врв преку втемелувањето на неговата државност на 2 август 1944 година, на Вториот македонски Илинден кој се случил како континуиитет на првата илинденска генерација на борци за слободата на Македонија и идеалите на Илинденското востание во 1903 година. Одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) било подготвувано околу една година, уште со формирањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ на чело со Методија Андонов- Ченто, тело кое ги извршило сите неопходни организациски работи за чинот на конституирањето на современата македонска држава. АСНОМ својата активност ја засновувал на одлуките на Второто заседание на АВНОЈ од ноември 1943 година каде македонскиот народ бил признаен како посебен народ, а Македонија билаоформена како федеративна единица во рамките на новосоздадената југословенска федерација. Целиот овој историски процес не бил случаен или вештачки наметнат, туку се должел на учеството на македонскиот народ во Народно Ослободителната Војна (НОВ), со свои посебни воени единици, со македонски Главен Штаб кој формално се наоѓал под раководство на Врховниот Штаб на НОВЈ на чело со Јосип Броз Тито. И покрај формалното раководење од страна на НОВ на Југославија, македонското народно ослободително движење, самостојно ги водело борбите за ослободување на делот од Македонија што се конституирал како рамноправна република во рамките на авнојска Југославија. Напоредно со борбата на Македонците во федеративна Југославија, организирана антифашистичка и ослободителна војна воделе и Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија со конечна цел за присоединување кон федерална Македонија или создавање на обединета македонска држава во федерација на држави на балканските народи. Идејата за создавање на обединета Македонија во нејзините етнички и географски граници, заради констелацијата на односите помеѓу големите сили по Втората светска војна, не успеала и македонскиот народ своја државност извојувал само како федеративен статус во рамките на Демократска Федерална Југославија и таквиот чин бил остварен согласно одлуките на Првото заседание на АСНОМ.

Првото заседание на АСНОМ започнало и било отворено на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“ од страна на најстариот делегат Панко Брашнаров со емотивни зборови во кои го поздравувал создавањето на македонската држава, истакнувајќи ги границите на етногеографска Македонија, онака како што ги замислувале и се бореле македонските револуционери од илинденската генерацијаборци во македонското револуционерно движење. На заседанието биле поканети 116 делегати од сите делови на Македонија, а пристигнале и учествувале мнозинство од избраните членови на заседанието со што на настанот му бил даден целосен легитимитет. Одлуките што делегатите на Првото заседание на АСНОМ ги изгласале имале државотворен карактер и Македонија ја дефинирале како рамноправна република во рамките на новата југословенска држава. Македонија ги добила сите елементи на државност што како чин било прифатено со огромен ентузијазам како од делегатите, така и од присутниот насобран народ кој со радост ја поздравувал секоја одлука и решение на заседанието. Неколку донесени решенија, одлуки и документи ги поставиле основите на државноста на Македонија. Решението за прогласување на АСНОМ за врховно, законодавно и извршно телона државната власт во Демократска Федерална Македонија бил еден од најважните асномски документи. Ова решение му префрлило такви ингеренции на АСНОМ кои соодветствувале со надлежности на влада се до датумот на формирањето на првата влада на федерална Македонија во април 1945 година. За потребите на функционирање како влада, решението на АСНОМ дефинирало создавање на Президиум со повеќе поверенства кои функционирале како министерства и ги опфаќале сите сфери на општествено- политичкото живеење во Демократска Федерална Македонија. За претседател на Президиумот на АСНОМ бил избран Методија Андонов- Ченто. Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија била изгласана по примерот на Француската боржуаска револуција од 1789 година и таа ги регулирала слободата на говорот, правото на национална припадност, правото на движење, правото на глас, за прв пати правото на глас на жените, правото на вероисповед и правото на приватна сопственост. Со овој документ, АСНОМ пред македонскиот народ и останатите националности во Македонија ја претставувал новоформираната држава не само како држава со социјалистичко општествено уредување, туку и како држава со примеси на граѓанскополитичко уредување. Големо влијание за ова имал и Владимир Полежиновски, доктор по правни науки со западно образование кој бил еден од авторите на поголемиот дел од документите изгласани и усвоени на заседанието на АСНОМ. Решението за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава бил документ од историско значење за Македонија и македонскиот народ затоа што за прв пат се признавало постоењето на македонскиот јазик, за чиешто кодифицирање и целосно оформување со сите норми работела и посебна комисија избрана на заседанието. Решението за прогласување на 2 август, Илинден за државен празник на Македонија означувало континуитет на борбата на македонскиот народ за создавање на сопствена национална држава и го поврзувало АСНОМ со идеалите и целите на Илинденското востание од 1903 година, за што впрочем, во списокот на делегати на заседанието биле вклучени и македонски револуционери од предилинденскиот и илинденскиот период. Меѓу најзначајните документи на Првото заседание на АСНОМ бил и Манифестот упатен до сите Македонци, до националностите во Македонија во кој се објаснувале целите на АСНОМ и борбата на НОД и документ со кои се објавувало создавањето на Македонија како дел од преуредената југословенска федерација.

Сите овие изгласани и усвоени решенија и документи на Првото заседание на АСНОМ ги поставиле основите, темелот на новосоздадената македонска држава која во тој момент се определила за заеднички соживот со останатите народи и републики во федерална Југославија. Градењето на Македонија како федеративна република во рамките на Југославија, иако било прифатено со големо воодушевување од Македонците и националностите во Македонија, одело споро, тешко, како што впрочем е секаде во светот кога се создаваат нови држави. Во временскиот период од околу 5 децении кога Македонија била членка на југословенската федерација, неколку главни принципи и начела биле водечки за нејзиниот опстој и за нејзиното целосно подготвување за независност во почетокот на 90тите години на XX век. Прво, тогашната генерација на македонски борци, дејци и револуционери, се издигнала високо над самата себеси и идеалот за создавање на држава со името Македонија го ставила над нејзините идеолошки определби и личните интереси. Тоа се покажало како вистинско решение за создавањето и градењето на Македонија. Иако, пред Првото заседание на АСНОМ комунистите биле водечката политичка сила во борбата на македонскиот народ во текот на Втората светска војна, тоа не им пречело да ги поканат и останатите македонски дејци и револуционери кои не биле комунисти, а со друга политичка идеологија- да се вклучат во АСНОМ и во градењето на темелите на државата. Ако на заседанието на АСНОМ како делегати биле избрани комунисти, членови на Комунистичката партија како: Љупчо Арсов, Лилјана Чаловска, Вера Ацева, Страхил Гигов, Цветко Узуновски, за делегати биле избрани и личности од илинденската генерација на борци како: Панко Брашнаров и Димитар Влахов. За една иста цел, создавање на македонска држава, разговарале и биле делегати на АСНОМ и луѓе од различни професии и со различно образование: делегат бил Владимир Полежиновски, доктор по правни науки, но и Александар Петровски, кројач по професија; делегат на АСНОМ бил Иван Раднански, земјоделец, а член на заседанието бил и Венко Марковски, поет и писател. Меѓу делегатите имало студенти, земјоделци, банкари, адвокати, фабрички работници, професори, но сите нив ги обединувала една заедничка цел: создавање на држава со име Македонија. Решенијата на АСНОМ како делегати ги поддржале и изгласале и припадници на националностите во Македонија: Ќемал Аголи, Камбер Асан, Ќемал Сејфула, Исак Сион. И за нив било идеал создавањето на Македонија, иако тогаш како федеративна република во рамките на Југославија. Во работата на АСНОМ се вклучиле и биле избрани како делегати и Македонци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија: Васил Василев, Васил Ивановски, Атанас Великов, Димитри Манџовски, Димитар Влахов. Првото заседание на АСНОМ претставувало едно сеопшто македонско собрание кое во своите редови ги обединувало луѓето за една заедничка цел, без разлика на националноста, верата и професијата.

