асен василев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asen-vasilev/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Dec 2022 18:37:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png асен василев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/asen-vasilev/ 32 32 Радев: Шарлатаните од „Продолжуваме со промената“ ме излажаа прво мене, а потоа и сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-sharlatanite-od-prodolzuvame-so-promenata-me-izlazaa-prvo-mene-a-potoa-i-site/ Mon, 05 Dec 2022 18:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=582307

Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека тој е првиот што бил излажан од „Продолжуваме со промената“, која ја обвини дека ја украла надежта на граѓаните за вистински промени.

Шефот на бугарската држава ги коментираше зборовите на Асен Василев дека тој редовно се среќавал со лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.

Дали редовно се среќавам со господинот Борисов? Секако дека не!, рече Радев и додаде:Ова не е прва лага на Асен Василев. Јас бев првиот што ме излажаа кога им верував на овие луѓе и сега ја плаќам цената за мојата лековерност, рече претседателот на Бугарија.

Беше грешка дури и да ѝ дадеме шанса и да дозволиме таквите луѓе да ни ги украдат надежите за промена. Промената која Бугарите долго ја очекуваа не се случи. За жал, Бугарите добија лага. Ќе ги надживееме тие шарлатани - рече Румен Радев.

The post Радев: Шарлатаните од „Продолжуваме со промената“ ме излажаа прво мене, а потоа и сите appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека тој е првиот што бил излажан од „Продолжуваме со промената“, која ја обвини дека ја украла надежта на граѓаните за вистински промени. Шефот на бугарската држава ги коментираше зборовите на Асен Василев дека тој редовно се среќавал со лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов. Дали редовно се среќавам со господинот Борисов? Секако дека не!, рече Радев и додаде:Ова не е прва лага на Асен Василев. Јас бев првиот што ме излажаа кога им верував на овие луѓе и сега ја плаќам цената за мојата лековерност, рече претседателот на Бугарија.
Беше грешка дури и да ѝ дадеме шанса и да дозволиме таквите луѓе да ни ги украдат надежите за промена. Промената која Бугарите долго ја очекуваа не се случи. За жал, Бугарите добија лага. Ќе ги надживееме тие шарлатани - рече Румен Радев.

The post Радев: Шарлатаните од „Продолжуваме со промената“ ме излажаа прво мене, а потоа и сите appeared first on Република.

]]>
Откако од Македонија побараа да го смениме Уставот, ЕУ и даде на Бугарија 11 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otkako-od-makedonija-pobaraa-da-go-smenime-ustavot-eu-i-dade-na-bugarija-11-milijardi-evra/ Wed, 06 Jul 2022 17:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=524913

„Ја поздравувам денешната одлука на Европската комисија за одобрување финансирање за Бугарија во вредност од 11 милијарди евра. Овие средства се исклучително неопходни за нашата земја да го постигне просечниот европски животен стандард“.

Ова го истакна вицепремиерот за европски фондови и министер за финансии во оставка Асен Василев по повод Договорот за партнерство што денеска го усвои Европската комисија, со кој се дефинира инвестициската стратегија на Бугарија.

Министерот Василев истакна дека за прв пат во договорот 50 отсто од средствата се за проекти во Северна Бугарија. За споредба, во претходниот програмски период (2014-2020) само 27 отсто од средствата беа инвестирани во северните региони на земјата, потсетува БТА.

Фондовите за кохезиона политика имаат за цел да ја промовираат економската, социјалната и територијалната кохезија во бугарските региони и се насочени кон поддршка на најранливите од нив. Средствата ќе и помогнат на Бугарија да ја подобри својата основна инфраструктура, особено во регионите каде што инвестициите во инфраструктурата се недоволни или отсутни. Речиси половина од вкупното финансирање, во износ од 4,2 милијарди евра, ќе се инвестира во северозападниот, североцентралниот и североисточниот регион, вклучително и во форма на кофинансирање за изградба на тунелот Шипка – првиот тунел што ќе минува низ Стара Планина.

The post Откако од Македонија побараа да го смениме Уставот, ЕУ и даде на Бугарија 11 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

„Ја поздравувам денешната одлука на Европската комисија за одобрување финансирање за Бугарија во вредност од 11 милијарди евра. Овие средства се исклучително неопходни за нашата земја да го постигне просечниот европски животен стандард“. Ова го истакна вицепремиерот за европски фондови и министер за финансии во оставка Асен Василев по повод Договорот за партнерство што денеска го усвои Европската комисија, со кој се дефинира инвестициската стратегија на Бугарија. Министерот Василев истакна дека за прв пат во договорот 50 отсто од средствата се за проекти во Северна Бугарија. За споредба, во претходниот програмски период (2014-2020) само 27 отсто од средствата беа инвестирани во северните региони на земјата, потсетува БТА.
Фондовите за кохезиона политика имаат за цел да ја промовираат економската, социјалната и територијалната кохезија во бугарските региони и се насочени кон поддршка на најранливите од нив. Средствата ќе и помогнат на Бугарија да ја подобри својата основна инфраструктура, особено во регионите каде што инвестициите во инфраструктурата се недоволни или отсутни. Речиси половина од вкупното финансирање, во износ од 4,2 милијарди евра, ќе се инвестира во северозападниот, североцентралниот и североисточниот регион, вклучително и во форма на кофинансирање за изградба на тунелот Шипка – првиот тунел што ќе минува низ Стара Планина.

