артилерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/artilerija/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 20:51:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png артилерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/artilerija/ 32 32 На неколку дена пред изборите: Нова американска воена помош за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-nekolku-dena-pred-izborite-nova-amerikanska-voena-pomosh-za-ukraina/ Fri, 01 Nov 2024 22:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=833325

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ќе испрати воена помош во вредност од 425 милиони долари за Украина.

Овој пакет помош вклучува оружје што може да се извлече од постоечките американски воени резерви, вклучувајќи противвоздушни ракети, ракети за системите ХИМАРС и топови со калибар од 155 милиметри, како и оклопни возила и противтенковско оружје.

Украинската војска е во лоша состојба во борбите во регионот Доњецк, каде што руските сили секојдневно напредуваат.

The post На неколку дена пред изборите: Нова американска воена помош за Украина appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ќе испрати воена помош во вредност од 425 милиони долари за Украина. Овој пакет помош вклучува оружје што може да се извлече од постоечките американски воени резерви, вклучувајќи противвоздушни ракети, ракети за системите ХИМАРС и топови со калибар од 155 милиметри, како и оклопни возила и противтенковско оружје. Украинската војска е во лоша состојба во борбите во регионот Доњецк, каде што руските сили секојдневно напредуваат.

The post На неколку дена пред изборите: Нова американска воена помош за Украина appeared first on Република.

]]>
Холандија купува артилерија од Чешка за да ја испрати во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-kupuva-artilerija-od-cheshka-za-da-ja-isprati-vo-ukraina/ Mon, 11 Mar 2024 20:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=753791

Холандија купила девет самоодни топови ДИТА од 155 мм од Чешка со цел да ги испрати во Украина.

Максималниот опсег на пукање на самоодната хаубица е 39-40 км, максималната брзина на стрелање е 5-6 гранати во минута, а капацитетот на муниција е 40. Екипажот на ова артилериско орудие е само две лица.

На Украина и треба ова оружје. Затоа Холандија неодамна нарача девет такви хаубици за Украина“, се вели во соопштението на холандското Министерство за одбрана.

Учеството на Холандија во воената поддршка за Украина во последно време значително се зголемува, особено ако се земе предвид фактот дека премиерот на таа земја, Марк Руте, е еден од најголемите кандидати да стане следниот генерален секретар на НАТО.

The post Холандија купува артилерија од Чешка за да ја испрати во Украина appeared first on Република.

]]>

Холандија купила девет самоодни топови ДИТА од 155 мм од Чешка со цел да ги испрати во Украина. Максималниот опсег на пукање на самоодната хаубица е 39-40 км, максималната брзина на стрелање е 5-6 гранати во минута, а капацитетот на муниција е 40. Екипажот на ова артилериско орудие е само две лица.
На Украина и треба ова оружје. Затоа Холандија неодамна нарача девет такви хаубици за Украина“, се вели во соопштението на холандското Министерство за одбрана.
Учеството на Холандија во воената поддршка за Украина во последно време значително се зголемува, особено ако се земе предвид фактот дека премиерот на таа земја, Марк Руте, е еден од најголемите кандидати да стане следниот генерален секретар на НАТО.

The post Холандија купува артилерија од Чешка за да ја испрати во Украина appeared first on Република.

]]>
Во руски напад загина командант на артилеријата на вооружените сили на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ruski-napad-zagina-komandant-na-artilerijata-na-vooruzhenite-sili-na-ukraina/ Sun, 25 Feb 2024 20:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=748256

Во близина на градот Купјанск, во напад на руската армија загинал заменик-командантот на 44-та одвоена артилериска бригада на вооружените сили на Украина, потполковник Игор Јарошенко

Неговата смрт е потврдена во областа Емилчински во регионот Житомир, од каде што и потекнува офицерот.

Јарошенко се бори во редовите на украинската армија опд 2014 година, а неодамна неговите единици биле стационирани во регионот Харков, каде што командувал со артилеријата.

The post Во руски напад загина командант на артилеријата на вооружените сили на Украина appeared first on Република.