Втората важна придобивка е што со АСНОМ, македонскиот народ и националностите во Македонија СЕ ИЗБОРИЈА, а не добија, држава со името Македонија, без разлика на различните идеолошки одредници кои стоеја во различни форми пред нејзиното име во текот на 46 годишното постоење на државата во таква форма. Решанијата и документите на АСНОМ го верификувале тоа што било скапо платено, со многу загинати и жртви во текот на Втората светска војна. Никој не и ја подарил слободата и државноста на Македонија во рамките на Југославија, туку тие придобивки биле извојувани со учество во НОВ, а доказ за тоа е фактот што последниот непријателски војник ја напуштил македонската територија со завршните борбени операции кои ги водела македонската војска на чело со нејзиниот воен командант Михајло Апостолски.

Третото важно обележје е антифашистичкиот карактер на борбата на македонскиот народ и националностите кои преку  народно ослободителното движење се бореле како рамноправни членови на Антихитлеровската коалиција предводена од САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз, а признание за тоа било учеството на членовите на американската и англиската воена мисија на Првото заседание на АСНОМ со што дефакто и дејуре се извршило меѓународно признавање на Македонија, иако во тоа време федерална единица на Југославија.

Затоа, на Првото заседание на АСНОМ треба да гледаме како на настан кој ја обликуваше денешната современа реалност на Македонија. АСНОМ ја оформил Македонија како држава, со сите нејзини институции од сите сегменти на општествено- политичкиот, економскиот и културниот живот и без разлика на бројните слабости и проблеми што се составен дел на новоформирани држави, ја подготвил и го обезбедил патот кон нејзиното осамостојување во 1991 година. 80 години државност, погледнато наназад и не е така мал период затоа што Македонија помина низ многу премрежија, тешки ситуации, кризи, економски потешкотии, негирања и обиди за нејзино редефинирање. И покрај сѐ, решенијата и одлуките на Првото заседание на АСНОМ, сеуште се темелот и на денешна Република Македонија. Во името на тоа, АСНОМ треба да биде пример за понатамошниот развој на идните македонски генерации. Македонската историја е исполнета со многу настани, трагични датуми, денови на хероизам и на истрајност, но и на мудрост. Првото заседание на АСНОМ е еден од историските примери на семакедонското национално единство и чин на наднационално обединување, заедништво и на Македонците со останатите националности во Македонија: Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци...АСНОМ е успешната македонска приказна која пред 80 години станала реалност затоа што тогашната генерација го почувствувала историскиот момент за тоа и создала македонска држава која денеска е основата за постоењето на Република Македонија. Да им го пренесеме Асномскиот пример на сегашните македонски генерации и да ги научиме како се гради, но и како се чува една држава која сме ја создале со многу жртви и страдања. Нека Илинден и АСНОМ бидат првите историски лекции за македонските ученици, за да тие создадат поуспешна и подобра иднина за Македонија.

Честит празник Илинден!

Нека е вечен споменот за двата македонски Илиндена!

Нека е вечна Македонија!

The post Историското значење на Првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Никола Жежов

