асистенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asistenti/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 14:43:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png асистенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asistenti/ 32 32 Лицата со попреченост и личните асистенти во сабота на протест -со месеци оставени без пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/litsata-so-poprechenost-i-lichnite-asistenti-vo-sabota-na-protest-so-mesetsi-ostaveni-bez-pari/ Mon, 30 Sep 2024 14:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=821116

Личните асистенти со месеци оставени без пари. На луѓето кои се грижат за лицата со попреченост и старите и изнемоштени граѓани во Скопје и уште неколку градови во државата не им се исплатени надоместоци за од јуни наваму. Иако добиле ветување од министерството за социјална политика дека проблемот ќе биде надминат до петок, на нивните сметки сѐ уште не се префрлени средства. Затоа од Коалицијата “Менуваме” која ги застапува овие лица им дадоа рок на надлежните до среда да ги исплатат парите, во спротивно во сабота ќе протестираат пред Владата.

- Бараме до среда парите да бидат исплатени до провајдерот, ние најавуваме и протест во сабота напладне од собрание до Влада, изјави Суарет Алишан, Коалиција “Менуваме”.

Во државата има 700 -тини лични асистенти кои се грижат за околу 1400 -тини лица со попреченост и останати ранливи категории. Поминуваат по 4 часа во денот со нив и им помагаат во остварување на нивните потреби. За ова од државата добиваат по околу 17.000 денари месечно. Тие имаат поминато соодветни едукации и обуки, а се ангажирани преку Црвениот Крст кој е провајдер во проектот.

- Веруваме во разрешување не би рекла на проблемот туку моментална ситуација. На тие лица во чии домови секој ден влегуваат им се единствената подадена рака и се надеваме дека состојбата ќе биде надмината и ќе продолжиме со давањето на услугата, изјави Александра Волкановска, стручен соработник во Црвен Крст на Град Скопје.

Од министерството за социјална политика, демографија и млади и денеска одговорија дека проблемот е надминат, а парите на личните асистенти ќе им бидат исплатени во текот на неделата.

The post Лицата со попреченост и личните асистенти во сабота на протест -со месеци оставени без пари appeared first on Република.

]]>

Јавен повик до кавадарчани кои сакаат да бидат лични асистенти на средношколци со попреченост https://arhiva3.republika.mk/zivot/javen-povik-do-kavadarchani-koi-sakaat-da-bidat-lichni-asistenti-na-srednoshkoltsi-so-poprechenost/ Fri, 09 Aug 2024 16:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=805038

Јавен повик до кавадарчани кои сакаат да бидат лични асистенти на средношколци со попреченост, е објавен денеска на веб-страницата на Општина Кавадарци.

- Повикот се објавува врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ и договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кавадарци, во рамките на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Македонија, програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, пишува во него.

Може да се пријават евидентирани невработени лица за вклучување во проектот „Креирање можности за работа за сите“, со скратено работно време од  девет месеци, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува, ќе бидат вклучени во програмата при што три месеци ќе добијат задолжителна обука и шест  месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува девет месеци, во кои влегува обуката и работниот ангажман.

- Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со дваесет работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од три месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаени од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата што треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од девет месеци, статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош, за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право, се вели во повикот.

Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои прв пат се јавуваат за учество во програмата.

- За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата Општинско-корисна работа, се предвидува паричен надоместок во висина од по 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување, причинето со повреда на работа и професионална болест, пишува во повикот.

The post Јавен повик до кавадарчани кои сакаат да бидат лични асистенти на средношколци со попреченост appeared first on Република.

]]>

Јавен повик до кавадарчани кои сакаат да бидат лични асистенти на средношколци со попреченост, е објавен денеска на веб-страницата на Општина Кавадарци.
- Повикот се објавува врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ и договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кавадарци, во рамките на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Македонија, програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, пишува во него.
Може да се пријават евидентирани невработени лица за вклучување во проектот „Креирање можности за работа за сите“, со скратено работно време од  девет месеци, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува, ќе бидат вклучени во програмата при што три месеци ќе добијат задолжителна обука и шест  месеци работно ангажирање. Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува девет месеци, во кои влегува обуката и работниот ангажман.
- Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со дваесет работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од три месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаени од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата што треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од девет месеци, статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош, за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право, се вели во повикот.
Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои прв пат се јавуваат за учество во програмата.
- За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата Општинско-корисна работа, се предвидува паричен надоместок во висина од по 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување, причинето со повреда на работа и професионална болест, пишува во повикот.

The post Јавен повик до кавадарчани кои сакаат да бидат лични асистенти на средношколци со попреченост appeared first on Република.

