Арттан Груби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arttan-grubi/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 10:49:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Арттан Груби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/arttan-grubi/ 32 32 Груби во Чаир поздравен како нов премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-vo-chair-pozdraven-kako-nov-premier/ Tue, 14 Nov 2023 10:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=701373

Артан груби синоќа на промоција на Секретаријатите на огранокот на ДУИ во Чаир бил поздравен како „премиер“, а  тој одговорил  дека со „Македонија владеат Албанците“.

Претседателот на огранокот Беким Незири се обрати со „поздрав за премиерот Артан Груби“ на настанот, а потоа Груби во говорот рекол дека моќта на Албанците е голема и дека сите се плашат од Албанците што владеат со државата.

Според договорот Заев-Ахмети последните сто дена од оваа влада премиерот треба да биде Албанец.

The post Груби во Чаир поздравен како нов премиер appeared first on Република.

]]>

Артан груби синоќа на промоција на Секретаријатите на огранокот на ДУИ во Чаир бил поздравен како „премиер“, а  тој одговорил  дека со „Македонија владеат Албанците“. Претседателот на огранокот Беким Незири се обрати со „поздрав за премиерот Артан Груби“ на настанот, а потоа Груби во говорот рекол дека моќта на Албанците е голема и дека сите се плашат од Албанците што владеат со државата. Според договорот Заев-Ахмети последните сто дена од оваа влада премиерот треба да биде Албанец.  

The post Груби во Чаир поздравен како нов премиер appeared first on Република.

]]>
Лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели Премиерот за играњето фудбал и кошарка во канцеларијата на Груби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lichno-prashane-e-kako-nekoj-go-organizira-prostorot-vo-svojata-kantselarija-veli-premierot-za-igraneto-fudbal-i-kosharka-vo-kantselarijata-na-grubi/ Wed, 08 Mar 2023 17:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=617439

Спортски реквизити во канцеларија на премиер не се новост, јас ги немам, но лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Прашан да го коментира видеото објавено од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби како со министри од коалицискиот партнер игра фудбал и кошарка во државен објект, Ковачевски посочува дека тоа не се први слики од кабинетот на Груби, во кои дури и амбасадорот од Словачка играл фудбал.

Јас имам колеги премиери кои што имаат кошеви во канцеларија. Јас немам и никогаш не сум имал, меѓутоа секој може да избере дали ќе има некаков реквизит кој што ќе го искористи во својата канцеларија на минута, 2-3 или пет. Така што тоа е лично прашање за некој како го организирал просторот во својата канцеларија. Дали мене ми пречи или не е ирелевантно, бидејќи доколку јас сакам да го организирам просторот во канцеларијата во која работам на начин на кој сакам, тогаш ќе го организирам. Начинот на кој го организира просторот во својата канцеларија друг човек, е прашање за него, изјави Ковачевски на денешната прес-конференција по повод потпишувањето на договор за изградба на Коридорите 8 и 10д со „Бехел-Енка“.

Вицепремиерот Груби, пак на прашањето дали е во ред „да се закачи кош до уметничка слика“ и да се има таков однос кон она што е сопственост на сите граѓани, се извини за таквата постапка, но ја оправда со новата реорганизација на органите на државната управа.

Ако тоа толку длабоко задира во вашите чувства затоа што сме играле фудбал, баскет…, во чувствата на кој било, што е трогнат од таа слика, навистина ви се извинувам. Јас сум, како што знаете, спортски тип и согласно реорганизацијата на органите на државната управа Агенцијата за млади и спорт треба да стане дел од Министерството за политички систем, изјави Груби.

Тој додаде дека нема амбасадор што е дојден во неговата канцеларија, а да не шутирал и оти од тоа се објавувани слики.

Пред некој ден, на пример, Словакот беше последниот што шутираше и вие објавивте, во порталите беше. Тоа не беше скандал, ова денеска е скандал. Ова е таа хистерија за која што зборувам, за двојни стандарди, за селективни правди, за измислување за теми само да се дефокусира од нешто. Значи, дојде градоначалникот на Тирана, дури со пета даде гол, вели Груби.

Вицепремиерот Груби вчера на неговиот официјален Фејсбук профил објави фотографии на кои тој со негови сопартијци од ДУИ и министри игра кошарка и фудбал во неговиот кабинет во Министерството за политички систем. На видеото се министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, како и поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини.

The post Лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели Премиерот за играњето фудбал и кошарка во канцеларијата на Груби appeared first on Република.

]]>

Спортски реквизити во канцеларија на премиер не се новост, јас ги немам, но лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели премиерот Димитар Ковачевски. Прашан да го коментира видеото објавено од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби како со министри од коалицискиот партнер игра фудбал и кошарка во државен објект, Ковачевски посочува дека тоа не се први слики од кабинетот на Груби, во кои дури и амбасадорот од Словачка играл фудбал.