асфалтирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asfaltiranje/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Jun 2023 06:52:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png асфалтирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asfaltiranje/ 32 32 Поради асфалтирање забрана за сообраќај низ Националниот парк „Јасен“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/poradi-asfaltirane-zabrana-za-soobrakaj-niz-natsionalniot-park-jasen/ Fri, 30 Jun 2023 06:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=656697

Поради асфалтирање на патниот правец Брезница – Македонски Брод Р-1106 низ НП Јасен, денеска се забранува секаков вид сообраќај во период меѓу 08:00 и 15:00 часот. По завршување на работите сообраќајот ќе се одвива според стандардните термини, соопшти АМСМ.

Од 3 јули 2023 ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга - Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 - асфалтирање кај с. Луково) каде што ќе има целосно затворање на сообраќајот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 08.07.2023.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Поради асфалтирање забрана за сообраќај низ Националниот парк „Јасен“ appeared first on Република.

]]>

Поради асфалтирање на патниот правец Брезница – Македонски Брод Р-1106 низ НП Јасен, денеска се забранува секаков вид сообраќај во период меѓу 08:00 и 15:00 часот. По завршување на работите сообраќајот ќе се одвива според стандардните термини, соопшти АМСМ. Од 3 јули 2023 ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга - Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 - асфалтирање кај с. Луково) каде што ќе има целосно затворање на сообраќајот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 08.07.2023. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Поради асфалтирање забрана за сообраќај низ Националниот парк „Јасен“ appeared first on Република.

]]>
Денеска затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-zatvoren-za-soobrakaj-patot-veles-gradsko-poradi-asfaltirane/ Sat, 03 Jun 2023 09:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=647343

Делницата Велес – Градско на регионалниот пат 1102 денеска ќе биде целосно затворена за сообраќај поради изведување градежни активности, односно асфалтирање.

Како што соопшти АМСМ, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот од 08 до 16 часот.

The post Денеска затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање appeared first on Република.

]]>

Делницата Велес – Градско на регионалниот пат 1102 денеска ќе биде целосно затворена за сообраќај поради изведување градежни активности, односно асфалтирање. Како што соопшти АМСМ, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот од 08 до 16 часот.

The post Денеска затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање appeared first on Република.

]]>
Поради асфалтирање привремено затворен за сообраќај патот Ногаевци – Виничани од делницата Велес – Градско https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/poradi-asfaltirane-privremeno-zatvoren-za-soobrakaj-patot-nogaevtsi-vinichani-od-delnitsata-veles-gradsko/ Wed, 15 Mar 2023 08:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=619774

Поради вградување на асфалтен слој, од денеска до 18 март, во периодот од 08:00 – 16:00 часот, ќе биде затворена за сообраќај Делница 4, односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани, на регионалниот пат Велес - Градско.

Како што соопшти АМСМ, денеска завршува и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Поради асфалтирање привремено затворен за сообраќај патот Ногаевци – Виничани од делницата Велес – Градско appeared first on Република.

]]>

Поради вградување на асфалтен слој, од денеска до 18 март, во периодот од 08:00 – 16:00 часот, ќе биде затворена за сообраќај Делница 4, односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани, на регионалниот пат Велес - Градско. Како што соопшти АМСМ, денеска завршува и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Поради асфалтирање привремено затворен за сообраќај патот Ногаевци – Виничани од делницата Велес – Градско appeared first on Република.

]]>
Ќе било моментно решение: Град Скопје го асфалтира и кејот на Вардар кај Влае https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kje-bilo-momentno-reshenie-grad-skopje-go-asfaltira-i-kejot-na-vardar-kaj-vlae/ Mon, 01 Aug 2022 17:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=535858

Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ асфалтирале дел од патеката на кејот на вардар кај мостот Обединети нации. Како што објави порталот СДК.мк, од „Улици и патишта“, на прашањето зошто на кејот е ставен асфалт наместо коцки или друг материјал соодветен за шеталиште покрај река, изјавиле дека „само на таков материјал можеле граѓаните да возат велосипеди и ролери“.

Град Скопје претходно објави дека „како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, а санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имало оштетени бехатон плочи, саниран е дел од површината на пешачката патека на мостот ‘Обединети Нации‘, санирани се скалилата кај мостот ‘Обединети Нации‘, како и на оградата на мостот“.

https://republika.mk/vesti/skopje/kejot-na-vardar-e-tip-top/

The post Ќе било моментно решение: Град Скопје го асфалтира и кејот на Вардар кај Влае appeared first on Република.