Секој народ во современата човечка цивилизација ги бара своите корени во историјата. Македонскиот народ несомнено и неспорно има длабоки историски корени и своето постоење во семејството на народите го има оформено врз основа на сплет на општествено- политички процеси назад низ вековите. Децениските борби на македонскиот народ го достигнале својот врв преку втемелувањето на неговата државност на 2 август 1944 година, на Вториот македонски Илинден кој се случил како континуиитет на првата илинденска генерација на борци за слободата на Македонија и идеалите на Илинденското востание во 1903 година. Одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) било подготвувано околу една година, уште со формирањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ на чело со Методија Андонов- Ченто, тело кое ги извршило сите неопходни организациски работи за чинот на конституирањето на современата македонска држава. АСНОМ својата активност ја засновувал на одлуките на Второто заседание на АВНОЈ од ноември 1943 година каде македонскиот народ бил признаен како посебен народ, а Македонија билаоформена како федеративна единица во рамките на новосоздадената југословенска федерација. Целиот овој историски процес не бил случаен или вештачки наметнат, туку се должел на учеството на македонскиот народ во Народно Ослободителната Војна (НОВ), со свои посебни воени единици, со македонски Главен Штаб кој формално се наоѓал под раководство на Врховниот Штаб на НОВЈ на чело со Јосип Броз Тито. И покрај формалното раководење од страна на НОВ на Југославија, македонското народно ослободително движење, самостојно ги водело борбите за ослободување на делот од Македонија што се конституирал како рамноправна република во рамките на авнојска Југославија. Напоредно со борбата на Македонците во федеративна Југославија, организирана антифашистичка и ослободителна војна воделе и Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија со конечна цел за присоединување кон федерална Македонија или создавање на обединета македонска држава во федерација на држави на балканските народи. Идејата за создавање на обединета Македонија во нејзините етнички и географски граници, заради констелацијата на односите помеѓу големите сили по Втората светска војна, не успеала и македонскиот народ своја државност извојувал само како федеративен статус во рамките на Демократска Федерална Југославија и таквиот чин бил остварен согласно одлуките на Првото заседание на АСНОМ. Првото заседание на АСНОМ започнало и било отворено на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“ од страна на најстариот делегат Панко Брашнаров со емотивни зборови во кои го поздравувал создавањето на македонската држава, истакнувајќи ги границите на етногеографска Македонија, онака како што ги замислувале и се бореле македонските револуционери од илинденската генерацијаборци во македонското револуционерно движење. На заседанието биле поканети 116 делегати од сите делови на Македонија, а пристигнале и учествувале мнозинство од избраните членови на заседанието со што на настанот му бил даден целосен легитимитет. Одлуките што делегатите на Првото заседание на АСНОМ ги изгласале имале државотворен карактер и Македонија ја дефинирале како рамноправна република во рамките на новата југословенска држава. Македонија ги добила сите елементи на државност што како чин било прифатено со огромен ентузијазам како од делегатите, така и од присутниот насобран народ кој со радост ја поздравувал секоја одлука и решение на заседанието. Неколку донесени решенија, одлуки и документи ги поставиле основите на државноста на Македонија. Решението за прогласување на АСНОМ за врховно, законодавно и извршно телона државната власт во Демократска Федерална Македонија бил еден од најважните асномски документи. Ова решение му префрлило такви ингеренции на АСНОМ кои соодветствувале со надлежности на влада се до датумот на формирањето на првата влада на федерална Македонија во април 1945 година. За потребите на функционирање како влада, решението на АСНОМ дефинирало создавање на Президиум со повеќе поверенства кои функционирале како министерства и ги опфаќале сите сфери на општествено- политичкото живеење во Демократска Федерална Македонија. За претседател на Президиумот на АСНОМ бил избран Методија Андонов- Ченто. Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија била изгласана по примерот на Француската боржуаска револуција од 1789 година и таа ги регулирала слободата на говорот, правото на национална припадност, правото на движење, правото на глас, за прв пати правото на глас на жените, правото на вероисповед и правото на приватна сопственост. Со овој документ, АСНОМ пред македонскиот народ и останатите националности во Македонија ја претставувал новоформираната држава не само како држава со социјалистичко општествено уредување, туку и како држава со примеси на граѓанскополитичко уредување. Големо влијание за ова имал и Владимир Полежиновски, доктор по правни науки со западно образование кој бил еден од авторите на поголемиот дел од документите изгласани и усвоени на заседанието на АСНОМ. Решението за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава бил документ од историско значење за Македонија и македонскиот народ затоа што за прв пат се признавало постоењето на македонскиот јазик, за чиешто кодифицирање и целосно оформување со сите норми работела и посебна комисија избрана на заседанието. Решението за прогласување на 2 август, Илинден за државен празник на Македонија означувало континуитет на борбата на македонскиот народ за создавање на сопствена национална држава и го поврзувало АСНОМ со идеалите и целите на Илинденското востание од 1903 година, за што впрочем, во списокот на делегати на заседанието биле вклучени и македонски револуционери од предилинденскиот и илинденскиот период. Меѓу најзначајните документи на Првото заседание на АСНОМ бил и Манифестот упатен до сите Македонци, до националностите во Македонија во кој се објаснувале целите на АСНОМ и борбата на НОД и документ со кои се објавувало создавањето на Македонија како дел од преуредената југословенска федерација. Сите овие изгласани и усвоени решенија и документи на Првото заседание на АСНОМ ги поставиле основите, темелот на новосоздадената македонска држава која во тој момент се определила за заеднички соживот со останатите народи и републики во федерална Југославија. Градењето на Македонија како федеративна република во рамките на Југославија, иако било прифатено со големо воодушевување од Македонците и националностите во Македонија, одело споро, тешко, како што впрочем е секаде во светот кога се создаваат нови држави. Во временскиот период од околу 5 децении кога Македонија била членка на југословенската федерација, неколку главни принципи и начела биле водечки за нејзиниот опстој и за нејзиното целосно подготвување за независност во почетокот на 90тите години на XX век. Прво, тогашната генерација на македонски борци, дејци и револуционери, се издигнала високо над самата себеси и идеалот за создавање на држава со името Македонија го ставила над нејзините идеолошки определби и личните интереси. Тоа се покажало како вистинско решение за создавањето и градењето на Македонија. Иако, пред Првото заседание на АСНОМ комунистите биле водечката политичка сила во борбата на македонскиот народ во текот на Втората светска војна, тоа не им пречело да ги поканат и останатите македонски дејци и револуционери кои не биле комунисти, а со друга политичка идеологија- да се вклучат во АСНОМ и во градењето на темелите на државата. Ако на заседанието на АСНОМ како делегати биле избрани комунисти, членови на Комунистичката партија како: Љупчо Арсов, Лилјана Чаловска, Вера Ацева, Страхил Гигов, Цветко Узуновски, за делегати биле избрани и личности од илинденската генерација на борци како: Панко Брашнаров и Димитар Влахов. За една иста цел, создавање на македонска држава, разговарале и биле делегати на АСНОМ и луѓе од различни професии и со различно образование: делегат бил Владимир Полежиновски, доктор по правни науки, но и Александар Петровски, кројач по професија; делегат на АСНОМ бил Иван Раднански, земјоделец, а член на заседанието бил и Венко Марковски, поет и писател. Меѓу делегатите имало студенти, земјоделци, банкари, адвокати, фабрички работници, професори, но сите нив ги обединувала една заедничка цел: создавање на држава со име Македонија. Решенијата на АСНОМ како делегати ги поддржале и изгласале и припадници на националностите во Македонија: Ќемал Аголи, Камбер Асан, Ќемал Сејфула, Исак Сион. И за нив било идеал создавањето на Македонија, иако тогаш како федеративна република во рамките на Југославија. Во работата на АСНОМ се вклучиле и биле избрани како делегати и Македонци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија: Васил Василев, Васил Ивановски, Атанас Великов, Димитри Манџовски, Димитар Влахов. Првото заседание на АСНОМ претставувало едно сеопшто македонско собрание кое во своите редови ги обединувало луѓето за една заедничка цел, без разлика на националноста, верата и професијата. Втората важна придобивка е што со АСНОМ, македонскиот народ и националностите во Македонија СЕ ИЗБОРИЈА, а не добија, држава со името Македонија, без разлика на различните идеолошки одредници кои стоеја во различни форми пред нејзиното име во текот на 46 годишното постоење на државата во таква форма. Решанијата и документите на АСНОМ го верификувале тоа што било скапо платено, со многу загинати и жртви во текот на Втората светска војна. Никој не и ја подарил слободата и државноста на Македонија во рамките на Југославија, туку тие придобивки биле извојувани со учество во НОВ, а доказ за тоа е фактот што последниот непријателски војник ја напуштил македонската територија со завршните борбени операции кои ги водела македонската војска на чело со нејзиниот воен командант Михајло Апостолски. Третото важно обележје е антифашистичкиот карактер на борбата на македонскиот народ и националностите кои преку  народно ослободителното движење се бореле како рамноправни членови на Антихитлеровската коалиција предводена од САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз, а признание за тоа било учеството на членовите на американската и англиската воена мисија на Првото заседание на АСНОМ со што дефакто и дејуре се извршило меѓународно признавање на Македонија, иако во тоа време федерална единица на Југославија. Затоа, на Првото заседание на АСНОМ треба да гледаме како на настан кој ја обликуваше денешната современа реалност на Македонија. АСНОМ ја оформил Македонија како држава, со сите нејзини институции од сите сегменти на општествено- политичкиот, економскиот и културниот живот и без разлика на бројните слабости и проблеми што се составен дел на новоформирани држави, ја подготвил и го обезбедил патот кон нејзиното осамостојување во 1991 година. 80 години државност, погледнато наназад и не е така мал период затоа што Македонија помина низ многу премрежија, тешки ситуации, кризи, економски потешкотии, негирања и обиди за нејзино редефинирање. И покрај сѐ, решенијата и одлуките на Првото заседание на АСНОМ, сеуште се темелот и на денешна Република Македонија. Во името на тоа, АСНОМ треба да биде пример за понатамошниот развој на идните македонски генерации. Македонската историја е исполнета со многу настани, трагични датуми, денови на хероизам и на истрајност, но и на мудрост. Првото заседание на АСНОМ е еден од историските примери на семакедонското национално единство и чин на наднационално обединување, заедништво и на Македонците со останатите националности во Македонија: Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци...АСНОМ е успешната македонска приказна која пред 80 години станала реалност затоа што тогашната генерација го почувствувала историскиот момент за тоа и создала македонска држава која денеска е основата за постоењето на Република Македонија. Да им го пренесеме Асномскиот пример на сегашните македонски генерации и да ги научиме како се гради, но и како се чува една држава која сме ја создале со многу жртви и страдања. Нека Илинден и АСНОМ бидат првите историски лекции за македонските ученици, за да тие создадат поуспешна и подобра иднина за Македонија.   Честит празник Илинден! Нека е вечен споменот за двата македонски Илиндена! Нека е вечна Македонија!

