артан ајро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/artan-ajro/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 20:34:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png артан ајро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/artan-ajro/ 32 32 Вишите обвинители Артан Ајро и Јован Цветановски предложиле Апелација да му го укине куќниот притвор на Незири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vishite-obviniteli-artan-ajro-i-jovan-tsvetanovski-predlozhile-apelatsija-da-mu-go-ukine-kukniot-pritvor-na-neziri/ Sat, 27 Jan 2024 20:34:29 +0000 https://republika.mk/?p=737607

Вишите обвинители Артан Ајро и Јован Цветановски му предложиле на Апелациониот суд да им го укине куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири и обезбедувачот Алмир Рамдедовиќ кои упаднаа во М-НАВ и се сомничат за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, објави порталот Сакам да кажам.

Апелација вчера донесе решение со кое им го укина куќниот притвор и им ги остави мерките за претпазливост кои првично им ги одредија судиите на претходна постапка.

Според второстепениот суд обвинителството не докажало дека постојат основите според кои се определува притвор, како што се опасност од бегство, влијание врз сведоци, повторување на делото…

Судот ја прифатил жалбата на обвинетите и предлогот на Вишото обвинителство да се укине притворот.

Обвинителот Цветановски и за случајот „Талир 2“ бараше предметот да се врати на почеток и да се применат измените на Кривичниот законик, а бил виш обвинител и во случајот „Тревник“, случај за кој беше повлечено обвинението.

Ајро пак беше обвинител во поранешното Специјално јавно обвинителство, беше еден од обвинителите кои го водеа случајот „Трансмет“. За неуспешната конфискација на бизнисменот Сеад Кочан предмет отвори и Државната комисија за спречување на корупцијата и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

The post Вишите обвинители Артан Ајро и Јован Цветановски предложиле Апелација да му го укине куќниот притвор на Незири appeared first on Република.

]]>

Вишите обвинители Артан Ајро и Јован Цветановски му предложиле на Апелациониот суд да им го укине куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири и обезбедувачот Алмир Рамдедовиќ кои упаднаа во М-НАВ и се сомничат за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, објави порталот Сакам да кажам. Апелација вчера донесе решение со кое им го укина куќниот притвор и им ги остави мерките за претпазливост кои првично им ги одредија судиите на претходна постапка. Според второстепениот суд обвинителството не докажало дека постојат основите според кои се определува притвор, како што се опасност од бегство, влијание врз сведоци, повторување на делото… Судот ја прифатил жалбата на обвинетите и предлогот на Вишото обвинителство да се укине притворот. Обвинителот Цветановски и за случајот „Талир 2“ бараше предметот да се врати на почеток и да се применат измените на Кривичниот законик, а бил виш обвинител и во случајот „Тревник“, случај за кој беше повлечено обвинението. Ајро пак беше обвинител во поранешното Специјално јавно обвинителство, беше еден од обвинителите кои го водеа случајот „Трансмет“. За неуспешната конфискација на бизнисменот Сеад Кочан предмет отвори и Државната комисија за спречување на корупцијата и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

The post Вишите обвинители Артан Ајро и Јован Цветановски предложиле Апелација да му го укине куќниот притвор на Незири appeared first on Република.

]]>
Германските истражни органи ќе го гонат Арафат Муареми, Артан Ајро и Гаврил Бубевски? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanskite-istrazni-organi-kje-go-gonat-arafat-muaremi-artan-ajro-i-gavril-bubevski/ Thu, 01 Sep 2022 13:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=546463

Германската влада е заинтересирана за разрешница во случајот со кривичната пријава против Артан Ајро и Арафат Муареми, која ја поднесе Фехми Стафа, државниот правобранител кој мината недела си поднесе оставка, пишува Инфомакс.

Германските истражни органи до овој момент не можат да стапат во контакт со обвинителот Артан Ајро и ексдиректорот на Финансовата полиција Арафат Муареми.

Кривичната пријава на Стафа, ги обвинува ексдиректорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски дека сториле кривично дело со непостапување согласно законските обврски.

Поранешниот специјален обвинител Артан Ајро, кој сега работи во обвинителството за организиран криминал, неговиот колега Гаврил Бубевски, кој сега е шеф на скопското обвинителство, како и Арафат Муареми, поранешен истражител во СЈО, а сега ексдиректор на Управата за финансиска полиција, се осомничени за злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење, пишува Инфомакс.


Повеќе ТУКА


Дека нешто смрди околу поранешните кадри на СЈО и директорот на Финансовата полиција, исто така прозилезен од СЈО, покажа и суспензијата на Вилма Рускоска.

Главниот обвинител Јовески ја суспендираше шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Рускоска поради претресот кај првиот човек на Финансовата полиција Арафат Муареми. За Русковска и колешките, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е покренета дисциплинска постапка и се бара утврдување на одговорност за трите обвинителки.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/

Индикативно, на предлог на Јовески за заменик на Рускоска е назначен обвинителот Трајче Пеливанов, исто така кадар произлезен од СЈО.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kadrite-na-sjo-se-vrakjaat-na-golema-vrata-preku-obvinitelstvoto-na-vilma/

Додека шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска е под супсензија токму обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција.Тој, пак, на денот на претресот во Финансова полиција бил во кафеана заедно со тогашниот директор на управата, Арафат Муареми, дознава „Инфомакс“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/chovekot-koj-kje-ja-menuva-ruskovska-dodeka-se-odvival-pretresot-vo-finansova-sedel-vo-kafeana-so-arafat-muaremi/

Претходно, Владата ја констатира оставката на државниот правобраните Фехми Стафа. Иако Стафа информира дека ја поднесува оставката од лични причини, се шпекулира дека причина бил пресилниот притисок токму од обвинителите Ајро, Бубевски и од првиот човек на Финансовата полиција Муареми.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bozinovski-ostavkata-na-pravobranitelot-stafa-e-rezultat-na-ogromen-pritisok-od-arafat-muaremi-gavril-bubevski-i-artan-ajro/

The post Германските истражни органи ќе го гонат Арафат Муареми, Артан Ајро и Гаврил Бубевски? appeared first on Република.