]]>

Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ асфалтирале дел од патеката на кејот на вардар кај мостот Обединети нации. Како што објави порталот СДК.мк, од „Улици и патишта“, на прашањето зошто на кејот е ставен асфалт наместо коцки или друг материјал соодветен за шеталиште покрај река, изјавиле дека „само на таков материјал можеле граѓаните да возат велосипеди и ролери“. Град Скопје претходно објави дека „како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, а санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имало оштетени бехатон плочи, саниран е дел од површината на пешачката патека на мостот ‘Обединети Нации‘, санирани се скалилата кај мостот ‘Обединети Нации‘, како и на оградата на мостот“. https://republika.mk/vesti/skopje/kejot-na-vardar-e-tip-top/

The post Ќе било моментно решение: Град Скопје го асфалтира и кејот на Вардар кај Влае appeared first on Република.

]]>
Шанса за Центар: Градот ќе стане жежок топлотен остров, а улиците реки ако се покрие целосно со асфалт https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-centar-gradot-kje-stane-zezok-toploten-ostrov-a-ulicite-reki-ako-se-pokrie-celosno-so-asfalt/ Mon, 01 Aug 2022 17:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=535853

Градот не може и не смее да се покрие целосно со асфалт, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ откако градоначалничката Данела Арсовска по Градскиот парк викендов асфалтираше патека и на кејот на реката Вардар. Од „Шанса за Центар“ велат ако се продолжи со покривање на целиот град со асфалт и бетон, Скопје ќе стане голем жежок топлотен остров во кој условите за живот ќе бидат уште полоши од сегашните.

„Сите анализи кои ги направи самиот Град Скопје во соработка со меѓународни организации во рамки на проектот ‘Отпорно Скопје‘ укажуваат дека досегашната прекумерна и непланска замена на природните и зелените површини со бетон и асфалт создаде локации во градот на кои температурата достигнува и до над 60 целзиусови степени во лето. Дополнително, научно е докажано дека овие материјали не пропуштаат вода со што се намалува пропусноста на почвата, се намалуваат подземните води, а градските улици се претвораат во површини на кои водата се собира и тече како по корита на реки со што се зголемува опасноста од поплавување“, велат од „Шанса за Центар“.

Затоа од граѓанската иницијатива сметаат дека е недозволиво од страна на Градот да се асфалтираат пешачки патеки во Градски парк, ниту да се става асфалт на површини покрај реката Вардар кои и досега беа уредени со камен и калдрма што пак овозможува водата да не се задржува на патеката туку да се впива во земјата. Покривањето на патеките во паркот со тартан ги прави овие површини уште понепропустливи.

„Уништувањето на парковите е спротивно на зелената агенда на Европската Унија и климатските цели на Обединетите нации и спротивно на сите стручни проекции за тоа како треба да се подготвиме за нашите градови да бидат поотпорни на претстојните климатски промени“, додаваат од „Шанса за Центар“.

За асфалтирањето на паркот реагираа и граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ и МАРХ и побараа Арсовска да престане со активностите за бетонирањето на Градски парк.

The post Шанса за Центар: Градот ќе стане жежок топлотен остров, а улиците реки ако се покрие целосно со асфалт appeared first on Република.

МАРХ: Не секоја патека во парковите треба да е асфалтирана, поплочена и погодна за ‘ролери’ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/marh-ne-sekoja-pateka-vo-parkovite-treba-da-e-asfaltirana-poplochena-i-pogodna-za-roleri/ Wed, 27 Jul 2022 18:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=533984

Од платформата за македонска архитектура „МАРХ“, упатија реакција по повод асфалтирањето на пешачките патеки околу  малиот лавиринт во првиот дел од паркот, за кое од Град Скопје велат дека е дел од тековна реконструкција на Градскиот парк.

Од МАРХ посочуваат дека зачудува неразбирањето на дизајнот на овој простор од надлежните.

Патека од песок не е незавршен проект, туку наменски дизајн. Доколку е деградирана треба да се постави нов слој на песок. Не секоја патека во парковите треба да е асфалтирана, поплочена и погодна за ‘ролери’. Истото можете да го сретнете во секој поголем стар парк низ светот, Версајските градини, Паркот Луксембург во Париз, Централ Парк во Њујорк, потоа хортикултурното уредување на сите дворци и палати – буквално насекаде“, пишуваат од МАРХ.

Од Град Скопје известија дека екипите на ЈП Улици и патишта, изминатите денови  започнале активности за реконструкција на патеките во близина на малиот лавиринт во првиот дел од паркот и дополнително уредување на зеленилото.

https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-gi-asfaltira-patekite-vo-park-aktivistite-velat-zaprete/

Градоначалничката Данела Арсовска, во своја писмена изјава посочи дека реконструкцијата на пешачките патеки ќе продолжи, а предвидено е да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк.