The post Историското значење на Првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>
Научен собир во Социјалистичката партија: АСНОМ и македонската државност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nauchen-sobir-vo-sotsijalistichkata-partija-asnom-i-makedonskata-drzhavnost/ Thu, 30 May 2024 13:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=783234

Социјалистичката партија повикува на пристуство на научниот собир „АСНОМ и македонската државност.

Собирот ќе се одржи во седиштето на партијата во среда на петти јуни од 12 часот.

The post Научен собир во Социјалистичката партија: АСНОМ и македонската државност appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија повикува на пристуство на научниот собир „АСНОМ и македонската државност. Собирот ќе се одржи во седиштето на партијата во среда на петти јуни од 12 часот.

The post Научен собир во Социјалистичката партија: АСНОМ и македонската државност appeared first on Република.

]]>
Падна под ударот на бугарски куршум: Пред 80 години загина главниот идеолог на АСНОМ, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/padna-pod-udarot-na-bugarski-kurshum-pred-80-godini-zagina-glavniot-ideolog-na-asnom-narodniot-heroj-kuzman-josifovski-pitu/ Sun, 25 Feb 2024 07:46:41 +0000 https://republika.mk/?p=748005

На денешен ден се навршуваат 80 години од смртта на Кузман Јосифовски - Питу, човекот кој се смета за најзаслужен идеолог за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Македонија. Народниот херој на Македонија загина во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција.

Кузман Јосифовски - Питу е главниот иницијатор и организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ и автор на неговите државотворни документи.

Роден е во Прилеп 1915 година, се образувал во Прилеп и Битола, за потоа да продолжи на студии по право на Белградскиот универзитет.

За време на студиите активно се вклучува во политичката активност, особено преку создавање на студенските друштва и В движења „Вардар“ и „МАНАПО“.

Бил член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Останувајќи доследен на своите убедувања, тој ќе работи во НОБ да се вклучат познатите револуционери од минатите македонски борби и луѓе од народот.

Така, во работата на заседанието на АСНОМ ќе учествуваат и ќе го водат неговиот Президиум познати имиња - Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе и други.

По Преспанското советување на 2 август 1943 година дошол во Скопје, каде што живеел во населбата Трнодол.

Кузман Јосифовски - Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности на 25 февруари 1944 година.

Според официјалната верзија, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година, погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата каде што се одржувал состанок со претставници на централниот комитет на БКП (Бугарската комунистичка партија).

Кузман успеал да се пробие од блокадата и да побегне, но стигнал само некој километар подолу,  спроти некогашната „Алумина“, каде што смртно бил погоден од бугарски војник.

За убиството на Кузман, неговата мајка и помалата сестра Павлина дознале дури по една година и тоа случајно на првиот митинг по ослободувањето на Прилеп, каде што биле прочитани имињата на загинатите борци.

Во денешно време, по откривање на одредени историски сознанија, се знае дека постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ - Темпо испратена до Тито, во која тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување, каде што Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија за целосно ослободување и обединување на Македонија.

На 2 август 1945 година посмртно е прогласен за народен херој на Југославија.

The post Падна под ударот на бугарски куршум: Пред 80 години загина главниот идеолог на АСНОМ, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу appeared first on Република.

]]>

На денешен ден се навршуваат 80 години од смртта на Кузман Јосифовски - Питу, човекот кој се смета за најзаслужен идеолог за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Македонија. Народниот херој на Македонија загина во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција. Кузман Јосифовски - Питу е главниот иницијатор и организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ и автор на неговите државотворни документи. Роден е во Прилеп 1915 година, се образувал во Прилеп и Битола, за потоа да продолжи на студии по право на Белградскиот универзитет. За време на студиите активно се вклучува во политичката активност, особено преку создавање на студенските друштва и В движења „Вардар“ и „МАНАПО“. Бил член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Останувајќи доследен на своите убедувања, тој ќе работи во НОБ да се вклучат познатите револуционери од минатите македонски борби и луѓе од народот. Така, во работата на заседанието на АСНОМ ќе учествуваат и ќе го водат неговиот Президиум познати имиња - Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе и други. По Преспанското советување на 2 август 1943 година дошол во Скопје, каде што живеел во населбата Трнодол. Кузман Јосифовски - Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности на 25 февруари 1944 година. Според официјалната верзија, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година, погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата каде што се одржувал состанок со претставници на централниот комитет на БКП (Бугарската комунистичка партија). Кузман успеал да се пробие од блокадата и да побегне, но стигнал само некој километар подолу,  спроти некогашната „Алумина“, каде што смртно бил погоден од бугарски војник. За убиството на Кузман, неговата мајка и помалата сестра Павлина дознале дури по една година и тоа случајно на првиот митинг по ослободувањето на Прилеп, каде што биле прочитани имињата на загинатите борци. Во денешно време, по откривање на одредени историски сознанија, се знае дека постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ - Темпо испратена до Тито, во која тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување, каде што Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија за целосно ослободување и обединување на Македонија. На 2 август 1945 година посмртно е прогласен за народен херој на Југославија.