]]>

Во близина на градот Купјанск, во напад на руската армија загинал заменик-командантот на 44-та одвоена артилериска бригада на вооружените сили на Украина, потполковник Игор Јарошенко Неговата смрт е потврдена во областа Емилчински во регионот Житомир, од каде што и потекнува офицерот. Јарошенко се бори во редовите на украинската армија опд 2014 година, а неодамна неговите единици биле стационирани во регионот Харков, каде што командувал со артилеријата.

The post Во руски напад загина командант на артилеријата на вооружените сили на Украина appeared first on Република.

]]>
Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-ke-i-ja-dade-na-ukraina-seta-svoja-artilerija-munitsija-i-protivvozdushna-odbrana/ Sun, 18 Feb 2024 11:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=745327

Данскиот премиер Мате Фредериксен порача дека неговата земја е подготвена да ја пренесе целата своја муниција и системи за противвоздушна одбрана во Украина, бидејќи и се потребни во моментов.

Фредериксен ја повика Европа да го следи овој пример.

Ние, Данска, одлучивме да ја пренесеме целата наша артилерија во Украина. Па, извинете пријатели, има воена опрема во Европа, ова не е само прашање на производство. Имаме оружје, муниција, системи за противвоздушна одбрана кои сè уште не ги користиме. Тие треба да бидат префрлени во Украина“, изјави Фредериксен.

The post Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана appeared first on Република.

]]>

Данскиот премиер Мате Фредериксен порача дека неговата земја е подготвена да ја пренесе целата своја муниција и системи за противвоздушна одбрана во Украина, бидејќи и се потребни во моментов. Фредериксен ја повика Европа да го следи овој пример.
Ние, Данска, одлучивме да ја пренесеме целата наша артилерија во Украина. Па, извинете пријатели, има воена опрема во Европа, ова не е само прашање на производство. Имаме оружје, муниција, системи за противвоздушна одбрана кои сè уште не ги користиме. Тие треба да бидат префрлени во Украина“, изјави Фредериксен.

The post Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана appeared first on Република.

]]>
Лидерите на ЕУ заеднички ќе купуваат муниција за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liderite-na-eu-zaednichki-ke-kupuvaat-munitsija-za-ukraina/ Thu, 23 Mar 2023 20:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=622981

Лидерите на Европската Унија, на самитот во Брисел, соопштија дека се подготвени во следните 12 месеци да го поддржат планот за испраќање во Украина на еден милион парчиња артилериска муниција за да и помогнат на земјата да се спротивстави на руските сили.

Веста ја соопштија неколку високи дипломати на ЕУ, нагласувајќи дека министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ, претходно неделава, го одобриле планот за забрзана процедура за купување, а лидерите на 27. земји членки на Унијата конечната одлука ќе ја донесат на самитот во Брисел, пренесоа американските медиуми.

Откако по повеќе од една година интензивни борби Украина се соочи со недостиг на муниција, естонската премиерка Каја Калас минатиот месец ја претстави идејата ЕУ да донесе заеднички план за набавки на муниција сличен на оној што беше смислен за време на пандемијата на корона вирус за купување вакцини.

Најитната потреба на Украина е брзото испраќање муниција, бидејќи тоа може да донесе промена во оваа војна, изјави Калас.

Според планот, Европската агенција за одбрана ќе одговори на барањата на земјите-членки за надополнување на залихите паралелно со испораките и ќе води брза процедура за директни преговори со добавувачите на индустријата за муниција во Европа.

Кога ќе ја имаме оваа заедничка набавка, одбранбената индустрија ќе има нарачки и можност да го удвои своето производство, бидејќи тоа досега не го правела, изјави Калас.

Според различни проценки, Украина дневно истрелува 6.000-7.000 артилериски гранати.

The post Лидерите на ЕУ заеднички ќе купуваат муниција за Украина appeared first on Република.

