артикли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/artikli/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Aug 2023 09:09:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png артикли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/artikli/ 32 32 Стотина артикли поскапеа за еден ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stotina-artikli-poskapea-za-eden-den/ Sat, 12 Aug 2023 19:48:05 +0000 https://republika.mk/?p=671508

24 Вести објави дека за еден ден направени се корециии на 100-тина производи во еден од големите ланци на маркети во Македонија.

Од Министерството за економија велат дека со поскапувањата не се опфатени основните прехранбени производи и затоа не се очекува ценовен притисок. Од таму прогнозираат дека инфлацијата до крајот на годинава ќе се сведе на минимум и ќе се заштити стандардот на граѓаните.

- Порастот на цените на останатите производи, кои не беа опфатени со мерките, имаше многу помало влијание врз стапката на инфлација во земјата, иако и тошаг на голем број производи, секојдневно им се менуваа цените.

Оттука, не мора да значи дека растот на цените на овие 540 артикли во ланецот маркети (кои не се основни прехранбени производи), ќе имаат некое позначително влијание врз стапката на инфлација, коментираат од Министерството за економија.

Граѓаните сметаат дека нов бран поскапувања има кај тестенините и млечните производи, а аналитичарот Бранимир Јовановиќ вели дека поголемиот дел од 200те компании од кои државата очекува да наплати солидарен данок доаѓаат од прехранбениот сектор.

The post Стотина артикли поскапеа за еден ден appeared first on Република.

]]>

24 Вести објави дека за еден ден направени се корециии на 100-тина производи во еден од големите ланци на маркети во Македонија. Од Министерството за економија велат дека со поскапувањата не се опфатени основните прехранбени производи и затоа не се очекува ценовен притисок. Од таму прогнозираат дека инфлацијата до крајот на годинава ќе се сведе на минимум и ќе се заштити стандардот на граѓаните. - Порастот на цените на останатите производи, кои не беа опфатени со мерките, имаше многу помало влијание врз стапката на инфлација во земјата, иако и тошаг на голем број производи, секојдневно им се менуваа цените. Оттука, не мора да значи дека растот на цените на овие 540 артикли во ланецот маркети (кои не се основни прехранбени производи), ќе имаат некое позначително влијание врз стапката на инфлација, коментираат од Министерството за економија. Граѓаните сметаат дека нов бран поскапувања има кај тестенините и млечните производи, а аналитичарот Бранимир Јовановиќ вели дека поголемиот дел од 200те компании од кои државата очекува да наплати солидарен данок доаѓаат од прехранбениот сектор.

The post Стотина артикли поскапеа за еден ден appeared first on Република.

]]>
Грција воведува „кошница за домаќинствата“, цените на артиклите ќе останат исти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-voveduva-koshnica-za-domakjinstvata-cenite-na-artiklite-kje-ostanat-isti/ Wed, 12 Oct 2022 09:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=560040

Основни прехранбени продукти, производи за лична хигиена, средства за чистење, производи за бебиња и домашни миленици, според грчките медиуми, се дел од категориите вклучени во таканаречената „кошница за домаќинствата“ што ќе ја воведат супермаркетите во Грција и за конкретните производи ќе треба цените или да останат непроменети или да има минимално покачување, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради инфлацијата, конкретната иницијатива на Министерството за развој и инвестиции на Грција беше договорена на минатонеделната средба на надлежниот министер со претставниците на големите супермаркети.

Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата, да се задржат на што е можно пониско ниво и евентуалните зголемувања да бидат минимални.

Според грчките медиуми, „кошницата за домаќинствата“ содржи 31 категорија со 50 производи меѓу кои и: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко, јогурт, сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, чај, какао, вода, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

Во кошницата ќе бидат вклучени само конкретните производи и од конкретни категории и марки, кои дополнително, секој од супермаркетите ќе ги одреди.

Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис рече дека листата со производи ќе биде испратена до супермаркетите, а во следните две седмици кошницата ќе биде достапна за потрошувачите.

„Кошницата за домаќинствата“ ќе има 50 категории на производи, ќе видиме како ќе функционира и тука сме, доколку е потребно, да направиме било каква корекција. Сигурен сум дека ова што го правиме ќе функционира и ќе биде модел и за другите земји во Европа, рече Георгиадис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.

The post Грција воведува „кошница за домаќинствата“, цените на артиклите ќе останат исти appeared first on Република.

]]>

Основни прехранбени продукти, производи за лична хигиена, средства за чистење, производи за бебиња и домашни миленици, според грчките медиуми, се дел од категориите вклучени во таканаречената „кошница за домаќинствата“ што ќе ја воведат супермаркетите во Грција и за конкретните производи ќе треба цените или да останат непроменети или да има минимално покачување, јави дописничката на МИА од Атина. Поради инфлацијата, конкретната иницијатива на Министерството за развој и инвестиции на Грција беше договорена на минатонеделната средба на надлежниот министер со претставниците на големите супермаркети. Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата, да се задржат на што е можно пониско ниво и евентуалните зголемувања да бидат минимални. Според грчките медиуми, „кошницата за домаќинствата“ содржи 31 категорија со 50 производи меѓу кои и: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко, јогурт, сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, чај, какао, вода, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн. Во кошницата ќе бидат вклучени само конкретните производи и од конкретни категории и марки, кои дополнително, секој од супермаркетите ќе ги одреди. Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис рече дека листата со производи ќе биде испратена до супермаркетите, а во следните две седмици кошницата ќе биде достапна за потрошувачите.
„Кошницата за домаќинствата“ ќе има 50 категории на производи, ќе видиме како ќе функционира и тука сме, доколку е потребно, да направиме било каква корекција. Сигурен сум дека ова што го правиме ќе функционира и ќе биде модел и за другите земји во Европа, рече Георгиадис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.

The post Грција воведува „кошница за домаќинствата“, цените на артиклите ќе останат исти appeared first on Република.

]]>