The post Падна под ударот на бугарски куршум: Пред 80 години загина главниот идеолог на АСНОМ, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу appeared first on Република.

]]>
Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка, а со телесни повреди двајцата возачи: Детали за собраќајката на бул. „АСНОМ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-teshki-telesni-povredi-se-zdobila-sopatnichka-a-so-telesni-povredi-dvajtsata-vozachi-detali-za-sobrakajkata-na-bul-asnom/ Thu, 19 Oct 2023 07:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=692676

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска на бул. „АСНОМ“ во Скопје меѓу автобус на ЈСП Скопје и патничко возило. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото, а со телесни повреди двајцата возачи, потврдија за МИА од СВР Скопје.

Како што појаснуваат, ноќеска вo 23.50 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„АСНОМ“ со сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(29) од Скопје, и автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(33) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило С.М.(33) од Кочани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, изјавија од СВР Скопје.

Од ЈСП Скопје за МИА информираа дека во автобусот „Јутонг“ кој сообраќал на линија 3 немало патници, завршил со смена и се повлекувал во гаражата во Автокоманда.

Полесно повреден бил возачот на автобусот, а потешко повредени биле возачот и совозачот од патничкото моторно возило. Причинета е материјална штета на двете возила. Според увидот и записникот на внатрешната контрола на ЈСП, патничкото моторно возило удрило во автобусот со неприлагодена брзина, велат од ЈСП Скопје.

На крстосницата кај што се случи сообраќајката и изутринава имаше остатоци од оштетените возила, а сообраќајот се одвиваше по една лента.

The post Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка, а со телесни повреди двајцата возачи: Детали за собраќајката на бул. „АСНОМ“ appeared first on Република.

]]>

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска на бул. „АСНОМ“ во Скопје меѓу автобус на ЈСП Скопје и патничко возило. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото, а со телесни повреди двајцата возачи, потврдија за МИА од СВР Скопје. Како што појаснуваат, ноќеска вo 23.50 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„АСНОМ“ со сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(29) од Скопје, и автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило С.М.(33) од Кочани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, изјавија од СВР Скопје. Од ЈСП Скопје за МИА информираа дека во автобусот „Јутонг“ кој сообраќал на линија 3 немало патници, завршил со смена и се повлекувал во гаражата во Автокоманда. Полесно повреден бил возачот на автобусот, а потешко повредени биле возачот и совозачот од патничкото моторно возило. Причинета е материјална штета на двете возила. Според увидот и записникот на внатрешната контрола на ЈСП, патничкото моторно возило удрило во автобусот со неприлагодена брзина, велат од ЈСП Скопје. На крстосницата кај што се случи сообраќајката и изутринава имаше остатоци од оштетените возила, а сообраќајот се одвиваше по една лента.

The post Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка, а со телесни повреди двајцата возачи: Детали за собраќајката на бул. „АСНОМ“ appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска од Прохор Пчински: АСНОМ е света кратенка која нė држи будни во негувањето на патриотизмот, храброста, визионерството https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-od-prohor-pchinski-asnom-e-sveta-kratenka-koja-ne-drzhi-budni-vo-neguvaneto-na-patriotizmot-hrabrosta-vizionerstvoto/ Wed, 02 Aug 2023 19:48:02 +0000 https://republika.mk/?p=668061

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше дел од државно-црковната делегација која денеска го посети  манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Република Србија, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Костадиновска-Стојчевска од „Прохор Пчински“ рече дека со почит кон нашата историја и со вера во нашата иднина, го славиме Илинден и продолжуваме напред, заедно.

„Стоиме горди на местото каде се удрени темелите на нашиот јазик, државност и идентитет.

Манастирот „Св. ‘Прохор Пчински’ засекогаш ќе остане во нашата меморија и со длабока почит, додека е векот и светот, ќе им се поклонуваме на нашите херои, на нашите визионери, на нашите ослободители.

АСНОМ е светата кратенка која мора да нė држи будни. Таа е копнеж, храброст, патриотизам на поколенија македонски јунаци, илинденци и партизани, кои ги поставија темелите за остварување на идеалите за слободна и своја држава“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура порача дека и денеска се поклонивме на ова, за нас, историско место, пред спомен плочата на Манастирот која сведочи дека тука, пред 79 години, се одржа Првото заседание на АСНОМ и, потстеи дека меѓу другото, во Декларацијата се запиша: „Се забрануваат и прогонуваат сите фашистички и профашистички дејствија, оти се против слободата...“.

На овој ден, 2 август 1944 г., македонскиот јазик е прогласен и за службен јазик во македонската држава.

Делегацијата беше предводена од претседателот Стево Пендаровски заедно со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Викарниот Епископ Хераклејски г. Климент и претставници од Сојузот на борците на НОБ. Тие го посетија  манастирот „Св. Прохор Пчински“ и положија свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

Македонската делегација во „Прохор Пчински“ беше пречекана од претседaтелот на Србија, Александар Вучиќ и од Епископот врањски г. Пахомије, по што двете високи делегации го разгледаа манастирскиот комплекс.

The post Костадиновска-Стојчевска од Прохор Пчински: АСНОМ е света кратенка која нė држи будни во негувањето на патриотизмот, храброста, визионерството appeared first on Република.

Ставена само за посетата на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден била од времен карактер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stavena-samo-za-posetata-na-pendarovski-plochata-za-asnom-vo-manastirot-sv-prohor-pchinjski-za-ilinden-bila-od-vremen-karakter/ Wed, 10 Aug 2022 16:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=538852

Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Стево Пендаровски и државната делегација, за прв пат по повеќе години, велат од кабинетот на шефот на државата по објавените информации во медиумите дека плочата веќе ја нема на местото на чествувањето.

Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во „Св. Прохор Пчински“ за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчински“ - наведуваат од кабинетот на Пендаровски.

И игуменот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, архимандрит Методије, за МИА потврдува дека договорот на двете делегации, македонската и српската, бил плочата да се тргне по прославата на Илинден, и повторно по договор да се става кога ќе треба.

Спомен плочата за одржувањето на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, беше поставена на празникот Илинден во параклисот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ каде што по долгогодишна пауза чествуваше македонска државнo-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски. Од српска страна на одбележувањето присуствуваше министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.

https://republika.mk/vesti/balkan/ne-izdrza-ni-deset-dena-trgnata-plochata-za-asnom-vo-prohor-pchinjski/

На спомен плочата двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува: „На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.