]]>
Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-tsentar-raspisha-javen-povik-za-angazhirane-na-lichni-asistenti-vo-proektot-obrazovanie-za-site/ Fri, 03 Feb 2023 09:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=604209

Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2022/2023 година.

Имено, повторниот Јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на претходниот циклус, а зголемен број на учесници со посебни образовни потреби кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата.

Заинтересираните лица кои ќе бидат вклучени во Проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, во период од 4 (четири) месеци, почнувајќи од 15 февруари 2023 година до крајот на учебната 2022/2023 година.

Работните позиции препишани во овој Јавен повик се однесуваат на ангажирање на:

– Лични асистенти со минимум завршено средно образование од било која област, кои имаат претходно искуство во работа со лица со попречености со преднос на кандидатите кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија);

кандидати кои имаат завршено образование од областа од одделенска или предметна настава, педагогија, дефектологија, психологија и социјална работа;

кандидати кои имаат претходно искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти; како и кандидати кои поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попречености издадена од овластена инситуција.

Општина Центар напоменува дека заинтересираните лица кои ќе се пријават за учество во Проектот „Образование за сите“, треба да припаѓаат на една од следните целни групи: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот.

Барањата за учество во Проектот „Образование за сите“ можат да се поднесат во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака 6, а на следниот линк https://www.centar.gov.mk/?p=16446 може да се прочита за потребните документи.

Јавниот оглас ќе трае 5 работни дена од денот на објавување на истиот.

The post Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ appeared first on Република.

]]>

Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2022/2023 година. Имено, повторниот Јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на претходниот циклус, а зголемен број на учесници со посебни образовни потреби кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата. Заинтересираните лица кои ќе бидат вклучени во Проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, во период од 4 (четири) месеци, почнувајќи од 15 февруари 2023 година до крајот на учебната 2022/2023 година. Работните позиции препишани во овој Јавен повик се однесуваат на ангажирање на: – Лични асистенти со минимум завршено средно образование од било која област, кои имаат претходно искуство во работа со лица со попречености со преднос на кандидатите кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија); кандидати кои имаат завршено образование од областа од одделенска или предметна настава, педагогија, дефектологија, психологија и социјална работа; кандидати кои имаат претходно искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти; како и кандидати кои поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попречености издадена од овластена инситуција. Општина Центар напоменува дека заинтересираните лица кои ќе се пријават за учество во Проектот „Образование за сите“, треба да припаѓаат на една од следните целни групи: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот. Барањата за учество во Проектот „Образование за сите“ можат да се поднесат во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака 6, а на следниот линк https://www.centar.gov.mk/?p=16446 може да се прочита за потребните документи. Јавниот оглас ќе трае 5 работни дена од денот на објавување на истиот.  

The post Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ appeared first on Република.

]]>
Почнува трет месец настава, а децата со посебни потреби се уште се без асистенти за следење на наставата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-tret-mesec-nastava-a-decata-so-posebni-potrebi-se-ushte-se-bez-asistenti-za-sledenje-na-nastavata/ Fri, 28 Oct 2022 18:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=566966

Би сакал да споделам еден апел, не апел, крик на родителите на деца со посебни потреби.
Покрај проблемите со кои секојдневно се соочуваат како непристапноста на просторот за децата со посебни потреби, општествената стигматизација постои и проблем кој лесно се решава, институциите се нафатија да го решат и како сѐ кај нас само направија полошо. Во владината политика за инклузија на децата со посебни потреби имаше дел кој требаше да се реализира од септември - децата со посебни потреби да добијат асистенти кои им се потребни за да ја следат наставата, асистенти кои уште не проработеле. Наставата се одвива, почнува трет месец, родителите се снаоѓаат како знаат и умеат, некои можат да платат асистент, но поголем дел се радуваа на ова решение од владата.
Покрај што ги нема асистентите и на прашањата на родителите враќаат грубо и со закани. Нема да спомнам имиња, се надевам дека сите надлежни не се исти и некои имаат разбирање за родителите и ветеното за нив и нивните деца.
Сите деца заслужуваат да растат среќно, пишува на Фејсбук, Божидар Божиновски.

The post Почнува трет месец настава, а децата со посебни потреби се уште се без асистенти за следење на наставата appeared first on Република.