]]>

Лидерите на Европската Унија, на самитот во Брисел, соопштија дека се подготвени во следните 12 месеци да го поддржат планот за испраќање во Украина на еден милион парчиња артилериска муниција за да и помогнат на земјата да се спротивстави на руските сили. Веста ја соопштија неколку високи дипломати на ЕУ, нагласувајќи дека министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ, претходно неделава, го одобриле планот за забрзана процедура за купување, а лидерите на 27. земји членки на Унијата конечната одлука ќе ја донесат на самитот во Брисел, пренесоа американските медиуми. Откако по повеќе од една година интензивни борби Украина се соочи со недостиг на муниција, естонската премиерка Каја Калас минатиот месец ја претстави идејата ЕУ да донесе заеднички план за набавки на муниција сличен на оној што беше смислен за време на пандемијата на корона вирус за купување вакцини.
Најитната потреба на Украина е брзото испраќање муниција, бидејќи тоа може да донесе промена во оваа војна, изјави Калас.
Според планот, Европската агенција за одбрана ќе одговори на барањата на земјите-членки за надополнување на залихите паралелно со испораките и ќе води брза процедура за директни преговори со добавувачите на индустријата за муниција во Европа.
Кога ќе ја имаме оваа заедничка набавка, одбранбената индустрија ќе има нарачки и можност да го удвои своето производство, бидејќи тоа досега не го правела, изјави Калас.
Според различни проценки, Украина дневно истрелува 6.000-7.000 артилериски гранати.

The post Лидерите на ЕУ заеднички ќе купуваат муниција за Украина appeared first on Република.

]]>
Американската армија купува артилериска муниција за речиси милијарда долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-armija-kupuva-artileriska-munitsija-za-rechisi-milijarda-dolari/ Sat, 18 Feb 2023 10:30:49 +0000 https://republika.mk/?p=610451

Американската војска објави договор вреден речиси милијарда долари за зголемување на производството на артилериска муниција од 155 милиметри, која Украина ја користи во големи количини.

Воените компании General Dynamics Ordnance&Tactical Systems и American Ordnance ќе се натпреваруваат за поединечни нарачки на муниција во рамките на договорот во вредност од 993,7 милиони долари, се наведува во соопштението на американската армија.

Целта е да се произведуваат меѓу 12.000 и 20.000 дополнителни артилериски гранати месечно, се додава.

Веста доаѓа откако војската на две други компании им додели договор од 522 милиони долари за купување муниција од истиот калибар како дел од механизмот за помош на Пентагон за Украина.

Руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година го потврди враќањето на конфликтот на суперсилите со голема употреба на артилериска муниција.

Во ноември, американски официјален претставник изјави дека руските сили истрелуваат околу 20.000 гранати дневно.

Украина, од друга страна, истрелува меѓу 4.000 и 7.000 гранати дневно, што е повеќе отколку што западните производители на оружје можат да произведат.

Производството на артилериска муниција одзема многу време и брзо се троши.

Сепак, количината на муниција што ја користат Украина и Русија оттогаш се намали поради доаѓањето на зимата и недостигот што го чувствуваат двете земји.

The post Американската армија купува артилериска муниција за речиси милијарда долари appeared first on Република.

]]>

Американската војска објави договор вреден речиси милијарда долари за зголемување на производството на артилериска муниција од 155 милиметри, која Украина ја користи во големи количини. Воените компании General Dynamics Ordnance&Tactical Systems и American Ordnance ќе се натпреваруваат за поединечни нарачки на муниција во рамките на договорот во вредност од 993,7 милиони долари, се наведува во соопштението на американската армија. Целта е да се произведуваат меѓу 12.000 и 20.000 дополнителни артилериски гранати месечно, се додава. Веста доаѓа откако војската на две други компании им додели договор од 522 милиони долари за купување муниција од истиот калибар како дел од механизмот за помош на Пентагон за Украина. Руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година го потврди враќањето на конфликтот на суперсилите со голема употреба на артилериска муниција. Во ноември, американски официјален претставник изјави дека руските сили истрелуваат околу 20.000 гранати дневно. Украина, од друга страна, истрелува меѓу 4.000 и 7.000 гранати дневно, што е повеќе отколку што западните производители на оружје можат да произведат. Производството на артилериска муниција одзема многу време и брзо се троши. Сепак, количината на муниција што ја користат Украина и Русија оттогаш се намали поради доаѓањето на зимата и недостигот што го чувствуваат двете земји.

The post Американската армија купува артилериска муниција за речиси милијарда долари appeared first on Република.

]]>
Украински воен разузнавач: Битката ја губиме артилериски, сега се зависи од оружјето од Западот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-voen-razuznavach-bitkata-ja-gubime-artileriski-sega-se-zavisi-od-oruzjeto-od-zapadot/ Fri, 10 Jun 2022 18:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=513653

Заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, за „Гардијан“ изјави дека Украина губи од Русија на првите борбени линии и дека сега речиси исклучиво се потпира на оружје од Запад за да ја држи Русија што подалеку.