The post Ставена само за посетата на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден била од времен карактер appeared first on Република.

]]>

Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Стево Пендаровски и државната делегација, за прв пат по повеќе години, велат од кабинетот на шефот на државата по објавените информации во медиумите дека плочата веќе ја нема на местото на чествувањето.
Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во „Св. Прохор Пчински“ за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчински“ - наведуваат од кабинетот на Пендаровски.
И игуменот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, архимандрит Методије, за МИА потврдува дека договорот на двете делегации, македонската и српската, бил плочата да се тргне по прославата на Илинден, и повторно по договор да се става кога ќе треба. Спомен плочата за одржувањето на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, беше поставена на празникот Илинден во параклисот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ каде што по долгогодишна пауза чествуваше македонска државнo-црковна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски. Од српска страна на одбележувањето присуствуваше министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ. https://republika.mk/vesti/balkan/ne-izdrza-ni-deset-dena-trgnata-plochata-za-asnom-vo-prohor-pchinjski/ На спомен плочата двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува: „На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.

The post Ставена само за посетата на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден била од времен карактер appeared first on Република.

]]>
Не издржа ни десет дена: Tргната плочата за АСНОМ во Прохор Пчињски https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-izdrza-ni-deset-dena-trgnata-plochata-za-asnom-vo-prohor-pchinjski/ Wed, 10 Aug 2022 11:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=538726

Извадена е плочата поставена во чест на одржаното заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски.

Македонски државјани кои го посетиле манастирот за expres.mk тврдат дека плочата ја нема на местото каде што била на Илинден.

Претседателот Стево Пендаровски прв се поклони пред новопоставената спомен-плоча за Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, кога се поставени темелите на современата македонска држава по Втората светска војна. Во изјава за медиумите тогаш изрази надеж дека во иднина чествувањето на заседанието на АСНОМ ќе се одржува во манастирот.

The post Не издржа ни десет дена: Tргната плочата за АСНОМ во Прохор Пчињски appeared first on Република.

]]>

Извадена е плочата поставена во чест на одржаното заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски. Македонски државјани кои го посетиле манастирот за expres.mk тврдат дека плочата ја нема на местото каде што била на Илинден. Претседателот Стево Пендаровски прв се поклони пред новопоставената спомен-плоча за Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, кога се поставени темелите на современата македонска држава по Втората светска војна. Во изјава за медиумите тогаш изрази надеж дека во иднина чествувањето на заседанието на АСНОМ ќе се одржува во манастирот.

The post Не издржа ни десет дена: Tргната плочата за АСНОМ во Прохор Пчињски appeared first on Република.

]]>
Бугарска фондација во Македонија бара да се одлучиме дали сме за Илинден или АСНОМ, не можело за двете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarska-fondacija-vo-makedonija-bara-da-se-odluchime-dali-sme-za-ilinden-ili-asnom-ne-mozelo-za-dvete/ Thu, 04 Aug 2022 09:55:32 +0000 https://republika.mk/?p=536663

Бугарската фондација во Македонија позната по нивните антимакедонски, негаторски и скоро фашистички ставови, Фондација Македонија, на Фејсбук бара од Македонија да се одлучи дали е за АСНОМ или за Илинден.

“Во Скопје еднаш засекогаш да се одлучи: АСНОМ или Илинден. Не може и двете, затоа што АСНОМ ги уби преживеаните илинденци! Не можете да ги величате убијците и нивните жртви. Време е за одлуки и реформи во Скопје! И нивниот претседател е под сите европски критики и кршење на преговарачката рамка на Скопје за ЕУ!”, велат од Фондацијата на Фејсбук.

The post Бугарска фондација во Македонија бара да се одлучиме дали сме за Илинден или АСНОМ, не можело за двете appeared first on Република.

Ги обележуваме двата илиндена – Во чест на востаниците и на делегатите од АСНОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gi-obelezuvame-dvata-ilindena-vo-chest-na-vostanicite-i-na-delegatite-od-asnom/ Tue, 02 Aug 2022 07:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=535928

Во Македонија традиционално на 2 август се празнува почетокот на Илинденското востание, како и одржувањето на првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

Во 1903 година започнало Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, и тоа е еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се воделе битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Кичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, Мариовско. Востаниците успеале да го ослободат градот Крушево и таму да прогласат република.

Во 1944 година во манастирот „Свети Прохор Пчински“ кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ, било одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, била потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа, АСНОМ бил конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик бил воведен како службен јазик во Македонија.

Со повеќе пригодни свечености, денеска во Македонија се празнуваат и двата празника.

The post Ги обележуваме двата илиндена – Во чест на востаниците и на делегатите од АСНОМ appeared first on Република.

]]>

Во Македонија традиционално на 2 август се празнува почетокот на Илинденското востание, како и одржувањето на првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). Во 1903 година започнало Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, и тоа е еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се воделе битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Кичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, Мариовско. Востаниците успеале да го ослободат градот Крушево и таму да прогласат република. Во 1944 година во манастирот „Свети Прохор Пчински“ кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ, било одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, била потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа, АСНОМ бил конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик бил воведен како службен јазик во Македонија. Со повеќе пригодни свечености, денеска во Македонија се празнуваат и двата празника.

The post Ги обележуваме двата илиндена – Во чест на востаниците и на делегатите од АСНОМ appeared first on Република.

]]>
Османи прифатил дека македонскиот јазик произлегол од бугарскиот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-prifatil-deka-makedonskiot-jazik-proizlegol-od-bugarskiot/ Tue, 19 Jul 2022 10:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=530994

Додека денеска во Брисел нашата државна делегација се слика на фотосесијата посветена само на почетниот чекор за официјален старт на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, се уште останува нејасно зошто министерот за надворешни работи не ја објавува македонската унилатерална декларација за македонскиот јазик.

Бугарија го стори тоа и содржината на нејзината декларација и е веќе позната на домашната јавност. Со неа официјална Софија укажува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Република Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање на „македонскиот јазик“ од страна на Република Бугарија.

Во декларацијата се наведува и дека:

Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик.

Документ на АСНОМ со кој се воведува македонската азбука како официјална азбука на територијата на Република Македонија

Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.

Со мерки во три документи – Рамка за преговори, заклучоци на Советот и билатерални протоколи – Бугарија утврдува мерки за строго спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година од Скопје, што ЕК ќе го следи.

„Повикувајќи се на став 7 од Заклучоците на Советот за [Проширување – Македонија и Албанија] од (јули 2022 година),

Повикувајќи се на став 22 од Преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија во ЕУ и нејзиното повикување на официјалниот јазик на Република Македонија, согласно нејзиниот Устав, како јазик за превод на законодавството на ЕУ,

Со оваа декларација Бугарија го потврдува следново:

Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик. Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.