]]>

Би сакал да споделам еден апел, не апел, крик на родителите на деца со посебни потреби. Покрај проблемите со кои секојдневно се соочуваат како непристапноста на просторот за децата со посебни потреби, општествената стигматизација постои и проблем кој лесно се решава, институциите се нафатија да го решат и како сѐ кај нас само направија полошо. Во владината политика за инклузија на децата со посебни потреби имаше дел кој требаше да се реализира од септември - децата со посебни потреби да добијат асистенти кои им се потребни за да ја следат наставата, асистенти кои уште не проработеле. Наставата се одвива, почнува трет месец, родителите се снаоѓаат како знаат и умеат, некои можат да платат асистент, но поголем дел се радуваа на ова решение од владата. Покрај што ги нема асистентите и на прашањата на родителите враќаат грубо и со закани. Нема да спомнам имиња, се надевам дека сите надлежни не се исти и некои имаат разбирање за родителите и ветеното за нив и нивните деца. Сите деца заслужуваат да растат среќно, пишува на Фејсбук, Божидар Божиновски.

The post Почнува трет месец настава, а децата со посебни потреби се уште се без асистенти за следење на наставата appeared first on Република.

]]>
МОН: Во нова учебна година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-vo-nova-uchebna-godina-kje-bidat-angazirani-720-obrazovni-asistenti-vo-osnovnite-uchilishta/ Wed, 24 Aug 2022 14:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=543719

Во претстојната учебна 2022/2023 година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта, што е 220 повеќе од минатата учебна година. Одлуката ја донесе Владата имајќи ги предвид искажаните потреби на родителите на учениците со попреченост, соопшти Министерството за образование и наука.

Зголемувањето на бројот на образовни асистенти од 500 на 720 во споредба со учебната 2021/2022 година е показател дека МОН и Владата работат на подигнување на степенот на инклузивност во наставата и дополнително зголемување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во училиштата, вклучувајќи ги и подрачните училишта во руралните средини, велат од МОН.

Ангажирањето образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта втора година по ред, повеќе не е грижа и трошок за семејствата на учениците со попреченост, туку обврска на државата, потенцираат од МОН

Асистентите остануваат фокусирани на обезбедување квалитетно образование на ученикот преку соработка со наставниците и родителите, со стручните работници и инклузивниот тим кој се грижи за ученикот, а истовремено ја поттикнуваат соработката меѓу децата и заедницата, се наведува во соопштенето.

The post МОН: Во нова учебна година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта appeared first on Република.

МОН: Образовни асистенти во основните училишта ќе има 220 повеќе од минатата учебна година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-obrazovni-asistenti-vo-osnovnite-uchilishta-kje-ima-220-povekje-od-minatata-uchebna-godina/ Wed, 24 Aug 2022 12:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=543668

Во претстојната учебна 2022/2023 година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта, што е 220 повеќе од минатата учебна година. Одлуката ја донесе Владата имајќи ги предвид искажаните потреби на родителите на учениците со попреченост, соопшти Министерството за образование и наука.

Зголемувањето на бројот на образовни асистенти од 500 на 720 во споредба со учебната 2021/2022 година е показател дека МОН и Владата работат на подигнување на степенот на инклузивност во наставата и дополнително зголемување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во училиштата, вклучувајќи ги и подрачните училишта во руралните средини, наведува МОН.

Ангажирањето образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта втора година по ред, додава МОН, повеќе не е грижа и трошок за семејствата на учениците со попреченост, туку обврска на државата.

Асистентите остануваат фокусирани на обезбедување квалитетно образование на ученикот преку соработка со наставниците и родителите, со стручните работници и инклузивниот тим кој се грижи за ученикот, а истовремено ја поттикнуваат соработката меѓу децата и заедницата, соопшти МОН.

The post МОН: Образовни асистенти во основните училишта ќе има 220 повеќе од минатата учебна година appeared first on Република.

]]>

Во претстојната учебна 2022/2023 година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта, што е 220 повеќе од минатата учебна година. Одлуката ја донесе Владата имајќи ги предвид искажаните потреби на родителите на учениците со попреченост, соопшти Министерството за образование и наука. Зголемувањето на бројот на образовни асистенти од 500 на 720 во споредба со учебната 2021/2022 година е показател дека МОН и Владата работат на подигнување на степенот на инклузивност во наставата и дополнително зголемување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во училиштата, вклучувајќи ги и подрачните училишта во руралните средини, наведува МОН. Ангажирањето образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта втора година по ред, додава МОН, повеќе не е грижа и трошок за семејствата на учениците со попреченост, туку обврска на државата. Асистентите остануваат фокусирани на обезбедување квалитетно образование на ученикот преку соработка со наставниците и родителите, со стручните работници и инклузивниот тим кој се грижи за ученикот, а истовремено ја поттикнуваат соработката меѓу децата и заедницата, соопшти МОН.

The post МОН: Образовни асистенти во основните училишта ќе има 220 повеќе од минатата учебна година appeared first on Република.

]]>