Ова сега е артилериска војна. Иднината сега ќе се решава на рабовите на бојното поле, а ние ја губиме артилериската битка.

 

Сега се зависи од тоа што ни дава Западот. Украина има едно парче артилерија на 10 до 15 руски. Нашите западни партнери ни дадоа околу 10 отсто од тоа што го имаат.

 

Ја потрошивме речиси целата артилериска муниција и сега користиме гранати на НАТО. Европа, исто така, испорачува гранати од понизок калибар, но бидејќи Европа останува без оружје, количината се намалува - изјави Скибицки.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека од 60 до 100 украински војници умираат секој ден, а уште 500 се ранети.

Скибицки смета дека конфликтот во блиска иднина ќе продолжи да биде претежно артилериски и дека бројот на ракетни напади што можат да бидат лансирани од Русија и да погодат цивили ќе остане на сегашното ниво, пренесе „Аваз.ба“.

The post Украински воен разузнавач: Битката ја губиме артилериски, сега се зависи од оружјето од Западот appeared first on Република.

]]>

Заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, за „Гардијан“ изјави дека Украина губи од Русија на првите борбени линии и дека сега речиси исклучиво се потпира на оружје од Запад за да ја држи Русија што подалеку.
Ова сега е артилериска војна. Иднината сега ќе се решава на рабовите на бојното поле, а ние ја губиме артилериската битка.   Сега се зависи од тоа што ни дава Западот. Украина има едно парче артилерија на 10 до 15 руски. Нашите западни партнери ни дадоа околу 10 отсто од тоа што го имаат.   Ја потрошивме речиси целата артилериска муниција и сега користиме гранати на НАТО. Европа, исто така, испорачува гранати од понизок калибар, но бидејќи Европа останува без оружје, количината се намалува - изјави Скибицки.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека од 60 до 100 украински војници умираат секој ден, а уште 500 се ранети. Скибицки смета дека конфликтот во блиска иднина ќе продолжи да биде претежно артилериски и дека бројот на ракетни напади што можат да бидат лансирани од Русија и да погодат цивили ќе остане на сегашното ниво, пренесе „Аваз.ба“.

The post Украински воен разузнавач: Битката ја губиме артилериски, сега се зависи од оружјето од Западот appeared first on Република.

]]>
Украинските сили почнаа да делуваат на фронтот со новодобиените француски хаубици https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskite-sili-pochnaa-da-deluvaat-na-frontot-so-novodobienite-francuski-haubici/ Wed, 25 May 2022 13:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=506829

Украиннските сили веќе почнале на фронтот да ги користат топовите со долг дострел, коишто Украина ги доби од претставници на француската влада.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, претходно овој месец вети дека Франција ќе испрати пратка со топови „Цезер“, кои беа опишани како „адут на француската артилерија“.

Украинскиот министер за инфраструктура, Володимир Омелијан, во вторникот вечерта, ја сподели веста за ставањето во оперативна функција на добиената артилерија, добиена од главниот командант на украинската армија, Валериј Залужни.

Омелијан изјави дека оружјето со долг дострел било ставено во погон откако украинските артилерци поминале два или три часа обука.

https://twitter.com/V_Omelyan/status/1529199530738167814?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1529199530738167814%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3940261%2Fuzivo-91-dan-rata-u-ukrajini

The post Украинските сили почнаа да делуваат на фронтот со новодобиените француски хаубици appeared first on Република.

]]>

Украиннските сили веќе почнале на фронтот да ги користат топовите со долг дострел, коишто Украина ги доби од претставници на француската влада. Францускиот претседател, Емануел Макрон, претходно овој месец вети дека Франција ќе испрати пратка со топови „Цезер“, кои беа опишани како „адут на француската артилерија“. Украинскиот министер за инфраструктура, Володимир Омелијан, во вторникот вечерта, ја сподели веста за ставањето во оперативна функција на добиената артилерија, добиена од главниот командант на украинската армија, Валериј Залужни. Омелијан изјави дека оружјето со долг дострел било ставено во погон откако украинските артилерци поминале два или три часа обука. https://twitter.com/V_Omelyan/status/1529199530738167814?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1529199530738167814%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3940261%2Fuzivo-91-dan-rata-u-ukrajini

The post Украинските сили почнаа да делуваат на фронтот со новодобиените француски хаубици appeared first on Република.