Секое повикување на официјалниот јазик на Република Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и никако не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонскиот јазик“.

Бугарија продолжува да се придржува до јазичната клаузула содржана во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во Скопје на 1 август 2017 година помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, за целите на билатералните договори/договори/меморандуми и други меѓу двете земји“, се вели во Декларацијата.

Индикативен е делот од Декларацијата кој вели дека: Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма“.

Зашто, на брифинг со новинарите на 2 јули годинава, говорејќи за унилатералната декларација на Македонија за македонскиот јазик, министерот Османи искористи речиси идентична формулација, па меѓу другото изјави:

-МИСЛАМ ДЕКА НИВНАТА Е СПОРЕД ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ, ДА НЕ ГРЕШАМ, ТОА Е НИВНИОТ СТАВ ДЕКА: ’НЕ ПОСТОЕЛ ПРЕД 1945, ДЕКА БИЛ ЕДЕН ОД НИВНИТЕ ДИЈАЛЕКТИ’. ОД НАША СТРАНА – СЕ УШТЕ НЕ Е ДЕФИНИРАНО. АКО СЕ ОДИ ПО ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ ЌЕ ТРЕБА ДА БИДЕ:  ’МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ОФИЦИЈАЛНИОТ ЈАЗИК НА РС МАКЕДОНИЈА КОЈШТО Е… СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Е КОДИФИЦИРАН ВО 1945 ГОДИНА КАКО СЕКУНДАРНА КОДИФИКАЦИЈА, НЕ КАКО ПРИМАРНА (Телма ТВ, 2 јули 2022 година).

Очигледно, Османи за македонскиот јазик користи идентична формулација каква што е содржана во бугарската Декларација-„…современиот македонски јазик е кодифициран во 1945 година како секундарна кодификација, не како примарна“.

Дали ова значи дека министерот Османи и Владата прифатиле дека македонскиот јазик е произлезен од бугарскиот, а не дека произлегува од словенската група јазици!?, прашува „Пресинг ТВ“.

The post Османи прифатил дека македонскиот јазик произлегол од бугарскиот? appeared first on Република.

]]>

Додека денеска во Брисел нашата државна делегација се слика на фотосесијата посветена само на почетниот чекор за официјален старт на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, се уште останува нејасно зошто министерот за надворешни работи не ја објавува македонската унилатерална декларација за македонскиот јазик. Бугарија го стори тоа и содржината на нејзината декларација и е веќе позната на домашната јавност. Со неа официјална Софија укажува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Република Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање на „македонскиот јазик“ од страна на Република Бугарија. Во декларацијата се наведува и дека: Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик.
Документ на АСНОМ со кој се воведува македонската азбука како официјална азбука на територијата на Република Македонија
Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма. Со мерки во три документи – Рамка за преговори, заклучоци на Советот и билатерални протоколи – Бугарија утврдува мерки за строго спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година од Скопје, што ЕК ќе го следи. „Повикувајќи се на став 7 од Заклучоците на Советот за [Проширување – Македонија и Албанија] од (јули 2022 година), Повикувајќи се на став 22 од Преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија во ЕУ и нејзиното повикување на официјалниот јазик на Република Македонија, согласно нејзиниот Устав, како јазик за превод на законодавството на ЕУ, Со оваа декларација Бугарија го потврдува следново: Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик. Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма. Секое повикување на официјалниот јазик на Република Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и никако не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонскиот јазик“. Бугарија продолжува да се придржува до јазичната клаузула содржана во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во Скопје на 1 август 2017 година помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, за целите на билатералните договори/договори/меморандуми и други меѓу двете земји“, се вели во Декларацијата. Индикативен е делот од Декларацијата кој вели дека: Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма“. Зашто, на брифинг со новинарите на 2 јули годинава, говорејќи за унилатералната декларација на Македонија за македонскиот јазик, министерот Османи искористи речиси идентична формулација, па меѓу другото изјави:
-МИСЛАМ ДЕКА НИВНАТА Е СПОРЕД ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ, ДА НЕ ГРЕШАМ, ТОА Е НИВНИОТ СТАВ ДЕКА: ’НЕ ПОСТОЕЛ ПРЕД 1945, ДЕКА БИЛ ЕДЕН ОД НИВНИТЕ ДИЈАЛЕКТИ’. ОД НАША СТРАНА – СЕ УШТЕ НЕ Е ДЕФИНИРАНО. АКО СЕ ОДИ ПО ПОРТУГАЛСКИОТ ПРЕДЛОГ ЌЕ ТРЕБА ДА БИДЕ:  ’МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ОФИЦИЈАЛНИОТ ЈАЗИК НА РС МАКЕДОНИЈА КОЈШТО Е… СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Е КОДИФИЦИРАН ВО 1945 ГОДИНА КАКО СЕКУНДАРНА КОДИФИКАЦИЈА, НЕ КАКО ПРИМАРНА (Телма ТВ, 2 јули 2022 година).
Очигледно, Османи за македонскиот јазик користи идентична формулација каква што е содржана во бугарската Декларација-„…современиот македонски јазик е кодифициран во 1945 година како секундарна кодификација, не како примарна“. Дали ова значи дека министерот Османи и Владата прифатиле дека македонскиот јазик е произлезен од бугарскиот, а не дека произлегува од словенската група јазици!?, прашува „Пресинг ТВ“.

The post Османи прифатил дека македонскиот јазик произлегол од бугарскиот? appeared first on Република.

]]>
Арсовска: За четири месеци решивме три пати повеќе предмети за АСНОМ отколку претходното раководство во три години https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-za-chetiri-meseci-reshivme-tri-pati-povekje-predmeti-za-asnom-otkolku-prethodnoto-rakovodstvo-vo-tri-godini/ Sat, 02 Apr 2022 07:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=482205

За само четири месеци успеавме да решиме скоро три пати повеќе предмети за АСНОМ, отколку претходното раководство за три години. Со разговор со граѓаните на терен, без наметнување, со тоа што тие самите ќе бидат согласни и знаат што е во нивен интерес. Само за АСНОМ има над 270 севкупни предмети. Само триесетина биле решени за три години, а сега во четири месеци се решени над 80 предмети, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Арсовска во вечерашното гостување во емисијата Дебата на телевизија Шења истакна дека се што е во интерес на граѓаните ќе продолжи да се спроведува, а Град Скопје активно работи на решавање на спорните предмети, каде се туркале проекти без притоа граѓаните да бидат соодветно обештетени.