]]>

Германската влада е заинтересирана за разрешница во случајот со кривичната пријава против Артан Ајро и Арафат Муареми, која ја поднесе Фехми Стафа, државниот правобранител кој мината недела си поднесе оставка, пишува Инфомакс. Германските истражни органи до овој момент не можат да стапат во контакт со обвинителот Артан Ајро и ексдиректорот на Финансовата полиција Арафат Муареми. Кривичната пријава на Стафа, ги обвинува ексдиректорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски дека сториле кривично дело со непостапување согласно законските обврски. Поранешниот специјален обвинител Артан Ајро, кој сега работи во обвинителството за организиран криминал, неговиот колега Гаврил Бубевски, кој сега е шеф на скопското обвинителство, како и Арафат Муареми, поранешен истражител во СЈО, а сега ексдиректор на Управата за финансиска полиција, се осомничени за злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење, пишува Инфомакс.
Повеќе ТУКА
Дека нешто смрди околу поранешните кадри на СЈО и директорот на Финансовата полиција, исто така прозилезен од СЈО, покажа и суспензијата на Вилма Рускоска. Главниот обвинител Јовески ја суспендираше шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Рускоска поради претресот кај првиот човек на Финансовата полиција Арафат Муареми. За Русковска и колешките, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е покренета дисциплинска постапка и се бара утврдување на одговорност за трите обвинителки. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/ Индикативно, на предлог на Јовески за заменик на Рускоска е назначен обвинителот Трајче Пеливанов, исто така кадар произлезен од СЈО. https://republika.mk/vesti/makedonija/kadrite-na-sjo-se-vrakjaat-na-golema-vrata-preku-obvinitelstvoto-na-vilma/ Додека шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска е под супсензија токму обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција.Тој, пак, на денот на претресот во Финансова полиција бил во кафеана заедно со тогашниот директор на управата, Арафат Муареми, дознава „Инфомакс“. https://republika.mk/vesti/makedonija/chovekot-koj-kje-ja-menuva-ruskovska-dodeka-se-odvival-pretresot-vo-finansova-sedel-vo-kafeana-so-arafat-muaremi/ Претходно, Владата ја констатира оставката на државниот правобраните Фехми Стафа. Иако Стафа информира дека ја поднесува оставката од лични причини, се шпекулира дека причина бил пресилниот притисок токму од обвинителите Ајро, Бубевски и од првиот човек на Финансовата полиција Муареми. https://republika.mk/vesti/makedonija/bozinovski-ostavkata-na-pravobranitelot-stafa-e-rezultat-na-ogromen-pritisok-od-arafat-muaremi-gavril-bubevski-i-artan-ajro/

The post Германските истражни органи ќе го гонат Арафат Муареми, Артан Ајро и Гаврил Бубевски? appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Оставката на правобранителот Стафа е резултат на огромен притисок од Арафат Муареми, Гаврил Бубевски и Артан Ајро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozinovski-ostavkata-na-pravobranitelot-stafa-e-rezultat-na-ogromen-pritisok-od-arafat-muaremi-gavril-bubevski-i-artan-ajro/ Tue, 23 Aug 2022 19:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=543404

Новинарот Зоран Божиновски, пишува дека правобранителот Фехми Стафа поднел неотповиклива оставка до Владата, како што наведе од „лични причини“, поради силен притисок од луѓе на високи позиции.

Оставката е резултат на шестмесечен ненормален притисок од Артан Ајро, Арафат Муареми и Гаврил Бубевски, врз Стафа да ја повлече кривичната пријава против нив за криминалот со запленетиот имот на Сеад Кочан.

 

„Или повлечи ја кривичната пријава или ќе те снема како Вилма!“, ова е последната закана кон Стафа од оваа криминална тројка, по нивната пресметка со Рускоска... - пишува Божиновски.

Тој додава дека закани биле упатени и до премиерот Димитар Ковачевски.

Слична закана упатиле и кон премиерот ќурка, дека ке го срушат и него заедно со Владата, ако не го разреши Стафа.

 

Зад овие битанги стои Зоран Заев - пишува Божиновски.

The post Божиновски: Оставката на правобранителот Стафа е резултат на огромен притисок од Арафат Муареми, Гаврил Бубевски и Артан Ајро appeared first on Република.

]]>

Новинарот Зоран Божиновски, пишува дека правобранителот Фехми Стафа поднел неотповиклива оставка до Владата, како што наведе од „лични причини“, поради силен притисок од луѓе на високи позиции.
Оставката е резултат на шестмесечен ненормален притисок од Артан Ајро, Арафат Муареми и Гаврил Бубевски, врз Стафа да ја повлече кривичната пријава против нив за криминалот со запленетиот имот на Сеад Кочан.   „Или повлечи ја кривичната пријава или ќе те снема како Вилма!“, ова е последната закана кон Стафа од оваа криминална тројка, по нивната пресметка со Рускоска... - пишува Божиновски.
Тој додава дека закани биле упатени и до премиерот Димитар Ковачевски.
Слична закана упатиле и кон премиерот ќурка, дека ке го срушат и него заедно со Владата, ако не го разреши Стафа.   Зад овие битанги стои Зоран Заев - пишува Божиновски.

The post Божиновски: Оставката на правобранителот Стафа е резултат на огромен притисок од Арафат Муареми, Гаврил Бубевски и Артан Ајро appeared first on Република.

]]>