The post Откако од Македонија побараа да го смениме Уставот, ЕУ и даде на Бугарија 11 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Новиот бугарски мандатар: Предлогот веќе не е наш проблем, туку на соседот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/noviot-bugarski-mandatar-predlogot-vekje-ne-e-nash-problem-tuku-na-sosedot/ Sat, 02 Jul 2022 15:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=522688

Новиот бугарски мандатар за формирање на Владата, Асен Василев, од „Продолжуваме со промени“ денеска го доби мандатот и веднаш се осврна и на случувањата во земјава околу францускиот предлог.

Според него, во Скопје има мислење дека на маса имаат пробугарски предлог. Василев нагласи дека Бугарија би требала да биде задоволна што „тој пробугарски предлог не создава проблеми кај нив, туку создава проблеми кај соседите“

Во однос на македонското прашање ние си ја завршивме работата. Колегите од Македонија сметаат дека тоа е пробугарски предлог. Ние сме задоволни од тоа што тој пробугарски предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас“, изјави Асен Василев, Мандатар за составување на Владата на Бугарија.

The post Новиот бугарски мандатар: Предлогот веќе не е наш проблем, туку на соседот appeared first on Република.

]]>

Новиот бугарски мандатар за формирање на Владата, Асен Василев, од „Продолжуваме со промени“ денеска го доби мандатот и веднаш се осврна и на случувањата во земјава околу францускиот предлог. Според него, во Скопје има мислење дека на маса имаат пробугарски предлог. Василев нагласи дека Бугарија би требала да биде задоволна што „тој пробугарски предлог не создава проблеми кај нив, туку создава проблеми кај соседите“
Во однос на македонското прашање ние си ја завршивме работата. Колегите од Македонија сметаат дека тоа е пробугарски предлог. Ние сме задоволни од тоа што тој пробугарски предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас“, изјави Асен Василев, Мандатар за составување на Владата на Бугарија.

The post Новиот бугарски мандатар: Предлогот веќе не е наш проблем, туку на соседот appeared first on Република.

]]>
Соборецот на Петков, Василев ќе биде нов премиер на Бугарија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/soborecot-na-petkov-vasilev-kje-bide-nov-premier-na-bugarija/ Fri, 01 Jul 2022 10:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=522054

Асен Василев ќе биде кандидатот за премиер кој „Продолжи со промените“ ќе предложи да ја предводи евентуалната нова влада на Бугарија со мандат од партијата во актуелниот парламент. Ова го соопшти бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков.
 Петков најави дека има неоспорна доверба во Асен Василев. „Со него рамо до рамо ја почнавме борбата и со него ќе ја завршиме во еден тим, заедно со сите членови на ‘Продолжуваме со промените’, со сите коалициски партнери и сите истомисленици“, рече и Петков.
Василев досега беше вицепремиер и министер за финансии на Бугарија.

The post Соборецот на Петков, Василев ќе биде нов премиер на Бугарија? appeared first on Република.

Асен Василев: Не сум слушнал Бугарија да се подготвува да го укине ветото https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/asen-vasilev-ne-sum-slushnal-bugarija-da-se-podgotvuva-da-go-ukine-vetoto/ Sun, 12 Jun 2022 17:54:12 +0000 https://republika.mk/?p=514195

Вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев за БТВ изјави дека не слушнал дека неговата земја се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Василев беше дециден дека бугарскиот премиер Кирил Петков на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц беше сосема јасен дека додека не се исполнат сите услови од бугарскиот парламент и додека Националното собрание не одлучи дека овие услови се исполнети, нема начин Бугарија да го укине ветото.

Василев рече дека постојано се водат разговори за Македонија. Тој коментира дека во Европа се зборува дека не станува проблем меѓу Бугарија и Македонија, туку меѓу ЕУ и Македонија.

Кога ЕУ ќе ја сфати бугарската позиција и тоа ќе стане европски предлог до Македонија, тогаш веќе би можеле да започнат вистински разговори. Сето тоа мора да го оцени бугарскиот парламент, беше категоричен бугарскиот вицепремиер Асен Василев.

„Продолжуваме со промената“ нема да бара гласање за доверба од бугарското народно собрание. Тој рече дека покани до министрите во заминување на „Има таков народ“ да останат во владата на премиерот Кирил Петков не биле упатени, но тој лично добро соработувал со двајца од нив за спорт и енергетиката Радостин Василев и Александар Николов.

„Има таков народ“ мора да одлучи, според Василев, кому сака да биде лојален – на политиката на борба против корупцијата или на лидер кој е отцепен од реалноста.