Проблемот е во тоа што претходно некој непосредно пред избори или сред избори отпочнувал постапки за што и самиот бил свесен дека ги доведува во ситуација да бидат заглавени. За мене како човек, а сега и како градоначалник е недозволиво на некого да му ја срушите куќата, без притоа да имате соодветен договор и обештетување за тие граѓани. Законот за експропријација постои за да биде заштитен јавниот интерес, но без да бидат обештетени луѓето да се тераат процеси, не е хумано, изјави Арсовска.

Таа додаде дека Град Скопје работи на исправки на проектите истите да бидат реални и остварливи за доброто на граѓаните, истакнувајќи дека сегашните активности се само доказ дека нешто може да се направи за кратко време само доколку се работи посветено во интерес на градот и граѓаните.

The post Арсовска: За четири месеци решивме три пати повеќе предмети за АСНОМ отколку претходното раководство во три години appeared first on Република.

]]>

За само четири месеци успеавме да решиме скоро три пати повеќе предмети за АСНОМ, отколку претходното раководство за три години. Со разговор со граѓаните на терен, без наметнување, со тоа што тие самите ќе бидат согласни и знаат што е во нивен интерес. Само за АСНОМ има над 270 севкупни предмети. Само триесетина биле решени за три години, а сега во четири месеци се решени над 80 предмети, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Арсовска во вечерашното гостување во емисијата Дебата на телевизија Шења истакна дека се што е во интерес на граѓаните ќе продолжи да се спроведува, а Град Скопје активно работи на решавање на спорните предмети, каде се туркале проекти без притоа граѓаните да бидат соодветно обештетени.
Проблемот е во тоа што претходно некој непосредно пред избори или сред избори отпочнувал постапки за што и самиот бил свесен дека ги доведува во ситуација да бидат заглавени. За мене како човек, а сега и како градоначалник е недозволиво на некого да му ја срушите куќата, без притоа да имате соодветен договор и обештетување за тие граѓани. Законот за експропријација постои за да биде заштитен јавниот интерес, но без да бидат обештетени луѓето да се тераат процеси, не е хумано, изјави Арсовска.
Таа додаде дека Град Скопје работи на исправки на проектите истите да бидат реални и остварливи за доброто на граѓаните, истакнувајќи дека сегашните активности се само доказ дека нешто може да се направи за кратко време само доколку се работи посветено во интерес на градот и граѓаните.  

The post Арсовска: За четири месеци решивме три пати повеќе предмети за АСНОМ отколку претходното раководство во три години appeared first on Република.

]]>
Арсовска: За четири месеци се решени повеќе од двојно спорни предмети за АСНОМ во споредба со претходното раководство за три години https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-za-chetiri-meseci-se-resheni-povekje-od-dvojno-sporni-predmeti-za-asnom-vo-sporedba-so-prethodnoto-rakovodstvo-za-tri-godini/ Fri, 25 Mar 2022 12:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=478377

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес на прес конференција за мостот АСНОМ сподели со јавноста кои се спорните предмети коишто треба да се решат за проектот да може во целост да се реализира, односно посочи дека несоодветното планирање на сите фази на проектот се главната причина за моменталните состојби за кои сега активно се изнаоѓаат решенија за нивно надминување.

Арсовска потенцираше дека тоа е суштината на сите проекти што останаа започнати од претходното раководство, каде е утврдено дека од самиот почеток планиранo е само делумно една фаза од проектот, или еден дел и тука е застанато. Нема еден проект што е оставен без проблеми, односно овие проекти се започнати на брзина без соодветно планирање.

Оние кои опструираат и пласираат неточни информации дека проекти се стопирани и од ова место ќе ги демантитрами ќе повторам уште еднаш како многу пати досега дека ниту еден проект што е добар за скопјани и кој е започнат во нивен интерес нема да биде прекинат.Овој проект е од исклучително значење на граѓаните од Аеродром и Гази Баба и ќе се спроведе до крај, иако тука и самите гледате дека тој што го почнал ни самиот немал однапред соодветно планирано како ќе го заврши затоа што од почеток воопшто не се испланирани соодветно сите фази - изјави градоначалничката Арсовска на денешната прес конференција.

Арсовска истакна дека најголемиот проблем во овој проект се ескпропријациите.

Од 2018 година кога е започнат проектот имало 139 парцели и 136 објекти што треба да се решат или вкупно 275 постапки за експропријација. За три години успеале да решат 31 предмет, a за 8 влегле во постапка на споре. Ние само за четири месеци решивме 82 предмети - додаде градоначалничката Арсовска.

Досега на делот на мостот од ноември до денеска спроведени се градежни активности за асфалтирање на мостот и на дел од улицата, дозатегнување на кабли за преднапрегање на мостот, поставување на осветлување и канделабри, поставување на ограда на мостот и тоа заштитна ограда и еластична ограда, се реши проблемот со регулација на речното корито, се поставија дилатации на мостот, се извршија испитувања за статички и динамички влијанија на мостот, се обложија столбовите со гранитни плочи и од страната на Керамидница се завршени земјени работи, насипување и горен строј. Сите активности поврзани со овој дел на мостот се завршуваат до 10 април годинава точно според предвидената динамика.

Во делот кај Ист Гејт од ноември месец наваму е извршено поврзување на водоводната мрежа, поврзување на крак 1 и крак 2 од атмосферската мрежа, комплетно е изработен северниот коловоз заедно со пешачката и велосипедската патека освен во делот на затекнати неразрешени имотно правни односи, изработени се сите основни елементи за новото осветлување на булеварот и со изведбата на булеварот овозможено е на кабелските оператори и ЕВН да извршат реконструкција и поставување на инсталации - истакна Арсовска.

Тендерирање на последна фаза во делот кај Ќерамидница, ќе се спроведе кон крајот на оваа година. Финалното завршување на бул. АСНОМ со сите три фази се очекува откако ќе ги решиме сите затекнати проблеми, и истиот да биде пуштен во во употреба во втората половина на следната година.

The post Арсовска: За четири месеци се решени повеќе од двојно спорни предмети за АСНОМ во споредба со претходното раководство за три години appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес на прес конференција за мостот АСНОМ сподели со јавноста кои се спорните предмети коишто треба да се решат за проектот да може во целост да се реализира, односно посочи дека несоодветното планирање на сите фази на проектот се главната причина за моменталните состојби за кои сега активно се изнаоѓаат решенија за нивно надминување. Арсовска потенцираше дека тоа е суштината на сите проекти што останаа започнати од претходното раководство, каде е утврдено дека од самиот почеток планиранo е само делумно една фаза од проектот, или еден дел и тука е застанато. Нема еден проект што е оставен без проблеми, односно овие проекти се започнати на брзина без соодветно планирање.