The post МАРХ: Не секоја патека во парковите треба да е асфалтирана, поплочена и погодна за ‘ролери’ appeared first on Република.

]]>

Од платформата за македонска архитектура „МАРХ“, упатија реакција по повод асфалтирањето на пешачките патеки околу  малиот лавиринт во првиот дел од паркот, за кое од Град Скопје велат дека е дел од тековна реконструкција на Градскиот парк. Од МАРХ посочуваат дека зачудува неразбирањето на дизајнот на овој простор од надлежните.
Патека од песок не е незавршен проект, туку наменски дизајн. Доколку е деградирана треба да се постави нов слој на песок. Не секоја патека во парковите треба да е асфалтирана, поплочена и погодна за ‘ролери’. Истото можете да го сретнете во секој поголем стар парк низ светот, Версајските градини, Паркот Луксембург во Париз, Централ Парк во Њујорк, потоа хортикултурното уредување на сите дворци и палати – буквално насекаде“, пишуваат од МАРХ.
Од Град Скопје известија дека екипите на ЈП Улици и патишта, изминатите денови  започнале активности за реконструкција на патеките во близина на малиот лавиринт во првиот дел од паркот и дополнително уредување на зеленилото. https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-gi-asfaltira-patekite-vo-park-aktivistite-velat-zaprete/ Градоначалничката Данела Арсовска, во своја писмена изјава посочи дека реконструкцијата на пешачките патеки ќе продолжи, а предвидено е да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк.

The post МАРХ: Не секоја патека во парковите треба да е асфалтирана, поплочена и погодна за ‘ролери’ appeared first on Република.

]]>
Арсовска ги асфалтира патеките во парк, активистите велат: Запрете! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-gi-asfaltira-patekite-vo-park-aktivistite-velat-zaprete/ Wed, 27 Jul 2022 17:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=533961

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов денеска извршија увид во почетокот на реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк.

Во успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри, продолжуваме со реконструирање на сите останати пешачки површини во Градскиот парк. Со реконструкцијата во оваа фаза е предвидено да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк. Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса, истакна Арсовска.

Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, во текот на изминатите денови веќе ги започнаа активностите за реконструкција на патеките во близина на малиот лавиринт во првиот дел од паркот и дополнително уредување на зеленилото.

Во активностите во оваа фаза на реконструкција на патеките во првиот дел од Градскиот парк ЈП Улици и патишта во изминативе денови веќе започнаа со целосна реконструкција на пешачките патеки со ризла, потоа следи фаза на реконструкција на оштетените асфалтни патеки и санација на истите кои ќе бидат обновени со нова асфалтна маса, посочи директорот Настов.

Реконструкцијата на пешачките патеки, обнова за зеленилото, поставување на нови садови за отпадоци, нова урбана опрема и санација на постоечката урбана опрема, како и реконструирање на плочници и тековно одржување на парковата опрема е дел од активностите кои Градот Скопје ги презема за обновување на Градскиот парк во корист на сите генерации, велт од Градот.

Активстите, пак, не мислат така. Зелен хуман град по објавувањето на веста дека се асфалтираат патеки во Градски парк испрати официјален допис до Град Скопје и до ЈП „Улици и патишта“ – Скопје со барање веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што ги изработува локалната самоуправа.

Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 г. се вели „Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади.“ „Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°C. Ваквите загреани површини ја пренесуваат топлина во воздухот над нив со тоа значајно придонесуваат за создавањето на топлински острови. […] Улиците, плочниците, паркинзите, тротоарите и другите површини може да се конструираат со користење на пропустливи/проодни материјали за поплочување, и со тоа да се помогне да се излади околината, истовремено намалувајќи го истекувањето на атмосферските води.“, е наведено во студијата за Урбани топлински острови во Скопје од 2018 г.

Ако земеме предвид дека според картата на урбани топлински острови, централното подрачје на Скопје се издвојува како најтопло место во кое се забележани највисоки среднодневни температури, тогаш е сосема јасно дека сите напори и активности на Градот мора да се насочени кон намалување на температурите, а тоа секако не се постигнува со нанесување црн асфалт кога постојат далеку поадекватни алтернативи. Темните површини многу повеќе се загреваат од светлите, а со тоа и ослободуваат поголема топлина (а со тоа и емисии) во воздухот. Според јавно достапните научни податоци, црниот асфалт под директна сончева светлина ослбодува и до 300% повеќе емисии! Бекатон плочките и тревнатите плочници се веќе во широка употреба кај нас доколку чакалот не е алтернатива за одредени категории од нашите сограѓани. Не бараме решенија кои не постојат или се прескапи. Бараме решенија со кои ќе се одговори и на потребите на скопјани, но и ќе се гарантира заштита на природата, односно одржливо ќе се управува со едно од ретките зелени прибежишта во Скопје“, велат од „Зелен хуман град“

