Артрогрипоза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/artrogripoza/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 10:07:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Артрогрипоза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/artrogripoza/ 32 32 Ги запознаваме ретките болести: Артрогрипоза https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gi-zapoznavame-retkite-bolesti-artrogripoza/ Tue, 07 Feb 2023 07:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=605334

Во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, „Република“ во соработка со Супер радио, Здружението „Живот со предизвици“ и „Ретко е да си редок“, ќе се обиде да ја запознае јавноста со ретките болести, да ги дознае предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…

Артрогрипоза/Arthrogryposis multiplex congenita
МКБ 10 Q74.3
Преваленца (распространетост): 1/3.000 новородени

Артрогрипозата претставува ретка вродена болест која се карактеризира со развивање на контрактури на зглобовите кои зафаќаат два или повеќе региона на телото. Контрактура претставува перманентно вкочанување на зглоб во свиткана или исправена состојба и влијае врз функцијата на екстремитетот, од намалена функција до комплетна мускулна атрофија. Оваа болест не е специфично заболување, туку физички симптом кој се појавува кај повеќето здравствени состојби.

Причини:

Се претпоставува дека причина за појава на артрогрипозата се намалени фетални движења во пренаталниот развиток, што може да биде последица на повеќе различни причинители, околински фактори (болест на мајката, лимитиран интраутерин простор), мутации на гени (автосомно-доминантни, автосомно-рецесивни, Х-врзани), хромозомски абнормалности и различни синдроми.

Симптоми:

Артрогрипозата подразбира појава на повеќе зглобни контрактури, на две или повеќе места во телото пред раѓање. Контрактурите се појавуваат кога зглобот се фиксира во позиција при која е перманентно свиткан и исправен што ја ограничува фукцијата и обемот на движење на зглобот. Кај некои пациенти, зафатени се помалку зглобови и обемот на движење е речиси нормален. Кај пациентите кај кои болеста е поразвиена, зафатени се сите зглобови во телото, вклучувајќи ја вилицата и грбот. Мускулите околу зафатените зглобови се атрофирани или недоразвиени. На зглобовите може да се појави мекоткивно слепување со појава на нишка.

Прогноза:

Долгорочната прогноза за луѓето со артрогрипоза зависи од тежината на состојбата, подлежечката причина и одговорот на терапијата. Степенот на зафатеност на мускулите и зглобовите се разликува од една до друга личност. Генерално, прогнозата за пациентите со артрогрипоза е добра. Со физикална терапија и други третмани, можно е да се постигне постепено подобрување на функцијата на зглобовите и мобилноста. Повеќето пациенти со артрогрипоза се со нормална интелигенција и водат нормален, независен живот како возрасни луѓе, а 25 % од пациентите стануваат инвалиди.

Третман:

Третманот на артрогрипозата варира врз база на знаците и симптомите кои се појавуваат кај различни личности. Целта на третманот е да се постигне оптимална функција и можност да се вози електричен скутери, како и справи со помош на компјутер. Се инсистира еден лакт да биде во исправена положба, за да може да се води перанална хигиена, а другиот лакт во флексија за да може да се храни самостојно. Неоперативниот третман е прва линија на терапија и подразбира пасивна манипулација и поставување на гипсеци. Оперативните третмани се состојат во ослободување на меки ткива, трансфер на тетиви и остеотомии.

за проектот:

Гордана Лолеска, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ и овој февруари, во рамките на петтата сезона од проектот „Ги запознаваме ретките болести“, Ве запознаваат со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку овие нови 28 ретки дијагнози сите заедно ќе успеене да го кренеме гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства.

Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови.

Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018 година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.

Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се приклучи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции - колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.

https://youtu.be/w-CzndoSZGw

The post Ги запознаваме ретките болести: Артрогрипоза appeared first on Република.

]]>

Во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, „Република“ во соработка со Супер радио, Здружението „Живот со предизвици“ и „Ретко е да си редок“, ќе се обиде да ја запознае јавноста со ретките болести, да ги дознае предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?… Артрогрипоза/Arthrogryposis multiplex congenita МКБ 10 Q74.3 Преваленца (распространетост): 1/3.000 новородени Артрогрипозата претставува ретка вродена болест која се карактеризира со развивање на контрактури на зглобовите кои зафаќаат два или повеќе региона на телото. Контрактура претставува перманентно вкочанување на зглоб во свиткана или исправена состојба и влијае врз функцијата на екстремитетот, од намалена функција до комплетна мускулна атрофија. Оваа болест не е специфично заболување, туку физички симптом кој се појавува кај повеќето здравствени состојби. Причини: Се претпоставува дека причина за појава на артрогрипозата се намалени фетални движења во пренаталниот развиток, што може да биде последица на повеќе различни причинители, околински фактори (болест на мајката, лимитиран интраутерин простор), мутации на гени (автосомно-доминантни, автосомно-рецесивни, Х-врзани), хромозомски абнормалности и различни синдроми. Симптоми: Артрогрипозата подразбира појава на повеќе зглобни контрактури, на две или повеќе места во телото пред раѓање. Контрактурите се појавуваат кога зглобот се фиксира во позиција при која е перманентно свиткан и исправен што ја ограничува фукцијата и обемот на движење на зглобот. Кај некои пациенти, зафатени се помалку зглобови и обемот на движење е речиси нормален. Кај пациентите кај кои болеста е поразвиена, зафатени се сите зглобови во телото, вклучувајќи ја вилицата и грбот. Мускулите околу зафатените зглобови се атрофирани или недоразвиени. На зглобовите може да се појави мекоткивно слепување со појава на нишка. Прогноза: Долгорочната прогноза за луѓето со артрогрипоза зависи од тежината на состојбата, подлежечката причина и одговорот на терапијата. Степенот на зафатеност на мускулите и зглобовите се разликува од една до друга личност. Генерално, прогнозата за пациентите со артрогрипоза е добра. Со физикална терапија и други третмани, можно е да се постигне постепено подобрување на функцијата на зглобовите и мобилноста. Повеќето пациенти со артрогрипоза се со нормална интелигенција и водат нормален, независен живот како возрасни луѓе, а 25 % од пациентите стануваат инвалиди. Третман: Третманот на артрогрипозата варира врз база на знаците и симптомите кои се појавуваат кај различни личности. Целта на третманот е да се постигне оптимална функција и можност да се вози електричен скутери, како и справи со помош на компјутер. Се инсистира еден лакт да биде во исправена положба, за да може да се води перанална хигиена, а другиот лакт во флексија за да може да се храни самостојно. Неоперативниот третман е прва линија на терапија и подразбира пасивна манипулација и поставување на гипсеци. Оперативните третмани се состојат во ослободување на меки ткива, трансфер на тетиви и остеотомии. за проектот: Гордана Лолеска, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ и овој февруари, во рамките на петтата сезона од проектот „Ги запознаваме ретките болести“, Ве запознаваат со ретките болести во Република Македонија, со надеж дека преку овие нови 28 ретки дијагнози сите заедно ќе успеене да го кренеме гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства. Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018 година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година. Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се приклучи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции - колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести. https://youtu.be/w-CzndoSZGw

The post Ги запознаваме ретките болести: Артрогрипоза appeared first on Република.

]]>