Она што ги прави Кабакови уште поголеми покрај нивната уметничка извонредност се нивните постојани бројни општествени и хуманитарни активности, особено ефективно и креативно структурирани во проектот „Брод на толеранција“, стои во соопштението.
„Бродот на толеранцијата“ е уметнички проект за изградба на мостови и поттикнување дијалог меѓу децата од сите возрасти и потекло. Веќе 17 години (почна во 2005 година), проектот е реализиран повеќе од десетина пати во различни градови: Сива (Египет), Венеција (Италија), Сан Мориц (Швајцарија), Шарџа (ОАЕ), Мајами (САД), Хавана (Куба), Москва (Русија), Њујорк (САД), Цуг (Швајцарија), Капалбио (Италија), Рим (Италија), Росток (Германија), Чикаго (САД), Лондон (Велика Британија)…