The post Арсовска ги асфалтира патеките во парк, активистите велат: Запрете! appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов денеска извршија увид во почетокот на реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк.
Во успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри, продолжуваме со реконструирање на сите останати пешачки површини во Градскиот парк. Со реконструкцијата во оваа фаза е предвидено да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк. Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса, истакна Арсовска.
Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, во текот на изминатите денови веќе ги започнаа активностите за реконструкција на патеките во близина на малиот лавиринт во првиот дел од паркот и дополнително уредување на зеленилото.
Во активностите во оваа фаза на реконструкција на патеките во првиот дел од Градскиот парк ЈП Улици и патишта во изминативе денови веќе започнаа со целосна реконструкција на пешачките патеки со ризла, потоа следи фаза на реконструкција на оштетените асфалтни патеки и санација на истите кои ќе бидат обновени со нова асфалтна маса, посочи директорот Настов.
Реконструкцијата на пешачките патеки, обнова за зеленилото, поставување на нови садови за отпадоци, нова урбана опрема и санација на постоечката урбана опрема, како и реконструирање на плочници и тековно одржување на парковата опрема е дел од активностите кои Градот Скопје ги презема за обновување на Градскиот парк во корист на сите генерации, велт од Градот. Активстите, пак, не мислат така. Зелен хуман град по објавувањето на веста дека се асфалтираат патеки во Градски парк испрати официјален допис до Град Скопје и до ЈП „Улици и патишта“ – Скопје со барање веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што ги изработува локалната самоуправа.
Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 г. се вели „Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади.“ „Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°C. Ваквите загреани површини ја пренесуваат топлина во воздухот над нив со тоа значајно придонесуваат за создавањето на топлински острови. […] Улиците, плочниците, паркинзите, тротоарите и другите површини може да се конструираат со користење на пропустливи/проодни материјали за поплочување, и со тоа да се помогне да се излади околината, истовремено намалувајќи го истекувањето на атмосферските води.“, е наведено во студијата за Урбани топлински острови во Скопје од 2018 г. Ако земеме предвид дека според картата на урбани топлински острови, централното подрачје на Скопје се издвојува како најтопло место во кое се забележани највисоки среднодневни температури, тогаш е сосема јасно дека сите напори и активности на Градот мора да се насочени кон намалување на температурите, а тоа секако не се постигнува со нанесување црн асфалт кога постојат далеку поадекватни алтернативи. Темните површини многу повеќе се загреваат од светлите, а со тоа и ослободуваат поголема топлина (а со тоа и емисии) во воздухот. Според јавно достапните научни податоци, црниот асфалт под директна сончева светлина ослбодува и до 300% повеќе емисии! Бекатон плочките и тревнатите плочници се веќе во широка употреба кај нас доколку чакалот не е алтернатива за одредени категории од нашите сограѓани. Не бараме решенија кои не постојат или се прескапи. Бараме решенија со кои ќе се одговори и на потребите на скопјани, но и ќе се гарантира заштита на природата, односно одржливо ќе се управува со едно од ретките зелени прибежишта во Скопје“, велат од „Зелен хуман град“

The post Арсовска ги асфалтира патеките во парк, активистите велат: Запрете! appeared first on Република.

]]>
Aсфалтирани патеките на булеварот Видое Смилевски Бато https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/asfaltirani-patekite-na-bulevarot-vidoe-smilevski-bato/ Fri, 18 Mar 2022 11:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=474942

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта - Скопје денес завршуваат со асфалтирањето на велосипедската и пешачка патека на булеварот Видое Смилевски Бато спроти маркетот Жито, во општина Аеродром во насока од булеварот Февруарски Поход кон булевар Србија.

На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти. Во текот на наредните денови ќе биде обележана и хоризонталната сигнализација на патеките и поставена вертикалната сигнализација.

Во средината ќе се уредува зелената површина (средишното зеленило) кое e во надлежност на ЈП Паркови и зеленило Скопје. Во текот на наредниот период на овој потег ќе бидат извршени поврзувања со постоечките патеки.

Со завршувањето на изградбата на патеките се овозможува непречено и безбедно движење на граѓаните во овој дел од градот.

The post Aсфалтирани патеките на булеварот Видое Смилевски Бато appeared first on Република.