Василев рече и дека владејачката партија во Бугарија „Продолжуваме со промената“ не се плаши од нови предвремени парламентарни избори

The post Асен Василев: Не сум слушнал Бугарија да се подготвува да го укине ветото appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев за БТВ изјави дека не слушнал дека неговата земја се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Василев беше дециден дека бугарскиот премиер Кирил Петков на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц беше сосема јасен дека додека не се исполнат сите услови од бугарскиот парламент и додека Националното собрание не одлучи дека овие услови се исполнети, нема начин Бугарија да го укине ветото. Василев рече дека постојано се водат разговори за Македонија. Тој коментира дека во Европа се зборува дека не станува проблем меѓу Бугарија и Македонија, туку меѓу ЕУ и Македонија. Кога ЕУ ќе ја сфати бугарската позиција и тоа ќе стане европски предлог до Македонија, тогаш веќе би можеле да започнат вистински разговори. Сето тоа мора да го оцени бугарскиот парламент, беше категоричен бугарскиот вицепремиер Асен Василев. „Продолжуваме со промената“ нема да бара гласање за доверба од бугарското народно собрание. Тој рече дека покани до министрите во заминување на „Има таков народ“ да останат во владата на премиерот Кирил Петков не биле упатени, но тој лично добро соработувал со двајца од нив за спорт и енергетиката Радостин Василев и Александар Николов. „Има таков народ“ мора да одлучи, според Василев, кому сака да биде лојален – на политиката на борба против корупцијата или на лидер кој е отцепен од реалноста. Василев рече и дека владејачката партија во Бугарија „Продолжуваме со промената“ не се плаши од нови предвремени парламентарни избори

The post Асен Василев: Не сум слушнал Бугарија да се подготвува да го укине ветото appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот вицепремиер Василев смета дека ЕУ треба да се разбере со Македонија, а не Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-vicepremier-vasilev-smeta-deka-eu-treba-da-se-razbere-so-makedonija-a-ne-bugarija/ Mon, 06 Jun 2022 09:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=511662

Подметнувањето на пожарот во Бугарскиот културен центар во Битола претставува уште еден обид за разгорување на страстите, со цел да се спречи постигнување разумно решение од страна на министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, заедничката Историската комисија и сите оние кои се трудат да најдат такво решение, оцени бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев во изјава за софиската Нова ТВ.

Пожарот не е насочен против Бугарија или Македонија, туку е насочен против обидите да се постигне договор и тоа доаѓа по многу долго време на разговори и ветувања, за да се дојде до точка на разбирање, смета Василев, која заедно со бугарскиот премиер Кирил Петков е копретседавач на партијата Промената продолжува (ПП).

Според него, подметнувањето на пожарот нешто што нема шанси да не предизвика емоции, па оттука и да не влијае на преговорите.

Се надевам дека тоа нема да има драматичен ефект, нагласи Василев.

Тој смета дека „прашањето со Македонија не е ситуација поврзана со партијата ПП, туку со целата бугарска држава и народ, а Бугарија долго време не го поставувала тоа прашање“.

Подолго време молчевме за ова прашање со Македонија. За разлика од Грција која 20 години викаше дека имаат проблем, а ние велевме дека нема проблем и во последен момент кажавме дека сепак има проблем, рече Василев, додавајќи дека проблемот постои и дека не може „да се стави под тепих“.

Тој истакна дека пораката што Софија ја добива од европските партнери е да седне со властите во Скопје и да постигне договор за откочување на пристапниот процес на земјава во ЕУ.

Првиот чекор за да започнеме со ослободување на процесот, во основа е да ги убедиме нашите европски партнери дека не е Бугарија таа што треба да се разбере со Македонија, туку дека ЕУ треба да се разбере со Македонија. Тоа значи дека ЕУ треба барем делумно да го прифати бугарскиот став дека има проблеми со говорот на омраза, со проблемите на Бугарите во Македонија. И кога ЕУ ќе го прифати ова, проблемот ќе биде меѓу ЕУ и Македонија, а не меѓу Македонија и Бугарија. Се додека немаме поширок ангажман и прифаќање на нашиот став, нема начин Бугарија да го укине ветото, нагласи Василев.

The post Бугарскиот вицепремиер Василев смета дека ЕУ треба да се разбере со Македонија, а не Бугарија appeared first on Република.

Бугарија нема да ги поддржи новите санкции против Русија ако и таа не добие изземање од ембаргото за нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-nema-da-gi-poddrzi-novite-sankcii-protiv-rusija-ako-i-taa-ne-dobie-izzemanje-od-embargoto-za-nafta/ Mon, 09 May 2022 07:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=497575

Бугарскиот вицепремиер, Асен Василев, говорејќи за националната телевизија БНТ, порача дека Бугарија нема да го поддржи новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија доколку не добие изземање од предложената забрана за купување руска нафта.

Нашиот став е многу јасен. Доколку има исклучоци за некои земји, сакаме да го добиеме тоа ослободување. Ако не го добиеме тоа, нема да ги поддржиме санкциите - изјави Василев.

https://republika.mk/vesti/svet/slovachka-kje-bara-izzemanje-od-sankciite-za-ruskata-nafta/

The post Бугарија нема да ги поддржи новите санкции против Русија ако и таа не добие изземање од ембаргото за нафта appeared first on Република.