]]>
Артилерија уништила утврдени позиции на украинските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/artilerija-unishtila-utvrdeni-pozicii-na-ukrainskite-sili/ Wed, 27 Apr 2022 07:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=494120

Руската артилерија уништила утврдена област на украинските националистички баталјони и вооружените сили на Украина.

Според руски извори, позициите на украинските единици имале широка мрежа на ровови и утврдени борбени позииции.

При повлекувањето, нацистите на своите позиции оставија малокалибарско оружје, муниција и повеќе од 30 загинати војници - се вели во објавата.

The post Артилерија уништила утврдени позиции на украинските сили appeared first on Република.

]]>

Руската артилерија уништила утврдена област на украинските националистички баталјони и вооружените сили на Украина. Според руски извори, позициите на украинските единици имале широка мрежа на ровови и утврдени борбени позииции.
При повлекувањето, нацистите на своите позиции оставија малокалибарско оружје, муниција и повеќе од 30 загинати војници - се вели во објавата.

The post Артилерија уништила утврдени позиции на украинските сили appeared first on Република.

]]>
Украина со артилерија ги гаѓаше позициите на Народната милиција на Луганск, загинат е еден борец https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-so-artilerija-gi-gagjashe-poziciite-na-narodnata-milicija-na-lugansk-zaginat-e-eden-borec/ Thu, 27 Jan 2022 22:59:56 +0000 https://republika.mk/?p=450495

Борец на Народната милиција на Луганската Народна Република загина денеска во текот на артилериски напад од страна на украинската војска, прв по десетдневниот прекин на огнот, соопшти офицерот на прес службата ЛНР Александар Мезејкин.

Според него, од позицијата на 30. бригада на Вооружените сили на Украина во реонот на селото Троицкое, кое е под контрола на Киев, отворен е оган од артилериско оружје и тешки митралези кон селото Веселогоровка.

За да го заштитиме цивилното население и да се избегнат нови жртви во редовите на Народната милиција, нашите трупи беа принудени да отворат оган, рече Мазејкин.

Тој потсети дека од 17 јануари до денес Вооружените сили на Украина не го кршеле примирјето.

Од летото 2020. во Донбас е на сила прекин на огнот, кој подразбира целосна забрана за пукање, стационирање на оружје во близина на населени места, офанзивни и извидувачко-диверзантски операции.

Наредбите за прекин на огнот треба да бидат на сила додека не се реши судирот во целост, но често се случуваат инциденти налик на денешниот.

извор: Kurir.rs / Novosti.rs

The post Украина со артилерија ги гаѓаше позициите на Народната милиција на Луганск, загинат е еден борец appeared first on Република.

]]>

Борец на Народната милиција на Луганската Народна Република загина денеска во текот на артилериски напад од страна на украинската војска, прв по десетдневниот прекин на огнот, соопшти офицерот на прес службата ЛНР Александар Мезејкин. Според него, од позицијата на 30. бригада на Вооружените сили на Украина во реонот на селото Троицкое, кое е под контрола на Киев, отворен е оган од артилериско оружје и тешки митралези кон селото Веселогоровка.
За да го заштитиме цивилното население и да се избегнат нови жртви во редовите на Народната милиција, нашите трупи беа принудени да отворат оган, рече Мазејкин.
Тој потсети дека од 17 јануари до денес Вооружените сили на Украина не го кршеле примирјето. Од летото 2020. во Донбас е на сила прекин на огнот, кој подразбира целосна забрана за пукање, стационирање на оружје во близина на населени места, офанзивни и извидувачко-диверзантски операции. Наредбите за прекин на огнот треба да бидат на сила додека не се реши судирот во целост, но често се случуваат инциденти налик на денешниот. извор: Kurir.rs / Novosti.rs

The post Украина со артилерија ги гаѓаше позициите на Народната милиција на Луганск, загинат е еден борец appeared first on Република.

]]>